Мартин Џепароски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/martin-dheparoski/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Apr 2023 07:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мартин Џепароски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/martin-dheparoski/ 32 32 Самостојна изложба „Врамена различност“ на Мартин Џепароски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozhba-vramena-razlichnost-na-martin-dheparoski/ Mon, 03 Apr 2023 07:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=626440

Во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Врамена различност“ на Мартин Џепароски.

Изложбата ги претставува истражувањата на авторот за различностите, но и за сличностите меѓу луѓето и животните. За добрината на Св. Мартин кој својот плашт го подарува на сиромашниот и скудно облечениот, но и за трансформациите на самиот современ човек кој визуелно и суштински се видоизменува. Затоа светот на човекот и светот на животните во визуелните претстави е толку различен: од реално до иреално, од генетски немодифицирано до генетски модифицирано, од здраво до нездраво и до мутирано.

Авторот ослободен од правилата, но со голем силен и експлозивен набој на емоции верува дека на платната може да талка кон она што сака да го претстави а во основа е непретставливо. Сето ова на тој начин станува само еден дел од светот на неговите врамени различности.

Мартин Џепароски е роден на 26 октомври 1991 година во Скопје. Во 2010 година, завршил Средно училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, отсек вајарство. Дипломирал на вајарство и сценографија на ФЛУ во 2015 година во класата на професор Ибрахим Беди.

Проектот е поддржан од македонското министерство за култура, Музејот на македонската борба за самостојност - Скопје и Порта Македонија - Скопје.

 

The post Самостојна изложба „Врамена различност“ на Мартин Џепароски appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Врамена различност“ на Мартин Џепароски. Изложбата ги претставува истражувањата на авторот за различностите, но и за сличностите меѓу луѓето и животните. За добрината на Св. Мартин кој својот плашт го подарува на сиромашниот и скудно облечениот, но и за трансформациите на самиот современ човек кој визуелно и суштински се видоизменува. Затоа светот на човекот и светот на животните во визуелните претстави е толку различен: од реално до иреално, од генетски немодифицирано до генетски модифицирано, од здраво до нездраво и до мутирано. Авторот ослободен од правилата, но со голем силен и експлозивен набој на емоции верува дека на платната може да талка кон она што сака да го претстави а во основа е непретставливо. Сето ова на тој начин станува само еден дел од светот на неговите врамени различности. Мартин Џепароски е роден на 26 октомври 1991 година во Скопје. Во 2010 година, завршил Средно училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, отсек вајарство. Дипломирал на вајарство и сценографија на ФЛУ во 2015 година во класата на професор Ибрахим Беди. Проектот е поддржан од македонското министерство за култура, Музејот на македонската борба за самостојност - Скопје и Порта Македонија - Скопје.  

The post Самостојна изложба „Врамена различност“ на Мартин Џепароски appeared first on Република.

]]>