масакр во Цетиње Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masakr-vo-cetinje/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Aug 2022 10:32:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png масакр во Цетиње Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/masakr-vo-cetinje/ 32 32 Каква порака носат белите кошули на погреб? Цетињаните се загрижени од најлошиот обичај https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kakva-poraka-nosat-belite-koshuli-na-pogreb-cetinjanite-se-zagrizeni-od-najloshiot-obichaj/ Sat, 20 Aug 2022 10:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=542162

На погребите на жртвите на Вук Бориловиќ (34), кој во петокот уби десет соседи во Цетиње, по што беше ликвидиран, беа видени неколку мажи во бели кошули, што според старите племенски обичаи претставува заклетва за крвна одмазда, пренесуваат црногорските медиуми.

Загинатите беа погребани во саботата и неделата на неколку гробишта во Цетиње и околината, а меѓу ожалостените имаше и полицајци во цивилна облека. Овие полицајци не им пријдоа на мажите во бели кошули, бидејќи не е забрането да се носи таква облека на погреб, но тоа им падна во очи на постарите цетинци и ги загрижи.

Еден од нив за црногорските медиуми изјави дека белата кошула на погреб може да претставува многу опасна порака.

Од античко време, оној што носи бела кошула на погребот на некој близок, кој е убиен, испраќа порака до семејството на убиецот дека се заколнува на крвна одмазда и дека долгот за крв мора да се плати, рекол овој цетињенец.

Дека во Цетиње постои сериозна загриженост поради можноста за крвна одмазда покажа и соопштението на црногорската полиција во кое апелираат до сите граѓани да не креваат тензии за да се зачува мирот. Покрај тоа, сопругата и трите ќерки на Вук, кои во моментот на злосторството биле на море во близина на Тиват, биле однесени на безбедна тајна локација и добиле полициска заштита, потврди  началник на криминалистичката полиција во Подгорица.

The post Каква порака носат белите кошули на погреб? Цетињаните се загрижени од најлошиот обичај appeared first on Република.

]]>

На погребите на жртвите на Вук Бориловиќ (34), кој во петокот уби десет соседи во Цетиње, по што беше ликвидиран, беа видени неколку мажи во бели кошули, што според старите племенски обичаи претставува заклетва за крвна одмазда, пренесуваат црногорските медиуми. Загинатите беа погребани во саботата и неделата на неколку гробишта во Цетиње и околината, а меѓу ожалостените имаше и полицајци во цивилна облека. Овие полицајци не им пријдоа на мажите во бели кошули, бидејќи не е забрането да се носи таква облека на погреб, но тоа им падна во очи на постарите цетинци и ги загрижи. Еден од нив за црногорските медиуми изјави дека белата кошула на погреб може да претставува многу опасна порака.
Од античко време, оној што носи бела кошула на погребот на некој близок, кој е убиен, испраќа порака до семејството на убиецот дека се заколнува на крвна одмазда и дека долгот за крв мора да се плати, рекол овој цетињенец.
Дека во Цетиње постои сериозна загриженост поради можноста за крвна одмазда покажа и соопштението на црногорската полиција во кое апелираат до сите граѓани да не креваат тензии за да се зачува мирот. Покрај тоа, сопругата и трите ќерки на Вук, кои во моментот на злосторството биле на море во близина на Тиват, биле однесени на безбедна тајна локација и добиле полициска заштита, потврди  началник на криминалистичката полиција во Подгорица.

The post Каква порака носат белите кошули на погреб? Цетињаните се загрижени од најлошиот обичај appeared first on Република.

]]>
88-годишната Даринка го преживеа нападот во Цетиње, скокнала од прозор откако Вук ја застрелал https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/88-godishnata-darinka-go-prezivea-napadot-vo-cetinje-skoknala-od-prozor-otkako-vuk-ja-zastrelal/ Wed, 17 Aug 2022 20:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=541510

Неверојатната 88-годишна Даринка Челебиќ во петокот го преживеа масакрот на соседот Вук Бориловиќ (34), откако ранета успеала да скокне од прозорецот на својата куќа и да се спаси.

По излегувањето од болница, оваа старица за српските медиуми детално ги опишала сите застрашувачки моменти од попладнето на 12 август, кога се соочила со масовниот убиец од соседството.

Бев дома кога дојде. Одеднаш се појави на терасата, а јас бев спроти него, покрај скалите. Тој само ме гледаше. Му реков: „Само не ме убивај“, „Не пукај во мене“. Потоа ја крена раката со оружјето, пукаше и ме рани, а јас му реков: „Ти ме уби!“. Со мене беа Славица и Милева. Славица седна на бетонот, а Милева го сврте столчето. Му реков: „Не ги убивај!“. Ама ја застрела Милева во раката, а Славица ни сама веќе не знам каде, раскажува Даринка.

Виталната цетињанка раскажува како избегала.

Јас, што да правам, земам една крпа, скокам низ прозорецот и боса одам низ старата фабрика дури не стигнам во болница. Таму слушнав кој сè убил. И мене ќе ме убиеше да не избегав. Кога почна пукањето им реков на Славица и Милева: „Ова нема да заврши добро“, опишала старицата

Како што вели, по излегувањето од болница наздравила со чашка ракија со роднините и соседите.

За нов живот, рече Даринка, која се уште има завои на главата.

The post 88-годишната Даринка го преживеа нападот во Цетиње, скокнала од прозор откако Вук ја застрелал appeared first on Република.

]]>

Неверојатната 88-годишна Даринка Челебиќ во петокот го преживеа масакрот на соседот Вук Бориловиќ (34), откако ранета успеала да скокне од прозорецот на својата куќа и да се спаси. По излегувањето од болница, оваа старица за српските медиуми детално ги опишала сите застрашувачки моменти од попладнето на 12 август, кога се соочила со масовниот убиец од соседството.
Бев дома кога дојде. Одеднаш се појави на терасата, а јас бев спроти него, покрај скалите. Тој само ме гледаше. Му реков: „Само не ме убивај“, „Не пукај во мене“. Потоа ја крена раката со оружјето, пукаше и ме рани, а јас му реков: „Ти ме уби!“. Со мене беа Славица и Милева. Славица седна на бетонот, а Милева го сврте столчето. Му реков: „Не ги убивај!“. Ама ја застрела Милева во раката, а Славица ни сама веќе не знам каде, раскажува Даринка.
Виталната цетињанка раскажува како избегала.
Јас, што да правам, земам една крпа, скокам низ прозорецот и боса одам низ старата фабрика дури не стигнам во болница. Таму слушнав кој сè убил. И мене ќе ме убиеше да не избегав. Кога почна пукањето им реков на Славица и Милева: „Ова нема да заврши добро“, опишала старицата
Како што вели, по излегувањето од болница наздравила со чашка ракија со роднините и соседите.
За нов живот, рече Даринка, која се уште има завои на главата.

The post 88-годишната Даринка го преживеа нападот во Цетиње, скокнала од прозор откако Вук ја застрелал appeared first on Република.

]]>
Вук беше чуден неколку дена пред масакрот, сведочи неговата сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuk-beshe-chuden-nekolku-dena-pred-masakrot-svedochi-negovata-sopruga/ Wed, 17 Aug 2022 18:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=541205

Истрагата за најголемото злосторство во поновата историја на Црна Гора сè уште трае, но засега нема индиции зошто Вук Бориловиќ (34) од Цетиње во петокот земал ловечка карабина и извршил масакр во селото Медовина, убивајќи десет лица, меѓу кои и две деца.

Соговорници на „Новости“ од полицијата наведуваат дека на тоа прашање не можела да одговори ниту сопругата на Бориловиќ.

Таа беше сослушана во првите часови од истрагата. Таа објасни дека бил чуден неколку дена пред злосторството кога дошол да ги посети во приморско место каде што била на одмор со нивните деца, но дека тоа не ништо посебно - вели извор од полицијата за весникот.

Како што раскажала, претходно немало недоразбирања и караници со станарите, кои ги убил први, па приказните за претходни конфликти се чиста шпекулација. Исто навела дека е измислица дека го оставила, па тоа било тригерот кој го активирал. Не го оставила, туку како и секоја година со децата заминала на одмор кај роднините.

Бориловиќ, како што е потврдено од официјалното соопштение на Управата на полицијата, кобниот ден имал закажан специјалистички преглед.

Последниве денови се однесува чудно, поради што пријател го замолил да оди на невропсихијатар, на што тој се согласил - вели соговорникот на „Новости“, кој посочува дека медиумските шпекулации за можна крвна одмазда само ги зголемуваат тензиите и создаваат паника кај жителите на Цетиње.

Во овој момент ништо не навестува дека такво нешто навистина би можело да се случи. Трагедијата е преголема. Нема потреба да се крева тензија со шпекулации во вакви тешки моменти заради поголем тираж на весници и поголем број посети на одредени портали - вели соговорникот и додава дека полицијата не крие ништо, потенцирајќи дека се што е официјално е објавено.

Реконструкцијата е извршена, претресот на куќата на Бориловиќ е извршен, додека сѐ уште трае прибирање изјави на сведоци, исто како и вештачењата - вели изворот и потврдува дека Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње.

Полициската управа официјално соопшти дека при претресот на куќата на Вук Бориловиќ пронашле 4.200 евра и осум куршуми за ловечката пушка, од кои за време на кравата драма по случаен избор пукал во соседите, екипата на итната помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.

The post Вук беше чуден неколку дена пред масакрот, сведочи неговата сопруга appeared first on Република.

]]>

Истрагата за најголемото злосторство во поновата историја на Црна Гора сè уште трае, но засега нема индиции зошто Вук Бориловиќ (34) од Цетиње во петокот земал ловечка карабина и извршил масакр во селото Медовина, убивајќи десет лица, меѓу кои и две деца. Соговорници на „Новости“ од полицијата наведуваат дека на тоа прашање не можела да одговори ниту сопругата на Бориловиќ.
Таа беше сослушана во првите часови од истрагата. Таа објасни дека бил чуден неколку дена пред злосторството кога дошол да ги посети во приморско место каде што била на одмор со нивните деца, но дека тоа не ништо посебно - вели извор од полицијата за весникот.
Како што раскажала, претходно немало недоразбирања и караници со станарите, кои ги убил први, па приказните за претходни конфликти се чиста шпекулација. Исто навела дека е измислица дека го оставила, па тоа било тригерот кој го активирал. Не го оставила, туку како и секоја година со децата заминала на одмор кај роднините. Бориловиќ, како што е потврдено од официјалното соопштение на Управата на полицијата, кобниот ден имал закажан специјалистички преглед.
Последниве денови се однесува чудно, поради што пријател го замолил да оди на невропсихијатар, на што тој се согласил - вели соговорникот на „Новости“, кој посочува дека медиумските шпекулации за можна крвна одмазда само ги зголемуваат тензиите и создаваат паника кај жителите на Цетиње.
Во овој момент ништо не навестува дека такво нешто навистина би можело да се случи. Трагедијата е преголема. Нема потреба да се крева тензија со шпекулации во вакви тешки моменти заради поголем тираж на весници и поголем број посети на одредени портали - вели соговорникот и додава дека полицијата не крие ништо, потенцирајќи дека се што е официјално е објавено.
Реконструкцијата е извршена, претресот на куќата на Бориловиќ е извршен, додека сѐ уште трае прибирање изјави на сведоци, исто како и вештачењата - вели изворот и потврдува дека Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње.
Полициската управа официјално соопшти дека при претресот на куќата на Вук Бориловиќ пронашле 4.200 евра и осум куршуми за ловечката пушка, од кои за време на кравата драма по случаен избор пукал во соседите, екипата на итната помош, припадниците на полицијата и случајните минувачи.

The post Вук беше чуден неколку дена пред масакрот, сведочи неговата сопруга appeared first on Република.

]]>
Вук Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuk-borilovikj-e-pogreban-na-tajna-lokacija-nadvor-od-cetinje/ Wed, 17 Aug 2022 08:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=541221

Надвор од градот, на тајна локација е погребан Вук Бориловиќ, напаѓачот од Цетиње, кој уби 10 и рани уште шест луѓе. Граѓаните не му дозволија на семејството Бориловиќ неговите посмртни останки да останат во Цетиње.

Локацијата на гробот е тајна за да не биде сквернавена.

Полиција го обезбедувала погребот. Црна Гора сѐ уште е во шок од масакрот кој се случи.

The post Вук Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње appeared first on Република.

]]>

Надвор од градот, на тајна локација е погребан Вук Бориловиќ, напаѓачот од Цетиње, кој уби 10 и рани уште шест луѓе. Граѓаните не му дозволија на семејството Бориловиќ неговите посмртни останки да останат во Цетиње. Локацијата на гробот е тајна за да не биде сквернавена. Полиција го обезбедувала погребот. Црна Гора сѐ уште е во шок од масакрот кој се случи.

The post Вук Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње appeared first on Република.

]]>
Majката на убиецот од Цетиње: Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/majkata-na-ubiecot-od-cetinje-kako-mozeshe-ova-da-mi-se-sluchi-od-moeto-dete-cel-grad-i-zemja-da-ja-zavie-vo-crno/ Tue, 16 Aug 2022 06:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=540702

Два дена по инцидентот во Цетиње, каде што загинаа 11 лица и шест се повредени, Светлана Бориловиќ која му е мајка на убиецот Вук Бориловиќ даде коментар за српски „Телеграф“.

Светлана кажа дека Вук ги загубил нервите и сè направил несвесно. Несреќната жена тврди дека ништо не покажувало дека ќе се случи трагедија.

„Јас сум без душа и не знам дали ќе ја преживеам оваа болка. Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно!? Зошто сине? Постојано се прашувам, а одговор нема да добијам“, вели Светлана.

Светлана, исто така, кажа дека Вук не бил во лоши односи со ниту една од жртвите и не ѝ е јасно зошто ова се случило.

The post Majката на убиецот од Цетиње: Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно appeared first on Република.

]]>

Два дена по инцидентот во Цетиње, каде што загинаа 11 лица и шест се повредени, Светлана Бориловиќ која му е мајка на убиецот Вук Бориловиќ даде коментар за српски „Телеграф“.
Светлана кажа дека Вук ги загубил нервите и сè направил несвесно. Несреќната жена тврди дека ништо не покажувало дека ќе се случи трагедија. „Јас сум без душа и не знам дали ќе ја преживеам оваа болка. Како можеше ова да ми се случи од моето дете, цел град и земја да ја завие во црно!? Зошто сине? Постојано се прашувам, а одговор нема да добијам“, вели Светлана.