марковски компани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/markovski-kompani/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Feb 2024 10:24:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png марковски компани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/markovski-kompani/ 32 32 Како да е индиска серија: Нова епизода од „милионски тендер во РЕК Битола за Марковски компани“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kako-da-e-indiska-serija-nova-epizoda-od-milionski-tender-vo-rek-bitola-za-markovski-kompani/ Sat, 17 Feb 2024 10:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=745082

Во АД ЕСМ продолжуваат епизодите со милионските договори за јавни набавки со нивната омилена фирма - МАРКОВСКИ КОМПАНИ Борче ДООЕЛ од Битола, како да се работи за индиска серија, рече на денешната прес-конференција Стевче Антевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој конзул на држава под санкции на ЕУ изминативе години додека СДС и ДУИ се власт свртел стотици и стотици милиони евра тендери во РЕК Битола. После оние 150 милиони евра кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави пред два дена, следуваат нови 4 милиони евра. Власта во заминување направи пепел, народните пари безмилосно ги троши. Но, после изборите на 8-ми мај одговорност ќе има за сите кои се огрешиле пред правдата. Имено, пред два дена објавивме дека власта во заминување на СДС и ДУИ непосредно пред избори подготвува два тендери во РЕК Битола од 9 милијарди денари. Седум години РЕК Битола е „непресушен“ рудник за богатење на олигарсите на ДУИ и СДС. Во изминативе години ЕСМ потроши стотици милиони евра на тендери за ископ на јаглен и ангажирање помошна механизација во четири очи. И покрај тоа што СДС дојдоа на власт со ветување дека ЕСМ ќе набави сопствена механизација за да се намалат трошоците за ангажман на надворешни компании, тоа не се реализира, рече Антевски.

Потенцира дека од овие мултимилионски јавни набавки на ЕСМ во изминатиов период најголеми придобивки имаа неколку компании, најчесто на тајкуните од земјите блиски до Русија и блиски до фамилијата на екс премиерот.

Најпрво СДС и ДУИ на мала врата, незаконски и на сила сакаат да спроведат тендер за набавка и увоз на јаглен од 6 милијарди денари, со кој ќе доделат тендер за ископ на јаглен и јаловина на омилена фирма на еден конзул на земја под санкции на ЕУ. Потоа следеше нов тендер од 46 милиони евра, за сега да следи трет тендер во висина од 4 милион евра. „Европскиот фронт“ е само на хартија, а во реалноста оваа власт дава милиони на бизнисмени поврзани со Русија и нивни сателити. После победата на 8-ми мај и формирањето на новата Влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ветуваме дека за секој што се огрешил пред законот ќе има одговорност. Уште еднаш ги предупредуваме и сите инволвирани во подготовката на оваа КРАЖБА НА МИЛИЈАРДИ НАРОДНИ ПАРИ да размислат што потпишуваат, бидејќи никој нема да биде поштеден од одговорност за подготвување и потпишување на вакви криминални ЈАВНИ НАБАВКИ!, порача Антевски.

The post Како да е индиска серија: Нова епизода од „милионски тендер во РЕК Битола за Марковски компани“ appeared first on Република.

]]>

Договорот е за година и пол, затоа е повисок износот, се брани СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dogovorot-e-za-godina-i-pol-zatoa-e-povisok-iznosot-se-brani-sdsm/ Sun, 27 Nov 2022 15:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=578739

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза – одговара СДСМ на прес-конференцијта на ВМРО-ДПМНЕ на која оваа партија обвини дека РЕК Битола склучил договор за ископ на јаглен за 20 милиони евра со фирма која била единствен понудувач и за сума за 7 милиони евра повисока од ланската.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/tender-od-20-milioni-evra-za-markovski-kompani-istiot-dogovor-lani-go-chinel-rek-bitola-13-milioni/

ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите кои ги пласира на штета на интересите на граѓаните и на штета на македонскиот енергетски систем. Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2023 и следната грејна сеозна, 2023/2024. Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона.

На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е битна енергетиката, за време на 11 години владеење на оваа партија, цената на струјата се зголеми за 100 отсто, а не беше изграден ниту еден нов енергетски капацитет во државата. Затоа денес оваа партија нема кредибилитет да зборува за енергетика“ – се вели во реакцијата на СДСМ.

The post Договорот е за година и пол, затоа е повисок износот, се брани СДСМ appeared first on Република.

]]>

Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза – одговара СДСМ на прес-конференцијта на ВМРО-ДПМНЕ на која оваа партија обвини дека РЕК Битола склучил договор за ископ на јаглен за 20 милиони евра со фирма која била единствен понудувач и за сума за 7 милиони евра повисока од ланската. https://republika.mk/vesti/ekonomija/tender-od-20-milioni-evra-za-markovski-kompani-istiot-dogovor-lani-go-chinel-rek-bitola-13-milioni/
ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите кои ги пласира на штета на интересите на граѓаните и на штета на македонскиот енергетски систем. Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2023 и следната грејна сеозна, 2023/2024. Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона. На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е битна енергетиката, за време на 11 години владеење на оваа партија, цената на струјата се зголеми за 100 отсто, а не беше изграден ниту еден нов енергетски капацитет во државата. Затоа денес оваа партија нема кредибилитет да зборува за енергетика“ – се вели во реакцијата на СДСМ.

The post Договорот е за година и пол, затоа е повисок износот, се брани СДСМ appeared first on Република.

]]>
Тендер од 20 милиони евра за „Марковски компани“, истиот договор лани го чинел РЕК Битола 13 милиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tender-od-20-milioni-evra-za-markovski-kompani-istiot-dogovor-lani-go-chinel-rek-bitola-13-milioni/ Sun, 27 Nov 2022 15:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=578736

Стевче Антовски од Коминсијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ обвини денеска дека а 22 ноември годинава РЕК Битола склучил коруптивен договор во висина од 20 милиони евра.

На тендерот со еден понудувач „Марковски компани”, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума – токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат. Најстрашно е што кога имало конкуренција, во претходната 2021 година, за истата услуга на истиот оглас во договор од 24 јуни 2021 година во РЕК Битола платиле 13 милиони евра што е за 7 милиони евра помалку. Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13,5 милиони евра паднала на 13 милиони евра т.е. имало намалување од половина милион евра. Како е можно за истиот тендер лани РЕК Битола да платил 13 милиони евра, а оваа година 20 милиони евра, цели 7 милиони евра повеќе – праша Антовски на прес-конференција.

Тој обвинува дека при реализација на овие тендери истиот камион неколку пати поминувал на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен, и за истиот товар се наплаќало односно се фактурирало неколкукратно.

Ова е сликата за македонската енергетика раководена од СДСМ и ДУИ, која сигурно ја носи државата во распад, го достигнува дното со измами, рекетирање и енормно осиромашување на македонскиот народ – рече Антовски.

The post Тендер од 20 милиони евра за „Марковски компани“, истиот договор лани го чинел РЕК Битола 13 милиони appeared first on Република.

Уште еден милионски тендер за „Марковски компани“ без оглас од ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ushte-eden-milionski-tender-za-markovski-kompani-bez-oglas-od-esm/ Mon, 14 Feb 2022 18:29:41 +0000 https://republika.mk/?p=458543

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ (ЕЛЕМ) спроведе уште една тендерска постапка по пат на директни преговори без претходно објавување на оглас за ангажирање на помошна механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола, открива „Фокус“. Според податоците од Бирото за јавни набавки, во рамки на оваа тендерска постапка, врз основа на рамковни спогодби, АД ЕСМ месецов склучи договори за ангажирање на помошна механизација со 3 компании, чија вкупна вредност изнесува над 230 милиони денари или околу 3,7 милиони евра.

Од државната компанија за производство на струја за порталот објаснуваат дека одлучиле да ја применат помалку транспарентната тендерска постапка со директни преговори без објавување на оглас, наместо вообичаената отворена постапка, поради крајна итност.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/markovski-kompani-dobi-tender-za-iskop-na-jalovina-vo-rek-bitola-vreden-5-5-milioni-evra/

Итноста од потребата за реализација на оваа набавка е во насока на одржување на стабилноста на производството на планирани количини јаглен, но и за сите дополнителни планови за производство на јаглен кои во моментот беа неопходни да се изработат со цел олеснување на енергетската криза во која се наоѓа нашата земја, стои во образложението на компанијата.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kako-opozicija-obvinuva-za-edno-kako-direktor-od-istata-firma-narachuva-tenderishte-od-6-milioni/

Од таму посочуваат дека енергетската криза, чиј максимум доправа се очекува, налага брзо да се реагира во поглед на снабдување на доволни количини на јаглен за работа на термоелектраните во РЕК Битола.

Моменталната состојба со отежнати услови за реализација на потребните количини на јаглен поради недостатокот од бараната помошна механизација, а со тоа и обезбедување на потребните количини на електрична енергија во моменти на енергетска криза, бараат итна реакција…, велат од таму.

https://republika.mk/vesti/makedonija/esm-vo-itna-postapka-bez-tender-ja-izbra-markovski-da-kopa-jaglen-za-18-milioni-evra-za-edna-godina/

Повеќе на „Фокус

The post Уште еден милионски тендер за „Марковски компани“ без оглас од ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Државната компанија за производство на струја АД ЕСМ (ЕЛЕМ) спроведе уште една тендерска постапка по пат на директни преговори без претходно објавување на оглас за ангажирање на помошна механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола, открива „Фокус“. Според податоците од Бирото за јавни набавки, во рамки на оваа тендерска постапка, врз основа на рамковни спогодби, АД ЕСМ месецов склучи договори за ангажирање на помошна механизација со 3 компании, чија вкупна вредност изнесува над 230 милиони денари или околу 3,7 милиони евра. Од државната компанија за производство на струја за порталот објаснуваат дека одлучиле да ја применат помалку транспарентната тендерска постапка со директни преговори без објавување на оглас, наместо вообичаената отворена постапка, поради крајна итност. https://republika.mk/vesti/ekonomija/markovski-kompani-dobi-tender-za-iskop-na-jalovina-vo-rek-bitola-vreden-5-5-milioni-evra/
Итноста од потребата за реализација на оваа набавка е во насока на одржување на стабилноста на производството на планирани количини јаглен, но и за сите дополнителни планови за производство на јаглен кои во моментот беа неопходни да се изработат со цел олеснување на енергетската криза во која се наоѓа нашата земја, стои во образложението на компанијата.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/kako-opozicija-obvinuva-za-edno-kako-direktor-od-istata-firma-narachuva-tenderishte-od-6-milioni/ Од таму посочуваат дека енергетската криза, чиј максимум доправа се очекува, налага брзо да се реагира во поглед на снабдување на доволни количини на јаглен за работа на термоелектраните во РЕК Битола.
Моменталната состојба со отежнати услови за реализација на потребните количини на јаглен поради недостатокот од бараната помошна механизација, а со тоа и обезбедување на потребните количини на електрична енергија во моменти на енергетска криза, бараат итна реакција…, велат од таму.
https://republika.mk/vesti/makedonija/esm-vo-itna-postapka-bez-tender-ja-izbra-markovski-da-kopa-jaglen-za-18-milioni-evra-za-edna-godina/ Повеќе на „Фокус

The post Уште еден милионски тендер за „Марковски компани“ без оглас од ЕСМ appeared first on Република.

]]>