Марк Мили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mark-mili/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Mar 2022 08:41:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марк Мили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mark-mili/ 32 32 Началникот на американскиот Генералштаб извршил увид во снабдувањето со оружје на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nachalnikot-na-amerikanskiot-generalshtab-izvrshil-uvid-vo-snabduvanjeto-so-oruzje-na-ukraina/ Mon, 07 Mar 2022 08:41:42 +0000 https://republika.mk/?p=468786

Началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили, посетил аеродром на границата со Украина, што стана центар за снабдување на таа држава со оружје, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на висок функционер од американското Министерство за одбрана.

Според „Си-Ен-Ен“, Мили лично ја набљудувал испораката на оружјето, откако претходно се сретнал со војската и се запознал со процесот на транспортирање на оружјето.

Во извештајот се додава дека локацијата на овој аеродром останува тајна за да се заштитат пратките со оружје, вклучително и противтенковски ракети.

Исто така се наведува дека руската армија не се обидела да го спречи овој трансфер на оружје, но постои одредена загриженост дека таквите испораки би можеле да бидат нападнати од Русија „како што напредува нејзината офанзива“.

Командата на европските специјални сили (ЕУКОМ) е првенствено одговорна за операцијата за масовна испорака на оружје, користејќи ги своите врски со сојузниците и партнерите за „координација во реално време“ и испраќање материјали во Украина, навел друг претставник на американското Министерство.

The post Началникот на американскиот Генералштаб извршил увид во снабдувањето со оружје на Украина appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили, посетил аеродром на границата со Украина, што стана центар за снабдување на таа држава со оружје, објави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на висок функционер од американското Министерство за одбрана. Според „Си-Ен-Ен“, Мили лично ја набљудувал испораката на оружјето, откако претходно се сретнал со војската и се запознал со процесот на транспортирање на оружјето. Во извештајот се додава дека локацијата на овој аеродром останува тајна за да се заштитат пратките со оружје, вклучително и противтенковски ракети. Исто така се наведува дека руската армија не се обидела да го спречи овој трансфер на оружје, но постои одредена загриженост дека таквите испораки би можеле да бидат нападнати од Русија „како што напредува нејзината офанзива“. Командата на европските специјални сили (ЕУКОМ) е првенствено одговорна за операцијата за масовна испорака на оружје, користејќи ги своите врски со сојузниците и партнерите за „координација во реално време“ и испраќање материјали во Украина, навел друг претставник на американското Министерство.

The post Началникот на американскиот Генералштаб извршил увид во снабдувањето со оружје на Украина appeared first on Република.

]]>
Началниците на американската и белоруската војска разговарале за избегнување меѓусебни инциденти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nachalnicite-na-amerikanskata-i-beloruskata-vojska-razgovarale-za-izbegnuvanje-megjusebni-incidenti/ Thu, 10 Feb 2022 18:29:40 +0000 https://republika.mk/?p=456915

Началникот на американскиот Здружен Генералштаб, генерал Марк Мили, телефонски разговарал со својот белоруски колега, генерал Виктор Гулевич, за да се спречат можни „несреќни инциденти“ во време кога во Белорусија почнаа големи воени вежби со Русија.

Телефонскиот разговор, прв на двајцата воени заповедници, е реализиран првенствено за да се намалат ризиците од инцидент и да се разменат мислењата за актуелната европска безбедност - изјави портпаролот на американскиот Генералштаб, Дејв Батлер.

Тој појасни дека двајцата генерали се договориле да не се објавува содржината на разговорот.

Руската и белоруската армија денеска почнаа големи маневри во Белорусија, гранична земја со Украина, која е во центарот на тензиите меѓу Русија и Западот и во време кога се водат интензивни дипломатски напори за смирување на кризата.

Руската и белоруската армија не прецизираа колку војници и опрема учествуваат на воените вежби, но Западот тврди дека за таа цел во Белорусија се распоредени 30.000 руски војници.

The post Началниците на американската и белоруската војска разговарале за избегнување меѓусебни инциденти appeared first on Република.

]]>

Началникот на американскиот Здружен Генералштаб, генерал Марк Мили, телефонски разговарал со својот белоруски колега, генерал Виктор Гулевич, за да се спречат можни „несреќни инциденти“ во време кога во Белорусија почнаа големи воени вежби со Русија.
Телефонскиот разговор, прв на двајцата воени заповедници, е реализиран првенствено за да се намалат ризиците од инцидент и да се разменат мислењата за актуелната европска безбедност - изјави портпаролот на американскиот Генералштаб, Дејв Батлер.
Тој појасни дека двајцата генерали се договориле да не се објавува содржината на разговорот. Руската и белоруската армија денеска почнаа големи маневри во Белорусија, гранична земја со Украина, која е во центарот на тензиите меѓу Русија и Западот и во време кога се водат интензивни дипломатски напори за смирување на кризата. Руската и белоруската армија не прецизираа колку војници и опрема учествуваат на воените вежби, но Западот тврди дека за таа цел во Белорусија се распоредени 30.000 руски војници.

The post Началниците на американската и белоруската војска разговарале за избегнување меѓусебни инциденти appeared first on Република.

]]>