масакр Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masakr/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 16:49:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масакр Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masakr/ 32 32 Масакр во Скадар, најмалку тројца убиени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/masakr-vo-skadar-najmalku-trojtsa-ubieni/ Wed, 30 Oct 2024 16:49:22 +0000 https://republika.mk/?p=832527

Тежок вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност.

Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при што во возило со хрватски регистарски таблички било пукано повеќе пати, а потоа удрило во бетонска ограда, објави АБЦ њуз.

Според истиот извор меѓу повредените е Арлинд Бушати (32), син на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на Демократската партија, Џемал Бушати.

На терен се големи полициски сили, како и возила на брза помош.

 

The post Масакр во Скадар, најмалку тројца убиени appeared first on Република.

]]>

Тежок вооружен инцидент се случил доцна попладнево во северниот албански град Скадар, во кој се убиени најмалку три лица, додека две се тешко повредени и се во животна опасност.

Идентитетот на сите жртви и околностите и мотивите за настанот не се познати, иако се поврзува со пресметка меѓу криминални групи. Се дознава дека две возила во движење пукале меѓу себе, при што во возило со хрватски регистарски таблички било пукано повеќе пати, а потоа удрило во бетонска ограда, објави АБЦ њуз.

Според истиот извор меѓу повредените е Арлинд Бушати (32), син на поранешниот кандидат за градоначалник од редовите на Демократската партија, Џемал Бушати.

На терен се големи полициски сили, како и возила на брза помош.

 

The post Масакр во Скадар, најмалку тројца убиени appeared first on Република.

]]>
Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/urosh-blazhik-prizna-deka-go-izvrshil-masakrot-vo-selata-malo-orashje-i-dubona/ Wed, 21 Aug 2024 14:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=808614

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона.

Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште.

Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син.

Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син. Судењето наместо во Смедерево, од безбедносни причини се одржува во зградата на Специјалниот суд во Белград.

The post Урош Блажиќ призна дека го извршил масакрот во селата Мало Орашје и Дубона appeared first on Република.

]]>
12 години од оној Велики четврток https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/12-godini-od-onoj-veliki-chetvrtok/ Fri, 12 Apr 2024 08:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=765258

Поминаа 12 години од моментот кога Македонија ја здрма ѕверското убиство кај Смилковско Езеро на четирите другари и случајниот минувач рибар, од страна на албанска банда.

Беше Велики четврток, а животот на најгнасен начин го загубија Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, другари од Радишани на возраст од 18 до 21 година, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството.

За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење, откако Зоран Заев тврдеше дека во затвор леажат невини луѓе.

https://arhiva.republika.mk/910028

После и на суд се докажа дека лажел.

На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута.

На 15 септември 2023 година Врховниот суд конечно ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година.

Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран.

The post 12 години од оној Велики четврток appeared first on Република.

]]>

Поминаа 12 години од моментот кога Македонија ја здрма ѕверското убиство кај Смилковско Езеро на четирите другари и случајниот минувач рибар, од страна на албанска банда. Беше Велики четврток, а животот на најгнасен начин го загубија Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, другари од Радишани на возраст од 18 до 21 година, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево. Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените. Обдукцијата врз убиените покажало дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција. На 10 километри од убиството, беше пронајдено возило „Опел Омега“, за кого беше потврдено дека било на местото на настанот за време на убиството. За овој случај беше отворен предмет под името „Монструм“, за кој имаше пресуда, но предметот одново беше вратен на судење, откако Зоран Заев тврдеше дека во затвор леажат невини луѓе. https://arhiva.republika.mk/910028 После и на суд се докажа дека лажел. На доживотна казна затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. Хаки Азири за помагање беше осуден на 9 години затвор, Фејзи Азири за истото дело на 15 години затвор. Судот го отфрли обвинението на Сами Љута. На 15 септември 2023 година Врховниот суд конечно ги одби како неосновани жалбите на обвинетите за случајот „Монструм“ и ја потврди во целост пресудата на Апелациониот суд Скопје од 31 март 2022 година. Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран.

The post 12 години од оној Велики четврток appeared first on Република.

]]>
„12 мртви, 23 ранети“: Тинејџер подготвувал масакр во средно училиште во Требиње https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/12-mrtvi-23-raneti-tinejdher-podgotvuval-masakr-vo-sredno-uchilishte-vo-trebine/ Fri, 15 Mar 2024 19:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=755252

Седумнаесетгодишник од Билеќа е уапсен во Требиње откако објавил видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое наведува дека во Средното медицинско училиште во Требиње треба да бидат убиени 12 лица, а 23 повредени, објави „Глас Српске“ од Бања Лука.

Тој синоќа е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело „тероризам“, а утринава е изведен во Републичкото обвинителство каде ќе биде сослушан во присуство на неговите родители и вештаци, по што ќе се преземат дополнителни мерки против него.

Извор близок до истрагата изјавил дека видеото во полиција го пријавил маж од Босна и Херцеговина кој живее во Холандија.

„Веднаш по пријавата реагирале надлежните и малолетникот бил пронајден преку IP адресата и со тоа е спречена евентуална трагедија“, се наведува во текстот.

Полициската управа на Требиње соопшти дека денеска до Републичкото ОЈО е предаден малолетник од Билеќа, осомничен за сторено кривично дело „тероризам“.

„Полициските службеници дојдоа до оперативни сознанија дека едно или повеќе лица подготвуваат терористички акт во средно училиште во Требиње. Веднаш по сознанието е известено Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран криминал и најтежок облик на економски криминал, под чиј надзор се извршени одредени истражни дејствија“, се вели во соопштението.

Истражните дејствија ја довеле полицијата до малолетникот од Билеќа, изјави началникот на полициската управа Требиње, Синиша Лакета.

Медиумите јавуваат дека младиот човек го објавил својот план за напад за време на разговор во живо на ТикТок. Објавил и список од 12 учении кои планира да ги ликвидира, а 23 би повредил.

На видеото се гледа дека тој во тетратка нацртал скица од училиштето со прецизен распоред на просториите, како и список на убиените по соба. Медиумите јавуваат дека полицијата при претресот на куќата го пронашла тефтерот. За време на најавата во живо, тој го покажал и пиштолот со кој го планирал нападот.

17-годишникот планирал да го изврши нападот утрово, а по масакрот најавил дека ќе се самоубие. Медиумите наведуваат и дека младиот човек признал дека го направил контроверзниот план за масакрот и дека објавил се на социјалната мрежа, но дека сето тоа било само шега.

The post „12 мртви, 23 ранети“: Тинејџер подготвувал масакр во средно училиште во Требиње appeared first on Република.

]]>

Седумнаесетгодишник од Билеќа е уапсен во Требиње откако објавил видео на социјалната мрежа „ТикТок“ во кое наведува дека во Средното медицинско училиште во Требиње треба да бидат убиени 12 лица, а 23 повредени, објави „Глас Српске“ од Бања Лука. Тој синоќа е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело „тероризам“, а утринава е изведен во Републичкото обвинителство каде ќе биде сослушан во присуство на неговите родители и вештаци, по што ќе се преземат дополнителни мерки против него. Извор близок до истрагата изјавил дека видеото во полиција го пријавил маж од Босна и Херцеговина кој живее во Холандија. „Веднаш по пријавата реагирале надлежните и малолетникот бил пронајден преку IP адресата и со тоа е спречена евентуална трагедија“, се наведува во текстот. Полициската управа на Требиње соопшти дека денеска до Републичкото ОЈО е предаден малолетник од Билеќа, осомничен за сторено кривично дело „тероризам“. „Полициските службеници дојдоа до оперативни сознанија дека едно или повеќе лица подготвуваат терористички акт во средно училиште во Требиње. Веднаш по сознанието е известено Специјалното одделение за сузбивање на корупција, организиран криминал и најтежок облик на економски криминал, под чиј надзор се извршени одредени истражни дејствија“, се вели во соопштението. Истражните дејствија ја довеле полицијата до малолетникот од Билеќа, изјави началникот на полициската управа Требиње, Синиша Лакета. Медиумите јавуваат дека младиот човек го објавил својот план за напад за време на разговор во живо на ТикТок. Објавил и список од 12 учении кои планира да ги ликвидира, а 23 би повредил. На видеото се гледа дека тој во тетратка нацртал скица од училиштето со прецизен распоред на просториите, како и список на убиените по соба. Медиумите јавуваат дека полицијата при претресот на куќата го пронашла тефтерот. За време на најавата во живо, тој го покажал и пиштолот со кој го планирал нападот. 17-годишникот планирал да го изврши нападот утрово, а по масакрот најавил дека ќе се самоубие. Медиумите наведуваат и дека младиот човек признал дека го направил контроверзниот план за масакрот и дека објавил се на социјалната мрежа, но дека сето тоа било само шега.

The post „12 мртви, 23 ранети“: Тинејџер подготвувал масакр во средно училиште во Требиње appeared first on Република.

]]>
Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tatkoto-na-tinejdherot-koj-izvrshi-masovno-ubistvo-obvinet-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Fri, 15 Mar 2024 09:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=755063

Џејмс Крамбли, таткото на тинејџерот Итан Крамбли, кој отслужува доживотна затворска казна за масовното убиство што го изврши во училиште во близина на Детроит, Мичиген во 2021 година, е прогласен за виновен за убиство од небрежност. Тој e осуден по обвинението во кое стои дека не го чувал оружјето на обезбедено место и не реагирал на знаците на психички потешкотии кои ги покажувал неговиот син, објави Гласот на Америка.

Во февруари, за убиство од небрежност беше осудена и мајката на Итан, Џенифер Крамбли.

Итан Крамбли, кој имал 15 години кога на 30 ноември 2021 година отвори оган од полуавтоматски пиштол и уби четворица ученици, а рани уште двајца и наставник.

Обвинителите во обвинението посочија дека тинејџерот имал пристап до пиштол со калибар од девет милиметри, што татко му му го купил четири дена пред да ги изврши убиствата.

Неколку дена пред масакрот Итан Крамбли на работниот лист по математика, покрај цртежот со пиштол и ранет човек, напишал:

„Мислите нема да запрат. Помогнете ми. Мојот живот е бескорисен“.

Неговите родители, кои биле повикани на разговор со училишниот советник за цртежите и белешките, не го однеле дома од училиште.

Училишниот советник Шон Хопкинс ги советувал родителите да побараат помош за момчето во следните два дена бидејќи тој верувал дека има самоубиствени мисли.

Итан му кажал на советникот дека е тажен поради смртта на баба му, смртта на неговото милениче и преселувањето на неговиот пријател. Тој рекол дека цртежот е скица од видео игра и дека не планира да изврши насилство.

Според судските записи, ниту еден родител не го спомнал неодамна купеното оружје на службениците во училиштето.

Џејмс и Џенифер Крамбли се првите родители во САД кои се осудени за вооружено насилство од нивното дете на училиште.

Итан, кој сега има седумнаесет години, отслужува доживотна затворска казна за убиство, без право за условно ослободување.

The post Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Џејмс Крамбли, таткото на тинејџерот Итан Крамбли, кој отслужува доживотна затворска казна за масовното убиство што го изврши во училиште во близина на Детроит, Мичиген во 2021 година, е прогласен за виновен за убиство од небрежност. Тој e осуден по обвинението во кое стои дека не го чувал оружјето на обезбедено место и не реагирал на знаците на психички потешкотии кои ги покажувал неговиот син, објави Гласот на Америка. Во февруари, за убиство од небрежност беше осудена и мајката на Итан, Џенифер Крамбли. Итан Крамбли, кој имал 15 години кога на 30 ноември 2021 година отвори оган од полуавтоматски пиштол и уби четворица ученици, а рани уште двајца и наставник. Обвинителите во обвинението посочија дека тинејџерот имал пристап до пиштол со калибар од девет милиметри, што татко му му го купил четири дена пред да ги изврши убиствата. Неколку дена пред масакрот Итан Крамбли на работниот лист по математика, покрај цртежот со пиштол и ранет човек, напишал:
„Мислите нема да запрат. Помогнете ми. Мојот живот е бескорисен“.
Неговите родители, кои биле повикани на разговор со училишниот советник за цртежите и белешките, не го однеле дома од училиште. Училишниот советник Шон Хопкинс ги советувал родителите да побараат помош за момчето во следните два дена бидејќи тој верувал дека има самоубиствени мисли. Итан му кажал на советникот дека е тажен поради смртта на баба му, смртта на неговото милениче и преселувањето на неговиот пријател. Тој рекол дека цртежот е скица од видео игра и дека не планира да изврши насилство. Според судските записи, ниту еден родител не го спомнал неодамна купеното оружје на службениците во училиштето. Џејмс и Џенифер Крамбли се првите родители во САД кои се осудени за вооружено насилство од нивното дете на училиште. Итан, кој сега има седумнаесет години, отслужува доживотна затворска казна за убиство, без право за условно ослободување.

The post Таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство обвинет за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Нема да може да се бара доживотен затвор за убиецот Урош Блажиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nema-da-mozhe-da-se-bara-dozhivoten-zatvor-za-ubietsot-urosh-blazhik/ Mon, 29 Jan 2024 19:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=738317

Вишиот суд во Смедерево го потврди обвинението против Урош Блажиќ (21), кој е обвинет за масакрот извршен на 4 мај минатата година кога во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац и Смедерево, Србија, кога уби девет свои врсници и тешко повреди 12.

Обвинението е потврдено против осомничениот Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој е обвинет дека му го обезбедил оружјето што го употребил во масакрот на кобната вечер. Вишиот суд во Смедерево се изјасни за ненадлежен за обвинетите Горан Гавриловиќ и Борис Гавриловиќ од Вињиште, односно вујко и брат на обвинетите за масакрот, со оглед дека за нив е надлежен Вишиот суд во Крагуевац, па ќе ги достави списите на предметот, вели извор за српски „Курир“.

Вишото јавно обвинителство Смедерево на 18 октомври минатата година поднесе обвинителен акт, кој понатаму беше проследен на одлучување до Вишиот суд во Смедерево.

Урош Б. се товари за сторено кривично дело тешко убиство и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, како и киднапирање и неовластено користење туѓо возило. Врз основа на прибраните докази во истрагата, постои основано сомнение дека Урош Б. на 04.05.2023 година околу 22.20 часот управувајќи патничко возило „мерцедес“ во кое носел автоматска пушка произведена од Застава, модел 70 АБ2, со механички отстранет фабрички број, пиштол „Токарев“ ТТ-33, со неколку рамки муниција за автоматска пушка и пиштол, една рачна бомба М 52, една рачна бомба М 75 и една кумулативна рачна бомба М79, дошол до спомен-обележјето „Паднати борци“ во село Мало Орашје, каде забележал група млади кои се дружеа и слушаа музика, се вели во соопштението од обвинителството.

Во продолжение на обвинението детално се објаснува како осомничениот Урош Блажиќ таму најпрвин убил пет млади момчиња и неколкумина од нив ранил, а потоа отишол во соседното село и убил тројца, а останатите врсници ги ранил. Млад човек од Мало Орашје по 50 дена починал од повредите.

Обвинетиот Урош Блажиќ по крвавата гозба, како што стои во обвинението, бега со автомобил, а потоа пристигнува на наплатната рампа Мали Пожаревац, каде што влегува во такси возилото во кое била сопатничка и поминува одредено време со нив, при што, меѓу другото, им се заканува и им покажува оружје што го има кај себе. Таксистот потоа го вози до селото Вињише кај Крагуевац, од каде обвинетиот пеш оди до куќата на неговиот вујко, каде се крие до утрото кога полицијата го апси.

Обвинетиот Урош Б. во моментот на делото немал 21 година, поради што според одредбите од Кривичниот законик не е можно да му се изрече доживотен затвор, туку како максимална казна може да се бара само затвор од 20 години.

 

The post Нема да може да се бара доживотен затвор за убиецот Урош Блажиќ appeared first on Република.

]]>

Вишиот суд во Смедерево го потврди обвинението против Урош Блажиќ (21), кој е обвинет за масакрот извршен на 4 мај минатата година кога во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац и Смедерево, Србија, кога уби девет свои врсници и тешко повреди 12. Обвинението е потврдено против осомничениот Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој е обвинет дека му го обезбедил оружјето што го употребил во масакрот на кобната вечер. Вишиот суд во Смедерево се изјасни за ненадлежен за обвинетите Горан Гавриловиќ и Борис Гавриловиќ од Вињиште, односно вујко и брат на обвинетите за масакрот, со оглед дека за нив е надлежен Вишиот суд во Крагуевац, па ќе ги достави списите на предметот, вели извор за српски „Курир“. Вишото јавно обвинителство Смедерево на 18 октомври минатата година поднесе обвинителен акт, кој понатаму беше проследен на одлучување до Вишиот суд во Смедерево. Урош Б. се товари за сторено кривично дело тешко убиство и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, како и киднапирање и неовластено користење туѓо возило. Врз основа на прибраните докази во истрагата, постои основано сомнение дека Урош Б. на 04.05.2023 година околу 22.20 часот управувајќи патничко возило „мерцедес“ во кое носел автоматска пушка произведена од Застава, модел 70 АБ2, со механички отстранет фабрички број, пиштол „Токарев“ ТТ-33, со неколку рамки муниција за автоматска пушка и пиштол, една рачна бомба М 52, една рачна бомба М 75 и една кумулативна рачна бомба М79, дошол до спомен-обележјето „Паднати борци“ во село Мало Орашје, каде забележал група млади кои се дружеа и слушаа музика, се вели во соопштението од обвинителството. Во продолжение на обвинението детално се објаснува како осомничениот Урош Блажиќ таму најпрвин убил пет млади момчиња и неколкумина од нив ранил, а потоа отишол во соседното село и убил тројца, а останатите врсници ги ранил. Млад човек од Мало Орашје по 50 дена починал од повредите. Обвинетиот Урош Блажиќ по крвавата гозба, како што стои во обвинението, бега со автомобил, а потоа пристигнува на наплатната рампа Мали Пожаревац, каде што влегува во такси возилото во кое била сопатничка и поминува одредено време со нив, при што, меѓу другото, им се заканува и им покажува оружје што го има кај себе. Таксистот потоа го вози до селото Вињише кај Крагуевац, од каде обвинетиот пеш оди до куќата на неговиот вујко, каде се крие до утрото кога полицијата го апси. Обвинетиот Урош Б. во моментот на делото немал 21 година, поради што според одредбите од Кривичниот законик не е можно да му се изрече доживотен затвор, туку како максимална казна може да се бара само затвор од 20 години.  

The post Нема да може да се бара доживотен затвор за убиецот Урош Блажиќ appeared first on Република.

]]>
Масакр во САД: Маж уби три жени и девојка (13), во тек е голема потрага https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masakr-vo-sad-mazh-ubi-tri-zheni-i-devojka-13-vo-tek-e-golema-potraga/ Sun, 19 Nov 2023 10:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=703086

Во Мемфис, Тенеси, САД, се случи стравичен настан кога 52-годишниот Мавис Кристијан Јр. уби четири жени во серија пукања. Полицијата во Мемфис реагираше на повик за пукање на Хауард Драјв околу 21:22 часот. По истрагата, беше утврдено дека овој инцидент е поврзан со уште две пукања и дека станува збор за истиот осомничен. Службениците на полицијата утврдија дека овие три одделни пукања резултирале во смртта на четири жени, а една тинејџерка се наоѓа во критична состојба​​​​​​​​​​​​​​.

Осомничениот е опишан како вооружен и изузетно опасен. Верува се дека тој вози бел Chevrolet Malibu од 2017 година. Полицијата апелира до сите кои можат да го видат него или неговото возило веднаш да го повикаат 911 и да не се обидуваат да се справат со него, бидејќи претставува сериозна опасност. Истражувањата сугерираат дека пукањата се случиле како дел од инцидент на семејно насилство​​​​​​.

Овој страшен настан остави голема трага на заедницата во Мемфис, изазивајќи страв и несигурност меѓу граѓаните. Полицијата и другите безбедносни сили во моментов интензивно работат на откривањето и приведувањето на осомничениот.

The post Масакр во САД: Маж уби три жени и девојка (13), во тек е голема потрага appeared first on Република.

]]>

Во Мемфис, Тенеси, САД, се случи стравичен настан кога 52-годишниот Мавис Кристијан Јр. уби четири жени во серија пукања. Полицијата во Мемфис реагираше на повик за пукање на Хауард Драјв околу 21:22 часот. По истрагата, беше утврдено дека овој инцидент е поврзан со уште две пукања и дека станува збор за истиот осомничен. Службениците на полицијата утврдија дека овие три одделни пукања резултирале во смртта на четири жени, а една тинејџерка се наоѓа во критична состојба​​​​​​​​​​​​​​. Осомничениот е опишан како вооружен и изузетно опасен. Верува се дека тој вози бел Chevrolet Malibu од 2017 година. Полицијата апелира до сите кои можат да го видат него или неговото возило веднаш да го повикаат 911 и да не се обидуваат да се справат со него, бидејќи претставува сериозна опасност. Истражувањата сугерираат дека пукањата се случиле како дел од инцидент на семејно насилство​​​​​​. Овој страшен настан остави голема трага на заедницата во Мемфис, изазивајќи страв и несигурност меѓу граѓаните. Полицијата и другите безбедносни сили во моментов интензивно работат на откривањето и приведувањето на осомничениот.

The post Масакр во САД: Маж уби три жени и девојка (13), во тек е голема потрага appeared first on Република.

]]>
Официјално: 18 мртви, 13 ранети, во масакрот во Америка, убиецот воен резервист, пуштен од психијатрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ofitsijalno-18-mrtvi-13-raneti-vo-masakrot-vo-amerika-ubietsot-voen-rezervist-pushten-od-psihijatrija/ Thu, 26 Oct 2023 17:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=695341

Најмалку 18 лица загинаа во масовно пукање што се случи во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година.

Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство.

Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и воен резервист. Поради неговото минато, ситуацијата е „кошмарно сценарио за полицијата која се обидува да спречи повеќе убиства“, вели дописничката на Би-Би-Си од САД, Марта Келнер.

Сан журнал, цитирајќи го портпаролот на полицијата во Лустон, објави дека нападот се случил во две различни објекти, куглана и ресторан. За настанот беа информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн, Џенет Милс.

Полицијата и гувернерот на Мејн одржаа заедничка прес-конференција за масакрот. На почетокот на прес-конференцијата гувернерката рече дека е „навистина тажна“ бидејќи „во синоќешните напади животот го загубија 18 лица, а 13 беа ранети“.

Напаѓачот Роберт Кард е вооружен и опасен. Полицијата ги советува луѓето во никој случај да не му приоѓаат – додаде таа.

Има толку многу што сè уште не знаеме за овие напади – рече Милс, додавајќи дека „целата администрација стои зад напорите на полицијата да го фати напаѓачот“.

Многу сум тажна, рече Милс, додавајќи дека Левистон е местото каде што работела со години и каде што го запознала и се омажила за нејзиниот сопруг. Таа додаде дека Левистон е местото каде што нивните деца оделе на училиште.

Нашата мала земја од само 1,3 милиони жители одамна е позната како една од најбезбедните во земјата. Овој напад го погодува самото срце на тоа кои сме ние и вредностите што ги чуваме во ова драгоцено место што го нарекуваме дом, рече Милс, додавајќи: Сите жители на Мејн ја споделуваат тагата на семејствата кои синоќа ги загубија најблиските… Посакувам да можам да ја тргнам болката од вашите срца и раменици. Ти ветувам дека сите ќе ти помогнеме да ја поднесеш таа тага.

Кугларницата во која синоќа упаднал убиец вооружен со автоматска пушка и отворил оган кон луѓето кои куглаат и се забавувале, објави на Фејсбук.

Ништо од ова не изгледа реално, но за жал е. Уништени сме од она што се случи со нашата заедница и персонал. Минатата ноќ изгубивме неверојатни луѓе од нашата заедница за куглање и од заедницата во целост. Нема зборови да се поправи или да се подобри. Се молиме за сите погодени од оваа страшна трагедија. Ве сакаме сите и ве чуваме во нашите срца – порачаа од кугланата.

The post Официјално: 18 мртви, 13 ранети, во масакрот во Америка, убиецот воен резервист, пуштен од психијатрија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 18 лица загинаа во масовно пукање што се случи во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн. Ова е најсмртоносното масовно пукање во САД оваа година. Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и воен резервист. Поради неговото минато, ситуацијата е „кошмарно сценарио за полицијата која се обидува да спречи повеќе убиства“, вели дописничката на Би-Би-Си од САД, Марта Келнер. Сан журнал, цитирајќи го портпаролот на полицијата во Лустон, објави дека нападот се случил во две различни објекти, куглана и ресторан. За настанот беа информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн, Џенет Милс. Полицијата и гувернерот на Мејн одржаа заедничка прес-конференција за масакрот. На почетокот на прес-конференцијата гувернерката рече дека е „навистина тажна“ бидејќи „во синоќешните напади животот го загубија 18 лица, а 13 беа ранети“. Напаѓачот Роберт Кард е вооружен и опасен. Полицијата ги советува луѓето во никој случај да не му приоѓаат – додаде таа. Има толку многу што сè уште не знаеме за овие напади – рече Милс, додавајќи дека „целата администрација стои зад напорите на полицијата да го фати напаѓачот“. Многу сум тажна, рече Милс, додавајќи дека Левистон е местото каде што работела со години и каде што го запознала и се омажила за нејзиниот сопруг. Таа додаде дека Левистон е местото каде што нивните деца оделе на училиште. Нашата мала земја од само 1,3 милиони жители одамна е позната како една од најбезбедните во земјата. Овој напад го погодува самото срце на тоа кои сме ние и вредностите што ги чуваме во ова драгоцено место што го нарекуваме дом, рече Милс, додавајќи: Сите жители на Мејн ја споделуваат тагата на семејствата кои синоќа ги загубија најблиските… Посакувам да можам да ја тргнам болката од вашите срца и раменици. Ти ветувам дека сите ќе ти помогнеме да ја поднесеш таа тага. Кугларницата во која синоќа упаднал убиец вооружен со автоматска пушка и отворил оган кон луѓето кои куглаат и се забавувале, објави на Фејсбук. Ништо од ова не изгледа реално, но за жал е. Уништени сме од она што се случи со нашата заедница и персонал. Минатата ноќ изгубивме неверојатни луѓе од нашата заедница за куглање и од заедницата во целост. Нема зборови да се поправи или да се подобри. Се молиме за сите погодени од оваа страшна трагедија. Ве сакаме сите и ве чуваме во нашите срца – порачаа од кугланата.

The post Официјално: 18 мртви, 13 ранети, во масакрот во Америка, убиецот воен резервист, пуштен од психијатрија appeared first on Република.

]]>
Страшни сведоштва од масакрот во Мејн: Лежев над мојата 11-годишна ќерка, а мајка ми беше над мене https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/strashni-svedoshtva-od-masakrot-vo-mejn-lezhev-nad-mojata-11-godishna-kerka-a-majka-mi-beshe-nad-mene/ Thu, 26 Oct 2023 06:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=695056

Шокиран жител на Левистон раскажа за Би-Би-Си како целиот град бил заклучен по масовното пукање. Били Џејн Кук, која се кандидира за член на градскиот совет, изјави дека си одела дома од јавен настан кога првпат слушнала за нападот и дека напаѓачот бил во бегство.

„Целото возење до дома, сè што слушнав беа еднобојни сирени, една по друга. Хеликоптери, сирени, никогаш во мојот живот не сум слушнала толкава активност во овој град. Имаме полиција што доаѓа од целата држава. Ужасно е. Едноставно не мислите дека тоа ќе се случи некогаш, но тоа се случи“, вели Кук.

Кук додала дека се јавила на еден од нејзините синови додека возела дома. „Зборував со него на телефон и цело време немаше ништо друго освен сирени и хеликоптери. И кога конечно се вратив му реков дека сум безбедна дома“, се присетува таа.

„Тоа е едноставно лудо. Не можам да го обработам ова затоа што изгледа толку незамисливо. Ние сме многу среќни што всушност имаме две болници во нашиот град, што е неверојатно, исто толку мали како што сме ние“, продолжи таа.

Инаку, во Левинстон живеат помалку од 40.000 луѓе.

Рајли Думонт, друг сведок, изјави за Еј-Би-Си Њуз дека нејзината 11-годишна ќерка учествувала во детска лига во куглање во Левистон кога слушнала неколку истрели. Таа рече дека нејзиниот татко, пензиониран полицаец, потоа го сокрил нивното семејство. „Јас лежев врз ќерка ми, а мајка ми лежеше врз мене“, рече таа. Таа спомна дека видела три или четири жртви

The post Страшни сведоштва од масакрот во Мејн: Лежев над мојата 11-годишна ќерка, а мајка ми беше над мене appeared first on Република.

]]>

Шокиран жител на Левистон раскажа за Би-Би-Си како целиот град бил заклучен по масовното пукање. Били Џејн Кук, која се кандидира за член на градскиот совет, изјави дека си одела дома од јавен настан кога првпат слушнала за нападот и дека напаѓачот бил во бегство.
„Целото возење до дома, сè што слушнав беа еднобојни сирени, една по друга. Хеликоптери, сирени, никогаш во мојот живот не сум слушнала толкава активност во овој град. Имаме полиција што доаѓа од целата држава. Ужасно е. Едноставно не мислите дека тоа ќе се случи некогаш, но тоа се случи“, вели Кук.
Кук додала дека се јавила на еден од нејзините синови додека возела дома. „Зборував со него на телефон и цело време немаше ништо друго освен сирени и хеликоптери. И кога конечно се вратив му реков дека сум безбедна дома“, се присетува таа.
„Тоа е едноставно лудо. Не можам да го обработам ова затоа што изгледа толку незамисливо. Ние сме многу среќни што всушност имаме две болници во нашиот град, што е неверојатно, исто толку мали како што сме ние“, продолжи таа.
Инаку, во Левинстон живеат помалку од 40.000 луѓе. Рајли Думонт, друг сведок, изјави за Еј-Би-Си Њуз дека нејзината 11-годишна ќерка учествувала во детска лига во куглање во Левистон кога слушнала неколку истрели. Таа рече дека нејзиниот татко, пензиониран полицаец, потоа го сокрил нивното семејство. „Јас лежев врз ќерка ми, а мајка ми лежеше врз мене“, рече таа. Таа спомна дека видела три или четири жртви

The post Страшни сведоштва од масакрот во Мејн: Лежев над мојата 11-годишна ќерка, а мајка ми беше над мене appeared first on Република.

]]>
Масакр во Мејн: Најмалку 22 лица убиени, повеќе од 60 се ранети, убиецот е во бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masakr-vo-mejn-najmalku-22-litsa-ubieni-poveke-od-60-se-raneti-ubietsot-e-vo-begstvo/ Thu, 26 Oct 2023 06:52:09 +0000 https://republika.mk/?p=695053

Најмалку 22 лица загинаа, а 50 до 60 се ранети во масовно пукање што се случи во средата во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на повеќе полициски извори.

Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка.

24sata

Централниот медицински центар Левистон соопшти дека реагира на масовното пукање и дека се координира со регионалните болници за преземање пациенти.

„Сан журнал“, повикувајќи се на портпарол на полицијата во Левистон, објави дека има пукотници во три различни установи, вклучително и ресторан.

За настанот беа информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн Џенет Милс.

The post Масакр во Мејн: Најмалку 22 лица убиени, повеќе од 60 се ранети, убиецот е во бегство appeared first on Република.

]]>

Најмалку 22 лица загинаа, а 50 до 60 се ранети во масовно пукање што се случи во средата во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн, објави Си-Ен-Ен повикувајќи се на повеќе полициски извори. Канцеларијата на шерифот на округот Андроскогин објави две фотографии од осомничениот на Фејсбук, велејќи дека тој е во бегство. Се бара помош од јавноста за да се идентификува осомничениот на сликата, брадест маж во кошула со долги ракави и фармерки кој држи пушка. 24sata Централниот медицински центар Левистон соопшти дека реагира на масовното пукање и дека се координира со регионалните болници за преземање пациенти. „Сан журнал“, повикувајќи се на портпарол на полицијата во Левистон, објави дека има пукотници во три различни установи, вклучително и ресторан. За настанот беа информирани и американскиот претседател Џо Бајден и гувернерката на Мејн Џенет Милс.

The post Масакр во Мејн: Најмалку 22 лица убиени, повеќе од 60 се ранети, убиецот е во бегство appeared first on Република.

]]>
Татко, мајка, две деца и три кучиња смртно застрелани во Чикаго, не е случај на убиство и самоубиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tatko-majka-dve-detsa-i-tri-kuchina-smrtno-zastrelani-vo-chikago-ne-e-sluchaj-na-ubistvo-i-samoubistvo/ Tue, 19 Sep 2023 08:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=683052

Татко, мајка и две деца се пронајдени со смртоносни рани од огнено оружје неделата навечер во нивниот дом во Ромеовил, кај Чикаго, Илиноис.

Полицијата ги отркила телата откако член на семејството побарал „проверка на благосостојбата“ на семејството, бидејќи една од жртвите не се појавила на работа тој ден и не одговарала на повиците цел ден, рече заменик-началникот на полицискиот оддел во Ромеовил, Крис Бурн.

Не веруваме дека сторителот е меѓу жртвите во моментов, рече тој за време на прес-конференцијата во понеделникот, потенцирајќи дека не станува збор за убиство-самоубиство.

Во домот се пронајдени и три кучиња, исто така смртно застрелани.

Родителите се идентификувани како Алберто Ролон и Зоралда Бартоломеи, а Бурн одби да ги објави возраста и полот на двете деца-жртви, наведувајќи дека истрагата, која е во тек, е со „чувствителна“ природа.

 

The post Татко, мајка, две деца и три кучиња смртно застрелани во Чикаго, не е случај на убиство и самоубиство appeared first on Република.

]]>

Татко, мајка и две деца се пронајдени со смртоносни рани од огнено оружје неделата навечер во нивниот дом во Ромеовил, кај Чикаго, Илиноис. Полицијата ги отркила телата откако член на семејството побарал „проверка на благосостојбата“ на семејството, бидејќи една од жртвите не се појавила на работа тој ден и не одговарала на повиците цел ден, рече заменик-началникот на полицискиот оддел во Ромеовил, Крис Бурн.
Не веруваме дека сторителот е меѓу жртвите во моментов, рече тој за време на прес-конференцијата во понеделникот, потенцирајќи дека не станува збор за убиство-самоубиство.
Во домот се пронајдени и три кучиња, исто така смртно застрелани. Родителите се идентификувани како Алберто Ролон и Зоралда Бартоломеи, а Бурн одби да ги објави возраста и полот на двете деца-жртви, наведувајќи дека истрагата, која е во тек, е со „чувствителна“ природа.  

The post Татко, мајка, две деца и три кучиња смртно застрелани во Чикаго, не е случај на убиство и самоубиство appeared first on Република.

]]>
Aдвокат на жртвите: Државата не може да го казни Коста Кецмановиќ за масовното убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/advokat-na-zhrtvite-drzhavata-ne-mozhe-da-go-kazni-kosta-ketsmanovik-za-masovnoto-ubistvo/ Mon, 07 Aug 2023 12:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=669654

На 3-ти мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија се случи масакр што го изврши ученик (14) од седмо одделение, при што загинаа девет деца и еден чувар.

Тој кобен ден, во 8 часот и 40 минути, влегол во училиштето со ранец и два пиштоли, пукал во обезбедувањето, потоа во девојчињата кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во својот кабинет по историја и ги убил соучениците во училницата.

Зора Добричанин Никодиновиќ, која го застапува семејството на една од жртвите на момчето-убиец, вели дека државата не може да го казни момчето за масакрот.

Нема како да го казни! Тој е сместен само во здравствена установа, а тоа ќе трае се додека има потреба. Може да трае вечно, зависи од проценката на експертот, вели таа.

The post Aдвокат на жртвите: Државата не може да го казни Коста Кецмановиќ за масовното убиство appeared first on Република.

]]>

На 3-ти мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија се случи масакр што го изврши ученик (14) од седмо одделение, при што загинаа девет деца и еден чувар. Тој кобен ден, во 8 часот и 40 минути, влегол во училиштето со ранец и два пиштоли, пукал во обезбедувањето, потоа во девојчињата кои ги затекнал во ходникот, а потоа влегол во својот кабинет по историја и ги убил соучениците во училницата. Зора Добричанин Никодиновиќ, која го застапува семејството на една од жртвите на момчето-убиец, вели дека државата не може да го казни момчето за масакрот. Нема како да го казни! Тој е сместен само во здравствена установа, а тоа ќе трае се додека има потреба. Може да трае вечно, зависи од проценката на експертот, вели таа.

The post Aдвокат на жртвите: Државата не може да го казни Коста Кецмановиќ за масовното убиство appeared first on Република.

]]>
Капа со пластичен куршум оставена пред белградското училиште каде Кецмановиќ го изврши крвавиот масакр https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kapa-so-plastichen-kurshum-ostavena-pred-belgradskoto-uchilishte-kade-ketsmanovik-go-izvrshi-krvaviot-masakr/ Mon, 12 Jun 2023 11:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=650443

Српската полиција го приведе на информативен разговор лицето кое вчера остави капа со куршум пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Тоа се случи за време на 40 дневниот помен од трагедијата.

Како што објави Блиц, станува збор за маж кој оставил капа со пластичен куршум. Како што објавија медиумите, капата наводно таму завршила откако граѓанин ја заборавил. Станува збор за капа од добро позната марка на која е зашиен куршум.

Потсетуваме, на 3 мај се случи невидена трагедија откако во училиштето влегол ученикот од седмо одделение, Коста Кецмановиќ со пиштолот на неговиот татко. Прво пукал во чуварот и дежурните ученички, а потоа тргнал во крваво дивеење во кое ги убил своите врсници и ја ранил наставничката по историја. Во нападот загинаа девет деца и еден училишен чувар, подоцна на повредите им подлегна уште една ученичка.

На почетокот на месецот му беше продолжен притворот на таткото на момчето кое го изврши масакрот. Полицијата го уапсила таткото за тешко кривично дело против општата безбедност, откако било констатирано дека синот го однел на стрелишта да вежба гаѓање, а двата пиштоли и муницијата за кои поседувал соодветни дозволи ги оставил во сеф достапен за неовластени лица. Притворот му е продолжен, меѓу другото и поради тоа што за кривичното дело за кое се товари е предвидена затворска казна над 10 години.

The post Капа со пластичен куршум оставена пред белградското училиште каде Кецмановиќ го изврши крвавиот масакр appeared first on Република.

]]>

Српската полиција го приведе на информативен разговор лицето кое вчера остави капа со куршум пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Тоа се случи за време на 40 дневниот помен од трагедијата. Како што објави Блиц, станува збор за маж кој оставил капа со пластичен куршум. Како што објавија медиумите, капата наводно таму завршила откако граѓанин ја заборавил. Станува збор за капа од добро позната марка на која е зашиен куршум. Потсетуваме, на 3 мај се случи невидена трагедија откако во училиштето влегол ученикот од седмо одделение, Коста Кецмановиќ со пиштолот на неговиот татко. Прво пукал во чуварот и дежурните ученички, а потоа тргнал во крваво дивеење во кое ги убил своите врсници и ја ранил наставничката по историја. Во нападот загинаа девет деца и еден училишен чувар, подоцна на повредите им подлегна уште една ученичка. На почетокот на месецот му беше продолжен притворот на таткото на момчето кое го изврши масакрот. Полицијата го уапсила таткото за тешко кривично дело против општата безбедност, откако било констатирано дека синот го однел на стрелишта да вежба гаѓање, а двата пиштоли и муницијата за кои поседувал соодветни дозволи ги оставил во сеф достапен за неовластени лица. Притворот му е продолжен, меѓу другото и поради тоа што за кривичното дело за кое се товари е предвидена затворска казна над 10 години.

The post Капа со пластичен куршум оставена пред белградското училиште каде Кецмановиќ го изврши крвавиот масакр appeared first on Република.

]]>
Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znaete-kolkav-masakar-e-ova-vo-sporedba-so-onoj-vo-vladislav-ribnikar/ Tue, 30 May 2023 09:23:18 +0000 https://republika.mk/?p=646052

Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“ во Белград? Неспоредливо огромен, вели Софија Куновска уште еднаш споделувајќи го статусот на скопјанец, во кој тој раскажува средба со „пријател“ кој отворено му признава како под лажни документи се увезува разно ѓубре во Скопје за согорување.

Никој релевантен не смее  да зборува оти се е подмачкано, вели меѓу другото „пријателот“.

Деновиве го објавувам постот кој треба да ја разбуди сета општествена совест и да направиме притисок да се истражат наводите во него.
Лекарите ми потврдуваат дека инциденцата на малигни заболувања е драстично зголемена последнава декада. Онкологија е масовна гробница а пак детската онкологија е посебна тажна приказна.
Додека,според пишувањето, некои прават профит ние дремеме и посматраме. Чекаме мечката да заигра и во нашиот двор. Мислам дека е доста, пишува Куновска која најави дека ќе гои споделува ова секој ден додека не се разбудиме.

The post Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“? appeared first on Република.

]]>

Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“ во Белград? Неспоредливо огромен, вели Софија Куновска уште еднаш споделувајќи го статусот на скопјанец, во кој тој раскажува средба со „пријател“ кој отворено му признава како под лажни документи се увезува разно ѓубре во Скопје за согорување.
Никој релевантен не смее  да зборува оти се е подмачкано, вели меѓу другото „пријателот“.
Деновиве го објавувам постот кој треба да ја разбуди сета општествена совест и да направиме притисок да се истражат наводите во него. Лекарите ми потврдуваат дека инциденцата на малигни заболувања е драстично зголемена последнава декада. Онкологија е масовна гробница а пак детската онкологија е посебна тажна приказна. Додека,според пишувањето, некои прават профит ние дремеме и посматраме. Чекаме мечката да заигра и во нашиот двор. Мислам дека е доста, пишува Куновска која најави дека ќе гои споделува ова секој ден додека не се разбудиме.

The post Знаете колкав масакар е ова во споредба со оној во „Владислав Рибникар“? appeared first on Република.

]]>
Ова е стравично, воен хирург сум, ама…: Лекарите ја откриваат состојбата на повредените во масакрите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ova-e-stravichno-voen-hirurg-sum-ama-lekarite-ja-otkrivaat-sostojbata-na-povredenite-vo-masakrite/ Sat, 13 May 2023 12:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=640445

Луѓето кои работат во итната медицинска помош биле подготвени да ги загрозат животите за да им помогнат на ранетите во двете злосторства во Србија. Дотрчале уште пред да се уапсат сторителите, а докторот Владимир Ѓукиќ, и директорот на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“ открива се за повредите, штетите и последиците од раните.

Поминаа само седум дена на жалост и сите сме поразени. Србија треба да биде во мрак. Состојбата на повредените е нешто подобра отколку кога првично се грижевме за нив, но сепак е исклучително тешко. Станува збор за прострелни рани предизвикани од екстремно огнено оружје. Тоа е калашников кој прави страшно уништување на ткивото каде што влезната рана е помала, а излезната е голема, уништувајќи коски, меки ткива и крвни садови - открива д-р Ѓукиќ за српските медиуми.

Тој додава дека морале да бараат помош од своите колеги.

Има повреди на екстремитетите кои моравме да ги погрижиме заедно со колегите од КБЦ Земун и ги повикавме колегите од Бањица да ни помогнат бидејќи се работи за сериозна повреда на бутната коска. Ги истражувавме васкуларните структури, беше поставена целосна дијагноза, сепак , поради сложеноста на траумата и спиналниот шок, во договор со Клиничкиот центар таму префрливме еден пациент - вели докторот.

Јас сум воен хирург, бев во војна две години. Подоцна бев во Ургентниот центар за време на бомбардирањето. Ова е нешто што, се надевам, е последен пат во кариерата на српските хирурзи да го имаат проблем за згрижување тешко повредени деца и млади. Моите молитви се и со децата кои се уште се многу тешки на неврохирургија во Тиршова и во Клиничкиот центар на Србија, вели доктор Ѓукиќ, кој ги пофали луѓето кои работат во Итната помош.

The post Ова е стравично, воен хирург сум, ама…: Лекарите ја откриваат состојбата на повредените во масакрите appeared first on Република.

]]>

Луѓето кои работат во итната медицинска помош биле подготвени да ги загрозат животите за да им помогнат на ранетите во двете злосторства во Србија. Дотрчале уште пред да се уапсат сторителите, а докторот Владимир Ѓукиќ, и директорот на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“ открива се за повредите, штетите и последиците од раните.
Поминаа само седум дена на жалост и сите сме поразени. Србија треба да биде во мрак. Состојбата на повредените е нешто подобра отколку кога првично се грижевме за нив, но сепак е исклучително тешко. Станува збор за прострелни рани предизвикани од екстремно огнено оружје. Тоа е калашников кој прави страшно уништување на ткивото каде што влезната рана е помала, а излезната е голема, уништувајќи коски, меки ткива и крвни садови - открива д-р Ѓукиќ за српските медиуми.
Тој додава дека морале да бараат помош од своите колеги.
Има повреди на екстремитетите кои моравме да ги погрижиме заедно со колегите од КБЦ Земун и ги повикавме колегите од Бањица да ни помогнат бидејќи се работи за сериозна повреда на бутната коска. Ги истражувавме васкуларните структури, беше поставена целосна дијагноза, сепак , поради сложеноста на траумата и спиналниот шок, во договор со Клиничкиот центар таму префрливме еден пациент - вели докторот.
Јас сум воен хирург, бев во војна две години. Подоцна бев во Ургентниот центар за време на бомбардирањето. Ова е нешто што, се надевам, е последен пат во кариерата на српските хирурзи да го имаат проблем за згрижување тешко повредени деца и млади. Моите молитви се и со децата кои се уште се многу тешки на неврохирургија во Тиршова и во Клиничкиот центар на Србија, вели доктор Ѓукиќ, кој ги пофали луѓето кои работат во Итната помош.

The post Ова е стравично, воен хирург сум, ама…: Лекарите ја откриваат состојбата на повредените во масакрите appeared first on Република.

]]>
Родител на ученик во Загреб се заканувал дека ќе го повтори Белград, интервенирала полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/roditel-na-uchenik-vo-zagreb-se-zakanuval-deka-ke-go-povtori-belgrad-intervenirala-politsijata/ Thu, 11 May 2023 09:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=639609

Една недела по масакрот во белградското основно училиште, родителот на еден од учениците на загребското училиште и се заканил на наставничката дека Белград ќе се повтори. Интервенирала и полицијата.

Инцидентот се случил во училиште во Загреб кога родителот на еден од учениците се заканил дека ќе го повтори белградското сценарио.

Во целиот случај се вклучила и полицијата која извршила претрес во домот на ученикот каде биле пронајдени забранети предмети. Целиот инцидент е пријавен во Министерството за образование.

Пред неколку дена имавме инцидент во училиште во Загреб каде родител им се закануваше на наставниците дека ќе им се случи Белград“, изјави за РТЛ Жељко Стипиќ од синдикатот „Препород“, додавајќи дека заканата настанала затоа што ученикот бил опомен.

Безбедноста во училиштата се уште е голем проблем и треба уште многу да се направи на овој план, но проблем е фактот што директорите често одбиваат да зборуваат за тоа, велат од Синдикатот „Препород“.

Целиот инцидент е пријавен во Министерството за образование.

Министерството за наука и образование добило барање од основното училиште за отпочнување на интервенција во психолошка криза, кое било спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно Протоколот. за справување со насилството меѓу децата и младите“, велат од министерството.

 

The post Родител на ученик во Загреб се заканувал дека ќе го повтори Белград, интервенирала полицијата appeared first on Република.

]]>

Една недела по масакрот во белградското основно училиште, родителот на еден од учениците на загребското училиште и се заканил на наставничката дека Белград ќе се повтори. Интервенирала и полицијата. Инцидентот се случил во училиште во Загреб кога родителот на еден од учениците се заканил дека ќе го повтори белградското сценарио. Во целиот случај се вклучила и полицијата која извршила претрес во домот на ученикот каде биле пронајдени забранети предмети. Целиот инцидент е пријавен во Министерството за образование.
Пред неколку дена имавме инцидент во училиште во Загреб каде родител им се закануваше на наставниците дека ќе им се случи Белград“, изјави за РТЛ Жељко Стипиќ од синдикатот „Препород“, додавајќи дека заканата настанала затоа што ученикот бил опомен.
Безбедноста во училиштата се уште е голем проблем и треба уште многу да се направи на овој план, но проблем е фактот што директорите често одбиваат да зборуваат за тоа, велат од Синдикатот „Препород“. Целиот инцидент е пријавен во Министерството за образование.
Министерството за наука и образование добило барање од основното училиште за отпочнување на интервенција во психолошка криза, кое било спроведено. Директорот на основното училиште бил известен за процедурите за заштита на учениците и бил упатен да го пријави вчерашниот настан согласно Протоколот. за справување со насилството меѓу децата и младите“, велат од министерството.
 

The post Родител на ученик во Загреб се заканувал дека ќе го повтори Белград, интервенирала полицијата appeared first on Република.

]]>
Човек во БиХ најави масакр како во Белград, полицијата два пати го приведувала и ослободувала https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chovek-vo-bih-najavi-masakr-kako-vo-belgrad-politsijata-dva-pati-go-priveduvala-i-osloboduvala/ Sun, 07 May 2023 08:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=637881

Маж од Бановиќи поради заканите што ги упатувал два пати бил приведен на распит во полиција. Прво упатувал закани кон сопругата и децата, а потоа и јавно на социјалните мрежи, јавува Н1.

„Ш.С. синоќа сам се пријавил во полициска станица дека ќе ги нападне сопругата и децата, кога ќе му се укаже прилика, а тие во меѓувреме тој ден го напуштиле и си заминале од дома. Тој е лишен од слобода за сторено нарушување на јавниот ред и мир. Откако е приведен во ПС Бановиќи било утврдено дека бил под дејство на алкохол. Во таа прилика го нарушил јавниот ред и мир, со груби навреди кон полициските службеници и со особено дрско однесување. За се е известен дежурниот обвинител Т.К и во врска со наредба на обвинител е задржан во просториите до отрезнување“, изјави Аднана Спречиќ, портпарол на Управата за полиција на МВР на Т.К. изјави Н1.

Тој додава дека по отрезнување бил пуштен од службените простории. После тоа на социјалните мрежи е забележана снимка за која повторно била известена обвинителката.

„Повторно е сослушан како осомничен и наредено е да се документира кривичното дело загрозување на сигурноста. Но, тој не е лишен од слобода поради основано сомнение, туку наредени се дополнителни проверки, а во наредниот период, согласно договорот со обвинителот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Спречиќ.

Во видеото објавено на социјалните мрежи тој вели: „Ќе има поголема трагедија отколку што беше во Србија“.

The post Човек во БиХ најави масакр како во Белград, полицијата два пати го приведувала и ослободувала appeared first on Република.

]]>

Маж од Бановиќи поради заканите што ги упатувал два пати бил приведен на распит во полиција. Прво упатувал закани кон сопругата и децата, а потоа и јавно на социјалните мрежи, јавува Н1.
„Ш.С. синоќа сам се пријавил во полициска станица дека ќе ги нападне сопругата и децата, кога ќе му се укаже прилика, а тие во меѓувреме тој ден го напуштиле и си заминале од дома. Тој е лишен од слобода за сторено нарушување на јавниот ред и мир. Откако е приведен во ПС Бановиќи било утврдено дека бил под дејство на алкохол. Во таа прилика го нарушил јавниот ред и мир, со груби навреди кон полициските службеници и со особено дрско однесување. За се е известен дежурниот обвинител Т.К и во врска со наредба на обвинител е задржан во просториите до отрезнување“, изјави Аднана Спречиќ, портпарол на Управата за полиција на МВР на Т.К. изјави Н1.
Тој додава дека по отрезнување бил пуштен од службените простории. После тоа на социјалните мрежи е забележана снимка за која повторно била известена обвинителката.
„Повторно е сослушан како осомничен и наредено е да се документира кривичното дело загрозување на сигурноста. Но, тој не е лишен од слобода поради основано сомнение, туку наредени се дополнителни проверки, а во наредниот период, согласно договорот со обвинителот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, рече Спречиќ.
Во видеото објавено на социјалните мрежи тој вели: „Ќе има поголема трагедија отколку што беше во Србија“.

The post Човек во БиХ најави масакр како во Белград, полицијата два пати го приведувала и ослободувала appeared first on Република.

]]>
Најмалку 10 убиени во ново пукање кое започна во училишен двор во Младеновац, па продолжи низ две села https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najmalku-10-ubieni-vo-novo-pukane-koe-zapochna-vo-uchilishen-dvor-vo-mladenovats-pa-prodolzhi-niz-dve-sela/ Fri, 05 May 2023 05:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=637098

Најмалку десет лица се убиени, а 15 се ранети во престрелката која вечерва започна во селото Дубони кај Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград.

Обвинетото лице на 21 годишна возраст бил во училишниот двор со другарите, се скарале, а потоа отишол до својот дом, зел најверојатно автоматска пушка и започнал со крвавиот пир.

Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица - две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца. Убиени се полицаец (20) и неговата сестра. Третото лице (21) им подлегнало на повредите по престрелката кај Младеновац.

Како што соопшти МВР, активирана е акцијата Вихор, а сторителот Урош М.(21) е во бегство и по него е распишана потерница. Сите расположливи патроли беа испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац.

Како што пишува Телеграф, Урош М. побегнал низ две села и во таа прилика застрелал 18 лица. Според Телеграф десет лица се убиени во два села крај Младеновац.

Урош Б. од својот автомобил „мерцедес“ по случаен избор посеал смрт. Со автоматска пушка пукал во деца, млади и жени, пишува Телеграф.

Во близина на населбата Шепшин имало уште едно пукање, во кое полицијата најверојатно го стигнала избеганиот убиец и го опколила напаѓачот кој претходно побегнал од местото на нападот, а тој одбива да се предаде. Отворил оган врз припадниците на полицијата, а хеликоптер го прелетува подрачјето, јавуваат белградските медиуми.

Полицијата и итната помош се уште се на терен.

Како што соопшти Еуроњуз Србија од Младеновац, жителите се затвориле во своите куќи и во локалните кафулиња, а низ населбата одекнуваат лелеци, сирени на брзата помош и на полицијата.

The post Најмалку 10 убиени во ново пукање кое започна во училишен двор во Младеновац, па продолжи низ две села appeared first on Република.

]]>

Најмалку десет лица се убиени, а 15 се ранети во престрелката која вечерва започна во селото Дубони кај Младеновац, јави дописникот на МИА од Белград. Обвинетото лице на 21 годишна возраст бил во училишниот двор со другарите, се скарале, а потоа отишол до својот дом, зел најверојатно автоматска пушка и започнал со крвавиот пир. Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица - две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца. Убиени се полицаец (20) и неговата сестра. Третото лице (21) им подлегнало на повредите по престрелката кај Младеновац. Како што соопшти МВР, активирана е акцијата Вихор, а сторителот Урош М.(21) е во бегство и по него е распишана потерница. Сите расположливи патроли беа испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац. Како што пишува Телеграф, Урош М. побегнал низ две села и во таа прилика застрелал 18 лица. Според Телеграф десет лица се убиени во два села крај Младеновац.
Урош Б. од својот автомобил „мерцедес“ по случаен избор посеал смрт. Со автоматска пушка пукал во деца, млади и жени, пишува Телеграф.
Во близина на населбата Шепшин имало уште едно пукање, во кое полицијата најверојатно го стигнала избеганиот убиец и го опколила напаѓачот кој претходно побегнал од местото на нападот, а тој одбива да се предаде. Отворил оган врз припадниците на полицијата, а хеликоптер го прелетува подрачјето, јавуваат белградските медиуми. Полицијата и итната помош се уште се на терен. Како што соопшти Еуроњуз Србија од Младеновац, жителите се затвориле во своите куќи и во локалните кафулиња, а низ населбата одекнуваат лелеци, сирени на брзата помош и на полицијата.

The post Најмалку 10 убиени во ново пукање кое започна во училишен двор во Младеновац, па продолжи низ две села appeared first on Република.

]]>
Нов масакр во САД: Напаѓач уби седум лица на две фарми во Калифорнија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-masakr-vo-sad-napagach-ubi-sedum-litsa-na-dve-farmi-vo-kalifornija/ Tue, 24 Jan 2023 08:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=600304

Седум лица се убиени во престрелки на две локации во крајбрежниот град Халф Мун Беј во северна Калифорнија, а делото се чини дека го извршило истото лице, кое било приведено, соопштија локалните власти. Градот Халф Мун Беј се наоѓа на околу 50 километри јужно од Сан Франциско.

Полицајците кои одговорија на повикот на првата локација пронајдоа четири мртви и уште едно рането лице, а потоа пронајдоа уште три мртви лица на втора локација во близина, изјави шерифот Кристина Корпус на прес-конференција.

Двете локации на кои се случија нападите се фарми, а како што објави Сан Франциско хроникл, една од нив е фарма со печурки.

Снимката објавена од АБЦ 7 во Халф Мун Беј го покажува апсењето во кое двајца мажи во цивилна облека и еден во униформа, со пиштоли во рака, му наредуваат на човекот да излезе од автомобилот.

Осомничениот за престрелката излегол И бил соборен на земја. Набрзо на местото на настанот пристигнале уште вооружени полицајци во униформи.

Во автомобилот на осомничениот е пронајдено оружје, соопшти Корпусот.

Новиот напад се случува по само еден ден од масакрот во паркот Монтереј, кога 72-годишен Азијат уби 11 луѓе за време на прославата кинеската Нова Година.

Гувернерот на Калифорнија, објави дека додека бил во болница со жртвите од претходното масовно пукање, соработниците му соопштиле за вториот напад, и истиот го опиша како „трагедија врз трагедија“.

 

The post Нов масакр во САД: Напаѓач уби седум лица на две фарми во Калифорнија appeared first on Република.

]]>

Седум лица се убиени во престрелки на две локации во крајбрежниот град Халф Мун Беј во северна Калифорнија, а делото се чини дека го извршило истото лице, кое било приведено, соопштија локалните власти. Градот Халф Мун Беј се наоѓа на околу 50 километри јужно од Сан Франциско. Полицајците кои одговорија на повикот на првата локација пронајдоа четири мртви и уште едно рането лице, а потоа пронајдоа уште три мртви лица на втора локација во близина, изјави шерифот Кристина Корпус на прес-конференција. Двете локации на кои се случија нападите се фарми, а како што објави Сан Франциско хроникл, една од нив е фарма со печурки. Снимката објавена од АБЦ 7 во Халф Мун Беј го покажува апсењето во кое двајца мажи во цивилна облека и еден во униформа, со пиштоли во рака, му наредуваат на човекот да излезе од автомобилот. Осомничениот за престрелката излегол И бил соборен на земја. Набрзо на местото на настанот пристигнале уште вооружени полицајци во униформи. Во автомобилот на осомничениот е пронајдено оружје, соопшти Корпусот. Новиот напад се случува по само еден ден од масакрот во паркот Монтереј, кога 72-годишен Азијат уби 11 луѓе за време на прославата кинеската Нова Година. Гувернерот на Калифорнија, објави дека додека бил во болница со жртвите од претходното масовно пукање, соработниците му соопштиле за вториот напад, и истиот го опиша како „трагедија врз трагедија“.  

The post Нов масакр во САД: Напаѓач уби седум лица на две фарми во Калифорнија appeared first on Република.

]]>
Видов како напаѓачот застрела девојче во глава: Исповед на жена која го преживеа масакрот во Вирџинија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vidov-kako-napagjachot-zastrela-devojche-vo-glava-ispoved-na-zena-koja-go-prezivea-masakrot-vo-virdzinija/ Wed, 23 Nov 2022 10:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=577281

Еден од вработените кој го преживеал нападот што се случи синоќа во Волмарт во Вирџинија, вели дека напаѓачот излегол од канцеларијата и наеднаш почнал да пука. Тој исто така тврди дека меѓу загинатите има и девојка и чистачка, но полицијата се уште не го соопштува идентитетот на загинатите.

Едно лице го молеше напаѓачот да застане, а тој ѝ рече грубо да се тргне од патот. Напаѓачот е еден од нашите менаџери. Бев во просторијата за одмор кога ги слушнав истрелите, раскажува очевидецот.

Потоа рече дека легнал на подот и се преправал дека е мртов за да го преживее нападот.

Друга жена која била во продавницата за време на нападот вели дека овој инцидент ќе остане траума до крајот на животот.

Видов како на девојка ѝ пука во главата, им рече таа на насобраните новинари.

Инспекторите сметаат дека пукањето престанало во моментот кога полицијата пристигнала пред маркетот. Додаваат и дека полицијата не пукала во напаѓачот, но се уште не е сигурно дали тој се самоубил или бил застрелан од некој друг.

Во масовното пукање загинаа најмалку десет луѓе, а неколкумина се ранети. Во нападот загинал и осомничениот напаѓач, кој бил на позицијата менаџер во маркетот.

The post Видов како напаѓачот застрела девојче во глава: Исповед на жена која го преживеа масакрот во Вирџинија appeared first on Република.

]]>

Еден од вработените кој го преживеал нападот што се случи синоќа во Волмарт во Вирџинија, вели дека напаѓачот излегол од канцеларијата и наеднаш почнал да пука. Тој исто така тврди дека меѓу загинатите има и девојка и чистачка, но полицијата се уште не го соопштува идентитетот на загинатите.
Едно лице го молеше напаѓачот да застане, а тој ѝ рече грубо да се тргне од патот. Напаѓачот е еден од нашите менаџери. Бев во просторијата за одмор кога ги слушнав истрелите, раскажува очевидецот.
Потоа рече дека легнал на подот и се преправал дека е мртов за да го преживее нападот. Друга жена која била во продавницата за време на нападот вели дека овој инцидент ќе остане траума до крајот на животот.
Видов како на девојка ѝ пука во главата, им рече таа на насобраните новинари.
Инспекторите сметаат дека пукањето престанало во моментот кога полицијата пристигнала пред маркетот. Додаваат и дека полицијата не пукала во напаѓачот, но се уште не е сигурно дали тој се самоубил или бил застрелан од некој друг. Во масовното пукање загинаа најмалку десет луѓе, а неколкумина се ранети. Во нападот загинал и осомничениот напаѓач, кој бил на позицијата менаџер во маркетот.

The post Видов како напаѓачот застрела девојче во глава: Исповед на жена која го преживеа масакрот во Вирџинија appeared first on Република.

]]>