Марко Николиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-nikolikj/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Nov 2023 19:28:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Николиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-nikolikj/ 32 32 Марко Николиќ утре доаѓа во Скопје да го претстави својот последен студиски материјал https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/marko-nikolik-utre-doaga-vo-skopje-da-go-pretstavi-svojot-posleden-studiski-materijal/ Sat, 25 Nov 2023 21:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=716245

Марко Николиќ ќе покаже како звучи кога пее во живо! Марко Николиќ доаѓа во Скопје за утре на домашната публика, со жив настап да и го претстави својот последен студиски материјал насловен „Доѓи да те волим“.

Името на Марко Николиќ во 20 години долгата професионална музичка кариера се сретнува како автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот и на поп и на народната музика. „Доѓи да те волим“ е музички проект со 10 песни полни со љубов, романтика и нежни ноти, а кај нас тој, како што ни кажа, ќе го промовира бидејќи за Македонија го врзуваат прекрасни спомени од детството.

Македонија, нејзината историја, богатото културно наследство и музиката исклучително ги ценам и почитувам од мали нозе. Кога бев мал доаѓавме на Охридското Езеро, а во нашиот дом на прославите мама и тато често пееја македонски песни. Не можам да не го споменам ниту Тоше Проески, кој, според мене, беше и остана најдобриот пејач на овие простори, вели Марко.

Марко, инаку е доминантен автор на овој музички проект, а меѓу имињата со кои соработувал се и Марина Туцаковиќ, Саша Милошевиќ – Маре, Билјана Спасиќ и Нада Бучевиќ.

Долго работев на овој материјал и навистина едвај чекам да го чуе публиката и да ги видам реакциите. Сум настапувал насекаде, но ете во Македонија доаѓам прв пат и навистина едвај ја чекам недела и мојот промо-настап во Трибека“, вели Марко, чија промоција е закажана за утревечер во „Трибека“ со почеток во 19:30 часот.

Неговата музичка кариера почнува уште во детството кога во дуетот Мармаја заедно со сестра му Маја Николиќ (позната пејачка и честа гостинка на нашите фестивали) настапувал по бројни детски фестивали и освоил многу награди ширум цела поранешна Југославија. Завршил музичко училиште во Ниш, каде е и роден, а во 1997 година ги започнува студиите во Грац, каде дипломирал на отсекот Џез и соло пеење. Од тогаш активно компонира и пишува текстови за некои од најголемите музички имиња во соседството како Драгана Мирковиќ, Дејан Матиќ, Бобан Рајовиќ, сестра му Маја, а неговата музика потпишува и бројни ТВ-спотови и документарни филмови. Особено е горд на музиката за документарецот за кралското семејство и дворецот Вадуз во Лихтенштајн. Во 2002 година се сели во Виена каде и денес заедно со сопругата Ана Бучевиќ, познат мотивационен говорник, и семејството живее и твори.

https://www.youtube.com/watch?v=FoiUkZvCZIM

The post Марко Николиќ утре доаѓа во Скопје да го претстави својот последен студиски материјал appeared first on Република.

]]>

Марко Николиќ ќе покаже како звучи кога пее во живо! Марко Николиќ доаѓа во Скопје за утре на домашната публика, со жив настап да и го претстави својот последен студиски материјал насловен „Доѓи да те волим“. Името на Марко Николиќ во 20 години долгата професионална музичка кариера се сретнува како автор на музика, текстови и аранжмани за хитови во светот и на поп и на народната музика. „Доѓи да те волим“ е музички проект со 10 песни полни со љубов, романтика и нежни ноти, а кај нас тој, како што ни кажа, ќе го промовира бидејќи за Македонија го врзуваат прекрасни спомени од детството.
Македонија, нејзината историја, богатото културно наследство и музиката исклучително ги ценам и почитувам од мали нозе. Кога бев мал доаѓавме на Охридското Езеро, а во нашиот дом на прославите мама и тато често пееја македонски песни. Не можам да не го споменам ниту Тоше Проески, кој, според мене, беше и остана најдобриот пејач на овие простори, вели Марко.
Марко, инаку е доминантен автор на овој музички проект, а меѓу имињата со кои соработувал се и Марина Туцаковиќ, Саша Милошевиќ – Маре, Билјана Спасиќ и Нада Бучевиќ.
Долго работев на овој материјал и навистина едвај чекам да го чуе публиката и да ги видам реакциите. Сум настапувал насекаде, но ете во Македонија доаѓам прв пат и навистина едвај ја чекам недела и мојот промо-настап во Трибека“, вели Марко, чија промоција е закажана за утревечер во „Трибека“ со почеток во 19:30 часот.
Неговата музичка кариера почнува уште во детството кога во дуетот Мармаја заедно со сестра му Маја Николиќ (позната пејачка и честа гостинка на нашите фестивали) настапувал по бројни детски фестивали и освоил многу награди ширум цела поранешна Југославија. Завршил музичко училиште во Ниш, каде е и роден, а во 1997 година ги започнува студиите во Грац, каде дипломирал на отсекот Џез и соло пеење. Од тогаш активно компонира и пишува текстови за некои од најголемите музички имиња во соседството како Драгана Мирковиќ, Дејан Матиќ, Бобан Рајовиќ, сестра му Маја, а неговата музика потпишува и бројни ТВ-спотови и документарни филмови. Особено е горд на музиката за документарецот за кралското семејство и дворецот Вадуз во Лихтенштајн. Во 2002 година се сели во Виена каде и денес заедно со сопругата Ана Бучевиќ, познат мотивационен говорник, и семејството живее и твори. https://www.youtube.com/watch?v=FoiUkZvCZIM

The post Марко Николиќ утре доаѓа во Скопје да го претстави својот последен студиски материјал appeared first on Република.

]]>