Марта Верина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marta-verina/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марта Верина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marta-verina/ 32 32 Праизведба на драмата за љубовта „Марта Верина“ вечерва во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-dramata-za-lubovta-marta-verina-vecherva-vo-mnt/ Fri, 08 Nov 2024 17:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=835418

Вечерва во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) е закажана праизведбата на драмскиот текст „Марта Верина“ на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ.

Претставата е во копродукција помеѓу „Перипатија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“. Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата.

„Марта Верина“ е драма за љубовта, малку неконвенционална, малку невозвратена и возвратена, во точно и погрешно време. Ова е пред сè драма која му ја посветувам на мојот град, на Скопје и која ненамерно се случи да стане една генерациска драма, во која ќе се препознае мојата генерација, вели драматургот Лукан Николоски.

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софија Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Марта Верина е фрагмент од животот во кој ние воајерски ѕиркаме и токму таа непретенциозност на приказната, убаво развиените карактери и доминацијата на женскиот спакт кои се провлекуваат низ неа, ме натераа да ја пооставам. Потоа, поезијата на Шопов која е состевен дел од оваа драма дополнително ме инспирираше во поглед на потребата и неа да ја преведеме на начин разбирлив за помладите генерации – зашто аспектите кои ги обработува се вонвременски – толку далечни денес за нас, а воедно и толку јак составен дел од нашето битисување, вели режисерката Николиќ, објаснувајќи што е она што ја привлекло да го работи текстот на Лукан Николоски.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова. 

Следните изведби на „Марта Верина“ се на 9 и на 27 ноември годинава на малата сцена на МНТ од 20 часот.

https://republika.mk/vesti/kultura/marta-verina-e-prikazna-za-onie-koi-imaat-hrabrost-da-napravat-neochekuvani-izbori/

The post Праизведба на драмата за љубовта „Марта Верина“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>

„Марта Верина“ е приказна за оние кои имаат храброст да направат неочекувани избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/marta-verina-e-prikazna-za-onie-koi-imaat-hrabrost-da-napravat-neochekuvani-izbori/ Thu, 07 Nov 2024 13:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=835180

Важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето, вели режисерката Нина Николиќ која во Македонскиот народен театар (МНТ) ја поставува претставата „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски. Ова е праизведба на драмскиот текст на Лукан Николоски, а претставата е во копродукција помеѓу „Перипатија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“. Премиерата е закажана за в петок, на 8 ноември, во 20 часот на малата сцена на МНТ. Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата.

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова.

Марта Верина е фрагмент од животот во кој ние воајерски ѕиркаме и токму таа непретенциозност на приказната, убаво развиените карактери и доминацијата на женскиот спакт кои се провлекуваат низ неа, ме натераа да ја пооставам. Потоа, поезијата на Шопов која е состевен дел од оваа драма дополнително ме инспирираше во поглед на потребата и неа да ја преведеме на начин разбирлив за помладите генерации – зашто аспектите кои ги обработува се вонвременски – толку далечни денес за нас, а воедно и толку јак составен дел од нашето битисување, вели режисерката Николиќ, објаснувајќи што е она што ја привлекло да го работи текстот на Лукан Николоски.

Според Николиќ, важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето зашто, за жал, денес и кај нас и во регионот во желбата да кажуваме и правиме големи дела и во желбата да бидеме големи патриоти во целост заборавивме на тоа колку е важен секој човек како поединец.

Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго. Овие денови сме сведоци на, според мене, една од најголемите запамтени трагедии во регионот, каде поради лични интереси, корупција, непрофесионализам и незнаење животот го изгубија 14 луѓе на толку банален, грозоморен начин. Сите тие луѓе се или требало да бидат нечија Марта и нивните приказни треба и мораме да ги раскажуваме. Немаме право на жртвите на нечие незнаење да гледаме како бројки. Далеку сме ние од големи чекори, зашто основниот чекор – а тоа е свеста за значењето на секој поединец – е далеку од нас. Мислам дека затоа е важно театарот да ја отвара вратата кон најдлабоките тајни на луѓето и на тој начин да гради/провоцира емппатија без која не може да постои здрава животна средина, објаснува Николиќ.

Какви прашања отвора оваа претстава, ја прашавме Николиќ.

[caption id="attachment_835204" align="alignnone" width="701"] Нина Николиќ: Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго / Фото: Извор Трн[/caption]

Минатата недела, Талибанците донесоа закон со кој на сите полнолетни жени им забрануваат да го слушаат гласот на други жени, односно одлучија дека жените повеќе не смеат на никако да градат било какви односи/врски со други жени. Ова веројатно претставува најстрашна форма на потиснување на нечиј идентитет и смисла на постоење – кога не само што немате право на мислење и глас, туку немате право ни на песна. Со други зборови ви забрануваат да се радувате и да тагувате на глас. Марта Верина е симфонија на различни женски/човечки гласови кои ствараат хармонична музика. Промената почнува во моментот кога поинаквите гласови стануваат пријатни за слушање и кога мислењето на другите кај нас почнува да буди чувство на радост, а не на гадење. Марта Верина е приказна за оние кои имаат храброст да направат такви – неочекувани избори и кои се подготвени да бидат жртва на последиците на тие избори зашто само така можеме да градиме подобар свет во кој музиката што ја произведува нашиот глас ќе биде одлика на еманципираност, слобода и прогресивност, а не причина за осуда, омаловажување и дискриминација. Во оваа смисла, прашањето што Марта Верина сака да го отвори е - имаме ли слух за гласовите кои звучат поинаку од нашиот? Можеме ли да се ослободиме од предрасудите и да признаеме дека стварно ги разбираме тие различни гласови? Спремни ли сме да ги слушаме женските гласови како рамноправни и да почнеме да градиме општество во кое различноста ќе се третира како квалитет, а не како маана?, вели Николиќ.

Николиќ добро се познава со поголемиот дел од екипата во „Марта Верина“ и признава дека таа близина понекогаш знае да биде меч со две острици, зашто е тенка границата кога е во прашање професионалната комуникација и другарството.

Процесот на работа беше инспиративен, имавме многу време да истражуваме, да пробуваме, да менуваме и да ги спротивставуваме нашите различни мислења. Со оглед на тоа што станува збор за праизведба, посветивме голем број на проби на дообликување на самиот текст – тоа е всушност и главната привилегија што ја имаат и режисерот и актерите кога ви се дава шанса за првпат да поставите нешто. Со актерите сме навистина блиски – со дел од нив сме работеле и десетици заеднички проекти. Она што е можеби најточно во однос на ова прашање е една работа која во неформален разговор пред некој ден ми ја кажа мојот колега/другар Благој Веселинов: 'Јас немаше да бидам ова што сум да не бевте вие'. Или со други зборови: никој од нас немаше да биде тоа што е, да не беше оваа долгогодишна соработка која је одржуваме, градиме и развиваме уште од студентски денови, вели Николиќ во разговор за „Република“.

Ова драма пред сè сака гласно да зборува за позицијата на жената во општеството, за правото на избор. Јас не сакам да наметнам дека оваа е феминистичка драма, но истата сака да ни каже дека правото на избор за тоа каков ќе биде нашиот живот е нешто што не е ничија работа, вели за „Република“ Драгана Лукан Николоски, авторката на драмскиот текст.

„Марта Верина“ е драма која не осудува, ништо и никого и сака да ја соочи публиката со егоцентричната потреба постојано да се има мислење за туѓите избори и за туѓите животи. „Марта Верина“ е драма за љубовта, малку неконвенционална, малку невозвратена и возвратена, во точно и погрешно време. Ова е пред сè драма која му ја посветувам на мојот град, на Скопје и која ненамерно се случи да стане една генерациска драма, во која ќе се препознае мојата генерација, објаснува драматургот Лукан Николоски, која е вработена во Театарот за деца и младинци.

[caption id="attachment_835207" align="alignnone" width="345"] Драгана Лукан Николоски: Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина / Фото: Извор Трн[/caption]

Марта Верина е лик егзистенција, таа реагира од позицијата на својот карактер во секоја дадена ситуација, дури и ако ја извадиме од оваа драма и ја поставиме во некои сосема нови околности, таа повторно ќе ги прави истите избори и ќе ги носи истите одлуки. Тоа е така, бидејќи Марта не е фиктивен лик кој претставува некаков стереотип за балканска жена, туку целосно изградена личност со своја мотивација, свои желби и потреби. Долго време ми требаше да ја напишам оваа драма, бидејќи морав да го најдам вистинскиот пат до откривањето на сите мали нешта кои ја сочинуваат големата слика. Додека ја тестирав приказната (тоа го правам секогаш со секоја приказна) ја раскажував приказната на случајни луѓе од различни возрасти и различни општествени околности и речиси секогаш кога ќе ја раскажев основната линија на заплетот, реакцијата беше: „Ова може да ми се случи мене.“. Марта Верина е главен и лик во оваа драма, но неа ја имаат создадено сите останати ликови во драмата. Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина, вели Лукан Николоски.

Во најавата за драмскиот текст се вели дека е инспириран од поезијата на Ацо Шопов.

Ако се прашувам јас, Ацо Шопов е најважниот поет кој се има појавено во македонската книжевност. Или барем во мојот случај го зазема местото меѓу оние писатели кои на некој начин ме изградиле пред сè како личност, а потоа и како раскажувач, па заедно со Жак Превер и Карл Сандберг можам да ги назначам како најважните поети на чие творештво се темели сето лирско кое е дел од мојата писателска личност. Јас имам теорија дека поетите се раѓаат стари и умираат млади, и затоа се безвеменски. Поезијата на Шопов е актуелна секогаш, бидејќи тој пишува за луѓето, за љубовта и за една митска и есенцијална врска меѓу сите луѓе на светот и природата околу нив, смета Лукан Николоски.

По премиерата в петок, на 8 ноември, следните изведби на „Марта Верина“ се на 9 и на 27 ноември годинава на малата сцена на МНТ од 20 часот.

Разговараше: Александра М. Бундалелвска

The post „Марта Верина“ е приказна за оние кои имаат храброст да направат неочекувани избори appeared first on Република.

]]>

Важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето, вели режисерката Нина Николиќ која во Македонскиот народен театар (МНТ) ја поставува претставата „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски. Ова е праизведба на драмскиот текст на Лукан Николоски, а претставата е во копродукција помеѓу „Перипатија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“. Премиерата е закажана за в петок, на 8 ноември, во 20 часот на малата сцена на МНТ. Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата. Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова.
Марта Верина е фрагмент од животот во кој ние воајерски ѕиркаме и токму таа непретенциозност на приказната, убаво развиените карактери и доминацијата на женскиот спакт кои се провлекуваат низ неа, ме натераа да ја пооставам. Потоа, поезијата на Шопов која е состевен дел од оваа драма дополнително ме инспирираше во поглед на потребата и неа да ја преведеме на начин разбирлив за помладите генерации – зашто аспектите кои ги обработува се вонвременски – толку далечни денес за нас, а воедно и толку јак составен дел од нашето битисување, вели режисерката Николиќ, објаснувајќи што е она што ја привлекло да го работи текстот на Лукан Николоски.
Според Николиќ, важно е театарот да обработува теми кои зборуваат за интимата на луѓето зашто, за жал, денес и кај нас и во регионот во желбата да кажуваме и правиме големи дела и во желбата да бидеме големи патриоти во целост заборавивме на тоа колку е важен секој човек како поединец.
Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго. Овие денови сме сведоци на, според мене, една од најголемите запамтени трагедии во регионот, каде поради лични интереси, корупција, непрофесионализам и незнаење животот го изгубија 14 луѓе на толку банален, грозоморен начин. Сите тие луѓе се или требало да бидат нечија Марта и нивните приказни треба и мораме да ги раскажуваме. Немаме право на жртвите на нечие незнаење да гледаме како бројки. Далеку сме ние од големи чекори, зашто основниот чекор – а тоа е свеста за значењето на секој поединец – е далеку од нас. Мислам дека затоа е важно театарот да ја отвара вратата кон најдлабоките тајни на луѓето и на тој начин да гради/провоцира емппатија без која не може да постои здрава животна средина, објаснува Николиќ.
Какви прашања отвора оваа претстава, ја прашавме Николиќ. [caption id="attachment_835204" align="alignnone" width="701"] Нина Николиќ: Денес кај нас човечкиот живот не значи ништо, испадна дека е полесно да се тргува зо живот, отколку со било што друго / Фото: Извор Трн[/caption]
Минатата недела, Талибанците донесоа закон со кој на сите полнолетни жени им забрануваат да го слушаат гласот на други жени, односно одлучија дека жените повеќе не смеат на никако да градат било какви односи/врски со други жени. Ова веројатно претставува најстрашна форма на потиснување на нечиј идентитет и смисла на постоење – кога не само што немате право на мислење и глас, туку немате право ни на песна. Со други зборови ви забрануваат да се радувате и да тагувате на глас. Марта Верина е симфонија на различни женски/човечки гласови кои ствараат хармонична музика. Промената почнува во моментот кога поинаквите гласови стануваат пријатни за слушање и кога мислењето на другите кај нас почнува да буди чувство на радост, а не на гадење. Марта Верина е приказна за оние кои имаат храброст да направат такви – неочекувани избори и кои се подготвени да бидат жртва на последиците на тие избори зашто само така можеме да градиме подобар свет во кој музиката што ја произведува нашиот глас ќе биде одлика на еманципираност, слобода и прогресивност, а не причина за осуда, омаловажување и дискриминација. Во оваа смисла, прашањето што Марта Верина сака да го отвори е - имаме ли слух за гласовите кои звучат поинаку од нашиот? Можеме ли да се ослободиме од предрасудите и да признаеме дека стварно ги разбираме тие различни гласови? Спремни ли сме да ги слушаме женските гласови како рамноправни и да почнеме да градиме општество во кое различноста ќе се третира како квалитет, а не како маана?, вели Николиќ.
Николиќ добро се познава со поголемиот дел од екипата во „Марта Верина“ и признава дека таа близина понекогаш знае да биде меч со две острици, зашто е тенка границата кога е во прашање професионалната комуникација и другарството.
Процесот на работа беше инспиративен, имавме многу време да истражуваме, да пробуваме, да менуваме и да ги спротивставуваме нашите различни мислења. Со оглед на тоа што станува збор за праизведба, посветивме голем број на проби на дообликување на самиот текст – тоа е всушност и главната привилегија што ја имаат и режисерот и актерите кога ви се дава шанса за првпат да поставите нешто. Со актерите сме навистина блиски – со дел од нив сме работеле и десетици заеднички проекти. Она што е можеби најточно во однос на ова прашање е една работа која во неформален разговор пред некој ден ми ја кажа мојот колега/другар Благој Веселинов: 'Јас немаше да бидам ова што сум да не бевте вие'. Или со други зборови: никој од нас немаше да биде тоа што е, да не беше оваа долгогодишна соработка која је одржуваме, градиме и развиваме уште од студентски денови, вели Николиќ во разговор за „Република“.
Ова драма пред сè сака гласно да зборува за позицијата на жената во општеството, за правото на избор. Јас не сакам да наметнам дека оваа е феминистичка драма, но истата сака да ни каже дека правото на избор за тоа каков ќе биде нашиот живот е нешто што не е ничија работа, вели за „Република“ Драгана Лукан Николоски, авторката на драмскиот текст.
„Марта Верина“ е драма која не осудува, ништо и никого и сака да ја соочи публиката со егоцентричната потреба постојано да се има мислење за туѓите избори и за туѓите животи. „Марта Верина“ е драма за љубовта, малку неконвенционална, малку невозвратена и возвратена, во точно и погрешно време. Ова е пред сè драма која му ја посветувам на мојот град, на Скопје и која ненамерно се случи да стане една генерациска драма, во која ќе се препознае мојата генерација, објаснува драматургот Лукан Николоски, која е вработена во Театарот за деца и младинци.
[caption id="attachment_835207" align="alignnone" width="345"] Драгана Лукан Николоски: Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина / Фото: Извор Трн[/caption] Марта Верина е лик егзистенција, таа реагира од позицијата на својот карактер во секоја дадена ситуација, дури и ако ја извадиме од оваа драма и ја поставиме во некои сосема нови околности, таа повторно ќе ги прави истите избори и ќе ги носи истите одлуки. Тоа е така, бидејќи Марта не е фиктивен лик кој претставува некаков стереотип за балканска жена, туку целосно изградена личност со своја мотивација, свои желби и потреби. Долго време ми требаше да ја напишам оваа драма, бидејќи морав да го најдам вистинскиот пат до откривањето на сите мали нешта кои ја сочинуваат големата слика. Додека ја тестирав приказната (тоа го правам секогаш со секоја приказна) ја раскажував приказната на случајни луѓе од различни возрасти и различни општествени околности и речиси секогаш кога ќе ја раскажев основната линија на заплетот, реакцијата беше: „Ова може да ми се случи мене.“. Марта Верина е главен и лик во оваа драма, но неа ја имаат создадено сите останати ликови во драмата. Марта ваква каква што ја гледаме немаше да постои ако не бил прво Кирил, а потоа и Вања, Јасна и Кристина, вели Лукан Николоски. Во најавата за драмскиот текст се вели дека е инспириран од поезијата на Ацо Шопов.
Ако се прашувам јас, Ацо Шопов е најважниот поет кој се има појавено во македонската книжевност. Или барем во мојот случај го зазема местото меѓу оние писатели кои на некој начин ме изградиле пред сè како личност, а потоа и како раскажувач, па заедно со Жак Превер и Карл Сандберг можам да ги назначам како најважните поети на чие творештво се темели сето лирско кое е дел од мојата писателска личност. Јас имам теорија дека поетите се раѓаат стари и умираат млади, и затоа се безвеменски. Поезијата на Шопов е актуелна секогаш, бидејќи тој пишува за луѓето, за љубовта и за една митска и есенцијална врска меѓу сите луѓе на светот и природата околу нив, смета Лукан Николоски.
По премиерата в петок, на 8 ноември, следните изведби на „Марта Верина“ се на 9 и на 27 ноември годинава на малата сцена на МНТ од 20 часот. Разговараше: Александра М. Бундалелвска

The post „Марта Верина“ е приказна за оние кои имаат храброст да направат неочекувани избори appeared first on Република.

]]>
В петок во МНТ праизведба на драмскиот текст „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски во режија на Нина Николиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/v-petok-vo-mnt-praizvedba-na-dramskiot-tekst-marta-verina-od-dragana-lukan-nikoloski-vo-rezhija-na-nina-nikolik/ Mon, 04 Nov 2024 10:11:14 +0000 https://republika.mk/?p=833925

В петок, на осми ноември на малата сцена Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи праизведбата на драмскиот текст Марта Верина од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ, а во копродукција помеѓу „Перипетија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондација „Ацо Шопов“, соопштија од „Перипетија продукција“.

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселонов, Билјана Драгиќевиќ Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софија Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова.

Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата. 

„Марта Верина“ е првенствено приказна за жена која истовремено е и херој и антихерој. Жена која поради своите „погрешни“ избори не му припаѓа на општеството во кое живее и човек кој засекогаш мора да живее со товарот на „грешката“ која ја направил. Претставата всушност сака да отвори клучни прашања за колку е присутна стигматизацијата во општеството и времето во кои живееме, ставајќи го гледачот во позиција на воајер кој бесрамно гледа, суди и пресудува за нечии животни постапки. „Грешки“ кои сите ние сме ги направиле, но кои се обидуваме да ги закопаме длабоко во себеси, мислејќи дека таму долу се сигурни, заштитени од светот кој безмилосно отфрла.

Инспириран од поезијата на Ацо Шопов, текстот анатомски ги расчленува меѓучовечките односи давајќи детална слика за тоа како постапките на родителите влијаат врз нивните деца и како „жртвите“ кои тие се подготвени да ги поднесат се покажуваат како погрешен избор.

Отварајќи прашања за тоа дали космички сме предодредени да ги плаќаме „гревовите“ на нашите родители или сепак станува збор за избори кои се предизвикани од наученото однесување со кое сме растеле текстот наметнува отворање на бројни прашања, а најмногу на тоа: дали навистина постои карма или пак личните избори ни ја предодредуваат судбината?

The post В петок во МНТ праизведба на драмскиот текст „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски во режија на Нина Николиќ appeared first on Република.

Режисерката Нина Николиќ во МНТ ја подготвува „Марта Верина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rezhiserkata-nina-nikolik-vo-mnt-ja-podgotvuva-marta-verina/ Sun, 03 Nov 2024 10:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=833673

Македонската режисерка Нина Николиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја подготвува претставата „Марта Верина“, копродукциски проект меѓу МНТ и Перипетија продукција. Премиерата е закажана за 8 ноември, во 20 часот.  Автор на текстот е Драгана Лукан Николоски, чија драма ќе доживее праизведа на малата сцена на МНТ

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Илина Ангеловска е сценограф и дизајн на видео, костимографка е  Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе.

„Марта Верина“ е драма која секоја своја реплика ја има украдено од стварноста. Ова е драма напишана низ клучалка, ни го покажува животот зад затворената врата, на моменти до непријатност од интимноста со која се соочуваме. Нејзините ликови сите ги познаваме, ги среќаваме секој ден, ги сакаме или ги мразиме, но тие не се црно бели, тие ги имаат сите тонови на спектарот и истовремено се ужасно во право и ужасно грешат. Ова е драма во која ликовите се разголуваат, ги тргаат сите слоеви кои ги имаат создадено за да се заштитат од суровиот свет и ни се покажуваат такви какви што сме сите ние кога ќе собереме доволно храброст да се погледнеме искрено во искривеното огледало кои ги потенцира сите наши маани.
„Марта Верина“ е драма за луѓето, за мажите, за жените и за децата, за тоа како делуваат нашите постапки врз оние кои ни се најблиски. Но, најмногу од сè, ова е драма за љубовта. Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, прави една конекција која ни зборува дека луѓето се секогаш исти, песните напишани пред повеќе од 50 години, стануваат толку свежи и модерни, откривајќи ни ја суштината на овие ликови кои постојат овде и сега, и секаде и секогаш. Со помош на зборовите кои сите ние секојдневно ги слушаме и ги кажуваме, Марта пробува да ни раскаже една приказна за оние работи за кои најчесто немаме зборови, за моментите во животот кога остануваме без текст, бидејќи како што би рекла самата Марта: „Кога луѓето се засакуваат, се отсакуваат и се оставаат, тоа никогаш нема никаква врска со зборови, вели во писателската белешка Лукан Николоски.

The post Режисерката Нина Николиќ во МНТ ја подготвува „Марта Верина“ appeared first on Република.