машки свет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashki-svet/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 10:22:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png машки свет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashki-svet/ 32 32 Ова е машки свет: Жените во Македонија имаат 17,5 отсто пониски плати од мажите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-mashki-svet-zhenite-vo-makedonija-imaat-17-5-otsto-poniski-plati-od-mazhite/ Thu, 23 Nov 2023 10:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=715454

Платите на жените во Македонија се за 17,5 отсто пониски од тие на мажите. Нивните бизниси се застапени само со 30 проценти и не е искористен потенцијалот со кој можат да ја подобрат состојбата во економијата, истакнаа учесниците на Третиот Самит за женско прерприемништво, што се одржува од денеска во Скопје.

Капацитетот на жените во бизнисот не е искористен затоа што помалку од 30 проценти се жени сопственици на бизнис, а помалку од 50 проценти жени се активни на пазарот на труд поради што мора да работиме на зголемување на нивниот капацитет како економски ресурс. Повеќето од жените се во микро и малите претпријатија, а многу малку во големите компании, што значи дека она што го работат жените е со мал обрт и со малку вработувања, рече Валентина Дисовска од Националната платформа на женското претприемништво.

Според неа, потребна е едукација, но и препознавање на добри практики и менторство, како и посветеност од институциите за подобрување на состојбите. Исто така и фонд за поддршка за претприемништво.

На бизнисот, на економијата и се потребни квалитетите на жените. Поддршката и промовирањето на женското претприемништво ќе ја подобри севкупноста на конкурентноста, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Според него, во последните години е направено многу за женското претприемништво, во кое, како што рече, има голема надеж.

Намалувањето на родовиот јаз е клучен за користење на потенцијалите на женското претприемништво во економијата, рече Битиќи истакнувајќи дека во буџетот за 2023 година е предвидена финансиска поддршка на женското претприемништво.

За 34.25 проценти е зголемен бројот на компании управувани од жени, што според министрот за економија Крешник Бектеши покажува дека мерките на Владата имаат поддршка, но тоа не е доволно и ќе следуваат нови активности и дополнителни финансии, согласно со укажувањата од претставничките на женските бизниси.

На настанот со над 100 учесници се споделуваат најдобрите практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво. Дискутираат претставници од институции, организации и жени претприемачи, кои се значајни за развојот на екосистемот за женско претприемништво.

Самитот се организира како годишен настан на проектот „Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП)“, кофинансиран од Европската Унија.

Целта е да се зголеми видливоста и профилот на Платформата и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и женското претприемништво.

Ќе бидат доделени три награди од Министерството за економија, за најуспешна претприемачка во микро, мали и средни претпријатија а Националната платформа ќе додели награди за најдобра млада лидерка и за најдобра граѓанска организација -добра практика.

The post Ова е машки свет: Жените во Македонија имаат 17,5 отсто пониски плати од мажите appeared first on Република.

]]>

Платите на жените во Македонија се за 17,5 отсто пониски од тие на мажите. Нивните бизниси се застапени само со 30 проценти и не е искористен потенцијалот со кој можат да ја подобрат состојбата во економијата, истакнаа учесниците на Третиот Самит за женско прерприемништво, што се одржува од денеска во Скопје.
Капацитетот на жените во бизнисот не е искористен затоа што помалку од 30 проценти се жени сопственици на бизнис, а помалку од 50 проценти жени се активни на пазарот на труд поради што мора да работиме на зголемување на нивниот капацитет како економски ресурс. Повеќето од жените се во микро и малите претпријатија, а многу малку во големите компании, што значи дека она што го работат жените е со мал обрт и со малку вработувања, рече Валентина Дисовска од Националната платформа на женското претприемништво.
Според неа, потребна е едукација, но и препознавање на добри практики и менторство, како и посветеност од институциите за подобрување на состојбите. Исто така и фонд за поддршка за претприемништво.
На бизнисот, на економијата и се потребни квалитетите на жените. Поддршката и промовирањето на женското претприемништво ќе ја подобри севкупноста на конкурентноста, истакна вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Според него, во последните години е направено многу за женското претприемништво, во кое, како што рече, има голема надеж. Намалувањето на родовиот јаз е клучен за користење на потенцијалите на женското претприемништво во економијата, рече Битиќи истакнувајќи дека во буџетот за 2023 година е предвидена финансиска поддршка на женското претприемништво. За 34.25 проценти е зголемен бројот на компании управувани од жени, што според министрот за економија Крешник Бектеши покажува дека мерките на Владата имаат поддршка, но тоа не е доволно и ќе следуваат нови активности и дополнителни финансии, согласно со укажувањата од претставничките на женските бизниси. На настанот со над 100 учесници се споделуваат најдобрите практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво. Дискутираат претставници од институции, организации и жени претприемачи, кои се значајни за развојот на екосистемот за женско претприемништво. Самитот се организира како годишен настан на проектот „Национална платформа за женско претприемништво (НПЖП)“, кофинансиран од Европската Унија. Целта е да се зголеми видливоста и профилот на Платформата и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и женското претприемништво. Ќе бидат доделени три награди од Министерството за економија, за најуспешна претприемачка во микро, мали и средни претпријатија а Националната платформа ќе додели награди за најдобра млада лидерка и за најдобра граѓанска организација -добра практика.

The post Ова е машки свет: Жените во Македонија имаат 17,5 отсто пониски плати од мажите appeared first on Република.

]]>
Проф. Силјановска-Давкова: Честит 8-ми Март, празник на храбрите жени во се уште машкиот свет! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prof-siljanovska-davkova-chestit-8-mi-mart-praznik-na-hrabrite-zeni-vo-se-ushte-mashkiot-svet/ Tue, 08 Mar 2022 11:25:04 +0000 https://republika.mk/?p=469546

Професорката Гордана Силјановска-Давкова која е добра познавачка на родовите политики во земјава, низ фејсбук објава, сумира за актуелната положба на жените во македонското општество.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост.

-8 -ми март, ден на ЖЕНИТЕ: тони цвеќиња, неброени (не)искрени машки честитки, бесмислени прослави, по некоја дебата за женските права како човекови права, со поздравна реч на некој „ владетел“ кој ќе глаголи за “ginger”/gender balance, малку автентични женски протести.

Македонската политика останува машка, иако е од ЖЕНСКИ род. Кај што е моќта, таму се мажите - во владата, но и и на клучните позиции во судството, економијата, МАНУ, образованието и универзитетите, здравството....

Четирите министерки и двете заменички, наспроти шеснаесетина па и повеќе мажи се повеќе политички декор, одошто демократски баланс. Само две жени градоначалнички се капка во машкото море. Колку да се стори ред, вели народот. Во собранието пак, пристојна бројка од педесет жени: навидум, потенцијална критичка маса на женски ум, женска мисла, женски збор и женско писмо, женско знаење, женска политичка креација. Но, бројката (о)станува маса во отуство на храброст да се премине партискиот Рубикон и да се гласа „против“ доминантно машката понуда дури и кога е очигледно интелектуално, професионално и етички импотентна, што оневозможува да запливаме во стилот на „ пеперутка“ во матните (не)демократските политички води.

Како да се ближи крајот на Ковид- 19 кризата: се бројат жртвите, физички и психички повредените, осиромашените.... И...повторно, најранливите, меѓу кои и жените се најпогодените, како и во секоја друга криза.

Се чини дека, пак, како во “ Декамерон“ на Бокачо, НИЕ- ЖЕНИТЕ ќе доминираме како нараторки на стотина новели, повеќе трагични, одошто еротични. Се надевам дека зад нив барем ќе застане некоја АВТОРКА, на која и се познати и блиски феминистичките бранови, персонифицирани во Мери Волстоункрафт, Бети Фридан, Кејт Милет.....

Посакувам феминистички бранови да прераснат во ЖЕНСКА БУРА, оти за мене, ПОЛИТИЧКОТО НЕ Е ЛИЧНО!

Сепак, ЧЕСТИТ 8-ми МАРТ, празник на ХРАБРИТЕ ЖЕНИ во се уште машкиот свет!

The post Проф. Силјановска-Давкова: Честит 8-ми Март, празник на храбрите жени во се уште машкиот свет! appeared first on Република.

]]>

Професорката Гордана Силјановска-Давкова која е добра познавачка на родовите политики во земјава, низ фејсбук објава, сумира за актуелната положба на жените во македонското општество. Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост. -8 -ми март, ден на ЖЕНИТЕ: тони цвеќиња, неброени (не)искрени машки честитки, бесмислени прослави, по некоја дебата за женските права како човекови права, со поздравна реч на некој „ владетел“ кој ќе глаголи за “ginger”/gender balance, малку автентични женски протести. Македонската политика останува машка, иако е од ЖЕНСКИ род. Кај што е моќта, таму се мажите - во владата, но и и на клучните позиции во судството, економијата, МАНУ, образованието и универзитетите, здравството.... Четирите министерки и двете заменички, наспроти шеснаесетина па и повеќе мажи се повеќе политички декор, одошто демократски баланс. Само две жени градоначалнички се капка во машкото море. Колку да се стори ред, вели народот. Во собранието пак, пристојна бројка од педесет жени: навидум, потенцијална критичка маса на женски ум, женска мисла, женски збор и женско писмо, женско знаење, женска политичка креација. Но, бројката (о)станува маса во отуство на храброст да се премине партискиот Рубикон и да се гласа „против“ доминантно машката понуда дури и кога е очигледно интелектуално, професионално и етички импотентна, што оневозможува да запливаме во стилот на „ пеперутка“ во матните (не)демократските политички води. Како да се ближи крајот на Ковид- 19 кризата: се бројат жртвите, физички и психички повредените, осиромашените.... И...повторно, најранливите, меѓу кои и жените се најпогодените, како и во секоја друга криза. Се чини дека, пак, како во “ Декамерон“ на Бокачо, НИЕ- ЖЕНИТЕ ќе доминираме како нараторки на стотина новели, повеќе трагични, одошто еротични. Се надевам дека зад нив барем ќе застане некоја АВТОРКА, на која и се познати и блиски феминистичките бранови, персонифицирани во Мери Волстоункрафт, Бети Фридан, Кејт Милет..... Посакувам феминистички бранови да прераснат во ЖЕНСКА БУРА, оти за мене, ПОЛИТИЧКОТО НЕ Е ЛИЧНО! Сепак, ЧЕСТИТ 8-ми МАРТ, празник на ХРАБРИТЕ ЖЕНИ во се уште машкиот свет!

The post Проф. Силјановска-Давкова: Честит 8-ми Март, празник на храбрите жени во се уште машкиот свет! appeared first on Република.

]]>