Марко Бислимоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-bislimoski/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 19:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марко Бислимоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marko-bislimoski/ 32 32 Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bislimoski-se-ushte-e-prerano-da-zboruvame-kakva-ke-bide-tsenata-na-elektrichnata-energija-po-1-januari/ Thu, 07 Nov 2024 19:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=835293

Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Посочи дека РКЕ во овој момент ги анализира барањата за цената што веќе ги доставија МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, а како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Токму од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, додаде, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари.

Најбитните елементи што ќе ни влијаат на одлуката која ќе се применува од 1 јануари се трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа и ќе зависат и од трошокот за набавка на електрична енергија што ќе го распише универзалниот снабдувач. Во најголем дел тие трошоци зависат од цените кои ќе бидат понудени на тендери. Секогаш сум бил противник на какви било екстремни шокови во однос на цената на електричната енергија, така што не очекувам ни сега да има некои проблематични цени во однос на тоа што сме го имале во претходниот период, рече Бислимоски во интервју за ТВ Сител.

Годинава, како што кажа, РКЕ првпат определува цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија во постапки за податоци кои компаниите треба да ги достават до 30 септември.

Компаниите во одреден дел не беа баш докрај подготвени за тоа и поради тоа податоци што ни ги доставиле во барањето не се до крај добри и од тие причини најверојатно имаат побарано зголемување, толку колку што имаат побарано. Апсолутно нема да има прифаќања, но ги анализираме овие барања во моментов. Сигурен сум дека со нашите одлуки компаниите ќе си работат нормално и вообичаено и од 1 јануари 2025 година при тоа водејќи сметка на ниту еден начин да не бидат погодени домаќинствата и малите потрошувачи, потенцира Бислимоски.

Во 2023 година на ниво на држава, како што кажа, имаме рекордно низок процент на увоз на електрична енергија од 2,75 проценти.

Тоа пред се е поради тоа што во изминативе три години се изградија околу 900 мегавати нови производствени капацитети кои произведуваат електрична енергија од сонце и од ветер, така што 2023 беше година со рекордно низок увоз на електрична енергија. Согласно податоците што ги имаме сега, верувам дека и 2024 година ќе биде на тоа ниво и Македонија во наредниов период во најголем дел ќе успева да си ги покрива своите потреби од електрична енергија, пред се заради инвестиции во обновливи извори на енергија. Исто така, очекувам да има и нови инвестиции во изградба на нови конгенеративни постројки, рече Бислимоски.

За измените на Законот за енергетика истакна дека во најголем дел се однесуваат на регионалното поврзување на пазарите и на електрична енергија и на природен гас.

Тоа се обврски коишто ги преземала Македонија со зачленување во Енергетската заедница и сето тоа ќе ни овозможи да започнуваме пазарно спојување на нашиот пазар на електрична енергија со пазарите во соседните земји. Сето тоа по еден среднорочен период од 5 до 10 години ќе значи Македонија да биде дел од еден заеднички паневропски пазар, посочи Бислимоски.

Со новиот закон за енергетика, додаде, се поедноставуваат и се појаснуваат условите за поставување на батериите коишто ќе се користат за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни паркови.

Дополнително се поедноставуваат процедурите за вадење на лиценци во РКЕ, но најбитно е тоа што ние како земја во целост, мислам дека ќе бидеме прва во регионот што ќе ги имплементира во своето национално законодавство последните директиви на Европската унија кои се однесуваат на енергетиката, нагласи Бислимоски.

The post Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Посочи дека РКЕ во овој момент ги анализира барањата за цената што веќе ги доставија МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, а како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Токму од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, додаде, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари.
Најбитните елементи што ќе ни влијаат на одлуката која ќе се применува од 1 јануари се трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа и ќе зависат и од трошокот за набавка на електрична енергија што ќе го распише универзалниот снабдувач. Во најголем дел тие трошоци зависат од цените кои ќе бидат понудени на тендери. Секогаш сум бил противник на какви било екстремни шокови во однос на цената на електричната енергија, така што не очекувам ни сега да има некои проблематични цени во однос на тоа што сме го имале во претходниот период, рече Бислимоски во интервју за ТВ Сител.
Годинава, како што кажа, РКЕ првпат определува цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија во постапки за податоци кои компаниите треба да ги достават до 30 септември.
Компаниите во одреден дел не беа баш докрај подготвени за тоа и поради тоа податоци што ни ги доставиле во барањето не се до крај добри и од тие причини најверојатно имаат побарано зголемување, толку колку што имаат побарано. Апсолутно нема да има прифаќања, но ги анализираме овие барања во моментов. Сигурен сум дека со нашите одлуки компаниите ќе си работат нормално и вообичаено и од 1 јануари 2025 година при тоа водејќи сметка на ниту еден начин да не бидат погодени домаќинствата и малите потрошувачи, потенцира Бислимоски.
Во 2023 година на ниво на држава, како што кажа, имаме рекордно низок процент на увоз на електрична енергија од 2,75 проценти.
Тоа пред се е поради тоа што во изминативе три години се изградија околу 900 мегавати нови производствени капацитети кои произведуваат електрична енергија од сонце и од ветер, така што 2023 беше година со рекордно низок увоз на електрична енергија. Согласно податоците што ги имаме сега, верувам дека и 2024 година ќе биде на тоа ниво и Македонија во наредниов период во најголем дел ќе успева да си ги покрива своите потреби од електрична енергија, пред се заради инвестиции во обновливи извори на енергија. Исто така, очекувам да има и нови инвестиции во изградба на нови конгенеративни постројки, рече Бислимоски.
За измените на Законот за енергетика истакна дека во најголем дел се однесуваат на регионалното поврзување на пазарите и на електрична енергија и на природен гас.
Тоа се обврски коишто ги преземала Македонија со зачленување во Енергетската заедница и сето тоа ќе ни овозможи да започнуваме пазарно спојување на нашиот пазар на електрична енергија со пазарите во соседните земји. Сето тоа по еден среднорочен период од 5 до 10 години ќе значи Македонија да биде дел од еден заеднички паневропски пазар, посочи Бислимоски.
Со новиот закон за енергетика, додаде, се поедноставуваат и се појаснуваат условите за поставување на батериите коишто ќе се користат за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни паркови.
Дополнително се поедноставуваат процедурите за вадење на лиценци во РКЕ, но најбитно е тоа што ние како земја во целост, мислам дека ќе бидеме прва во регионот што ќе ги имплементира во своето национално законодавство последните директиви на Европската унија кои се однесуваат на енергетиката, нагласи Бислимоски.

The post Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Бислимоски за парното во училиштата во Карпош: Општината сама одлучува да го исклучи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-za-parnoto-vo-uchilishtata-vo-karposh-opshtinata-sama-odluchuva-da-go-iskluchi/ Wed, 16 Oct 2024 09:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=827490

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска порача дека имаат правила за снабдување и компаниите кои што се задолжени за тоа се обврзани да започнат со испорака на топлинска енергија.

Таму каде што има калориметри, не во згради, туку во индивидуални куќи, тогаш сопственикот може и сам да го исклучи или вклучи (парното). Во оваа насока го гледам тоа што го направиле во општина Карпош. Тоа е одлука на самиот потрошувач. Во Скопје реално температурите се релативно поволни и мислам ќе нема проблем. Факт е дека сите општини во градот Скопје во изминатиот период се соочија со зголемени трошоци на топлинска енергија - кажа Бислимоски запрашан од новинарите дали градоначалник на една општина да носи одлука да нема испорака на греење за училишта на територија на општината.

Ваквиот негов став следува по препукувањата на релација МОН-општина Карпош за парното греење во основните училишта на територијата на скопската општина. Градоначалникот Стевче Јакимовски бара исплата на долг, а министерката Весна Јаневска тврди исплатени се сите блок дотации кои се за општините.

Јакимовски е дециден дека општината нема да го плати долгот од 8 милиони денари.

Ако е моја обврска да го плаќаме парното, зошто тогаш МОН дава пари? Ако е нејзина обврска да се подмират трошоците за греење, зошто тогаш бара и ние општината да даваме пари? Зошто само општина Карпош? Овој дискриминаторски однос кон општината не се смирува - рече градоначалникот на прес-конференција.

Претходно министерката информира дека организацијата е на градоначалниците и училиштата за да спроведат се друго, а не само грејната сезона.

Очекувам сите училишта да имаат греење затоа што е невозможно да се учи без греење. Верувам дека градоначалникот е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата, рече министерката, додавајќи дека „не слушнала за ваков проблем во другите општини“.

The post Бислимоски за парното во училиштата во Карпош: Општината сама одлучува да го исклучи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски денеска порача дека имаат правила за снабдување и компаниите кои што се задолжени за тоа се обврзани да започнат со испорака на топлинска енергија.
Таму каде што има калориметри, не во згради, туку во индивидуални куќи, тогаш сопственикот може и сам да го исклучи или вклучи (парното). Во оваа насока го гледам тоа што го направиле во општина Карпош. Тоа е одлука на самиот потрошувач. Во Скопје реално температурите се релативно поволни и мислам ќе нема проблем. Факт е дека сите општини во градот Скопје во изминатиот период се соочија со зголемени трошоци на топлинска енергија - кажа Бислимоски запрашан од новинарите дали градоначалник на една општина да носи одлука да нема испорака на греење за училишта на територија на општината.
Ваквиот негов став следува по препукувањата на релација МОН-општина Карпош за парното греење во основните училишта на територијата на скопската општина. Градоначалникот Стевче Јакимовски бара исплата на долг, а министерката Весна Јаневска тврди исплатени се сите блок дотации кои се за општините. Јакимовски е дециден дека општината нема да го плати долгот од 8 милиони денари.
Ако е моја обврска да го плаќаме парното, зошто тогаш МОН дава пари? Ако е нејзина обврска да се подмират трошоците за греење, зошто тогаш бара и ние општината да даваме пари? Зошто само општина Карпош? Овој дискриминаторски однос кон општината не се смирува - рече градоначалникот на прес-конференција.
Претходно министерката информира дека организацијата е на градоначалниците и училиштата за да спроведат се друго, а не само грејната сезона. Очекувам сите училишта да имаат греење затоа што е невозможно да се учи без греење. Верувам дека градоначалникот е многу способен и ќе најде начин да ги затопли училиштата, рече министерката, додавајќи дека „не слушнала за ваков проблем во другите општини“.  

The post Бислимоски за парното во училиштата во Карпош: Општината сама одлучува да го исклучи appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-prekinot-na-struja-vo-del-od-regionot-ja-potvrdi-neophodnosta-od-investitsii-vo-energetikata/ Fri, 21 Jun 2024 15:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=789592

Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба.

Денешниот прекин на електрична енергија во Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска е уште една потврда, оцени Бислимовски, дека инвестициите во енергетскиот сектор се клучни и дека мора да бидат приоритет.

- Денешната главна вест во регинот за тоа дека речиси цела Црна Гора и Босна и Херцеговина и дел од Хрватска се останати без струја е само потврда дека инвестициите во енергетиката мора да бидат број еден приоритет. МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас. Не така далеку беше кога земјава, регионот се соочи со „блек аут“ (колапс на електричната мрежата). Во комуникација сме со преносните систем оператори, како и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Енергетиката е испреплетена како крвните садови во човековото тело. Ќе повторам: инвестиции, инвестиции и само инвестиции се неопходни, изјави Бислимоски.

Денеска без струја беа речиси цела Црна Гора, делови од Хрватска и БиХ. Попладнево постепено почна напојувањето со електрична енергија.

Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, хрватската новинска агенција ХИНА јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил БиХ, а потоа и дел од Хрватска - цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.

The post Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката appeared first on Република.

]]>

Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Денешниот прекин на електрична енергија во Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска е уште една потврда, оцени Бислимовски, дека инвестициите во енергетскиот сектор се клучни и дека мора да бидат приоритет.
- Денешната главна вест во регинот за тоа дека речиси цела Црна Гора и Босна и Херцеговина и дел од Хрватска се останати без струја е само потврда дека инвестициите во енергетиката мора да бидат број еден приоритет. МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас. Не така далеку беше кога земјава, регионот се соочи со „блек аут“ (колапс на електричната мрежата). Во комуникација сме со преносните систем оператори, како и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Енергетиката е испреплетена како крвните садови во човековото тело. Ќе повторам: инвестиции, инвестиции и само инвестиции се неопходни, изјави Бислимоски.
Денеска без струја беа речиси цела Црна Гора, делови од Хрватска и БиХ. Попладнево постепено почна напојувањето со електрична енергија. Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, хрватската новинска агенција ХИНА јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил БиХ, а потоа и дел од Хрватска - цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.

The post Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката appeared first on Република.

]]>
Се прават последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината дневна тарифа на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-pravat-poslednite-analizi-dali-i-vo-kolkav-obem-ke-ima-proshiruvane-na-evtinata-dnevna-tarifa-na-strujata/ Mon, 03 Jun 2024 11:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=784373

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски како позитивно го оценува намалувањето на маржата за пренос на електрична енергија, но вели дека цената што ќе ја плаќаат домаќинствата од 1 јули годинава зависи и од цената по која универзалниот снабдувач ќе ги задоволи потребите за електрична енергија на регулираниот пазар, но и од бројот на малите потрошувачи кои од регулиран се префрлиле на слободен пазар. Посочува дека РКЕ ги прави последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината тарифа во текот на денот за домаќинствата.

РКЕ нема да добие барање за цената на електричната енергија бидејќи, само ќе ја потврдиме цената која ќе ја утврди универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Универзалниот снабдувач во текот на неделава ќе го распише тендерот за да обезбеди електрична енергија за следните шест месеци. Треба да видиме кои цени ќе се понудат, а сигурно е дека маржата нема повеќе да биде 11,5 проценти, туку ќе биде 9,9 проценти. Треба да видиме и во колкав обем ЕСМ ќе ги обезбеди количините кои се потребни за домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа се најбитните елементи за цената која ќе ја плаќаат домаќинствата по 1 јули годинава - изјави Бислимоски на паузата на четвртиот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на кој има стручна дебата и дискусија за енергетските политики на земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Истакна дека во моментов е некоректно во сметките што ги плаќаат граѓаните да го има процентот за субвенција.

Би било некоректно на граѓаните да им се кажува дека има субвенција кога цената на ЕСМ е 57 евра за мегават час, а има денови кога цените на пазарот се 20 и 30 евра за мегават час. Едноставно случувањата на пазарот се такви што во најголем дел во изминативе два до три месеци цената е од 60 до 70 евра мегават час. Затоа во овој период нема потреба да се објавуваат субвенциите, бидејќи тука негде е пазарната цена - рече Бислимоски.

Посочи дека има серозен тренд на префрлање на малите потрошувачи од регулиран на слободен пазар на електрична енергија и додаде дека на годишно ниво ќе има помеѓу 150 и 200 милиони киловат часови помала потрошувачка на регулираниот пазар.

Трошоците на малите потрошувачи кои се префрлаат на слободниот пазар се намалени за 20 до 30 проценти и во најголем дел снабдувачите им нудат фиксна цена која е пониска од таа што е на регулираниот пазар. Тоа е добар процес кој така треба и да продолжи - порача претседателот на РКЕ.

Бислимоски, кој се обрати на првиот панел на СЕФ насловен „Како да се обезбеди социјално праведна енергетска трансформација во ера на растечка сиромаштија и нееднаквости?“ посочи дека во моментов РКЕ ги прави анализите дали и за колку може да се продолжи периодот на евтина дневна тарифа на струјата.

Во изминатиов период компаниите во текот на денот имаат ниски цени на електрична енергија и тоа што го имаат тие мора да го имаат и домаќинствата. Со воведувањето на евтината дневна тарифа од 13:00 до 15:00 часот веќе го направивме првиот чекор, но трендовите на берзата покажуваат дека во овој период има исклучително ниски цени на струјата и правиме сериозна анализа за наредните две – три години за цени на електричната енергија за секој час на повеќе берзи и кога ќе бидеме готови ќе кажеме кога и во колкав обем ќе имаме зголемување на евтината тарифа во текот на денот - рече Бислимоски.

Нагласи дека придобивките од изградбата на фотоволтаичните централи веќе допреа до компаниите и во текот на денот имаат исклучително поволни цени на струја, а тоа сега треба да се префрли и кај домаќинствата.

Испраќаме сигнал до ЕВН Хоум и до ЕСМ поголемиот дел од набавките да ги прават во текот на денот кога цените се исклучително ниски. Тоа пред се ќе биде добро за ЕСМ, бидејќи во тие периоди ќе нема потреба да се трошат ресурсите од вода која ќе може да се чува за период кога електричната енергија може да се продава по повисока цена или за зимата - посочи Бислимоски.

The post Се прават последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината дневна тарифа на струјата appeared first on Република.

Поради кризата на Блискиот исток: Цените на горивата ќе се вивнат до небо, Бислимоски најавува мерки за амортизирање на ценовниот шок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poradi-krizata-na-bliskiot-istok-tsenite-na-gorivata-ke-se-vivnat-do-nebo-bislimoski-najavuva-merki-za-amortizirane-na-tsenovniot-shok/ Wed, 17 Apr 2024 09:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=767061

Ситуацијата на Блискиот Исток и последиците врз цените на нафтата, беше главната тема на денешниот состанок на Бордот на регулатори на Енергетска заедница, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски за МИА од Атина вели дека не е исклучен „ефект кон цените на нафтените деривати“.

Новите геостратешки случувања на Блискиот Исток потврдуваат дека нема предвидливост ниту пак извесност кога цените на енергенсите се во прашања. Очекувавме дека ова ќе биде конечно мирен енергетски регулаторен состанок, но едно е сигурно дека „вонредната состојба” е ново нормално за сите енергенси. Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати сега по случувањата со Иран и Израел. Разговаравме и за тоа каква е положбата на земјите од кои доаѓаат регулаторите во Енергетската Заедница. Сите сме увозно зависни земји на нафта, освен Србија што има мал обем на производство. Освен во секојдневното живеење, овој енергенс е тесно врзан и со стопанството и економијата воопшто како составен дел од функционирањето – вели Бислимоски за МИА.

Дополнително, додава тој, внимателно и во согласност со одлуките од ОПЕК и насоките од големите земји произведувачи на нафта, ќе се преземаат чекори за да се амортизира евентуален ценовен удар

Паралелно сите се соочуваме со сајбер напади на енергетската критична инфраструктура. Потребно е да се зајакне овој сегмент, затоа што последиците можат да го „узрпираат” функционирањето на електроенергетскиот систем – вели претседателот на РЕК.

На денешниот состанок Бордот на регулатори на Енергетска заедница ќе одбере нов претседател на Бордот, со оглед на тоа дека Бислимоски во декември го заврши вториот мандат.

Новиот претседател требаше да биде избран на минатиот состанок на регулаторите во декември, но ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, со што мандатот на Бислимоски му се продолжи уште шест месеци.

Состаноците на енергетската заедница традиционално се одржуваат во Атина, освен земјава, земји-членки се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

The post Поради кризата на Блискиот исток: Цените на горивата ќе се вивнат до небо, Бислимоски најавува мерки за амортизирање на ценовниот шок appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата на Блискиот Исток и последиците врз цените на нафтата, беше главната тема на денешниот состанок на Бордот на регулатори на Енергетска заедница, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски за МИА од Атина вели дека не е исклучен „ефект кон цените на нафтените деривати“.
Новите геостратешки случувања на Блискиот Исток потврдуваат дека нема предвидливост ниту пак извесност кога цените на енергенсите се во прашања. Очекувавме дека ова ќе биде конечно мирен енергетски регулаторен состанок, но едно е сигурно дека „вонредната состојба” е ново нормално за сите енергенси. Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати сега по случувањата со Иран и Израел. Разговаравме и за тоа каква е положбата на земјите од кои доаѓаат регулаторите во Енергетската Заедница. Сите сме увозно зависни земји на нафта, освен Србија што има мал обем на производство. Освен во секојдневното живеење, овој енергенс е тесно врзан и со стопанството и економијата воопшто како составен дел од функционирањето – вели Бислимоски за МИА.
Дополнително, додава тој, внимателно и во согласност со одлуките од ОПЕК и насоките од големите земји произведувачи на нафта, ќе се преземаат чекори за да се амортизира евентуален ценовен удар
Паралелно сите се соочуваме со сајбер напади на енергетската критична инфраструктура. Потребно е да се зајакне овој сегмент, затоа што последиците можат да го „узрпираат” функционирањето на електроенергетскиот систем – вели претседателот на РЕК.
На денешниот состанок Бордот на регулатори на Енергетска заедница ќе одбере нов претседател на Бордот, со оглед на тоа дека Бислимоски во декември го заврши вториот мандат. Новиот претседател требаше да биде избран на минатиот состанок на регулаторите во декември, но ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, со што мандатот на Бислимоски му се продолжи уште шест месеци. Состаноците на енергетската заедница традиционално се одржуваат во Атина, освен земјава, земји-членки се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

The post Поради кризата на Блискиот исток: Цените на горивата ќе се вивнат до небо, Бислимоски најавува мерки за амортизирање на ценовниот шок appeared first on Република.

]]>
Ќе скокне ли цената на горивата поради случувањата на Блискиот Исток? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-skokne-li-tsenata-na-gorivata-poradi-sluchuvanata-na-bliskiot-istok/ Mon, 15 Apr 2024 07:12:45 +0000 https://republika.mk/?p=766094

Ситуацијата на Блискиот Исток ја поскапе нафтата на светките берзи, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски за ТВ Телма вели дека следната недела ќе има појасна слика што ќе се случува со цените на горивата, но не очекува денеска да има сериозно поскапување.

А дали тоа би се случило понатаму, ќе зависи од тоа каква ќе биде состојбата со Израел и Иран во следните неколку дена.

Јас очекувам, ако оваа ескалација се зголеми, сировата нафта да отиде и над 100 долари, но тоа се случувања на кои никој не може да влијае. Не верувам дека ќе има драматични промени, големи. Но, клучна ќе биде следната недела што ни претстои, имајќи предвид дека и во Русија се погодени неколку рафинерии кои произведуваат дизел кои имаат осум до девет проценти во вкупната потрошувачката во Европа. Така да следната недела ќе биде клучна, во која насока ќе се движат цените на нафтените деривати, смета Бислимоски.

Познавачите на оваа проблематика предупредуваат дека пред нас е нов ценовен шок ако продолжи овој раст.

Aко остане оваа цена подолго време како што е, 90 долари за барел, иако има некои прогнози дека може да оди и до 100 долари за барел, тоа би можело да предизвика нови инфлаторни притисоци, но тоа глобално, вели Бојан Цветковски – претседател на АЦИ Македонија.

Од почетокот на годинава досега, цената на нафтата е зголемена за околу десет отсто. Паралелно расте и доларот. Надлежните во земјава велат дека ова се состојби на кои не може да се дејствува освен да се следат.

The post Ќе скокне ли цената на горивата поради случувањата на Блискиот Исток? appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата на Блискиот Исток ја поскапе нафтата на светките берзи, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски за ТВ Телма вели дека следната недела ќе има појасна слика што ќе се случува со цените на горивата, но не очекува денеска да има сериозно поскапување. А дали тоа би се случило понатаму, ќе зависи од тоа каква ќе биде состојбата со Израел и Иран во следните неколку дена.
Јас очекувам, ако оваа ескалација се зголеми, сировата нафта да отиде и над 100 долари, но тоа се случувања на кои никој не може да влијае. Не верувам дека ќе има драматични промени, големи. Но, клучна ќе биде следната недела што ни претстои, имајќи предвид дека и во Русија се погодени неколку рафинерии кои произведуваат дизел кои имаат осум до девет проценти во вкупната потрошувачката во Европа. Така да следната недела ќе биде клучна, во која насока ќе се движат цените на нафтените деривати, смета Бислимоски.
Познавачите на оваа проблематика предупредуваат дека пред нас е нов ценовен шок ако продолжи овој раст.
Aко остане оваа цена подолго време како што е, 90 долари за барел, иако има некои прогнози дека може да оди и до 100 долари за барел, тоа би можело да предизвика нови инфлаторни притисоци, но тоа глобално, вели Бојан Цветковски – претседател на АЦИ Македонија.
Од почетокот на годинава досега, цената на нафтата е зголемена за околу десет отсто. Паралелно расте и доларот. Надлежните во земјава велат дека ова се состојби на кои не може да се дејствува освен да се следат.

The post Ќе скокне ли цената на горивата поради случувањата на Блискиот Исток? appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Доколку се укине надоместокот од 200 денари ќе се зголеми цената на струјата и мрежарината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-dokolku-se-ukine-nadomestokot-od-200-denari-ke-se-zgolemi-tsenata-na-strujata-i-mrezharinata/ Mon, 25 Mar 2024 14:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=758595

Доколку се укине надоместокот од 200 денари за приклучок на мрежа цената на електричната енергија во првиот блок ќе се зголеми за 9,03 проценти, во вториот блок за 7,78, во третиот за 6,4 и во четвртиот блок за 3 проценти, додека цената на електричната енергија во евтината тарифа ќе порасне за 14,53 проценти. Ова, како што порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, го покажуваат резултатите од моделот на кој работи РКЕ.

Надоместокот од 200 денари воопшто не влијае на регулираниот максимален приход на Електродистрибуција без разлика дали го има или го нема. Но, доколку нема надоместок мрежарината ќе се зголеми за 25,5 отсто, цената на електричната енергија во првиот блок ќе се зголеми за 9,03 проценти, во вториот блок за 7,78, во третиот за 6,4 и во четвртиот блок за 3 проценти, додека цената на електричната енергија во евтината тарифа ќе порасне за 14,53 проценти - рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека РКЕ со воведувањето на надоместокот од 200 денари само воведе правичен начин на распределување на трошоците за електрична енергија.

Одлуки за цени, за пренос на електрична енергија, за дистрибуција на електрична енергија, тарифни системи за пренос, тарифни системи за дистрибуција, тарифен систем за универзалниот снабдувач носи, а врз основа на тоа и одлуки согласно Законот за енергетика носи само РКЕ. Ниту некој претходно некоја партија вовела евтина тарифа, ниту, пак, некоја партија може да укине надоместок за приклучување на дистрибутивна мрежа. Тоа исклучително може да го направи РКЕ и тоа го правиме врз основа на факти, врз основа на бројки коишто секогаш треба да ги штитат интересите на најголемиот дел од домаќинствата во државата - порача Бислимоски.

Посочи дека како ќе поминува времето потрошувачката на електрична енергија се повеќе и повеќе ќе се намалува пред се заради поставувањето фотоволтаици на покривите.

Јасно е дека фотоволтаици на своите покриви ќе постават тие што имаат пари. Тие што немаат не може да постават фотоволтаици. Не сметам дека на некој што поставил фотоволтаик и инвестирал од 4,5 до 5 илјади евра му е проблем да плати 200 денари. Доколку не ги плаќа тие 200 денари цената на евтината струја за овие што не поставиле фотоволтаици треба да ни се зголеми за речиси 15 проценти - рече Бислимоски.

Нагласи дека реформите што ги воведе РКЕ во делот на ценовната регулатива даваат резултати.

Воведувањето на блок тарифите во средината на 2021 година ја постигна целта, имајќи во предвид дека потрошувачката на електрична енергија за домаќинствата во 2023 споредено со 2021 година е намалена за 10 проценти. Како резултат на воведувањето на евтината тарифа во јануари 2024 година, потрошувачката на електрична енергија во евтината тарифа е зголемена за 18 проценти. Значи, 18 проценти од електричната енергија што била во скапа тарифа сега се пресметува во евтина тарифа, односно ако во јануари 2023 потрошувачката била 169 гигават часови во јануари 2024 година таа потрошувачка е 199 гигават часови - прецизира Бислимоски.

Резултат, додаде, два и реформата - транспарентно на сметките на домаќинствата да може да се види колку е трошокот само за енергија, колку е трошокот само за мрежарина.

Врз основа на ова сега кога веќе се создаваат услови и домаќинствата коишто длабоко навлегле во четвртиот блок да одат на слободниот пазар на електрична енергија каде што цените на електрична енергија се пониски во однос на цената на електрична енергија во четвртиот блок. Тие ќе може јасно да си пресметаат колкав трошок би понудил снабдувачот што е на слободен пазар споредено со трошокот којшто го имале за енергија која што е во делот каде што се снабдувани од универзалниот снабдувач - рече Бислимоски.

The post Бислимоски: Доколку се укине надоместокот од 200 денари ќе се зголеми цената на струјата и мрежарината appeared first on Република.

На сметките за струја ќе има нова ставка – пристап до мрежа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-smetkite-za-struja-ke-ima-nova-stavka-pristap-do-mrezha/ Fri, 08 Dec 2023 14:04:28 +0000 https://republika.mk/?p=721027

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за „Независен“ открива дека во сметките за електрична енергија се подготвува нова ставка, Пристап до мрежа, која ќе биде покрај постојната за мрежарина. Но, како што уверува, тоа нема да ги зголеми сметките, или тоа ќе биде незначително, а истовремено ќе придонесе да се направи правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават повремено, како во викендичките, или пак поради тоа што користат сопствено производство на струја од фотоволтаици.

Порано, ние определуваме една сума пари, го велиме приход. Цената ја добиваме кога приходот го делиме со количината. На пример, ако приходот бил 100 единици (100 денари) и ако количината била пет, добиваме цена од 20 парични единици. Сега ова пет ни се намалува на четири, но приходот е ист. Кога 100 ќе го поделиме со четири, добиваме 25 парични единици, односно зголемување само врз основа на ова. Трошоците им се исти, ништо не сме зголемувале таму. И ова не е правично. Тие што поставиле фотоволтаици на крововите си помогнале, но не треба да ги казниме оние што не поставиле. Ниту тие треба, поради тоа што се намалила потрошувачката, да плаќаат повеќе. Поради тоа во рамки на одобрениот приход ќе воведеме ставка Пристап кон мрежа. Притоа, не ги менуваме гарантираните парични единици приход, туку ќе направиме правична распределба. Тие што поставиле фотоволтаици на покривите ќе плаќаат одреден износ за пристап кон мрежа, што ќе биде фиксен надоместок. За компаниите фиксниот надоместок нема да биде голем, тоа се поголеми потрошувачи каде што има мерење на моќноста. Зборуваме за суми од 20-ина, 25-30 евра месечно, ќе видиме колку. Но, за сметка на тоа ќе им се намали цената за моќност. Значи, ние нема ништо да зголемиме, на пример, ако одиме со 20-ина евра, цената за моќност на напонско ниво Л1- Л2 би се намалила за 18 проценти, објаснува тој.

Ддоава дека исто и кај домаќинствата ќе се воведе ставката Пристап до мрежа.

Има голем број домаќинства каде што нема потрошувачка, или кои што поставија фотоволтаици. Значи, мрежата се одржува во текот на целата година. Фиксните трошоци сега ги плаќат само домаќинствата кои што ја користат мрежата рамномерно, секој месец во годината. Оние кои ја користат две – три недели во годината не плаќаат ништо. И тоа не е фер, не е правично. Плус, сега има домаќинства кои што поставуваат фотоволтаици. Тоа вообичаено се побогати категории на граѓани. Кога ќе го постави фотоволтаикот, нему ќе му се намали потрошувачката и тоа го создава овој ефект кој што ви го кажав.

Поради тоа и кај домаќинствата ќе се воведе Пристап кон мрежа, но за сметка на тоа ќе се намали мрежарината. Значи, не може некое домаќинство коешто не поставило фотоволтаик да плаќа за домаќинство коешто поставило фотоволтаик. Мора да зборуваме за социјална правда и за правичност. И тоа ќе го спроведеме, вели Бислимоски.

The post На сметките за струја ќе има нова ставка – пристап до мрежа appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски за „Независен“ открива дека во сметките за електрична енергија се подготвува нова ставка, Пристап до мрежа, која ќе биде покрај постојната за мрежарина. Но, како што уверува, тоа нема да ги зголеми сметките, или тоа ќе биде незначително, а истовремено ќе придонесе да се направи правична распределба на трошоците меѓу оние кои редовно ја користат мрежата, од другите кои тоа го прават повремено, како во викендичките, или пак поради тоа што користат сопствено производство на струја од фотоволтаици.
Порано, ние определуваме една сума пари, го велиме приход. Цената ја добиваме кога приходот го делиме со количината. На пример, ако приходот бил 100 единици (100 денари) и ако количината била пет, добиваме цена од 20 парични единици. Сега ова пет ни се намалува на четири, но приходот е ист. Кога 100 ќе го поделиме со четири, добиваме 25 парични единици, односно зголемување само врз основа на ова. Трошоците им се исти, ништо не сме зголемувале таму. И ова не е правично. Тие што поставиле фотоволтаици на крововите си помогнале, но не треба да ги казниме оние што не поставиле. Ниту тие треба, поради тоа што се намалила потрошувачката, да плаќаат повеќе. Поради тоа во рамки на одобрениот приход ќе воведеме ставка Пристап кон мрежа. Притоа, не ги менуваме гарантираните парични единици приход, туку ќе направиме правична распределба. Тие што поставиле фотоволтаици на покривите ќе плаќаат одреден износ за пристап кон мрежа, што ќе биде фиксен надоместок. За компаниите фиксниот надоместок нема да биде голем, тоа се поголеми потрошувачи каде што има мерење на моќноста. Зборуваме за суми од 20-ина, 25-30 евра месечно, ќе видиме колку. Но, за сметка на тоа ќе им се намали цената за моќност. Значи, ние нема ништо да зголемиме, на пример, ако одиме со 20-ина евра, цената за моќност на напонско ниво Л1- Л2 би се намалила за 18 проценти, објаснува тој.
Ддоава дека исто и кај домаќинствата ќе се воведе ставката Пристап до мрежа.
Има голем број домаќинства каде што нема потрошувачка, или кои што поставија фотоволтаици. Значи, мрежата се одржува во текот на целата година. Фиксните трошоци сега ги плаќат само домаќинствата кои што ја користат мрежата рамномерно, секој месец во годината. Оние кои ја користат две – три недели во годината не плаќаат ништо. И тоа не е фер, не е правично. Плус, сега има домаќинства кои што поставуваат фотоволтаици. Тоа вообичаено се побогати категории на граѓани. Кога ќе го постави фотоволтаикот, нему ќе му се намали потрошувачката и тоа го создава овој ефект кој што ви го кажав. Поради тоа и кај домаќинствата ќе се воведе Пристап кон мрежа, но за сметка на тоа ќе се намали мрежарината. Значи, не може некое домаќинство коешто не поставило фотоволтаик да плаќа за домаќинство коешто поставило фотоволтаик. Мора да зборуваме за социјална правда и за правичност. И тоа ќе го спроведеме, вели Бислимоски.

The post На сметките за струја ќе има нова ставка – пристап до мрежа appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Регулаторна во наредните пет години ќе ги контролира пресметките за цената на струјата што ќе ги прави Универзалниот снабдувач https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-regulatorna-vo-narednite-pet-godini-ke-gi-kontrolira-presmetkite-za-tsenata-na-strujata-shto-ke-gi-pravi-univerzalniot-snabduvach/ Mon, 27 Nov 2023 21:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=716924

Согласно последните измени на Законот за енергетика, универзалниот снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар „ЕВН Хоум“ има обврска да ја пресмета цената на електричната енергија што ќе важи од 1 јануари идната година на регулираниот пазар по истиот тарифен систем по кој досега ја пресметуваше Регулаторната комисија за енергетика РКЕ.

Како што појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, тие пресметки потоа универзалниот снабдувач ги доставува до РКЕ, а доколку регулаторот има забелешки во однос на примената на тарифниот систем и начинот на кој што се извршени пресметките, носи посебна одлука и таа ја доставува до универзалниот снабдувач кој е обврзан да ја примени.

Крајните цени, наместо РКЕ, во „Службен весник“ ќе ги објави универзалниот снабдувач“. Тоа е концепт којшто е усогласен со европското законодавство и за првпат ќе го применуваме во Македонија. Концепциски, РКЕ досега ја носеше конечната одлука, а сега има еден чекор помеѓу, а тоа е проверка што доставил универзалниот снабдувач кој е обврзан да ги објави цените на блоковите за домаќинствата и за малите потрошувачи, рече Бислимоски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Бислимоски нагласи дека РКЕ најмалку пет години ќе ја прави проверката, како меѓучекор кон целосна либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и додаде дека тоа е гаранција дека нема да има ценовни шокови за граѓаните. Во меѓувреме, РКЕ и понатаму ќе ги носи одлуките за мрежарина и за пренос на електрична енергија на регулираниот пазар.

Тој потврди дена нема да има промена на четирите блок тарифи и додаде дека првиот блок и натаму ќе биде од 0 до 210 киловат часови, вториот од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 и четвртиот над 1.050 киловат часови.

Имавме средба со ММФ. Имаа барања да се намалат блоковите, да се намали за 10 до 15 отсто првиот блок и за одреден процент вториот за да има што е можно повеќе потрошувачка во третиот и четвртиот блок. Им објаснив дека проблемот е математички и дека доколку ги намалиме блоковите тогаш Универзалниот снабдувач ќе обезбеди повеќе пари кои нема да може да ги земе и ќе мора да ги врати назад и со тоа нема да има никаков ефект врз цената. Затоа нема повеќе забелешки и нема да има промена на блоковите, прецизира Бислимоски.

Лиценцата на постојниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“ истекува на 30 јуни следната година. Како што најави Бислимоски, се очекува наскоро Владата да објави тендер за избор на нов универзален снабдувач и тој да биде избран некаде до крајот на март.

The post Бислимоски: Регулаторна во наредните пет години ќе ги контролира пресметките за цената на струјата што ќе ги прави Универзалниот снабдувач appeared first on Република.

]]>

Согласно последните измени на Законот за енергетика, универзалниот снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар „ЕВН Хоум“ има обврска да ја пресмета цената на електричната енергија што ќе важи од 1 јануари идната година на регулираниот пазар по истиот тарифен систем по кој досега ја пресметуваше Регулаторната комисија за енергетика РКЕ. Како што појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, тие пресметки потоа универзалниот снабдувач ги доставува до РКЕ, а доколку регулаторот има забелешки во однос на примената на тарифниот систем и начинот на кој што се извршени пресметките, носи посебна одлука и таа ја доставува до универзалниот снабдувач кој е обврзан да ја примени.
Крајните цени, наместо РКЕ, во „Службен весник“ ќе ги објави универзалниот снабдувач“. Тоа е концепт којшто е усогласен со европското законодавство и за првпат ќе го применуваме во Македонија. Концепциски, РКЕ досега ја носеше конечната одлука, а сега има еден чекор помеѓу, а тоа е проверка што доставил универзалниот снабдувач кој е обврзан да ги објави цените на блоковите за домаќинствата и за малите потрошувачи, рече Бислимоски во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Бислимоски нагласи дека РКЕ најмалку пет години ќе ја прави проверката, како меѓучекор кон целосна либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и додаде дека тоа е гаранција дека нема да има ценовни шокови за граѓаните. Во меѓувреме, РКЕ и понатаму ќе ги носи одлуките за мрежарина и за пренос на електрична енергија на регулираниот пазар. Тој потврди дена нема да има промена на четирите блок тарифи и додаде дека првиот блок и натаму ќе биде од 0 до 210 киловат часови, вториот од 210 до 630, третиот од 630 до 1.050 и четвртиот над 1.050 киловат часови.
Имавме средба со ММФ. Имаа барања да се намалат блоковите, да се намали за 10 до 15 отсто првиот блок и за одреден процент вториот за да има што е можно повеќе потрошувачка во третиот и четвртиот блок. Им објаснив дека проблемот е математички и дека доколку ги намалиме блоковите тогаш Универзалниот снабдувач ќе обезбеди повеќе пари кои нема да може да ги земе и ќе мора да ги врати назад и со тоа нема да има никаков ефект врз цената. Затоа нема повеќе забелешки и нема да има промена на блоковите, прецизира Бислимоски.
Лиценцата на постојниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“ истекува на 30 јуни следната година. Како што најави Бислимоски, се очекува наскоро Владата да објави тендер за избор на нов универзален снабдувач и тој да биде избран некаде до крајот на март.

The post Бислимоски: Регулаторна во наредните пет години ќе ги контролира пресметките за цената на струјата што ќе ги прави Универзалниот снабдувач appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Блок тарифите и нивниот опсег нема да се намалат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-blok-tarifite-i-nivniot-opseg-nema-da-se-namalat/ Tue, 21 Nov 2023 21:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=714922

Нема да има промена на опсегот на четирите блок тарифи за електричната енергија на регулираниот пазар и покрај забелешките на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), порача вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

РКЕ го носи тарифниот систем и кажува во кој опсег ќе се блок тарифите. Да, има забелешки од ММФ дека блоковите треба да се намалат, но одговорно тврдам - блоковите и нивниот опсег нема да се намалат. Не е тоа решение. Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16 отсто. Дури и тоа што беше потопла зимата има удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е дека потрошувачката е намалена - рече Бислимоски за ТВ 24.

Нагласи дека намалувањето на субвенциите што ги даваше Владата за електричната енергија е логичен след затоа што, како што рече, оваа година, по завршувањето на грејната сезона немаме потреба од ТЕЦ Неготино и големите набавки завршија. Воедно, додаде, имаме и постабилна и попредвидлива состојба со цените на електричната енергија на берза.

Имаме постабилна ситуација во однос на цената на струјата на слободниот пазар кај нас и во регионот, кога може да се купи струја на слободниот пазар. Во тој дел потребите кои требаше да ги обезбеди ЕСМ за универзалниот снабдувач, за малите потрошувачи и домаќинствата, загубите во дистрибутивната и преносната мрежа, сега се обезбедуваат на слободниот пазар по цени кои се многу пониски. Оттука се должи тоа што се намалуваат субвенциите за ЕСМ. По лошата 2021 година ЕСМ го зголеми производството на струја во 2022 и очекуваме годинава да биде над четири милијарди киловат часови - посочи Бислимоски.

Од тој аспект, додаде, нема потреба да се даваат толку пари, зошто сите трошоци се намалени

The post Бислимоски: Блок тарифите и нивниот опсег нема да се намалат appeared first on Република.

Бислимоски: Ќе одлучиме за цената на парното кога ќе добиеме цврсто уверување за монтирање на новиот топловод на „Беласица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-ke-odluchime-za-tsenata-na-parnoto-koga-ke-dobieme-tsvrsto-uveruvane-za-montirane-na-noviot-toplovod-na-belasitsa/ Fri, 06 Oct 2023 10:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=688547

Одлуката за цената на парното ќе ја донесеме кога официјално ќе добиеме цврсто уверување дека ќе се монтира новиот топловод на мостот „Беласица и дека ќе започне да се реализира тој проект, а веќе по информациите што ги имам нема никаков проблем помеѓу ЕСМ и Град Скопје. Со таа одлука нема да дозволиме да има какви било ценовни шокови за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје, истакна денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Скопје ќе има парно греење, никогаш тоа не било доведено во прашање. Она на што инсистира РКЕ е тоа да биде по далеку пониски трошоци и РКЕ од тоа нема да отстапи. Скопје и со постојната инфраструктура што ја има со двете топлани без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем во однос на снабдувањето со топлинска енергија. Поентата на сето тоа на што ние реагираме е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем - рече Бислимоски во одговор на прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк.

Нагласи дека ТЕ-ТО дава топлинска енергија која што е со пониска цена за 2,5 – 3 пати отколку цената на топланите во Градот Скопје.

И да не работи ТЕ-ТО, тоа ќе биде проблем на ЕСМ, и нема тоа да биде вкалкулирате во пресметките. Ако носиме одлука за цена дали е помал цевковод или поголем не не’ интересира. Ние во калкулациите ќе влеземе дека од ТЕ-ТО ќе се добие 60 до 70 проценти од топлинската енергија за да ја сочуваме ценовната стабилност. Зголемените трошоци во однос на тоа се разбира дека ќе си одат на тој којшто има проблеми да го реализира - посочи Бислимоски и додаде дека нема да има никаков проблем со снабдувањето и потврди дека РКЕ нема да дозволи да има какви било ценовни шокови.

The post Бислимоски: Ќе одлучиме за цената на парното кога ќе добиеме цврсто уверување за монтирање на новиот топловод на „Беласица“ appeared first on Република.

Бислимоски: Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-dokolku-ne-raboti-te-to-ke-ni-se-sluchi-tsenovno-tsunami/ Fri, 22 Sep 2023 11:34:24 +0000 https://republika.mk/?p=684113

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје а ние тоа нема да го дозволиме. Затоа нема да носиме одлука за цената се додека не добиеме уверување дека ќе биде поставен топловодот на мостот Беласица - изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Нагласи дека доколку не се донесе одлука ќе продолжи да важи постојната цена за парното греење.

Во Град Скопје и во ЕСМ има разумни луѓе и сметам дека ќе се договорат, рече Бислимоски и додаде дека е логички тој што е сопственик на мостот да даде дозвола ЕСМ дистрибуција на топлина да ги постави цевките кои се веќе донесени таму.

Бислимоски не очекува да поскапи цената што ја плаќаат граѓаните за комунален отпад откако РКЕ ја доби обврската да ја определува цената на оваа комунална услуга во сите општини во државата. Не очекува ниту драстично да поскапи струјата во текот на грејната сезона на берзите и посочува дека кај нас ќе зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум

The post Бислимоски: Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами appeared first on Република.

]]>

Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа со топлинската енергија во Скопје а ние тоа нема да го дозволиме. Затоа нема да носиме одлука за цената се додека не добиеме уверување дека ќе биде поставен топловодот на мостот Беласица - изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Нагласи дека доколку не се донесе одлука ќе продолжи да важи постојната цена за парното греење. Во Град Скопје и во ЕСМ има разумни луѓе и сметам дека ќе се договорат, рече Бислимоски и додаде дека е логички тој што е сопственик на мостот да даде дозвола ЕСМ дистрибуција на топлина да ги постави цевките кои се веќе донесени таму. Бислимоски не очекува да поскапи цената што ја плаќаат граѓаните за комунален отпад откако РКЕ ја доби обврската да ја определува цената на оваа комунална услуга во сите општини во државата. Не очекува ниту драстично да поскапи струјата во текот на грејната сезона на берзите и посочува дека кај нас ќе зависи од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум

The post Бислимоски: Доколку не работи ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовно цунами appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Aко немаме функционално ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-ako-nemame-funktsionalno-te-to-ke-ni-se-sluchi-tsenovna-katastrofa/ Sat, 16 Sep 2023 06:45:08 +0000 https://republika.mk/?p=682323

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) нема да носи одлука за цената на топлинската енергија во Скопје се додека не бидеме сигурни дека ТЕ-ТО ќе работи и ќе биде ставено на мрежа. Ако ТЕ-ТО оваа година го немаме функционално на мрежа ќе ни се случи ценовна  катастрофа, а тоа не ни е на крај на памет да го дозволиме. Додека не се знае дека ќе можеме да ги искористиме придобивките од ТЕ-ТО нема да имаме одлука, истакна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во разговор за МИА.

Топлинската енергија од ТЕ-ТО, како што рече, е многу битна бидејќи во 2022 година таа беше три пати поевтина од цената што ја имаа топланите во Градот Скопје.

Технолошкиот процес во когенеративните постројки овозможува да има производство на топлинска енергија со пониска цена и тоа ќе го искористиме до максимум. За да го направиме тоа сериозен проблем ни е топловодот кој поминуваше на мостот „Беласица“ и кој беше оштетен од пожарот што го зафати мостот. Не сакам да навлегувам кој е надлежен - дали Град Скопје или ЕСМ, но верувам дека Градот Скопје и ЕСМ ќе преземат се за да се санира топловодот и да ја добиеме таа топлинска енергија од ТЕ-ТО. Топловодот ќе ни помогне топлината од когенеративната електрана да дојде во другиот дел на Скопје, бидејќи има други пумпни станици кои овозможуваат оваа топлина да дојде и до општина Карпош. Додека не добиеме јасна сигурност дека ТЕ-ТО ќе работи и дека ќе ја добиваме топлината од ТЕ-ТО ние нема да донесеме одлука за цената на топлинската енергија, бидејќи не можеме да го префрлиме товарот кај потрошувачите за работа која може да се среди за две недели и за помалку, рече Бислимоски.

Посочи дека е вообичаено Град Скопје да каже дека е се во ред  со мостот „Беласица“ и да им даде дозвола  на ЕСМ Дистрибуција да ги постави новите цевки на топловодот под мостот.

Ова е пресериозна работа за да се чека да се изврши, порача Бислимоски.

Цената на топлинската енергија од ТЕ-ТО три пати пониска од цената на топланите

Цената на ТЕ-ТО е три пати пониска од цената на топланите во Скопје кои се во добра кондиција, но таков им е работниот процес и коефициентот на полезно дејство и е 33 до 34 проценти за разлика од ТЕ-ТО кое кога произведува и топлинска енергија има коефициент на полезно дејство и до 90 проценти, вели Бислимоски.

Токму тоа е придобивката од когенеративната  електрана и срамота е да не ја користиме имајќи таква централа во Скопје. Ако не ја користиме цената на парното греење ќе треба да се зголеми за 100 проценти, бидејќи трошокот за гас е најголем во производството на топлинска енергија, посочи Бислимоски.

Таков луксуз, додаде, не можеме да си дозволиме, бидејќи сите потрошувачи ќе се исклучат од системот за централно греење.

Тоа не смее да се дозволи зашто потрошувачката на топлинска енергија во Скопје е битна за цела Македонија. Скопје е проектирано во делот на дистрибутивна мрежа дека најголем дел од зградите во Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и дел во Гази Баба, како и мал дел во Чаир да се греат на топлинска енергија. Ако не се греат на топлинска енергија ќе ни се запалат трафостаниците, зашто енормно ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија. Затоа до моментот додека не сме сигурни дека топловодот ќе биде ставен во функција ние нема да ја донесеме одлуката и ќе останат постојните цени. Уште еден момент е заемот што го даде Владата од 6 милиони евра во јануари 2022 година. Тие средства треба да се вратат, но не може тоа да оди само на товар на потрошувачите, прецизира Бислимоски.

Потребна е нова методолгија за цената на парното во Скопје

Со новата одлука за цената на парното греење во Скопје РКЕ треба да реши неколку работи кои се исклучително комплицирани и затоа е потребна нова методологија и нов концепт за цената по која ќе продава ТЕ-ТО, порачува Бислимоски.

Сакаме максимално да ја искористиме когенеративната електрана ТЕ-ТО, бидејќи токму тоа е идејата на когенеративната постројка. Сега ТЕ-ТО е компанија која нема никаква сопственичка поврзаност со новите компании кои стопанисуваат со парното греење во Скопје и затоа ни е потребна нова методологија и нов концепт по која цена ТЕ-ТО ќе продава на операторот на системот за дистрибуција – ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, рече Бислимоски.

Појасни дека ТЕ-ТО кога дава топлинска енергија намалува производство на електрична енергија и затоа новата методологија треба да овозможи трошоците за топлинска енергија на граѓаните да се одржат на соодветно ниво, а во исто време да се овозможи ТЕ-ТО да продава електрична енергија на пазарот на електрична енергија.

Во текот на 2022 година се сменија носителите на лиценците, а процесот продолжи и заврши во 2023 година. Со одлуката треба да направиме јасна слика до каде е БЕГ, колку пари треба да даде или да земе, а колку трошоци да им се признаваат на компаниите кои произлегоа од ЕСМ. Дополнително, треба да определиме цени на компании – ЕСМ Производство на топлинска енергија, ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија и ЕСМ Снабдување со топлинска енергија за кои немаме никаква историја. Поради тоа прво го менуваме правилникот и регулираниот период во делот на трошоци, амортизација и поврат на капитал што беше три години го враќаме назад на една година за да бидеме попрецизни и да видиме како се снаоѓаат новоформираните компании кои добија нови лиценци, појасни Бислимоски.

Сериозен проблем, додаде, ни претставува и  инфлацијата поради која се зголеми и цената на многу материјали како што се металите и останатите берзански производи кои се користат за одржување не само во делот на топлинската енергија, туку и кај електричната енергија.

Во моментов цената на природниот гас е околу 34 до 35 евра за мегават час и е пониска од цената што беше во изминатата грејна сезона кога се  движеше од 80 до 120 евра. Сепак, се уште не е на нивото кое беше претходно, рече Бислимоски.

Вообичаено РКЕ одуката за цената на топлинската енергија во Скопје ја носи во август.

Извор: МИА

The post Бислимоски: Aко немаме функционално ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) нема да носи одлука за цената на топлинската енергија во Скопје се додека не бидеме сигурни дека ТЕ-ТО ќе работи и ќе биде ставено на мрежа. Ако ТЕ-ТО оваа година го немаме функционално на мрежа ќе ни се случи ценовна  катастрофа, а тоа не ни е на крај на памет да го дозволиме. Додека не се знае дека ќе можеме да ги искористиме придобивките од ТЕ-ТО нема да имаме одлука, истакна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во разговор за МИА. Топлинската енергија од ТЕ-ТО, како што рече, е многу битна бидејќи во 2022 година таа беше три пати поевтина од цената што ја имаа топланите во Градот Скопје.
Технолошкиот процес во когенеративните постројки овозможува да има производство на топлинска енергија со пониска цена и тоа ќе го искористиме до максимум. За да го направиме тоа сериозен проблем ни е топловодот кој поминуваше на мостот „Беласица“ и кој беше оштетен од пожарот што го зафати мостот. Не сакам да навлегувам кој е надлежен - дали Град Скопје или ЕСМ, но верувам дека Градот Скопје и ЕСМ ќе преземат се за да се санира топловодот и да ја добиеме таа топлинска енергија од ТЕ-ТО. Топловодот ќе ни помогне топлината од когенеративната електрана да дојде во другиот дел на Скопје, бидејќи има други пумпни станици кои овозможуваат оваа топлина да дојде и до општина Карпош. Додека не добиеме јасна сигурност дека ТЕ-ТО ќе работи и дека ќе ја добиваме топлината од ТЕ-ТО ние нема да донесеме одлука за цената на топлинската енергија, бидејќи не можеме да го префрлиме товарот кај потрошувачите за работа која може да се среди за две недели и за помалку, рече Бислимоски.
Посочи дека е вообичаено Град Скопје да каже дека е се во ред  со мостот „Беласица“ и да им даде дозвола  на ЕСМ Дистрибуција да ги постави новите цевки на топловодот под мостот.
Ова е пресериозна работа за да се чека да се изврши, порача Бислимоски.

Цената на топлинската енергија од ТЕ-ТО три пати пониска од цената на топланите

Цената на ТЕ-ТО е три пати пониска од цената на топланите во Скопје кои се во добра кондиција, но таков им е работниот процес и коефициентот на полезно дејство и е 33 до 34 проценти за разлика од ТЕ-ТО кое кога произведува и топлинска енергија има коефициент на полезно дејство и до 90 проценти, вели Бислимоски.
Токму тоа е придобивката од когенеративната  електрана и срамота е да не ја користиме имајќи таква централа во Скопје. Ако не ја користиме цената на парното греење ќе треба да се зголеми за 100 проценти, бидејќи трошокот за гас е најголем во производството на топлинска енергија, посочи Бислимоски.
Таков луксуз, додаде, не можеме да си дозволиме, бидејќи сите потрошувачи ќе се исклучат од системот за централно греење.
Тоа не смее да се дозволи зашто потрошувачката на топлинска енергија во Скопје е битна за цела Македонија. Скопје е проектирано во делот на дистрибутивна мрежа дека најголем дел од зградите во Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром и дел во Гази Баба, како и мал дел во Чаир да се греат на топлинска енергија. Ако не се греат на топлинска енергија ќе ни се запалат трафостаниците, зашто енормно ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија. Затоа до моментот додека не сме сигурни дека топловодот ќе биде ставен во функција ние нема да ја донесеме одлуката и ќе останат постојните цени. Уште еден момент е заемот што го даде Владата од 6 милиони евра во јануари 2022 година. Тие средства треба да се вратат, но не може тоа да оди само на товар на потрошувачите, прецизира Бислимоски.

Потребна е нова методолгија за цената на парното во Скопје

Со новата одлука за цената на парното греење во Скопје РКЕ треба да реши неколку работи кои се исклучително комплицирани и затоа е потребна нова методологија и нов концепт за цената по која ќе продава ТЕ-ТО, порачува Бислимоски.
Сакаме максимално да ја искористиме когенеративната електрана ТЕ-ТО, бидејќи токму тоа е идејата на когенеративната постројка. Сега ТЕ-ТО е компанија која нема никаква сопственичка поврзаност со новите компании кои стопанисуваат со парното греење во Скопје и затоа ни е потребна нова методологија и нов концепт по која цена ТЕ-ТО ќе продава на операторот на системот за дистрибуција – ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, рече Бислимоски.
Појасни дека ТЕ-ТО кога дава топлинска енергија намалува производство на електрична енергија и затоа новата методологија треба да овозможи трошоците за топлинска енергија на граѓаните да се одржат на соодветно ниво, а во исто време да се овозможи ТЕ-ТО да продава електрична енергија на пазарот на електрична енергија.
Во текот на 2022 година се сменија носителите на лиценците, а процесот продолжи и заврши во 2023 година. Со одлуката треба да направиме јасна слика до каде е БЕГ, колку пари треба да даде или да земе, а колку трошоци да им се признаваат на компаниите кои произлегоа од ЕСМ. Дополнително, треба да определиме цени на компании – ЕСМ Производство на топлинска енергија, ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија и ЕСМ Снабдување со топлинска енергија за кои немаме никаква историја. Поради тоа прво го менуваме правилникот и регулираниот период во делот на трошоци, амортизација и поврат на капитал што беше три години го враќаме назад на една година за да бидеме попрецизни и да видиме како се снаоѓаат новоформираните компании кои добија нови лиценци, појасни Бислимоски.
Сериозен проблем, додаде, ни претставува и  инфлацијата поради која се зголеми и цената на многу материјали како што се металите и останатите берзански производи кои се користат за одржување не само во делот на топлинската енергија, туку и кај електричната енергија.
Во моментов цената на природниот гас е околу 34 до 35 евра за мегават час и е пониска од цената што беше во изминатата грејна сезона кога се  движеше од 80 до 120 евра. Сепак, се уште не е на нивото кое беше претходно, рече Бислимоски.
Вообичаено РКЕ одуката за цената на топлинската енергија во Скопје ја носи во август. Извор: МИА

The post Бислимоски: Aко немаме функционално ТЕ-ТО ќе ни се случи ценовна катастрофа appeared first on Република.

]]>
Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bislimoski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-regulatornata-komisija-za-energetika/ Wed, 26 Jul 2023 13:24:30 +0000 https://republika.mk/?p=665582

Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпат на денешното продолжение на 120. sобраниска седница. За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема.

Собранието на Република Македонија во продолжението на 120. седница ги избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација.

Пратениците донесоа и одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“во Република Либан.

Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Пратениците на опозициската ВМРО – ДПМНЕ забележаа дека иако се работи за самостојно и независно тело, сепак предложените кандидати се партиски претставници. Според нив, кандидатот за претседател на совет на експерти на ова петчлено тело, Максуд Али, бил кандидат за пратеник на СДСМ во 2014 година. Тие изразија и сомнеж дека во изборот нема доволно дефинирани критериуми што значи експерт, кој би можел да раководи со Советот на експерти.

За членови на Советот предложени се Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева.

Собранието претходно одржа и Свечена седница по повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Пратениците треба да продолжат со нова седница од 15 часот. На дневен ред на оваа седница е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

The post Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика appeared first on Република.

]]>

Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпат на денешното продолжение на 120. sобраниска седница. За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема. Собранието на Република Македонија во продолжението на 120. седница ги избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација. Пратениците донесоа и одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“во Република Либан. Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Пратениците на опозициската ВМРО – ДПМНЕ забележаа дека иако се работи за самостојно и независно тело, сепак предложените кандидати се партиски претставници. Според нив, кандидатот за претседател на совет на експерти на ова петчлено тело, Максуд Али, бил кандидат за пратеник на СДСМ во 2014 година. Тие изразија и сомнеж дека во изборот нема доволно дефинирани критериуми што значи експерт, кој би можел да раководи со Советот на експерти. За членови на Советот предложени се Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева. Собранието претходно одржа и Свечена седница по повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Пратениците треба да продолжат со нова седница од 15 часот. На дневен ред на оваа седница е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.

The post Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Со воведувањето на дневната евтина тарифа, ќе имаме најниска цена на струјата во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-so-voveduvaneto-na-dnevnata-evtina-tarifa-ke-imame-najniska-tsena-na-strujata-vo-evropa/ Fri, 30 Jun 2023 20:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=657018

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва рече дека поради технички проблеми, дневната евтина тарифа на струјата ќе почне од 1 декември и тоа е најраниот можен термин.

Според Бислимоски, ако имаше политика во ваквата одлука, дневната евтина тарифа ќе почнеше од 1 јули.

Со воведувањето на евтината тарифа, земјава, оцени Бислимоски, ќе има најниска цена на електричната енергија во Европа. Засега, поевтина струја од нас, како што напомена, има само Србија.

Првиот човек на РКЕ смета дека е прерано да се каже дали ќе има дополнително намалување на цената на струјата, но не верува дека може да се очекува драматично поскапување. Согласно предвидувањата, истакна, цената на електричната енергија во 2024 година ќе биде 160 евра за мегават час. Годинава во март беше 120 - 130 евра, во април 110 - 120 евра, исто беше и во мај, јуни и јули, но останува да се види како ќе биде во останатиот дел од годината.

-Имаше технички проблеми за кои треба време да се надминат. Операторот сакаше евтината тарифа да почне од 1 јули следната година, но успеавме да се разбереме и да се договориме да почне од 1 декември. Ова е најрано кога можеше да почне евтината тарифа. Евтината тарифа ќе значи и пет отсто линерано налмалување на цената на електриччната енергија, истакна Бислимоски во интервју за Канал 5 телевизија.

Во регионот, додаде, освен во еден дел на БиХ, во ниту една земја не постои евтина тарифа, а не посоти ниту во Европа.

-Од 1 декември дневна евтина тарифа кај нас ќе има, што е придбвика за граѓаните, тие ги изградиле термо и хидро електраните и редно е да им се врати на тие луѓе со евтина тарифа во текот на денот. Инаку, после Србија, имаме најниска цена на струјата за домаќинствата во Европа. Всушност, цената на струјата за домаќинствата во Македонија е најниска, освен во Србија, а со воведувањето на евтината тарифа, мислам дека ќе имаме најниска цена на електрична енергија во Европа, подвлече претседателот на РКЕ.

Тој повтори дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и тој процес ќе почне во наредните година, две или три.

-Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем, подвлече Бислимоски.

Во интервјуто, тој уште еднаш порача дека мора да почне замената на јагленот со природен гас. Ќе мора да се градат, рече, и нови производни капацитети.

The post Бислимоски: Со воведувањето на дневната евтина тарифа, ќе имаме најниска цена на струјата во Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва рече дека поради технички проблеми, дневната евтина тарифа на струјата ќе почне од 1 декември и тоа е најраниот можен термин. Според Бислимоски, ако имаше политика во ваквата одлука, дневната евтина тарифа ќе почнеше од 1 јули. Со воведувањето на евтината тарифа, земјава, оцени Бислимоски, ќе има најниска цена на електричната енергија во Европа. Засега, поевтина струја од нас, како што напомена, има само Србија. Првиот човек на РКЕ смета дека е прерано да се каже дали ќе има дополнително намалување на цената на струјата, но не верува дека може да се очекува драматично поскапување. Согласно предвидувањата, истакна, цената на електричната енергија во 2024 година ќе биде 160 евра за мегават час. Годинава во март беше 120 - 130 евра, во април 110 - 120 евра, исто беше и во мај, јуни и јули, но останува да се види како ќе биде во останатиот дел од годината.
-Имаше технички проблеми за кои треба време да се надминат. Операторот сакаше евтината тарифа да почне од 1 јули следната година, но успеавме да се разбереме и да се договориме да почне од 1 декември. Ова е најрано кога можеше да почне евтината тарифа. Евтината тарифа ќе значи и пет отсто линерано налмалување на цената на електриччната енергија, истакна Бислимоски во интервју за Канал 5 телевизија.
Во регионот, додаде, освен во еден дел на БиХ, во ниту една земја не постои евтина тарифа, а не посоти ниту во Европа. -Од 1 декември дневна евтина тарифа кај нас ќе има, што е придбвика за граѓаните, тие ги изградиле термо и хидро електраните и редно е да им се врати на тие луѓе со евтина тарифа во текот на денот. Инаку, после Србија, имаме најниска цена на струјата за домаќинствата во Европа. Всушност, цената на струјата за домаќинствата во Македонија е најниска, освен во Србија, а со воведувањето на евтината тарифа, мислам дека ќе имаме најниска цена на електрична енергија во Европа, подвлече претседателот на РКЕ. Тој повтори дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и тој процес ќе почне во наредните година, две или три.
-Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем, подвлече Бислимоски.
Во интервјуто, тој уште еднаш порача дека мора да почне замената на јагленот со природен гас. Ќе мора да се градат, рече, и нови производни капацитети.

The post Бислимоски: Со воведувањето на дневната евтина тарифа, ќе имаме најниска цена на струјата во Европа appeared first on Република.

]]>
Од ДДВ-то ќе зависи дали јулската сметка за струја ќе биде пониска за 4,26 отсто или повисока за 2,5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-ddv-to-ke-zavisi-dali-julskata-smetka-za-struja-ke-bide-poniska-za-4-26-otsto-ili-povisoka-za-2-5-otsto/ Tue, 27 Jun 2023 19:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=655851

Од 1 јули годинава за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто. Според него, од 1 декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 проценти на сметките.

-РКЕ носи одлуки за цени и тарифи за електричната енергија без ДДВ. Во апсолутен износ ДДВ-то влијае 7 проценти. За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок, рече Бислимоски во одоговор на прашање.

Нагласи дека ова е втора последователна одлука на РКЕ со која цените на електрична енергија без ДДВ се намалуваат за домаќинствата и за малите потрошувачи.

-Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради заокружувањето има промена, односно минимално зголемување од 0,38 проценти, рече Бислимоски.

За малите потрошувачи, како што кажа, крајната цена ќе се зголеми за 0,3 проценти бидејќи ДДВ-то нема влијание зашто прават поврат на ДДВ.

-Математички пресметано за домаќинствата со вклучено зголемено ДДВ во првиот блок има намалување на цената за 0,28 отсто, во вторито блок има зголемување на цената од 2,88 отсто, во третиот блок зголемување од 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто. Кај домаќинствата со просечна потрошувачка влијанието на зголеменото ДДВ е 2,5 проценти, прецизира Бислимоски.

Како што посочи операторот на пазарот на електрична енергија побарал зголемување на цената од 83,83 проценти, а РКЕ одобрил зголемување од 5,2 проценти и таа изнесува 0,009 денари, и тоа има незначително влијание во крајната цена. МЕПСО побарал цената за пренос на електрична енергија да се зголеми за 52 проценти, а РКЕ ја намалила за 17,06 проценти.

-Намалувањето на оваа цена пред се се должи на тоа што се намалија трошоците за загуби коишто во втората половина од годината изнесуваа 132 евра за мегават час, додека во првиот дел од годината изнесуваа 220 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека е одземена и добивката од 14 милиони евра што ја остварил МЕПСО од балансирањето.

Електродистрибуција, додаде, побара да се зголеми цената за дистрибуција за електрична енергија за 32,17 отсто, а дозволивме зголемување од 2,12 проценти. Во првиот дел од годинава цената за загубите во дистрибуцијата на електрична енергија изнесуваше 110 евра за мегават час, а во вториот дел од годинава е 100 евра.

-Со тоа мрежарината што ја плаќаат домаќинствата која претставува збир од цената за пренос и за дистрибуција на електричната енергија ќе се намали 2,11 проценти и на тој начин во сметките нема да се плаќа повеќе за мрежарина отколку за потрошена енергија, потенцира Бислимоски.

Цената за снабдување се намалува за 1,77 отсто. Тоа, како што кажа е благодарение на АД ЕСМ кое ја намали цената за снабдување од 56 на 53 евра за мегават час, а исто така ја намали и цената за покривање на загубите во преносниот и дистрибутивниот систем.

Бислимоски очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стратуваат со услугата уште на 1 декември. Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ. Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата.

The post Од ДДВ-то ќе зависи дали јулската сметка за струја ќе биде пониска за 4,26 отсто или повисока за 2,5 отсто appeared first on Република.

]]>

Од 1 јули годинава за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто. Според него, од 1 декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 проценти на сметките.
-РКЕ носи одлуки за цени и тарифи за електричната енергија без ДДВ. Во апсолутен износ ДДВ-то влијае 7 проценти. За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок, рече Бислимоски во одоговор на прашање.
Нагласи дека ова е втора последователна одлука на РКЕ со која цените на електрична енергија без ДДВ се намалуваат за домаќинствата и за малите потрошувачи.
-Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради заокружувањето има промена, односно минимално зголемување од 0,38 проценти, рече Бислимоски.
За малите потрошувачи, како што кажа, крајната цена ќе се зголеми за 0,3 проценти бидејќи ДДВ-то нема влијание зашто прават поврат на ДДВ. -Математички пресметано за домаќинствата со вклучено зголемено ДДВ во првиот блок има намалување на цената за 0,28 отсто, во вторито блок има зголемување на цената од 2,88 отсто, во третиот блок зголемување од 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто. Кај домаќинствата со просечна потрошувачка влијанието на зголеменото ДДВ е 2,5 проценти, прецизира Бислимоски. Како што посочи операторот на пазарот на електрична енергија побарал зголемување на цената од 83,83 проценти, а РКЕ одобрил зголемување од 5,2 проценти и таа изнесува 0,009 денари, и тоа има незначително влијание во крајната цена. МЕПСО побарал цената за пренос на електрична енергија да се зголеми за 52 проценти, а РКЕ ја намалила за 17,06 проценти.
-Намалувањето на оваа цена пред се се должи на тоа што се намалија трошоците за загуби коишто во втората половина од годината изнесуваа 132 евра за мегават час, додека во првиот дел од годината изнесуваа 220 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека е одземена и добивката од 14 милиони евра што ја остварил МЕПСО од балансирањето.
Електродистрибуција, додаде, побара да се зголеми цената за дистрибуција за електрична енергија за 32,17 отсто, а дозволивме зголемување од 2,12 проценти. Во првиот дел од годинава цената за загубите во дистрибуцијата на електрична енергија изнесуваше 110 евра за мегават час, а во вториот дел од годинава е 100 евра.
-Со тоа мрежарината што ја плаќаат домаќинствата која претставува збир од цената за пренос и за дистрибуција на електричната енергија ќе се намали 2,11 проценти и на тој начин во сметките нема да се плаќа повеќе за мрежарина отколку за потрошена енергија, потенцира Бислимоски.
Цената за снабдување се намалува за 1,77 отсто. Тоа, како што кажа е благодарение на АД ЕСМ кое ја намали цената за снабдување од 56 на 53 евра за мегават час, а исто така ја намали и цената за покривање на загубите во преносниот и дистрибутивниот систем. Бислимоски очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стратуваат со услугата уште на 1 декември. Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ. Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата.

The post Од ДДВ-то ќе зависи дали јулската сметка за струја ќе биде пониска за 4,26 отсто или повисока за 2,5 отсто appeared first on Република.

]]>
Можно е враќање на дневната евтина струја! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mozhno-e-vrakane-na-dnevnata-evtina-struja/ Sat, 18 Feb 2023 13:10:40 +0000 https://republika.mk/?p=610487

Можно враќање на дневната евтина тарифа за струјата, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој рече дека ќе се разгледаат сите опции по завршување на грејната сезона.

Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции што ги имаме - најави  Бислимоски.

Тој посочи дека домашното производство на електрична енергија во периодот од октомври минатата година до јануари годинава е на завидно ниво. Така, во првиот месец годинава, 87 отсто од потребите за електрична енергија во државата се обезбедени од домашни капацитети, додека само 13 отсто е увезена и тоа за сите потрошувачи, а не само за домаќинствата и малите потрошувачи. Тоа, според Бислимоски е добар резултат.

Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што, имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја - рече Бислимоски.

The post Можно е враќање на дневната евтина струја! appeared first on Република.

РКЕ: Во јануари нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-vo-januari-novi-26-fotonaponski-tsentrali-so-moknost-od-shest-megavati/ Sat, 18 Feb 2023 09:18:13 +0000 https://republika.mk/?p=610427

Во јануари нови 26 фотонапонски електроцентрали со моќност од шест мегавати за производство на електрична енергија од обновливи извори се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Станува збор за домашни стопанственици кои инвестираат во фотонапонски централи со цел да си обезбедат самостојно струја за производствените потреби. Дел од стопанствениците кои добиле лиценци произведуваат мебел, кондиторски производи, а дел од нив се и од фармацевтскиот сектор.

Интересот на приватниот сектор за инвестиции во фотоволтаични централи е висок, кумулативно ако се гледа за само 13 месеци, РКЕ има издадено лиценци за вкупно 293 централи со вкупниот инсталиран капацитет од 158.2 MW што се во функција и од кои се произведува електрична енергија од обновливи извори. Во земјава само за една година и еден месец се изградени фотонапонски електроцентрали со вкупен инсталираниот капацитет што е поголем од инсталираниот капацитет на ТЕЦ Осломеј. Струјата од сонце се покажа како главен штит на приватниот сектор во борбата за економски опстанок, зголемена конкурентност, раст и развој, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Во 2022 година, РКЕ издаде лиценци за вкупно 267 централи, што е скоро двојно повеќе од донесените одлуки за издавање на лиценци во претходните пет години (од 2017 до 2021 донесени се 146 одлуки за издавање на лиценци).

The post РКЕ: Во јануари нови 26 фотонапонски централи со моќност од шест мегавати appeared first on Република.

Бислимоски: Во јануари домаќинствата имаат за 14 % просечна заштеда на електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-vo-januari-domakinstvata-imaat-za-14-prosechna-zashteda-na-elektrichnata-energija/ Wed, 15 Feb 2023 12:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=609296

Домаќинствата за 14% ја намалиле вкупната потрошувачката на електрична енергија во јануари, покажуваат податоците со кои Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија располага, а се од Електродистрибуција. Согласно информациите, вкупната потрошувачка на домаќинствата во јануари годинава изнесувала над 349 GWh (349.830.666 kWh), додека истиот месец минатата година била потрошена поголема количина на електрична енергија и истата изнесувала 408 GWh, известува РКЕ.

Од јануари од како на сила е новата цена на електрична енергија која за 99,2 % од домаќинствата е пониска, продолжува трендот на рационално користење на електрична енергија. Секој месец ги анализираме податоците и ги мериме ефектите од блок тарифите. Во прилог се и временските услови, но факт е дека домаќинствата рационално ја користат електричната енергија, па така во јануари потрошувачката на домаќинствата е намалена за 14 %, споредбено со истиот период од минатата година - изјави Марко Бислимоски, претседател на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

РКЕ од 1 јануари донесе одлука со која за 20,15 % се намали цената на електричната енергија за над 70 илјади мали фирми кои се на регулираниот пазар, додека цената за домаќинствата за првиот блок се намалува за 4,11 %.

The post Бислимоски: Во јануари домаќинствата имаат за 14 % просечна заштеда на електричната енергија appeared first on Република.

Бислимоски: Не се очекува недостиг на нафта и нафтени деривати, ниту сериозни импликации врз цената на дизелот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-ne-se-ochekuva-nedostig-na-nafta-i-nafteni-derivati-nitu-seriozni-implikatsii-vrz-tsenata-na-dizelot/ Wed, 08 Feb 2023 09:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=606342

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски, не очекува да има недостиг на нафта и нафтени деривати во земјава по одлуката на Европската Унија за забрана за увоз на руски дизел, ниту, пак, тоа да има сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.

Мерката што во неделата ја донесе Европската Унија се однесува на дизелот, екстра лесното масло, мазутот и керозинот, но таа не може да се одрази врз земјава поради тоа што и во изминатите години ние не сме увезувале руски дизел, објави претседателот на РКЕ, Бислимоски, на својот фејсбук-профил.

Како што посочува тој, најголемиот дел од готовите нафтени деривати меѓу кои и дизелот, односно околу 90 проценти, ги набавуваме од Грција каде руската нафта има многу мало влијание.

На ниво на ЕУ потребите за обезбедување руски дизел беа околу 15 проценти или околу 720-730 долари за тон. Сега Унијата ќе прави централизирана набавка со цел да ги намали трошоците за транспорт и веќе има склучено договори за набавка на дизел во најголема мера со Кувајт, појаснува Бислимоски.

Во наредните десетина дена тој вели дека ќе следиме што ќе се случува на берзите и дали ќе има зголемени трошоци за транспорт кај компаниите, но не очекува сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.

По вчерашниот ден, кога почна да се применува мерката, на Медитеранската берза имаше намалување на цената на дизелот, прецизира Бислимоски во објавата на Фејсбук.

The post Бислимоски: Не се очекува недостиг на нафта и нафтени деривати, ниту сериозни импликации врз цената на дизелот appeared first on Република.