Марш за женски права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marsh-za-zenski-prava/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Mar 2023 10:43:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марш за женски права Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marsh-za-zenski-prava/ 32 32 Илковски: Онтолошко промашување https://arhiva3.republika.mk/videokolumni/ilkovski-ontoloshko-promashuvane/ Sat, 11 Mar 2023 10:40:06 +0000 https://republika.mk/?p=618381

Начинот на којшто народот инстинктивно реагира, тоа е најдобриот начин да се победи власта, ја почнува новинарот Јанко Илковски видеоколумната посветена на жената и женските права.

Илковски зборува и за величината на жената, за жената како капија меѓу два света, како спасител.

Главната тема на која се задржува Илковски во „Слушај ваму“ е протестот на организациите за заштита на правата на жените, поточно на транспарентот „Црквата да одјебе“.

Тој смета дека овој транспарент е одраз на сјајот и бедата на Шарената револуција и е дело на платениците на Сорос.

Тие скотови кои се изродија во тоа време и се почувстуваа дека се моралот, етиката и прогресот на тоа општество, бидејќи веќе немаа за што да се бунат, најдоа дека црквата им е крива, коментира Илковски.

Црквата е крива зошто не ги признава геј браковите, не дозволува абортуси итн., тука нема да навлегуваме, но црквата не ги донесе правилата против кои се буни младата дама. Хало, мадам, каде бевте, ти каде беше кога на родилката ѝ ги извадија органите?! Јас бев кој барав правдина за жената чии органи на породување се извадени и којзнае со нив што е направено. Кај беше ти да се буниш кога се донесуваа платите, кога се донесуваа уредбите колку ќе биде платена една жена во администрација колку маж. Е црквата ги донесе уредбите, црквата ги донесе законите колку жената треба да има породилно отсуство, не. Црквата е најмалку виновна за целово ова. Онтолошко промашување. Тоа е кога немаат ни фокус ни дефокус. Скандал, вели Илковски.

The post Илковски: Онтолошко промашување appeared first on Република.

]]>

Начинот на којшто народот инстинктивно реагира, тоа е најдобриот начин да се победи власта, ја почнува новинарот Јанко Илковски видеоколумната посветена на жената и женските права. Илковски зборува и за величината на жената, за жената како капија меѓу два света, како спасител. Главната тема на која се задржува Илковски во „Слушај ваму“ е протестот на организациите за заштита на правата на жените, поточно на транспарентот „Црквата да одјебе“. Тој смета дека овој транспарент е одраз на сјајот и бедата на Шарената револуција и е дело на платениците на Сорос. Тие скотови кои се изродија во тоа време и се почувстуваа дека се моралот, етиката и прогресот на тоа општество, бидејќи веќе немаа за што да се бунат, најдоа дека црквата им е крива, коментира Илковски.
Црквата е крива зошто не ги признава геј браковите, не дозволува абортуси итн., тука нема да навлегуваме, но црквата не ги донесе правилата против кои се буни младата дама. Хало, мадам, каде бевте, ти каде беше кога на родилката ѝ ги извадија органите?! Јас бев кој барав правдина за жената чии органи на породување се извадени и којзнае со нив што е направено. Кај беше ти да се буниш кога се донесуваа платите, кога се донесуваа уредбите колку ќе биде платена една жена во администрација колку маж. Е црквата ги донесе уредбите, црквата ги донесе законите колку жената треба да има породилно отсуство, не. Црквата е најмалку виновна за целово ова. Онтолошко промашување. Тоа е кога немаат ни фокус ни дефокус. Скандал, вели Илковски.
 
The post Илковски: Онтолошко промашување appeared first on Република.

]]>
Не се ни оригинални: Транспарентот „црквата да одјебе“ на скопскиот марш украден од Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-se-ni-originalni-transparentot-tsrkvata-da-odjebe-na-skopskiot-marsh-ukraden-od-zagreb/ Fri, 10 Mar 2023 12:20:57 +0000 https://republika.mk/?p=618136

За меѓународниот ден на жената во Скопје се одржа марш за женските права.

На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.

На маршот најголемо внимание предизвика еден транспарент „црквата да објебе“ со кој се бараше црквата да стои настрана од борбата на жената за своите права.

Но, учесниците на настанот не се ни оригинални. Транспарент со иста содржина „Црква да објебе“ се појави пред неколку месеци на протест во Загреб каде жени протестираа за правото на абортус.

[caption id="attachment_618128" align="alignnone" width="543"] foto twitter[/caption]

https://republika.mk/vesti/skopje/ne-sakame-tava-sakame-prava-zhenski-marsh-za-8-mart-vo-skopje/

The post Не се ни оригинални: Транспарентот „црквата да одјебе“ на скопскиот марш украден од Загреб appeared first on Република.

]]>

За меѓународниот ден на жената во Скопје се одржа марш за женските права. На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените. На маршот најголемо внимание предизвика еден транспарент „црквата да објебе“ со кој се бараше црквата да стои настрана од борбата на жената за своите права. Но, учесниците на настанот не се ни оригинални. Транспарент со иста содржина „Црква да објебе“ се појави пред неколку месеци на протест во Загреб каде жени протестираа за правото на абортус. [caption id="attachment_618128" align="alignnone" width="543"] foto twitter[/caption] https://republika.mk/vesti/skopje/ne-sakame-tava-sakame-prava-zhenski-marsh-za-8-mart-vo-skopje/

The post Не се ни оригинални: Транспарентот „црквата да одјебе“ на скопскиот марш украден од Загреб appeared first on Република.

]]>
„Не сакаме тава, сакаме права“: Женски марш за 8 Март во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ne-sakame-tava-sakame-prava-zhenski-marsh-za-8-mart-vo-skopje/ Wed, 08 Mar 2023 20:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=617478

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“, „Држава што не постапува е држава што убива“ – ова се дел од пораките кои беа испратени на денешниот марш за женските права во центарот на Скопје, кој се одржа на Меѓнародниот ден на жената – 8 Март.

На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.

Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири, истакнаа од Платформата за родова еднаквост.

Оттаму потенцираа дека жените и девојките во земјава се соочуваат со колективна негрижа.

Да се биде жена значи да прифаќаш краткотрајна работа, работа на црно и под маса, без ресурси за стабилна кариера, без социјална заштита и регулација. Да се биде девојка во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш ова возење со такси без таксистот да те вознемирува, дали ќе добиеш секакви коментари, закани на социјалните мрежи дали твои фотографии ќе бидат користени како порнографија, дали ќе имаш пристап до гинеколог и беспалатно пап тестирање, дали ќе ја преживееше следната лекарска рутинска интервенција дали ќе го преживееш пораѓањето. Да се биде жена во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш секојдневното насилство од партнерот кое веќе си го пријавил, но институциите кои требало да те заштитат само направиле записник и не потапиле, не те запштитиле, истакна Надица Банишка, една од учесниците на маршот.

Маршот заврши во Паркот „Жена Борец“.

The post „Не сакаме тава, сакаме права“: Женски марш за 8 Март во Скопје appeared first on Република.

]]>

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“, „Држава што не постапува е држава што убива“ – ова се дел од пораките кои беа испратени на денешниот марш за женските права во центарот на Скопје, кој се одржа на Меѓнародниот ден на жената – 8 Март. На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беа побарани заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.
Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири, истакнаа од Платформата за родова еднаквост.
Оттаму потенцираа дека жените и девојките во земјава се соочуваат со колективна негрижа.
Да се биде жена значи да прифаќаш краткотрајна работа, работа на црно и под маса, без ресурси за стабилна кариера, без социјална заштита и регулација. Да се биде девојка во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш ова возење со такси без таксистот да те вознемирува, дали ќе добиеш секакви коментари, закани на социјалните мрежи дали твои фотографии ќе бидат користени како порнографија, дали ќе имаш пристап до гинеколог и беспалатно пап тестирање, дали ќе ја преживееше следната лекарска рутинска интервенција дали ќе го преживееш пораѓањето. Да се биде жена во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш секојдневното насилство од партнерот кое веќе си го пријавил, но институциите кои требало да те заштитат само направиле записник и не потапиле, не те запштитиле, истакна Надица Банишка, една од учесниците на маршот.
Маршот заврши во Паркот „Жена Борец“.  

The post „Не сакаме тава, сакаме права“: Женски марш за 8 Март во Скопје appeared first on Република.

]]>
Жените беа и се уште се во првите редови во давање одговор на кризата како здравствени работнички и негувателки во домот, наставнички, хигиеничарки, продавачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zenite-bea-i-se-ushte-se-vo-prvite-redovi-vo-davanje-odgovor-na-krizata-kako-zdravstveni-rabotnichki-i-neguvatelki-vo-domot-nastavnichki-higienicharki-prodavachki/ Tue, 08 Mar 2022 13:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=469649

Итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост, донесување на Закон за родова еднаквост, воведување функционални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките и постапување со должно внимание со жртвите на родово базирано насилство од страна на институциите побараа денеска активистките за женските права кои попладнево маршираа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, оваа година под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.

Според Бојaна Јовановска од Платформа за родова еднаквост, овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена и одржувана од системот, а продлабочена како резултат од двегодишната пандемија на Ковид-19 и нејзините последици.

Жените беа и се уште се во првите редови во давање одговор на кризата како здравствени работнички и негувателки во домот, наставнички, хигиеничарки, продавачки. Но, истовремено претставуваат и најголем дел од работниците кои беа и се најмногу изложени на вирусот Ковид -19, но и на негативните социјални и економски последици кои тој ги предизвика. Иако сочинуваат половина од населението, жените во Македонија не учествуваат подеднакво во носењето на одлуки, посочи Јовановска на денешниот марш.

Отсуството на политики, стратешки документи и механизми кои го поддржуваат унапредувањето на родовата еднаквост и правата на жените, според Јовановска, значи дека институциите дозволуваат системска дискриминација и насилство.

Собранието, како што напомена, е единственото место каде преку родовата квота, застапеноста на жените бележи зголемување, но, како што посочи, со распуштање на Собранието пред пандемијата придонесе жените да бидат отсутни од процесите на носење одлуки и родово сензитивни мерки за справување со кризата.

Според Јованоска, локалните избори беа уште еден пораз за жените кои во наредните четири години повторно ќе бидат исклучени од процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

Денеска, како што појасни, протестираат за сите текстилни работнички кои останаа без работа, за жените од руралните средини кои останаа без јавен транспорт и пристап до здравствени услуги, за жените со попреченост кои дополнителната непристапност ги направи уште поневидливи. За жените Ромки кои останаа без и онака ниско платена работа, за жените кои немаат пристап за репродуктивно здравје кои ги води кон уште поголема сиромаштија.

Денес го креваме гласот на сите жени кои ја вршат неплатената домашна работа, за економските зависните и загрозени жени кои не можат да си обезбедат прехранбени продукти, за жените кои немаат ништо на свое име, за жените кои еднакво учествуваат во плаќање на даноци, но не можат да си дозволат основни средства за одржување на менструална хигиена, додаде Јовановска.

Исто така, како што рече, протестираат за жените кои доживуваат насилство во своите домови, на улиците и во онлајн просторот. За жените жртви на насилство по чии пријави не се постапуваше, за самохраните мајки кои беа принудени да ги напуштат своите работни места заради затворање на градинките и училиштата, за жените сопственички на мали бизниси кои беа принудени истите да ги затворат, за преморените здравствени работнички, за сите жени кои ги загубија своите животи во битката со Ковид -19 заради недостиг на здравствени услуги.

Од Платформата за родова еднаквост бараат усвојување на ефективни политики и мерки за справување со последиците од Ковид -19 кои ќе вклучат родова перспектива и ќе ги земат предвид потребите на различни категории на маргинализирани и ранливи жени.

Бараат и зголемено учество на жените во работните групи кои ги подготвуваат и спроведуваат мерките за одговор на состојбата со Ковид -19 и економската криза. Бараат буџет и економски политики за луѓе, а не за бизниси и партии.

Бараат функциониални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките, поголемо учество на жените на позициите на носење одлуки преку воведување квоти кои предвидуваат најмалку 40 проценти учество на жените за секое ниво на власт.

Бараме итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост и донесување на Закон за родова еднаквост. Бараме итно усвојување на новиот Закон за работни односи кој предвидува заштита за работничките кои работат со договори на определено време, без формални договори за вработување, самовработените жени и жените кои вршат неплатена работа. Бараме закон кој предвидува мајчинско, татковско и родителско отсуство, како и право на флексибилен работен ангажман поради обврски за рана грижа за деца и други лица, рече Јовановска.

Од Платформата бараат итно донесување на Законот за мобинг, но и креирање и имплементација на нови мерки за вработување кои им се достапни и ги земаат предвид спецификите на сите маргинализирани групи на жени, особено Ромките, жените со попреченост, жените жртви на насилство, како и самохраните мајки.

Бараме итно усогласување на политиките и законите со Истанбулската конвенција и Резолуцијата 1325. Бараме итно усвојување на амандманите на Кривичниот законик и негова хармонизација со Истанбулската конвенција и сеопфатна заштита на жените од насилство. Бараме институциите конечно да постапуваат со должно вниманир со жртвите на родово базирано насилство, додаде Јовановска.

Овој 8 Март, како што рече, протестираат против системски овозможената сиромаштија која има женско лице.

The post Жените беа и се уште се во првите редови во давање одговор на кризата како здравствени работнички и негувателки во домот, наставнички, хигиеничарки, продавачки appeared first on Република.

]]>

Итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост, донесување на Закон за родова еднаквост, воведување функционални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките и постапување со должно внимание со жртвите на родово базирано насилство од страна на институциите побараа денеска активистките за женските права кои попладнево маршираа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, оваа година под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“. Според Бојaна Јовановска од Платформа за родова еднаквост, овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена и одржувана од системот, а продлабочена како резултат од двегодишната пандемија на Ковид-19 и нејзините последици.
Жените беа и се уште се во првите редови во давање одговор на кризата како здравствени работнички и негувателки во домот, наставнички, хигиеничарки, продавачки. Но, истовремено претставуваат и најголем дел од работниците кои беа и се најмногу изложени на вирусот Ковид -19, но и на негативните социјални и економски последици кои тој ги предизвика. Иако сочинуваат половина од населението, жените во Македонија не учествуваат подеднакво во носењето на одлуки, посочи Јовановска на денешниот марш.
Отсуството на политики, стратешки документи и механизми кои го поддржуваат унапредувањето на родовата еднаквост и правата на жените, според Јовановска, значи дека институциите дозволуваат системска дискриминација и насилство. Собранието, како што напомена, е единственото место каде преку родовата квота, застапеноста на жените бележи зголемување, но, како што посочи, со распуштање на Собранието пред пандемијата придонесе жените да бидат отсутни од процесите на носење одлуки и родово сензитивни мерки за справување со кризата. Според Јованоска, локалните избори беа уште еден пораз за жените кои во наредните четири години повторно ќе бидат исклучени од процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Денеска, како што појасни, протестираат за сите текстилни работнички кои останаа без работа, за жените од руралните средини кои останаа без јавен транспорт и пристап до здравствени услуги, за жените со попреченост кои дополнителната непристапност ги направи уште поневидливи. За жените Ромки кои останаа без и онака ниско платена работа, за жените кои немаат пристап за репродуктивно здравје кои ги води кон уште поголема сиромаштија.
Денес го креваме гласот на сите жени кои ја вршат неплатената домашна работа, за економските зависните и загрозени жени кои не можат да си обезбедат прехранбени продукти, за жените кои немаат ништо на свое име, за жените кои еднакво учествуваат во плаќање на даноци, но не можат да си дозволат основни средства за одржување на менструална хигиена, додаде Јовановска.
Исто така, како што рече, протестираат за жените кои доживуваат насилство во своите домови, на улиците и во онлајн просторот. За жените жртви на насилство по чии пријави не се постапуваше, за самохраните мајки кои беа принудени да ги напуштат своите работни места заради затворање на градинките и училиштата, за жените сопственички на мали бизниси кои беа принудени истите да ги затворат, за преморените здравствени работнички, за сите жени кои ги загубија своите животи во битката со Ковид -19 заради недостиг на здравствени услуги. Од Платформата за родова еднаквост бараат усвојување на ефективни политики и мерки за справување со последиците од Ковид -19 кои ќе вклучат родова перспектива и ќе ги земат предвид потребите на различни категории на маргинализирани и ранливи жени. Бараат и зголемено учество на жените во работните групи кои ги подготвуваат и спроведуваат мерките за одговор на состојбата со Ковид -19 и економската криза. Бараат буџет и економски политики за луѓе, а не за бизниси и партии. Бараат функциониални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките, поголемо учество на жените на позициите на носење одлуки преку воведување квоти кои предвидуваат најмалку 40 проценти учество на жените за секое ниво на власт.