Марио Баножиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mario-banozikj/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Nov 2023 10:25:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марио Баножиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mario-banozikj/ 32 32 Кривична пријава за хрватскиот министер: Полицијата објави како дошло до несреќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/krivichna-prijava-za-hrvatskiot-minister-politsijata-objavi-kako-doshlo-do-nesrekata/ Sun, 12 Nov 2023 10:25:50 +0000 https://republika.mk/?p=700691

Полицијата во саботата добила пријава за сообраќајна незгода на излезот од Винковци кон Жупања, во која учествувале комбе и приватно возило управувано од сега поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ.

Истрагата за сообраќајната несреќа која ја водеше заменикот на Жупаниското државно правобранителство во Вуковар, утврди дека Баножиќ со приватно возило, движејќи се од правец на Винковци кон Жупања, небезбедно претекнал камион кој се движел во иста насока пред него. Поради тоа, предниот дел од неговото возило се судрил со предниот дел на комбе управувано од 40-годишен маж од спротивниот правец, извести полицијата.

Од здобиените повреди 40-годишниот возач починал на местото на настанот, додека Баножиќ со Итната медицинска помош бил пренесен во Општата Жупаниска болница во Винковци, а потоа во Клиничката болница Осиек на понатамошно лекување.

Над телото на починатиот возач ќе се изврши обдукција во Националната меморијална болница „Др. Јурај Њавро“ во Вуковар, соопштија тие.

Од Баножиќ за анализа се земени примероци од крв и урина.

Поради сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода со прекршување на сообраќајните прописи, против Баножиќ до Жупаниското државно правобранителство во Вуковар ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај.

The post Кривична пријава за хрватскиот министер: Полицијата објави како дошло до несреќата appeared first on Република.

]]>

Полицијата во саботата добила пријава за сообраќајна незгода на излезот од Винковци кон Жупања, во која учествувале комбе и приватно возило управувано од сега поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ. Истрагата за сообраќајната несреќа која ја водеше заменикот на Жупаниското државно правобранителство во Вуковар, утврди дека Баножиќ со приватно возило, движејќи се од правец на Винковци кон Жупања, небезбедно претекнал камион кој се движел во иста насока пред него. Поради тоа, предниот дел од неговото возило се судрил со предниот дел на комбе управувано од 40-годишен маж од спротивниот правец, извести полицијата. Од здобиените повреди 40-годишниот возач починал на местото на настанот, додека Баножиќ со Итната медицинска помош бил пренесен во Општата Жупаниска болница во Винковци, а потоа во Клиничката болница Осиек на понатамошно лекување. Над телото на починатиот возач ќе се изврши обдукција во Националната меморијална болница „Др. Јурај Њавро“ во Вуковар, соопштија тие. Од Баножиќ за анализа се земени примероци од крв и урина. Поради сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода со прекршување на сообраќајните прописи, против Баножиќ до Жупаниското државно правобранителство во Вуковар ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај.

The post Кривична пријава за хрватскиот министер: Полицијата објави како дошло до несреќата appeared first on Република.

]]>
Итно разрешен министерот што предизвика тешка сообраќајка во која загина татко на две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/itno-razreshen-ministerot-shto-predizvika-teshka-soobrakajka-vo-koja-zagina-tatko-na-dve-detsa/ Sat, 11 Nov 2023 17:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=700584

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево во Бански двори ѝ се обрати на јавноста за сообраќајната несреќа на министерот за одбрана Марио Баножиќ, посочувајќи дека го разрешил од должноста.

Во несреќата што ја предизвика сега поранешниот министер, загина возачот на комбето (40), а Баножиќ е тешко повреден.

Пленковиќ прво му изрази сочувство на семејството на загинатиот возач на комбе, Горан Шариќ.

Ги слушнавте околностите на несреќата и изразуваме жалење и загриженост за состојбата на министерот кој беше хоспитализиран со тешки повреди. Изразивме сочувство до семејството на господинот Шариќ. Во контакт сме со сопругата на министерот Баножиќ, рече тој.

„Го разрешив Баножиќ“, рече Плановиќ и додаде дека го овластил државниот секретар Здравко Јакоп да ја врши должноста министер за одбрана.

„Лицата кои се заштитени лица од втора категорија имаат правило дека можат сами да возат. Тој го управувал своето лично возило. Одел во приватна ситуација. Подобро е заштитените лица да ги возат професионалци. Ова беше ситуација кога викендов возел сам и дошло до тешка сообраќајна несреќа“, појасни премиерот на Хрватска.

Баножиќ одел на лов кога се случила несреќата, јавува Индекс. Во несреќата загина 40-годишен маж од Привлака, татко на две деца. Билјана Лубуриќ, заменик државен обвинител, рече дека до несреќата дошло затоа што Баножиќ, кој возел од правец на Винковци, почнал да претекнува камион без да провери дали може безбедно тоа да го стори и директно удрил во комбе што се движело во спротивна насока. Таа изјави дека земале примероци од крв и урина за да утврдат присуство на алкохол, но дека се уште ги немаат резултатите.

Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковац во 8:30 часот, а потоа бил префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек информираат дека Баножиќ е на одделението за интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност. Не се сеќава на несреќата, вели докторот.

Според Кривичниот законик, учесник во сообраќајот на патиштата кој со прекршување на прописите за безбедност во сообраќајот ќе предизвика опасност по животот или телото на луѓето или имотот од големи размери, а како резултат на тоа ќе предизвика смрт на едно или повеќе лица, предвидена е казна затвор од три до 15 години.

The post Итно разрешен министерот што предизвика тешка сообраќајка во која загина татко на две деца appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево во Бански двори ѝ се обрати на јавноста за сообраќајната несреќа на министерот за одбрана Марио Баножиќ, посочувајќи дека го разрешил од должноста. Во несреќата што ја предизвика сега поранешниот министер, загина возачот на комбето (40), а Баножиќ е тешко повреден. Пленковиќ прво му изрази сочувство на семејството на загинатиот возач на комбе, Горан Шариќ.
Ги слушнавте околностите на несреќата и изразуваме жалење и загриженост за состојбата на министерот кој беше хоспитализиран со тешки повреди. Изразивме сочувство до семејството на господинот Шариќ. Во контакт сме со сопругата на министерот Баножиќ, рече тој.
„Го разрешив Баножиќ“, рече Плановиќ и додаде дека го овластил државниот секретар Здравко Јакоп да ја врши должноста министер за одбрана. „Лицата кои се заштитени лица од втора категорија имаат правило дека можат сами да возат. Тој го управувал своето лично возило. Одел во приватна ситуација. Подобро е заштитените лица да ги возат професионалци. Ова беше ситуација кога викендов возел сам и дошло до тешка сообраќајна несреќа“, појасни премиерот на Хрватска. Баножиќ одел на лов кога се случила несреќата, јавува Индекс. Во несреќата загина 40-годишен маж од Привлака, татко на две деца. Билјана Лубуриќ, заменик државен обвинител, рече дека до несреќата дошло затоа што Баножиќ, кој возел од правец на Винковци, почнал да претекнува камион без да провери дали може безбедно тоа да го стори и директно удрил во комбе што се движело во спротивна насока. Таа изјави дека земале примероци од крв и урина за да утврдат присуство на алкохол, но дека се уште ги немаат резултатите. Несреќата се случила во 6 часот и 15 минути на излезот од Винковци во правец кон Жупања. Баножиќ бил примен во болницата во Винковац во 8:30 часот, а потоа бил префрлен во КБЦ Осиек. Од болницата во Осиек информираат дека Баножиќ е на одделението за интензивна нега, дека има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и дека неговиот живот не е во опасност. Не се сеќава на несреќата, вели докторот. Според Кривичниот законик, учесник во сообраќајот на патиштата кој со прекршување на прописите за безбедност во сообраќајот ќе предизвика опасност по животот или телото на луѓето или имотот од големи размери, а како резултат на тоа ќе предизвика смрт на едно или повеќе лица, предвидена е казна затвор од три до 15 години.

The post Итно разрешен министерот што предизвика тешка сообраќајка во која загина татко на две деца appeared first on Република.

]]>