маска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maska/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 12:15:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/maska/ 32 32 Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/maskite-za-kosa-od-jajtsa-se-star-retsept-shto-go-koristat-zhenite-za-nega-na-kosa/ Thu, 05 Oct 2023 12:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=688208

Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса, а популарноста на овој третман не е намалена ниту денес. Јајцата се лесно достапни намирници, а најважни во нивниот состав се протеините, но тие содржат јаглехидрати, масни киселини, витамини од групата Б, калциум и железо.

Жолчките од јајце содржат витамини А, Б, Д и Е. Витамините А и Е особено ја хранат сувата коса, враќајќи го нејзиниот сјај и волумен, а витаминот Д помага во негување на тенка кршлива коса, која е одговорна за одржување рамнотежа на калциум и фосфор. Витамините Б се одлични за стимулирање на циркулацијата на крвта во скалпот, бидејќи ги стимулираат фоликулите и растот на косата. Маската за раст, волумен и густина на влакната од јајца, во комбинација со мед и чичково масло. Рецептот е многу едноставен, ќе ја нахрани косата и ќе поттикне побрз раст. Можете да го применувате третманот двапати неделно.

Во сад изматете 2 јајца, потоа во смесата две лажици чичково масло. Измешајте ги сите состојки добро, тие треба да се комбинираат. Нанесете ја добиената маска на скалпот и темелно масирајте го коренот на косата.Распоредете од корените до краевите, потоа завиткајте ја косата во пунџа и ставете капа за капење. Држете ја маската околу еден час, а потоа нежно исплакнете со топла вода и шампон.

Постојат различни варијанти и комбинации на маски за коса со јајца. Вака се прави маска за јајца со лимон и маслиново масло против првут. За сува коса, се нанесува маска од јајца, рицинусово масло, мед и кефир.

The post Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса appeared first on Република.

]]>

Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса, а популарноста на овој третман не е намалена ниту денес. Јајцата се лесно достапни намирници, а најважни во нивниот состав се протеините, но тие содржат јаглехидрати, масни киселини, витамини од групата Б, калциум и железо. Жолчките од јајце содржат витамини А, Б, Д и Е. Витамините А и Е особено ја хранат сувата коса, враќајќи го нејзиниот сјај и волумен, а витаминот Д помага во негување на тенка кршлива коса, која е одговорна за одржување рамнотежа на калциум и фосфор. Витамините Б се одлични за стимулирање на циркулацијата на крвта во скалпот, бидејќи ги стимулираат фоликулите и растот на косата. Маската за раст, волумен и густина на влакната од јајца, во комбинација со мед и чичково масло. Рецептот е многу едноставен, ќе ја нахрани косата и ќе поттикне побрз раст. Можете да го применувате третманот двапати неделно. Во сад изматете 2 јајца, потоа во смесата две лажици чичково масло. Измешајте ги сите состојки добро, тие треба да се комбинираат. Нанесете ја добиената маска на скалпот и темелно масирајте го коренот на косата.Распоредете од корените до краевите, потоа завиткајте ја косата во пунџа и ставете капа за капење. Држете ја маската околу еден час, а потоа нежно исплакнете со топла вода и шампон. Постојат различни варијанти и комбинации на маски за коса со јајца. Вака се прави маска за јајца со лимон и маслиново масло против првут. За сува коса, се нанесува маска од јајца, рицинусово масло, мед и кефир.

The post Маските за коса од јајца се стар рецепт што го користат жените за нега на коса appeared first on Република.

]]>
Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neprifatlivo-e-na-karnevalot-vo-strumitsa-da-ima-maska-so-likot-na-hitler-reagiraat-od-evrejskata-zaednitsa-vo-makedonija/ Mon, 06 Mar 2023 10:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=616391

Во пресрет на 80 годишнината на комеморацијата од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка, 11 март, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од се почестите антисемитски појави во нашата држава.

Сметаме дека е апсолутно неприфатливо, под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мулти конфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“. Таквата маска го отвора прашањето дали за нас Евреите има место во оваа држава, реагираат од Еврејската заедница во Македонија.

Недоличните маски и глорификација на нацизмот и фашизмот не застанаа на карневалот. Само неколку дена по неговото одржување на 01.03.2023 на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика. Дали јавната промоција на маската на Хитлер го потикна пишувањето на овој графит?

Би сакале да потсетиме дека македонската Влада уште на 8 март 2018 година, по повод одбележувањето на 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија ја прифати работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) за борба против антисемтизмот, а потоа и работната дефиниција за искривоколчување и негирање на холокаустот. Усвојувањето на овие два документи значи и обврска за постојан ангажман и конкретно делување на сите институции на државно и локално ниво, но и на граѓанското општество и на сите нас како граѓани на оваа држава во спречувањето на ваквите појави а не нивна јавна промоција. Воедно, би сакале да укажеме дека уште во 2017 година Еврејската заедница предложи дополнување на Кривичниот законик, кои беа прифатени од работната група при Министерството за правда, а со коишто ваквите појави би се санкционирале соодветно, но за жал истите досега не се имплементирани, се вели во реакцијата.

 

The post Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 80 годишнината на комеморацијата од депортацијата на Евреите од Македонија во центарот за убивање Треблинка, 11 март, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од се почестите антисемитски појави во нашата држава. Сметаме дека е апсолутно неприфатливо, под закрилата на „хуморот и сатирата“ да се исмеваат 6 милиони Евреи жртви на нацизмот од кои 7.144 Евреи од Македонија а како што беше случај на карневалот во Струмица на којшто, помеѓу другите маски, беше и онаа со ликот на Хитлер. Таквата маска не е во духот на карневалот и е во спротивност со мултиетничкиот и мулти конфесионален карактер на Македонија и пораката „Едно општество за сите“. Таквата маска го отвора прашањето дали за нас Евреите има место во оваа држава, реагираат од Еврејската заедница во Македонија.
Недоличните маски и глорификација на нацизмот и фашизмот не застанаа на карневалот. Само неколку дена по неговото одржување на 01.03.2023 на оградата на Еврејската заедница осамна графит со нацистички симбол – свастика. Дали јавната промоција на маската на Хитлер го потикна пишувањето на овој графит? Би сакале да потсетиме дека македонската Влада уште на 8 март 2018 година, по повод одбележувањето на 75 годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија ја прифати работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) за борба против антисемтизмот, а потоа и работната дефиниција за искривоколчување и негирање на холокаустот. Усвојувањето на овие два документи значи и обврска за постојан ангажман и конкретно делување на сите институции на државно и локално ниво, но и на граѓанското општество и на сите нас како граѓани на оваа држава во спречувањето на ваквите појави а не нивна јавна промоција. Воедно, би сакале да укажеме дека уште во 2017 година Еврејската заедница предложи дополнување на Кривичниот законик, кои беа прифатени од работната група при Министерството за правда, а со коишто ваквите појави би се санкционирале соодветно, но за жал истите досега не се имплементирани, се вели во реакцијата.  

The post Неприфатливо е на карневалот во Струмица да има маска со ликот на Хитлер, реагираат од Еврејската заедница во Македонија appeared first on Република.

]]>
Од денеска во Грција не треба ни маска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-vo-grcija-ne-treba-ni-maska/ Wed, 01 Jun 2022 06:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=509535

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска.

Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите и траектите.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици, соопштувајќи дека се укинува задолжителната маска за внатрешните простори, рече дека одлуката е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година.

-Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис.

За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска

The post Од денеска во Грција не треба ни маска appeared first on Република.

]]>

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина. Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска. Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите и траектите. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици, соопштувајќи дека се укинува задолжителната маска за внатрешните простори, рече дека одлуката е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година. -Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис. За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска

The post Од денеска во Грција не треба ни маска appeared first on Република.

]]>
Aко патувате во Германија со авион мора да носите маска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-patuvate-vo-germanija-so-avion-mora-da-nosite-maska/ Mon, 16 May 2022 06:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=502713

Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се реме на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот.

Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ.

Инаку, од денеска EASA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести повеќе не предлагаат носење маски на аеродромите и воопшто во авионите

The post Aко патувате во Германија со авион мора да носите маска appeared first on Република.

]]>

Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи. Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се реме на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот. Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ. Инаку, од денеска EASA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести повеќе не предлагаат носење маски на аеродромите и воопшто во авионите

The post Aко патувате во Германија со авион мора да носите маска appeared first on Република.

]]>
Еди Рама не сакал да стави маска во авион, па полицијата го извадила и исфрлила надвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/edi-rama-ne-sakal-da-stavi-maska-vo-avion-pa-policijata-go-izvadila-i-isfrlila-nadvor/ Fri, 15 Apr 2022 18:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=489126

Премиерот на Албанија, Еди Рама направил инцидент во авион кога одбил да стави маска, пишува германски „Шпигел“.

Пилотот се обидел да ја реши ситуацијата, но откако не успеал, била повикана полиција за да интервенира.

Инцидентот се случил на почетокот на минатата година, пред да полета авионот од Франкфурт кон Детроит.

Полицијата го извадила Еди Рама од авионот, откако претходно персоналот не успеал да го убеди да стави маска, па премиерот морал да го чека следниот лет за САД.

The post Еди Рама не сакал да стави маска во авион, па полицијата го извадила и исфрлила надвор appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Албанија, Еди Рама направил инцидент во авион кога одбил да стави маска, пишува германски „Шпигел“. Пилотот се обидел да ја реши ситуацијата, но откако не успеал, била повикана полиција за да интервенира. Инцидентот се случил на почетокот на минатата година, пред да полета авионот од Франкфурт кон Детроит. Полицијата го извадила Еди Рама од авионот, откако претходно персоналот не успеал да го убеди да стави маска, па премиерот морал да го чека следниот лет за САД.

The post Еди Рама не сакал да стави маска во авион, па полицијата го извадила и исфрлила надвор appeared first on Република.

]]>
Д-р Мехмедовиќ: Нека останат маските уште некое време, да не ја повториме грешката која ја направија Британија, Шведска, Данска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-mehmedovikj-neka-ostanat-maskite-ushte-nekoe-vreme-da-ne-ja-povtorime-greshkata-koja-ja-napravija-britanija-shvedska-danska/ Thu, 31 Mar 2022 08:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=481259

Се уште е висока инциденцата кај оние кои се одговри за трансмисија на вирусот во затворени простории, а тоа се повозрасните лица, се уште имаме релативно висок број на новозаразени и кога би ги тргнале маските во овој момен би оставиле голема група на луѓе незаштитени и експонирани на вирусот, а знаеме дека маската штити, вели доктор Злате Мехмедовиќ во Утрински Брифинг.

Се уште сме на ставот и имаме задршка дека во овој дел не треба да се прават промени, нека останат маските уште некое време, да не ја повториме гршката која ја направија осанатите земји, како Британија, Шведска, Данска…., појаснува Мехмедовиќ.

 

The post Д-р Мехмедовиќ: Нека останат маските уште некое време, да не ја повториме грешката која ја направија Британија, Шведска, Данска appeared first on Република.

]]>

Се уште е висока инциденцата кај оние кои се одговри за трансмисија на вирусот во затворени простории, а тоа се повозрасните лица, се уште имаме релативно висок број на новозаразени и кога би ги тргнале маските во овој момен би оставиле голема група на луѓе незаштитени и експонирани на вирусот, а знаеме дека маската штити, вели доктор Злате Мехмедовиќ во Утрински Брифинг.
Се уште сме на ставот и имаме задршка дека во овој дел не треба да се прават промени, нека останат маските уште некое време, да не ја повториме гршката која ја направија осанатите земји, како Британија, Шведска, Данска…., појаснува Мехмедовиќ.
 

The post Д-р Мехмедовиќ: Нека останат маските уште некое време, да не ја повториме грешката која ја направија Британија, Шведска, Данска appeared first on Република.

]]>
Во Франција маската веќе не е задолжителна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-francija-maskata-vekje-ne-e-zadolzitelna/ Mon, 14 Mar 2022 08:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=472404

Откако од почетокот на март е регистирано намалување на бројот на случаи на Ковид-19 францускиот премиер Жак Кастес најави дека од денеска ќе се укинат бројни здравствени ограничувања, јави дописникот на МИА.

Во моментот кога влегуваат на сила олеснувањата, контаминациите со Ковид-19 повторно се зголемуваат. Така, Јавното здравство Франција во саботата идентификуваше 72.443 нови заразени за 24 часа, бројка што се зголемува веќе неколку дена. Во изминатите 7 дена бројот на заболени е повеќе од 63.000, наспроти 52.000 минатата сабота.

Од друга страна, ќе остане обврската за задолжително носење маска во „колективниот превоз на патници“ и здравствените установи, рече премиерот на 3 март.

Министерот за здравство Оливие Веран на Франзуците порача „ не се двоумете и чувајте ја маската, штом сте на затворено место, со луѓе кои не ги познавате и кои се потенцијално заразни. Носењето веќе не е задолжително, но останува можноста да се носи и дури се препорачува да се носи во одредени ситуации“.

Пропусницата за вакцинација исчезнува. Пропусницата за вакцинација, исто така, ќе биде укината во сите установи каде што досега се бараше, како што се места за одмор и култура, ресторани или дури и салони.

Здравствената пропусница, која вклучува доказ за вакцинација или негативен скрининг тест, сепак, ќе остане на сила во медицинските установи, како што се болниците и домовите за стари лица, како и обврската за вакцинација која се однесува на персоналот.

За да ги поддржи најранливите луѓе во ова враќање на „ претходниот живот“, премиерот најави отворање на четвртата доза вакцина против Ковид-19 за лицата на возраст над 80 години и кои „се соочуваат со прогресивно губење на имунитетот“. Така, сите оние кои ја примиле „нивната бустер доза повеќе од три месеци“ ќе можат да одат и да ја администрираат нивната нова доза во понеделник.

Со укинувањето на рестрикциите се погодени и најмладите. Од понеделник здравствениот протокол во училиштата се враќа на ниво 1. Премин кој води до крај на носењето маски во затворени простории, од основно до средно училиште, а кој важи и за учениците и за наставниците.

Учениците, исто така, сега ќе можат да се мешаат надвор со други одделенија, но избегнувајќи големи собири. Практикувањето на спортот може да се врши без ограничување во затворен простор. Што се однесува до мерките кои се однесуваат на миење раце, вентилација и дезинфекција на површината, тие се одржуваат.

Во средното училиште, каде што учениците претходно не се сметаа за контактни случаи ако биле вакцинирани затоа што ја носеле маската, сега „сите ученици кои делеле час со потврдениот случај се сметаат за контакти во ризик, без разлика меѓу ученици кои имаат или не ја носеше маската“, пишува министерството во ажурирањето на Често поставуваните прашања (ЧПП) на својата веб-страница.

За овие контактни случаи, Министерството „силно препорачува носење маска во затворен простор седум дена по појавата на потврдениот случај“.

И во компаниите на 14 март завршува здравствениот протокол. Компаниите самите сега ќе ги одредуваат (или не) нивните стратегии за различни практични прашања како носење маска, состаноци, менза или дури и далечинско работење, најави министерката за труд Елизабет Борн.

The post Во Франција маската веќе не е задолжителна appeared first on Република.

]]>

Откако од почетокот на март е регистирано намалување на бројот на случаи на Ковид-19 францускиот премиер Жак Кастес најави дека од денеска ќе се укинат бројни здравствени ограничувања, јави дописникот на МИА. Во моментот кога влегуваат на сила олеснувањата, контаминациите со Ковид-19 повторно се зголемуваат. Така, Јавното здравство Франција во саботата идентификуваше 72.443 нови заразени за 24 часа, бројка што се зголемува веќе неколку дена. Во изминатите 7 дена бројот на заболени е повеќе од 63.000, наспроти 52.000 минатата сабота. Од друга страна, ќе остане обврската за задолжително носење маска во „колективниот превоз на патници“ и здравствените установи, рече премиерот на 3 март. Министерот за здравство Оливие Веран на Франзуците порача „ не се двоумете и чувајте ја маската, штом сте на затворено место, со луѓе кои не ги познавате и кои се потенцијално заразни. Носењето веќе не е задолжително, но останува можноста да се носи и дури се препорачува да се носи во одредени ситуации“. Пропусницата за вакцинација исчезнува. Пропусницата за вакцинација, исто така, ќе биде укината во сите установи каде што досега се бараше, како што се места за одмор и култура, ресторани или дури и салони. Здравствената пропусница, која вклучува доказ за вакцинација или негативен скрининг тест, сепак, ќе остане на сила во медицинските установи, како што се болниците и домовите за стари лица, како и обврската за вакцинација која се однесува на персоналот. За да ги поддржи најранливите луѓе во ова враќање на „ претходниот живот“, премиерот најави отворање на четвртата доза вакцина против Ковид-19 за лицата на возраст над 80 години и кои „се соочуваат со прогресивно губење на имунитетот“. Така, сите оние кои ја примиле „нивната бустер доза повеќе од три месеци“ ќе можат да одат и да ја администрираат нивната нова доза во понеделник. Со укинувањето на рестрикциите се погодени и најмладите. Од понеделник здравствениот протокол во училиштата се враќа на ниво 1. Премин кој води до крај на носењето маски во затворени простории, од основно до средно училиште, а кој важи и за учениците и за наставниците. Учениците, исто така, сега ќе можат да се мешаат надвор со други одделенија, но избегнувајќи големи собири. Практикувањето на спортот може да се врши без ограничување во затворен простор. Што се однесува до мерките кои се однесуваат на миење раце, вентилација и дезинфекција на површината, тие се одржуваат. Во средното училиште, каде што учениците претходно не се сметаа за контактни случаи ако биле вакцинирани затоа што ја носеле маската, сега „сите ученици кои делеле час со потврдениот случај се сметаат за контакти во ризик, без разлика меѓу ученици кои имаат или не ја носеше маската“, пишува министерството во ажурирањето на Често поставуваните прашања (ЧПП) на својата веб-страница. За овие контактни случаи, Министерството „силно препорачува носење маска во затворен простор седум дена по појавата на потврдениот случај“. И во компаниите на 14 март завршува здравствениот протокол. Компаниите самите сега ќе ги одредуваат (или не) нивните стратегии за различни практични прашања како носење маска, состаноци, менза или дури и далечинско работење, најави министерката за труд Елизабет Борн.

The post Во Франција маската веќе не е задолжителна appeared first on Република.

]]>
Чудно правило во Германија: Брадата ѝ пречи на маската ФФП2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chudno-pravilo-vo-germanija-bradata-i-prechi-na-maskata-ffp2/ Thu, 10 Feb 2022 12:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=456718

Во време кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките за коронавирус, во Германија се воведуваат дополнителни „чудни“ мерки.

Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада.

Секој кој досега носел брада мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата не може, како што тврдат, добро да се стави на лицето.

Од Универзитетот по електронска пошта ги известиле студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со хигиенските правила“, пишува весникот „Нордкурир“.

Студентите можат да пуштат само мустаќи, а ако сакаат да одат на вежби и предавања, мора да ја избричат ​​брадата

The post Чудно правило во Германија: Брадата ѝ пречи на маската ФФП2 appeared first on Република.

]]>

Во време кога неколку европски земји најавија или веќе ги укинаа мерките за коронавирус, во Германија се воведуваат дополнителни „чудни“ мерки. Така, Медицинскиот универзитет во Грајфсвалд, во провинцијата Мекленбург-Западна Померанија, им забранил на студентите да носат брада. Секој кој досега носел брада мора да ја избричи, бидејќи маската ФФП2 поради брадата не може, како што тврдат, добро да се стави на лицето. Од Универзитетот по електронска пошта ги известиле студентите „да се погрижат лицето да им биде во согласност со хигиенските правила“, пишува весникот „Нордкурир“. Студентите можат да пуштат само мустаќи, а ако сакаат да одат на вежби и предавања, мора да ја избричат ​​брадата

The post Чудно правило во Германија: Брадата ѝ пречи на маската ФФП2 appeared first on Република.

]]>