Марта Пејовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marta-pejovska/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Feb 2022 13:19:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марта Пејовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marta-pejovska/ 32 32 Пејоска: Македонското образование и наука се во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pejoska-makedonskoto-obrazovanie-i-nauka-se-vo-kontinuirana-stagnacija-a-prichinite-se-neodgovornoto-rabotenje/ Thu, 03 Feb 2022 13:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=453616

Образованието во Македонија изминатиот период беше предмет на нецелосни, недосмислени, избрзани одлуки. Ваквото неодговорно работење од страна на поранешната министерка Царовска сега е веќе видливо и можеме да го потврдиме со големиот пад кој Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го има на Шангајската листа, вели Марија Пејоска, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочува дека најголемиот универзитет во Македонија во моментов се наоѓа на 1.944 место. А, според критериумите за истражувачка работа УКИМ се наоѓа на 1.869 место. Рангот кој е определен со соодветен систем е поразувачки податок за македонското општество.

Македонското образование и наука се во континуирана стагнација, а причините за овој пад се од системски карактер. Но, и резултат на недоволната ангажираност на институциите. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку секојдневна комуникација со студентите, младите научни соработници и истражувачи јасно ги имаат детектирано причините за овој пад. Затоа сакаме да упатиме неколку пораки до надлежните институции со што образованието и науката повеќе нема да бидат предмет на политиканство, туку единствена цел на сите а во функција на општеството е квалитетното стручно усовршување на младите луѓе. Ги повикуваме надлежните институции секогаш кога ќе треба да одлучат за нов чекор во образованието и науката проблемите да ги согледуваат низ стручна призма. И со тоа да се напушти принципот на носење на одлуки со цел да се заработат ситни политички поени. Во македонското општество функционираат голем број на стручни и компетентни луѓе кои со својот капацитет и преку соодветни настани можат и сакаат да помогнат образованието и науката да се подобрат, нагласува Пејоска.

На крајот би сакала во името на Унијата на млади сили да се обратам до сите студенти кои треба сериозно да се загрижат за овој проблем, бидејќи во потамошното функционирање и стручно реализирање студентите се оние кои со вакви поразителни податоци ќе ги сносат најголемите последици, додаде Пејоска.

The post Пејоска: Македонското образование и наука се во континуирана стагнација, а причините се неодговорното работење appeared first on Република.

]]>

Образованието во Македонија изминатиот период беше предмет на нецелосни, недосмислени, избрзани одлуки. Ваквото неодговорно работење од страна на поранешната министерка Царовска сега е веќе видливо и можеме да го потврдиме со големиот пад кој Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го има на Шангајската листа, вели Марија Пејоска, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Посочува дека најголемиот универзитет во Македонија во моментов се наоѓа на 1.944 место. А, според критериумите за истражувачка работа УКИМ се наоѓа на 1.869 место. Рангот кој е определен со соодветен систем е поразувачки податок за македонското општество.