МАРСЕЈ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marsej/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 11:49:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МАРСЕЈ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marsej/ 32 32 Момче во Марсеј прободено 50 пати со нож и живo запаленo https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/momche-vo-marsej-probodeno-50-pati-so-nozh-i-zhivo-zapaleno/ Sun, 06 Oct 2024 11:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=823426

Еден 15-годишен тинејџер бил „прободен 50 пати со нож“ и „жив запален“ во средата во Марсеј, јужна Франција, изјави денеска градскиот обвинител Николас Бесон, цитиран од француските медиуми.

Обвинителот на специјално свикана прес-конференција го опиша делото како „невидено сурово“ и исто така ја потенцира возраста на жртвата и сторителите на насилството.

The post Момче во Марсеј прободено 50 пати со нож и живo запаленo appeared first on Република.

]]>

Еден 15-годишен тинејџер бил „прободен 50 пати со нож“ и „жив запален“ во средата во Марсеј, јужна Франција, изјави денеска градскиот обвинител Николас Бесон, цитиран од француските медиуми. Обвинителот на специјално свикана прес-конференција го опиша делото како „невидено сурово“ и исто така ја потенцира возраста на жртвата и сторителите на насилството.

The post Момче во Марсеј прободено 50 пати со нож и живo запаленo appeared first on Република.

]]>
Во Марсеј спектакуларно пречекан олимпискиот оган https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-marsej-spektakularno-prechekan-olimpiskiot-ogan/ Wed, 08 May 2024 14:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=775543

Историскиот едреник со три јарболи „Белем“ денеска го донесе олимпискиот оган во Франција, пречекан од 1.024 бродови на спектакуларна парада во пристаништето во Марсеј, точно 79 денови пред почетокот на Игрите во Париз.

Звуци на гајди, сирени и труби се слушаа од бродовите кои го славеа пристигнувањето на олимпискиот факел, дванаесет денови откако „Белем“ исплови од Грција.

Бродот „Белем“ е изграден во 1896 година, годината кога се одржаа првите модерни Олимписки игри.

Свечената парада во Марсеј ќе трае до 17 часот, а на церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 150.000 луѓе.

Околу „Белем“ има силни безбедносни мерки. Мобилизирани се 6.000 полицајци и четириесетина чамци за да се обезбеди непречено одвивање на парадата.

Прв носител на олимпискиот факел во Франција ќе биде пливачот Флоран Манаду.

Штафетата ќе тргне кон Париз в четврток пренесувана од поранешните фудбалери на Олимпик, Жан-Пјер Папен, Дидие Дрогба и Базиле Боли, а меѓу носителите ќе биде и познатиот готвач Александре Мациа.

Повеќе од 10.000 луѓе ќе бидат вклучени во пренесувањето на олимпискиот факел пред пламенот да стигне во Париз и да биде поставен во близина на Лувр.

Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи на реката Сена на 26 јули.

The post Во Марсеј спектакуларно пречекан олимпискиот оган appeared first on Република.

]]>

Историскиот едреник со три јарболи „Белем“ денеска го донесе олимпискиот оган во Франција, пречекан од 1.024 бродови на спектакуларна парада во пристаништето во Марсеј, точно 79 денови пред почетокот на Игрите во Париз. Звуци на гајди, сирени и труби се слушаа од бродовите кои го славеа пристигнувањето на олимпискиот факел, дванаесет денови откако „Белем“ исплови од Грција. Бродот „Белем“ е изграден во 1896 година, годината кога се одржаа првите модерни Олимписки игри. Свечената парада во Марсеј ќе трае до 17 часот, а на церемонијата се очекува да присуствуваат повеќе од 150.000 луѓе. Околу „Белем“ има силни безбедносни мерки. Мобилизирани се 6.000 полицајци и четириесетина чамци за да се обезбеди непречено одвивање на парадата. Прв носител на олимпискиот факел во Франција ќе биде пливачот Флоран Манаду. Штафетата ќе тргне кон Париз в четврток пренесувана од поранешните фудбалери на Олимпик, Жан-Пјер Папен, Дидие Дрогба и Базиле Боли, а меѓу носителите ќе биде и познатиот готвач Александре Мациа. Повеќе од 10.000 луѓе ќе бидат вклучени во пренесувањето на олимпискиот факел пред пламенот да стигне во Париз и да биде поставен во близина на Лувр. Свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи на реката Сена на 26 јули.

The post Во Марсеј спектакуларно пречекан олимпискиот оган appeared first on Република.

]]>
Стотици полицајци, хеликоптер и дронови се ангажирани за денешниот меч во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/stotitsi-politsajtsi-helikopter-i-dronovi-se-angazhirani-za-deneshniot-mech-vo-atina-megu-panatinaikos-i-marsej/ Wed, 09 Aug 2023 10:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=670338

Под драконски безбедносни мерки, со стотици полицајци, хеликоптер, дронови и темелни контроли ќе се одржи денешниот фудбалски натпревар во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј, со цел да се избегнат нови инциденти и нови судири меѓу навивачите, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, рано утрово во полицијата бил одржан вонреден состанок за оперативниот план и мерките во пресрет на натпреварот во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони.

Иако постои одлуката на УЕФА за забрана на гостинските навивачи да пристигнат во Атина, сепак по завчерашните инциденти и убиството на навивачот на АЕК, безбедносните мерки во грчката престолнина вечерва се очекува да бидат драконски.

Дополнителна загриженост претставува и фактот што навивачите на Марсеј се збратимени со оние на АЕК, исто како што се збратимени навивачите на Панатинаикос со оние на Динамо Загреб.

Медиумите во Грција пишуваат дека веќе се мобилизирани дополнителни полициски сили од останатите грчки градови, во делот околу стадионот ќе бидат создадени безбедносни зони за контрола, ќе се вршат проверки на пешаци, автомобили и метро станици, а ситуацијата ќе се следи и од воздух со помош на дронови и хеликоптер.

Денешниот натпревар, како и оној меѓу АЕК и Динамо Загреб што требаше да се одигра вчера, УЕФА ги карактеризираше како натпревари од висок ризик, поради што и беше донесена одлуката за забрана на гостинските навивачи да патуваат во Атина.

Забраната не спречи група од 150-200 навивачи на Динамо Загреб да поминат над 1.400 километри и поради пропустите на грчката полиција да стигнат и во Атина и пред стадионот на АЕК, каде што и беше убиен 29-годишниот навивач.

Токму затоа, во пресрет на вечерашниот натпревар, според медиумите во Грција, зголемена е контролата и на автопатите во земјата за да се спречи пристигнување на француски навивачи во Атина.

The post Стотици полицајци, хеликоптер и дронови се ангажирани за денешниот меч во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј appeared first on Република.

]]>

Под драконски безбедносни мерки, со стотици полицајци, хеликоптер, дронови и темелни контроли ќе се одржи денешниот фудбалски натпревар во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј, со цел да се избегнат нови инциденти и нови судири меѓу навивачите, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, рано утрово во полицијата бил одржан вонреден состанок за оперативниот план и мерките во пресрет на натпреварот во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони. Иако постои одлуката на УЕФА за забрана на гостинските навивачи да пристигнат во Атина, сепак по завчерашните инциденти и убиството на навивачот на АЕК, безбедносните мерки во грчката престолнина вечерва се очекува да бидат драконски. Дополнителна загриженост претставува и фактот што навивачите на Марсеј се збратимени со оние на АЕК, исто како што се збратимени навивачите на Панатинаикос со оние на Динамо Загреб. Медиумите во Грција пишуваат дека веќе се мобилизирани дополнителни полициски сили од останатите грчки градови, во делот околу стадионот ќе бидат создадени безбедносни зони за контрола, ќе се вршат проверки на пешаци, автомобили и метро станици, а ситуацијата ќе се следи и од воздух со помош на дронови и хеликоптер. Денешниот натпревар, како и оној меѓу АЕК и Динамо Загреб што требаше да се одигра вчера, УЕФА ги карактеризираше како натпревари од висок ризик, поради што и беше донесена одлуката за забрана на гостинските навивачи да патуваат во Атина. Забраната не спречи група од 150-200 навивачи на Динамо Загреб да поминат над 1.400 километри и поради пропустите на грчката полиција да стигнат и во Атина и пред стадионот на АЕК, каде што и беше убиен 29-годишниот навивач. Токму затоа, во пресрет на вечерашниот натпревар, според медиумите во Грција, зголемена е контролата и на автопатите во земјата за да се спречи пристигнување на француски навивачи во Атина.

The post Стотици полицајци, хеликоптер и дронови се ангажирани за денешниот меч во Атина меѓу Панатинаикос и Марсеј appeared first on Република.

]]>
Пукотница во Марсеј: Убиени се три момчиња пред ноќен клуб, напаѓачите се во бегство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pukotnitsa-vo-marsej-ubieni-se-tri-momchina-pred-noken-klub-napagachite-se-vo-begstvo/ Sun, 21 May 2023 16:27:55 +0000 https://republika.mk/?p=643310

Тројца млади мажи ноќеска се убиени во престрелка во 11-тиот округ на Марсеј, објавуваат француските медиуми.

Во нивното возило било пукано од калашников околу пет часот на 500 метри од ноќниот клуб „Мајами“.

Околу 5 часот и 10 минути автомобил со пет мажи застанал на „Булевар д ла Пом“, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Марсеј. Двајцата мажи излегле од возилото, а потоа едно или повеќе лица пукале во автомобилот.

Тие потоа се вратиле во возилото и откриле дека нивните пријатели се повредени, веднаш биле пренесени во болница, но во меѓувреме починале. По пукањето, напаѓачот или напаѓачите побегнале со својот автомобил, кој подоцна бил пронајден изгорен во Обања.

Жртвите се од градот Феликс Пијата. На местото на настанот излегол и началникот на полицијата на Буш ду Рон. Полицијата соопшти дека во Марсеј има сѐ повеќе жртви во судирите меѓу бандите поврзани со дрога, пренесе „Франс 24“.

The post Пукотница во Марсеј: Убиени се три момчиња пред ноќен клуб, напаѓачите се во бегство appeared first on Република.

]]>

Тројца млади мажи ноќеска се убиени во престрелка во 11-тиот округ на Марсеј, објавуваат француските медиуми. Во нивното возило било пукано од калашников околу пет часот на 500 метри од ноќниот клуб „Мајами“. Околу 5 часот и 10 минути автомобил со пет мажи застанал на „Булевар д ла Пом“, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Марсеј. Двајцата мажи излегле од возилото, а потоа едно или повеќе лица пукале во автомобилот. Тие потоа се вратиле во возилото и откриле дека нивните пријатели се повредени, веднаш биле пренесени во болница, но во меѓувреме починале. По пукањето, напаѓачот или напаѓачите побегнале со својот автомобил, кој подоцна бил пронајден изгорен во Обања. Жртвите се од градот Феликс Пијата. На местото на настанот излегол и началникот на полицијата на Буш ду Рон. Полицијата соопшти дека во Марсеј има сѐ повеќе жртви во судирите меѓу бандите поврзани со дрога, пренесе „Франс 24“.

The post Пукотница во Марсеј: Убиени се три момчиња пред ноќен клуб, напаѓачите се во бегство appeared first on Република.

]]>
Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osum-litsa-verojatno-se-zaginati-pod-urnatinite-na-dvete-zgradi-vo-marsej/ Mon, 10 Apr 2023 06:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=629234

Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти.

Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс.

Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите и тој се уште не е под контрола, рече таа.

Пет лица се пренесени во болница со сериозни повреди, што но не опасни по животот.

Третата зграда делумно е урната, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој го посети местото на несреќата.

Тој додаде дека 30 згради во областа се евакуирани.

Министерот за домување Оливие Клајн изјави за радио Европа 1 дека околу 180 луѓе се евакуирани.

Колку што е познато зградите што се урнаа на улицата „Тиволи“ немаа структурни проблеми, додаде обвинителката.

The post Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј appeared first on Република.

]]>

Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти. Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс. Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите и тој се уште не е под контрола, рече таа. Пет лица се пренесени во болница со сериозни повреди, што но не опасни по животот. Третата зграда делумно е урната, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој го посети местото на несреќата. Тој додаде дека 30 згради во областа се евакуирани. Министерот за домување Оливие Клајн изјави за радио Европа 1 дека околу 180 луѓе се евакуирани. Колку што е познато зградите што се урнаа на улицата „Тиволи“ немаа структурни проблеми, додаде обвинителката.

The post Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј appeared first on Република.

]]>
Oваа полицајка со огромен задник ги уапси најпознатите стоматолози во Марсеј https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ovaa-policajka-so-ogromen-zadnik-gi-uapsi-najpoznatite-stomatolozi-vo-marsej/ Sun, 18 Sep 2022 13:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=551976

Франција е шокирана од веста за двајца стоматолози - татко и син кои беа уапсени поради несовесно лекување. Имено, Жан-Клод Карно и неговиот син Лајонел Гејџ од Марсеј беа прогласени за виновни за обезличување на стотици пациенти во текот на шест години, правејќи целосно непотребни третмани и вадејќи им заби без вистинска медицинска причина.

 

Вниманието на јавноста го привлече полицајката која ги приведе стоматолозите, а сето тоа поради нејзините бујни облини во тесна униформа. Станува збор за Надин Џеласи од Ница, која моментално е вработена во полициската станица во Марсеј.

The post Oваа полицајка со огромен задник ги уапси најпознатите стоматолози во Марсеј appeared first on Република.

]]>

Франција е шокирана од веста за двајца стоматолози - татко и син кои беа уапсени поради несовесно лекување. Имено, Жан-Клод Карно и неговиот син Лајонел Гејџ од Марсеј беа прогласени за виновни за обезличување на стотици пациенти во текот на шест години, правејќи целосно непотребни третмани и вадејќи им заби без вистинска медицинска причина.   Вниманието на јавноста го привлече полицајката која ги приведе стоматолозите, а сето тоа поради нејзините бујни облини во тесна униформа. Станува збор за Надин Џеласи од Ница, која моментално е вработена во полициската станица во Марсеј.

The post Oваа полицајка со огромен задник ги уапси најпознатите стоматолози во Марсеј appeared first on Република.

]]>