маржи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marzi/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 07:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маржи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marzi/ 32 32 И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/i-burekot-i-jogurtot-treba-da-poevtinat-potsetuva-dpi/ Wed, 25 Sep 2024 13:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=819580

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.

Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, рече Трајковски.

The post И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ appeared first on Република.

]]>

Tречевска: Цените не се намалени, мерките на Владата немаат ефект https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trechevska-tsenite-ne-se-namaleni-merkite-na-vladata-nemaat-efekt/ Wed, 25 Sep 2024 09:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=819486

Цените на производите по маркетите не се намалени, иако Владата тоа помпезно го најавуваше. На ова реагираа и граѓаните, освен еден вид леб, чија цена е намалена за 1 денар, на останатите производи нема намалување, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Отворено“ на 24 телевизија.

Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари, и ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и немаат ефект. Граѓаните не осетија подобрување на животниот стандард и додека во Србија и Црна Гора, се намалија цените на 700 производи, кај нас се намалуваат маржи на едвај 70 производи. Кога СДСМ беше на власт, беа намалени цените на 500 производи, а за подобар животниот стандард на граѓаните, воведовме пакет антикризни мерки. ДПМНЕ освен да манипулира, нема никаква идеја и води погрешна економска политика, од која граѓаните немаат никаква корист, рече Тренчевска.

За време на изборите слушавме како ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ја покачат минималната плата, а денес слушаме изјава на премиерот, кој вели дека платите ќе се покачат, тогаш кога ќе има можност, додде Тренчевска.

Во изминатите години имавме постојан раст на платите, тргнувајќи од минималната плата и просечната плата. Во изминатите години, СДСМ ги покачи, минималната плата од 8.000 на 22.500 денари, а просечната од 20.000 на 41.939 денари. Сега наместо покачување, за еден месец, откако ДПМНЕ е на власт, имаме пад на просечната плата за илјада денари, рече Тренчевска.

Таа потенцираше дека власта ги извиси и наставниците и за првпат тие не ја почнаа годината со повисоки плати, а ниту пак ќе добијат покачување, иако им следува согласно колективните договори. За разлика од сега, со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.

Економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се погрешни, и не придонесуваат кон подобрување на стандардот на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

The post Tречевска: Цените не се намалени, мерките на Владата немаат ефект appeared first on Република.

Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/inspektorite-od-deneska-so-kazni-za-trgovtsite-koi-ne-gi-namalile-profitnite-marzhi/ Wed, 25 Sep 2024 09:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=819474

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/

Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.

Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од денеска на пладне ќе почне со казнување на трговците кои ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ и не ги продаваат по пониски цени производите за кои Владата донесе одлука да им ја ограничи профитната маржа, најави во изјава за МИА директорот на ДПИ, Горан Трајковски. https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomalku-troshotsi-poveke-za-tebe-kako-da-gi-prepoznaete-proizvodite-chija-tsena-treba-da-e-namalena/ Како што посочи, во теренските проверки што ги вршеле вчера до 21 часот забележале дека маркетите не ги поставиле потребните ознаки, со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи иако ДПИ им даде рок тоа да го направат до крајот на вчерашниот ден.
Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската, изјави Трајковски за МИА и додаде дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Владата со ограничувањето на профитните маржи на околу 70 основни прехранбени производи очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Согласно одлуката на Владата, трговците требаше да ги обележат намалените производи со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

The post Инспекторите од денеска со казни за трговците кои не ги намалиле профитните маржи appeared first on Република.

]]>
Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-na-vonredna-sednitsa-donese-odluka-za-ogranichuvane-na-marzhite/ Fri, 20 Sep 2024 12:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=818171

Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,...

За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка.

Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните - изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.

Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката.

Предлогот, како што беше претходно инофмирано, е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.

The post Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,... За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Има, рече Мицкоски, стотици продукти кои што ќе бидат опфатени со оваа мерка.
Ќе имаме вакви акции, кои што ќе траат по месец, месец и половина, два месеци, во која што бруто профитот ќе биде ограничен, односно до ниво од десет проценти за да не ни се случуваат удари по стандардот на граѓаните - изјави Мицкоски, кој денеска присустуваше на почеток на поплочување на улицата „Ванчо Прќе“ во Општина Штип.
Мицкоски, исто така, најави дека континуирано ќе се носат мерки, со кои, како што рече, ќе се обидат да го подобрат стандардот на граѓаните и да се олесни живејачката. Предлогот, како што беше претходно инофмирано, е изготвен во консултација со трговците и производителите како кракторочна мерка која се предвидува да трае еден месец и да се носи за време на празниците кога обично цените се зголемуваат.

The post Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на маржите appeared first on Република.

]]>
Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-tsenite-nema-da-se-zamrznat-marzhata-ke-se-ogranichi-do-10-otsto/ Wed, 18 Sep 2024 09:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=817394

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,...

Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници - истакна министерот.

Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите.

The post Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто appeared first on Република.

]]>

Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,... Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на нејзиното донесување ќе продолжи за новогодишните и сите следни празници - истакна министерот. Законот за нефер трговски практики се очекува да стапи во сила кон крајот на овој месец и со тоа, рече министерот, дополнително треба да се намалат цените на производите.

The post Дурмиши: Цените нема да се замрзнат, маржата ќе се ограничи до 10 отсто appeared first on Република.

]]>
Ковачевски најави млечна криза и нови мерки во делот на маржите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-najavi-mlechna-kriza-i-novi-merki-vo-delot-na-marzhite/ Thu, 31 Aug 2023 11:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=677567

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи.

Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени.

Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните, потенцира Ковачевски по посетата на новата градинка во Карпош.

Според него, се јавува криза во снабдувањето на млечната индустрија, има недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина.

Ќе има проблем кај млекото зашто се јавува криза во снабдувањето со млеко. Веќе утре имам состанок со министерот Николовски за тоа кои мерки ќе ги преземеме зашто се јавува недостиг на млеко во некои региони во светот поради војната во Украина, информира премиерот.

The post Ковачевски најави млечна криза и нови мерки во делот на маржите appeared first on Република.

]]>

Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи. Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени. Ковачевски најави дека ќе има проблем со млекото, поради што утре ќе одржи состанок со министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Ги следиме цените, со економските министри веќе разговаравме за идните мерки што ќе се преземат, пред се, во делот на маржите и во делот на разликата во цените од производителите до финалната цена на рафт. Сигурно ќе следуваат нови мерки, зашто никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните, потенцира Ковачевски по посетата на новата градинка во Карпош.
Според него, се јавува криза во снабдувањето на млечната индустрија, има недостиг во некои региони во светот поради војната во Украина.
Ќе има проблем кај млекото зашто се јавува криза во снабдувањето со млеко. Веќе утре имам состанок со министерот Николовски за тоа кои мерки ќе ги преземеме зашто се јавува недостиг на млеко во некои региони во светот поради војната во Украина, информира премиерот.

The post Ковачевски најави млечна криза и нови мерки во делот на маржите appeared first on Република.

]]>
Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-ekonomija-ako-se-otseni-deka-e-potrebno-ke-prodolzhi-odlukata-za-trgovskite-marzhi/ Wed, 28 Jun 2023 14:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=656120

Од министерството за економија излегоа со став дека со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува рокот за примена на oдлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови.

Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

Сепак, доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот на Одлуката, тоа и ќе се спроведе.

Ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи важи до 30 јуни 2023 година и нејзината примена се заснова на следење на временската рамка што се одреди на кризната состојба. Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови.

Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија.

Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни.

Со таквата одлука, највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до пет проценти во трговијата на големо и до пет5 проценти во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

The post Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>

Од министерството за економија излегоа со став дека со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува рокот за примена на oдлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови. Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста. Сепак, доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот на Одлуката, тоа и ќе се спроведе.
Ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи важи до 30 јуни 2023 година и нејзината примена се заснова на следење на временската рамка што се одреди на кризната состојба. Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови.   Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија.
Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со таквата одлука, највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до пет проценти во трговијата на големо и до пет5 проценти во трговијата на мало. Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

The post Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>
Француските трговци на страна на потрошувачите – согласни да ги намалат цените на храната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuskite-trgovtsi-na-strana-na-potroshuvachite-soglasni-da-gi-namalat-tsenite-na-hranata/ Tue, 07 Mar 2023 13:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=616944

Француските сопственици на големи маркети се согласија да застанат на страна на потрошувачите. На предлог на владата склучија договор за ограничување на многу цени на прехрамбените производи. Целта е да се олеснат инфлаторните притисоци за потрошувачите.

Малопродажните трговци ќе ги намалат цените но оставено е на нив да ги изберат брендовите кои ќе се продаваат поефтино, бидејќи како што им било кажано во министерството за финансии – треба да има слободна трговија.

Ова ќе ги претвори месеците од април до јуни во „квартал против инфлација“, која од февруари е зголемена за 14 ипол проценти, смета министерот, кој додава дека загубите кои ќе ги пртрпат трговците се пресметуваат во стотици милиони евра, кои пак самите се согласиле да ги поднесат.  Повеќето големи продавачи на храна во Франција учествуваа во разговорите.

Сепак, некои здруженија на потрошувачи, се скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.За да се осигураат дека трговците на мало не ги притиснале своите добавувачи за да го надополнат недостигот од приход, инспекторите ќе бидат на терен секојдневно. избраните производи кои ќе бидат со намалени цени, ќе се означени со логото „анти-инфлациски квартал“ со боите на француското знаме.

The post Француските трговци на страна на потрошувачите – согласни да ги намалат цените на храната appeared first on Република.

]]>

Француските сопственици на големи маркети се согласија да застанат на страна на потрошувачите. На предлог на владата склучија договор за ограничување на многу цени на прехрамбените производи. Целта е да се олеснат инфлаторните притисоци за потрошувачите. Малопродажните трговци ќе ги намалат цените но оставено е на нив да ги изберат брендовите кои ќе се продаваат поефтино, бидејќи како што им било кажано во министерството за финансии – треба да има слободна трговија. Ова ќе ги претвори месеците од април до јуни во „квартал против инфлација“, која од февруари е зголемена за 14 ипол проценти, смета министерот, кој додава дека загубите кои ќе ги пртрпат трговците се пресметуваат во стотици милиони евра, кои пак самите се согласиле да ги поднесат.  Повеќето големи продавачи на храна во Франција учествуваа во разговорите. Сепак, некои здруженија на потрошувачи, се скептични за „антиинфлациската“ иницијативата, која доаѓа во пресрет на уште еден ден масовен протест и штрајк против плановите на владата да го реформира пензискиот систем во Франција.За да се осигураат дека трговците на мало не ги притиснале своите добавувачи за да го надополнат недостигот од приход, инспекторите ќе бидат на терен секојдневно. избраните производи кои ќе бидат со намалени цени, ќе се означени со логото „анти-инфлациски квартал“ со боите на француското знаме.

The post Француските трговци на страна на потрошувачите – согласни да ги намалат цените на храната appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ogranichenite-marzhi-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-ostanuvaat-do-kraj-na-april-2023-godina/ Tue, 27 Dec 2022 12:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=590564

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година.

Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Дополнително на тоа, додаде, Владата овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи, се додека трае кризната состојба.

Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме коригирани цени, потенцира Бектеши.

Во опфат на мерката ќе продолжат да бидат следните производи: – леб бел; сечен на парчиња или цел; шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) со 5 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

Потоа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500; макарони и шпагети од тврда пченица; македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто; јајца; урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење; кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт со 10 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

The post Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година. Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот на примена до 30 април 2023 година, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Дополнително на тоа, додаде, Владата овозможи од 1 декември оваа година да се користи субвенционирана електрична енергија кај домашните производители на основните прехранбени производи, се додека трае кризната состојба. Целта е со субвенционирана електрична енергија кај домашните производители и регулирана трговска маржа, на пазарот да имаме коригирани цени, потенцира Бектеши. Во опфат на мерката ќе продолжат да бидат следните производи: – леб бел; сечен на парчиња или цел; шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) со 5 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало. Потоа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500; макарони и шпагети од тврда пченица; македонски бел ориз, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто; јајца; урда; кравјо бело сирење и мешано бело сирење; кашкавал; кисело млеко и павлака и јогурт со 10 отсто трговска маржа за трговците на големо (тука се и производителите) и трговците на мало.

The post Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април 2023 година appeared first on Република.

]]>
Замрзнувањето на маржите останува до април https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zamrznuvaneto-na-marzhite-ostanuva-do-april/ Mon, 26 Dec 2022 20:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=590279

Основните прехранбени производи ќе се продават со замрзнати маржи до крајот на април. Мерката, која истекуваше на 31 декември, владата утре ќе ја продолжи, за да не се случи скок на цените и нов удар на стандардот кај граѓаните.

Според министерот Бектеши, благо поевтинување на одредени продукти веќе има, поради поевтината струја која ја добија производителите од прехранбената индустрија. Бектеши тврди дека нема леб над 52 денари, а масло за јадење може да се најде и под 100 денари

Благо поевтинување мислам дека веќе има. Нема веќе леб од 52 денари за што се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе неколку недели ги намалуваат.

Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Може да се најде и под 100 денари во одредени маркети. Ние секогаш сме кажувале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 отсто и ако одиме по листата на производите, кои се во одлуката да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има.

Ние сме биле многу отворени, транспарентни посебно спрема граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, вели Бектеши.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kaj-pazari-bekteshi-i-nie-da-kupuvame-leb-poevtin-od-52-denari-i-maslo-za-jadene-pod-100-denari/

Се прават и последните калкулации кои луксузни производи ќе поскапат за 5%, одноно ќе се даночат со 10% наместо со 5%.

Драфт верзијата ќе се добие за две недели, по што ќе биде споделена со јавноста. До сега околу 3,000 прехранбени производи имаа повалстена стапка од 5%. Но власта утврди дека овде спаѓаат и оние кои не може обичниот граѓанин да си ги дозволи, како тартуфи, перки од ајкула, чија семе, луксузни кашкавали, морски плодови, сите видови млеко- освен обичното, тропски овошја – како авокадо, манго, , специјалзирани цемови, путер од кикирики и уште многу други.

The post Замрзнувањето на маржите останува до април appeared first on Република.

]]>

Основните прехранбени производи ќе се продават со замрзнати маржи до крајот на април. Мерката, која истекуваше на 31 декември, владата утре ќе ја продолжи, за да не се случи скок на цените и нов удар на стандардот кај граѓаните. Според министерот Бектеши, благо поевтинување на одредени продукти веќе има, поради поевтината струја која ја добија производителите од прехранбената индустрија. Бектеши тврди дека нема леб над 52 денари, а масло за јадење може да се најде и под 100 денари
Благо поевтинување мислам дека веќе има. Нема веќе леб од 52 денари за што се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе неколку недели ги намалуваат.   Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Може да се најде и под 100 денари во одредени маркети. Ние секогаш сме кажувале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 отсто и ако одиме по листата на производите, кои се во одлуката да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има.   Ние сме биле многу отворени, транспарентни посебно спрема граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, вели Бектеши.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/kaj-pazari-bekteshi-i-nie-da-kupuvame-leb-poevtin-od-52-denari-i-maslo-za-jadene-pod-100-denari/ Се прават и последните калкулации кои луксузни производи ќе поскапат за 5%, одноно ќе се даночат со 10% наместо со 5%. Драфт верзијата ќе се добие за две недели, по што ќе биде споделена со јавноста. До сега околу 3,000 прехранбени производи имаа повалстена стапка од 5%. Но власта утврди дека овде спаѓаат и оние кои не може обичниот граѓанин да си ги дозволи, како тартуфи, перки од ајкула, чија семе, луксузни кашкавали, морски плодови, сите видови млеко- освен обичното, тропски овошја – како авокадо, манго, , специјалзирани цемови, путер од кикирики и уште многу други.

The post Замрзнувањето на маржите останува до април appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Со новиот Закон за заштита на потрошувачи ќе се затвараат компании кои работат со нечесни трговски практики https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-so-noviot-zakon-za-zashtita-na-potroshuvachi-kje-se-zatvaraat-kompanii-koi-rabotat-so-nechesni-trgovski-praktiki/ Fri, 17 Jun 2022 08:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=516216

По донесување на Одлуката за повторното замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, цените во маркетите веќе од вчера почнаа да се намалуваат. Очекуваме дека овој тренд на намалување на цените да продолжи и во наредните денови. Пазарниот инспекторат е на терен за да утврди дали трговците ја почитуваат Одлуката, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во „Утрински брифинг“.

Владата годинава донесе две мерки за заштита на стандардот на населението – замрзнување на цените и замрзнување на маржите. Мерката за замрзнување на маржите траеше до крајот на мај - кажа Бектеши и потенцираше дека се очекуваше дека цените кај трговците ќе останат на исто ниво.

Што не се случи, за што донесовме одлука повторно да ги замрзнеме профитните маржи со цел дам ги заштитиме граѓаните.

Не е етички да има маржа од 15% за одредени производи во време на ваква криза. Очекувавме дека според договорите со Стопанските комори компаниите веќе се навикнати на профитни маржи од 4% или 5%. Но, во дел од трошоците – на масло за јадење на пример, 7-8 денари се плаќа за рабат кон супермаркетите. Сега Владата ја укина оваа можност и за супермаркетите и за увозниците. Побарав да се прават секојдневни контроли не само на заштитетните производи туку и на другите производи. За мене е злоупотреба синџирите на маркети да имаат профит од 30% во ваква криза - кажа Бектеши.

Министерот информираше дека на следната седница на Владата на дневен ред ќе се најде новиот Закон за заштита на потрошувачите каде што точно ќе биде регулирано кои се чесни, а кои се нечесни практики кај ланците на маркети и тоа ќе биде санкционирано.

Во вторник на седница на Владата ќе се усвои Предлог закон за заштита на потрошувачите каде казните ќе бидат многу високи за сите нечесни практики кои се на штета на потрошувачите. Според постојното законско решение казната може да дојде до 5.000 евра, а отсега казните нема да бидат само парична.Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплатува да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност - кажа Бектеши и потенцираше дека ова законско решение е целосно усогласено со европската регулатива.

The post Бектеши: Со новиот Закон за заштита на потрошувачи ќе се затвараат компании кои работат со нечесни трговски практики appeared first on Република.

Ковачевски: Со замрзнување на маржите го штитиме стандардот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevsi-so-zamrznuvanje-na-marzite-go-shtitime-standardot-na-gragjanite/ Tue, 14 Jun 2022 13:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=515103

Денес Владата донесе одлука за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените. Во услови на можни нови покачувања на цените на производите интервенираме и го штитиме стандардот на граѓаните, пишува премиерот Димитар Ковачевски во фејсбук статус.

Заклучно со 30 септември 2022 година се ограничуваат:
- За леб бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало;
-  За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Продолжуваат интензивно и контролите за трговците. Според наодите на инспекторите одредени трговци направиле драстично зголемување на маржите и истите соодветно се санкционираат, пишува Ковачевски.

The post Ковачевски: Со замрзнување на маржите го штитиме стандардот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Денес Владата донесе одлука за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените. Во услови на можни нови покачувања на цените на производите интервенираме и го штитиме стандардот на граѓаните, пишува премиерот Димитар Ковачевски во фејсбук статус. Заклучно со 30 септември 2022 година се ограничуваат: - За леб бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало; -  За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало. Продолжуваат интензивно и контролите за трговците. Според наодите на инспекторите одредени трговци направиле драстично зголемување на маржите и истите соодветно се санкционираат, пишува Ковачевски.

The post Ковачевски: Со замрзнување на маржите го штитиме стандардот на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Битиќи бара казнување на трговците за нереално поскапените цени, додека Инспекторатот тврди дека е ненадлежен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-bara-kaznuvanje-na-trgovcite-za-nerealno-poskapenite-ceni-dodeka-inspektoratot-tvrdi-deka-e-nenadlezen/ Fri, 03 Jun 2022 18:20:51 +0000 https://republika.mk/?p=510801

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја повика Пазарната инспекција да ги контролира трговците коишто продаваат производи со нереално висока маржа. Од Пазарна, пак, велат дека не се надлежни.

Битиќи смета дека трговците се служат со манипулации и за три дена ги зголемиле цените за 20%, што според него е некоректно, затоа што производствена цена им била драстично пониска.

Со особен интерес ги следниме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 посто, кога производствената цена не пораснала за 20 отсто во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај - наведе Битиќи.

Од Инспекторатот одговараат дека во пазарна економија трговците сами ја одредуваат маржата и кога заработката не е ограничена од страна на владата, тогаш моќта на пазарната инспекција е ограничена.

Државниот Пазарен Инспекторат, соглaсно законот, не е недлежен да ги контролира маржите. Во пазарна економија трговците слободно си ги формираат цените. Ние сме надлежни во делот на евиденција, односно дали изложените цени се во согласност со Правилникот, односно со евидентираните во книговодствената евиденција - вели директорката на Државниот Пазарен Инспекторат, Анета Симеска.

Откако престанаа да важат антикрзините мерки, граѓаните се сведоци на енормни зголемувања на цените на основните прехранбени прозводи. Млекото, оризот, лебот, јајцата, брашното и маслото за јадење се продаваат по повиски цени од три до 20 денари, во зависност од производот и маркетот.  Владата најави нов пакет мерки, но по усвојување на ребалансот на буџетот.

The post Битиќи бара казнување на трговците за нереално поскапените цени, додека Инспекторатот тврди дека е ненадлежен appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја повика Пазарната инспекција да ги контролира трговците коишто продаваат производи со нереално висока маржа. Од Пазарна, пак, велат дека не се надлежни. Битиќи смета дека трговците се служат со манипулации и за три дена ги зголемиле цените за 20%, што според него е некоректно, затоа што производствена цена им била драстично пониска.
Со особен интерес ги следниме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 посто, кога производствената цена не пораснала за 20 отсто во тие 24 часа. Тоа е една одредена манипулација кон нашите граѓани и затоа соодветно ќе реагираат инспекциските служби од кои очекувам извештај - наведе Битиќи.
Од Инспекторатот одговараат дека во пазарна економија трговците сами ја одредуваат маржата и кога заработката не е ограничена од страна на владата, тогаш моќта на пазарната инспекција е ограничена.
Државниот Пазарен Инспекторат, соглaсно законот, не е недлежен да ги контролира маржите. Во пазарна економија трговците слободно си ги формираат цените. Ние сме надлежни во делот на евиденција, односно дали изложените цени се во согласност со Правилникот, односно со евидентираните во книговодствената евиденција - вели директорката на Државниот Пазарен Инспекторат, Анета Симеска.
Откако престанаа да важат антикрзините мерки, граѓаните се сведоци на енормни зголемувања на цените на основните прехранбени прозводи. Млекото, оризот, лебот, јајцата, брашното и маслото за јадење се продаваат по повиски цени од три до 20 денари, во зависност од производот и маркетот.  Владата најави нов пакет мерки, но по усвојување на ребалансот на буџетот.

The post Битиќи бара казнување на трговците за нереално поскапените цени, додека Инспекторатот тврди дека е ненадлежен appeared first on Република.

]]>
Владата спречи нов ценовен шок врз граѓаните, вели пратеничката Николова од СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-sprechi-nov-cenoven-shok-vrz-gragjanite-veli-pratenichkata-nikolova-od-sdsm/ Tue, 15 Mar 2022 11:05:55 +0000 https://republika.mk/?p=473086

Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки го штити стандардот на граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска и енергетска криза, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ Даниела Николова, додавајќи дека пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании.

Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни.
Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и горивата за транспорт.
Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари.
Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош, рече таа.

https://youtu.be/tahNBB4nao8

The post Владата спречи нов ценовен шок врз граѓаните, вели пратеничката Николова од СДСМ appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ со навремени и ефикасни мерки го штити стандардот на граѓаните од ценовни шокови во време на светска економска и енергетска криза, рече на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ Даниела Николова, додавајќи дека пакетот од 26 антикризни мерки вреден 400 милиони евра обезбедува повеќе пари кај граѓаните, пониски трошоци и помош за домашните компании.
Со намалување на маржите во комбинација со мерката на нула отсто ДДВ за основните прехранбени производи, цените на основните прехранбени производи како лебот, млекото, брашното, маслото, јајцата, шеќерот, месото и оризот остануваат стабилни. Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието намалени се цените на нафтените деривати и горивата за транспорт. Благодарение на овие антикризни мерки, цената на горивата кај нас се намалува, додека насекаде во регионот таа расте. Бензинот БС-95 сега е намален за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари. Преку одговорен пристап го штитиме стандардот на сите категории граѓани. Околу 330.000 пензионери за месеците април, мај и јуни ќе добијат дополнителни ваучери од по 1.000 денари месечно, а исти вакви ваучери ќе добијат и околу 36.000 домаќинства, приматели на гарантирана минимална помош, рече таа.
https://youtu.be/tahNBB4nao8

The post Владата спречи нов ценовен шок врз граѓаните, вели пратеничката Николова од СДСМ appeared first on Република.

]]>
Си продаваат по свое: Трговци не ја почитувале ограничената маржа, фрчат казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/si-prodavaat-po-svoe-trgovci-ne-ja-pochituvale-ogranichenata-marza-frchat-kazni/ Mon, 14 Mar 2022 15:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=472799

Пазарните инспектори за два дена кај 33 трговски субјекти утврдиле непочитување на владината мерка за намалување на трговската маржа или не поседувале дневна евиденција за дел од производите. Сите заработиле парични казни од 60 до 7.000 евра во зависност од големината на фирмата. Откако мерките стапија во сила, направени биле 160 контроли.

Кај осум субјекти од сите 33 се големи трговци и кај нив се изречени казни од 7.000 евра за правно лице и 350 евра одговорно лице. Останатите субјекти се од различен тип почнувајќи од микро, па сè до среден трговец. Само за дневната евиденција ако таа не се наоѓа во објектот, казната почнува од 60 евра до 800 евра за правно лице и од 20 до 250 евра за одговорното лице - рече Анета Димовска Симеска-Директорка на ДПИ.

Покрај трговците, контроли ќе се прават и кај производителите. Кај нив ќе се утврдува дали цената која е формирана за одреден производ е во согласност со трошоците коишто ги имаат. И министерот за економија Крешник Бектеши апелираше на почитување на одлуките, бидејќи секое повторно прекршување, според Законот за потрошувачи, предвидува и затворање на објектот до една година.
Со последната одлука, трговските маржи се намалија во трговијата на мало на 3 проценти и во трговијата на големо до 4 проценти. Целта е да се спречи уште повисок раст на цените.

The post Си продаваат по свое: Трговци не ја почитувале ограничената маржа, фрчат казни appeared first on Република.

]]>

Пазарните инспектори за два дена кај 33 трговски субјекти утврдиле непочитување на владината мерка за намалување на трговската маржа или не поседувале дневна евиденција за дел од производите. Сите заработиле парични казни од 60 до 7.000 евра во зависност од големината на фирмата. Откако мерките стапија во сила, направени биле 160 контроли.
Кај осум субјекти од сите 33 се големи трговци и кај нив се изречени казни од 7.000 евра за правно лице и 350 евра одговорно лице. Останатите субјекти се од различен тип почнувајќи од микро, па сè до среден трговец. Само за дневната евиденција ако таа не се наоѓа во објектот, казната почнува од 60 евра до 800 евра за правно лице и од 20 до 250 евра за одговорното лице - рече Анета Димовска Симеска-Директорка на ДПИ.
Покрај трговците, контроли ќе се прават и кај производителите. Кај нив ќе се утврдува дали цената која е формирана за одреден производ е во согласност со трошоците коишто ги имаат. И министерот за економија Крешник Бектеши апелираше на почитување на одлуките, бидејќи секое повторно прекршување, според Законот за потрошувачи, предвидува и затворање на објектот до една година. Со последната одлука, трговските маржи се намалија во трговијата на мало на 3 проценти и во трговијата на големо до 4 проценти. Целта е да се спречи уште повисок раст на цените.

The post Си продаваат по свое: Трговци не ја почитувале ограничената маржа, фрчат казни appeared first on Република.

]]>