мариово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mariovo/ За подобро да се разбереме Sat, 07 Sep 2024 19:07:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мариово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mariovo/ 32 32 Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во Мариово https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/popladnevnite-dozhdovi-pomognaa-vo-gasneneto-na-pozharot-vo-mariovo/ Sat, 07 Sep 2024 19:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=814215

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека денеска на територијата на државата регистрирани се 13 пожари на отворено, од кои 9 од нив се активни. Ангелов посочи дека попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово, кој претходно денеска тој го посочи како најкомплициран.

– Рано утрово таму се упатени 100 припадници на армијата, 25 припадници на полициските специјалци „Тигри“, 30 вработени во „Национални шуми“, како и два тима од Дирекцијата за заштита и спасување со повеќе од 25 лица. На терен се и прилепските пожарникари, а помош има и од пожарните од околните градови, рече Ангелов.

Истакна дека во моментов функционален е само еден „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, додека другите два авиони на ДЗС, како и двата полициски хеликоптери се неисправни.

– Околу 10 часот во гаснењето на пожарот помогна и еден „Ер трактор“ на ДЗС. За жал, другите два се неисправни и не можат да летаат. Истото се случува и со двата полициски хеликоптера кои се неисправни, но оптимисти сме дека во текот на утрешниот ден големиот полициски хеликоптер ќе биде функционален и ќе можеме да го користиме во текот на утрешниот ден, рече Ангелов.

Поголеми пожари има и во Дервен, селото Смолане, Општина Долнени и во скопско Катланово. Пожарот кај Катланово е активен од вчера бидејќи тежок е теренот за гасење, но Ангелов вели дека нема закана и опасност да бидат загрозени куќи.

The post Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во Мариово appeared first on Република.

]]>

Сите што може да излезат и да помогнат: Апел на Кризниот штаб на Прилеп до сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/site-shto-mozhe-da-izlezat-i-da-pomognat-apel-na-krizniot-shtab-na-prilep-do-sopstvenitsite-na-imoti-vo-mariovskoto-selo-krushevitsa/ Thu, 05 Sep 2024 16:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=813608

Прилепските локални власти, заедно со кризниот штаб, попладнето упатија апел до оние кои имаат имоти во мариовското село Крушевица за да се упатат таму, поради големата опасност од пожарот.

Сите кои што имаат имот во селото Крушевица, ве замолуваме итно да се упатите кон своите имоти опремени со соодветна облека и алат за гаснење (лопати, гребла)! Пожарот за жал се доближува до селото, апелираме сите кои што се во можност да излезат и да помогнат, стои во апелот од општина Прилеп.

Инаку големиот пожар во Мариово не стивнува и се проширува и во пониски делови. Преку 150 професионалци се на теренот и главен приоритет им е да ги спасат населените места од опасноста на огнената стихија која опфатила преку 10 000 хектари, главно ниска вегерација, а огнената линија е на преку 30 километри. За опасноста од пожарот да влезе во селото крушевица денеска алармираше и прилепскиот кризен штаб.ем/са/

The post Сите што може да излезат и да помогнат: Апел на Кризниот штаб на Прилеп до сопствениците на имоти во мариовското село Крушевица appeared first on Република.

Огнената линија во Мариово надмина 25 километри – пожарникарите на терен https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/ognenata-linija-vo-mariovo-nadmina-25-kilometri-pozharnikarite-na-teren/ Thu, 05 Sep 2024 10:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=813465

Пожарот во Мариово не стивнува, туку е проширена огнената линија на преку 25 километри. На теренот се повеќе од 150 професионалци, чија најголема грижа е пламенот да не ги зафати селата и други објекти, изјави началникот на прилепскиот кризен штаб Ирена Стерјоска Локвенец. Со огнот се опфатени околу 8000 хектари.

- Критично е кај селото Крушевица, загрозено е од два фронта. Таму имаме лоцирано доста екипи, таму се и 50 припадници на АРМ и на полицијата и вложуваат надпросечни напори да се изборат со стихијата. На теренот се и пожарникари, не само од Прилеп, туку и од повеќе градови. Гори и под репетиторите кај селото Штавица и за среќа, огнот слегува надолу, но за среќа не е опфатена боровата шума. Ветрот го смени правецот и пожарот се движи и кон селото Пештани. И таму имаме противпожарни екипи за да го заштитат селото. Пожар има и над манастирот кај Прилепец, на околу 1000 метри. Сите сили се насочени на локализирање на пожарот и на заштита на селата и објектите - рече Стерјоска Локвенец.

Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица известува дека 90-тина професионалци се упатени кај манастирот Прилепец.

- Пожарот е активен и кај Крушевица и кај Бонче во високиот дел. Сега нашите пожарникари и другите професионалци, 90-тина, се упатуваме кон манастирот Прилепец. Во моментов не се загрозени селата, се прават напори да се направи заштита околу селата. На помош е и дел од месното население - рече Стојчески.

The post Огнената линија во Мариово надмина 25 километри – пожарникарите на терен appeared first on Република.

Голем пожар во Мариово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/golem-pozhar-vo-mariovo/ Wed, 04 Sep 2024 09:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=813014

Огромен пожар беснее во Мариово со линија на огнот долга дури 20 километри. Поради итноста на работите во Прилеп заседаваше кризен штаб во присуство на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов каде се донесе одлука со авиони и од терен да се гаси огнот. Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови.

„Рано утринава, околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население се очекува да се упатат кон пожарот во Мариовско и да интервенираат на негово гасење. Ова синоќа во видеоизјава го најави Ангелов, откако пожарот кај Мариово ескалираше.

Пожарот е близу селата Бонче, Крушевица, Дуње и Кале. Рано утрово на терен пристигнаа 25 полициски тигри, 70 војници, 60 пожарникари од Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Радовиш, Св. Николе и Струмица. Поради намалената видливост и густиот чад употребата на хеликоптер не е возможна, за тоа се чека да се подобрат условите, соопшти Ангелов.

Тој информира дека вчера на територијата на државата имало 27 пожари. Од нив 4 се активни, 2 се ставени под контрола, а 21 се изгаснати.

Активен е и пожарот во општина Чашка, како и близу месноста Рамно на планината Скппска Црна Гора. Граѓаните да бидат исклучително внимателни, а ако забележат сомнително поведение на некој кој се обидува да подметне или веќе подметнал пожар, истото да го пријави на телефонскиот број 112 или во полиција“, додаде тој.

The post Голем пожар во Мариово appeared first on Република.

]]>

Огромен пожар беснее во Мариово со линија на огнот долга дури 20 километри. Поради итноста на работите во Прилеп заседаваше кризен штаб во присуство на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов каде се донесе одлука со авиони и од терен да се гаси огнот. Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови. „Рано утринава, околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население се очекува да се упатат кон пожарот во Мариовско и да интервенираат на негово гасење. Ова синоќа во видеоизјава го најави Ангелов, откако пожарот кај Мариово ескалираше.
Пожарот е близу селата Бонче, Крушевица, Дуње и Кале. Рано утрово на терен пристигнаа 25 полициски тигри, 70 војници, 60 пожарникари од Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Радовиш, Св. Николе и Струмица. Поради намалената видливост и густиот чад употребата на хеликоптер не е возможна, за тоа се чека да се подобрат условите, соопшти Ангелов.
Тој информира дека вчера на територијата на државата имало 27 пожари. Од нив 4 се активни, 2 се ставени под контрола, а 21 се изгаснати.
Активен е и пожарот во општина Чашка, како и близу месноста Рамно на планината Скппска Црна Гора. Граѓаните да бидат исклучително внимателни, а ако забележат сомнително поведение на некој кој се обидува да подметне или веќе подметнал пожар, истото да го пријави на телефонскиот број 112 или во полиција“, додаде тој.
   
The post Голем пожар во Мариово appeared first on Република.

]]>
Спасени странци изгубени во Мариово, барале обиколен пат по одронот на Плетвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spaseni-stranci-izgubeni-vo-mariovo-barale-obikolen-pat-po-odronot-na-pletvar/ Sat, 11 Jun 2022 19:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=513983

Доцна попладнево, нешто по 19 часот, успешно се спасени изгубени семејства од странство во два автомобила, коишто заедно со четири деца залутале во Мариово и заглавиле со возилата заради лошите временски и патни услови во планина, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион“, велат од ЦУК.

Семејствата залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, кој поради голем одрон и поплава денеска со часови беше затворен за сообраќај.

„Околу 16,00 часот е примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзани со лицата коишто биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај, каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде што постојано се комуницира со изгубените на којшто им е наложено да чекаат помошта да дојде после нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информации, семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила, од кое едното е од Литванија. Во возилата, во кои имало петмина возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри“, се вели во соопштението од ЦУК.

По неколку часа теренско возење, искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и по објавувањето на оваа информација, се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена состојба, се додава во соопштението.

The post Спасени странци изгубени во Мариово, барале обиколен пат по одронот на Плетвар appeared first on Република.

]]>

Доцна попладнево, нешто по 19 часот, успешно се спасени изгубени семејства од странство во два автомобила, коишто заедно со четири деца залутале во Мариово и заглавиле со возилата заради лошите временски и патни услови во планина, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Акцијата за лоцирање, пронаоѓање и спасување е извршена преку дежурните оперативци во Центарот за управување со кризи на 112 во содејство со Дежурниот оперативниот центар (ДОЦ) на ЦУК и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Велес, а во координција со дежурните од Министерството за внатрешни работи (МВР ЦИК) за тој регион“, велат од ЦУК. Семејствата залутале, а потоа и заглавиле на планински пат со возилата, сакајќи да го заобиколат патот Росоман – Прилеп, кој поради голем одрон и поплава денеска со часови беше затворен за сообраќај.
„Околу 16,00 часот е примен повик на 112 и дежурните оперативци од трите регионални центри за управување со кризи се поврзани со лицата коишто биле заглавени на планински пат помеѓу Рожден и Витолиште, во мариовскиот крај, каде што е границата меѓу неколку општини. Акцијата за лоцирање и пронаоѓање на изгубените семејства и заглавени на лош пат ја продолжил РЦУК Велес, од каде што постојано се комуницира со изгубените на којшто им е наложено да чекаат помошта да дојде после нивното лоцирање, за што ќе треба повеќе од два или три часа. Според добиените информации, семејства во два автомобила, заради одронот што беше на патот Росоман – Прилеп тргнале по друг пат за да го заобиколат одронот и заглавиле, за нив во непознат предел, а на лош пат, уште повеќе расипан од врнежите во тој крај. Се работи за две возила, од кое едното е од Литванија. Во возилата, во кои имало петмина возрасни и четири деца. Двете возила биле заглавени независно едно од друго на растојние од 100 до 200 метри“, се вели во соопштението од ЦУК.
По неколку часа теренско возење, искусниот тим на МВР ги пронајде во 19.15 часот и по објавувањето на оваа информација, се очекува за неколку часа тие да бидат извлечени, живи и во добра здравствена состојба, се додава во соопштението.

The post Спасени странци изгубени во Мариово, барале обиколен пат по одронот на Плетвар appeared first on Република.

]]>
Десет дена нема трага од Петар кој исчезна во Мариово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/deset-dena-nema-traga-od-petar-koj-ischezna-vo-mariovo/ Mon, 07 Mar 2022 13:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=468991

Десетти ден нема никаква трага од 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа.

Екипи на полицијата, на граничната служба, повремено хеликоптер, од војската, Центарот за управување со кризи и од прилепоската спасителна служба деновиве трагаа безуспешно.

Дарко Неданоски, спелеолог и претседател на прилепската спасувачка служба вели дека се пребарани стари окна и Црна Река.

Се спуштивме 70-тина метри во старото окно на рудникот „Партизанка“, со заштитна опрема, но немаше никакви траги. Во саботата ја пребаравме Црна Река која, поради временските услвои, беше надојдена, но пак без резултат. Потрагата продолжува, ама нема никакви траги - вели Неданоски.

Од СВР Битола велат дека потрагата по малиот Петар продолжува, но засега нема резултати. Прилепското основно обвинителство пред една недела отвори предмет за исчезнатото дете. Сослушани се родителите и постариот брат, Димитар.

Десетгодишниот Петар Џобоски со родителите и двете братчиња околу 22 февруари од Прилеп стигнале во куќата во селото Врбско, Мариово. Ги проверувале пчелите, ама попладнето околу 16 часот, Петар, дете со посебни потреби и некомуникативно, откако татко му го пратил на блискиот кладенец по вода, исчезнал без трага.

Останува загриженоста за судбината на 10-годишниот Петар, како и потрагата по него.

The post Десет дена нема трага од Петар кој исчезна во Мариово appeared first on Република.

]]>

Десетти ден нема никаква трага од 10-годишен Петар кој исчезна од селото Врпско, Мариово. На Петар му се губи секаква трага попладнето, по 16 часот, на 25 феруари, од дворот на селската куќа. Екипи на полицијата, на граничната служба, повремено хеликоптер, од војската, Центарот за управување со кризи и од прилепоската спасителна служба деновиве трагаа безуспешно. Дарко Неданоски, спелеолог и претседател на прилепската спасувачка служба вели дека се пребарани стари окна и Црна Река.
Се спуштивме 70-тина метри во старото окно на рудникот „Партизанка“, со заштитна опрема, но немаше никакви траги. Во саботата ја пребаравме Црна Река која, поради временските услвои, беше надојдена, но пак без резултат. Потрагата продолжува, ама нема никакви траги - вели Неданоски.
Од СВР Битола велат дека потрагата по малиот Петар продолжува, но засега нема резултати. Прилепското основно обвинителство пред една недела отвори предмет за исчезнатото дете. Сослушани се родителите и постариот брат, Димитар. Десетгодишниот Петар Џобоски со родителите и двете братчиња околу 22 февруари од Прилеп стигнале во куќата во селото Врбско, Мариово. Ги проверувале пчелите, ама попладнето околу 16 часот, Петар, дете со посебни потреби и некомуникативно, откако татко му го пратил на блискиот кладенец по вода, исчезнал без трага. Останува загриженоста за судбината на 10-годишниот Петар, како и потрагата по него.

The post Десет дена нема трага од Петар кој исчезна во Мариово appeared first on Република.

]]>
Илевски: На државата и требаа четири дена да активира луѓе за потрага по дете, тешко на Украина со нас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilevski-na-drzavata-i-trebaa-chetiri-dena-da-aktivira-lugje-za-potraga-po-dete-teshko-na-ukraina-so-nas/ Tue, 01 Mar 2022 16:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=466042

Држава која ќе ја помагала воено Украина, а и требаа 4 дена за да активира луѓе од Дирекција за заштита и спасување за да трагаат по 10-годишно момче со посебни потреби изгубено во снежна планина без облека. И тоа активирала СЕДУМ луѓе во потрагата. Денеска.

А од петокот го нема момчето .Тешко Украина со нас , коментира Богдан Илиевски.

The post Илевски: На државата и требаа четири дена да активира луѓе за потрага по дете, тешко на Украина со нас appeared first on Република.

Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово, снегот ја отежнува потрагата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/s-ushte-ne-e-najdeno-ischeznatoto-dete-vo-mariovo-snegot-ja-oteznuva-potragata/ Sun, 27 Feb 2022 13:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=464690

И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово.

Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата.

Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР.

На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

The post Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово, снегот ја отежнува потрагата appeared first on Република.

]]>

И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово.

Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата. Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР. На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

The post Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово, снегот ја отежнува потрагата appeared first on Република.

]]>
Исчезнат е 10-годишниот Петар во Мариово, го бараат прилепски ловџии и спасителна служба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ischeznat-e-10-godishniot-petar-vo-mariovo-go-baraat-prilepski-lovdzii-i-spasitelna-sluzba/ Fri, 25 Feb 2022 21:19:47 +0000 https://republika.mk/?p=464039

Во тек е потрега по исчезнато 10-годишно дете во Мариово, а на социјалните мрежи се повикува секој кој може да помогне во потрагата.

На пат за Мариово се членови на Спасителната служба „Златоврв" заедно со група на прилепски ловџии.

Попладнево околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може вечерва да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек.

Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за Инфо Компас истакна дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.

Малиот Петар е загубен околу 16 часот, кога од дворот се упатил во непознат правец. Тие се жители на Прилеп, но во Врпско чуваат пчели. Ние неколку часа сме на терен заедно со полицијата и семејството, но засега нема никакви траги од детето. Упатувам апел секој кој го познава теренот да дојде и да помогне во потрагата. Оваа вечер можеби е пресудна за детето, бидејќи надвор е екстремно ладно, а детето заминало само по една блуза. Тука во близина е и реката Црна", вели Чакрески.

The post Исчезнат е 10-годишниот Петар во Мариово, го бараат прилепски ловџии и спасителна служба appeared first on Република.

]]>

Во тек е потрега по исчезнато 10-годишно дете во Мариово, а на социјалните мрежи се повикува секој кој може да помогне во потрагата. На пат за Мариово се членови на Спасителната служба „Златоврв" заедно со група на прилепски ловџии. Попладнево околу 16 часот во атарот на селото Врпско, во прилепско Мариово е изгубен 10-годишниот Петар Џобески од Прилеп. Неговото семејство апелира за помош секој кој може вечерва да појде во Мариово и доколку го познава теренот да помогне во потрагата која што е во тек. Спасе Чакрески, жител на село Витолиште за Инфо Компас истакна дека станува збор за екстремно опасен терен и потенцираше дека ситуацијата дополнително ја усложнува тоа што детето е со посебни потреби.