Марта Кос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marta-kos/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 16:38:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марта Кос Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marta-kos/ 32 32 Сиљановска-Давкова за изјавата на Кос: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-za-izjavata-na-kos-toa-me-plashi-bidejki-zvuchi-kako-direktno-meshane-vo-vnatreshnite-raboti/ Thu, 28 Nov 2024 16:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=842877

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени.

Според претседателката, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава.

„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, изјави Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.

Кос кажа дека таа не е некој кој може да даде гаранции дека во иднина Бугарија нема да блокира. Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот. Македонија уште е во чекалната на ЕУ.

The post Сиљановска-Давкова за изјавата на Кос: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени. Според претседателката, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава.
„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, изјави Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.
Кос кажа дека таа не е некој кој може да даде гаранции дека во иднина Бугарија нема да блокира. Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот. Македонија уште е во чекалната на ЕУ.

The post Сиљановска-Давкова за изјавата на Кос: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи appeared first on Република.

]]>
Силјановска за изјавата на комесарката Кос: Ми личи на софистицирано евромандаринство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-za-izjavata-na-evromesarkata-kos-mi-lichi-na-sofistitsirano-evromandarinstvo/ Thu, 28 Nov 2024 14:27:03 +0000 https://republika.mk/?p=842849

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија.

Таа повтори дека во потрага по вин-вин ситуација од наша страна „велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но со одложено правно дејство“ и нагласи дека ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него.

-Обично ретко давам коментари на коментари и особено не надвор. Паметам кога г. Хелмут Кол рече за домашни прашања одговарам дома, но ќе ви одговорам. Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи, истакна шефица на државата одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ, јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица.

Сиљановска Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и политичките структури.

-Би разбрала дикција дека препорачуваме или укажуваме итн., меѓутоа да речете мора тоа да го сторите тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа, така вели г. Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности, значи еве и јас малку да бидам прагматична. Зошто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото, рече претседателката.

Како второ таа додаде дека земјава отсекогаш била кооперативна на патот кон ЕУ и правела компромиси на сопствена штета.

-Прво, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, оти нели секој ден слушам „Пакта сунт серванда“, нема ниту еден збор за уставни измени. Тие се споменати во протоколот број 2, во членот 3 или сега во Преговарачката рамка и во заклучоците веќе не се употребува изразот протокол, се употребува изразот записник. Тврдам дека протокол не може да биде извор на уставно право, ниту на право, исто така и записниците, но еве во потрагата по вин-вин ние велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но реков со одложено правно дејство. Причината да ги градиме мировните односи со нашиот сосед, бидејќи во Преамбулата на Договорот пишува дека Бугарија ќе ја поддржува и ќе ја поттикнува Македонија на патот кон ЕУ. Еве, да дадеме шанси на ова зошто тврдам ако дозволиме ветото да опстои дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со вето. Тоа навистина ја обезвреднува филозофијата на евроинтеграцијата. Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана, мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив, нагласи Сиљановска Давкова.

The post Силјановска за изјавата на комесарката Кос: Ми личи на софистицирано евромандаринство appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на очекувањата за уставните измени и додаде дека едно е да се укаже или препорача, но да се каже дека мора значи премногу бирократско перцепирање на Европската Унија. Таа повтори дека во потрага по вин-вин ситуација од наша страна „велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но со одложено правно дејство“ и нагласи дека ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него.
-Обично ретко давам коментари на коментари и особено не надвор. Паметам кога г. Хелмут Кол рече за домашни прашања одговарам дома, но ќе ви одговорам. Искрено имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи како на, тоа не е филозофија, како на нешто што е познато земи го или остави го. Тоа мене ми личи на софистицирано евромандаринство, тоа мене ме плаши од дикција која значи директно мешање во внатрешните работи, истакна шефица на државата одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот црнороски колега, Јаков Милатовиќ, јави специјалниот известувач на МИА од Подгорица.
Сиљановска Давкова истакна дека една од одредбите во Договорот за ЕУ е почитување на уставните и политичките структури.
-Би разбрала дикција дека препорачуваме или укажуваме итн., меѓутоа да речете мора тоа да го сторите тоа значи дека имате пристап од страна на ЕУ, што јас го нарекувам бирократски. ЕУ не е бирократска машинерија, повеќе е од тоа, така вели г. Макрон, дека е филозофија заснована на принципи и вредности, значи еве и јас малку да бидам прагматична. Зошто велам дека имам забелешка, од истата причина заради која јас сум овде по 50 години заедно. Јас очекувам и на оние кои веќе се во ЕУ, а до вчера биле со нас со умереност и респект да се однесуваат кон сите. Значи, тоа е првото, рече претседателката.
Како второ таа додаде дека земјава отсекогаш била кооперативна на патот кон ЕУ и правела компромиси на сопствена штета.
-Прво, во Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, оти нели секој ден слушам „Пакта сунт серванда“, нема ниту еден збор за уставни измени. Тие се споменати во протоколот број 2, во членот 3 или сега во Преговарачката рамка и во заклучоците веќе не се употребува изразот протокол, се употребува изразот записник. Тврдам дека протокол не може да биде извор на уставно право, ниту на право, исто така и записниците, но еве во потрагата по вин-вин ние велиме дека еве ќе го сториме и тој чекор, но реков со одложено правно дејство. Причината да ги градиме мировните односи со нашиот сосед, бидејќи во Преамбулата на Договорот пишува дека Бугарија ќе ја поддржува и ќе ја поттикнува Македонија на патот кон ЕУ. Еве, да дадеме шанси на ова зошто тврдам ако дозволиме ветото да опстои дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со вето. Тоа навистина ја обезвреднува филозофијата на евроинтеграцијата. Да повторам, ако госпоѓата во говорот требаше да собере гласови па со слична дикција го кажа ова, тогаш кога веќе е избрана, мислам дека е добро да се сети на регионот и да ги мери зборовите, да се однесува поинаку од другите членки на ЕУ, бидејќи подобро ги знае работите од нив, нагласи Сиљановска Давкова.

The post Силјановска за изјавата на комесарката Кос: Ми личи на софистицирано евромандаринство appeared first on Република.

]]>
Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот ама не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novata-komesarka-za-proshiruvane-bara-da-go-smenime-ustavot-ama-ne-mozhela-da-garantira-deka-nema-da-ima-novi-uslovi-od-bugarija/ Wed, 27 Nov 2024 13:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=842327

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.

-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.

На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.

-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија, рече Кос.

Таа оцени дека проширувањето денес е поинакво отколку пред пет години.

-Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.

На прашањето дали 2030 година е реална за влез на Западен Балкан во ЕУ, таа кажа дека нејзиното назначување ќе биде позитивно за регионот.

- Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ, истакна новата еврокомесарка за проширување и соседска политика.

The post Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот ама не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос, во изјава за медиуми веднаш по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија, очекува Македонија да го промени Уставот, бидејќи, како што рече, тоа е нешто на коешто смета Европската Унија, јави специјалниот известувач на МИА од Стразбур.
-Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот, нагласи Кос.
На прашањето дали после тоа може да се дадaт гаранции дека нема да има други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање. Во однос на тоа како може да се реши проблемот со Бугарија, Кос рече дека треба да се разговара што е можно повеќе.
-Да се зборува, што е можно повеќе, и со Македонија и со Бугарија. Мора да покажеме дека тоа е во наши раце, како да го решиме овој билатерален пролем. Без ова, а следејќи ги европските вредности, нема да можеме да го направиме она што е најдобро за ЕУ, и секако што е најдобро за Македонија, рече Кос.
Таа оцени дека проширувањето денес е поинакво отколку пред пет години.
-Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.
На прашањето дали 2030 година е реална за влез на Западен Балкан во ЕУ, таа кажа дека нејзиното назначување ќе биде позитивно за регионот. - Моето назначување мислам дека е позитивно за Западен Балкан, ќе имам блиска и тесна соработка колку што е можно повеќе со државите, кои се подготвени да влезат во ЕУ, да ги посетам сите, навистина да работиме за нивен влез во ЕУ, истакна новата еврокомесарка за проширување и соседска политика.

The post Новата комесарка за проширување бара да го смениме Уставот ама не можела да гарантира дека нема да има нови услови од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kos-ke-rabotam-na-toa-bilateralnite-prashana-da-ne-se-uvezuvaat-vo-protsesot-na-proshiruvane/ Thu, 07 Nov 2024 17:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=835268

Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

Очекуваме земјата кандидат Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“.

Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата.

На дополнително прашање на Стојанов, како планира во исполнувањето на нејзините заложби за брзо решавање на споровите меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ, да ги штити интересите на државите кои се дел од Унијата, Кос истакна дека кога станува збор за билтерализацијата нормално е дека приоритет ќе имаат интересите на членките на блокот, но дека таа заедно со нејзините колеги ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.

Но, имаме ситуација како во вашата земја која сега е дел од ова и штом еднаш го имаме преговарачкиот процес, имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати, а од другата страна и на земјите членки да најдат решението. Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа. Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин, истакна Кос.

Во воведното обраќање Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.

Треба да ги прифатиме само оние нови членки, кои ќе се определат за клучните принципи на Европа, како што се демократијата и владеењето на правот, рече кандидатката за еврокомесарка за проширување.

Кос се обврза да обезбеди сите земји опфатени со проширувањето да бидат добро подготвени во овој процес, но ја нагласи и потребата од силна европска посветеност кон земјите кандидати.

Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.

Кос се осврна и на слободата на медиумите во кандидати за членство, посочувајќи дека држава која не ги гарантира слободата на говорот и медиумскиот плурализам, не може да стане членка на ЕУ.

Таа се обврза и на тесна соработка со Украина, поддржувајќи го нејзиното закрепнување и обнова во координација со Г7 и меѓународни партнери.

Поддршката на Украина и возвраќањето на руската агресија се апсолутен приоритет, истакна додавајќи дека преговорите за членство на Украина мора да бидат „европска ѕвезда водилка за оваа херојска нација“, како и дека истото важи и за Молдавија“.

Кос најави и поддршка на напорите на ОН за решавање на кипарското прашање, од што, како што нагласи ќе зависи и темпото на односите меѓу ЕУ и Турција во иднина, како и дека ќе ги поддржи напорите за поттикнување мир меѓу Ерменија и Азербејџан.

- Секогаш ќе ги бранам човековите права, демократијата, основните слободи и владеењето на правото и ќе ги потсетам земјите опфатени со процесот на проширување дека нема преговори за овие начела, додаде Кос.

Според неа, потребата е одржување на интегритетот на процесот на проширување и со конкретни активности во насока на постепена интеграција во ЕУ да им испрати позитивен сигнал на граѓаните на земјите кандидати за членство.

Кос нагласи и дека процесот на проширување не само што треба да се базира на исполнувањето на релевантните критериуми од земјите кандидати за членство, туку треба да биде транспарентен и во однос на парите што се трошат.

За да се подготват земјите членки и ЕУ за проширувањето, потребните внатрешни реформи на ЕУ треба да се одвиваат паралелно со него, рече Кос, повикувајќи на поголема вклученост на граѓанското општество во земјите членки во овој процес и апелирајќи до европратениците да го поддржат проширувањето и ги објаснат неговите придобивки пред своите гласачи.

Инаку, на сослушувањето на Кос, покрај членовите на АФЕТ, присуствуваа и европратеници од комитетите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) и за уставни прашања (АФЦО) и од Поткомитетот за човекови права (ДРОИ).

The post Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>

Билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“, изјави кандидатката за нов еврокомесар за проширување Марта Кос на денешното сослушување пред во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).
Очекуваме земјата кандидат Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, истакна Кос во одговор на прашање бугарскиот европратеник од националистичката проруска партија Преродба, Станислав Стојанов, во врска со, според него, „обидите на Македонија да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи“.
Кос истакна дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на ЕУ мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата. На дополнително прашање на Стојанов, како планира во исполнувањето на нејзините заложби за брзо решавање на споровите меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ, да ги штити интересите на државите кои се дел од Унијата, Кос истакна дека кога станува збор за билтерализацијата нормално е дека приоритет ќе имаат интересите на членките на блокот, но дека таа заедно со нејзините колеги ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.
Но, имаме ситуација како во вашата земја која сега е дел од ова и штом еднаш го имаме преговарачкиот процес, имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати, а од другата страна и на земјите членки да најдат решението. Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа. Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин, истакна Кос.
Во воведното обраќање Кос потенцира дека процесот на проширување е маратон, а не спринт и тој мора да остане заснован на принципот на индивидуални заслуги, но дека треба да се работи на постепено интегрирање на земјите кандидати во клучните сектори, пред се на заедничкиот пазар.
Треба да ги прифатиме само оние нови членки, кои ќе се определат за клучните принципи на Европа, како што се демократијата и владеењето на правот, рече кандидатката за еврокомесарка за проширување.
Кос се обврза да обезбеди сите земји опфатени со проширувањето да бидат добро подготвени во овој процес, но ја нагласи и потребата од силна европска посветеност кон земјите кандидати.
Сакам да видам конкретни резултати во процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан. Да ја претвориме оваа можност во реалност за Западниот Балкан. Помирувањето и регионална соработка се клучни елементи на процесот на проширување на Западниот Балкан. Ако го потврдите мојот избор повеќе ќе се вклучам во надминувањето на билатералните проблеми и изнаоѓањето решенија. Тие не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел, им порача Кос на европратениците.
Кос се осврна и на слободата на медиумите во кандидати за членство, посочувајќи дека држава која не ги гарантира слободата на говорот и медиумскиот плурализам, не може да стане членка на ЕУ. Таа се обврза и на тесна соработка со Украина, поддржувајќи го нејзиното закрепнување и обнова во координација со Г7 и меѓународни партнери.
Поддршката на Украина и возвраќањето на руската агресија се апсолутен приоритет, истакна додавајќи дека преговорите за членство на Украина мора да бидат „европска ѕвезда водилка за оваа херојска нација“, како и дека истото важи и за Молдавија“.
Кос најави и поддршка на напорите на ОН за решавање на кипарското прашање, од што, како што нагласи ќе зависи и темпото на односите меѓу ЕУ и Турција во иднина, како и дека ќе ги поддржи напорите за поттикнување мир меѓу Ерменија и Азербејџан. - Секогаш ќе ги бранам човековите права, демократијата, основните слободи и владеењето на правото и ќе ги потсетам земјите опфатени со процесот на проширување дека нема преговори за овие начела, додаде Кос. Според неа, потребата е одржување на интегритетот на процесот на проширување и со конкретни активности во насока на постепена интеграција во ЕУ да им испрати позитивен сигнал на граѓаните на земјите кандидати за членство. Кос нагласи и дека процесот на проширување не само што треба да се базира на исполнувањето на релевантните критериуми од земјите кандидати за членство, туку треба да биде транспарентен и во однос на парите што се трошат.
За да се подготват земјите членки и ЕУ за проширувањето, потребните внатрешни реформи на ЕУ треба да се одвиваат паралелно со него, рече Кос, повикувајќи на поголема вклученост на граѓанското општество во земјите членки во овој процес и апелирајќи до европратениците да го поддржат проширувањето и ги објаснат неговите придобивки пред своите гласачи.
Инаку, на сослушувањето на Кос, покрај членовите на АФЕТ, присуствуваа и европратеници од комитетите за граѓански слободи, правда и внатрешни работи (ЛИБЕ) и за уставни прашања (АФЦО) и од Поткомитетот за човекови права (ДРОИ).

The post Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување appeared first on Република.

]]>
Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/marta-kos-od-slovenija-predlozhena-za-evrokomesar-za-proshiruvane/ Tue, 17 Sep 2024 09:48:29 +0000 https://republika.mk/?p=817059

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија.

Иако имаше најави дека позицијата за проширувањето ќе има висок профил во овој мандат и дека еврокомесарот за проширување ќе биде и потпретседател на Европската комисија, од овој список испаѓа дека сите тие планови паднале во вода и место силен – во Брисел ќе имаме слаб поттурнувач на проширувањето.

Уште повеќе што за кандидатурата на Марта Кос се уште се кршат копјата во Словенија и таа практично нема силна поддршка во сопствената држава, а доаѓа од земја која нема голема тежина во ЕУ. Единствен плус за нас е што таа е од земја од поранешна Југославија, блиска до регионот и со повеќе разбирање за потребите тука отколку некој што би бил фокусиран на Украина и Молдавија. На листата на новата извршна власт на ЕУ се:

Урсула фон дер Лајен (Германија): претседател на Европската комисија

Тереза ​​Рибера (Шпанија): извршен потпретседател за чиста, праведна и конкурентна транзиција

Хена Виркунен (Финска): извршен потпретседател за технички суверенитет, безбедност и демократија

Стефан Сежурне (Франција): извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија

Роксана Минзату (Романија): извршен потпретседател за луѓе, вештини и подготвеност

Рафаеле Фито (Италија): извршен потпретседател за кохезија и реформи

Каја Калас (Естонија): всок претставник за надворешна и безбедносна политика

Магнус Брунер (Австрија): внатрешни работи и миграција

Хаџа Лахбиб (Белгија): подготвеност, управување со кризи, еднаквост

Екатерина Захариева (Бугарија): стартапи, истражување и иновации

Дубравка Шуица (Хрватска): Медитерана

Костас Кадис (Кипар): Рибарство и океани

Јозеф Сикела (Чешка): Меѓународни партнерства

Дан Јоргенсен (Данска): Енергија и домување

Апостолос Цицикостас (Грција): Одржлив транспорт и туризам

Оливер Вархеји (Унгарија): здравје и благосостојба на животните

Мајкл Мекграт (Ирска): демократија, правда и владеење на правото

Валдис Домбровскис (Латвија): економија и продуктивност, имплементација и поедноставување

Андриус ​​Кубилиус (Литванија): одбрана и простор

Кристоф Хансен (Луксембург): земјоделство и храна

Глен Микалеф (Малта): меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт

Wopke Hoekstra (Холандија): клима, нето-нула и чист раст

Пјотр Серафин (Полска): буџет, противизмама, јавна администрација

Марија Луис Албакерки (Португалија): финансиски услуги

Роксана Минзату (Романија): луѓе, вештини и подготвеност

Марош Шефчовиќ (Словачка): трговско-економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност

Марта Кос (Словенија): проширување

Џесика Розвал (Шведска): животна средина, отпорност на вода и конкурентна кружна економија

Пред некој ден шефот на словенечката делегација во рамките на Европската народна партија (ЕПП) за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на Марта Кос е целосно неприфатлив за ЕПП на која и припаѓа, наведувајќи ги како минуси нејзиното немање искуство и наводни врски со поранешната југословенска тајна полиција. Романа Томц, за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на новиот кандидат на земјата за еврокомесар, Марта Кос, е „целосно неприфатлив“ и „проблематичен“ за ЕПП, најголемата група во парламентот.

„Можете ли да замислите дека некој во Германија, на пример, би поставил кандидат со терет дека бил соработник на Штази во минатото“, праша Томц, мислејќи на озлогласената поранешна источногерманска тајна служба?

Таа рече дека некои од нејзините колеги во Европскиот парламент се „навистина нервозни“ кога ќе слушнат дека има соработник на УДБА „меѓу нас, па дури и како кандидат за Комисијата“.

„Тоа не ни е дозволено“, додаде таа, оценувајќи дека справувањето со назначувањето на државниот комесар е „понижување“ што ја става Словенија во ризик да се смета за „проблем“ во ЕУ.

Промената на кандидатот за комесар во Љубљана во последен момент, што го одложи претставувањето на кабинетот на претседателката Урсула фон дер Лајен, предизвика спор меѓу премиерот Роберт Голоб и опозициската партија на која и припаѓа Томц и која тој ја обвинува за саботажа. Томаж Весел, поранешниот прв човек на националниот ревизорски суд, првично беше предложен пред летото, што владата повторно го потврди минатата недела, т.е. на 3 септември, пред Љубљана да попушти и да се согласи да испрати жена.

„Зошто се предомисли останува мистерија“, рече Томц, обвинувајќи го Голоб дека едноставно попушта на барањата на Фон дер Лајен. Таа продолжи да сугерира дека Весел има поголеми шанси да ја помине контролата на Европскиот парламент, тврдејќи дека политичкиот пејзаж е променет.

Овој пресврт создава политичка бура во Словенија, која се заканува дополнително да го искомплицира изгласувањето на новата ЕК. Според законот, Кос сега мора да присуствува на сослушувањето на Комитетот за прашања на ЕУ на словенечкото Национално собрание. Иако ставовите на пратениците се необврзувачки, претседателот на комисијата, Франц Брезник, се закани дека ќе го одложи рочиштето за најмногу две недели додека не добие повеќе детали за притисокот што владата го извршила врз Весел да се повлече, јавуваат словенечките медиуми.Томц рече дека Франк Брезник едноставно бара појаснување и документација.

„Проблемот може лесно да се реши. Добро е познато што треба да направи владата: да ја претстави потребната документација. Нема причина Комисијата да не ја исполни својата улога доколку ги добие соодветните информации“, рече таа.

„Власта за тоа сака да ја обвини опозицијата, но тоа апсолутно не е точно“, изјави пратеничката од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека опозицијата само следи демократски процедури. Томц јасно го идентификуваше премиерот Голоб како тој што го предизвика одложувањето.

„Одложувањето беше предизвикано од премиерот Роберт Голоб“, рече таа, кого го означи како „најслабиот премиер во Европската унија“ и кој е под палката на шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Таа ја повика Фон дер Лајен да ги почитува демократските процеси во Словенија, тврдејќи дека сегашниот ќорсокак може да се реши доколку владата постапи потранспарентно.

„Тие исто така ја доведоа фон дер Лајен во лоша позиција бидејќи таа не знае што да прави сега“, рече Томц.

„Овие обвинувања првпат се појавија кога ја објавив мојата кандидатура за претседател на Република Словенија во 2022 година со намера да ме дискредитираат“, одговори Кос на обвинувањата во писмена изјава за „Еуроњуз“.

„Пред да станам амбасадор во Германија и во Швајцарија, бев проверена од безбедносните служби на двете земји; без никаков проблем добив одобрение. Ако некогаш сум им наштетила на интересите на Словенија, немаше да можам да работам во словенечката влада, ниту да бидам амбасадор“, рече таа.

На сугестијата на Томц дека на Кос и недостига искуство за извршување на функцијата, Кос рече дека тоа е лага и клевета.

„Две години бев директор на Канцеларијата на Владата на Република Словенија за комуникации и портпарол на Владата, три години потпретседател на Стопанската комора на Словенија. Во тоа време бев и надзорник на Томц, која се чини дека го заборави ова, добро се сеќавам на неа, бидејќи добро ја извршуваше работата како шеф Службите за јавни набавки“, рече Кос.

„За време на мојот седумгодишен амбасадорски мандат, четири години во Германија и три години во Швајцарија, имав чест да бидам прогласена за амбасадор на годината за 2016 година (од страна на Diplomatisches Magazin). Ги добив Големиот крст за заслуги на Орден за заслуги на Сојузна Република Германија“, рече Кос и додаде:

„Осум години бев директорка на ГКТИ Словенија, компанија за франшиза на Густав Касер Тренинг Интернационал во Швајцарија. Забелешката на Томц дека сум номинирана само затоа што сум жена го игнорира моето големо знаење, искуство и компетентност од 35-годишна кариера. Да, јас сум жена, но она што е најважно е секогаш стручноста, компетентноста и способноста да дадеме значаен придонес“, вели таа и продолжува:

„Родот не е, и никогаш не треба да биде, примарна квалификација за такви улоги. Нејзината изјава, исто така, е во спротивност со една од најважните цели на ЕУ, а тоа е промовирање на родовата еднаквост“, пренерува „Еуроњуз“.

Фактот дека Лајен денес сепак ја именуваше Кос за оваа позиција покажува или дека и се брза или дека добила некоја гаранција дека во овие меѓупартиски политички пресметки во Словенија сепак ќе надвладее изборот на Кос за функцијата.

The post Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија. Иако имаше најави дека позицијата за проширувањето ќе има висок профил во овој мандат и дека еврокомесарот за проширување ќе биде и потпретседател на Европската комисија, од овој список испаѓа дека сите тие планови паднале во вода и место силен – во Брисел ќе имаме слаб поттурнувач на проширувањето. Уште повеќе што за кандидатурата на Марта Кос се уште се кршат копјата во Словенија и таа практично нема силна поддршка во сопствената држава, а доаѓа од земја која нема голема тежина во ЕУ. Единствен плус за нас е што таа е од земја од поранешна Југославија, блиска до регионот и со повеќе разбирање за потребите тука отколку некој што би бил фокусиран на Украина и Молдавија. На листата на новата извршна власт на ЕУ се: Урсула фон дер Лајен (Германија): претседател на Европската комисија Тереза ​​Рибера (Шпанија): извршен потпретседател за чиста, праведна и конкурентна транзиција Хена Виркунен (Финска): извршен потпретседател за технички суверенитет, безбедност и демократија Стефан Сежурне (Франција): извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија Роксана Минзату (Романија): извршен потпретседател за луѓе, вештини и подготвеност Рафаеле Фито (Италија): извршен потпретседател за кохезија и реформи Каја Калас (Естонија): всок претставник за надворешна и безбедносна политика Магнус Брунер (Австрија): внатрешни работи и миграција Хаџа Лахбиб (Белгија): подготвеност, управување со кризи, еднаквост Екатерина Захариева (Бугарија): стартапи, истражување и иновации Дубравка Шуица (Хрватска): Медитерана Костас Кадис (Кипар): Рибарство и океани Јозеф Сикела (Чешка): Меѓународни партнерства Дан Јоргенсен (Данска): Енергија и домување Апостолос Цицикостас (Грција): Одржлив транспорт и туризам Оливер Вархеји (Унгарија): здравје и благосостојба на животните Мајкл Мекграт (Ирска): демократија, правда и владеење на правото Валдис Домбровскис (Латвија): економија и продуктивност, имплементација и поедноставување Андриус ​​Кубилиус (Литванија): одбрана и простор Кристоф Хансен (Луксембург): земјоделство и храна Глен Микалеф (Малта): меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Wopke Hoekstra (Холандија): клима, нето-нула и чист раст Пјотр Серафин (Полска): буџет, противизмама, јавна администрација Марија Луис Албакерки (Португалија): финансиски услуги Роксана Минзату (Романија): луѓе, вештини и подготвеност Марош Шефчовиќ (Словачка): трговско-економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност Марта Кос (Словенија): проширување Џесика Розвал (Шведска): животна средина, отпорност на вода и конкурентна кружна економија Пред некој ден шефот на словенечката делегација во рамките на Европската народна партија (ЕПП) за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на Марта Кос е целосно неприфатлив за ЕПП на која и припаѓа, наведувајќи ги како минуси нејзиното немање искуство и наводни врски со поранешната југословенска тајна полиција. Романа Томц, за „Еуроњуз“ изјави дека изборот на новиот кандидат на земјата за еврокомесар, Марта Кос, е „целосно неприфатлив“ и „проблематичен“ за ЕПП, најголемата група во парламентот. „Можете ли да замислите дека некој во Германија, на пример, би поставил кандидат со терет дека бил соработник на Штази во минатото“, праша Томц, мислејќи на озлогласената поранешна источногерманска тајна служба? Таа рече дека некои од нејзините колеги во Европскиот парламент се „навистина нервозни“ кога ќе слушнат дека има соработник на УДБА „меѓу нас, па дури и како кандидат за Комисијата“. „Тоа не ни е дозволено“, додаде таа, оценувајќи дека справувањето со назначувањето на државниот комесар е „понижување“ што ја става Словенија во ризик да се смета за „проблем“ во ЕУ. Промената на кандидатот за комесар во Љубљана во последен момент, што го одложи претставувањето на кабинетот на претседателката Урсула фон дер Лајен, предизвика спор меѓу премиерот Роберт Голоб и опозициската партија на која и припаѓа Томц и која тој ја обвинува за саботажа. Томаж Весел, поранешниот прв човек на националниот ревизорски суд, првично беше предложен пред летото, што владата повторно го потврди минатата недела, т.е. на 3 септември, пред Љубљана да попушти и да се согласи да испрати жена. „Зошто се предомисли останува мистерија“, рече Томц, обвинувајќи го Голоб дека едноставно попушта на барањата на Фон дер Лајен. Таа продолжи да сугерира дека Весел има поголеми шанси да ја помине контролата на Европскиот парламент, тврдејќи дека политичкиот пејзаж е променет. Овој пресврт создава политичка бура во Словенија, која се заканува дополнително да го искомплицира изгласувањето на новата ЕК. Според законот, Кос сега мора да присуствува на сослушувањето на Комитетот за прашања на ЕУ на словенечкото Национално собрание. Иако ставовите на пратениците се необврзувачки, претседателот на комисијата, Франц Брезник, се закани дека ќе го одложи рочиштето за најмногу две недели додека не добие повеќе детали за притисокот што владата го извршила врз Весел да се повлече, јавуваат словенечките медиуми.Томц рече дека Франк Брезник едноставно бара појаснување и документација. „Проблемот може лесно да се реши. Добро е познато што треба да направи владата: да ја претстави потребната документација. Нема причина Комисијата да не ја исполни својата улога доколку ги добие соодветните информации“, рече таа. „Власта за тоа сака да ја обвини опозицијата, но тоа апсолутно не е точно“, изјави пратеничката од партијата на поранешниот премиер Јанез Јанша, додавајќи дека опозицијата само следи демократски процедури. Томц јасно го идентификуваше премиерот Голоб како тој што го предизвика одложувањето. „Одложувањето беше предизвикано од премиерот Роберт Голоб“, рече таа, кого го означи како „најслабиот премиер во Европската унија“ и кој е под палката на шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен. Таа ја повика Фон дер Лајен да ги почитува демократските процеси во Словенија, тврдејќи дека сегашниот ќорсокак може да се реши доколку владата постапи потранспарентно. „Тие исто така ја доведоа фон дер Лајен во лоша позиција бидејќи таа не знае што да прави сега“, рече Томц. „Овие обвинувања првпат се појавија кога ја објавив мојата кандидатура за претседател на Република Словенија во 2022 година со намера да ме дискредитираат“, одговори Кос на обвинувањата во писмена изјава за „Еуроњуз“. „Пред да станам амбасадор во Германија и во Швајцарија, бев проверена од безбедносните служби на двете земји; без никаков проблем добив одобрение. Ако некогаш сум им наштетила на интересите на Словенија, немаше да можам да работам во словенечката влада, ниту да бидам амбасадор“, рече таа. На сугестијата на Томц дека на Кос и недостига искуство за извршување на функцијата, Кос рече дека тоа е лага и клевета. „Две години бев директор на Канцеларијата на Владата на Република Словенија за комуникации и портпарол на Владата, три години потпретседател на Стопанската комора на Словенија. Во тоа време бев и надзорник на Томц, која се чини дека го заборави ова, добро се сеќавам на неа, бидејќи добро ја извршуваше работата како шеф Службите за јавни набавки“, рече Кос. „За време на мојот седумгодишен амбасадорски мандат, четири години во Германија и три години во Швајцарија, имав чест да бидам прогласена за амбасадор на годината за 2016 година (од страна на Diplomatisches Magazin). Ги добив Големиот крст за заслуги на Орден за заслуги на Сојузна Република Германија“, рече Кос и додаде: „Осум години бев директорка на ГКТИ Словенија, компанија за франшиза на Густав Касер Тренинг Интернационал во Швајцарија. Забелешката на Томц дека сум номинирана само затоа што сум жена го игнорира моето големо знаење, искуство и компетентност од 35-годишна кариера. Да, јас сум жена, но она што е најважно е секогаш стручноста, компетентноста и способноста да дадеме значаен придонес“, вели таа и продолжува: „Родот не е, и никогаш не треба да биде, примарна квалификација за такви улоги. Нејзината изјава, исто така, е во спротивност со една од најважните цели на ЕУ, а тоа е промовирање на родовата еднаквост“, пренерува „Еуроњуз“. Фактот дека Лајен денес сепак ја именуваше Кос за оваа позиција покажува или дека и се брза или дека добила некоја гаранција дека во овие меѓупартиски политички пресметки во Словенија сепак ќе надвладее изборот на Кос за функцијата.

The post Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување appeared first on Република.

]]>