Марјан Забрчанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-zabrchanec/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 08:30:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марјан Забрчанец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-zabrchanec/ 32 32 Боки 13: Филипче кај мене дома преговараше продажба на ГОБ „8 Септември“ и договараше процент за него и за Заев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/boki-13-filipche-kaj-mene-doma-pregovarashe-prodazhba-na-gob-8-septemvri-i-dogovarashe-protsent-za-nego-i-za-zaev/ Tue, 23 Apr 2024 08:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=769542

Марјан Забрчанец, кој беше во секторот за односи со јавност во Владата, беше со мене на телефон како да сме во љубовна врска. Буквално на еден час ми праќаше вести кои јас требаше да ги пласирам кај новинарите. Јас сум виновен што тоа сум го дозволил за некоја повисока цел, изјави Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во поткастот „Лазаров“.

Во разговорот со Стефан Лазаров Јовановски вели:

А очигледно сме доволно блиски штом Венко Филипче кај мене дома се дрзна да преговара за милионски бизниси, сакаа да продаваат болница со Јордан Камчев. Преговараа за продажба на болницата и Филипче, како тогашен министер за здравство си побара колку пари треба за него и Заев. Се работеше за болницата ГОБ „8 Септември“ за јавно-проватно партнерство и приватизирање на таа болница по посебни критериуми изработени од Министрството за здравство. Состаноците се одвиваа кај мене во мојот дом во Орман.

Тука имав конкретен интерес, процентуална вредност која ќе ми припаднеше мене, доколку биднеше тој дил. Од едната страна беше Венко Филипче. На една средба Заев беше на спикерфон за да ја поддржи целата зделка. Од друга страна беше Камчев, а на сето тоа кумуваше и присуствуваше и Зоран Милески Кичеец, кој ја носеше Луј Витон торбата на снимките во случајот Рекет. Ова се случува во месец март/април откако Камчев беше пуштен од притвор по одлука на Врховен суд, а не по интервенција и влијание на Бојан, за случајот Империја, кажа синоќа во поткастот Јовановски.

The post Боки 13: Филипче кај мене дома преговараше продажба на ГОБ „8 Септември“ и договараше процент за него и за Заев appeared first on Република.

]]>

Марјан Забрчанец, кој беше во секторот за односи со јавност во Владата, беше со мене на телефон како да сме во љубовна врска. Буквално на еден час ми праќаше вести кои јас требаше да ги пласирам кај новинарите. Јас сум виновен што тоа сум го дозволил за некоја повисока цел, изјави Бојан Јовановски, познат како Боки 13 во поткастот „Лазаров“. Во разговорот со Стефан Лазаров Јовановски вели:
А очигледно сме доволно блиски штом Венко Филипче кај мене дома се дрзна да преговара за милионски бизниси, сакаа да продаваат болница со Јордан Камчев. Преговараа за продажба на болницата и Филипче, како тогашен министер за здравство си побара колку пари треба за него и Заев. Се работеше за болницата ГОБ „8 Септември“ за јавно-проватно партнерство и приватизирање на таа болница по посебни критериуми изработени од Министрството за здравство. Состаноците се одвиваа кај мене во мојот дом во Орман. Тука имав конкретен интерес, процентуална вредност која ќе ми припаднеше мене, доколку биднеше тој дил. Од едната страна беше Венко Филипче. На една средба Заев беше на спикерфон за да ја поддржи целата зделка. Од друга страна беше Камчев, а на сето тоа кумуваше и присуствуваше и Зоран Милески Кичеец, кој ја носеше Луј Витон торбата на снимките во случајот Рекет. Ова се случува во месец март/април откако Камчев беше пуштен од притвор по одлука на Врховен суд, а не по интервенција и влијание на Бојан, за случајот Империја, кажа синоќа во поткастот Јовановски.

The post Боки 13: Филипче кај мене дома преговараше продажба на ГОБ „8 Септември“ и договараше процент за него и за Заев appeared first on Република.

]]>
Бoрјан Јовановски: Владата да одлучи дали Марјан Забрчанец ќе биде одговорен за Отворен Балкан или ќе биде генерален уредник на повеќе портали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borjan-jovanovski-vladata-da-odluchi-dali-marjan-zabrchanets-ke-bide-odgovoren-za-otvoren-balkan-ili-ke-bide-generalen-urednik-na-poveke-portali/ Wed, 02 Aug 2023 13:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=667939

Новинарот Борјан Јовановски порачува дека е крајно време за Владата да одлучи дали Марјан Забрчанец ќе биде координатор за иницијативата Отворен Балкан или ќе „изигрува“ главен уредник на голем број провладини портали и интернет страници.

Двете функции не одат заедно, пишува Јовановски

The post Бoрјан Јовановски: Владата да одлучи дали Марјан Забрчанец ќе биде одговорен за Отворен Балкан или ќе биде генерален уредник на повеќе портали appeared first on Република.

Дали Забрчанец потврди дека Владата го прифати францускиот предлог?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-zabrchanec-potvrdi-deka-vladata-go-prifati-francuskiot-predlog/ Wed, 22 Jun 2022 21:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=518682

Не смееме да се плашиме од преговорите за членство во ЕУ. Напротив, треба со засукани ракави да ја зграбиме секоја можност за чекор напред кон членство во Унијата. Полесен пат нема, ниту алтернативен. Сите идеи за некаков полесен или заменски план се опасни планови на антизападните центри кои земјава сакаат да ја носат во режими и изолации, напиша на Фејсбук Марјан Забрчанец.

-Нашата позиција е јасна: гаранција за македонскиот јазик и идентитет. За тоа сигурен сум дека ќе се избориме, зашто друга опција не постои и никој тука не ни помислува на друга опција освен чист, дефиниран и деклариран македонски јазик во преговарачката рамка. Но, за останатото треба да засукаме ракави, да преговараме, да разговараме, да сработиме. Ни Преспа не ни падна од небо, си ја сработивме и уште реализираме обврски од Договорот, бидејќи тоа подразбира да се биде одговорна власт. Гласот против отворање на преговорите со ЕУ во услови на гарантиран македонски јазик и идентитет е глас против демократската и европска агенда на Македонија и глас против нашата западна евроатлантска определба. Гласот против Европа е пропратен со руски знамиња и вергини, истакна Забрчанец.

The post Дали Забрчанец потврди дека Владата го прифати францускиот предлог?! appeared first on Република.

Го вдомија: Забрчанец назначен за Национален координатор за Отворен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-vdomija-zabrchanec-naznachen-za-nacionalen-koordinator-za-otvoren-balkan/ Wed, 16 Feb 2022 17:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=459495

Владата на Република Македонија на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата, соопшти владината прес-служба.

The post Го вдомија: Забрчанец назначен за Национален координатор за Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија на денешната 15-та седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи. Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата, соопшти владината прес-служба.

The post Го вдомија: Забрчанец назначен за Национален координатор за Отворен Балкан appeared first on Република.

]]>
Забрчанец: Придонесовме за демократизација на општеството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zabrchanec-pridonesovme-za-demokratizacija-na-opshtestvoto/ Fri, 11 Feb 2022 09:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=457060

Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на Пи-Ар секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес, вели досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за „Фокус“.

Тој додава дека е горд на петте години во службата за придонесот кон демократизација на општеството и воведувањето на поинакво управување – склоно да биде критикувано, склоно да слуша, да разбира и да постaпува по критиките.

Имаме Влада која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност во регионот. Овие титули за македонската влада се стекнати низ повеќегодишен труд и системски напори за инсталирање на транспарентноста длабоко во институциите, преку декласификација и објавување документи и информации за кои јавноста пројавува интерес - вели Забрчанец.

The post Забрчанец: Придонесовме за демократизација на општеството appeared first on Република.

]]>

Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на Пи-Ар секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес, вели досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за „Фокус“. Тој додава дека е горд на петте години во службата за придонесот кон демократизација на општеството и воведувањето на поинакво управување – склоно да биде критикувано, склоно да слуша, да разбира и да постaпува по критиките.
Имаме Влада која четири години по ред е прогласувана за влада со највисок индекс на отвореност во регионот. Овие титули за македонската влада се стекнати низ повеќегодишен труд и системски напори за инсталирање на транспарентноста длабоко во институциите, преку декласификација и објавување документи и информации за кои јавноста пројавува интерес - вели Забрчанец.

The post Забрчанец: Придонесовме за демократизација на општеството appeared first on Република.

]]>
На местото на Забрчанец: Ана Андреева е новa раководителка на комуникацискиот сервис на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-mestoto-na-zabrchanec-ana-andreeva-e-nova-rakovoditelka-na-komunikaciskiot-servis-na-vladata/ Thu, 10 Feb 2022 11:18:12 +0000 https://republika.mk/?p=456691

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија.

Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република  Македонија, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес.

Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор.

Прес службата на Владата упатува благодарност и признание до Марјан Забрчанец за целокупниот труд и ангажман и за резултатите во создавањето и развојот на актуелниот професионален комуникациски сервис на Владата. Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.

The post На местото на Забрчанец: Ана Андреева е новa раководителка на комуникацискиот сервис на Владата appeared first on Република.

]]>

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија. Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република  Македонија, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес. Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор. Прес службата на Владата упатува благодарност и признание до Марјан Забрчанец за целокупниот труд и ангажман и за резултатите во создавањето и развојот на актуелниот професионален комуникациски сервис на Владата. Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.

The post На местото на Забрчанец: Ана Андреева е новa раководителка на комуникацискиот сервис на Владата appeared first on Република.

]]>