Марјан Доказ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-dokaz/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Jul 2023 18:52:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марјан Доказ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marjan-dokaz/ 32 32 По наводите на Марјан-Доказ, Хајрулахи поднел кривични пријави против двајца обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-navodite-na-marjan-dokaz-hajrulahi-podnel-krivichni-prijavi-protiv-dvajtsa-obviniteli/ Wed, 12 Jul 2023 18:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=660572

Првиот човек на вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 истакна дека, по неодамнешните наводи на сопственикот на Доказ.М, Маријан Стаменковски за наводна инволвираност на обвинители во неговите текстови, поднел дисциплински и информација во форма на кривични пријави против двајца колеги.

После јавната седница закажана на 17 мај, и откако сегаосудениот Марјан Стаменковски, ги обзнани информациите дека наводно некои од јавните обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје контактирале, односно му брифирале за наводните случувања во Вишото јавно обвинителство Скопје, затоа потенцирам наводните случувања во Вишото јавно обвинителство. Јас како виш јавен обвинител на ова обвинителство се обратив и побарав писмена информација од ОЈО каде што се води предистрага за предметот за финансиските средства на Стаменковски и имаат запленети мобилни телефони, компјутерите и веќе се извештачени побарав детална информација од страна на шефот на ОЈО и истиот ми одговори на побараните информации – вели Хајрулахи во изјава за Канал 5.

Тој додава дека од информациите кои што ги добил поднесол предлог за дисциплинска одговорност против двајца обвинители до Комисијата за дисциплинска одговорност на јавните обвинители.

Покрај предлогот за дисциплинска одговорност, Хајрулахи поднесол и известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, сè со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство.

За едниот јавен обвинител поднесов кривична пријава за можно сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на личните податоци“. А за другиот јавен обвинител поднесов кривична пријава за „злоупотреба на личните податоци – порача Хајрулахи.

 

The post По наводите на Марјан-Доказ, Хајрулахи поднел кривични пријави против двајца обвинители appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 истакна дека, по неодамнешните наводи на сопственикот на Доказ.М, Маријан Стаменковски за наводна инволвираност на обвинители во неговите текстови, поднел дисциплински и информација во форма на кривични пријави против двајца колеги.
После јавната седница закажана на 17 мај, и откако сегаосудениот Марјан Стаменковски, ги обзнани информациите дека наводно некои од јавните обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје контактирале, односно му брифирале за наводните случувања во Вишото јавно обвинителство Скопје, затоа потенцирам наводните случувања во Вишото јавно обвинителство. Јас како виш јавен обвинител на ова обвинителство се обратив и побарав писмена информација од ОЈО каде што се води предистрага за предметот за финансиските средства на Стаменковски и имаат запленети мобилни телефони, компјутерите и веќе се извештачени побарав детална информација од страна на шефот на ОЈО и истиот ми одговори на побараните информации – вели Хајрулахи во изјава за Канал 5.
Тој додава дека од информациите кои што ги добил поднесол предлог за дисциплинска одговорност против двајца обвинители до Комисијата за дисциплинска одговорност на јавните обвинители. Покрај предлогот за дисциплинска одговорност, Хајрулахи поднесол и известување во форма на кривична пријава до Јавниот обвинител, сè со цел да се определи друго ОЈО надвор од надлежноста на Вишото јавно обвинителство.
За едниот јавен обвинител поднесов кривична пријава за можно сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на личните податоци“. А за другиот јавен обвинител поднесов кривична пријава за „злоупотреба на личните податоци – порача Хајрулахи.
 

The post По наводите на Марјан-Доказ, Хајрулахи поднел кривични пријави против двајца обвинители appeared first on Република.

]]>
Апелација му ја намали затворската казна на Марјан „Доказ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apelatsija-mu-ja-namali-zatvorskata-kazna-na-marjan-dokaz/ Tue, 30 May 2023 14:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=646178

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „ДоказМ“, а жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на истоимениот портал, делумно ги уважи.

На седницата одржана на 19 мај во Апелациониот суд Скопје, Јавното обвинителство побара повисока казна, а одбраната повторување на постапката за случајот.

Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-357/23, по одржаната јавна седница на ден 19.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство С., ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С. од С., делумно ги уважи. По жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, ја преиначи во делот на одлуката за кривична санкција на начин што обвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на парична казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност од 308.450,00 денари, се наведува во денешното соопштението од Апелацискиот суд.

На обвинетиот М. С., како што е посочено во соопштението, му се изрекува и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело „уцена“ од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело „уцена“, се наведува во соопштението.

Од Апелациониот суд Скопје информираат дека Одлуката ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Стаменковски се товареше дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите беа од две новинарки и еден владика.

 

The post Апелација му ја намали затворската казна на Марјан „Доказ“ appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје во врска со случајот „ДоказМ“, а жалбите на обвинетиот Марјан Стаменковски, сопственик на истоимениот портал, делумно ги уважи. На седницата одржана на 19 мај во Апелациониот суд Скопје, Јавното обвинителство побара повисока казна, а одбраната повторување на постапката за случајот.
Апелациониот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-357/23, по одржаната јавна седница на ден 19.05.2023 година, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство С., ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С. од С., делумно ги уважи. По жалбите и по службена должност пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, ја преиначи во делот на одлуката за кривична санкција на начин што обвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од две години и шест месеци и на парична казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност од 308.450,00 денари, се наведува во денешното соопштението од Апелацискиот суд.
На обвинетиот М. С., како што е посочено во соопштението, му се изрекува и „забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела“, односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.
Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.429/23 од 04.04.2023 година, во делот за кривичното дело „уцена“ од член 259 став 1 в.в. член 19 од КЗ, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело „уцена“, се наведува во соопштението.
Од Апелациониот суд Скопје информираат дека Одлуката ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите. Стаменковски се товареше дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела: две кривични дела – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – Уцена, едно кривично дело – Пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – Злоупотреба на лични податоци. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост. Пријавите беа од две новинарки и еден владика.  

The post Апелација му ја намали затворската казна на Марјан „Доказ“ appeared first on Република.

]]>
Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochna-sudeneto-protiv-sopstvenikot-na-dokazm/ Fri, 10 Mar 2023 09:56:12 +0000 https://republika.mk/?p=618049

Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела.

Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката. Вишото јавно обвинителство го одби ова барање.

Јавната обвинителка, Зорица Павловиќ, тогаш предложи до судот јавноста да се исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста.

По одложувањето на расправата, оштетените Ирена Мулачка и Валентина Вурмо во изјава за медиуми кажаа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена.

Помеѓу другите оштетени присутни беа и Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров.

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

The post Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ appeared first on Република.

]]>

Во основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ”, Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Минатото, прво насрочено рочиште се одложи за денеска бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на сите обвинители од Скопското обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката. Вишото јавно обвинителство го одби ова барање. Јавната обвинителка, Зорица Павловиќ, тогаш предложи до судот јавноста да се исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста. По одложувањето на расправата, оштетените Ирена Мулачка и Валентина Вурмо во изјава за медиуми кажаа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена. Помеѓу другите оштетени присутни беа и Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението јавната обвинителка Зорица Павловиќ.

The post Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“ appeared first on Република.

]]>
Почнува судењето против Марјан – Доказ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pochnuva-sudeneto-protiv-marjan-dokaz/ Tue, 07 Mar 2023 08:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=616705

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето против Марјан Стаменковски сопственик на веб-страницата „Доказ“, за кој Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог на 17 февруари.

Според обвинителството, обвинетиот се товари дека преку неговиот веб портал сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот. Пријавите се од две новинарки и еден владика.

Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а судењето е насрочено во 10 часот во судница десет.

 

The post Почнува судењето против Марјан – Доказ appeared first on Република.

]]>

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето против Марјан Стаменковски сопственик на веб-страницата „Доказ“, за кој Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог на 17 февруари. Според обвинителството, обвинетиот се товари дека преку неговиот веб портал сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот. Пријавите се од две новинарки и еден владика. Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а судењето е насрочено во 10 часот во судница десет.  

The post Почнува судењето против Марјан – Доказ appeared first on Република.

]]>