мартин ачкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/martin-achkoski/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Sep 2022 18:33:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мартин ачкоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/martin-achkoski/ 32 32 Разрешен директорот кој замина на сезонска печалба по хрватските плажи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razreshen-direktorot-koj-zamina-na-sezonska-pechalba-po-hrvatskite-plazi/ Fri, 02 Sep 2022 19:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=546904

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, Рубично Абрашоски, негира дека дозволил управителот „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, да работи од далечина односно да земе неплатен одмор и да замине да работи како келнер во Хрватска, откако такви обвинувања денеска изнесоа од СДСМ.

Социјалдемократите од Прилеп на прес-конференција денеска тврдеа дека Ачкоски со допис уште на 28 јуни овластил други две лица да го користат неговиот потпис за фолија за плати, налози за исплата, договори., како и дека од функцијата бил разрешен пред два дена.

https://republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/

Директорот Абрашоски, пак, потврди дека го разрешиле управителот пред два дена, но според неговата изјава дури тогаш и дознале за начинот на кој работи „Терминал – Комуналец“.

Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ, Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот одбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ’Комуналец‘, сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претседателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: разрешување на управителот на ’Терминал-Комуналец‘, рече Абрашоски.

Директорот, за кого СДСМ побара разрешување, рече дека не чувствува никаква одговорност и обвини дека токму членот на Управниот одбор кој е дел од врвот на локалната организација на СДСМ, бил тој што гласал воздржано за разрешувањето на Ачкоски.

Можеме слободно да се сомневаме дека Мартин Ачкоски, е донесен кадар од СДСМ да конкурира на објавениот оглас, каде беше и единствен кандидат, за потоа да си замине да работи во Хрватска. Искрено, не чувствувам никаква одговорност за неговото несовесно и некоректно однесување кон вработените, но и кон мене, затоа и истиот беше разрешен,  рече Абрашоски.

За причините зошто Ачкоски бил поставен за управител, директорот рече дека тој бил единствен кандидат на конкурсот и бил предлог на вработените во „Терминалот“ кој со петиција барале тој да биде назначен на функцијата.

The post Разрешен директорот кој замина на сезонска печалба по хрватските плажи appeared first on Република.

]]>

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ во Прилеп, Рубично Абрашоски, негира дека дозволил управителот „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, да работи од далечина односно да земе неплатен одмор и да замине да работи како келнер во Хрватска, откако такви обвинувања денеска изнесоа од СДСМ. Социјалдемократите од Прилеп на прес-конференција денеска тврдеа дека Ачкоски со допис уште на 28 јуни овластил други две лица да го користат неговиот потпис за фолија за плати, налози за исплата, договори., како и дека од функцијата бил разрешен пред два дена. https://republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/ Директорот Абрашоски, пак, потврди дека го разрешиле управителот пред два дена, но според неговата изјава дури тогаш и дознале за начинот на кој работи „Терминал – Комуналец“.
Денеска се искажани невистини по однос на моето работење, односно толерирање кон управителот на Терминал ДООЕЛ, Мартин Ачкоски. Истиот е разрешен од управител на 31.08. 2022 година, на седница на Управниот одбор. Не се точни тврдењата дека јас како директор на ’Комуналец‘, сум дозволил работа од далечина, односно веднаш од кога дознавме за моменталното работење и функционирање на Терминалот, го повикав претседателот на Управниот одбор да свика седница, со точка на дневен ред: разрешување на управителот на ’Терминал-Комуналец‘, рече Абрашоски.
Директорот, за кого СДСМ побара разрешување, рече дека не чувствува никаква одговорност и обвини дека токму членот на Управниот одбор кој е дел од врвот на локалната организација на СДСМ, бил тој што гласал воздржано за разрешувањето на Ачкоски.
Можеме слободно да се сомневаме дека Мартин Ачкоски, е донесен кадар од СДСМ да конкурира на објавениот оглас, каде беше и единствен кандидат, за потоа да си замине да работи во Хрватска. Искрено, не чувствувам никаква одговорност за неговото несовесно и некоректно однесување кон вработените, но и кон мене, затоа и истиот беше разрешен,  рече Абрашоски.
За причините зошто Ачкоски бил поставен за управител, директорот рече дека тој бил единствен кандидат на конкурсот и бил предлог на вработените во „Терминалот“ кој со петиција барале тој да биде назначен на функцијата.

The post Разрешен директорот кој замина на сезонска печалба по хрватските плажи appeared first on Република.

]]>
Директор од Прилеп зел неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска, ги оставил вработените без плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktor-od-prilep-zel-neplaten-odmor-za-da-raboti-kako-kelner-vo-hrvatska-gi-ostavil-vrabotenite-bez-plata/ Fri, 02 Sep 2022 17:43:26 +0000 https://republika.mk/?p=546876

Управителот на „Терминал – Комуналец“, Мартин Ачкоски, заминал во Хрватска да работи како келнер, а вработените во претпријатието три месеци останале без плата, обвинија денеска од СДСМ Прилеп од каде додаваат дека сметката на претпријатието останала блокирана поради неплатен ДДВ.

Кадарот на Борче Јовчески и Абрашоски, управителот на „Терминал – Комуналец“ ДООЕЛ Прилеп, Мартин Ачкоски, на 28 јуни со писмен допис овластил две лица од претпријатието – референтот на сметководство и набавувачот во трпезарија, во негово отсуство да го користат факсимилот, односно неговиот потпис за фолија за плати, налози за исплата, склучување и раскинување на договори за тир-паркингот и за кетеринг службата. Притоа, во пишаниот документ кој анонимно беше доставен до СДСМ Прилеп Ачкоски нагласил дека факсимилот можат да го користат единствено и само со негова претходна согласност дадена преку социјални мрежи, СМС, вибер, ватс-ап, месинџер или мејл. Напоменувајќи дека овластувањето важи од денот на неговото издавање и се однесува на севкупниот период на неговото отсуство од работа, управителот Мартин Ачкоски зел неплатен одмор и заминал да работи како келнер во едно од туристичките места во Хрватска со амин на директорот на ЈКП Комуналец Рубин Абрашоски. Ќе повторам уште еднаш: Мартин Ачкоски, управител на „Терминал – Комуналец“ ДООЕЛ Прилеп, зел неплатен одмор и заминал да работи како келнер во Хрватска! Да не беше жално, ќе беше смешно!Тешко е да се преброи колку пати управителот на „Терминал – Комуналец“ го прекршил законот, уште потешко да се каже која е најголемата глупост која притоа ја направиле заедно со директорот Рубин Абрашоски. Дали тоа што привремено го напуштил раководното место во „Терминал“ за да работи во странство како келнер, или тоа што овластил други лица во негово име да потпишуваат разни договори и налози, откако тој од странство, преку СМС, вибер или месинџер ќе го дозволел тоа?, прашуваат од партијата.

Тие велат дека се ова се случува во време кога вработените во „Терминал – Комуналец“ три месеци не зеле плата и кога сметката на претпријатието е блокирана заради неплатен ДДВ.

Тоа што пред два дена Управниот одбор на ЈКП „Комуналец“ го разреши Ачкоски од функцијата управител на Терминалот, не ги амнестира од одговорност оние кои дозволиле да дојде до еден ваков скандал. Од тие причини, го повикуваме градоначалникот Јовчески веднаш, повторувам веднаш да ја заврши оваа брука и срам, и да го разреши директорот на „Комуналец“, Рубин Абрашоски и со тоа барем малку од себе да го избрише срамот кој го режираа кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, скандал каков што Прилеп и прилепчани не паметат, посочуваат од СДСМ.

The post Директор од Прилеп зел неплатен одмор за да работи како келнер во Хрватска, ги оставил вработените без плата appeared first on Република.