марко марк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-mark/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Nov 2022 21:48:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png марко марк Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-mark/ 32 32 Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-shto-pominavme-ottamu-novinarot-marko-mark-svedochi-za-tragedijata-na-taksim/ Sun, 13 Nov 2022 21:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=573425

„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска.

Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.

Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.

The post Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим appeared first on Република.

]]>

„Само што поминавме со моите пријатели, бевме на една мала тура на плоштадот „Таксим“, по што тргнавме на другата страна на Истанбул, да посетиме некои други знаменитости. Тогаш наеднаш дојде толку голема врвулица од сирени и амбулантни возила“, вели македонскиот радио и телевизиски водител Марко Марк во сведоштво за „Телма“ околу страотната експлозија која се случи денеска. Водителот, кој вели дека е сместен на само неколку стотици метри од местото на експлозијата, додава дека на туристите им било речено да останат во хотелите, како и дека во моментов плоштадот „Таксим“, кој е во непосредна близина на местото на нападот, е целосно блокиран. Има и други ограничувања наметнати од властите. Во центарот на Истанбул и вечерва се слушаат сирени.
Експлозијата, која турските власти ја истражуваат како терористички напад, се случи денеска нешто по пладне на улицата „Истиклал“ – популарно туристичко шеталиште кое во моментот било полно со луѓе. Загинаа шестмина луѓе, а над 80 се повредени.

The post Само што поминавме оттаму… Новинарот Марко Марк сведочи за трагедијата на Таксим appeared first on Република.

]]>