марјан ѓуровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-gjurovski/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 12:00:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png марјан ѓуровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-gjurovski/ 32 32 Средба на министерката Јаневска со Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот за акредитација на високото образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerkata-janevska-so-marjan-gurovski-pretsedatel-na-odborot-za-akreditatsija-na-visokoto-obrazovanie/ Tue, 16 Jul 2024 12:00:31 +0000 https://republika.mk/?p=797374

За состојбите во високото образование, заложбите за интернационализација на македонскиот високообразовен систем и потребата од дигитализација на процесот на акредитација на високообразовните установи, денеска разговараа министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, Марјан Ѓуровски, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

На средбата се потенцираше дека е неопходно зајакнување на стандардите и капацитетите на високообразовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го креираат - дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата. Јаневска и Ѓуровски се согласни дека треба да се изградат и механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата од страна на бизнис заедницата.

Исто така, на средбата беше презентиран Полугодишниот извештај за работа на Одборот за акредитација на високото образование за периодот јануари – јуни 2024 година, а се посочи и дека во иднина ќе се интензивира соработката со институциите на ЕУ за квалитет и акредитација на високото образование.

The post Средба на министерката Јаневска со Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот за акредитација на високото образование appeared first on Република.

]]>

За состојбите во високото образование, заложбите за интернационализација на македонскиот високообразовен систем и потребата од дигитализација на процесот на акредитација на високообразовните установи, денеска разговараа министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, Марјан Ѓуровски, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). На средбата се потенцираше дека е неопходно зајакнување на стандардите и капацитетите на високообразовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го креираат - дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата. Јаневска и Ѓуровски се согласни дека треба да се изградат и механизми за поддршка на развојот на високото образование во земјата од страна на бизнис заедницата. Исто така, на средбата беше презентиран Полугодишниот извештај за работа на Одборот за акредитација на високото образование за периодот јануари – јуни 2024 година, а се посочи и дека во иднина ќе се интензивира соработката со институциите на ЕУ за квалитет и акредитација на високото образование.  

The post Средба на министерката Јаневска со Марјан Ѓуровски, претседател на Одборот за акредитација на високото образование appeared first on Република.

]]>
МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manu-i-odborot-za-akreditatsija-na-visokoto-obrazovanie-ke-rabotat-na-podignuvane-na-kvalitetot-na-visokoto-obrazovanie/ Sat, 18 May 2024 08:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=779412

Претседателот на Македонската академија на науки и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, Марјан Ѓуровски, остварија работна средба на која се разговараше за состојбата во високото образование и за воспоставување заедничка соработка во функција на подигнување на квалитетот и развојот на високото образование во земјата.

На состанокот беше констатирана потребата од интернационализација на македонскиот високо образовен систем, зајакнување на стандардите и капацитетите на високо образовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го даваат како дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата.

МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование се очекува да потпише меморандум за соработка за поблиска соработка со заеднички научно-истражувачки проекти и организирање заедничка научна конференција посветена на состојбата, предизвиците и развојот на високото образование, информираат од Одборот.

На работната средба присуствуваа потпретседателот на Одборот за акредитација Куштрим Ахмети и академик Марјан Марковиќ, член на Одборот за акредитација на високото образование.

The post МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонската академија на науки и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, Марјан Ѓуровски, остварија работна средба на која се разговараше за состојбата во високото образование и за воспоставување заедничка соработка во функција на подигнување на квалитетот и развојот на високото образование во земјата. На состанокот беше констатирана потребата од интернационализација на македонскиот високо образовен систем, зајакнување на стандардите и капацитетите на високо образовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го даваат како дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата.
МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование се очекува да потпише меморандум за соработка за поблиска соработка со заеднички научно-истражувачки проекти и организирање заедничка научна конференција посветена на состојбата, предизвиците и развојот на високото образование, информираат од Одборот.
На работната средба присуствуваа потпретседателот на Одборот за акредитација Куштрим Ахмети и академик Марјан Марковиќ, член на Одборот за акредитација на високото образование.

The post МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование appeared first on Република.

]]>
Ѓуровски: Дојавите за бомби може да потраат, зависи од текот на глобалните случувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gurovski-dojavite-za-bombi-mozhe-da-potraat-zavisi-od-tekot-na-globalnite-sluchuvana/ Thu, 23 Feb 2023 17:22:11 +0000 https://republika.mk/?p=612415

Се работи за организиран пристап и веројатно зад дојавите за поставени бомби стои организирана група, но дали држава или меѓународна организација останува одговорот да го даде истрагата и меѓународните воени безбедносни организации, смета проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет  на Скопскиот универзитет.

Во изјава за медиумите тој рече дека се работи за најголемиот општествено безбедносен предизвик на државава од нејзиното осамостојување зашто заканувачките пораки за експлозивни направи, кои се праќаат по електронска пошта, предизвикуваат страв и паника кај населението, особено кај помладата популација, и целта е да поттикнат недоверба кон институциите и нивната функционалност.

Проблемот е во лоцирањето на испраќачите бидејќи, рече, доаѓаат од некои виртуелни ИП-адреси и на тоа треба да работат стручните по информатичка безбедност.  Освен две-три ИП-адреси кои се лоцирани на територијата на државава, рече Ѓуровски, сите останати дојави по електронски пат доаѓаат надвор од Македонија.

-Треба да бидеме трпеливи и да се работи со населението, значително треба да го подготвиме дека ова може да потрае подолго. Не би сакал јас да лицитирам дали зад ова е поединец, организирана група или држава, бидејќи е несериозно ако немаме јасно лоцирано место и поединец кој стои зад лажните дојави на бомби по електронски пат. Не можеме да лицитираме дали е тоа Русија, Кина или некоја од соседните држави. Факт е дека ваквите лажни дојави на бомби доаѓаат веднаш по првите шест месеци од руско-украинската војна и глобалните меѓународни безбедносни проблеми. Вакви случаи со лажни дојави имаше во Црна Гора, во Србија и денеска ние се соочуваме, рече Ѓуровски кој учествуваше на трибината   „Безбедноста во училиштата - градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“.

Содржината на електронските пораки е речиси идентична во пораките до сите училишта, како што рече, „на лош македонски јазик и користен Гугл-транслејт“.

- Содржината на тие пораки е или од анархистички карактер, во кој се повикува на насилство во државата, и вториот тип на пораки, кои се скоро истоветни низ сите училишта во кои се праќани, е ширење недоверба кон државата и нејзиното функционирање, што е вториот сегмент да забави целокупниот процес на интеграции, верба во институциите и парализа на македонскиот безбедносен и политички систем, додаде Ѓуровски.

На прашањето дали има реален ризик од ваквите дојави, одговори дека е несериозно „да лицитираме дали може или не да биде поставено бомба“ и дека најважно во овој момент е  „да бидеме будни и да ги заштитуваме објектите“.

-Значи, треба во делот на функционалноста и проверката да бидеме поефикасни. Механизмот на НАТО-Алијансата не може многу реално да ни помогне, само евентуално некои од земјите членки на НАТО, како што се САД или некои од европските земји со пософистицирани алатки електронски да лоцираме каде се наоѓаат... Дали ќе потраат или ќе завршат овие лажни дојави зависи од текот на меѓународните и глобалните случувања и дали и кога ќе заврши Руско-украинската војна, смета Ѓуровски.

The post Ѓуровски: Дојавите за бомби може да потраат, зависи од текот на глобалните случувања appeared first on Република.

]]>

Се работи за организиран пристап и веројатно зад дојавите за поставени бомби стои организирана група, но дали држава или меѓународна организација останува одговорот да го даде истрагата и меѓународните воени безбедносни организации, смета проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет  на Скопскиот универзитет. Во изјава за медиумите тој рече дека се работи за најголемиот општествено безбедносен предизвик на државава од нејзиното осамостојување зашто заканувачките пораки за експлозивни направи, кои се праќаат по електронска пошта, предизвикуваат страв и паника кај населението, особено кај помладата популација, и целта е да поттикнат недоверба кон институциите и нивната функционалност. Проблемот е во лоцирањето на испраќачите бидејќи, рече, доаѓаат од некои виртуелни ИП-адреси и на тоа треба да работат стручните по информатичка безбедност.  Освен две-три ИП-адреси кои се лоцирани на територијата на државава, рече Ѓуровски, сите останати дојави по електронски пат доаѓаат надвор од Македонија. -Треба да бидеме трпеливи и да се работи со населението, значително треба да го подготвиме дека ова може да потрае подолго. Не би сакал јас да лицитирам дали зад ова е поединец, организирана група или држава, бидејќи е несериозно ако немаме јасно лоцирано место и поединец кој стои зад лажните дојави на бомби по електронски пат. Не можеме да лицитираме дали е тоа Русија, Кина или некоја од соседните држави. Факт е дека ваквите лажни дојави на бомби доаѓаат веднаш по првите шест месеци од руско-украинската војна и глобалните меѓународни безбедносни проблеми. Вакви случаи со лажни дојави имаше во Црна Гора, во Србија и денеска ние се соочуваме, рече Ѓуровски кој учествуваше на трибината   „Безбедноста во училиштата - градење механизми на превенција од ризици и рано предупредување“. Содржината на електронските пораки е речиси идентична во пораките до сите училишта, како што рече, „на лош македонски јазик и користен Гугл-транслејт“. - Содржината на тие пораки е или од анархистички карактер, во кој се повикува на насилство во државата, и вториот тип на пораки, кои се скоро истоветни низ сите училишта во кои се праќани, е ширење недоверба кон државата и нејзиното функционирање, што е вториот сегмент да забави целокупниот процес на интеграции, верба во институциите и парализа на македонскиот безбедносен и политички систем, додаде Ѓуровски. На прашањето дали има реален ризик од ваквите дојави, одговори дека е несериозно „да лицитираме дали може или не да биде поставено бомба“ и дека најважно во овој момент е  „да бидеме будни и да ги заштитуваме објектите“. -Значи, треба во делот на функционалноста и проверката да бидеме поефикасни. Механизмот на НАТО-Алијансата не може многу реално да ни помогне, само евентуално некои од земјите членки на НАТО, како што се САД или некои од европските земји со пософистицирани алатки електронски да лоцираме каде се наоѓаат... Дали ќе потраат или ќе завршат овие лажни дојави зависи од текот на меѓународните и глобалните случувања и дали и кога ќе заврши Руско-украинската војна, смета Ѓуровски.

The post Ѓуровски: Дојавите за бомби може да потраат, зависи од текот на глобалните случувања appeared first on Република.

]]>
Петровска: Со новиот закон ќе се зголемат правата и обврските на вработените во Министерството за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-so-noviot-zakon-ke-se-zgolemat-pravata-i-obvrskite-na-vrabotenite-vo-ministerstvoto-za-odbrana/ Mon, 26 Dec 2022 16:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=590232

Идејата на Предлог-законот за вработените во Министерството за одбрана не е само да се дадат права на вработените, напротив, да се предвидат и зголемените обврски кои ги имаат тие, но на крајот од денот треба да се има предвид дека вработените во Министерството се дел од безбедносната структура во државата и навистина тие треба да гарантираат за сето она што значи безбедност на Република Македонија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на јавна расправа за овој Предлог-Закон.

Петровска додаде дека во овој момент вработените во Министерството кои се под Законот за административни службеници се во нерамноправна позиција во однос на другите категории на вработени и тоа значително влијае на нивната мотивираност, меѓутоа и во извршувањето на она што значи обем и секојдневни задолженија.

Со оглед на тоа дека сега учествуваме во различни процеси, во различни видови на планирања, креирања на политики и донесување на одлуки во самата Алијанса, неопходно е да се направат суштински измени во статусот и обврските, но се разбира и правата на вработените во Министерството за одбрана, особено заради тоа што станува збор за комбинирана структура каде што има вработени кои се поделени сега во моментов под Законот за вработени во администрацијата, меѓутоа и вработени согласно Законот за служба во Армијата, нагласи Петровска.

Како новини на овој закон, Петровска вели дека ќе се предвидат критични специјалности во Министерството, односно ќе се предвиди како да се реши недостатокот на вработените кои поседуваат посебни специјалности и познавање на информатичка технологија, како и многу други права и обврски за вработените.

Според претседателот на Комитетот за Проектот МКД-НАТО 2030, Марјан Ѓуровски, искуствата на другите членки од Алијансата наметнуваат посебно издвојување на вработените во МО од останатите вработени во јавната и државната администрација.

Македонското членство во НАТО, промената на безбедносната парадигма и новите безбедносни ризици и закани ја наметнуваат потребата од еден инклузивен пристап каде што вработените од Министерството за одбрана, заедно со луѓето од академската заедница и невладиниот сектор изработуваат предлог законско решение со кое значајно ќе се одобри статусот и стандардот на вработените во Министерството за одбрана, имајќи го предвид зголемениот обем на работни обврски кои тие ги имаат и пред се работата со специфични безбедносно класифицирани информации, изјави Ѓуровски

Тој информира дека буџетот наменет за Министерството за одбрана ќе остане ист, но, како што рече, пред се важни се безбедносните и економските аспекти.

Секој оној што ќе работи овде ќе има исти права и обврски и со лицата кои носат униформа од Армијата, а се во Министерството за одбрана, дополнително ќе имаат специфични обврски заради промена на местото, позицијата и обврските кои ги добива Македонија како земја членка на НАТО, но и пред се обврска на безбедносна проверка имајќи предвид дека во изминатиот период бевме ризични, и, покрај економската оправданост на законот се зголемува и безбедносната одржливост на системот за безбедност и одбрана со различните ризици и закани со кои секојдневно се соочуваме, изјави Ѓуровски.

The post Петровска: Со новиот закон ќе се зголемат правата и обврските на вработените во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>

Идејата на Предлог-законот за вработените во Министерството за одбрана не е само да се дадат права на вработените, напротив, да се предвидат и зголемените обврски кои ги имаат тие, но на крајот од денот треба да се има предвид дека вработените во Министерството се дел од безбедносната структура во државата и навистина тие треба да гарантираат за сето она што значи безбедност на Република Македонија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на јавна расправа за овој Предлог-Закон.
Петровска додаде дека во овој момент вработените во Министерството кои се под Законот за административни службеници се во нерамноправна позиција во однос на другите категории на вработени и тоа значително влијае на нивната мотивираност, меѓутоа и во извршувањето на она што значи обем и секојдневни задолженија.
Со оглед на тоа дека сега учествуваме во различни процеси, во различни видови на планирања, креирања на политики и донесување на одлуки во самата Алијанса, неопходно е да се направат суштински измени во статусот и обврските, но се разбира и правата на вработените во Министерството за одбрана, особено заради тоа што станува збор за комбинирана структура каде што има вработени кои се поделени сега во моментов под Законот за вработени во администрацијата, меѓутоа и вработени согласно Законот за служба во Армијата, нагласи Петровска.
Како новини на овој закон, Петровска вели дека ќе се предвидат критични специјалности во Министерството, односно ќе се предвиди како да се реши недостатокот на вработените кои поседуваат посебни специјалности и познавање на информатичка технологија, како и многу други права и обврски за вработените. Според претседателот на Комитетот за Проектот МКД-НАТО 2030, Марјан Ѓуровски, искуствата на другите членки од Алијансата наметнуваат посебно издвојување на вработените во МО од останатите вработени во јавната и државната администрација.
Македонското членство во НАТО, промената на безбедносната парадигма и новите безбедносни ризици и закани ја наметнуваат потребата од еден инклузивен пристап каде што вработените од Министерството за одбрана, заедно со луѓето од академската заедница и невладиниот сектор изработуваат предлог законско решение со кое значајно ќе се одобри статусот и стандардот на вработените во Министерството за одбрана, имајќи го предвид зголемениот обем на работни обврски кои тие ги имаат и пред се работата со специфични безбедносно класифицирани информации, изјави Ѓуровски
Тој информира дека буџетот наменет за Министерството за одбрана ќе остане ист, но, како што рече, пред се важни се безбедносните и економските аспекти.
Секој оној што ќе работи овде ќе има исти права и обврски и со лицата кои носат униформа од Армијата, а се во Министерството за одбрана, дополнително ќе имаат специфични обврски заради промена на местото, позицијата и обврските кои ги добива Македонија како земја членка на НАТО, но и пред се обврска на безбедносна проверка имајќи предвид дека во изминатиот период бевме ризични, и, покрај економската оправданост на законот се зголемува и безбедносната одржливост на системот за безбедност и одбрана со различните ризици и закани со кои секојдневно се соочуваме, изјави Ѓуровски.

The post Петровска: Со новиот закон ќе се зголемат правата и обврските на вработените во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>
Ѓуровски: Идејата пожарникари да ги обезбедуваат скопските училишта ќе ја загрози основната заштита од пожари https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gjurovski-idejata-pozarnikari-da-gi-obezbeduvaat-skopskite-uchilishta-kje-ja-zagrozi-osnovnata-zashtita-od-pozari/ Sat, 05 Nov 2022 11:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=569968

Секое ангажирање на Противпожарната бригада на Град Скопје на задачи надвор од законот и нејзината надлежност го доведува во опасност главниот град на државата и ќе ја загрози основната заштита од пожари, смета проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет за идејата пожарникари да ги обезбедуваат средните училишта во Скопје.

Доколку пожарникари обезбедуваат училишта, не може да се оствари брза интервенција на ППБ на Градот Скопје, со што ќе се загрози безбедноста на граѓаните од пожари, поплави и други евентуални непогоди каде пожарникарите имаат законски овластувања да постапуваат и реагираат. Согласно кој закон тие имаат надлежност да обезбедуваат објекти, имоти и лица, а најмалку пак ученици и како ќе користат методи, опрема и други средства за обезбедување кога за тоа немаат законски овластувања?, оценува Ѓуровски.

Според него, идеите државата и Градот Скопје да формираат Агенции за своите потреби се во најмала рака несериозни и спротивни на поставеноста на безбедносниот систем и надлежностите согласно Законот за обезбедување на имоти и лица.

– Градот Скопје има 23 средни училишта, а во смена во ППБ на град Скопје се 36 пожарникари, односно вкупниот ППБ на Град Скопје вкупно брои 192 припадници. Секое механичко играње со бројки и нивно прераспоредувале на нови задачи може да го доведе во прашање основното функционирање на градот во заштитата од пожари, смета Ѓуровски.

Тој оценува дека заканите и телефонските јавувања за наводно поставување на бомби во училиштата претставува сериозен проблем и има за цел да шири паника меѓу населението.

Само преку навремено информирање и десукиритизација на овој проблем може да ги успокои граѓаните, младите и да овозможи услови за непречена истрага од страна на МВР и истражните органи. Кога станува збор за безбедноста нема простор за импровизации и гимнастички идеи зошто современите системи каде припаѓаме за се имаат процедура, постапка и начин како да се справат, додава Ѓуровски.

Тој воедно нагласува дека овој негов став нема за цел да навлезе во политичките игри на Градот Скопје и нејзиниот градоначалник, туку да биде предупредување за размислување, бидејќи со безбедноста како и со огнот нема играње.

The post Ѓуровски: Идејата пожарникари да ги обезбедуваат скопските училишта ќе ја загрози основната заштита од пожари appeared first on Република.

]]>

Секое ангажирање на Противпожарната бригада на Град Скопје на задачи надвор од законот и нејзината надлежност го доведува во опасност главниот град на државата и ќе ја загрози основната заштита од пожари, смета проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет за идејата пожарникари да ги обезбедуваат средните училишта во Скопје.
Доколку пожарникари обезбедуваат училишта, не може да се оствари брза интервенција на ППБ на Градот Скопје, со што ќе се загрози безбедноста на граѓаните од пожари, поплави и други евентуални непогоди каде пожарникарите имаат законски овластувања да постапуваат и реагираат. Согласно кој закон тие имаат надлежност да обезбедуваат објекти, имоти и лица, а најмалку пак ученици и како ќе користат методи, опрема и други средства за обезбедување кога за тоа немаат законски овластувања?, оценува Ѓуровски.
Според него, идеите државата и Градот Скопје да формираат Агенции за своите потреби се во најмала рака несериозни и спротивни на поставеноста на безбедносниот систем и надлежностите согласно Законот за обезбедување на имоти и лица. – Градот Скопје има 23 средни училишта, а во смена во ППБ на град Скопје се 36 пожарникари, односно вкупниот ППБ на Град Скопје вкупно брои 192 припадници. Секое механичко играње со бројки и нивно прераспоредувале на нови задачи може да го доведе во прашање основното функционирање на градот во заштитата од пожари, смета Ѓуровски. Тој оценува дека заканите и телефонските јавувања за наводно поставување на бомби во училиштата претставува сериозен проблем и има за цел да шири паника меѓу населението.
Само преку навремено информирање и десукиритизација на овој проблем може да ги успокои граѓаните, младите и да овозможи услови за непречена истрага од страна на МВР и истражните органи. Кога станува збор за безбедноста нема простор за импровизации и гимнастички идеи зошто современите системи каде припаѓаме за се имаат процедура, постапка и начин како да се справат, додава Ѓуровски.
Тој воедно нагласува дека овој негов став нема за цел да навлезе во политичките игри на Градот Скопје и нејзиниот градоначалник, туку да биде предупредување за размислување, бидејќи со безбедноста како и со огнот нема играње.

The post Ѓуровски: Идејата пожарникари да ги обезбедуваат скопските училишта ќе ја загрози основната заштита од пожари appeared first on Република.

]]>
Универзитетски професори потврдуваат дека АРМ ѝ даде оружје на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/univerzitetski-profesori-potvrduvaat-deka-arm-i-dade-oruzje-na-ukraina/ Thu, 04 Aug 2022 13:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=536787

Нашата држава со воената донација за Украина остварува најмалку три стратешки цели за што постои консензус меѓу сите релевантни парламентарни политички партии во земјата, изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

-Мaкедонија се потврдува како сериозен партнер – земја-членка на НАТО преку манифестирање на реална поддршка и воена помош на Украина, е првата цел, појаснува Ѓуровски. Наведува дека ваков тип на воени донации направија и други помали земји како Словачка, која донираше авиони МИГ и тенкови Т-72 за украинските вооружено сили.

– Со овој потег, Армијата се ослободува од вооружувањето и од опремата кои не се од западно производство и не се дел од новата формација на Армијата согласно НАТО стандардите, а може да се користи. Воените донации воопшто не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата која е на највисоко ниво и официјално високо оценета и од НАТО на последната вежба во Криволак, вели универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”.

Истовремено, нагласува, треба да се истакне дека се реализира долгогодишниот план за модернизација на Армијата. САД, истакнува Ѓуровски, директно помогна за модернизација на македонската армија со финансиска помош од 40 милиони долари што е особено значајно за нејзината опременост и готовност за идниот период.

Опремата за која зборуваме, потсетува тој, Македонија ја набави од Украина за време на воениот конфликт во 2001 година. Согласно Стратегискиот одбранбен преглед и со новата формација на вооружените сили, појаснува Ѓуровски, авионите Сухои 25 не се користат долг период во македонското воено воздухопловство зошто за нив по членството во НАТО воопшто и нема потреба.

Како трета стратешка цел, што се постигнува според Ѓуровски, нашиот народ и држава преку донацијата на воена опрема и вооружување за Украина искажува благодарност до Украина и до украинскиот народ кои беа меѓу ретките кои во најтешката 2001 година ни помогна со вооружување и опрема за Армијата и тоа во услови кога бевме под ембарго и под будното око на меѓународната заедница.

– Одлуката на Владата  се темели и на резолуцијата на Собранието на Република Македонија за осуда на воената агресија на Русија врз Украина. Оттука, целосно се несериозни обидите да се девалвира нашата Армија заради овој чекор пред се од структури кои служат на проруските елементи во регионот. Политиката на Путин за промена на курсот на државите во регионот ќе биде поразена и на Балканот, изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Уште еднаш нагласи дека со употреба на новата опрема и системи во приоритетните единици, нужно е Армијата да се ослободува од постарите системи и опрема. Посочува дека процесот на аквизиција со новото вооружување и опрема, односно опремувањето и модернизација е предвиден и во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности поддржан со посебна резолуција од Парламентот.

– Да потсетам, согласно законската регулатива се имплементираат осум проекти за модернизација на Армијата преку склучување договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста со влади на земји членки на НАТО.

Со планот за модернизација на Армијата предвидени се набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО-систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили. Со новата опрема дополнително ќе се зголеми подготвеноста на Армијата и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји, нагласува во изјавата за МИА професорот Ѓуровски

The post Универзитетски професори потврдуваат дека АРМ ѝ даде оружје на Украина appeared first on Република.

]]>

Нашата држава со воената донација за Украина остварува најмалку три стратешки цели за што постои консензус меѓу сите релевантни парламентарни политички партии во земјата, изјави за МИА проф.д-р Марјан Ѓуровски, универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
-Мaкедонија се потврдува како сериозен партнер – земја-членка на НАТО преку манифестирање на реална поддршка и воена помош на Украина, е првата цел, појаснува Ѓуровски. Наведува дека ваков тип на воени донации направија и други помали земји како Словачка, која донираше авиони МИГ и тенкови Т-72 за украинските вооружено сили.
– Со овој потег, Армијата се ослободува од вооружувањето и од опремата кои не се од западно производство и не се дел од новата формација на Армијата согласно НАТО стандардите, а може да се користи. Воените донации воопшто не ја нарушуваат борбената готовност на Армијата која е на највисоко ниво и официјално високо оценета и од НАТО на последната вежба во Криволак, вели универзитетски професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”. Истовремено, нагласува, треба да се истакне дека се реализира долгогодишниот план за модернизација на Армијата. САД, истакнува Ѓуровски, директно помогна за модернизација на македонската армија со финансиска помош од 40 милиони долари што е особено значајно за нејзината опременост и готовност за идниот период. Опремата за која зборуваме, потсетува тој, Македонија ја набави од Украина за време на воениот конфликт во 2001 година. Согласно Стратегискиот одбранбен преглед и со новата формација на вооружените сили, појаснува Ѓуровски, авионите Сухои 25 не се користат долг период во македонското воено воздухопловство зошто за нив по членството во НАТО воопшто и нема потреба. Како трета стратешка цел, што се постигнува според Ѓуровски, нашиот народ и држава преку донацијата на воена опрема и вооружување за Украина искажува благодарност до Украина и до украинскиот народ кои беа меѓу ретките кои во најтешката 2001 година ни помогна со вооружување и опрема за Армијата и тоа во услови кога бевме под ембарго и под будното око на меѓународната заедница.