Марјанче Митевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjanche-mitevski/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 13:28:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марјанче Митевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjanche-mitevski/ 32 32 Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dimovski-objavi-dokumenti-mitovski-izvrshil-krivichno-delo-so-zatvorska-kazna-treba-da-dade-ostavka/ Thu, 27 Oct 2022 14:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=566449

В.Д. директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанчо Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција согласно правосилната пресуда, бидејќи извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје – нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, изјави денеска претседателот на Сојузот на  синдикатите на Македонија (ССМ) и на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

Тој истакна дека доказите од пресудата и решението со кое Митовски се упатува на издржување затворска казна, ќе бидат доставени и до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како и до градскиот Совет.

Затоа го повикувам в.д. директорот Марјанчо Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа знаејќи што направил овој в.д. директор на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка со овој в.д. директор, изјави на денешната прес-конференција Димовски.

Тој ги повика градоначалничката и Советот на Град Скопје веднаш да го разрешат Митовски, доколку сам не поднесе оставка.

Прашан да го коментира тврдењето на Арсовска изнесено на нејзината последна прес-конференција дека во „Водовод и канализација“ има вработени коишто примаат високи плати, а не одат на работа, Димовски рече дека ако е тоа вистина тогаш градоначалничката треба да отвори дисциплински постапки со коишто тие што не работат ќе бидат отстранети од своите работни места.

Ние како Синдикат се залагаме да не постојат неработници во сите јавни и приватни претпријатија и стоиме позади тоа. Инаку, не можеме сите да земеме 18 илјади денари и 60 илјади денари плата е ништо за оваа економска и енергетска криза, нагласи Димовски.

Во врска со прашањето дали ќе започнат постапката за организирање генерален штрајк, откако ноќеска на полноќ истечено рокот поставен на градоначалничката Арсовска за разрешување на Митовски, Димовски повтори дека сегашниот в.д. директор не ги исполнува условите за вршител на јавна функција, затоа што, како што рече, тој е осуден за кривично дело.

Имаме уште една пресуда која ќе ја обелодениме, доколку овој директор не си поднесе оставка или градоначалничката не го разреши. Исто сакам да најавам дека имаме сериозен лекарски извештај каде што кажува дека психичката состојба на овој директор е нарушена и истиот се лечи. Тоа ќе го обелодениме наредната прес-конференција, посочи претседателот на ССМ.

Димовски, исто така, најави дека за утре е закажан состанок во седиштето на ССМ за да се донесе одлука за штрајк, бидејќи членовите на раководството на Синдикатот биле спречени да одржат состанок во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, што, според него, укажува дека Митовски го попречува синдикалното дејствување, кое е загарантирано со Закон и Колективен договор.

The post Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка appeared first on Република.

]]>

В.Д. директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанчо Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција согласно правосилната пресуда, бидејќи извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје – нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, изјави денеска претседателот на Сојузот на  синдикатите на Македонија (ССМ) и на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски. Тој истакна дека доказите од пресудата и решението со кое Митовски се упатува на издржување затворска казна, ќе бидат доставени и до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како и до градскиот Совет.
Затоа го повикувам в.д. директорот Марјанчо Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа знаејќи што направил овој в.д. директор на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка со овој в.д. директор, изјави на денешната прес-конференција Димовски.
Тој ги повика градоначалничката и Советот на Град Скопје веднаш да го разрешат Митовски, доколку сам не поднесе оставка. Прашан да го коментира тврдењето на Арсовска изнесено на нејзината последна прес-конференција дека во „Водовод и канализација“ има вработени коишто примаат високи плати, а не одат на работа, Димовски рече дека ако е тоа вистина тогаш градоначалничката треба да отвори дисциплински постапки со коишто тие што не работат ќе бидат отстранети од своите работни места.
Ние како Синдикат се залагаме да не постојат неработници во сите јавни и приватни претпријатија и стоиме позади тоа. Инаку, не можеме сите да земеме 18 илјади денари и 60 илјади денари плата е ништо за оваа економска и енергетска криза, нагласи Димовски.
Во врска со прашањето дали ќе започнат постапката за организирање генерален штрајк, откако ноќеска на полноќ истечено рокот поставен на градоначалничката Арсовска за разрешување на Митовски, Димовски повтори дека сегашниот в.д. директор не ги исполнува условите за вршител на јавна функција, затоа што, како што рече, тој е осуден за кривично дело.
Имаме уште една пресуда која ќе ја обелодениме, доколку овој директор не си поднесе оставка или градоначалничката не го разреши. Исто сакам да најавам дека имаме сериозен лекарски извештај каде што кажува дека психичката состојба на овој директор е нарушена и истиот се лечи. Тоа ќе го обелодениме наредната прес-конференција, посочи претседателот на ССМ.
Димовски, исто така, најави дека за утре е закажан состанок во седиштето на ССМ за да се донесе одлука за штрајк, бидејќи членовите на раководството на Синдикатот биле спречени да одржат состанок во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, што, според него, укажува дека Митовски го попречува синдикалното дејствување, кое е загарантирано со Закон и Колективен договор.

The post Димовски oбјави документи: Митовски извршил кривично дело со затворска казна, треба да даде оставка appeared first on Република.

]]>
Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/direktorot-na-skopski-vodovod-bil-vo-zatvor-za-seriozni-dela-tvrdi-dimovski/ Tue, 25 Oct 2022 20:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=565621

Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски, кој на функцијата е само месец и половина.

Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот. Дарко Димовски од ССМ за „Телма“ посочи и дека директорот на „Водовод“ Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди.

Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права.

Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.

The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.

]]>

Градските власти до утре имаат рок да седнат на маса со Синдикатите, а во спротивно работниците ќе штрајкуваат и ќе си ги бараат своите права. ССМ ѝ отвори нов фронт на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и побара разрешување на директорот на „Водовод и канализација“ Марјанче Митовски, кој на функцијата е само месец и половина. Ова го истакнаа и пред четири дена, а денес го повторија ултиматумот. Дарко Димовски од ССМ за „Телма“ посочи и дека директорот на „Водовод“ Митовски имал одлежано и затворски казни за сериозни дела, па ја повика градоначалничката Арсовска да ги прочита тие судски пресуди. Обвинувањата на синдикатите се дека актуелниот директор на „Водовод“ се заканувал на вработени, најавувал нова систематизација во претпријатието и отпуштања на работници. Дел од вработените во Водовод, брифираа дека добивале задолженија кои не се според Договорот за работа и на возрасни инженери кои се пред пензија им се делеле работни задачи како за почетници. Арсовска вчера кажа дека заканите за штрајк во претпријатието доаѓаат во момент кога е најавена департизација на градската администрација, а од ССМ и возвратија дека нема политика кога станува збор за работничките права. Претходно, од страна на Инспекторатот за труд се нотирани неправилности во работењето. Станува збор за незаконски спроведени прераспределби на работни позиции, а се отвориле и прашања околу законитоста при поставувањето на двајца шефови на кабинет.

The post Директорот на скопски „Водовод“ бил во затвор за сериозни дела, тврди Димовски appeared first on Република.

]]>
Арсовска назначи нов директор на местото на Перински https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-naznachi-nov-direktor-na-mestoto-na-perinski/ Mon, 12 Sep 2022 18:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=550141

Марјанче Митевски, вработен во „Водовод и Канализација“ е нов вршител на должност, Директор на ова јавно претпријатие. Скопје Инфо неофицијално дознава дека Арсовска попладнево, експресно ја потпишала одлуката за неговото назначување.

Тој доаѓа на оваа позиција по разрешување на досегашниот директор Златко Перински, кој утрово беше сменет од директорското место.

Причината за разрешувањето на Перински според Арсовска е самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер

The post Арсовска назначи нов директор на местото на Перински appeared first on Република.

]]>

Марјанче Митевски, вработен во „Водовод и Канализација“ е нов вршител на должност, Директор на ова јавно претпријатие. Скопје Инфо неофицијално дознава дека Арсовска попладнево, експресно ја потпишала одлуката за неговото назначување. Тој доаѓа на оваа позиција по разрешување на досегашниот директор Златко Перински, кој утрово беше сменет од директорското место.