машко-женски односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashko-zenski-odnosi/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jul 2024 15:13:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png машко-женски односи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashko-zenski-odnosi/ 32 32 Мажи, престанете да ги носите тие тесни пантолони како хеланки, апелира Отец Предраг https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/mazhi-prestanete-da-gi-nosite-tie-tesni-pantoloni-kako-helanki-apelira-otets-predrag/ Sun, 07 Jul 2024 15:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=793732

Отец Предраг Поповиќ зборува дека во денешно време врските меѓу мажот и жената се некако нарушени, а тоа е поради измешаните машки и женски улоги, онакви какви што ги знаеме традиционално.

Тој алармира мажите повторно да бидат мажи.

Мажи, барам од вас да бидете витези и да престанете да се однесувате недолично, слабо и млитаво и да ги носите тие тесни панталони како хеланки. Однесувајте се како алфа, размислувајте како алфа и однесувајте се како алфа. Бидете човек на кој секој може да се потпре, вклучително и вашите пријатели и роднини. Жените ги сакаат таквите мажи и би се бореле за нив. Жените се сега побројни од мажите, а кога ќе земеме предвид како мажите не се мажи, излегува дека се сами, вели отец Предраг во своето излагање што го сподели и на „Инстаграм“.

Кога жената ќе види дека знаеш што сакаш во животот, дека имаш насока, не треба да бидеш убав, и без тоа ќе ја привлечеш. Не ти треба скап автомобил, со такви коли знаеш какви се привлекуваат. Жената бара сигурност. Кога имаш правец во животот, тогаш таа знае дека може да смета на тебе и дека ќе ѝ бидеш поддршка,исто како што таа ќе биде твоја поддршка. Таа тогаш знае дека може да биде твој совозач, копил. А не, таа него прва му пришла оти бил срамежлив, се забавуваат, таа вели оди лево, тој од лево, прави што ќе му се каже, таа го прашува што ќе јадат, а тој сите одлуки ѝ ги остава на неа. После во бракот тој така се научил и ја чека нејзината команда. Е, ама тогаш добиваш жена која е фрустрирана. Жените потоа доаѓаат кај мене и се жалат дека нивните сопрузи им оставиле сè на нив и се кријат зад нив, но тогаш е предоцна. Сето тоа се гледа и пред брак, вели свештеникот Предраг Поповиќ.

The post Мажи, престанете да ги носите тие тесни пантолони како хеланки, апелира Отец Предраг appeared first on Република.

]]>

Отец Предраг Поповиќ зборува дека во денешно време врските меѓу мажот и жената се некако нарушени, а тоа е поради измешаните машки и женски улоги, онакви какви што ги знаеме традиционално. Тој алармира мажите повторно да бидат мажи.
Мажи, барам од вас да бидете витези и да престанете да се однесувате недолично, слабо и млитаво и да ги носите тие тесни панталони како хеланки. Однесувајте се како алфа, размислувајте како алфа и однесувајте се како алфа. Бидете човек на кој секој може да се потпре, вклучително и вашите пријатели и роднини. Жените ги сакаат таквите мажи и би се бореле за нив. Жените се сега побројни од мажите, а кога ќе земеме предвид како мажите не се мажи, излегува дека се сами, вели отец Предраг во своето излагање што го сподели и на „Инстаграм“.
Кога жената ќе види дека знаеш што сакаш во животот, дека имаш насока, не треба да бидеш убав, и без тоа ќе ја привлечеш. Не ти треба скап автомобил, со такви коли знаеш какви се привлекуваат. Жената бара сигурност. Кога имаш правец во животот, тогаш таа знае дека може да смета на тебе и дека ќе ѝ бидеш поддршка,исто како што таа ќе биде твоја поддршка. Таа тогаш знае дека може да биде твој совозач, копил. А не, таа него прва му пришла оти бил срамежлив, се забавуваат, таа вели оди лево, тој од лево, прави што ќе му се каже, таа го прашува што ќе јадат, а тој сите одлуки ѝ ги остава на неа. После во бракот тој така се научил и ја чека нејзината команда. Е, ама тогаш добиваш жена која е фрустрирана. Жените потоа доаѓаат кај мене и се жалат дека нивните сопрузи им оставиле сè на нив и се кријат зад нив, но тогаш е предоцна. Сето тоа се гледа и пред брак, вели свештеникот Предраг Поповиќ.

The post Мажи, престанете да ги носите тие тесни пантолони како хеланки, апелира Отец Предраг appeared first on Република.

]]>
Д-р Милошевиќ: Ако нема љубов и желба, тогаш и со мал пенис односот може да боли https://arhiva3.republika.mk/intima/d-r-miloshevik-ako-nema-lubov-i-zhelba-togash-i-so-mal-penis-odnosot-mozhe-da-boli/ Wed, 28 Feb 2024 21:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=741706

Мажите и жените често мислат дека големината на машкиот полов орган е пресудна за добра сексуална врска, но според урологот и сексолог Александар Милошевиќ големината нема никаква врска со уживањето во интимните односи.

Нормалниот пенис е од 13 до 14 сантиметри во ерекција. Тоа е доволна големина, ако има љубов, да ја задоволи партнерката. А вагината на партнерката е длабока од 8 до 9 см, но се протега и до 13 или 14 см кога е возбудена. Ако нема љубов и желба, тогаш и со мал пенис односот може да боли. За сексот најважно е да се развие емотивна врска, вели д-р Милошевиќ.

Во неговото гостување на српска телевизија, тој зборуваше и дека стандард за бројот на сексуални дејствија и дека, според него, доколку партнерите се задоволни, доволен е и еден однос годишно.

The post Д-р Милошевиќ: Ако нема љубов и желба, тогаш и со мал пенис односот може да боли appeared first on Република.

Зошто Балканците си ги споредуваат сопругите со „ненадминливата“ мајка? https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/zoshto-balkantsite-si-gi-sporeduvaat-soprugite-so-nenadminlivata-majka/ Sun, 03 Sep 2023 17:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=676787

За мажите од Балканот се вели дека не покажуваат емоции, дека им е тешко да признаат кога грешат, дека ги сметаат своите мајки за најдобри и дека мора да бидат главни во друштвото. Дали е тоа навистина така и дали вистинските Балканци прифаќаат да работат на себе и да се менуваат? За ова во емисијата „150 минути“ на „Прва“ зборуваше Душан Благојевиќ, животен ментор, кој откри и зошто бројни искуства покажуваат дека мажите постојано ги споредуваат своите сопруги со нивните мајки.

За балканскиот маж се смета дека мора секогаш да биде силен, да ги држи емоциите под контрола, така нè воспитувале од детството. Ако продолжиме да живееме така и во зрелите години, може да има сериозни последици зопто - емоциите постојат со причина. Непријатните емоции можат многу да нè научат. Мојот повик кон мажите е  малку да се спуштиме кон срцето. Жените се поинтуитивни по природа. Се сеќавам кога станав татко, кога ќе го земев син ми, се чувствував изгубено, ми беше хаотично кога тој плачеше, а жена ми веднаш знаеше зошто плаче. Жената тоа просто го чувствува. Ние мажите треба да знаеме дека поврзувањето со нашите емоции не нè право послаби, туку посилни, објаснува Благојевиќ.

На прашањето дали е погрешно тоа што мажите ги споредуваат сопругите со мајките, тој одговори:

Не мора да е погрешно, но погрешно е што нашите балкански мајки прават многу за своите синови. Затоа сакав да почнам да работам со жените, да ги зајакнам. Се водев од личен пример. За мене се правеа многу работи додека растев и знам колку ми беше потешко подоцна. И баба ми и мајка ми правеа многу работи за мене што не требаше да ги  прават. Подоцна ми беше двојно потешко да развијам здрави навики кои полесно би ги научил како дете. Мајките никогаш не смеат да се губат себеси, а жените ја имаат таа тенденција особено во првите две години од детето, вели Благојевиќ.

Тој објаснува дека не треба да правите ништо што детето е способно да го направи самостојно.

Тоа е многу добро правило што го слушнав во домовите за стари лица. Така му правите лоша услуга на вашето дете. Понекогаш ми е тешко кога син ми се подготвува за во градинка и знам дека ако го оставам сам да ги облече своите чевли ме кошта уште десет минути. Но, ако, подобро е да го пуштиме и да задоцниме малку, зошто подоцна неговите љубовни врски и односите со жените ќе бидат многу подобри. Така, нема да очекува жената да му биде мајка, бидејќи таа не може да му биде мајка, објасни животниот ментор.

The post Зошто Балканците си ги споредуваат сопругите со „ненадминливата“ мајка? appeared first on Република.

]]>

За мажите од Балканот се вели дека не покажуваат емоции, дека им е тешко да признаат кога грешат, дека ги сметаат своите мајки за најдобри и дека мора да бидат главни во друштвото. Дали е тоа навистина така и дали вистинските Балканци прифаќаат да работат на себе и да се менуваат? За ова во емисијата „150 минути“ на „Прва“ зборуваше Душан Благојевиќ, животен ментор, кој откри и зошто бројни искуства покажуваат дека мажите постојано ги споредуваат своите сопруги со нивните мајки.
За балканскиот маж се смета дека мора секогаш да биде силен, да ги држи емоциите под контрола, така нè воспитувале од детството. Ако продолжиме да живееме така и во зрелите години, може да има сериозни последици зопто - емоциите постојат со причина. Непријатните емоции можат многу да нè научат. Мојот повик кон мажите е  малку да се спуштиме кон срцето. Жените се поинтуитивни по природа. Се сеќавам кога станав татко, кога ќе го земев син ми, се чувствував изгубено, ми беше хаотично кога тој плачеше, а жена ми веднаш знаеше зошто плаче. Жената тоа просто го чувствува. Ние мажите треба да знаеме дека поврзувањето со нашите емоции не нè право послаби, туку посилни, објаснува Благојевиќ.
На прашањето дали е погрешно тоа што мажите ги споредуваат сопругите со мајките, тој одговори: Не мора да е погрешно, но погрешно е што нашите балкански мајки прават многу за своите синови. Затоа сакав да почнам да работам со жените, да ги зајакнам. Се водев од личен пример. За мене се правеа многу работи додека растев и знам колку ми беше потешко подоцна. И баба ми и мајка ми правеа многу работи за мене што не требаше да ги  прават. Подоцна ми беше двојно потешко да развијам здрави навики кои полесно би ги научил како дете. Мајките никогаш не смеат да се губат себеси, а жените ја имаат таа тенденција особено во првите две години од детето, вели Благојевиќ. Тој објаснува дека не треба да правите ништо што детето е способно да го направи самостојно.