Марјан Стаменковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-stamenkovski/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Jul 2024 07:59:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марјан Стаменковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-stamenkovski/ 32 32 Хајрулахи: Ќе поднесам претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-ke-podnesam-pretstavka-poradi-nenavremeno-postapuvane-po-krivichnata-prijava-protiv-fetai-i-rajchev/ Sat, 20 Jul 2024 07:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=798628

Шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, по негово инсистирање дал исказ во битолското обвинителство по наодите од кривичните пријави против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев. Откако во мај 2023 година ги поднел кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци до јуни никој не побарал да биде сослушан по наводите од истата. Затоа во јуни годинава тој инсистирал кај битолската обвинителка која го води предметот, Оливера Нечаковска, да даде изјава за пријавата која ја поднел.

- На 13 јуни 2024 година по мое инсистирање сум сослушан од страна на обвинителката Нечаковска. Ги потенцирав наводите по кривичната пријава и доставив копија од пресудата на Граѓанскиот суд за објавените текстови на сопственикот на порталот Доказ кај што тој признава дека објавува текстови по нарачка на обвинителите. Освен копија од пресудата доставив и писмени изјави дадени од сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски - вели шефот на скопското вишо обвинителство, кој нема сознанија дали после неговото сослушување е постапено по пријавата.

[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption]

Хајрулахи во разговор за Република ги потврди нашите созанија дека од мај 2023, кога е поднесена пријавата во Јавното обвинителство на Република Македонија, кога државен обвинител беше Љубомир Јовески, до декември, до неговото заминуање, не е постапено по кривичната пријава. Била доделена на обвинителката Соња Симовска, која во декември беше избрана за в.д. државен обвинител, токму на местото на Јовески. Таа требало да одлучи кое јавно обвинителство ќе постапува по пријавата, со оглед дека двајцата обвинители против кои е пријавата доаѓаат од скопското вишо обвинителство, под чија надлежност е ОЈО Скопје. По „некоја случајност“ како што коментира обвинителот, предметот се доставува до ОЈО Битола и токму кај битолската обвинителка Оливера Нечаковска.

Очигледна е намерата да се има контрола врз предметот и да се доведе до застарување. Релативната застареност за ова дело е 2 години и токму тоа е интенцијата. И да се донесе одлука по истата, по поднесена жалба делото ќе застари - коментира обвинителот, кој додава дека се водат и дисциплински постапки против двајцата обвинители, но како што вели, веројатно под притисок на одредени моќници во обвинителскиот систем се одолговлекува постапката.

[caption id="attachment_81545" align="alignnone" width="1200"] Поранешен државен обвинител, Љубомир Јовески[/caption]

Тогашниот јавен обвинител Јовески се обидел да издејствува Хајрулахи воопшто да не поднесе кривична пријава против Фетаи и Рајчев. Според вишиот обвинител кога ги доставил кривичните кај Јовески имал притисок да ги повлече не само пријавите туку и дисциплинската постапка.

-Бев и сѐ уште сум на став дека ако дозволуваме во самото обвинителство, чија цел е да гони кривични дела и криминал, да се става во одбрана на кривични дела, тогаш јавно обвинителство не треба да постои како орган на правосудниот систем. Самиот чин на користење на туѓи лични податоци е кривично дело, а ЈО ги злоупотребува за лични потреби. Зошто да гониме други, ако тоа го дозволуваме внатре во самото обвинителство?! Дозволуваме внатре,а гониме други, каде степенот на одговорност е далеку помал. Но ставот на Јовески беше дека и ние обвинителите грешиме, се огрешиле, но тоа да се реши без кривични пријави и дисциплински постапки - вели вишиот обвинител.

Поради, како што вели, очигледната намера да се чува кривичната пријава за делото да застари Хајрулахи, деновиве тој ќе поднесе и претставка поради ненавремено постапување до Советот на Јавни обвинители. Претставката ќе биде поднесена и до Јавното обвинителство на Република Македонија, како и до вишиот јавен обвинител на Вишото обвинителство Битола.

Кога сето ова се случува со пријава на виш јавен обвинител тогаш можеме да замислиме што се се прави со пријавите на обичниот граѓанин, кога тие ќе дојдат до правдата. Затоа и довербата на граѓаните во правосудниот систем е ниска и се ниски оценките на сите релевантни институции. Довербата во правосудниот систем е едвај два отсто што е еднакво на нула. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/

The post Хајрулахи: Ќе поднесам претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев appeared first on Република.

]]>

Шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, по негово инсистирање дал исказ во битолското обвинителство по наодите од кривичните пријави против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев. Откако во мај 2023 година ги поднел кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци до јуни никој не побарал да биде сослушан по наводите од истата. Затоа во јуни годинава тој инсистирал кај битолската обвинителка која го води предметот, Оливера Нечаковска, да даде изјава за пријавата која ја поднел.
- На 13 јуни 2024 година по мое инсистирање сум сослушан од страна на обвинителката Нечаковска. Ги потенцирав наводите по кривичната пријава и доставив копија од пресудата на Граѓанскиот суд за објавените текстови на сопственикот на порталот Доказ кај што тој признава дека објавува текстови по нарачка на обвинителите. Освен копија од пресудата доставив и писмени изјави дадени од сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски - вели шефот на скопското вишо обвинителство, кој нема сознанија дали после неговото сослушување е постапено по пријавата.
[caption id="attachment_579994" align="alignnone" width="711"] Шеф на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи[/caption] Хајрулахи во разговор за Република ги потврди нашите созанија дека од мај 2023, кога е поднесена пријавата во Јавното обвинителство на Република Македонија, кога државен обвинител беше Љубомир Јовески, до декември, до неговото заминуање, не е постапено по кривичната пријава. Била доделена на обвинителката Соња Симовска, која во декември беше избрана за в.д. државен обвинител, токму на местото на Јовески. Таа требало да одлучи кое јавно обвинителство ќе постапува по пријавата, со оглед дека двајцата обвинители против кои е пријавата доаѓаат од скопското вишо обвинителство, под чија надлежност е ОЈО Скопје. По „некоја случајност“ како што коментира обвинителот, предметот се доставува до ОЈО Битола и токму кај битолската обвинителка Оливера Нечаковска.
Очигледна е намерата да се има контрола врз предметот и да се доведе до застарување. Релативната застареност за ова дело е 2 години и токму тоа е интенцијата. И да се донесе одлука по истата, по поднесена жалба делото ќе застари - коментира обвинителот, кој додава дека се водат и дисциплински постапки против двајцата обвинители, но како што вели, веројатно под притисок на одредени моќници во обвинителскиот систем се одолговлекува постапката.
[caption id="attachment_81545" align="alignnone" width="1200"] Поранешен државен обвинител, Љубомир Јовески[/caption] Тогашниот јавен обвинител Јовески се обидел да издејствува Хајрулахи воопшто да не поднесе кривична пријава против Фетаи и Рајчев. Според вишиот обвинител кога ги доставил кривичните кај Јовески имал притисок да ги повлече не само пријавите туку и дисциплинската постапка.
-Бев и сѐ уште сум на став дека ако дозволуваме во самото обвинителство, чија цел е да гони кривични дела и криминал, да се става во одбрана на кривични дела, тогаш јавно обвинителство не треба да постои како орган на правосудниот систем. Самиот чин на користење на туѓи лични податоци е кривично дело, а ЈО ги злоупотребува за лични потреби. Зошто да гониме други, ако тоа го дозволуваме внатре во самото обвинителство?! Дозволуваме внатре,а гониме други, каде степенот на одговорност е далеку помал. Но ставот на Јовески беше дека и ние обвинителите грешиме, се огрешиле, но тоа да се реши без кривични пријави и дисциплински постапки - вели вишиот обвинител.
Поради, како што вели, очигледната намера да се чува кривичната пријава за делото да застари Хајрулахи, деновиве тој ќе поднесе и претставка поради ненавремено постапување до Советот на Јавни обвинители. Претставката ќе биде поднесена и до Јавното обвинителство на Република Македонија, како и до вишиот јавен обвинител на Вишото обвинителство Битола. Кога сето ова се случува со пријава на виш јавен обвинител тогаш можеме да замислиме што се се прави со пријавите на обичниот граѓанин, кога тие ќе дојдат до правдата. Затоа и довербата на граѓаните во правосудниот систем е ниска и се ниски оценките на сите релевантни институции. Довербата во правосудниот систем е едвај два отсто што е еднакво на нула. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет.   https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/

The post Хајрулахи: Ќе поднесам претставка поради ненавремено постапување по кривичната пријава против Фетаи и Рајчев appeared first on Република.

]]>
Апелација пресече: Марјан „Доказ“ ослободен од обвинението за уцена и рекет, бил доведен во заблуда од двајца обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apelatsija-preseche-marjan-dokaz-osloboden-od-obvinenieto-za-utsena-i-reket-bil-doveden-vo-zabluda-od-dvajtsa-obviniteli/ Fri, 19 Jul 2024 10:54:42 +0000 https://republika.mk/?p=798412

По три враќања на првостепената пресуда на Кривичниот суд во Скопје, Апелациониот суд на 17 јули, со мериторна одлука, го ослободил Марјан Стаменковски од обвиненијата за кривичните дела уцена и рекет. Како што објави Плусинфо, Стаменковски бил доведен во заблуда од двајца обвинители.

Обвинителството тврдеше дека сопственикот на порталот ДоказМ уценувал и рекетирал директор на Царина. Стаменковски се бранеше дека информациите ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои тој своевремено ги нарекуваше свои „соработници“. Марјан Стаменковски беше осуден за 3 години и 1 месец затвор за повеќе кривични дела, како ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена и злоупотреба на лични податоци. Неговата одбрана тврдеше дека се направени суштествени повреди на постапката.

Република денеска објави дека сѐ уште нема обвиненија против Фетаи и Рајчев, по кривичните пријави кои шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, ги поднесе против двајцата обвинители.  Хајрулахи поднесе пријави во мај 2023 за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци во Јавното обвинителство на Република Македонија. Тогаш државен обвинител беше Љубомир Јовески, а според информациите на „Република“ овој предмет стоел во фиока до заминувањето на Јовески од ова министерство, односно до декември 2023 година. Веќе во јануари годинава предметот е даден во Основното јавно обвинителство Битола, каде до јуни годинава не се преземену никакви постапки по истиот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/

The post Апелација пресече: Марјан „Доказ“ ослободен од обвинението за уцена и рекет, бил доведен во заблуда од двајца обвинители appeared first on Република.

]]>

По три враќања на првостепената пресуда на Кривичниот суд во Скопје, Апелациониот суд на 17 јули, со мериторна одлука, го ослободил Марјан Стаменковски од обвиненијата за кривичните дела уцена и рекет. Како што објави Плусинфо, Стаменковски бил доведен во заблуда од двајца обвинители. Обвинителството тврдеше дека сопственикот на порталот ДоказМ уценувал и рекетирал директор на Царина. Стаменковски се бранеше дека информациите ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои тој своевремено ги нарекуваше свои „соработници“. Марјан Стаменковски беше осуден за 3 години и 1 месец затвор за повеќе кривични дела, како ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена и злоупотреба на лични податоци. Неговата одбрана тврдеше дека се направени суштествени повреди на постапката. Република денеска објави дека сѐ уште нема обвиненија против Фетаи и Рајчев, по кривичните пријави кои шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, ги поднесе против двајцата обвинители.  Хајрулахи поднесе пријави во мај 2023 за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци во Јавното обвинителство на Република Македонија. Тогаш државен обвинител беше Љубомир Јовески, а според информациите на „Република“ овој предмет стоел во фиока до заминувањето на Јовески од ова министерство, односно до декември 2023 година. Веќе во јануари годинава предметот е даден во Основното јавно обвинителство Битола, каде до јуни годинава не се преземену никакви постапки по истиот. https://republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/

The post Апелација пресече: Марјан „Доказ“ ослободен од обвинението за уцена и рекет, бил доведен во заблуда од двајца обвинители appeared first on Република.

]]>
Јовески и Нечаковска ги спасуваат Фетаи и Рајчев?! Се чуваат во фиока кривичните пријави против двајцата обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/joveski-i-nechakovska-gi-spasuvaat-fetai-i-rajchev-se-chuvaat-vo-fioka-krivichnite-prijavi-protiv-dvajtsata-obviniteli/ Fri, 19 Jul 2024 07:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=797903

Што се случува со кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во мај 2023 година? По повеќе од една година по поднесувањето на кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци сѐ уште нема обвинение против двајцата обвинители.

Хајрулахи во мај 2023 година поднесол известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, во тоа време Љубомир Јовески, се со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство.

– За едниот јавен обвинител поднесов кривична пријава за можно сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на личните податоци“. А за другиот јавен обвинител поднесов кривична пријава за „злоупотреба на личните податоци“, изјави Хајрулахи во август 2023 година.

Оттогаш молк за кривичните пријави кои во Јавното обвинителство се поднесени во време кога државен обвинител беше Јовески. Според информации на „Република“ до декември 2023 година, односно до заминувањето на Јовески овие кривични пријави стојат во фиока во ЈОРМ и не се распределени на ниту едно Обвинителство. Извори од фелата велат дека токму првиот човек на обвинителството, Јовески е тој кој ги чувал кривичните пријави во фиока. Во декември, непосредно пред заминувањето на Јовески од финкцијата, се носи одлука битолското јавно обвинителство да го води овој случај. Во јануари годинава кривичните пријави пристигаат во битолското обвинителство. Но и битолското обвинителство, слуачјно или не, не е ажурно кога се во прашање кривичните пријави против Фетаи и Рајчев. И таму со месеци нема никаков исход од постапката.

[caption id="attachment_148577" align="alignnone" width="800"] Љубомир Јовески, поранешен државен обвинител[/caption]

Годинаипол обвинителите ги проверуваат наводите против своите колеги и нема никаква одлука по долгата проверка. Сите досегашни активности околу овие постапки, и во Државното јавно обвинителство, тогаш предводено од Јовески, и во битолското јавно обвинителство, каде шеф е Оливера Нечаковска, одат во прилог на застарување на делото за кое се теретат Фетаи и Рајчев. Се бара ли начин да се заташкаат пријавите и против обвинителите да нема никакво обвинение ниту судска постапка. Се заинтересирал ли наследникот на Јовески, Љупчо Коцевски, што се случува со кривичните против неговите колеги? Тоа впрочем зборува и за ажурноста и ефикасноста на обвинителскиот систем во државата. А оценката за независноста, ажурноста и ефикасноста ефикасноста и на обвинитеството и на судството е на најниско можно ниво што е нотирано во секој извештај од сите релевантни европски институции. Довербата во јавноста е едвај 2 отсто што е еднакво на нула.

Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Марјан Стаменковски од ДоказМ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и уште една обвинителка. За Рајчев посочи соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди, односно му испраќал информации. Сопственикот на порталот ,,Доказ-М” веќе е осуден за две дела, пиратерија и уцена. Наспротив ова  сѐ уште нема ниту одлука за кривичната пријава, а уште помалку д асе започне постапка против, како што тврди Стаменковски, неговите соработници Фетаи и Рајчев.

[caption id="attachment_798258" align="alignleft" width="400"] Шеф на битолското обвинителство, Оливера Нечаковска[/caption]

Што се случува со кривичните пријави против двајцата обвинители? Се обидува ли некој да ги зачува во фиока за истите да застарат? Разговаравме со Оливера Нечаковска, шеф на битолското обвинителство. По кусиот телефонски разговор испративме прашања на меил адрсата на Обвинителството, но наместо одговор на истите, согласно договорот со Нечаковска, бевме прератени на адреса на прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија. Оттаму добивме краток одговор во кој ја нема суштината на она кое го баравме, туку општ одговор дури и на прашањата кои се однесуваат директно на битолската обвинителка.

Нечаковска ја прашавме:
1.Дали кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола и кога ?
2. Доколку е кај вас, која е причината што е префрлена во ОЈО Битола?
3. Дали се постапува по истата? Дали е прераспределена кај обвинител, кај кој обвинител и до каде е постапката?
4. Со последните измени на кривичниот закон делото злоупотреба на службена положба застарува побрзо. Ќе дозволи ли ОЈО Битола овој предмет да застари?
5. Прашање за обвинителката Оливера Нечаковска - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата?

Но наместо од Нечаковска, одговор добивме од Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека Кривичната пријава против Фетаи и Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола во јануари годинава и според нивното тврдење, по неа се постапува за да се проверат наводите.

Пријавата беше дадена на надлежно постапување на ОЈО Битола, по донесено решение за изземање за да се избегнат околности кои би предизвикале евентуално сомневање во непристрасноста во одлучувањето, имајќи предвид дека и подносителот и пријавените се виши обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје во чие подрачје спаѓа Основното јавно обвинителство Скопје - велат од Јавното обвинителство.

Која е причината што на Државното јавно обвинителството му требало седум месеци за да го префрли предметот во Битола? Што се случувало со предметот толку месеци? Што се случува со кривичната постапка овие 7 месеци, откако истата е примена во битолското обвинителство? Конкретен одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство дека „по неа се постапува за да се проверат наводите“.

Нема конкретен одговор ниту на прашањето дали ОЈО Битола ќе дозволи овој предмет да застари. Со последните измени на кривичниот законик во септември 2023 година, по предлог на тогаш актуелната власт, предводена од СДСМ и ДУИ, се намали казната затвор за злоупотреба на службена положба со што се отвори можноста за порано да застарат овие дела.

Нечаковска сметаше дека и прашањето упатено конкретно за неа - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата?, не е прашање кое треба таа да го одговори. Иако во прашањето е нагласено дека ова се однесува конкретно за притисок врз неа како шеф на битолското обвинителство, одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија:

Јавното обвинителство не подлегнува на никакви притисоци и постапува единствено согласно закон.

Но дали има притисок врз Нечаковска? Одговор на ова прашање нема. Според информации на Република се врши директен притисок врз Нечаковска кривичната пријава против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев да остане во фиока за делото да застари. Нашите извори посочуваат дека лица од фелата блиски до СДСМ  ДУИ, како и до обвинителот Јовески, се залагаат со притисок врз Нечаковска да издејствуваат застарување на делото. Нечаковска ниту ја потврди, ниту ја демантираше ваквата информација. Едноставно го премолчи одговорот, и покрај нашето настојување таа да одговори на прашањата кои се однесуваат за битолското обвинителство и лично за неа. Но таа наместо одговор, се погрижи да ги препрати прашањата во прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија.

Ваквите случаи се причина за недвербата на граѓаните во правосудниот систем и лошите оценки од ЕУ. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет. Македонското правосудство треба да ја врати довербата кај граѓаните, но со ваквите постапки сме далеку од остварување на оваа цел.

„Република“ и понатака ќе го следи овој случај кој е во интерес на јавноста и ќе информира за сите нови сознанија и случувања околу поднесената кривична пријава против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев.

 

 

The post Јовески и Нечаковска ги спасуваат Фетаи и Рајчев?! Се чуваат во фиока кривичните пријави против двајцата обвинители appeared first on Република.

]]>

Што се случува со кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев во мај 2023 година? По повеќе од една година по поднесувањето на кривичната пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и злоупотреба на лични податоци сѐ уште нема обвинение против двајцата обвинители. Хајрулахи во мај 2023 година поднесол известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, во тоа време Љубомир Јовески, се со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство.
– За едниот јавен обвинител поднесов кривична пријава за можно сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на личните податоци“. А за другиот јавен обвинител поднесов кривична пријава за „злоупотреба на личните податоци“, изјави Хајрулахи во август 2023 година.
Оттогаш молк за кривичните пријави кои во Јавното обвинителство се поднесени во време кога државен обвинител беше Јовески. Според информации на „Република“ до декември 2023 година, односно до заминувањето на Јовески овие кривични пријави стојат во фиока во ЈОРМ и не се распределени на ниту едно Обвинителство. Извори од фелата велат дека токму првиот човек на обвинителството, Јовески е тој кој ги чувал кривичните пријави во фиока. Во декември, непосредно пред заминувањето на Јовески од финкцијата, се носи одлука битолското јавно обвинителство да го води овој случај. Во јануари годинава кривичните пријави пристигаат во битолското обвинителство. Но и битолското обвинителство, слуачјно или не, не е ажурно кога се во прашање кривичните пријави против Фетаи и Рајчев. И таму со месеци нема никаков исход од постапката. [caption id="attachment_148577" align="alignnone" width="800"] Љубомир Јовески, поранешен државен обвинител[/caption] Годинаипол обвинителите ги проверуваат наводите против своите колеги и нема никаква одлука по долгата проверка. Сите досегашни активности околу овие постапки, и во Државното јавно обвинителство, тогаш предводено од Јовески, и во битолското јавно обвинителство, каде шеф е Оливера Нечаковска, одат во прилог на застарување на делото за кое се теретат Фетаи и Рајчев. Се бара ли начин да се заташкаат пријавите и против обвинителите да нема никакво обвинение ниту судска постапка. Се заинтересирал ли наследникот на Јовески, Љупчо Коцевски, што се случува со кривичните против неговите колеги? Тоа впрочем зборува и за ажурноста и ефикасноста на обвинителскиот систем во државата. А оценката за независноста, ажурноста и ефикасноста ефикасноста и на обвинитеството и на судството е на најниско можно ниво што е нотирано во секој извештај од сите релевантни европски институции. Довербата во јавноста е едвај 2 отсто што е еднакво на нула. Барањата за одговорност од Фетаи и Рајчев дојдоа откако Марјан Стаменковски од ДоказМ кажа дека соработувал со обвинителот Рајчев и уште една обвинителка. За Рајчев посочи соработувал со него на дел од предметите за кои што му се суди, односно му испраќал информации. Сопственикот на порталот ,,Доказ-М” веќе е осуден за две дела, пиратерија и уцена. Наспротив ова  сѐ уште нема ниту одлука за кривичната пријава, а уште помалку д асе започне постапка против, како што тврди Стаменковски, неговите соработници Фетаи и Рајчев. [caption id="attachment_798258" align="alignleft" width="400"] Шеф на битолското обвинителство, Оливера Нечаковска[/caption] Што се случува со кривичните пријави против двајцата обвинители? Се обидува ли некој да ги зачува во фиока за истите да застарат? Разговаравме со Оливера Нечаковска, шеф на битолското обвинителство. По кусиот телефонски разговор испративме прашања на меил адрсата на Обвинителството, но наместо одговор на истите, согласно договорот со Нечаковска, бевме прератени на адреса на прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија. Оттаму добивме краток одговор во кој ја нема суштината на она кое го баравме, туку општ одговор дури и на прашањата кои се однесуваат директно на битолската обвинителка. Нечаковска ја прашавме: 1.Дали кривичната пријава поднесена од шефот на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола и кога ? 2. Доколку е кај вас, која е причината што е префрлена во ОЈО Битола? 3. Дали се постапува по истата? Дали е прераспределена кај обвинител, кај кој обвинител и до каде е постапката? 4. Со последните измени на кривичниот закон делото злоупотреба на службена положба застарува побрзо. Ќе дозволи ли ОЈО Битола овој предмет да застари? 5. Прашање за обвинителката Оливера Нечаковска - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата? Но наместо од Нечаковска, одговор добивме од Јавното обвинителство од каде потврдуваат дека Кривичната пријава против Фетаи и Рајчев е доставена до Основното јавно обвинителство Битола во јануари годинава и според нивното тврдење, по неа се постапува за да се проверат наводите.
Пријавата беше дадена на надлежно постапување на ОЈО Битола, по донесено решение за изземање за да се избегнат околности кои би предизвикале евентуално сомневање во непристрасноста во одлучувањето, имајќи предвид дека и подносителот и пријавените се виши обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје во чие подрачје спаѓа Основното јавно обвинителство Скопје - велат од Јавното обвинителство.
Која е причината што на Државното јавно обвинителството му требало седум месеци за да го префрли предметот во Битола? Што се случувало со предметот толку месеци? Што се случува со кривичната постапка овие 7 месеци, откако истата е примена во битолското обвинителство? Конкретен одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство дека „по неа се постапува за да се проверат наводите“. Нема конкретен одговор ниту на прашањето дали ОЈО Битола ќе дозволи овој предмет да застари. Со последните измени на кривичниот законик во септември 2023 година, по предлог на тогаш актуелната власт, предводена од СДСМ и ДУИ, се намали казната затвор за злоупотреба на службена положба со што се отвори можноста за порано да застарат овие дела. Нечаковска сметаше дека и прашањето упатено конкретно за неа - Дали има надворешни влијание и директен притисок врз вас кривичната пријава да застари и да не се постапува по истата?, не е прашање кое треба таа да го одговори. Иако во прашањето е нагласено дека ова се однесува конкретно за притисок врз неа како шеф на битолското обвинителство, одговор од Нечаковска не добивме. Добивме одговор од прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија:
Јавното обвинителство не подлегнува на никакви притисоци и постапува единствено согласно закон.
Но дали има притисок врз Нечаковска? Одговор на ова прашање нема. Според информации на Република се врши директен притисок врз Нечаковска кривичната пријава против Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев да остане во фиока за делото да застари. Нашите извори посочуваат дека лица од фелата блиски до СДСМ  ДУИ, како и до обвинителот Јовески, се залагаат со притисок врз Нечаковска да издејствуваат застарување на делото. Нечаковска ниту ја потврди, ниту ја демантираше ваквата информација. Едноставно го премолчи одговорот, и покрај нашето настојување таа да одговори на прашањата кои се однесуваат за битолското обвинителство и лично за неа. Но таа наместо одговор, се погрижи да ги препрати прашањата во прес-службата на Јавното обвинителство на Република Македонија. Ваквите случаи се причина за недвербата на граѓаните во правосудниот систем и лошите оценки од ЕУ. Мисијата на ОБСЕ во април годинава ја потенцираше состојбата во правосудството, односно како проблем беа посочени крајно политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет. Македонското правосудство треба да ја врати довербата кај граѓаните, но со ваквите постапки сме далеку од остварување на оваа цел. „Република“ и понатака ќе го следи овој случај кој е во интерес на јавноста и ќе информира за сите нови сознанија и случувања околу поднесената кривична пријава против двајцата обвинители Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев.    

The post Јовески и Нечаковска ги спасуваат Фетаи и Рајчев?! Се чуваат во фиока кривичните пријави против двајцата обвинители appeared first on Република.

]]>
Сведочењето на Марјан Стаменковски одложено за следното рочиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/svedocheneto-na-marjan-stamenkovski-odlozheno-za-slednoto-rochishte/ Thu, 13 Jul 2023 12:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=660911

Сведочењето на Марјан Стаменковски од „Доказ М” судот одлучи да го одложи на следната судска расправа поради неговата здравствена состојба. Ова судот го одлучи по неговото укажување дека може да не се сети на случувањата кои се случувале неколку години наназад, по што и адвокатите од одбраната побараа да биде одложено неговото сведочење на следна расправа.

Стаменковски треба да сведочи во случајот „Талир” кој се однесува на незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за случајот „Талир” се одржа на 18 февруари 2019 година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, Основниот кривичен суд Скопје му изрече затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

Освен затворската, на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци, како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал.

При претрес на домот на сега осудениот, полицијата заплени документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари, Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

The post Сведочењето на Марјан Стаменковски одложено за следното рочиште appeared first on Република.

]]>

Сведочењето на Марјан Стаменковски од „Доказ М” судот одлучи да го одложи на следната судска расправа поради неговата здравствена состојба. Ова судот го одлучи по неговото укажување дека може да не се сети на случувањата кои се случувале неколку години наназад, по што и адвокатите од одбраната побараа да биде одложено неговото сведочење на следна расправа. Стаменковски треба да сведочи во случајот „Талир” кој се однесува на незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Првото рочиште за случајот „Талир” се одржа на 18 февруари 2019 година. Во случајот обвинети се Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. На Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „Доказ М“, Основниот кривичен суд Скопје му изрече затворска казна во траење од три години и еден месец. Стаменковски се товареше за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци. Освен затворската, на Стаменковски му беше изречена и парична казна од 5 000 евра заради злоупотреба на лични податоци, како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела, односно му се забранува регистрација на домен за портал за период од 10 години, а му престанува регистрацијата на домените кои што тој ги регистрирал. При претрес на домот на сега осудениот, полицијата заплени документација, електронски уреди и 90.000 евра. За оваа сума пари, Обвинителството се сомнева дека потекнуваат од други кривични дела и за нив е отворена нова истражна постапка.

The post Сведочењето на Марјан Стаменковски одложено за следното рочиште appeared first on Република.

]]>
Адвокатката на Марјан Стаменковски смета дека казната од три години е превисока https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatkata-na-marjan-stamenkovski-smeta-deka-kaznata-od-tri-godini-e-previsoka/ Tue, 04 Apr 2023 09:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=627030

Сметаме дека е изречена една висока казна за дела коишто во текот на целокупната постапка како одбрана наведувавме дека нема елементи на истите и не се исполнети законските битија. Ова за нас не е конечна пресуда, дефинитивно ќе го искористиме законското право на жалба, најави одбраната на Марјан Стаменковски по објавувањето на пресудата против него денеска во Основниот кривичен суд Скопје.

Како по однос на жалба на пресудата, одбраната, исто така, најави и жалба на решението со кое е продолжен притворот на Стаменковски.

- Со оглед дека навистина е влошена здравствената состојба и има добиено шеќер. Веќе влегува во некоја група на инсулинска терапија, каде што дефинитивно третманот не може да биде соодветен во условите каде што моментално се наоѓа, изјави бранителката на Стаменковски, адвокатката Марија Петрезанова.

Петризанова, исто така, посочи дека во однос на тоа дека постојат елементи за чисти навреди и клевети, од страна на оштетените не биле поднесени соодветни граѓански постапки за граѓанска одговорност.

- Конкретно за овие оштетени, кои се јавуваат во оваа постапка не претходеа претходно постапки за граѓанска одговорност, а за останатите не сме запознаени, изјави Петрезанова.

null

Стаменковски, доби единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за вккупно пет дела кои му се ставаат на товар.
Судот денеска објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
За секое од делата „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“,  „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и за „злоупотреба на лични податоци“, Судот му одреди по една година затвор односно вкупно четири години затвор, но согласно закон му одреди една единствена казна затвор од три години и еден месец, во која се засметува и времето поминато во притвор.
Стаменковски во рок од три месеци треба да плати и парична казна во висина од 250 дневни глоби, при што секоја глоба во вредност од 20 евра или вкупен износ од 5 000 евра.
Судот, исто така, му изрече и казна забрана за вршење дејност во период од 10 години за регистрација и водење на домен. Оштетените во случајот, кои преднајавија штета, Судот ги упатува во граѓански спор.
Стаменковски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје од средината на февруари годинава.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Јавноста во случајот беше исклучена од главната расправа заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците

The post Адвокатката на Марјан Стаменковски смета дека казната од три години е превисока appeared first on Република.

]]>

Сметаме дека е изречена една висока казна за дела коишто во текот на целокупната постапка како одбрана наведувавме дека нема елементи на истите и не се исполнети законските битија. Ова за нас не е конечна пресуда, дефинитивно ќе го искористиме законското право на жалба, најави одбраната на Марјан Стаменковски по објавувањето на пресудата против него денеска во Основниот кривичен суд Скопје. Како по однос на жалба на пресудата, одбраната, исто така, најави и жалба на решението со кое е продолжен притворот на Стаменковски. - Со оглед дека навистина е влошена здравствената состојба и има добиено шеќер. Веќе влегува во некоја група на инсулинска терапија, каде што дефинитивно третманот не може да биде соодветен во условите каде што моментално се наоѓа, изјави бранителката на Стаменковски, адвокатката Марија Петрезанова. Петризанова, исто така, посочи дека во однос на тоа дека постојат елементи за чисти навреди и клевети, од страна на оштетените не биле поднесени соодветни граѓански постапки за граѓанска одговорност. - Конкретно за овие оштетени, кои се јавуваат во оваа постапка не претходеа претходно постапки за граѓанска одговорност, а за останатите не сме запознаени, изјави Петрезанова. null
Стаменковски, доби единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за вккупно пет дела кои му се ставаат на товар.
Судот денеска објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
За секое од делата „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“,  „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и за „злоупотреба на лични податоци“, Судот му одреди по една година затвор односно вкупно четири години затвор, но согласно закон му одреди една единствена казна затвор од три години и еден месец, во која се засметува и времето поминато во притвор.
Стаменковски во рок од три месеци треба да плати и парична казна во висина од 250 дневни глоби, при што секоја глоба во вредност од 20 евра или вкупен износ од 5 000 евра.
Судот, исто така, му изрече и казна забрана за вршење дејност во период од 10 години за регистрација и водење на домен. Оштетените во случајот, кои преднајавија штета, Судот ги упатува во граѓански спор.
Стаменковски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје од средината на февруари годинава.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Јавноста во случајот беше исклучена од главната расправа заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците

The post Адвокатката на Марјан Стаменковски смета дека казната од три години е превисока appeared first on Република.

]]>
Tри години затвор за Марјан доказ и 5000 евра казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-godini-zatvor-za-marjan-dokaz-i-5000-evra-kazna/ Tue, 04 Apr 2023 07:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=626992

 Единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, објави денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Судот објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
За секое од делата „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“,  „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и за „злоупотреба на лични податоци“, Судот му одреди по една година затвор односно вкупно четири години затвор, но согласно закон му одреди една единствена казна затвор од три години и еден месец, во која се засметува и времето поминато во притвор.
Стаменковски во рок од три месеци треба да плати и парична казна во висина од 250 дневни глоби, при што секоја глоба во вредност од 20 евра или вкупен износ од 5 000 евра.
Судот, исто така, му изрече и казна забрана за вршење дејност во период од 10 години за регистрација и водење на домен.
Оштетените во случајот, кои преднајавија штета, Судот ги упатува во граѓански спор.
Стаменковски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје од средината на февруари годинава.
Судот, при изрекување на пресудата нагласи дека обвинетиот Марјан Стаменковски, е со високо образование, сопственик на портал, женет со едно дете.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.
Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Зорица Павловиќ.
Јавноста во случајот беше исклучена од главната расправа заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците.

The post Tри години затвор за Марјан доказ и 5000 евра казна appeared first on Република.

]]>

 Единствена казна затвор од три години и еден месец и парична казна од пет илјади евра за сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, објави денеска Основниот кривичен суд Скопје.
Судот објави дека Стаменковски е виновен затоа што преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, со намера да прибави за себе лична корист по пат на закани и уцени кон повеќе лица, ширел расистички и ксенофобичен материјал во јавноста.
За секое од делата „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“,  „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и за „злоупотреба на лични податоци“, Судот му одреди по една година затвор односно вкупно четири години затвор, но согласно закон му одреди една единствена казна затвор од три години и еден месец, во која се засметува и времето поминато во притвор.
Стаменковски во рок од три месеци треба да плати и парична казна во висина од 250 дневни глоби, при што секоја глоба во вредност од 20 евра или вкупен износ од 5 000 евра.
Судот, исто така, му изрече и казна забрана за вршење дејност во период од 10 години за регистрација и водење на домен.
Оштетените во случајот, кои преднајавија штета, Судот ги упатува во граѓански спор.
Стаменковски се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје од средината на февруари годинава.
Судот, при изрекување на пресудата нагласи дека обвинетиот Марјан Стаменковски, е со високо образование, сопственик на портал, женет со едно дете.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.
Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Зорица Павловиќ.
Јавноста во случајот беше исклучена од главната расправа заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците.

The post Tри години затвор за Марјан доказ и 5000 евра казна appeared first on Република.

]]>
Кардиологија: Марјан Стаменковски на свое инсистирање ја напушти клиниката https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kardiologija-marjan-stamenkovski-na-svoe-insistirane-ja-napushti-klinikata/ Sat, 18 Mar 2023 15:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=621020

Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиниката за кардиологија, на негово барање, информира Канал 5.

Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби.

Веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/marjan-stamenkovski-sinoka-bil-prenesen-vo-bolnitsa/

The post Кардиологија: Марјан Стаменковски на свое инсистирање ја напушти клиниката appeared first on Република.

]]>

Сопственик на „Доказ М“, Марјан Стаменковски, попладнево е пуштен од Клиниката за кардиологија, на негово барање, информира Канал 5. Стаменковски бил префрлен на Кардиологија од затвророт во Шуто Оризари со возило на брза помош ноќеска околу 3 часот, откако се пожалил на болки во градите и тегоби. Веднаш му биле направени потребните испитувања и било утврдено дека има потреба да остане на клиниката поради проблеми со срцето, но Стаменковски не прифатил и на свое инсистирање е вратен во затворот. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/marjan-stamenkovski-sinoka-bil-prenesen-vo-bolnitsa/

The post Кардиологија: Марјан Стаменковски на свое инсистирање ја напушти клиниката appeared first on Република.

]]>
Марјан Стаменковски синоќа бил пренесен во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/marjan-stamenkovski-sinoka-bil-prenesen-vo-bolnitsa/ Sat, 18 Mar 2023 12:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=620981

Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска бил пренесен во болница, јавува Фокус.

Ноќеска во 3 часот Марјан Стаменковски се пожали на болка во градите. Беше повикана брза помош и од затворот „Скопје“ е пренесен на Клиника за кардиологија, каде по испитувањата е задржан на лекување, потврди за „Фокус“ директорот на затворот во Шутка, Филип Андонов.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.

The post Марјан Стаменковски синоќа бил пренесен во болница appeared first on Република.

]]>

Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска бил пренесен во болница, јавува Фокус. Ноќеска во 3 часот Марјан Стаменковски се пожали на болка во градите. Беше повикана брза помош и од затворот „Скопје“ е пренесен на Клиника за кардиологија, каде по испитувањата е задржан на лекување, потврди за „Фокус“ директорот на затворот во Шутка, Филип Андонов. Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.

The post Марјан Стаменковски синоќа бил пренесен во болница appeared first on Република.

]]>
Марјан Стаменковски, сопственикот на страницата „ДоказМ“ не се чувствува виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/marjan-stamenkovski-sopstvenikot-na-stranitsata-dokazm-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Fri, 10 Mar 2023 14:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=618208

Марјан Стаменковски, сопственик на веб страницата „ДоказМ“, на денешното судско рочиште се изјасни за невин за обвинението што му се става на товар, а неговиот бранител Коста Најков најави дека ќе ја заснова одбраната на докажување дека неговиот клиент изнесувал ставови и мислења, не ги извршол кривичните дела за кои е обвинет, а ова обвинение претставува „враќање на вербалниот деликт“.

Стаменковски е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

На денешното рочиште сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, кои велат дека биле таргет на текстовите на Стамнековски, во кои биле изнесувани лични навреди, обвинувања, омаловажувања и клевети.

Судењето се врши зад затворени врати за да се заштитат жртвите и да не се изнесуваат нивни лични информации. Стаменковски од затворот во Шуто Оризари, каде издржува мерка притвор, беше спроведен во Кривичниот суд, каде треба да му се суди за повеќе дела.

Неговиот бранител, адвокатот Најков, по завршувањето на рочиштето изјави дека очекува ослободителна пресуда.

– Поради ваше појаснување, бидејќи станува збор за скратена постапка, доказната постапка продолжи со испитување на оштетените. Тоа значи дека обвинетиот не призна вина и смета дека не е виновен, дека овде се работи за вербален деликт, а не и за кривична одговорност. Се надеваме дека во текот на постапката тоа ќе го докажеме. Ќе се изведуваат докази, кои и што, не можам да ви кажам. А пресудата ќе биде јавна. Нашите очекувања се дека на крај ќе успееме да добиеме ослободителна пресуда, бидејќи ова обвинение значи враќање на вербалниот деликт на мала врата. Без разлика на она што го пишувал Марјан или дали тоа на неколку му се допаѓа или не, тука разговараме за кривична одговорност, односно дали има или нема – рече адвокатот Најков.

Тој нема информации за тоа што се случува со другиот предмет на кој работи Основното обвинителство Скопје по проширувањето на истрагата за Стаменковски, а по пријава на други граѓани кои сметаат дека се оштетени од пишувањата на сопственикот на порталот ДоказМ.

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против Стаменковски за кривично дело уцена, како и за две кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – злоупотреба на лични податоци.

„Така, во периодот од 10.1.2023 година до 2.2.2023 година, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот стапил во контакт со оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб-порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Кога оштетениот одбил средба, на интернет-порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот им наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело уцена“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Обвинителството бараше продолжување на притворот, затоа што смета дека има потреба да се заштитат оштетените.

The post Марјан Стаменковски, сопственикот на страницата „ДоказМ“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Марјан Стаменковски, сопственик на веб страницата „ДоказМ“, на денешното судско рочиште се изјасни за невин за обвинението што му се става на товар, а неговиот бранител Коста Најков најави дека ќе ја заснова одбраната на докажување дека неговиот клиент изнесувал ставови и мислења, не ги извршол кривичните дела за кои е обвинет, а ова обвинение претставува „враќање на вербалниот деликт“. Стаменковски е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци. На денешното рочиште сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, кои велат дека биле таргет на текстовите на Стамнековски, во кои биле изнесувани лични навреди, обвинувања, омаловажувања и клевети. Судењето се врши зад затворени врати за да се заштитат жртвите и да не се изнесуваат нивни лични информации. Стаменковски од затворот во Шуто Оризари, каде издржува мерка притвор, беше спроведен во Кривичниот суд, каде треба да му се суди за повеќе дела. Неговиот бранител, адвокатот Најков, по завршувањето на рочиштето изјави дека очекува ослободителна пресуда. – Поради ваше појаснување, бидејќи станува збор за скратена постапка, доказната постапка продолжи со испитување на оштетените. Тоа значи дека обвинетиот не призна вина и смета дека не е виновен, дека овде се работи за вербален деликт, а не и за кривична одговорност. Се надеваме дека во текот на постапката тоа ќе го докажеме. Ќе се изведуваат докази, кои и што, не можам да ви кажам. А пресудата ќе биде јавна. Нашите очекувања се дека на крај ќе успееме да добиеме ослободителна пресуда, бидејќи ова обвинение значи враќање на вербалниот деликт на мала врата. Без разлика на она што го пишувал Марјан или дали тоа на неколку му се допаѓа или не, тука разговараме за кривична одговорност, односно дали има или нема – рече адвокатот Најков. Тој нема информации за тоа што се случува со другиот предмет на кој работи Основното обвинителство Скопје по проширувањето на истрагата за Стаменковски, а по пријава на други граѓани кои сметаат дека се оштетени од пишувањата на сопственикот на порталот ДоказМ. Скопското Обвинителство поднесе обвинение против Стаменковски за кривично дело уцена, како и за две кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – злоупотреба на лични податоци. „Така, во периодот од 10.1.2023 година до 2.2.2023 година, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот стапил во контакт со оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб-порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Кога оштетениот одбил средба, на интернет-порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот им наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело уцена“, се вели во соопштението од Обвинителството. Обвинителството бараше продолжување на притворот, затоа што смета дека има потреба да се заштитат оштетените.

The post Марјан Стаменковски, сопственикот на страницата „ДоказМ“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudeneto-protiv-sopstvenikot-na-dokazm/ Fri, 10 Mar 2023 09:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=618049

Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела.

Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката. Вишото јавно обвинителство го одби ова барање.

Јавната обвинителка, Зорица Павловиќ, тогаш предложи до судот јавноста да се исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста.

По одложувањето на расправата, оштетените Ирена Мулачка и Валентина Вурмо во изјава за медиуми кажаа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена.

Помеѓу другите оштетени присутни беа и Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

The post Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ appeared first on Република.

]]>

Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката. Вишото јавно обвинителство го одби ова барање. Јавната обвинителка, Зорица Павловиќ, тогаш предложи до судот јавноста да се исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста. По одложувањето на расправата, оштетените Ирена Мулачка и Валентина Вурмо во изјава за медиуми кажаа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена. Помеѓу другите оштетени присутни беа и Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

The post Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ appeared first on Република.

]]>
Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odbieno-baraneto-na-odbranata-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-skopskoto-ojo/ Tue, 07 Mar 2023 14:45:05 +0000 https://republika.mk/?p=616968

Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела.

Барањето е одбиено, а застапник на обвинението останува обвинителката Зорица Павловиќ од скопското Обвинителство.

Денешното насрочено рочиште е одложено за 10 март, токму поради ова барање за кое Судот одлучи да чека на одлуката на Вишото јавно обвинителство.

На почетокот на првото насроченото рочиште денеска јавната обвинителка Зорица Павловиќ предложи до Судот јавноста да биде исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Меѓу пријавите има и две новинарки од неделникот „Фокус“ и од еден владика.

На денешното рочиште беа присутни оштетените Валентина Вурмо, Ирена Мулачка, Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Вурмо и Мулачка, по одложувањето на процесот, во изјава за медиуми рекоа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

 

The post Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО appeared first on Република.

]]>

Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Барањето е одбиено, а застапник на обвинението останува обвинителката Зорица Павловиќ од скопското Обвинителство. Денешното насрочено рочиште е одложено за 10 март, токму поради ова барање за кое Судот одлучи да чека на одлуката на Вишото јавно обвинителство. На почетокот на првото насроченото рочиште денеска јавната обвинителка Зорица Павловиќ предложи до Судот јавноста да биде исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Меѓу пријавите има и две новинарки од неделникот „Фокус“ и од еден владика. На денешното рочиште беа присутни оштетените Валентина Вурмо, Ирена Мулачка, Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Вурмо и Мулачка, по одложувањето на процесот, во изјава за медиуми рекоа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена. Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Зорица Павловиќ.  

The post Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО appeared first on Република.

]]>
Поднесено обвинение против Марјан-Доказ, формиран и нов предмет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/podneseno-obvinenie-protiv-marjan-dokaz-formiran-i-nov-predmet/ Fri, 17 Feb 2023 10:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=610116

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост.

Така, во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело – Уцена.

Oд почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, обвинетиот на веб порталот ставил на располагање на јавноста заштитено аудиовизуелно дело, овозможувајќи негово неограничено јавно прикажување. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината. Притоа обвинетиот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело.

Преку веб порталот во сопственост на обвинетиот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон двајца пријавители – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, обвинетиот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив, но и раздор во верската заедница. Во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите обвинетиот ги споделувал и на својот профил на социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања, со што сторил кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и обезбеди докази и по поднесена кривична пријава од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Во текстовите обвинетиот директно промовирал омраза и врз основа етничка припадност. Со тоа обвинетиот се товари дека сторил уште едно кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против обвинетиот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, па затоа обвинетиот се товари и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Со оглед на тоа што се уште постојат основите заради кои претходно беше определен притворот, особено имајќи го предвид начинот на извршување на делата и потребата да се заштитат жртвите, кои во подолг временски период биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку интернет порталот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка.

Со наредба обезбедена од надлежен суд, беше извршен претрес во домот на обвинетиот бидејќи постоело сомнение дека кај него можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела.

-При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела. За ова е оформен уште еден предмет во Основното јавно обвинителство Скопје по кој интензивно се постапува, а вештачењата на пронајдените предмети и документи се во тек. Во рамките на тој предмет се вршат проверки и по кривични пријави поднесени од други лица, кои во меѓувреме пријавуваат во обвинителството дека биле жртви на истиот веб портал, соопштија од ОЈО.

The post Поднесено обвинение против Марјан-Доказ, формиран и нов предмет appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, денеска поднесе Обвинителен предлог против сопственикот на порталот Доказ, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Така, во периодот од 10.01.2023 година до 02.02.2023, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот го контактирал оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Откако оштетениот одбил средба, на интернет порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело – Уцена. Oд почетокот на февруари 2022 година, без одобрение на овластениот дистрибутер на кој филмскиот продуцент му го пренел своето право на аудиовизуелно дело, обвинетиот на веб порталот ставил на располагање на јавноста заштитено аудиовизуелно дело, овозможувајќи негово неограничено јавно прикажување. Со тоа предизвикал штета за оштетеното правно лице – телевизија, кое согласно Договор за лиценцирање на телевизиска програма имало ексклузивни авторски права да ја емитува содржината. Притоа обвинетиот сторил кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело. Преку веб порталот во сопственост на обвинетиот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост кон двајца пријавители – свештеници на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Во објавените текстови, обвинетиот изнел директни тврдења дека споменатите свештеници биле поврзани со домашни и странски тајни служби, со цел да се предизвика револт и омраза кон нив, но и раздор во верската заедница. Во текстовите се упатуваат и заканувачки зборови со кои се поттикнува народот да дојде да ги избрка свештениците од манастирот во кој служат. Текстовите обвинетиот ги споделувал и на својот профил на социјална мрежа каде поттикнал жестоки полемики, навредувачки коментари и говор на омраза поради верски убедувања, со што сторил кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше и обезбеди докази и по поднесена кривична пријава од две новинарки, кои пријавиле дека на веб порталот од почетокот на 2022 година се објавуваат навредливи текстови со нивни фотографии, а чија крајна цел е тие да се заплашат и да се спречат да објавуваат текстови во неделникот во кој работат. Во текот на постапката, жртвите дадоа свои искази пред надлежниот јавен обвинител во кои ги поткрепија своите сомненија дека позадината на објавите на веб порталот е да им се изврши притисок и цензура. Во текстовите обвинетиот директно промовирал омраза и врз основа етничка припадност. Со тоа обвинетиот се товари дека сторил уште едно кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Во наведениот период додека во обвинителството се водеше постапката против обвинетиот, тој искористил лично познанство со лице ангажирано како истражител во Основното јавно обвинителство Скопје, па преку вибер комуникација се обидел од неа неовластено да дознае информации за преземени истражни дејствија во повеќе кривично-правни предмети, вклучувајќи го и предметот против него. Обидувајќи се да влијае врз постапката против него, од приватната комуникација со истражителката, без согласност искористил и објавил лични податоци и фотографии на четворица истражители во ОЈО Скопје, па затоа обвинетиот се товари и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци. Со оглед на тоа што се уште постојат основите заради кои претходно беше определен притворот, особено имајќи го предвид начинот на извршување на делата и потребата да се заштитат жртвите, кои во подолг временски период биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку интернет порталот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворската мерка. Со наредба обезбедена од надлежен суд, беше извршен претрес во домот на обвинетиот бидејќи постоело сомнение дека кај него можат да бидат пронајдени докази и за други кривични дела. -При претресот, кај него беше откриена документација, електронски уреди и поголема сума парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од други кривични дела. За ова е оформен уште еден предмет во Основното јавно обвинителство Скопје по кој интензивно се постапува, а вештачењата на пронајдените предмети и документи се во тек. Во рамките на тој предмет се вршат проверки и по кривични пријави поднесени од други лица, кои во меѓувреме пријавуваат во обвинителството дека биле жртви на истиот веб портал, соопштија од ОЈО.

The post Поднесено обвинение против Марјан-Доказ, формиран и нов предмет appeared first on Република.

]]>
И „Жан Митрев“ ќе го тужи Марјан Доказ за клевета, притисок и рекет https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/i-zhan-mitrev-ke-go-tuzhi-marjan-dokaz-za-kleveta-pritisok-i-reket/ Sat, 11 Feb 2023 08:23:34 +0000 https://republika.mk/?p=607649

Клиниката „Жан Митрев“ ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски, како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.

Од клиниката преку соопштение ја информираат јавноста дека очекуваат клучна информација од предистражната постапка да биде дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ со работата на истражителите на ЈО кои ја водат против оваа клиника.

Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.

Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. 

Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија, велат од клиниката „Жан МИтрев“.

Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.

Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот.

Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение.

The post И „Жан Митрев“ ќе го тужи Марјан Доказ за клевета, притисок и рекет appeared first on Република.

]]>

Клиниката „Жан Митрев“ ќе се приклучи на обвинението за сопственикот на порталот ДоказМ, Марјан Стаменковски, како оштетена страна откако Основното јавно обвинителство охрабри и други евентуални оштетени од вакви кривични дела да ги пријават. Клиниката се приклучува на обвинението поради изнесени бројни невистини за клиниката и за вработените, навредливи и деградирачки квалификации, вршење притисок и изнуда на рекет.

Од клиниката преку соопштение ја информираат јавноста дека очекуваат клучна информација од предистражната постапка да биде дали постоела корелација меѓу објавите на порталот ДоказМ со работата на истражителите на ЈО кои ја водат против оваа клиника.

Имено, како што веќе информиравме, во неколку наврати порталот ДоказМ објави информации базирани на предистражната постапка во кои ги најавуваше мерките против Клиниката Жан Митрев. ДоказМ во објавен текст на 15.11.2022 ја предвиде мерката блокирање на сметка и забрана за продажба на удели која ЈО ја направи три дена после објавата не текстот на 18.11.2022.

Во текот на подолг период Клиниката Жан Митрев, д-р Митрев како и вработените во клиниката беа предмет на опортунизмот на Стаменковски при што на порталот ДоказМ беа објавувани текстови со лаги, неосновани и непоткрепени информации и со тоа беше нанесена штета на угледот и работата како на клиничката болница така и лично на поединци. 

Порталот ДоказМ, објавуваше интерни меил комуникации, пораки добиени од поранешен вработен кој сега работи во болницата Аџибадем Систина и кој отворено на социјалните мрежи им се закануваше на вработени во клиниката Жан Митрев. Оваа комуникација би требало да биде, исто така, предмет на предистражните дејствија, велат од клиниката „Жан МИтрев“.

Стаменковски во своите текстови користеше бројни навредливи квалификации и со тоа влијаеше врз мислењето и перцепцијата на голем број читатели.

Клиника Жан Митрев верува во транспарентност, во објективност, ги поддржува начелата на истражувачкото новинарство и посебно во слободата на говорот.

Но, во објавите на порталот ДоказМ немаше ништо од новинарските принципи и од почитување на правото за изјаснување. Клиниката долго време бараше начин институционално да ја заштити работата на клиниката и своите вработени од ваквите напади. Ова е единствениот начин и затоа одлучи по повикот од Јавното обвинителство да се приклучи кон ова обвинение.

The post И „Жан Митрев“ ќе го тужи Марјан Доказ за клевета, притисок и рекет appeared first on Република.

]]>
Судот му изрече осум дена притвор на сопственикот на интернет страницата „Доказ” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sudot-mu-izreche-osum-dena-pritvor-na-sopstvenikot-na-internet-stranitsata-dokaz/ Fri, 10 Feb 2023 19:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=607555

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд го прифати барањето на јавниот обвинител и на сопственикот на интернет страницата „Доказ“ Марјан Стаменковски му определи осумдневен притвор.

Сопственикот на овој контроверзен сајт е осомничен за повеќе кривични дела како уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал и злоупотреба на личните податоци.

Обвинителството го побара притворот заради проценка дека постои опасност тој да избега од земјава, но и заради заштита од влијание врз сведоците, односно негови жртви.

Синоќа во домот на сопственикот на „Доказ” бил извршен претрес, како и пребарување на компјутерскиот систем и компјутерските податоци..

The post Судот му изрече осум дена притвор на сопственикот на интернет страницата „Доказ” appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд го прифати барањето на јавниот обвинител и на сопственикот на интернет страницата „Доказ“ Марјан Стаменковски му определи осумдневен притвор. Сопственикот на овој контроверзен сајт е осомничен за повеќе кривични дела како уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал и злоупотреба на личните податоци. Обвинителството го побара притворот заради проценка дека постои опасност тој да избега од земјава, но и заради заштита од влијание врз сведоците, односно негови жртви. Синоќа во домот на сопственикот на „Доказ” бил извршен претрес, како и пребарување на компјутерскиот систем и компјутерските податоци..

The post Судот му изрече осум дена притвор на сопственикот на интернет страницата „Доказ” appeared first on Република.

]]>
Полиција упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски, уредник на порталот ДоказМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsija-upadnala-vo-domot-na-novinarot-marjan-stamenkovski-urednik-na-portalot-dokazm/ Thu, 09 Feb 2023 20:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=607105

Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, објави Плусинфо.

Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ.

Полицијата врши комплетен претрес во домот на Стаменковски, во обид да најде докази за извршени противзаконски дејствија.

Во моментов, не се знае точно што бара полицијата. Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство.

Стаменковски има помош од адвокат, но МВР засега не соопштува ништо за настанот. Засега дознаваме дека претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.

The post Полиција упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски, уредник на порталот ДоказМ appeared first on Република.

]]>

Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, објави Плусинфо. Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ. Полицијата врши комплетен претрес во домот на Стаменковски, во обид да најде докази за извршени противзаконски дејствија. Во моментов, не се знае точно што бара полицијата. Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство. Стаменковски има помош од адвокат, но МВР засега не соопштува ништо за настанот. Засега дознаваме дека претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.

The post Полиција упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски, уредник на порталот ДоказМ appeared first on Република.

]]>