Марион Валсман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marion-valsman/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 16:39:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марион Валсман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marion-valsman/ 32 32 Мицкоски на средба со европратеничката Марион Валсман и претставникот на КАС, Даниел Браун https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sredba-so-evropratenichkata-marion-valsman/ Mon, 13 Jun 2022 16:56:58 +0000 https://republika.mk/?p=514660

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателите на партијата Александар Николоски и Тимчо Муцунски оствари средба со Марион Валсман, пратеничка во ЕП и потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија и Даниел Браун, официјален претставник на КАС за Македонија.

На средбата стана збор за потребата од отпочнување на преговорите на Република Македонија со ЕУ, а тоа може да се случи со тргање на неразумното вето од страна на Бугарија. Македонија заслужува да биде дел од ЕУ - информира Мицкоски.

Тој додава дека на средбата била потенцирана и одличната соработка која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, особено придонесот кој Фондацијата го дала низ годините во бројните обуки и помош за партијата, како и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ.

Истакнав и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи кои не се увезени, туку автентични. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо - вели Мицкоски.

The post Мицкоски на средба со европратеничката Марион Валсман и претставникот на КАС, Даниел Браун appeared first on Република.

]]>