Марко Виденовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-videnovikj/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 08:15:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Виденовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-videnovikj/ 32 32 Стихозбирката „Будење“ на Марко Виденовиќ ќе се промовира в сабота во „Бифе Тафталиџе“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/stihozbirkata-budene-na-marko-videnovik-ke-se-promovira-v-sabota-vo-bife-taftalidhe/ Fri, 15 Mar 2024 13:57:52 +0000 https://republika.mk/?p=755009

Јас само го запишувам она што го чувствувам и од душата си препишувам. Можеби сум крадец, ама од друг не земам туку од своето споделувам, вели поетот Марко Виденовиќ, чија трета стихозбирка „Будење“ светлината на денот ќе ја здоглед в сабота, точно напладне во „Бифе Тафталиџе“, во скопската општина Карпош.

– В сабота, во 12 часот напладне нема да пристигне календарската пролет, таа ќе дојде неколку дена подоцна. Но в сабота, во 12 часот, на сончевата тераса во „Бифе Тафталиџе“, денот ќе го види мојата нова стихозбирка која е насловена „Будење“. Во неа има песни од и за секој од вас. Во ова време на напредна технологија која ни овозможува да бидеме заедно и тогаш кога сме разделени, имаме можност само да прочитаме едни за други и понекогаш навистина да дознаеме за тоа кој како се чувствува, а во останатите случаеви само да претпоставуваме. Во сето тоа напредно секојдневие ние се одвикнавме да сонуваме, и кога спиеме, а и тогаш кога не спиеме. Нашите средби еден спроти друг се сведени на минимум, разговорите се водат со пишување, но без мирис на хартија, без допир и поглед, без никаква емоција. Ете токму поради сето ова се роди стихозбирката „Будење“ за која го молам Бога и се надевам дека ќе допре до заспаните души и мисли, и ќе ги натера да се разбудат од тој кошмарен сон. Ќе ми биде чест и неописливо задоволство да се видиме на 16 март во 12 часот, кај Шоте во „Бифе Тафталиџе“, да си помуабетиме додека сонцето ќе нѐ гали – напиша Марко Виденовиќ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, како покана до сите љубители на убавиот збор да дојдат на неговата промоција.

Ова е негова трета збирка поезија. Инаку, Виденовиќ по професија е музичар, чија прва љубов била виолината, а сега е водач на виолите во Македонска филхармонија. Воедно членува и во други состави, а и компонира музиката. Љубовта кон пишаниот збор кај него се јавила во 2018 година, кога своите први песни почнал да ги споделува на социјалните мрежи. Како што вели, кај него љубовта кон музиката и кон пушувањето се прелеваат.

Главен иницијатор и поттикнувач за издавањето на збирката „Будење“ е Саша Шотаревски – Шоте, газдата на култното „Бифе Тафталиџе“. Рецензент на книгата е Ана Бунтевска, корицата на „Будење“ е на Милан Андов, а илустрациите во книгата се на Снегана Мелник. Сепак, како што велат, најзаслужен што книгата виде бел ден е Сашо Јовчевски.

Промоцијата во сабота е замислена како неформално дружење, со читање на песните, и размена на убава неергија. Книгата ќе може да се купи на промоцијата, а секако и да се добие потпис од авторот, а ќе може да се набави и онлајн. Во план се и промоции во други градови, најпрво во Битола.

Марко Виденовиќ е роден 1980 година во Крушевац, Србија. Основното и средното музичко образование ги завршил во Битола, а високото образование го стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот виола. Како член на повеќе камерни состави и ансамбли („Бревис квартет“, „Мјузик прогресив квартет“, „Алеа“ -ансамбл за современа музика, Битолски камерен оркестар, Младински оркестар на југоисточна Европа, Оркестарот на музичка младина на Македонија, Камерен оркестар на македонска филхармонија и други) настапувал на подиумите ширум Македонија и низ светот. Свој удел како композитор и аранжер остварил во Филмовите „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“. Тој е и комплетен автор на музика која ја изведува Мјузик прогресив квартет.

По музиката, негова втора пасија било цртањето карикатури, што траело неколку години, се додека не почнал да пишува позеија.

– Спојот помеѓу музиката, цртањето и пишувањето е можноста на искажувањето на сето она што сакате да го споделите, да си олесните, да развеселите некого и да му олесните. Секој треба да пронајде начин на себеискажување, бидејќи секој во себе носи нешто убаво кое некому би му помогнало во одреден период од животот и себично, а и жално е тие нешта да ги задржиме во себе – вели Марко Виденовиќ.

The post Стихозбирката „Будење“ на Марко Виденовиќ ќе се промовира в сабота во „Бифе Тафталиџе“ appeared first on Република.

]]>

Јас само го запишувам она што го чувствувам и од душата си препишувам. Можеби сум крадец, ама од друг не земам туку од своето споделувам, вели поетот Марко Виденовиќ, чија трета стихозбирка „Будење“ светлината на денот ќе ја здоглед в сабота, точно напладне во „Бифе Тафталиџе“, во скопската општина Карпош. – В сабота, во 12 часот напладне нема да пристигне календарската пролет, таа ќе дојде неколку дена подоцна. Но в сабота, во 12 часот, на сончевата тераса во „Бифе Тафталиџе“, денот ќе го види мојата нова стихозбирка која е насловена „Будење“. Во неа има песни од и за секој од вас. Во ова време на напредна технологија која ни овозможува да бидеме заедно и тогаш кога сме разделени, имаме можност само да прочитаме едни за други и понекогаш навистина да дознаеме за тоа кој како се чувствува, а во останатите случаеви само да претпоставуваме. Во сето тоа напредно секојдневие ние се одвикнавме да сонуваме, и кога спиеме, а и тогаш кога не спиеме. Нашите средби еден спроти друг се сведени на минимум, разговорите се водат со пишување, но без мирис на хартија, без допир и поглед, без никаква емоција. Ете токму поради сето ова се роди стихозбирката „Будење“ за која го молам Бога и се надевам дека ќе допре до заспаните души и мисли, и ќе ги натера да се разбудат од тој кошмарен сон. Ќе ми биде чест и неописливо задоволство да се видиме на 16 март во 12 часот, кај Шоте во „Бифе Тафталиџе“, да си помуабетиме додека сонцето ќе нѐ гали – напиша Марко Виденовиќ на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, како покана до сите љубители на убавиот збор да дојдат на неговата промоција.
Ова е негова трета збирка поезија. Инаку, Виденовиќ по професија е музичар, чија прва љубов била виолината, а сега е водач на виолите во Македонска филхармонија. Воедно членува и во други состави, а и компонира музиката. Љубовта кон пишаниот збор кај него се јавила во 2018 година, кога своите први песни почнал да ги споделува на социјалните мрежи. Како што вели, кај него љубовта кон музиката и кон пушувањето се прелеваат. Главен иницијатор и поттикнувач за издавањето на збирката „Будење“ е Саша Шотаревски – Шоте, газдата на култното „Бифе Тафталиџе“. Рецензент на книгата е Ана Бунтевска, корицата на „Будење“ е на Милан Андов, а илустрациите во книгата се на Снегана Мелник. Сепак, како што велат, најзаслужен што книгата виде бел ден е Сашо Јовчевски. Промоцијата во сабота е замислена како неформално дружење, со читање на песните, и размена на убава неергија. Книгата ќе може да се купи на промоцијата, а секако и да се добие потпис од авторот, а ќе може да се набави и онлајн. Во план се и промоции во други градови, најпрво во Битола.
Марко Виденовиќ е роден 1980 година во Крушевац, Србија. Основното и средното музичко образование ги завршил во Битола, а високото образование го стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот виола. Како член на повеќе камерни состави и ансамбли („Бревис квартет“, „Мјузик прогресив квартет“, „Алеа“ -ансамбл за современа музика, Битолски камерен оркестар, Младински оркестар на југоисточна Европа, Оркестарот на музичка младина на Македонија, Камерен оркестар на македонска филхармонија и други) настапувал на подиумите ширум Македонија и низ светот. Свој удел како композитор и аранжер остварил во Филмовите „Трето полувреме“ и „Балканот не е мртов“. Тој е и комплетен автор на музика која ја изведува Мјузик прогресив квартет. По музиката, негова втора пасија било цртањето карикатури, што траело неколку години, се додека не почнал да пишува позеија. – Спојот помеѓу музиката, цртањето и пишувањето е можноста на искажувањето на сето она што сакате да го споделите, да си олесните, да развеселите некого и да му олесните. Секој треба да пронајде начин на себеискажување, бидејќи секој во себе носи нешто убаво кое некому би му помогнало во одреден период од животот и себично, а и жално е тие нешта да ги задржиме во себе – вели Марко Виденовиќ.

The post Стихозбирката „Будење“ на Марко Виденовиќ ќе се промовира в сабота во „Бифе Тафталиџе“ appeared first on Република.

]]>
Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/marko-videnovikj-sekoj-stih-od-do-sto-i-edna-i-nazad-e-del-od-mojata-dusha/ Mon, 16 May 2022 08:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=502779

Промоцијата на книгата „До сто и една и назад“ од музичарот и поет Марко Виденовиќ, беше придружена со познати музички имиња: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано), актерката Драгана Левенска ја изведе „Понекогаш на тебе помислувам“, а оперскиот пејач Игор Дурловски ја читаше „Убав човек“ (во придружба на виолончело и клавир) и Часлав Митрички, кој ја интерпретираше „Аполон“ (придружуван од обоа и клавир). На крајот, повторно настапи Левенска, која во придружба на виолина и клавир ја прочита „Лечебна“.

Промоторка на книгата, која е во издание на „Попули“, беше уредничката Татјана Димовска-Атанасова, која истакна дека „стиховите во збирката поезија ’До сто и една и назад‘, која е во издание на ’Попули‘, пулсираат од љубов. Авторот ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до сто и една и назад“.

Виденовиќ, кој покрај својата богата музичка кариера и настапите во Македонската филхармонија, изминативе неколку години е популарен и како поет. Преку својот профил на „Фејсбук“ често споделува стихови, а селекција од нив се најде во „До сто и една и назад“. Повеќето од песни се создадени во изминативе две години, но има песни што се напишани и пред тоа.

Секоја од овие сто и една песна се дел од мојата душа, поточно, мојата душа е во секоја од овие песни. Некако природно се споени во една целина, односно да се прелеваат една во друга и на тој начин можат да се доживеат како една песна. Тука има љубов за многу души, за мојата сопруга, мојот син, моите родители, мојата сестра, внуки, внуци, нивните мајки и татковци, баби и дедовци, има љубов за моите пријатели, за моите две татковини – Македонија и Србија. Буквално има љубов за секого, а бидејќи јас стојам на тоа, дека сите ние, луѓето, сме исти или многу слични, со тоа што кај некои љубовта сјае, а кај некои спие, значи дека сите сме една целина какви се и песните што сум ги напишал... „Да не се родев, не ќе знаев што е љубов. Да не љубев, не ќе знаев што е живот“, ова е пораката што јас ја разбрав, а пред неа, јас умирав... Исто така, овие песни се посветени и на оние што не ги познавам лично, а сепак читајќи ги, ќе се пронајдат во нив – изјави Марко Виденовиќ.

Тој секојдневно објавува стихови на социјалните мрежи: Вели дека така остварува директен контакт со своите читатели. Од нов добива пофалби, критики, но и конструктивни сугестии и коментари

 

Морам да признам дека објавите на социјалните мрежи ми се огромна сатисфакција во моето пишување. Од друга страна, јас сум тип на човек кој не сака електронски книги, мене ми е битен физичкиот допир со книгата, како и нејзиниот мирис. Сепак, секојдневното објавување песни, интеракцијата со читателите, како и нивните реакции на песните се од голема полза и тоа е нешто што веднаш не би можел да го знае авторот доколку не е активен на социјалните мрежи. На пример, во една ситуација добив коментар од една моја читателка дека сум ги изгубил позитивните песни и мисли. Таа изрази жалење дека со моите тогашни песни ја загубила и последната надеж што сум ѝ ја давал додека ме читала. Се разбира дека тоа навистина ме погоди и, навраќајќи се наназад и читајќи ги песните што сум ги објавувал, забележав дека сум почнал да мрачам. Решението беше едноставно, беше потребно само да ја разбудам љубовта. Инспирација да се пишува за љубовта има буквално насекаде. Неа можев да ја најдам од моето семејство, природата, па дури и од туѓи искуства во секојдневието, дали тоа било гледајќи некој пар низ улиците како се прегрнува или читајќи најобичен статус на социјалните мрежи. Тогаш си зададов цел да посакам секому љубов „До сто и една и назад“, а со љубовта неизбежни се вербата и надежта – изјави тој.

На крајот, прави паралела со двете негови пасии – музиката и поезијата, велејќи дека овие две уметности се испреплетуваат во неговиот живот.

Музиката и поезијата се типичен пример за симбиоза. Зад секоја безвременска композиција мора да постои иста таква песна и обратно. Музиката го движи животот, а поезијата го испишува, доколку кое било од овие две не постои во некој живот, тогаш тоа значи дека тој живот веќе згаснал. Како растеме и созреваме, во зависност од тоа како созреваме духовно, таква поезија читаме и таква музика слушаме, така што таа поврзаност е нераскинлива- рече Виденовиќ.

The post Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа appeared first on Република.

]]>

Промоцијата на книгата „До сто и една и назад“ од музичарот и поет Марко Виденовиќ, беше придружена со познати музички имиња: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано), актерката Драгана Левенска ја изведе „Понекогаш на тебе помислувам“, а оперскиот пејач Игор Дурловски ја читаше „Убав човек“ (во придружба на виолончело и клавир) и Часлав Митрички, кој ја интерпретираше „Аполон“ (придружуван од обоа и клавир). На крајот, повторно настапи Левенска, која во придружба на виолина и клавир ја прочита „Лечебна“. Промоторка на книгата, која е во издание на „Попули“, беше уредничката Татјана Димовска-Атанасова, која истакна дека „стиховите во збирката поезија ’До сто и една и назад‘, која е во издание на ’Попули‘, пулсираат од љубов. Авторот ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до сто и една и назад“. Виденовиќ, кој покрај својата богата музичка кариера и настапите во Македонската филхармонија, изминативе неколку години е популарен и како поет. Преку својот профил на „Фејсбук“ често споделува стихови, а селекција од нив се најде во „До сто и една и назад“. Повеќето од песни се создадени во изминативе две години, но има песни што се напишани и пред тоа.
Секоја од овие сто и една песна се дел од мојата душа, поточно, мојата душа е во секоја од овие песни. Некако природно се споени во една целина, односно да се прелеваат една во друга и на тој начин можат да се доживеат како една песна. Тука има љубов за многу души, за мојата сопруга, мојот син, моите родители, мојата сестра, внуки, внуци, нивните мајки и татковци, баби и дедовци, има љубов за моите пријатели, за моите две татковини – Македонија и Србија. Буквално има љубов за секого, а бидејќи јас стојам на тоа, дека сите ние, луѓето, сме исти или многу слични, со тоа што кај некои љубовта сјае, а кај некои спие, значи дека сите сме една целина какви се и песните што сум ги напишал... „Да не се родев, не ќе знаев што е љубов. Да не љубев, не ќе знаев што е живот“, ова е пораката што јас ја разбрав, а пред неа, јас умирав... Исто така, овие песни се посветени и на оние што не ги познавам лично, а сепак читајќи ги, ќе се пронајдат во нив – изјави Марко Виденовиќ.
Тој секојдневно објавува стихови на социјалните мрежи: Вели дека така остварува директен контакт со своите читатели. Од нов добива пофалби, критики, но и конструктивни сугестии и коментари  
Морам да признам дека објавите на социјалните мрежи ми се огромна сатисфакција во моето пишување. Од друга страна, јас сум тип на човек кој не сака електронски книги, мене ми е битен физичкиот допир со книгата, како и нејзиниот мирис. Сепак, секојдневното објавување песни, интеракцијата со читателите, како и нивните реакции на песните се од голема полза и тоа е нешто што веднаш не би можел да го знае авторот доколку не е активен на социјалните мрежи. На пример, во една ситуација добив коментар од една моја читателка дека сум ги изгубил позитивните песни и мисли. Таа изрази жалење дека со моите тогашни песни ја загубила и последната надеж што сум ѝ ја давал додека ме читала. Се разбира дека тоа навистина ме погоди и, навраќајќи се наназад и читајќи ги песните што сум ги објавувал, забележав дека сум почнал да мрачам. Решението беше едноставно, беше потребно само да ја разбудам љубовта. Инспирација да се пишува за љубовта има буквално насекаде. Неа можев да ја најдам од моето семејство, природата, па дури и од туѓи искуства во секојдневието, дали тоа било гледајќи некој пар низ улиците како се прегрнува или читајќи најобичен статус на социјалните мрежи. Тогаш си зададов цел да посакам секому љубов „До сто и една и назад“, а со љубовта неизбежни се вербата и надежта – изјави тој.
На крајот, прави паралела со двете негови пасии – музиката и поезијата, велејќи дека овие две уметности се испреплетуваат во неговиот живот.
Музиката и поезијата се типичен пример за симбиоза. Зад секоја безвременска композиција мора да постои иста таква песна и обратно. Музиката го движи животот, а поезијата го испишува, доколку кое било од овие две не постои во некој живот, тогаш тоа значи дека тој живот веќе згаснал. Како растеме и созреваме, во зависност од тоа како созреваме духовно, таква поезија читаме и таква музика слушаме, така што таа поврзаност е нераскинлива- рече Виденовиќ.

The post Марко Виденовиќ: Секој стих од „До сто и една и назад“ е дел од мојата душа appeared first on Република.

]]>
Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichka-promocija-na-stihozbirkata-do-sto-i-edna-i-nazad-od-marko-videnovikj/ Tue, 10 May 2022 08:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=500261

На 12 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи музички настап и промоција на книгата „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ.

Стиховите во збирката поезија „До сто и една и назад“, која е во издание на „Попули“, пулсираат од љубов. Тој ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до „сто и една и назад“.

Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап и рецитал на познати уметници од нашата сцена: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано). Стихови од книгата ќе читаат: Драгана Левенска, Игор Дурловски и Часлав Митрички.

The post Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ appeared first on Република.

]]>

На 12 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи музички настап и промоција на книгата „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ. Стиховите во збирката поезија „До сто и една и назад“, која е во издание на „Попули“, пулсираат од љубов. Тој ги слави женската убавина и страстите со искрена и доживеана вдахновеност, копнежливост и восхит, онака без воздржување или навестување. Повремено, радоста ја поматуваат трепетот и стравот поради минливоста на животот, краткоста на времето, но секогаш како контрапункт тука е вечната љубов, онаа што трае до „сто и една и назад“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап и рецитал на познати уметници од нашата сцена: Анна Кондратенко (виолина), Владимир Костов (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Ива Виденовиќ (пијано). Стихови од книгата ќе читаат: Драгана Левенска, Игор Дурловски и Часлав Митрички.

The post Музичка промоција на стихозбирката „До сто и една и назад“ од Марко Виденовиќ appeared first on Република.

]]>