Марјан Јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-janev/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Dec 2022 10:04:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марјан Јанев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-janev/ 32 32 Почина новинарот Марјан Јанев https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-novinarot-marjan-janev/ Tue, 06 Dec 2022 10:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=582485

Во Струмица, вчера, во 60-та година од животот, ненадејно почина новинарот Марјан Јанев. Роден е во Струмица на 20 февруари 1962 година. Своето основно и средно образование го добива во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје и во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Со висок успех и на восхит на своите колеги, но и на професорскиот кадар, Јанев ги заврши Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј.“

Својот професионален ангажман Марјан Јанев го остварува во Македонското радио, во најголем дел во Трета програма, до заминувањето во предвремената пензија. Зад него стојат бројни прилози посветени на актуелни општествени теми, во кои до израз доаѓа неговата новинарска оригиналност во однос на третманот на темите и стилот на пишувањето.

Аргументираноста, објективноста и непристрасноста беа главните карактеристики на неговиот новинарски ангажман. Како вљубеник во пишаниот збор, тој зад себе остави и една книга со поезија.

Марјан Јанев посебно се ангажираше и во Сојузот на слепите на Македонија за подобрување на општетсвената положба на лицата со оштетен вид. Тој беше пионер во употребата на компјутерска технологија за користењето на Брајовото писмо. Како резултат на неговиот ангажман во 2007 година, дојде до изработка на посебни компјутерски програм, од страна на „Семос“ и тогашниот весник „Дневник“, со кои на лицата со оштетен вид им беше овозможено да користат компјутери.

Погребот на Марјан Јанев ќе се изврши денеска во 13 часот на Градските гробишта во Струмица.

 

The post Почина новинарот Марјан Јанев appeared first on Република.

]]>

Во Струмица, вчера, во 60-та година од животот, ненадејно почина новинарот Марјан Јанев. Роден е во Струмица на 20 февруари 1962 година. Своето основно и средно образование го добива во Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје и во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Со висок успех и на восхит на своите колеги, но и на професорскиот кадар, Јанев ги заврши Интердисциплинарните студии по новинарство на Правниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј.“ Својот професионален ангажман Марјан Јанев го остварува во Македонското радио, во најголем дел во Трета програма, до заминувањето во предвремената пензија. Зад него стојат бројни прилози посветени на актуелни општествени теми, во кои до израз доаѓа неговата новинарска оригиналност во однос на третманот на темите и стилот на пишувањето. Аргументираноста, објективноста и непристрасноста беа главните карактеристики на неговиот новинарски ангажман. Како вљубеник во пишаниот збор, тој зад себе остави и една книга со поезија. Марјан Јанев посебно се ангажираше и во Сојузот на слепите на Македонија за подобрување на општетсвената положба на лицата со оштетен вид. Тој беше пионер во употребата на компјутерска технологија за користењето на Брајовото писмо. Како резултат на неговиот ангажман во 2007 година, дојде до изработка на посебни компјутерски програм, од страна на „Семос“ и тогашниот весник „Дневник“, со кои на лицата со оштетен вид им беше овозможено да користат компјутери. Погребот на Марјан Јанев ќе се изврши денеска во 13 часот на Градските гробишта во Струмица.  

The post Почина новинарот Марјан Јанев appeared first on Република.

]]>