маржа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marza/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 10:26:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маржа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marza/ 32 32 Стојаноски: Безобразно е она што се случува во маркетите! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-bezobrazno-e-ona-shto-se-sluchuva-vo-marketite/ Mon, 14 Oct 2024 10:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=826501

Бојан Стојаноски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, го коментираше ограничувањето на маржите за производите и случувањата во маркетите. Тој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека она што го прават маркетите е крајно безобразно.

„Случувањето во маркетите е безобразно. Кога ќе ги видите влезните фактури на царина, и кога ќе ги видите маржите и профитите во овие маркети е навистина нефер кон купувачите. Но, ние нема да останеме само во квалификации на безобразно. Ќе има ригорозни мерки, затоа што ова што се случува не е во ред“, рече Стојаноски.

The post Стојаноски: Безобразно е она што се случува во маркетите! appeared first on Република.

]]>

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trgovtsite-vadat-novi-proizvodi-sakaat-da-ja-preskoknat-odlukata-za-marzhite-dpi-najavuva-strogi-kazni/ Sat, 05 Oct 2024 14:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=823149

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни.

Екипите на ДПИ, нагласи Трајковски, се секојдневно на терен и вршат контроли. Тој на прес-конференција извади и неколку млечни производи, објаснувајќи дека маркетите на купувачите не им ги нудат оние пакувања кои претходно ги имало и кои се опфатени со Одлуката за маржите, туку некои други, со помала грамажа.

Ќе казнуваме, за никого нема да има компромис, законот ќе важи и мора да важи за сите. Им порачувам и на трговците на мало и на трговците на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат законите за да не ја почитуваат Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Мора да имаме правичен систем и секој што сака да е дел од него е добредојден, но секој што ќе се обиде да го заобиколи, ќе биде најстрого казнет. И денеска имаме екипи на терен, а за грамажата ќе се консултираме и со АХВ. Ќе постапуваме најригорозно, зашто навистина има обиди да се заобиколат законите. Не викам дека не треба да има 194-грамско кафе. Во Одлуката е опфатено 200-грамското, нека има и од 194, но мора да го има и тоа од 200 грама. Со Одлуката е опфатен и лебот од 450 грама. Има големи добавувачи, апелирам до нив, бидејќи имаат 470-грамски леб, да произведат и 450-грамски леб. Освен кај кафето и кај киселото млеко наоѓаме 300 грамско пакување, иако со Одлуката е опфатено 400-грамско. Можно е ваквите производи да се запленат, истакна директорот.

Според него, големите маркети и со Одлуката за маржите успеваат да остварат профит, па оттука е најсно зошто се обидуваат да ги заобиколат законите.

Тие се десет милиони евра во добивка и покрај замрзнувањата и намалувањата. Не знам зошто ова го прават кога пак ќе остварат профит, рече директорот.

Од донесувањето на Одлуката за ограничувањето на маржата до 10 отсто ДПИ извршил преку 500 надзори кај над 73 категории производи и издал над 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4,3 милиони денари.

Од почетокот на Одлуката до четвртокот беа издадени прекршочни платни налози од над два милиона денари, а само во четвртокот исто така беа издадени налози од над два милиона зашто во средата се увиде дека трговците на мало, големите ланци маркети, имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со количините призводи како што е наведено во Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Се додека сум директор на ДПИ, им порачувам на трговците на мало и на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат зкаоните за да не ја почитуваат Одлуката. Имам информации и дека неколку големи ланци маркети вршат големи притисоци врз добавувачите како да ги заобиколат законите и да остварат профит. Трговците на големо (снабдувачите) да не потклекнуваат на притисоците што ги вршат неколку од големите маркети за да ги заобиколат законите и да не ја почитуваат Одлуката, подвлече Трајковски.

Тој апелира до трговците, ако имаат простор, да ги намалат цените и на другите производи освен оние опфатени со Одлуката за маржите.

Владата на 20 септември годинава ја донесе Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која се опфатени стотина основни прехранбени производи: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук…

The post Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни appeared first on Република.

]]>

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски, најавувајќи строги казни. Екипите на ДПИ, нагласи Трајковски, се секојдневно на терен и вршат контроли. Тој на прес-конференција извади и неколку млечни производи, објаснувајќи дека маркетите на купувачите не им ги нудат оние пакувања кои претходно ги имало и кои се опфатени со Одлуката за маржите, туку некои други, со помала грамажа.
Ќе казнуваме, за никого нема да има компромис, законот ќе важи и мора да важи за сите. Им порачувам и на трговците на мало и на трговците на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат законите за да не ја почитуваат Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Мора да имаме правичен систем и секој што сака да е дел од него е добредојден, но секој што ќе се обиде да го заобиколи, ќе биде најстрого казнет. И денеска имаме екипи на терен, а за грамажата ќе се консултираме и со АХВ. Ќе постапуваме најригорозно, зашто навистина има обиди да се заобиколат законите. Не викам дека не треба да има 194-грамско кафе. Во Одлуката е опфатено 200-грамското, нека има и од 194, но мора да го има и тоа од 200 грама. Со Одлуката е опфатен и лебот од 450 грама. Има големи добавувачи, апелирам до нив, бидејќи имаат 470-грамски леб, да произведат и 450-грамски леб. Освен кај кафето и кај киселото млеко наоѓаме 300 грамско пакување, иако со Одлуката е опфатено 400-грамско. Можно е ваквите производи да се запленат, истакна директорот.
Според него, големите маркети и со Одлуката за маржите успеваат да остварат профит, па оттука е најсно зошто се обидуваат да ги заобиколат законите.
Тие се десет милиони евра во добивка и покрај замрзнувањата и намалувањата. Не знам зошто ова го прават кога пак ќе остварат профит, рече директорот.
Од донесувањето на Одлуката за ограничувањето на маржата до 10 отсто ДПИ извршил преку 500 надзори кај над 73 категории производи и издал над 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4,3 милиони денари.
Од почетокот на Одлуката до четвртокот беа издадени прекршочни платни налози од над два милиона денари, а само во четвртокот исто така беа издадени налози од над два милиона зашто во средата се увиде дека трговците на мало, големите ланци маркети, имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со количините призводи како што е наведено во Одлуката. Тоа нема да го дозволиме. Се додека сум директор на ДПИ, им порачувам на трговците на мало и на големо, да не се обидуваат да ги заобиколуваат зкаоните за да не ја почитуваат Одлуката. Имам информации и дека неколку големи ланци маркети вршат големи притисоци врз добавувачите како да ги заобиколат законите и да остварат профит. Трговците на големо (снабдувачите) да не потклекнуваат на притисоците што ги вршат неколку од големите маркети за да ги заобиколат законите и да не ја почитуваат Одлуката, подвлече Трајковски.
Тој апелира до трговците, ако имаат простор, да ги намалат цените и на другите производи освен оние опфатени со Одлуката за маржите. Владата на 20 септември годинава ја донесе Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која се опфатени стотина основни прехранбени производи: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук…

The post Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни appeared first on Република.

]]>
Пазарна инспекција од утре на терен ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pazarna-inspektsija-od-utre-na-teren-ke-proveruva-dali-uchilishniot-pribor-se-prodava-so-ogranichena-marzha/ Wed, 04 Sep 2024 10:48:20 +0000 https://republika.mk/?p=813048

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги прилагодат цените на училишниот прибор согласно одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи.

„Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија.

Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат!“, порача Трајковски.

Тој ги повика и потрошувачите доколку забележат неправилности да пријават во пазарниот инспекторат на 191 или на службената веб-страница.

The post Пазарна инспекција од утре на терен ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа appeared first on Република.

]]>

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, ги повика трговците веднаш да ги прилагодат цените на училишниот прибор согласно одлуката на Владата за ограничување на профитните маржи. „Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука. Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија. Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат!“, порача Трајковски. Тој ги повика и потрошувачите доколку забележат неправилности да пријават во пазарниот инспекторат на 191 или на службената веб-страница.  

The post Пазарна инспекција од утре на терен ќе проверува дали училишниот прибор се продава со ограничена маржа appeared first on Република.

]]>
Ограничена маржата за училишниот прибор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ogranichena-marzhata-za-uchilishniot-pribor/ Tue, 03 Sep 2024 12:12:19 +0000 https://republika.mk/?p=812698

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата.

Прашан дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.

The post Ограничена маржата за училишниот прибор appeared first on Република.

]]>

Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училишниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски. Како што истакна на денешната прес-конференција во Владата, ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата. Најави дека и понатаму ќе има ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата. Прашан дали носењето на оваа мерка не требаше да се направи порано, рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.

The post Ограничена маржата за училишниот прибор appeared first on Република.

]]>
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-na-vmro-dpmne-ke-sprovede-ogranichuvane-na-marzhite-na-lekovite-i-proshiruvane-na-pozitivnata-lista/ Fri, 29 Mar 2024 08:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=760014

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови. Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.

Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво, додаваат од партијата.

The post Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа appeared first on Република.

]]>

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови. Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат. Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво, додаваат од партијата.

The post Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа appeared first on Република.

]]>
Ограничени маржите за млечните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-mlechnite-proizvodi/ Thu, 06 Oct 2022 16:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=558086

Владата на 87. седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со што, по предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт.

За овие производи се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.

При редовна контрола на Државниот пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени. Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година - наведуваат од Владата

The post Ограничени маржите за млечните производи appeared first on Република.

]]>

Владата на 87. седница донесе Одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки со што, по предлог на Министерството за економија, се замрзнува маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт. За овие производи се ограничува највисока трговска маржа до десет проценти во трговијата на големо и трговијата на мало.
При редовна контрола на Државниот пазарен инспекторат во трговијата на мало и трговијата на големо, според Информацијата од Министерството за економија, укажано е на потребата од интервенција кај наведните стоки, поради растот на нивните цени. Како што е познато, од 14 јуни 2022 година, утврдено е замрзнување на маржите на основните прехранбени производи: леб (бел), шеќер (бел), сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло), брашно од пченица (тип 400 и тип 500), макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2.8 проценти, 3.2 процента и 3.5 проценти, со трговска маржа со важност до 31 декември 2022 година - наведуваат од Владата

The post Ограничени маржите за млечните производи appeared first on Република.

]]>
Хоџа: Ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/hodza-kje-se-proshiri-listata-na-proizvodi-so-ogranichena-marza/ Wed, 21 Sep 2022 17:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=552972

Економскиот тим на Владата е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст, како што и претходно беше најавено, ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот, рече денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа, во одговор на новинарско прашање кога ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа.

Владата вчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо за следните три месеци, односно до крајот на годината. Со тоа е продолжена важноста на тековната одлука за таа намена, чија важност е до крајот на месецов.

Одлуката, како што потсети Хоџа, се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата на мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци.

Со владината одлука, трговската маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на белиот леб, сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледовото масло за јадење е утврдена во висина до 5 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало. Додека пак, висината на трговската маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти млечна маст и јајца е во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

The post Хоџа: Ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа appeared first on Република.

]]>

Економскиот тим на Владата е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст, како што и претходно беше најавено, ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот, рече денеска владиниот портпарол Мухамед Хоџа, во одговор на новинарско прашање кога ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа. Владата вчера донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи во трговијата на мало и големо за следните три месеци, односно до крајот на годината. Со тоа е продолжена важноста на тековната одлука за таа намена, чија важност е до крајот на месецов. Одлуката, како што потсети Хоџа, се носи заради потребата од ограничување на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, како и поради тоа што состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата на мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци. Со владината одлука, трговската маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на белиот леб, сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледовото масло за јадење е утврдена во висина до 5 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало. Додека пак, висината на трговската маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8 проценти, 3,2 проценти и 3,5 проценти млечна маст и јајца е во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало.

The post Хоџа: Ќе се прошири листата на производи со ограничена маржа appeared first on Република.

]]>
Владата ја ограничи маржата на основните прехранбени производи до крајот на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ja-ogranichi-marzata-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-do-krajot-na-godinata/ Tue, 20 Sep 2022 14:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=552648

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи.

Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.

Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.

Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

The post Владата ја ограничи маржата на основните прехранбени производи до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи. Според Одлуката оваа мерка ќе се применува до 31 декември 2022 година.
Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените не се стабилизирани, се наметна потребата да се продолжи рокот за следните 3 месеци од оваа година односно до 31 декември 2022 година. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.
Согласно одлуката висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на леб бел, сечен на парчиња или цел, шеќер бел и сончогледово масло за јадење се утврдува во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. Висината на трговска маржа на трговските друштва и трговските поединци кои учествуваат во трговскиот ланец на брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% млечна маст и јајца се утврдува во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

The post Владата ја ограничи маржата на основните прехранбени производи до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
Владата ја ограничи маржата на трговците за струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ja-ogranichi-marzata-na-trgovcite-za-struja/ Fri, 09 Sep 2022 17:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=549200

Државата ја ограничи маржата за трговците со струја на 10%, а ќе се намали и онаа на крајниот снабдувач од 50 на 20 отсто. Со вакват мерка, според министерот за економија Бектеши ќе им се помогне на големи компании кои се на слободниот пазарм, но и на јавните институции кои не склучиле договори со снабдувачите на струја и истите сега плаќаат огромни сметки.

Државата ќе им помага на компаниите кои не склучиле договор за снабдување со струја. Наместо пазарната цена од ХУПЕКС плус 50% маржа,  ќе ја плаќаат пазарната цена зголемена за 20%. Големите компаниите, меѓу кои и 500 јавни институции, школи, градинки, кои немаат договори со трговците за снабдување со електрична енергија, сега плаќаат енормно високи сметки. Во нив спаѓаат сите рудници, Фени, Максил, сите казина, аптеки, 90% од супермаркетите и сите банки. Но  предлогот на министерот за економија е да не се поддржат сите, туку само оние кои произведуваат за извоз

За фирмите пак, кои се на слободниот пазар и со струја ги снабдуваат трговците, за да им се намалат сметките, владата им ги ограничи  маржите. Наместо 12, 15 или 18%, трговците со струја ќе наплаќаат 10% маржа.

- Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, додаде Бектеши.

Инаку, државата е во преговори и со соседните земји Србија, Бугарија и  Албанија да не се ограничува извозот на струја, како што неколкупати направи Бугарија. Со Белгард  се договара тие преку Бугарија  да ни дадат гас, ние нив струја. Во прсрет на претстојната зима, за да нема недостиг на електрична енргија, Бектеши очекува  целосно да бидат ставени во функкција сите енерегстки капацитети.

The post Владата ја ограничи маржата на трговците за струја appeared first on Република.

]]>

Државата ја ограничи маржата за трговците со струја на 10%, а ќе се намали и онаа на крајниот снабдувач од 50 на 20 отсто. Со вакват мерка, според министерот за економија Бектеши ќе им се помогне на големи компании кои се на слободниот пазарм, но и на јавните институции кои не склучиле договори со снабдувачите на струја и истите сега плаќаат огромни сметки.
Државата ќе им помага на компаниите кои не склучиле договор за снабдување со струја. Наместо пазарната цена од ХУПЕКС плус 50% маржа,  ќе ја плаќаат пазарната цена зголемена за 20%. Големите компаниите, меѓу кои и 500 јавни институции, школи, градинки, кои немаат договори со трговците за снабдување со електрична енергија, сега плаќаат енормно високи сметки. Во нив спаѓаат сите рудници, Фени, Максил, сите казина, аптеки, 90% од супермаркетите и сите банки. Но  предлогот на министерот за економија е да не се поддржат сите, туку само оние кои произведуваат за извоз
За фирмите пак, кои се на слободниот пазар и со струја ги снабдуваат трговците, за да им се намалат сметките, владата им ги ограничи  маржите. Наместо 12, 15 или 18%, трговците со струја ќе наплаќаат 10% маржа. - Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, додаде Бектеши. Инаку, државата е во преговори и со соседните земји Србија, Бугарија и  Албанија да не се ограничува извозот на струја, како што неколкупати направи Бугарија. Со Белгард  се договара тие преку Бугарија  да ни дадат гас, ние нив струја. Во прсрет на претстојната зима, за да нема недостиг на електрична енргија, Бектеши очекува  целосно да бидат ставени во функкција сите енерегстки капацитети.

The post Владата ја ограничи маржата на трговците за струја appeared first on Република.

]]>
Откако цените се вивнаа во небо и ги снема: Се замрзнува маржата за огревно дрво и пелети на 10 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/otkako-cenite-se-vivnaa-vo-nebo-i-snema-drva-se-zamrznuva-marzata-za-ogrevno-drvo-i-peleti-na-10-otsto/ Thu, 11 Aug 2022 10:46:58 +0000 https://republika.mk/?p=539066

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10 проценти за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа, појасни Бектеши.

Причината за ограничување на трговската маржа, додаде, се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

The post Откако цените се вивнаа во небо и ги снема: Се замрзнува маржата за огревно дрво и пелети на 10 отсто appeared first on Република.

]]>

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Висината на трговска маржа најмногу до 10 проценти за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа, појасни Бектеши. Причината за ограничување на трговската маржа, додаде, се заснова на усогласување на разликите во цените кои сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

The post Откако цените се вивнаа во небо и ги снема: Се замрзнува маржата за огревно дрво и пелети на 10 отсто appeared first on Република.

]]>
Црногорската влада ги ограничи маржите на основните прехранбени производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crnogorskata-vlada-gi-ogranichi-marzite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Thu, 23 Jun 2022 17:38:34 +0000 https://republika.mk/?p=519045

Црногорската влада донесе одлука со која се ограничуваат максималните маржи во продавниците на големо на пет отсто, за пченица, шеќер, масло и сол, додека максималната маржа за овие намирници за малите продавници ќе биде седум отсто.

Објаснувајќи ја одлуката, министерот за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ рече дека црногорската Влада прави се што може за да го ублажи растот на цените на храната и енергенсите.

Најдовме оптимум да ги заштитиме граѓаните за да го ублажиме растот на цените - рече Ѓуровиќ, нагласувајќи дека Црна Гора има доволно енергенси и храна.

Одлуката доаѓа откако цените на горивата во Црна Гора достигнаа историски максимум во вторникот.

Претходно, премиерот Дритан Абазовиќ ги повика граѓаните да штедат енергија и најави можност за недостиг наесен.

Инфлацијата во Црна Гора во првите пет месеци е околу 12 отсто, а цените на храната драстично се зголемија од почетокот на војната во Украина кон крајот на февруари.

На почетокот на 2021 година беше потребно да се одвои едно евро за литар нафта, додека цената на црногорските пазари сега се движи меѓу 2,3 и 2,4 евра.

Исто така, цената на брашното за една година е двојно зголемена, а денеска е 0,8 евра.

The post Црногорската влада ги ограничи маржите на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Црногорската влада донесе одлука со која се ограничуваат максималните маржи во продавниците на големо на пет отсто, за пченица, шеќер, масло и сол, додека максималната маржа за овие намирници за малите продавници ќе биде седум отсто. Објаснувајќи ја одлуката, министерот за економски развој и туризам Горан Ѓуровиќ рече дека црногорската Влада прави се што може за да го ублажи растот на цените на храната и енергенсите.
Најдовме оптимум да ги заштитиме граѓаните за да го ублажиме растот на цените - рече Ѓуровиќ, нагласувајќи дека Црна Гора има доволно енергенси и храна.
Одлуката доаѓа откако цените на горивата во Црна Гора достигнаа историски максимум во вторникот. Претходно, премиерот Дритан Абазовиќ ги повика граѓаните да штедат енергија и најави можност за недостиг наесен. Инфлацијата во Црна Гора во првите пет месеци е околу 12 отсто, а цените на храната драстично се зголемија од почетокот на војната во Украина кон крајот на февруари. На почетокот на 2021 година беше потребно да се одвои едно евро за литар нафта, додека цената на црногорските пазари сега се движи меѓу 2,3 и 2,4 евра. Исто така, цената на брашното за една година е двојно зголемена, а денеска е 0,8 евра.

The post Црногорската влада ги ограничи маржите на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Влада: Мерките даваат резултат, 5 до 10 отсто намалени цените на основните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-merkite-davaat-rezultat-5-do-10-otsto-namaleni-cenite-na-osnovnite-proizvodi/ Thu, 16 Jun 2022 11:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=515946

Според Владата, одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, веднаш даде резултат. Од таму посочуваат дека цените на основните производи се намалени за 5 до 10 отсто.

Од владината прес-служба посочуваат дека корекција на цените се прави од денеска, а ќе продолжи и во претстојните денови. Соопштија дека најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10 отсто, кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука.

Владата континуирано ја следи состојбата и во услови на најавени нови покачувања на цените на производите интервенираше веднаш за да го заштити стандардот на граѓаните. Заклучно со 30 септември 2022 година за леб, бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10 отсто во трговијата на големо и до 10 отсто во трговијата на мало, се наведува во владиното соопштение.

Од Владата најавуваат дека во периодот кој следи, интензивно продолжуваат контролите за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат.

Посочуваат дека Владата и во иднина ќе ја следи состојбата и доколку условите на пазарот налагаат, ќе се разгледа можноста одлуката да продолжи до крај на 2022 година.

The post Влада: Мерките даваат резултат, 5 до 10 отсто намалени цените на основните производи appeared first on Република.

]]>

Според Владата, одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, веднаш даде резултат. Од таму посочуваат дека цените на основните производи се намалени за 5 до 10 отсто. Од владината прес-служба посочуваат дека корекција на цените се прави од денеска, а ќе продолжи и во претстојните денови. Соопштија дека најголемо намалување се очекува кај маслото за јадење и до 10 отсто, кај тестенините, како и на сите останати основни производи опфатени во владината одлука.
Владата континуирано ја следи состојбата и во услови на најавени нови покачувања на цените на производите интервенираше веднаш за да го заштити стандардот на граѓаните. Заклучно со 30 септември 2022 година за леб, бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10 отсто во трговијата на големо и до 10 отсто во трговијата на мало, се наведува во владиното соопштение.
Од Владата најавуваат дека во периодот кој следи, интензивно продолжуваат контролите за трговците, со цел да нема драстично зголемување на маржите и истите соодветно да се санкционираат. Посочуваат дека Владата и во иднина ќе ја следи состојбата и доколку условите на пазарот налагаат, ќе се разгледа можноста одлуката да продолжи до крај на 2022 година.

The post Влада: Мерките даваат резултат, 5 до 10 отсто намалени цените на основните производи appeared first on Република.

]]>
Владата и официјално ги ограничи маржите на основните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-i-oficijalno-gi-ogranichi-marzite-na-osnovnite-proizvodi/ Tue, 14 Jun 2022 19:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=515184

Владата на Република Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација со надлежните институции и која започнува да се применува од утре, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало.
За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Според оваа одлука, за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови во примарни и секундарни позиции.

Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара.

The post Владата и официјално ги ограничи маржите на основните производи appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната 52 седница донесе Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, соопшти владината прес-служба. Со оваа одлука, која е донесена по претходна консултација со бизнис заедницата и во координација со надлежните институции и која започнува да се применува од утре, за леб бел-сечен на парчиња или цел, за шеќер бел како и за сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цеденото, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, за макарони и шпагети од тврда пченица, македонски бел ориз, за трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и за јајца од кокошка, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало. Според оваа одлука, за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови во примарни и секундарни позиции. Оваа одлука на Владата за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените, која има за цел да го заштити стандардот на граѓаните, е со важност до 30 септември 2022 година, со можност да продолжи до крајот на годината доколку условите на пазарот со цените тоа го бара.

The post Владата и официјално ги ограничи маржите на основните производи appeared first on Република.

]]>
Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5%, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10% во трговија на големо и мало https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-se-zamrznuva-marzata-na-lebot-shekjerot-i-zejtinot-na-5-a-na-brashnoto-makaroni-oriz-kravjo-mleko-i-jajca-na-10-vo-trgovija-na-golemo-i-malo/ Tue, 14 Jun 2022 11:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=514995

На предлог на Министерството за економија, Владата на Македонија на денешната седница донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.

Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел- сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење  (без ладно цедено масло) се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо  и  до 5%  во трговијата на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500,- макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и  јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец  се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо  и  до 10%  во трговијата на мало, кажа министерот Бектеши.

The post Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5%, а на брашното, макарони, ориз, кравјо млеко и јајца на 10% во трговија на големо и мало appeared first on Република.

„Смрзнати“ маржи, празни фрижидери: Говедското поскапено 100 денари, пилешкото 60, јајцата 40 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/smrznati-marzi-prazni-frizideri-govedskoto-poskapeno-100-denari-pileshkoto-60-jajcata-40-denari/ Sun, 13 Mar 2022 10:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=472006

И оваа недела веб сервисот Ценометар.мк беше на терен низ најголемите маркети во Македонија, и покрај најавувањата од Владата и Министерството за финансии, за смрзнати маржи, забележително беше драстично поскапување кај многу производи!

Едни од најдрастично поскапените производи, во најголемите трговски ланци како КАМ, Стокомак, Рамстор, Тинекс и Кипер се следните:

Табла јајца 30/1 поскапена од 172 до 225 денари - поскапување од околу 40 денари
Мало пакување јајца 10/1 – поскапено за 10 денари
Говедското свежо месо е поскапено за 80 до 100 денари
Свежо пиле – поскапено од 30 до 60 денари по килограм
Свеж пилешки стек – поскапен за 30 до 40 денари
Замрзнати батаци 10 до 20 денари поскапување
Пивата генерално поскапени за над 10 денари по литар
Риба ослиќ – поскапена за над 10-15 денари
Паштета аргета пилешка – поскапена за 2 денари
Брашното или е повлечено од рафтови или е поскапено за отприлика 10 денари зависно од маркет до маркет
Маслото за јадење поскапено за 5-10 денари во одредени маркети
Овошјето и зеленчукот немаа позначителни промени, но го нема на рафтовите

Оттука, можеме да заклучиме дека ценовната спирала е без контрола ослободена!

The post „Смрзнати“ маржи, празни фрижидери: Говедското поскапено 100 денари, пилешкото 60, јајцата 40 денари appeared first on Република.

]]>

И оваа недела веб сервисот Ценометар.мк беше на терен низ најголемите маркети во Македонија, и покрај најавувањата од Владата и Министерството за финансии, за смрзнати маржи, забележително беше драстично поскапување кај многу производи! Едни од најдрастично поскапените производи, во најголемите трговски ланци како КАМ, Стокомак, Рамстор, Тинекс и Кипер се следните: Табла јајца 30/1 поскапена од 172 до 225 денари - поскапување од околу 40 денари Мало пакување јајца 10/1 – поскапено за 10 денари Говедското свежо месо е поскапено за 80 до 100 денари Свежо пиле – поскапено од 30 до 60 денари по килограм Свеж пилешки стек – поскапен за 30 до 40 денари Замрзнати батаци 10 до 20 денари поскапување Пивата генерално поскапени за над 10 денари по литар Риба ослиќ – поскапена за над 10-15 денари Паштета аргета пилешка – поскапена за 2 денари Брашното или е повлечено од рафтови или е поскапено за отприлика 10 денари зависно од маркет до маркет Маслото за јадење поскапено за 5-10 денари во одредени маркети Овошјето и зеленчукот немаа позначителни промени, но го нема на рафтовите Оттука, можеме да заклучиме дека ценовната спирала е без контрола ослободена!  

The post „Смрзнати“ маржи, празни фрижидери: Говедското поскапено 100 денари, пилешкото 60, јајцата 40 денари appeared first on Република.

]]>
Од денеска ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-ogranicheni-marzi-namesto-zamrznati-ceni-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ Tue, 01 Mar 2022 07:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=465581

Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава.

Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици.

Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.

Во наредниот период, според најавите од надлежните, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи можат да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ.

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека со одлуката за ограничување на маржите ќе се стабилизира пазарот и не верува дека ќе има нов ценовен шок.

Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи да предизвика намалување на нивните цени. Ние не очекуваме големо намалување на цените. Во случај да останат истите цени на суровините, тогаш согласно одлуката, очекуваме да има намалување од пет до 10 проценти на постоечките цени. Во случај да се зголеми цената на суровините, тогаш минимум што може да направиме е да имаме стабилизација на цените, вели Бектеши.

Тој смета дека со претходната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поголемиот товар паднал врз производителите, отколку врз трговците на големо и мало. Во време на пандемија, поточно во 2020 година, како што истакна, дел од супермаркетите во земјава имале нето профит кој се движел од три до 8,5 милиони евра. Токму затоа одлуката за ограничување на маржите важи до крајот на мај кога се очекува да биде донесен законот за нефер трговски пракси со кој меѓу другото се предвидува категоризација на супермаркетите.

Во делот на маржите за основните прехранбени производи мислам дека нефер практики се одредени чинители на ланецот на трговија во државата да добијат маржи над 30, па до 50 отсто, посебно нефер е во време на пандемија и во време на вакви кризни состојби. Убеден сум дека и во делот на купопродажните договори кои ги склучуваат трговците на мало со производителите или со увозниците имаат начин како да се направат такви договори за да нема вакви големи маржи кои моментално ги има во некои од ланците од супермаркети во нашата држава, порача Бектеши.

Стопанската комора, пак, во петокот побара итна средба со министерот за економија за дополнителни консултации со цел наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало.

Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите членки на Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Доколку не се направи корекција на листата, велат од Комората, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.

Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало. Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци, велат од компаниите.

Денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година. Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.

The post Од денеска ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец. Во наредниот период, според најавите од надлежните, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат зголемување на цените на основните прехранбени производи можат да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на ДПИ. Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека со одлуката за ограничување на маржите ќе се стабилизира пазарот и не верува дека ќе има нов ценовен шок.
Очекуваме ограничувањето на трговските маржи во трговијата на големо и мало со основните прехранбени производи да предизвика намалување на нивните цени. Ние не очекуваме големо намалување на цените. Во случај да останат истите цени на суровините, тогаш согласно одлуката, очекуваме да има намалување од пет до 10 проценти на постоечките цени. Во случај да се зголеми цената на суровините, тогаш минимум што може да направиме е да имаме стабилизација на цените, вели Бектеши.
Тој смета дека со претходната мерка за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти поголемиот товар паднал врз производителите, отколку врз трговците на големо и мало. Во време на пандемија, поточно во 2020 година, како што истакна, дел од супермаркетите во земјава имале нето профит кој се движел од три до 8,5 милиони евра. Токму затоа одлуката за ограничување на маржите важи до крајот на мај кога се очекува да биде донесен законот за нефер трговски пракси со кој меѓу другото се предвидува категоризација на супермаркетите.
Во делот на маржите за основните прехранбени производи мислам дека нефер практики се одредени чинители на ланецот на трговија во државата да добијат маржи над 30, па до 50 отсто, посебно нефер е во време на пандемија и во време на вакви кризни состојби. Убеден сум дека и во делот на купопродажните договори кои ги склучуваат трговците на мало со производителите или со увозниците имаат начин како да се направат такви договори за да нема вакви големи маржи кои моментално ги има во некои од ланците од супермаркети во нашата држава, порача Бектеши.
Стопанската комора, пак, во петокот побара итна средба со министерот за економија за дополнителни консултации со цел наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало. Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите членки на Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Доколку не се направи корекција на листата, велат од Комората, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.
Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало. Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци, велат од компаниите.
Денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Тогаш цените на основните прехранбени производи беа замрзнати со цената што ја имале на 1 декември 2021 година. Првично беа замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Потоа одлуката беше проширена и за оризот, јајцата и тестенините.

The post Од денеска ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Стопанската комора бара итна средба со Бектеши за замрзнувањето на маржите во трговијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stopanskata-komora-bara-itna-sredba-so-bekteshi-za-zamrznuvanjeto-na-marzite-vo-trgovijata/ Fri, 25 Feb 2022 14:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=463879

Стопанската комора на Македонија денеска побара итна средба со министерот за економија Крешник Бектеши за дополнителни консултации со цел, како што соопштија оттаму, наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало, а коешто треба почне да се применува од почетокот на следниот месец.

Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите при Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Ако не се направи корекција на листата трговците на мало, според информацијата од Комората, компаниите ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат.

Како што соопштија од Комората, претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија одржале средба на која ја разгледале последната одлука на Владата со која се определува највисоката трговска маржа до 5 проценти на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 проценти на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата.

Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, сметаат компаниите, пренесува прес-службата на Стопанската комора на  Македонија.

Истовремено, стои во соопштението, компаниите бараат и корекција на листата на производи, односно одлуката да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа.

Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци. Затоа, претставници од овие два сектора, со намера да помогнат во изнаоѓањето избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало, бараат итна средба со ресорниот министер. Само на тој начин, со вклучување на бизнис заедницата и консултации со Стопанската комора на Македонија ќе може да се дојде до поквалитетно решение, велат од комората.

Со одлука на Владата од 1-ви следниот месец до 31- мај годинава највисоката трговска маржа на продажната цена пресметана во трговијата на големо ќе изнесува до пет проценти, односно до 10 проценти на продажната цена во трговија на мало. Мерката се однесува на: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица и овошје и зеленчук. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи претходната владина одлука за највисоки (замрзнати) цени на основните прехранбени производи.

Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за највисоки (замрзнати) цени на основните прехранбени производи, рече министерот Бектеши на прес-конференција на која ја објави владината одлука.

Тој најави дека во наредниот период Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат драстично зголемени цени на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број на ДПИ 191.

The post Стопанската комора бара итна средба со Бектеши за замрзнувањето на маржите во трговијата appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора на Македонија денеска побара итна средба со министерот за економија Крешник Бектеши за дополнителни консултации со цел, како што соопштија оттаму, наоѓање избалансирано решение за замрзнувањето на маржите во трговијата на големо и на мало, а коешто треба почне да се применува од почетокот на следниот месец. Ако маржата се замрзне за одреден период, според компаниите при Комората, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, а потребна е и корекција на листата на производи, односно одлуката на Владата да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Ако не се направи корекција на листата трговците на мало, според информацијата од Комората, компаниите ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат. Како што соопштија од Комората, претставници на трговците на големо и на мало, како дел од Здружението за трговија и на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија одржале средба на која ја разгледале последната одлука на Владата со која се определува највисоката трговска маржа до 5 проценти на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 проценти на продажната цена во трговија на мало, како посебен услов во трговијата. Доколку намерата на Владата e заштита на социјалната категорија граѓани, домашните трговци на големо и на мало се подготвени за соработка. Во согласност со податоците, само за плати се издвојуваат 8 до 14 проценти од прометот, а со носењето на Законот за минимална плата и со нивното линеарно зголемување, тој процент ќе биде и повисок. На енергенси отпаѓаат 5 до 6 проценти, на одржување 7 до 10 проценти, а за плаќање закуп за простор од 3 до 4 проценти од вкупниот промет. Оттука, ако маржата се замрзне за одреден период, таа треба да биде во висина од 20 проценти во трговијата на мало, сметаат компаниите, пренесува прес-службата на Стопанската комора на  Македонија. Истовремено, стои во соопштението, компаниите бараат и корекција на листата на производи, односно одлуката да се однесува само на основните производи во секторите опфатени со неа. Доколку Владата не го прифати барањето за корекција на листата на производи, трговците на мало ќе бидат принудени овие производи во наредниот период да ги откажат, што ќе има негативни последици врз работењето и на производителите и на самите трговци. Затоа, претставници од овие два сектора, со намера да помогнат во изнаоѓањето избалансирано решение за замрзнување на маржите во трговијата на големо и на мало, бараат итна средба со ресорниот министер. Само на тој начин, со вклучување на бизнис заедницата и консултации со Стопанската комора на Македонија ќе може да се дојде до поквалитетно решение, велат од комората. Со одлука на Владата од 1-ви следниот месец до 31- мај годинава највисоката трговска маржа на продажната цена пресметана во трговијата на големо ќе изнесува до пет проценти, односно до 10 проценти на продажната цена во трговија на мало. Мерката се однесува на: леб, шеќер, сол, брашно – тип 400, сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца, тестенини, пченица и овошје и зеленчук. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи претходната владина одлука за највисоки (замрзнати) цени на основните прехранбени производи. Со оглед на информациите и анализите на терен дека трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа одлука има за цел да се ограничат трговците да прават профит на грбот на граѓаните и на производителите. Со оваа одлука се контролира растот на цените на основните прехранбени производи да нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1 март престанува да важи одлуката за највисоки (замрзнати) цени на основните прехранбени производи, рече министерот Бектеши на прес-конференција на која ја објави владината одлука. Тој најави дека во наредниот период Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а граѓаните кои ќе утврдат драстично зголемени цени на основните прехранбени производи да пријават на бесплатниот телефонски број на ДПИ 191.

The post Стопанската комора бара итна средба со Бектеши за замрзнувањето на маржите во трговијата appeared first on Република.

]]>
Замрзнувањето на цените завршува, ќе се ограничува маржата за основните производи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zamrznuvanjeto-na-cenite-zavrshuva-kje-se-ogranichuva-marzata-za-osnovnite-proizvodi/ Wed, 16 Feb 2022 09:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=459189

Наместо замрзнување на цените кај основните животни производи, од наредниот месец најверојатно ќе се ограничи маржата на трговците, најави денес министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на прес конференција во Владата за стратегијата за паметна специјализација за економски развој, одговарајќи на прашање на новинарите, рече дека во тек се анализи и наскоро ќе се излезе со конечна одлука.

Како што објасни, рокот на постојната одлука за замрзнување на цените е до крајот на месецот. Во однос на продолжување на мерката веќе се при крај сите анализи во секторот за трговија при Министерството за економија, а во соработка со другите економски ресори во Владата.

Оваа недела и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбени производи за оние производи кои се наведени во одлуката за замрзнување на цените за да најдеме начин да нема поскапување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи и во трговијата на мало и во трговијата на големо, имајќи во предвид дека во делот на производите што ги произведуваме дома, таму секако може да се интервенира. Но, забележавме дека производите кои што се увезуваат во нашата земја, кај нив има поголемо зголемување на цените и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на определување на маржите“, изјави Бектеши.

Инаку, на крајот на минатиот месец Владата ја продолжи одлуката со која се определуваат највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и од 3,5 %, свежо месо и сувомесни производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.

Со оваа одлука највисоките цени на овие производи остануваат на нивото на редовните цени што се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на големо и во трговијата на мало, при што се исклучуваат цените на попуст (акциски попуст/снижување/распродажба) што важеле на 1 декември 2021 година. Оваа интервентна мерка на пазарот, која почна да се применува од 6 декември 2021 година, ќе продолжи да се применува до 28 февруари 2022 година“, беше наведеново владиното соопштение.

The post Замрзнувањето на цените завршува, ќе се ограничува маржата за основните производи appeared first on Република.

]]>

Наместо замрзнување на цените кај основните животни производи, од наредниот месец најверојатно ќе се ограничи маржата на трговците, најави денес министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој на прес конференција во Владата за стратегијата за паметна специјализација за економски развој, одговарајќи на прашање на новинарите, рече дека во тек се анализи и наскоро ќе се излезе со конечна одлука. Како што објасни, рокот на постојната одлука за замрзнување на цените е до крајот на месецот. Во однос на продолжување на мерката веќе се при крај сите анализи во секторот за трговија при Министерството за економија, а во соработка со другите економски ресори во Владата.