Марко Колев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-kolev/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jan 2024 17:00:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Колев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-kolev/ 32 32 Учениците оставени да смрзнуваат, а директорот ги злоупотребува за политички поени: Скандал во ООУ „Блаже Конески“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/uchenitsite-ostaveni-da-smrznuvaat-a-direktorot-gi-zloupotrebuva-za-politichki-poeni-skandal-vo-oou-blazhe-koneski/ Wed, 24 Jan 2024 12:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=736296

Исклучен котел и млаки радијатори ги преќекуваат секој ден учениците и вработените во ООУ „Блаже Конески“ во Велес, реагира градоначалникот Марко Колев, алармирајќи и дека директорот Јованче Манасков е глув за овој проблем, а нема проблем да ги злоупотреба на децата за политичките цели.

Бројни реакции од загрижени родители за состојбата со греењето во ООУ „Блаже Конески“ пристигнаа до мене поради што утрово заедно со општинските и инспекциските служби бев таму и се уверив во она од кое се плашев - незаконски поставениот директор Манасков ги злоупотребува децата за свои лични и партиски цели. Додека во јавноста се пласираат информации за наводно кратење на средства од Општината за набавка на нафта реалноста е дека во резервоарот има доволно нафта, а радијаторите се млаки бидејќи работи само едниот котел а вториот е исклучен по наредба на директорот. Ваква наредба од него имало и за забрането уклучување на дополнителни грејни тела во училниците како што било пракса во изминатите години.
Наместо организирање на воспитно образовниот процес и раководење со училиштето директорот во континуитет делува единствено против интересите на децата и за свои цели директно им наштети на околу 1100 деца и нивните семејства. Имено, минатата 2023 година поради недомаќинско планирање на буџетот ова училиште врати речиси 10 милиони денари кон државата, средства кои можеше да ги пренамени за набавка на нафта или други потребни материјали и инвестиции. Оттука, крајно неодговорно и безобразно е префрлањето вина кон Општината за прикривање на сопствената неспособност. Апелирам до дел од наставниците да не потпаѓаат под овие манипулации и да шират паника кај родителите, туку да продолжат со професионално извршување на својата работа, соопшти денеска градоначалникот.

Воедно, го повикува министерот за образование Јетон Шаќири, кој откако ги одзеде ингеренциите од Општината за ова училиште и кој му го даде мандатот на директорот, да ги испрати своите служби итно да постапат и да не дозволат и понатаму партиските интереси да бидат над добросостојбата на децата.

Родители, ве уверувам дека овој проблем ќе биде надминат, како што се надминувале секогаш во минатото кога од другата страна имало волја за комуникација и соработка, а со задолжување од инспекциите веќе од утре децата ќе учат во затоплени простории, ветува Колев.

The post Учениците оставени да смрзнуваат, а директорот ги злоупотребува за политички поени: Скандал во ООУ „Блаже Конески“ appeared first on Република.

]]>

Исклучен котел и млаки радијатори ги преќекуваат секој ден учениците и вработените во ООУ „Блаже Конески“ во Велес, реагира градоначалникот Марко Колев, алармирајќи и дека директорот Јованче Манасков е глув за овој проблем, а нема проблем да ги злоупотреба на децата за политичките цели.
Бројни реакции од загрижени родители за состојбата со греењето во ООУ „Блаже Конески“ пристигнаа до мене поради што утрово заедно со општинските и инспекциските служби бев таму и се уверив во она од кое се плашев - незаконски поставениот директор Манасков ги злоупотребува децата за свои лични и партиски цели. Додека во јавноста се пласираат информации за наводно кратење на средства од Општината за набавка на нафта реалноста е дека во резервоарот има доволно нафта, а радијаторите се млаки бидејќи работи само едниот котел а вториот е исклучен по наредба на директорот. Ваква наредба од него имало и за забрането уклучување на дополнителни грејни тела во училниците како што било пракса во изминатите години. Наместо организирање на воспитно образовниот процес и раководење со училиштето директорот во континуитет делува единствено против интересите на децата и за свои цели директно им наштети на околу 1100 деца и нивните семејства. Имено, минатата 2023 година поради недомаќинско планирање на буџетот ова училиште врати речиси 10 милиони денари кон државата, средства кои можеше да ги пренамени за набавка на нафта или други потребни материјали и инвестиции. Оттука, крајно неодговорно и безобразно е префрлањето вина кон Општината за прикривање на сопствената неспособност. Апелирам до дел од наставниците да не потпаѓаат под овие манипулации и да шират паника кај родителите, туку да продолжат со професионално извршување на својата работа, соопшти денеска градоначалникот.
Воедно, го повикува министерот за образование Јетон Шаќири, кој откако ги одзеде ингеренциите од Општината за ова училиште и кој му го даде мандатот на директорот, да ги испрати своите служби итно да постапат и да не дозволат и понатаму партиските интереси да бидат над добросостојбата на децата.
Родители, ве уверувам дека овој проблем ќе биде надминат, како што се надминувале секогаш во минатото кога од другата страна имало волја за комуникација и соработка, а со задолжување од инспекциите веќе од утре децата ќе учат во затоплени простории, ветува Колев.

The post Учениците оставени да смрзнуваат, а директорот ги злоупотребува за политички поени: Скандал во ООУ „Блаже Конески“ appeared first on Република.

]]>
Колев: Во наредниот период ќе има низа на активности поврзани со инфраструктура, спорт и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolev-vo-naredniot-period-ke-ima-niza-na-aktivnosti-povrzani-so-infrastruktura-sport-i-kultura/ Wed, 23 Aug 2023 13:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=675005

На моја покана денеска во Велес е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Денеска заедно со него и со пратеникот во Собранието, Игор Здравковски и со претседателот на советот на општина Велес, Зоран Љутков и со дел од советниците во Советот на општина Велес сакаме да ја информираме велешката јавност за неколку работи што се случуваат и допрва ќе се случуваат во наредниот период, а се поврзани со инфраструктура, спорт и култура.

Пред некаде месец, месец и пол на мој прес најавив дека левата страна од реката Вардар ќе го добие она што го заслужува по 20 години ќе се вложат сериозни финансиски средства во подобрување на патната инфраструктура зборуваме помеѓу 30 и 35 милиони денари средства од општината кои ќе бидат вложени во овие 3-4 месеци се со цел подобрување значително на инфраструктурата во овој дел на нашиот град.

Зад мене може да видите дека почнавме со реконструкција на сите улици околу пазарот се работи за темелна реконструкција со цел овој дел на нашиот град бидејќи имаме тука нов градски пазар, го имаме реконструираното училиште да добие еден урбан делна нашиот град. Тука се опфатени улиците Петре Прличков, Кресенско востание и мали улици кои го поврзуваат горниот и долниот дел на градскиот пазар.

Во непосредна е близина е улицата Киро Рогожаров која има интервенција во делот на бетонирање, улицата Ѓорги Димитров која е малце подалеку од тука која е една од најоштетените улици и ќе добие бетон зошто не може друг материјал да се гради на таа улица. Деновиве завршуваме со улица бетонирање на Јордан Џурнов и тоа што го најавивме дека Костурница и Прцорек ќе бидат споени со улиците Ганчо Хаџипанзов и Орце Шутев за овие улици имаме избрано и изведувач, надзор, целата документација е подготвена и очекуваме наредниот период да се интензивираат градежните активности.

После невремето се санира оштетувањето на улицата Орце Мартинов која ќе добие асфалт значи деновиве треба да почне таму асфалтирањето, може да се забележи дека помеѓу Стариот мост и Саат кулаат ќе има нов асфалт. Исто така работиме на бетонирање на една улица во Бузалково, деновиве треба да почнеме и една голема улица под школото во Сливник, работиме една улица и во Караслари, завршивме и една улица во Башино село и во Раштани и ќе продолжиме и во други населени места.

Утринава ја потпишав и одлуката за почнување на еден голем проект за целосно улично осветлување со лед светилки значи со овој проект се планира промена на 4.700 светилки како во централното градско подрачје така во околината, значи и во селата. Тоа значи во наредниот период се надеваме дека ќе имаме успешна постапка и успешен и договор и успешна реализација.

Градскиот пазар деновиве треба да има технички прием, се работи интензивно на финансиски средства од ЕУ на кејот на реката Вардар околу 200 метри. Од ова место заедно со претседателот и со советниците ќе направиме се и наредна година да продолжи изградбата на кејот уште за 200 метри. Тоа значи помеѓу Новиот мост и Стариот мост да имаме едно место каде нашите граѓани ќе можат да уживаат и да се рекреираат. Она што најмладите најмногу радува е што на игралиштето во населбата Тунелот е при крај деновиве треба само да се тартан подлога на кошаркарското и на фудбалското и целиот простор е заграден. Ќе работиме и во Сојаклари и Караслари, во Караслари деновиве треба да почне едно многу убаво детско игралиште затоа што таму нема никаква содржина за младите.

И никогаш не се откажавме од најголемиот Спортско рекреативен комплекс во Дворови иако имавме сериозни проблеми во делот на документацијата мислам дека ја надминавме и до крајот на годината треба да го имаме и тоа.

И уште две три реченици, во делот на спортот и на културата следат пливачкиот маратон, но секако вечерва почнуваме со Стрип колонијата, за неколку дена почнува фестивалот на џез, ворлд и современа музика втора година по ред, ги префрливме финансиските средства за Стоби и организаторите ја имаат поддршката од општината за да може да се одржи и овој фестивал. И ја користам оваа прилика да ги спомнам датумите, 6,7 и 8 октомври кога же имаме голем настан Велешка пастрмајлијада.

The post Колев: Во наредниот период ќе има низа на активности поврзани со инфраструктура, спорт и култура appeared first on Република.

]]>

На моја покана денеска во Велес е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Денеска заедно со него и со пратеникот во Собранието, Игор Здравковски и со претседателот на советот на општина Велес, Зоран Љутков и со дел од советниците во Советот на општина Велес сакаме да ја информираме велешката јавност за неколку работи што се случуваат и допрва ќе се случуваат во наредниот период, а се поврзани со инфраструктура, спорт и култура. Пред некаде месец, месец и пол на мој прес најавив дека левата страна од реката Вардар ќе го добие она што го заслужува по 20 години ќе се вложат сериозни финансиски средства во подобрување на патната инфраструктура зборуваме помеѓу 30 и 35 милиони денари средства од општината кои ќе бидат вложени во овие 3-4 месеци се со цел подобрување значително на инфраструктурата во овој дел на нашиот град. Зад мене може да видите дека почнавме со реконструкција на сите улици околу пазарот се работи за темелна реконструкција со цел овој дел на нашиот град бидејќи имаме тука нов градски пазар, го имаме реконструираното училиште да добие еден урбан делна нашиот град. Тука се опфатени улиците Петре Прличков, Кресенско востание и мали улици кои го поврзуваат горниот и долниот дел на градскиот пазар. Во непосредна е близина е улицата Киро Рогожаров која има интервенција во делот на бетонирање, улицата Ѓорги Димитров која е малце подалеку од тука која е една од најоштетените улици и ќе добие бетон зошто не може друг материјал да се гради на таа улица. Деновиве завршуваме со улица бетонирање на Јордан Џурнов и тоа што го најавивме дека Костурница и Прцорек ќе бидат споени со улиците Ганчо Хаџипанзов и Орце Шутев за овие улици имаме избрано и изведувач, надзор, целата документација е подготвена и очекуваме наредниот период да се интензивираат градежните активности. После невремето се санира оштетувањето на улицата Орце Мартинов која ќе добие асфалт значи деновиве треба да почне таму асфалтирањето, може да се забележи дека помеѓу Стариот мост и Саат кулаат ќе има нов асфалт. Исто така работиме на бетонирање на една улица во Бузалково, деновиве треба да почнеме и една голема улица под школото во Сливник, работиме една улица и во Караслари, завршивме и една улица во Башино село и во Раштани и ќе продолжиме и во други населени места. Утринава ја потпишав и одлуката за почнување на еден голем проект за целосно улично осветлување со лед светилки значи со овој проект се планира промена на 4.700 светилки како во централното градско подрачје така во околината, значи и во селата. Тоа значи во наредниот период се надеваме дека ќе имаме успешна постапка и успешен и договор и успешна реализација.
Градскиот пазар деновиве треба да има технички прием, се работи интензивно на финансиски средства од ЕУ на кејот на реката Вардар околу 200 метри. Од ова место заедно со претседателот и со советниците ќе направиме се и наредна година да продолжи изградбата на кејот уште за 200 метри. Тоа значи помеѓу Новиот мост и Стариот мост да имаме едно место каде нашите граѓани ќе можат да уживаат и да се рекреираат. Она што најмладите најмногу радува е што на игралиштето во населбата Тунелот е при крај деновиве треба само да се тартан подлога на кошаркарското и на фудбалското и целиот простор е заграден. Ќе работиме и во Сојаклари и Караслари, во Караслари деновиве треба да почне едно многу убаво детско игралиште затоа што таму нема никаква содржина за младите.
И никогаш не се откажавме од најголемиот Спортско рекреативен комплекс во Дворови иако имавме сериозни проблеми во делот на документацијата мислам дека ја надминавме и до крајот на годината треба да го имаме и тоа.
И уште две три реченици, во делот на спортот и на културата следат пливачкиот маратон, но секако вечерва почнуваме со Стрип колонијата, за неколку дена почнува фестивалот на џез, ворлд и современа музика втора година по ред, ги префрливме финансиските средства за Стоби и организаторите ја имаат поддршката од општината за да може да се одржи и овој фестивал. И ја користам оваа прилика да ги спомнам датумите, 6,7 и 8 октомври кога же имаме голем настан Велешка пастрмајлијада.

The post Колев: Во наредниот период ќе има низа на активности поврзани со инфраструктура, спорт и култура appeared first on Република.

]]>
Колев: Неопходен рамномерен развој на сите делови од Општина Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolev-neophoden-ramnomeren-razvoj-na-site-delovi-od-opshtina-veles/ Thu, 27 Apr 2023 14:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=634731

Градежната механизација е активна на терен во село Раштани, каде во тек е реконструкција на улица со завршен бетонски слој, информира градоначалникот на Велес Марко Колев.

Тој соопшти и дека се завршени градежните активности за реконструкција и бетонирање на крак од улица „Трајче Петкановски“ во населбата Превалец во близина на Велес.

Воедно, во селото Сојаклари е отпочната изградба на нова улица „1“ и еден крак. Колев најави дека во наредните денови ќе започнат активности за партерно уредување и поставување на урбана опрема на детско игралиште во ова велешко село.

Градоначалникот посочи дека овие проекти во село Сојаклари се кофинансирање на Бирото за регионален развој и Општина Велес.

- Рамномерен развој на сите делови од Општината е неопходен. Продолжуваме посветено, за поубав Велес. Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат, нагласи градоначалникот Колев.

The post Колев: Неопходен рамномерен развој на сите делови од Општина Велес appeared first on Република.

]]>

Градежната механизација е активна на терен во село Раштани, каде во тек е реконструкција на улица со завршен бетонски слој, информира градоначалникот на Велес Марко Колев. Тој соопшти и дека се завршени градежните активности за реконструкција и бетонирање на крак од улица „Трајче Петкановски“ во населбата Превалец во близина на Велес. Воедно, во селото Сојаклари е отпочната изградба на нова улица „1“ и еден крак. Колев најави дека во наредните денови ќе започнат активности за партерно уредување и поставување на урбана опрема на детско игралиште во ова велешко село. Градоначалникот посочи дека овие проекти во село Сојаклари се кофинансирање на Бирото за регионален развој и Општина Велес. - Рамномерен развој на сите делови од Општината е неопходен. Продолжуваме посветено, за поубав Велес. Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат, нагласи градоначалникот Колев.

The post Колев: Неопходен рамномерен развој на сите делови од Општина Велес appeared first on Република.

]]>
Колев: Ќе продолжи изградбата на кејот на Вардар во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolev-ke-prodolzhi-izgradbata-na-kejot-na-vardar-vo-veles/ Mon, 27 Feb 2023 14:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=613799

Општина Велес во текот на денешниот или утрешниот ден треба да го добие решението со кое по два ипол месеци прекин ќе се продолжи со градежните работи на изградба на кејот од десната страна на реката Вардар во Велес, најави на денешната прес - конференција градоначалникот Марко Колев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека со евроамбасадорот Дејвид Гир разговарале и за други проекти кои се финансираат со средства од ЕУ, а меѓу кои и изградбата на Кејот од десната страна на реката Вардар.

После дваипол месеци напорна работа на службите на Општина Велес и докажување, се потврди дека е во ред документацијата што ја поседува Општина Велес и со која аплицирала и е одобрен проект од ЕУ, појасни градоначалникот Колев.

Колев посочи дека нема ништо да политизира, напротив, нагласи, ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните и сите проекти кои се финансирани од ЕУ, од Владата и министерствата, да ги носам напред што е можно повеќе и повеќе.

Инаку, изградбата започна на 1 ноември 2022 година, а градежните работи запреа некаде во средината на декември минатата година.Проектот е во вредност од 407 572 евра со пари од ЕУ преку проект што е во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Р.Грција.

Кејот од десната страна се гради на потегот од новиот Мост „Гемиџии“ до Мало Мовче.

The post Колев: Ќе продолжи изградбата на кејот на Вардар во Велес appeared first on Република.

]]>

Општина Велес во текот на денешниот или утрешниот ден треба да го добие решението со кое по два ипол месеци прекин ќе се продолжи со градежните работи на изградба на кејот од десната страна на реката Вардар во Велес, најави на денешната прес - конференција градоначалникот Марко Колев одговарајќи на новинарско прашање. Тој информира дека со евроамбасадорот Дејвид Гир разговарале и за други проекти кои се финансираат со средства од ЕУ, а меѓу кои и изградбата на Кејот од десната страна на реката Вардар.
После дваипол месеци напорна работа на службите на Општина Велес и докажување, се потврди дека е во ред документацијата што ја поседува Општина Велес и со која аплицирала и е одобрен проект од ЕУ, појасни градоначалникот Колев.
Колев посочи дека нема ништо да политизира, напротив, нагласи, ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните и сите проекти кои се финансирани од ЕУ, од Владата и министерствата, да ги носам напред што е можно повеќе и повеќе. Инаку, изградбата започна на 1 ноември 2022 година, а градежните работи запреа некаде во средината на декември минатата година.Проектот е во вредност од 407 572 евра со пари од ЕУ преку проект што е во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка со Р.Грција. Кејот од десната страна се гради на потегот од новиот Мост „Гемиџии“ до Мало Мовче.

The post Колев: Ќе продолжи изградбата на кејот на Вардар во Велес appeared first on Република.

]]>
Колев: Покрај реконструкции на улици во централното подрачје, ќе се потпише договор од над 40 милиони денари за подобрување на основна инфраструктура во висока зона https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolev-pokraj-rekonstruktsii-na-ulitsi-vo-tsentralnoto-podrachje-ke-se-potpishe-dogovor-od-nad-40-milioni-denari-za-podobruvane-na-osnovna-infrastruktura-vo-visoka-zona/ Sat, 25 Feb 2023 14:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=613112

Денеска претседателот на партијата е во редовна посета на општина Велес, се со цел сите проекти кои што ги имаме ветено за време на локалните избори да видиме до каде се, и да најавиме доста нови проекти кои што се и надвор од програмата за локалните избори, рече градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.

-Бевме на улица „Живко Фирфов“ кај што се одвиваат сериозни активности, очекувам наредната недела да има и асфалтирање на таа улица. А, сега се наоѓаме на улица „Благој Ѓорев“ каде што еве можете да видите дека неколку недели тука имаше ископ, насип, тампонирање, ќе има и нови ивичњаци, нови тротоари, и секако асфалт. Оваа улица е улица која што е многу користена, тука е населба Превалец, двете населби Тунел и Ќерамидна и дополнително патот кон Општина Чашка. И оваа улица за некои месец, месец ипол ќе има целосна реконструкција. Ќе продолжиме со реконструкцијата на улицата „Лазо Осмаков“, „Орце Мартинов“ и „Андон Шурков“. Овие сите проекти Општината интензивно изминатата година ги работеше во соработка со Светска Банка и министерството за транспорт и врски. Следната недела ќе склучиме еден голем договор со неколку фирми, кој што значи договор над 40 милиони денари за подобрување на основната инфраструктура, улици, со бетонирање, асфалтирање и поставување на бекатон плочки. Но, овој пат во високите зони на град Велес заради тоа што не е само уредување на централното градско подрачје, дадовме збор дека ќе работиме и во високите зони. После ќе продолжиме заедно со претседателот и со пратеникот, и со претседателот на Советот и со советниците да го видиме игралиштето во населба Тунел, за неколку денови таму ќе имаме отпочнување на градежните работи, за реконструкција целосна. Во постапка сме за избор на фирма за реконструкција на делот на Младинскиот парк, оваа година целосно уредување ќе има и игралиштето во Дворови, кое што го ветивме пред неколку месеци дека ќе го направиме. Ракометното познато игралиште кое се служи за фудбал ќе добие најсовремена подлога, тоа е вештачка треба, но и од левата страна ќе го направиме и единственото игралиште кое што во моментов е многу лоша состојба, истакна Колев.

Ќе работиме на подобрување на водоводот. Денски ќе отидеме и на улицата „Лазо Осмаков каде што со јавното претпријатие вршиме реконструкција на водоводната инфраструктура. Ќе вложиме сериозни финансиски средства во културата, во спортот, така да имаме многу работи кои што еве сега ги кажуваме, но и допрва ќе ги направиме во оваа 2023-та година, додаде Колев.

https://youtu.be/fR5401FR3P4

The post Колев: Покрај реконструкции на улици во централното подрачје, ќе се потпише договор од над 40 милиони денари за подобрување на основна инфраструктура во висока зона appeared first on Република.

]]>

Денеска претседателот на партијата е во редовна посета на општина Велес, се со цел сите проекти кои што ги имаме ветено за време на локалните избори да видиме до каде се, и да најавиме доста нови проекти кои што се и надвор од програмата за локалните избори, рече градоначалникот на општина Велес, Марко Колев.
-Бевме на улица „Живко Фирфов“ кај што се одвиваат сериозни активности, очекувам наредната недела да има и асфалтирање на таа улица. А, сега се наоѓаме на улица „Благој Ѓорев“ каде што еве можете да видите дека неколку недели тука имаше ископ, насип, тампонирање, ќе има и нови ивичњаци, нови тротоари, и секако асфалт. Оваа улица е улица која што е многу користена, тука е населба Превалец, двете населби Тунел и Ќерамидна и дополнително патот кон Општина Чашка. И оваа улица за некои месец, месец ипол ќе има целосна реконструкција. Ќе продолжиме со реконструкцијата на улицата „Лазо Осмаков“, „Орце Мартинов“ и „Андон Шурков“. Овие сите проекти Општината интензивно изминатата година ги работеше во соработка со Светска Банка и министерството за транспорт и врски. Следната недела ќе склучиме еден голем договор со неколку фирми, кој што значи договор над 40 милиони денари за подобрување на основната инфраструктура, улици, со бетонирање, асфалтирање и поставување на бекатон плочки. Но, овој пат во високите зони на град Велес заради тоа што не е само уредување на централното градско подрачје, дадовме збор дека ќе работиме и во високите зони. После ќе продолжиме заедно со претседателот и со пратеникот, и со претседателот на Советот и со советниците да го видиме игралиштето во населба Тунел, за неколку денови таму ќе имаме отпочнување на градежните работи, за реконструкција целосна. Во постапка сме за избор на фирма за реконструкција на делот на Младинскиот парк, оваа година целосно уредување ќе има и игралиштето во Дворови, кое што го ветивме пред неколку месеци дека ќе го направиме. Ракометното познато игралиште кое се служи за фудбал ќе добие најсовремена подлога, тоа е вештачка треба, но и од левата страна ќе го направиме и единственото игралиште кое што во моментов е многу лоша состојба, истакна Колев.
Ќе работиме на подобрување на водоводот. Денски ќе отидеме и на улицата „Лазо Осмаков каде што со јавното претпријатие вршиме реконструкција на водоводната инфраструктура. Ќе вложиме сериозни финансиски средства во културата, во спортот, така да имаме многу работи кои што еве сега ги кажуваме, но и допрва ќе ги направиме во оваа 2023-та година, додаде Колев. https://youtu.be/fR5401FR3P4

The post Колев: Покрај реконструкции на улици во централното подрачје, ќе се потпише договор од над 40 милиони денари за подобрување на основна инфраструктура во висока зона appeared first on Република.

]]>
Колев: Иако Општина Велес e сериозно погодена од енергетската криза, сепак се направени над 20 улици, неколку паркови и подобрување на хигиената https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolev-iako-opshtina-veles-e-seriozno-pogodena-od-energetskata-kriza-sepak-se-napraveni-nad-20-ulici-nekolku-parkovi-i-podobruvanje-na-higienata/ Fri, 04 Nov 2022 21:39:06 +0000 https://republika.mk/?p=569755

Моментално општината е во стабилна состојба и имаме финансиски средства кои ни стојат на располагање на општината, но имаме еден закон каде министерството за финансии кажува дека ни го ограничува буџетот заради тоа што во изминатите 20 години се случувало задолжување на општините од страна на градоначалници, изјави градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Општина Велес е една од најпогодените општини во Република Македонија од енергетската криза заради тоа што со самото доаѓање на функцијата градоначалник на Општина Велес затекнав раскинат договор кој го имаше општината со економски оператор, рече Колев.

Тој истакна дека иако очекувале за енергетската криза да им помогне државата, таа не им помогнала, иако тие преку ЗЕЛС неколку пати апелирале.

Во првите неколку месеци од 2022 година и да скратиме се што можеше да се скрати,, се со цел да ги платиме сметките за струја. Иако се така високи сметките за струја, ние не должиме ниту еден денар кон ЕВН во моментов од каде се снабдуваме со електрична енергија, посочи Колев.

Колев вели дека иако општината има сериозен удар од енергетската криза, сепак се успеа да се направи над 20 улици во општината, неколку паркови подобрување на хигиената, како и вложуваме многу во спортот и културата.

Во изминатите 4 години префрлањата од страна на Владата кон Општина Велес на два пати се префрлени сериозни финансиски средства еднаш 50 милиони друг пат 30 милиони евра за капитални проекти, но оваа година такви трансфери од Централната власт кон локалната власт нема. Ова се проекти кои сме ги направиме со сопствени финансиски средства, дециден е Колев.

The post Колев: Иако Општина Велес e сериозно погодена од енергетската криза, сепак се направени над 20 улици, неколку паркови и подобрување на хигиената appeared first on Република.

Мицкоски: Марко Колев исклучително добро се справува со енергетската криза и реализира проекти во Велес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-marko-kolev-iskluchitelno-dobro-se-spravuva-so-energetskata-kriza-i-realizira-proekti-vo-veles/ Wed, 21 Sep 2022 11:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=552888

Секогаш е задоволство да се присуствува на нови проекти, на реализирани ветувања и навистина не можам да го скријам задоволството. Навистина сум задоволен и среќен од ова што го гледам денеска во Велес, за разлика од тоа што изминатите неколку години се случуваше, односно не се случуваше и покрај тоа што беше ветувано, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Велес.

Убеден сум дека Марко во период кој што следи како градоначалник на Велес заедно со советот, заедно со претседателот на советот, заедно со пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе додадат вредност и уште повеќе проекти ќе реализираат во периодот кој што следи. Убеден сум дека целата програма која што беше ветена за време на кампањата ќе биде реализирана така што на крај можам да кажам дека и понатаму посакувам сето тоа што го започнаа да го завршат успешно, и тоа што не е ветено а ќе биде од корист на Велешани да биде реализирано. Марко е можеби помалку скромен во тој дел кога зборува за последиците со справување со енергетската криза, но јас можам да кажам дека и покрај тоа што тој има исклучително голема идеја, квалитетна идеја да постави фотоволтаици, фотопанели со што би го амортизирал ударот, но и тука во Велес како и секаде во Македонија таа ќе се почувствува поради неподготвеноста од страна на владата, вели Мицкоски.

Тој додава дека исто така има неколку проекти кои што се однесуваат на општина Велес, а кои што стојат закочени во МОН, а кои што се потребни да се реализираат, како што се спортски сали, реконструкција на училишта итн, и дотациите се намалени. Сето тоа така се прави затоа што ете градоначалниците не се од коалицијата СДСМ и ДУИ, туку ете се од редот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа во општините каде што имаме малкумина од редот на СДСМ и ДУИ, не е случај. Така што јас му честитам како се справува со енергетската криза и покрај сите предизвици и навистина до сега може да каже и он и велешани што се однесува до општината тие прават се и ќе продолжат да прават се да обезбедат непречен процес на образование и на воспитување на децата во градинките, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Марко Колев исклучително добро се справува со енергетската криза и реализира проекти во Велес appeared first on Република.

Колев: Старата и оштетена калдрма на улицата „Александар Несторов“ се заменува со бетонска подлога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolev-starata-i-oshtetena-kaldrma-na-ulicata-aleksandar-nestorov-se-zamenuva-so-betonska-podloga/ Tue, 19 Apr 2022 15:19:28 +0000 https://republika.mk/?p=490664

Велес се гради! Со подобрување на временските услови се интензивираа градежните зафати во градот. Денес направив увид во градежните активности на улица „Александар Несторов“ на која старата и оштетена калдрма ќе биде заменета со бетонска подлога, истакна градоначалникот на Велес, Марко Колев.

„Дополнително извршив увид и на реконструкцијата на коловозот на патниот премин кон Дворови, кој е втор патен премин кој се модернизира за краток временски период.

Долгогодишните проблеми на велешани ги решаваме посветено и домаќински. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност“ – истакна Колев.

The post Колев: Старата и оштетена калдрма на улицата „Александар Несторов“ се заменува со бетонска подлога appeared first on Република.

]]>

Велес се гради! Со подобрување на временските услови се интензивираа градежните зафати во градот. Денес направив увид во градежните активности на улица „Александар Несторов“ на која старата и оштетена калдрма ќе биде заменета со бетонска подлога, истакна градоначалникот на Велес, Марко Колев. „Дополнително извршив увид и на реконструкцијата на коловозот на патниот премин кон Дворови, кој е втор патен премин кој се модернизира за краток временски период. Долгогодишните проблеми на велешани ги решаваме посветено и домаќински. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност“ – истакна Колев.

The post Колев: Старата и оштетена калдрма на улицата „Александар Несторов“ се заменува со бетонска подлога appeared first on Република.

]]>
Општина Велес договори соработка за донирање компјутерска опрема https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-veles-dogovori-sorabotka-za-doniranje-kompjuterska-oprema/ Fri, 01 Apr 2022 07:26:52 +0000 https://republika.mk/?p=481721

Градоначалникот на општина Велес информира дека локалната власт почнува акција за донирање на расходуваната опрема од градската администрација.

За таа цел, општината веќе потпиша мемерандум за соработка со организацијата Донирај Компјутер - Борче Стаменов, која се занимава со донирање компјутерска опрема на оние граѓанои коишто не можат да си дозволат да ја купат.

Често пати велиме дека треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот. Тоа е наша задача, но и одговорност. Во Македонија постојат луѓе кои давајќи се себе, даваат за оние на кои им е најпотребно.

Во тоа име, огромна чест ми е што денес склучив меморандум за соработка со Борче Стаменов, човекот кој стои позади движењето Донирај Компјутер - Борче Стаменов кое ги помести границите на човечката филантропија во Македонија, но и пошироко.

Општина Велес е прва општина во Македонија која стана партнер соработник на здружението и се вклучи со поддршка преку донирање компјутери и друга ИТ опрема која е расходувана со одлука на Совет. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде почеток на голема промена која мнозина ќе ја следат!

Секој кој сака да се вклучи во поддршката истото може да го направи преку страната на здружението.

Она што за нас е малку, за некого е многу. Само заедно и сплотени може да придонесеме за многу насмевки и радосни моменти! За сите нас! - вели Колев.

The post Општина Велес договори соработка за донирање компјутерска опрема appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Велес информира дека локалната власт почнува акција за донирање на расходуваната опрема од градската администрација. За таа цел, општината веќе потпиша мемерандум за соработка со организацијата Донирај Компјутер - Борче Стаменов, која се занимава со донирање компјутерска опрема на оние граѓанои коишто не можат да си дозволат да ја купат.
Често пати велиме дека треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот. Тоа е наша задача, но и одговорност. Во Македонија постојат луѓе кои давајќи се себе, даваат за оние на кои им е најпотребно.   Во тоа име, огромна чест ми е што денес склучив меморандум за соработка со Борче Стаменов, човекот кој стои позади движењето Донирај Компјутер - Борче Стаменов кое ги помести границите на човечката филантропија во Македонија, но и пошироко.   Општина Велес е прва општина во Македонија која стана партнер соработник на здружението и се вклучи со поддршка преку донирање компјутери и друга ИТ опрема која е расходувана со одлука на Совет. Се надеваме дека нашиот пример ќе биде почеток на голема промена која мнозина ќе ја следат!   Секој кој сака да се вклучи во поддршката истото може да го направи преку страната на здружението.   Она што за нас е малку, за некого е многу. Само заедно и сплотени може да придонесеме за многу насмевки и радосни моменти! За сите нас! - вели Колев.

The post Општина Велес договори соработка за донирање компјутерска опрема appeared first on Република.

]]>
Велес со ЕУ грант од 750.000 евра ќе решава сообраќајниот хаос во центарот на градот, ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/veles-so-eu-grant-od-750-000-evra-kje-reshava-soobrakjajniot-haos-vo-centarot-na-gradot-kje-se-realiziraat-pametni-peshachki-i-velosipedski-zoni/ Thu, 10 Feb 2022 15:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=456881

Општина Велес е една од осумте општини корисник на грант од програмата „ЕУ за Општините“, од кои добива околу 750.000 евра средства за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони.

За таа цел, денес со одговорните служби од Општината одржавме работна средба и увид на терен со г-дин Клаус Рихтер, одговорен за техничка поддршка при делегација на ЕУ, г-дин Бојан Кардалов, одговорен за видливост на проектите и г-дин Глигор Михаиловски од СЕГ Холдинг кои се наши партнери во проектот.

На средбата изразив благодарност за досегашната соработка, но и подготвеност за соработка и во иднина за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Велес - информира градоначалникот на Велес - Марко Колев.

The post Велес со ЕУ грант од 750.000 евра ќе решава сообраќајниот хаос во центарот на градот, ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони appeared first on Република.

]]>

Општина Велес е една од осумте општини корисник на грант од програмата „ЕУ за Општините“, од кои добива околу 750.000 евра средства за реализирање на проект со кој ќе се реши сообраќајниот хаос во центарот на градот и ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони.
За таа цел, денес со одговорните служби од Општината одржавме работна средба и увид на терен со г-дин Клаус Рихтер, одговорен за техничка поддршка при делегација на ЕУ, г-дин Бојан Кардалов, одговорен за видливост на проектите и г-дин Глигор Михаиловски од СЕГ Холдинг кои се наши партнери во проектот.   На средбата изразив благодарност за досегашната соработка, но и подготвеност за соработка и во иднина за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во Велес - информира градоначалникот на Велес - Марко Колев.

The post Велес со ЕУ грант од 750.000 евра ќе решава сообраќајниот хаос во центарот на градот, ќе се реализираат паметни пешачки и велосипедски зони appeared first on Република.

]]>
Колев: Енергетската криза и високите сметки за струја не даваат можност за развој на општината, силно го погодуваат буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kolev-energetskata-kriza-i-visokite-smetki-za-struja-ne-davaat-moznost-za-razvoj-na-opshtinata-silno-go-pogoduvaat-budzetot/ Wed, 12 Jan 2022 14:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=443806

Денес во просториите на општина Велес, градоначалникот Марко Колев оствари средба со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и пратеникот од Велес, Игор Здравковски.

Колев информираше дека на оваа средба се отвориле повеќе теми разговор, но она на што најмногу се ставило фокус е енергетската криза и покачувањето на цените на струјата која најмногу удира по буџетот на општините, односно високите цени на сметките за струја ги оневозможуваат да ги започнат сите проекти ги зацртале во своите програми.

Ќе бидам конкретен и со бројки споредбено со октомври, ноември и декември, со тоа што сметката за декември се уште не е стасана но отприлика знаеме што може да не очекува.

Пред стапување на кризата и точно пред една година во октомври 2020-та година, општина Велес за потрошување на електрична енергија платила 1.496.782 денари, додека во октомври 2021-ва година платила 5.924.968 денари.

Тоа е четирикратно поголема сума што општина Велес ја има исплатено кон ЕВН.

За месец 11-ти 2020-та година 1.566.888 денари, додека пак сметката за 11-ти месец во 2021-ва година која е стасана и дел е платена дел не е поради тоа што сумата е сериозна, изнесува 6.619.013 денари.

Во декември 2021-та година сме платиле 1.465.890 денари, а очекуваме сметката што треба деновиве да стигне да биде можеби над седум милиони денари.

Овие високи суми врз основа на тоа што го имаме како приход во општината, е немање можност за никаков развој на општината, ова силно го погоди буџетот на општина Велес, рече Колев.

Колев кажа и дека во понеделникот имале седница на ЗЕЛС, а во наредните денови очекувале да имаат и состанок со претставници од владата се со цел да се изнајде некое решение за да се надмине оваа криза заеднички и во координација со владата, бидејќи, како што рече овие високи сметки за струја кои доаѓаат директно го напаѓаат буџетот на општината и тоа значи дека проектите кои се во замисла да се реализираат нема да бидат со посакуваната динамика.

The post Колев: Енергетската криза и високите сметки за струја не даваат можност за развој на општината, силно го погодуваат буџетот appeared first on Република.