Марјан Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-risteski/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 14:16:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марјан Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-risteski/ 32 32 Ќе поевтинат 500 производи: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-poevtinat-500-proizvodi-se-podgotvuva-novogodishnata-potroshuvachka-koshnichka/ Sat, 23 Nov 2024 14:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=841095

Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Тој рече дека се извршени сите консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите.

Имавме поопсежни консултации со повеќе фактори кои влијаат на крајната цена на производите битна за потрошувачите, тоа се бизнис секторот, преку стопанските комори, имавме состаноци и со синдикатите и со Организацијата за заштита на потрошувачите. Со една многу добро, внимателно подготвена анализа ќе излеземе за новогодишната кошничка за брзо време. Се надевам дека ќе имаме преку 500 производи кои ќе бидат опфатени со намалување на цени, односно повеќе групи на производи. Ќе има и некои различни производи од есенската потрошувачка кошничка. За граѓаните најбитно е што ќе бидат опфатени производи кои се најзастапени на трпезата за Нова година и за празниците околу Нова година - изјави Ристески.

Тој е уверен дека потрошувачката кошничка ќе донесе бенефити за граѓаните.

Граѓаните секако треба да ги очекуваат бенефитите од новогодишната потрошувачка кошничка. Ние најавивме повеќе такви потрошувачки кошнички за најголемите празници кога потрошувачката на одредени производи е најголема. Со ова имаме две цели - да не дозволиме инфлацијата да оди нагоре, како и стабилизирање на цените на основните прехранбени производи - посочи Ристески.

Министерството за економија и труд будно ја седи примената на Законот за нефер трговски практики. Договорите се потпишани со маркетите. Има детектирани два клучни проблеми, повратот на стоката и во однос на маркетингот.

Со Владата, и со Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе гледаме да донесеме соодветни одлуки кои ќе бидат во интерес и на производителите, и на добавувачите на маркетите и секако, во интерес на потрошувачите - рече Ристески

The post Ќе поевтинат 500 производи: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка appeared first on Република.

]]>

Ристески: Со есенската потрошувачка кошница ги стабилизиравме и ги намаливме цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/risteski-so-esenskata-potroshuvachka-koshnitsa-gi-stabiliziravme-i-gi-namalivme-tsenite/ Wed, 30 Oct 2024 19:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=832561

Есенската потрошувачка кошничка даде добри резултати. Направивме стабилизирање и одредено минимално намалување на цените за разлика од претходните години кога имаше зголемување, оцени вечерва заменик министерот за економија и труд Марјан Ристовски.

На 43 прехранбени производи кои влегуваат во вкупната синдикалната кошничка има намалување од 965 денари и самите синдикати, господинот Трендафилов кажа дека кошничката си ја постигната намената, но таму има едно евро намалување бидејќи имаме зголемување во други делови како облека, обувки, угостителски услуги, рече Ристоски во гостување на ТВ Сител.

Синдикалната кошничка, појасни, има вкупно 43 прехранбени производи кои влегоа по автиоматизам во есенската кошничка, но во есенската има 73. Ако земеме 960 денари отприлика 1000 денари од синдикалната наспроти есенската кошничка просекот би бил 1200 до 1500 денари. Можеби луѓето очекуваа драстично намалување, но нашата цел беше стабилизирање на цените, инаку ќе беа многу повисоки, наведе заменик-министерот за економија и труд.

Во наредниот период, дополни, со следни мерки ќе се потрудиме да имаме и поголеми намалувања кај одредени производи. -Сега кај одредени можеби имаше намалување од два-три денари, кај некои немаше, а кај некои намалувањето беше и до 30 проценти, наведе Ристоски.

Мерката, како што посочи, е одлично донесена, имаше одредени трговци кои сакаа да ја изиграат, но Државниот пазарен инспекторат се надевам дека во претходниот период сериозно си ја врши работата и во одредени моменти настапи со казни кои не беа мали.

Се надевам дека ДПИ и во иднина ќе има многу поголема контрола и ќе прави контролни мерки и надзори во сите трговски места каде се продаваат прехранбени производи за да можеме да ги регулираме цените со цел заштита на стандардот на граѓаните. Од вчера има нов директор така што се надевам и дека можеби и мерките ќе дадат подбри резултати, ќе видиме, рече Ристески, во гостување на ТВ Сител.

Како што потврдијата од Владата за МИА, нов директор на ДПИ е Влатко Стојкоски.

Ристоски соопшти дека веќе се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка која, како што истакна, првпат ќе има поинакви интересни мерки, кои ќе бидат иновативни и со кои првпат граѓаните ќе почувствуваат одредено намалување на одредени производи кои најмногуи се трошат во зимскиот период.

Според Ристоски, со владината мерка за ограничување на профитната маржа за училишниот прибор, имало намалување на цените за 25 до 35 проценти или од 750 до 2000 денари по семејство зависно кој колку трошел. 

The post Ристески: Со есенската потрошувачка кошница ги стабилизиравме и ги намаливме цените appeared first on Република.

Ристески: Ние сме пријатели на работниците и синдикатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-nie-sme-prijateli-na-rabotnitsite-i-sindikatite/ Tue, 22 Oct 2024 13:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=829913

Денеска на покана на Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски и Претседателот на самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, заменик-министерот за економија Марјан Ристески беше гостин на извршниот одбор на КСС каде разговараа на повеќе теми.

На средбата им го честитав историскиот договор со Владата каде од наредната плата вработените во образованието ќе добијат покачување од 5 проценти, од март дополнителни 7 проценти, и покачувањата ќе продолжат секоја година скалесто каде до 2028 година платите ќе пораснат за минимум 46 проценти. Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој.

The post Ристески: Ние сме пријатели на работниците и синдикатите appeared first on Република.

]]>

Денеска на покана на Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски и Претседателот на самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, заменик-министерот за економија Марјан Ристески беше гостин на извршниот одбор на КСС каде разговараа на повеќе теми. На средбата им го честитав историскиот договор со Владата каде од наредната плата вработените во образованието ќе добијат покачување од 5 проценти, од март дополнителни 7 проценти, и покачувањата ќе продолжат секоја година скалесто каде до 2028 година платите ќе пораснат за минимум 46 проценти. Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој.

The post Ристески: Ние сме пријатели на работниците и синдикатите appeared first on Република.

]]>
Училишната кошничка донесе заштеда до 2.000 денари по ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/uchilishnata-koshnichka-donese-zashteda-do-2-000-denari-po-uchenik/ Tue, 22 Oct 2024 12:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=829894

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој месец.

Како што рече денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, по завршувањето на есенската кошничка Владата ќе излезе со официјални податоци и за заштедата по оваа основа.

-Со училишната кошничка намалувањето на цените на производите беше околу 20 - 50 отсто или во просек од 25 до 30 проценти. Заштедата по ученик е 750 - 2 000 денари. По завршување на есенската кошничка ќе излеземе со официјален податок колкава е заштедата на една просечна фамилија за основните прехранбени и земјоделски производи, потенцира Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Училишната кошничка беше воведена на 3 септември како економска мерка, а опфати школски чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали,... Целта беше продажба на овие производи по прифатливи цени за потрошувачите.

Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, а треба да трае до 31 октомври. Се однесува на ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогург, млечни производи, зеленчук и овошје,..

The post Училишната кошничка донесе заштеда до 2.000 денари по ученик appeared first on Република.

]]>

Заштеда од 750 до 2 000 денари по ученик од семејство овозможи т.н. училишна кошничка која заврши на 20-ти овој месец. Како што рече денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, по завршувањето на есенската кошничка Владата ќе излезе со официјални податоци и за заштедата по оваа основа.
-Со училишната кошничка намалувањето на цените на производите беше околу 20 - 50 отсто или во просек од 25 до 30 проценти. Заштедата по ученик е 750 - 2 000 денари. По завршување на есенската кошничка ќе излеземе со официјален податок колкава е заштедата на една просечна фамилија за основните прехранбени и земјоделски производи, потенцира Ристески на прес-конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
Училишната кошничка беше воведена на 3 септември како економска мерка, а опфати школски чанти, прибори, тетратки, блокови, моливи и пенкала, гуми за бришење, фломастери и боици, острилки, линијари, шестари и хартија за фотокопирање, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеарни и дидактички материјали,... Целта беше продажба на овие производи по прифатливи цени за потрошувачите. Есенската кошничка беше објавена на 20 септември, а треба да трае до 31 октомври. Се однесува на ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогург, млечни производи, зеленчук и овошје,..

The post Училишната кошничка донесе заштеда до 2.000 денари по ученик appeared first on Република.

]]>
Ристески: Посветени на поддршка на бизнисите и домаќинствата, на заштитата на животниот стандард на граѓаните, https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/risteski-posveteni-na-poddrshka-na-biznisite-i-domakinstvata-na-zashtitata-na-zhivotniot-standard-na-graganite/ Tue, 08 Oct 2024 18:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=824325

Сто дена Влада - посветени на поддршка на бизнисите и домаќинствата, на заштитата на животниот стандард на граѓаните, вели Марјан Ристески, заменик министер за економија.

✅ Спроведовме серија на мерки „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ со кои ги ограничивме маржите на трговија на големо и трговија за👇
👉 Маржите за училишниот прибор, со што се намалија цените за 25 до 30 %, а секое семејство со еден ученик заштеди од 1.500 до 2.000 денари
🛒Со акцијата „есенска потрошувачка кошничка“ ги ограничивме маржите на 10% во трговијата на големо и мало на 73 основни прехранбени производи, каде бележиме пад на цените во просек за 5 до 10 % , како и заштеда од 650 до 1.500 денари во просек за четиричлено семејство
✅Започна имплементацијата на Законот за нефер трговски практики, каде преку регулирање на односот на производителите и добавувачите со трговците, се очекува дополнителен пад на цените на 2.546 прехранбени и земјоделски производи 🍎 🥗.
✅ Доделивме 1777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за работниците со ниски приходи за летување во некои од нашите туристички центри
✅ Обезбедена финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари
✅ Поддршка за конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност во висина од 32 милиони денари
✅ За развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени 80.000.000 денари
Не запираме, продолжуваме 100% #Посветени за тебе!

The post Ристески: Посветени на поддршка на бизнисите и домаќинствата, на заштитата на животниот стандард на граѓаните, appeared first on Република.

]]>

Сто дена Влада - посветени на поддршка на бизнисите и домаќинствата, на заштитата на животниот стандард на граѓаните, вели Марјан Ристески, заменик министер за економија.
✅ Спроведовме серија на мерки „Помалку трошоци – повеќе за тебе“ со кои ги ограничивме маржите на трговија на големо и трговија за👇 👉 Маржите за училишниот прибор, со што се намалија цените за 25 до 30 %, а секое семејство со еден ученик заштеди од 1.500 до 2.000 денари 🛒Со акцијата „есенска потрошувачка кошничка“ ги ограничивме маржите на 10% во трговијата на големо и мало на 73 основни прехранбени производи, каде бележиме пад на цените во просек за 5 до 10 % , како и заштеда од 650 до 1.500 денари во просек за четиричлено семејство ✅Започна имплементацијата на Законот за нефер трговски практики, каде преку регулирање на односот на производителите и добавувачите со трговците, се очекува дополнителен пад на цените на 2.546 прехранбени и земјоделски производи 🍎 🥗. ✅ Доделивме 1777 ваучери за туризам во вредност од 32 милиони денари за работниците со ниски приходи за летување во некои од нашите туристички центри ✅ Обезбедена финансиска поддршка за локалните компании во износ од над 120 милиони денари ✅ Поддршка за конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност во висина од 32 милиони денари ✅ За развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година обезбедени 80.000.000 денари Не запираме, продолжуваме 100% #Посветени за тебе!

The post Ристески: Посветени на поддршка на бизнисите и домаќинствата, на заштитата на животниот стандард на граѓаните, appeared first on Република.

]]>
Се прават анализи за носење на новиот закон за работни односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-pravat-analizi-za-nosene-na-noviot-zakon-za-rabotni-odnosi/ Sat, 05 Oct 2024 11:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=823056

Се прават сите анализи дали ќе се донесе новиот закон за работни односи, или ќе трпи одредени промени, или пак да се направи комбинација од новиот и стариот Закон за работни односи, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 8“ во Штип.

-Нашата цел пред носењето на законот за работни односи е да направиме едно синфронизирање помеѓу, а пред се заштита на правата на работниците и работните односи и да направиме една синфронизација каде преку заштита на работничките права и развојот на бизнис секторот, реалниот сектор во Македонија ќе направиме навистина подобри права за работниците и за заштита на работници, вели Ристески.

Во текот на вчерашниот ден и Миле Бошков од Бизнис конфедерација на „Текстилијадата“ во Штип посочи дека неопходен е да се донесе новиот закон за работни односи, кој, како што рече, стои во фиока.

-Можеби ќе треба да останеме на варијанта од претходниот Закон и варијанта од преговорите, доколку немаме време да го преработиме целиот. Крши многу работнички права ама ќе гледаме да им се вратат работнички права на работниците, изјави вчера Бошков.

The post Се прават анализи за носење на новиот закон за работни односи appeared first on Република.

Ристески: Граѓаните очекуваат работа, а не несоодветен вокабулар како на Арсовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/risteski-graganite-ochekuvaat-rabota-a-ne-nesoodveten-vokabular-kako-na-arsovska/ Tue, 11 Jul 2023 12:24:36 +0000 https://republika.mk/?p=660062

Марјан Ристески, претседател на Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“ која е во рамките акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ зборуваше за градот Скопје и градоначалничката Арсовска каде јасно потенцираше дека недопусливо е ова што му се случува на градот поради неспособноста на градоначалничката Арсовска.

Никако не е допусливо за еден градоначалник посебно градоначалник на главниот град на Република Македонија, градот Скопје да му се случува она што се случува деновови со расфрленото ѓубре. Она што го гледавме овие неколку дена по медиумите со расфрлано ѓубре околу контејнери, тоа не смее да си го дозволи ни еден менаџер, не само со град Скопје туку и со ниедна општина во Република Македонија бидејќи секогаш треба да биде приоритет граѓаните, подобрувањето на условите за живот треба да се приоритет на секој граѓанин, а не усложување на ситуациите и загрозување како што беше случајот на здравјето на граѓаните посебно во овие летни горештини кога температурите се над 30 степени. Расфрлањето на ѓубрето околу контејнери насекаде по јавните површини без да има инцијатива од страна на комуналното претпријатие и градот да биде собрано истото и да биде депонирано таму каде што му е местотото, а тоа е депонијата Дрисла, е недопусливо пред се поради не само создавање на комуналниот отпад и комунален неред и сликата на градот пред се поради појава на заразни болести и не дај боже појава на епидемија. Тогаш тука се поставува прашањето кој би ја презел одговорноста за сето тоа ако не градоначалникот на градот под чија надлежност се јавните претпријатија Комунална хигиена и секако јавното претпријатие Дрисла - рече Ристески.

Тој во текот на своето обраќање укажа дека градоначалничката Арсовска своето неработење го прикрива со тоа што таа се испокара со сите и тоа нејзино однесување е недопусливо за функцијата која таа ја извршува.

Комуналната хигиена треба да биде приоритет, но гледаме дека дека секогаш кога се создаваат проблем во град Скопје некако навикнавме во овој период, навикнавме на секоја недела или месец да имаме по некој невиден циркус кој се случува во градот и секогаш вината со прст се покажува на други луѓе. Јас не знам да градоначалничката госпоѓа Аровска да се нема испокарано со некој до сега.Арсовска се искара со советниците, се скара со политичките партии, се скара со медиумите, со директорите на јавни претпријатија и секогаш својата неспобност за раководење, менаџирање ја префрла на други лица. Таа многу често користи несоодветен вокабулар што не би одговарало на една личноста која е 3 или 4 по ред функција во државата, тоа е градоначалник на Град Скопје и според мене тоа е недопусливо - кажа Ристески.

The post Ристески: Граѓаните очекуваат работа, а не несоодветен вокабулар како на Арсовска appeared first on Република.

Ристески: Централната власт ја уназадува Македонија, потребни се промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-centralnata-vlast-ja-unazaduva-makedonija-potrebni-se-promeni/ Sun, 06 Nov 2022 13:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=570374

На саемот на промените што носат иднина се обрати Марјан Ристески претседателот на републичката комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на процесот на децентрализација и предизвиците кои овој процес ги носи со себе. Според него најдобра соработка на локалната со централната власт била во периодот од 2006 до 2016 година.

Се забрзаа процесите на децентрализација во тој период, се трансферираа многу повеќе средства од централно на локално ниво, процент од ДДВ, префрлање на надлежноста за данокот на имот на локалните самоуправи, персоналниот данок дел од концесиите итн. За прв пат тогаш се донесе законот за рамномерен регионален развој, се донесоа и планските региони и започна да се инвестира во сите општини без разлика на која политичка опција припаѓаат, реализација на капитални проекти и поддршка од тогашната централна власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на битни проекти за развојот на општините, вели Ристески.

Тој дополни дека во тој период ЗЕЛС одиграл активна улога во таканаречената борба помеѓу централната и локалната власт и успеале да реализираат многу проекти кои денес ги уживаат локалните самоуправи. Според него тој период ЗЕЛС била многу поактивна и ја повика Арсовска да биде многу поактивна.

Ристески посочи дека општините кои ги наследиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле презадолжени, оптеретени со непотребни партиски вработувања, немале значајни проекти и капитални инвестиции, без соодветни ДУПови, многу сомнителни тендери и обструкции од власта кои јасно се нотирани во последниот извештај на ЕК, односно е нотирано дека има забавена децентрализација во Република Македонија.

Денес имаме заробена држава од страна на СДСМ И ДУИ, власт која опстојува неколку години и ја уназади Република Македонија неколку години во секој поглед, во овој период како што нагласив соработката помеѓу централна и локална власт е на ниско ниво и потребно е што побрзо предвремени парламентарни избори на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи незадоволството кај граѓаните е огромно, нагласи тој.

The post Ристески: Централната власт ја уназадува Македонија, потребни се промени appeared first on Република.

]]>

На саемот на промените што носат иднина се обрати Марјан Ристески претседателот на републичката комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на процесот на децентрализација и предизвиците кои овој процес ги носи со себе. Според него најдобра соработка на локалната со централната власт била во периодот од 2006 до 2016 година.
Се забрзаа процесите на децентрализација во тој период, се трансферираа многу повеќе средства од централно на локално ниво, процент од ДДВ, префрлање на надлежноста за данокот на имот на локалните самоуправи, персоналниот данок дел од концесиите итн. За прв пат тогаш се донесе законот за рамномерен регионален развој, се донесоа и планските региони и започна да се инвестира во сите општини без разлика на која политичка опција припаѓаат, реализација на капитални проекти и поддршка од тогашната централна власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на битни проекти за развојот на општините, вели Ристески.
Тој дополни дека во тој период ЗЕЛС одиграл активна улога во таканаречената борба помеѓу централната и локалната власт и успеале да реализираат многу проекти кои денес ги уживаат локалните самоуправи. Според него тој период ЗЕЛС била многу поактивна и ја повика Арсовска да биде многу поактивна. Ристески посочи дека општините кои ги наследиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле презадолжени, оптеретени со непотребни партиски вработувања, немале значајни проекти и капитални инвестиции, без соодветни ДУПови, многу сомнителни тендери и обструкции од власта кои јасно се нотирани во последниот извештај на ЕК, односно е нотирано дека има забавена децентрализација во Република Македонија.