машки деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashki-deca/ За подобро да се разбереме Tue, 07 Feb 2023 09:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png машки деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashki-deca/ 32 32 Иако работата во земјоделието паѓа на женските плеќи, машките деца се почести наследници https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/iako-rabotata-vo-zemjodelieto-paga-na-zhenskite-pleki-mashkite-detsa-se-pochesti-naslednitsi/ Tue, 07 Feb 2023 09:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=605862

Жените помалку се носители на земјоделски стопанства од мажите, а во регионот се уште машките деца се почести наследници. Ова меѓу другото го соопштија од невладината „Ековита", на дебата посветена на идејата за рамноправни граѓани.

- Цел ни е да ги идентификуваме проблемите, кои доведуваат до иселување на младите. Сметаме дека економската рамноправност не е единствена причина за тоа, нагласи Кристина Тодорова, координатор на проектните активности за рамноправни и задоволни граѓани".

Таа информираше дека на оваа тема, работат и преку анкетирање на неготинци, но и на поранешни жители во општината, што сега се иселени во странство.

Лилјана Јоноска, извршна директорка на ,,Рурална коалиција", рече дека целта е подобрување на родовата еднаквост, препознавање на специфичните потреби што ги имаат мажите и жените на локално ниво, зајакнување на свеста на локалното население.

Гордана Јованова, претседател на Комисија за еднакви можности при општината Неготино, рече дека факт е оти жените не учествуваат подеднакво со мажите во економијата. Истражувања покажувале дека жени имале помали плати за исти квалификаци, биле помалку застапени на пазарот на труд и имале понеповолни услови за вработување.

Јованова информираше дека од КЕМ имале изготвено програма за еднакви можности и акциски план за спроведување на предвидени активности.

Јавната дебата се одржа во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.

The post Иако работата во земјоделието паѓа на женските плеќи, машките деца се почести наследници appeared first on Република.

]]>

Жените помалку се носители на земјоделски стопанства од мажите, а во регионот се уште машките деца се почести наследници. Ова меѓу другото го соопштија од невладината „Ековита", на дебата посветена на идејата за рамноправни граѓани. - Цел ни е да ги идентификуваме проблемите, кои доведуваат до иселување на младите. Сметаме дека економската рамноправност не е единствена причина за тоа, нагласи Кристина Тодорова, координатор на проектните активности за рамноправни и задоволни граѓани". Таа информираше дека на оваа тема, работат и преку анкетирање на неготинци, но и на поранешни жители во општината, што сега се иселени во странство. Лилјана Јоноска, извршна директорка на ,,Рурална коалиција", рече дека целта е подобрување на родовата еднаквост, препознавање на специфичните потреби што ги имаат мажите и жените на локално ниво, зајакнување на свеста на локалното население. Гордана Јованова, претседател на Комисија за еднакви можности при општината Неготино, рече дека факт е оти жените не учествуваат подеднакво со мажите во економијата. Истражувања покажувале дека жени имале помали плати за исти квалификаци, биле помалку застапени на пазарот на труд и имале понеповолни услови за вработување. Јованова информираше дека од КЕМ имале изготвено програма за еднакви можности и акциски план за спроведување на предвидени активности. Јавната дебата се одржа во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип.

The post Иако работата во земјоделието паѓа на женските плеќи, машките деца се почести наследници appeared first on Република.

]]>