машински персонал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashinski-personal/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jan 2022 14:00:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png машински персонал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mashinski-personal/ 32 32 Железничкиот сообраќај во прекин, машинскиот персонал во бојкот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zeleznichkiot-soobrakjaj-vo-prekin-mashinskiot-personal-vo-bojkot/ Wed, 26 Jan 2022 14:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=449815

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“.

Како што вели за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата.

Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.

Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата - нагласува Чакаровски.

Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговора дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“.

Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец.

Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

The post Железничкиот сообраќај во прекин, машинскиот персонал во бојкот appeared first on Република.

]]>

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“. Како што вели за МИА, Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата. Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.
Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата - нагласува Чакаровски.
Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговора дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“. Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец. Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

The post Железничкиот сообраќај во прекин, машинскиот персонал во бојкот appeared first on Република.

]]>