Марко Грегур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-gregur/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Aug 2023 07:51:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Грегур Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-gregur/ 32 32 Промоција на романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-bi-mozhela-da-se-vika-leda-od-hrvatskiot-avtor-marko-gregur/ Fri, 11 Aug 2023 07:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=670992

Во кафе-барот „Везилка“ во Битола денеска ќе биде промовиран романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур, во издание на „Перун Артис“ од Битола.

Романот се занимава со сагата на млад брачен пар за свој пород, нивната неизвесна и тешка борба да дојдат до свој потомок. Емотивен и мудар, овој роман говори за големиот самопрегор на двајца млади луѓе да си го осмислат својот брак и своето семејство, наведува издавачот.

Преводот од хрватски јазик е на Сашо Огненовски. Ова е втор превод на македонски јазик на Марко Грегур по неговиот наградуван роман „Вошицки“ во издание на ПНВ Публикации.

Марко Грегур е препознатлив по специфичниот стил и голема суштественост во неговите дела. Добитник е на најзначајните книжевни награди во Хрватска, меѓу кои „Фриц“ и „Владимир Назор“.

The post Промоција на романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур appeared first on Република.

]]>

Во кафе-барот „Везилка“ во Битола денеска ќе биде промовиран романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур, во издание на „Перун Артис“ од Битола.
Романот се занимава со сагата на млад брачен пар за свој пород, нивната неизвесна и тешка борба да дојдат до свој потомок. Емотивен и мудар, овој роман говори за големиот самопрегор на двајца млади луѓе да си го осмислат својот брак и своето семејство, наведува издавачот.
Преводот од хрватски јазик е на Сашо Огненовски. Ова е втор превод на македонски јазик на Марко Грегур по неговиот наградуван роман „Вошицки“ во издание на ПНВ Публикации. Марко Грегур е препознатлив по специфичниот стил и голема суштественост во неговите дела. Добитник е на најзначајните книжевни награди во Хрватска, меѓу кои „Фриц“ и „Владимир Назор“.

The post Промоција на романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Вошицки“ од хрватскиот писател Марко Грегур во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-romanot-voshicki-od-hrvatskiot-pisatel-marko-gregur-vo-mkc/ Mon, 19 Sep 2022 10:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=552187

В четврток, на 22 септември, воо 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на романот „Вошицки“ од хрватскиот писател Марко Грегур

Романот е добитник на наградите „Фриц“ и „Владимир Назор“ во 2020 година. Промотор ќе биде Сашо Огненовски, кој е и преведувач на делото, а модератор - Јулијана Величковска.

Вошицки е роман за бескрајот на страдањето на човекот чиишто книги останале како дел од вечноста. Винко (Винценц) Вошицки, натурализиран Чех во Копривница во виорот на турбулентната историја на првата половина од дваесеттиот век го живее проклетството на печатарот, на оној што ја документирал историјата што секогаш и со голема сила го удирала и се обидувала да го уништи. Во неговиот животен пат, сјајно раскажан од Марко Грегур, ја препознаваме целата мачнина на политичките пресврти, го вскусуваме горчливиот вкус на трагичната вина на човекот чијашто благородност е епохална.

Грегур во овој роман зборува за историските пресврти што немале милост кон човекот, кој од петни жили се обидувал да преживее во околности и ситуации полни со смрт и деструкција. Винко Вошицки, документирајќи ја таа политичка деструктивност ex aeterna, го одживува тој маченички живот како печатар и на првите дела на Мирослав Крлежа, како еден од првите сопственици на правата на големиот американски автор Карл Мај, но и како човек што континуирано го разбудувал читателскиот дух. Како голем маченик на современиот општествен хаос, Вошицки се издигнал над материјалниот свет и иако секогаш на работ на осиромашувањето и пропаста, тој е и прототип на голем борец за хуманизмот со којшто многу не кореспондирало тоа време.

Марко Грегур (Копривница, 1982) дипломирал на Економскиот факултет во Загреб, додипломски студии за односи со јавноста и медиуми на Универзитетот за односи со јавноста и студии за медиуми во Каирос (ВЕРН) и постдипломски студии по меѓународни односи и дипломатија на колеџот за меѓународни односи и дипломатија Даг Хамарскјолд. Пишува поезија и проза. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: „Фриц“ (2020) и „Владимир Назор“ (2020) за романот Вошицки, наградата „Иван витез Трнски“, наградата „Улазница“ и „Прозак“ награда за најдобар прозен ракопис од автор на возраст до 35 години. Ги објавил стихозбирката „Лирска графика“ (Публикации Церес, 2011) и збирките раскази „Пегличка во декември (ДХК, 2012) и „Убав ден за Дринкополи“ (Алгоритам, 2014) и романот “Како изгоре пресветиот Тромбетасич“, кој влезе во 12-те финалисти за наградата „Фриц“, а ја доби наградата „Катарина Патачиќ“ за најдобра книга на кајкавски дијалект и беше преведен на словенечки јазик. Грегур е вклучен и во антологијата на младите хрватски романсиери „Без врата, без чукање“ (Сандорф, 2012). Иницијатор е на фестивалот „Алпе Јадран фестивал за млади писатели“, член е и претседател на управниот одбор на меѓународниот литературен фестивал „Галовиќова есен“, водител е на книжевните трибини „Либарење“, еден од иницијаторите е и главен и одговорен уредник на списанието „Артикулации“.

The post Промоција на романот „Вошицки“ од хрватскиот писател Марко Грегур во МКЦ appeared first on Република.

]]>

В четврток, на 22 септември, воо 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоција на романот „Вошицки“ од хрватскиот писател Марко Грегур Романот е добитник на наградите „Фриц“ и „Владимир Назор“ во 2020 година. Промотор ќе биде Сашо Огненовски, кој е и преведувач на делото, а модератор - Јулијана Величковска. Вошицки е роман за бескрајот на страдањето на човекот чиишто книги останале како дел од вечноста. Винко (Винценц) Вошицки, натурализиран Чех во Копривница во виорот на турбулентната историја на првата половина од дваесеттиот век го живее проклетството на печатарот, на оној што ја документирал историјата што секогаш и со голема сила го удирала и се обидувала да го уништи. Во неговиот животен пат, сјајно раскажан од Марко Грегур, ја препознаваме целата мачнина на политичките пресврти, го вскусуваме горчливиот вкус на трагичната вина на човекот чијашто благородност е епохална. Грегур во овој роман зборува за историските пресврти што немале милост кон човекот, кој од петни жили се обидувал да преживее во околности и ситуации полни со смрт и деструкција. Винко Вошицки, документирајќи ја таа политичка деструктивност ex aeterna, го одживува тој маченички живот како печатар и на првите дела на Мирослав Крлежа, како еден од првите сопственици на правата на големиот американски автор Карл Мај, но и како човек што континуирано го разбудувал читателскиот дух. Како голем маченик на современиот општествен хаос, Вошицки се издигнал над материјалниот свет и иако секогаш на работ на осиромашувањето и пропаста, тој е и прототип на голем борец за хуманизмот со којшто многу не кореспондирало тоа време. Марко Грегур (Копривница, 1982) дипломирал на Економскиот факултет во Загреб, додипломски студии за односи со јавноста и медиуми на Универзитетот за односи со јавноста и студии за медиуми во Каирос (ВЕРН) и постдипломски студии по меѓународни односи и дипломатија на колеџот за меѓународни односи и дипломатија Даг Хамарскјолд. Пишува поезија и проза. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: „Фриц“ (2020) и „Владимир Назор“ (2020) за романот Вошицки, наградата „Иван витез Трнски“, наградата „Улазница“ и „Прозак“ награда за најдобар прозен ракопис од автор на возраст до 35 години. Ги објавил стихозбирката „Лирска графика“ (Публикации Церес, 2011) и збирките раскази „Пегличка во декември (ДХК, 2012) и „Убав ден за Дринкополи“ (Алгоритам, 2014) и романот “Како изгоре пресветиот Тромбетасич“, кој влезе во 12-те финалисти за наградата „Фриц“, а ја доби наградата „Катарина Патачиќ“ за најдобра книга на кајкавски дијалект и беше преведен на словенечки јазик. Грегур е вклучен и во антологијата на младите хрватски романсиери „Без врата, без чукање“ (Сандорф, 2012). Иницијатор е на фестивалот „Алпе Јадран фестивал за млади писатели“, член е и претседател на управниот одбор на меѓународниот литературен фестивал „Галовиќова есен“, водител е на книжевните трибини „Либарење“, еден од иницијаторите е и главен и одговорен уредник на списанието „Артикулации“.

The post Промоција на романот „Вошицки“ од хрватскиот писател Марко Грегур во МКЦ appeared first on Република.

]]>