Маријана Зајферт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marijana-zajfert/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Aug 2022 16:32:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маријана Зајферт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marijana-zajfert/ 32 32 „Мажот ѝ мора да одговори на многу прашања, сè ми излгледа изрежирано“, вели сестрата на исчезнатата Маријана https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mazot-mora-da-odgovori-na-mnogu-prashanja-se-mi-izlgleda-izrezirano-veli-sestrata-na-ischeznatata-marijana/ Thu, 04 Aug 2022 16:41:16 +0000 https://republika.mk/?p=536813

Маријана Зајферт, која своевремено победи во реалното шоу „Големиот брат“, исчезна во април годинава, а нејзината сестра Маја Ковачевиќ вели дека нема да се откаже додека не ја дознае вистината за тоа што се случило.

Ноќта кога Маријана веројатно умираше, сонував дека се поздравуваме. Следниот ден кога се разбудив веднаш го зедов мобилниот во рака и ѝ се јавив на сестра ми, со која немав слушнато еден месец. Таа не одговори, а јас веќе имав чудно чувство, вели Маја за „Слободна Далмација“.

Таа верува едка нејзината сестра веќе не е жива.

Чувствувам дека ја нема. Само сакаме да ја дознаеме целата вистина и да можеме достоинствено да се збогуваме со неа. Нашата потрага продолжува секој ден, а колку повеќе откриваме, толку повеќе сме во шок. Едноставно, има нешто многу чудно околу ноќта кога исчезнала. Нејзиниот сопруг Карло неколку пати ја менуваше изјавата во полиција. Не сакам да кажам дека ѝ направил нешто, туку само нека каже што се случило во станот, бидејќи сум убедена дека имало расправија меѓу нив. Не можам да имам контакт со него додека не каже сè, иако ми е тешко што нема да можам да го видам внук ми, но останувам на мојата поента, вели Маја, која верува дека вистината наскоро ќе излезе на виделина.

Маријана исчезна ноќта меѓу 26 и 27 април годинава откако го напуштила станот во населбата Савица во Загреб, каде живеела со сопругот Карло Зајферт. Во моментот на исчезнувањето носела маица во сенф боја, црна спортска јакна, црни панталони со бело-црвена лента и светли патики, соопшти загрепската полиција.

Ден подоцна, на Мостот на младоста биле пронајдени нејзините документи и телефонот. На мостот нема камери, а ноќта на исчезнувањето Маријана наводно ја снимиле камерите како излегува од зградата во која живеела со Карло и нејзиниот син.

Jaс тоа видео не сум го видела и додека не го видам, не верувам дека постои. Некако сè ми изгледа сомнително и исценирано, но не од нејзина страна. Повторувам уште еднаш, не сакам кон никого да покажувам со прст. Луѓето ме прашуваат дали заминала некаде, но нема шанси да го направила тоа, затоа што никогаш не би ги оставила своите деца. Маријана беше многу кревка и чувствителна, „Големиот брат“ остави страшни и непоправливи последици врз нејзиното ментално здравје. Таа не можеше да ја поднесе осудата од луѓето. Откако го роди синот имаше постпородилна депресија, но и покрај сè, не верувам и не сакам да помислам дека сакала да си направи нешто лошо, изјави Маја, која смета дека полицијата не си ја завршила работата како што треба.

The post „Мажот ѝ мора да одговори на многу прашања, сè ми излгледа изрежирано“, вели сестрата на исчезнатата Маријана appeared first on Република.

]]>

Маријана Зајферт, која своевремено победи во реалното шоу „Големиот брат“, исчезна во април годинава, а нејзината сестра Маја Ковачевиќ вели дека нема да се откаже додека не ја дознае вистината за тоа што се случило.
Ноќта кога Маријана веројатно умираше, сонував дека се поздравуваме. Следниот ден кога се разбудив веднаш го зедов мобилниот во рака и ѝ се јавив на сестра ми, со која немав слушнато еден месец. Таа не одговори, а јас веќе имав чудно чувство, вели Маја за „Слободна Далмација“.
Таа верува едка нејзината сестра веќе не е жива.
Чувствувам дека ја нема. Само сакаме да ја дознаеме целата вистина и да можеме достоинствено да се збогуваме со неа. Нашата потрага продолжува секој ден, а колку повеќе откриваме, толку повеќе сме во шок. Едноставно, има нешто многу чудно околу ноќта кога исчезнала. Нејзиниот сопруг Карло неколку пати ја менуваше изјавата во полиција. Не сакам да кажам дека ѝ направил нешто, туку само нека каже што се случило во станот, бидејќи сум убедена дека имало расправија меѓу нив. Не можам да имам контакт со него додека не каже сè, иако ми е тешко што нема да можам да го видам внук ми, но останувам на мојата поента, вели Маја, која верува дека вистината наскоро ќе излезе на виделина.
Маријана исчезна ноќта меѓу 26 и 27 април годинава откако го напуштила станот во населбата Савица во Загреб, каде живеела со сопругот Карло Зајферт. Во моментот на исчезнувањето носела маица во сенф боја, црна спортска јакна, црни панталони со бело-црвена лента и светли патики, соопшти загрепската полиција. Ден подоцна, на Мостот на младоста биле пронајдени нејзините документи и телефонот. На мостот нема камери, а ноќта на исчезнувањето Маријана наводно ја снимиле камерите како излегува од зградата во која живеела со Карло и нејзиниот син.
Jaс тоа видео не сум го видела и додека не го видам, не верувам дека постои. Некако сè ми изгледа сомнително и исценирано, но не од нејзина страна. Повторувам уште еднаш, не сакам кон никого да покажувам со прст. Луѓето ме прашуваат дали заминала некаде, но нема шанси да го направила тоа, затоа што никогаш не би ги оставила своите деца. Маријана беше многу кревка и чувствителна, „Големиот брат“ остави страшни и непоправливи последици врз нејзиното ментално здравје. Таа не можеше да ја поднесе осудата од луѓето. Откако го роди синот имаше постпородилна депресија, но и покрај сè, не верувам и не сакам да помислам дека сакала да си направи нешто лошо, изјави Маја, која смета дека полицијата не си ја завршила работата како што треба.
 
The post „Мажот ѝ мора да одговори на многу прашања, сè ми излгледа изрежирано“, вели сестрата на исчезнатата Маријана appeared first on Република.

]]>
Сестрата на Маријана признава: Се сомневаме дека ја дели истата судбина со Матеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sestrata-na-marijana-priznava-se-somnevame-deka-ja-deli-istata-sudbina-so-matej/ Mon, 23 May 2022 06:15:34 +0000 https://republika.mk/?p=505564

Веќе 25 дена ни трага, ни глас од Маријана Зајферт, позната по победата во „Големиот брат“ во 2011 година.

Имено, Маријана Зајферт (Чврљак) исчезна на 27 април во Загреб и оттогаш активно се трага по неа. Семејството сега се сомнева дека таа можеби имала слична судбина како Матеј Периш, младото момче од Сплит, кое исчезна во ноќта пред Нова година, а чие тело неодамна беше пронајдено во Дунав и пред два дена беше испратено во Хрватска.

Сестрата на Маријана, Маја, открива дека семејството тешко ја поднесува неизвесноста и се во исчекување барем на некоја вест за настанот. Вели дека е збунета и дека немаат нови информации.

Никој ништо не знае. И понатаму се трага за Маријана, се пребарува реката со оглед на тоа дека таму се пронајдени нејзините лични работи. Големо страдање и агонија, тешко ми е да кажам нешто разумно. Немаме никаква информација. Родителите се во катастрофална состојба, целото семејство е скршено, вели Маја.

Додава дека семејството се сомнева дека Маријана ја има истата судбина како и Матеј.

Целото семејство очекува некои вести, па макар и да се најде на начин на кој е најден и Матеј. Само да откриеме конечно нешто. Тешко ми е да зборувам. Нашиот заклучок во моментов е дека се случило нешто слично како што му се случило на Матеј, вели сестрата на Маријана.

И нејзиниот сопруг Карло Зајферт побара помош од сограѓаните преку социјални мрежи.

Исчезна во текот на ноќта, без да остави некаква порака и индикации дека може да ја напушти куќата. Се надевам дека Маријана ќе биде пронајдена и цврсто верувам во тоа. Само да знаев каде е… Никој немаше да биде посреќен од мене ако дојде дома вечерва, вели тој.

The post Сестрата на Маријана признава: Се сомневаме дека ја дели истата судбина со Матеј appeared first on Република.

]]>

Веќе 25 дена ни трага, ни глас од Маријана Зајферт, позната по победата во „Големиот брат“ во 2011 година. Имено, Маријана Зајферт (Чврљак) исчезна на 27 април во Загреб и оттогаш активно се трага по неа. Семејството сега се сомнева дека таа можеби имала слична судбина како Матеј Периш, младото момче од Сплит, кое исчезна во ноќта пред Нова година, а чие тело неодамна беше пронајдено во Дунав и пред два дена беше испратено во Хрватска. Сестрата на Маријана, Маја, открива дека семејството тешко ја поднесува неизвесноста и се во исчекување барем на некоја вест за настанот. Вели дека е збунета и дека немаат нови информации.
Никој ништо не знае. И понатаму се трага за Маријана, се пребарува реката со оглед на тоа дека таму се пронајдени нејзините лични работи. Големо страдање и агонија, тешко ми е да кажам нешто разумно. Немаме никаква информација. Родителите се во катастрофална состојба, целото семејство е скршено, вели Маја.
Додава дека семејството се сомнева дека Маријана ја има истата судбина како и Матеј.
Целото семејство очекува некои вести, па макар и да се најде на начин на кој е најден и Матеј. Само да откриеме конечно нешто. Тешко ми е да зборувам. Нашиот заклучок во моментов е дека се случило нешто слично како што му се случило на Матеј, вели сестрата на Маријана.
И нејзиниот сопруг Карло Зајферт побара помош од сограѓаните преку социјални мрежи.
Исчезна во текот на ноќта, без да остави некаква порака и индикации дека може да ја напушти куќата. Се надевам дека Маријана ќе биде пронајдена и цврсто верувам во тоа. Само да знаев каде е… Никој немаше да биде посреќен од мене ако дојде дома вечерва, вели тој.

The post Сестрата на Маријана признава: Се сомневаме дека ја дели истата судбина со Матеј appeared first on Република.

]]>
Родителите на Маријана во катастрофална состојба, стравуваат дека има иста судбина како Матеј Периш https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/roditelite-na-marijana-vo-katastrofalna-sostojba-stravuvaat-deka-ima-ista-sudbina-kako-matej-perish/ Sun, 22 May 2022 07:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=505362

Победничката на регионалното шоу „Голмиот брат“, Маријана Зајферт исчезна на 27 април во Загреб и од тогаш активно се трага по неа. Семејството сега се сомнева дека таа можеби имала слична судбина како Матеј Периш, младото момче од Сплит чие тело пред два дена беше пронајдено во Дунав.

Сестрата на Маријана, Маја, открива дека семејството тешко ја поднесува неизвесноста и се во исчекување барем на некоја вест за настанот. Вели дека е збунета и дека немаат нови информации.

-Никој ништо не знае. И натаму се трага за Маријана, се пребарува реката со оглед на тоа дека таму се пронајдени нејзините лични работи. Големо страдање и агонија, тешко ми е да кажам било што разумно. Немаме никаква информација. Родителите се во катастрофална состојба, целото семејство е скршено, вели Маја.

Додава дека семејството се сомнева дека Маријана ја има истата судбина како и Матеј.

-Целото семејство очекува некои вести, па макар и да се најде на начин на кој е најден и Матеј. Само да откриеме конечно нешто. Тешко ми е да зборувам. Нашиот заклучок во моментов е дека се случило нешто слично како што му се случило на Матеј, вели сестрата на Маријана.

The post Родителите на Маријана во катастрофална состојба, стравуваат дека има иста судбина како Матеј Периш appeared first on Република.

]]>

Победничката на регионалното шоу „Голмиот брат“, Маријана Зајферт исчезна на 27 април во Загреб и од тогаш активно се трага по неа. Семејството сега се сомнева дека таа можеби имала слична судбина како Матеј Периш, младото момче од Сплит чие тело пред два дена беше пронајдено во Дунав. Сестрата на Маријана, Маја, открива дека семејството тешко ја поднесува неизвесноста и се во исчекување барем на некоја вест за настанот. Вели дека е збунета и дека немаат нови информации.
-Никој ништо не знае. И натаму се трага за Маријана, се пребарува реката со оглед на тоа дека таму се пронајдени нејзините лични работи. Големо страдање и агонија, тешко ми е да кажам било што разумно. Немаме никаква информација. Родителите се во катастрофална состојба, целото семејство е скршено, вели Маја.
Додава дека семејството се сомнева дека Маријана ја има истата судбина како и Матеј.
-Целото семејство очекува некои вести, па макар и да се најде на начин на кој е најден и Матеј. Само да откриеме конечно нешто. Тешко ми е да зборувам. Нашиот заклучок во моментов е дека се случило нешто слично како што му се случило на Матеј, вели сестрата на Маријана.

The post Родителите на Маријана во катастрофална состојба, стравуваат дека има иста судбина како Матеј Периш appeared first on Република.

]]>
Нуркачи го бараат телото на Маријана, откако телефонот и паричникот беа пронајдени покрај мост https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nurkachi-go-baraat-teloto-na-marijana-otkako-telefonot-i-parichnikot-bea-pronajdeni-pokraj-most/ Mon, 02 May 2022 12:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=496311

Нема новости за исчезнатата Маријана Зајферт (38), позната во јавноста по победата во реалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година. Нејзиниот сопруг Карло последен пат ја видел во вторникот навечер, кога легнале околу полноќ и оттогаш трае семејната агонија. Мајката на две деца не оставила порака, а нејзините блиски велат дека немало индиции дека ќе си замине од дома.

Во средата наутро случаен минувач ги пронашол документите и мобилниот телефон на Маријана во близина на загрепскиот Мост на младоста, недалеку од улицата каде што живее парот, а нејзиниот сопруг го пријавил неговото исчезнување во полиција.

Деталниот претрес на коритото на реката Сава околу Мостот на младоста трае од рано наутро во недела.

Во акцијата за пребарување учествуваат 12 спасувачи на ХГСС од станиците Загреб, Карловац, Госпиќ и Бјеловар, од кои 6 нуркачи, со 2 чамци и 1 дрон. Нуркачите, покрај просторот околу мостот, прегледале и 6 шлепи лоцирани покрај брег Поради силните речни струи големо внимание се посветува на безбедноста на нуркачите, објавија членовите на ХГСС на својата Фејсбук страница, а нeјзиниот сопруг Карло јавно им се заблагодари во неделата навечер.

Сестрата на Маријана, Маја Ковачевиќ, за РТЛ изјави дека полицијата моментално ги испрашува семејството и блиските пријатели. Таа додаде дека целото семејство е очајно, но дека се трудат да не изгубат надеж.

The post Нуркачи го бараат телото на Маријана, откако телефонот и паричникот беа пронајдени покрај мост appeared first on Република.

]]>

Нема новости за исчезнатата Маријана Зајферт (38), позната во јавноста по победата во реалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година. Нејзиниот сопруг Карло последен пат ја видел во вторникот навечер, кога легнале околу полноќ и оттогаш трае семејната агонија. Мајката на две деца не оставила порака, а нејзините блиски велат дека немало индиции дека ќе си замине од дома. Во средата наутро случаен минувач ги пронашол документите и мобилниот телефон на Маријана во близина на загрепскиот Мост на младоста, недалеку од улицата каде што живее парот, а нејзиниот сопруг го пријавил неговото исчезнување во полиција. Деталниот претрес на коритото на реката Сава околу Мостот на младоста трае од рано наутро во недела.
Во акцијата за пребарување учествуваат 12 спасувачи на ХГСС од станиците Загреб, Карловац, Госпиќ и Бјеловар, од кои 6 нуркачи, со 2 чамци и 1 дрон. Нуркачите, покрај просторот околу мостот, прегледале и 6 шлепи лоцирани покрај брег Поради силните речни струи големо внимание се посветува на безбедноста на нуркачите, објавија членовите на ХГСС на својата Фејсбук страница, а нeјзиниот сопруг Карло јавно им се заблагодари во неделата навечер.
Сестрата на Маријана, Маја Ковачевиќ, за РТЛ изјави дека полицијата моментално ги испрашува семејството и блиските пријатели. Таа додаде дека целото семејство е очајно, но дека се трудат да не изгубат надеж.

The post Нуркачи го бараат телото на Маријана, откако телефонот и паричникот беа пронајдени покрај мост appeared first on Република.

]]>
Маријана не би си ги оставила туку така децата, тврди нејзината пријателка https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/marijana-ne-bi-si-gi-ostavila-tuku-taka-decata-tvrdi-nejzinata-prijatelka/ Thu, 28 Apr 2022 10:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=494678

Хрватската полиција втор ден трага по 38-годишната Маријана Зајферт, некогашна победничка во реалното шоу „Големиот брат“. Една од нејзините пријателки утрово за „Јутарњи“ рекла дела не може да поверува дека само така би ги оставила децата.

До 2018 година интензивно се дружевме, а кога заминав од Хрватска останавме во контакт. Маријана живееше за ќерка си, таа и беше главна преокупација по  сè низ што тогаш поминуваше. Не го запознав нејзиното второ дете и сопругот, а последен пат се слушнав со неа пред неколку месеци за нејзиниот роденден. Ми звучеше тажно, се прашуваше каква иднина ги очекува нејзините деца, ја повикав да ме посети, ми рече дека не е време. Си реков поради ситуацијата со короната. Не ми зборуваше за бракот и дали има проблеми во него, туку само дека се е во ред и дека ѝ оди добро, дека е во ред со здравјето. Се надевам само дека што поскоро ќе се врати дома бидејќи ниту еден проблем не е нерешлив, изјави таа.

The post Маријана не би си ги оставила туку така децата, тврди нејзината пријателка appeared first on Република.

Со Немеш се караа, тепаа, имаа секс пред камери, за него го остави сопругот: Која е Маријана од „Големиот брат“ која среде ноќ исчезна од дома? https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/so-nemesh-se-karaa-tepaa-imaa-seks-pred-kameri-za-nego-go-ostavi-soprugot-koja-e-marijana-od-golemiot-brat-koja-srede-nokj-ischezna-od-doma/ Thu, 28 Apr 2022 09:42:43 +0000 https://republika.mk/?p=494650

Низ куќата на „Големиот брат“ во 2011 година прошетаа вкупно 19 станари, а целиот регион будно ја следеше сезоната во која победи Маријана (тогаш) Чврљак. Сега таа повторно е во центарот на вниманието откако исчезна среде ноќ од семејниот дом.

https://republika.mk/vesti/balkan/povtorno-potraga-okolu-sava-ovojpat-za-ischeznatata-marijana-od-golemiot-brat/

Домаќинката од Шибеник тогаш освои 104 илјади евра, но наградата ја прифати без насмевка на лицето.

Имено, Маријана тогаш минуваше низ бурен љубовен период. Во куќата на „Големиот брат“ влезе како сопруга на морнарот Иван Чврљак, но во реалното шоу веднаш се заљуби во српскиот музичар Никола Немешевиќ Немеш, а нивниот секс пред камерите го следеше цел Балкан. Тие се караа, миреа, и ја забавуваа целата јавност, која читаше за нивната врска долго по завршувањето на шоуто.

По излегувањето од куќата на Големиот брат, Немеш ја осуди и ја нарече лажна.

Маријана е главната ѕвезда и главна актерка на овој серијал и една од причините зошто стигнав дотука. Имав деветка глумата, а Маријана заслужува најмалку петнаесет, рече тогаш Немеш и ја остави Маријана.

Неговите зборови многу ја повредија, имајќи предвид дека нејзиниот татко се откажа од неа за време на емитувањето на популарното реално шоу. Кога виде дека е на чекор пред победата, таткото ѝ прости.

Не очекував татко ми да дојде и да му се заблагодарам на Бога. После сите овие шокови, конечно нешто убаво. Покажав повеќе отколку што сакав и се срамам, изјави вечерта по победата Маријана и додаде дека се заљубила во Немеш.

Потоа се разведе од сопругот со кој ја имаат ќерката Корина, се пресели во Загреб и таму отвори салон за тетовирање, но бизнисот не ѝ тргна. Таа се смири со Немеш, па после повторно неколку пати раскинуваа и се смируваа, за да се венчаат во 2016 година.

https://arhiva.republika.mk/637315

Но, бракот траеше само осум месеци. Во 2020 година, Маријана се омажи за нејзиниот сегашен сопруг Карло Зајферт, кој го запознала додека работела во кафуле во Загреб, откако престанала да работи во еден кол-центар.

Со него го има синот Александар, а нејзиното исчезнување во полиција го пријави сопругот.

Исчезна сред ноќ, не остави ни порака, ниту пак со нешто покажа дека планира да замине од дома, рече тој.

The post Со Немеш се караа, тепаа, имаа секс пред камери, за него го остави сопругот: Која е Маријана од „Големиот брат“ која среде ноќ исчезна од дома? appeared first on Република.

]]>

Низ куќата на „Големиот брат“ во 2011 година прошетаа вкупно 19 станари, а целиот регион будно ја следеше сезоната во која победи Маријана (тогаш) Чврљак. Сега таа повторно е во центарот на вниманието откако исчезна среде ноќ од семејниот дом. https://republika.mk/vesti/balkan/povtorno-potraga-okolu-sava-ovojpat-za-ischeznatata-marijana-od-golemiot-brat/ Домаќинката од Шибеник тогаш освои 104 илјади евра, но наградата ја прифати без насмевка на лицето. Имено, Маријана тогаш минуваше низ бурен љубовен период. Во куќата на „Големиот брат“ влезе како сопруга на морнарот Иван Чврљак, но во реалното шоу веднаш се заљуби во српскиот музичар Никола Немешевиќ Немеш, а нивниот секс пред камерите го следеше цел Балкан. Тие се караа, миреа, и ја забавуваа целата јавност, која читаше за нивната врска долго по завршувањето на шоуто. По излегувањето од куќата на Големиот брат, Немеш ја осуди и ја нарече лажна.
Маријана е главната ѕвезда и главна актерка на овој серијал и една од причините зошто стигнав дотука. Имав деветка глумата, а Маријана заслужува најмалку петнаесет, рече тогаш Немеш и ја остави Маријана.
Неговите зборови многу ја повредија, имајќи предвид дека нејзиниот татко се откажа од неа за време на емитувањето на популарното реално шоу. Кога виде дека е на чекор пред победата, таткото ѝ прости.
Не очекував татко ми да дојде и да му се заблагодарам на Бога. После сите овие шокови, конечно нешто убаво. Покажав повеќе отколку што сакав и се срамам, изјави вечерта по победата Маријана и додаде дека се заљубила во Немеш.
Потоа се разведе од сопругот со кој ја имаат ќерката Корина, се пресели во Загреб и таму отвори салон за тетовирање, но бизнисот не ѝ тргна. Таа се смири со Немеш, па после повторно неколку пати раскинуваа и се смируваа, за да се венчаат во 2016 година. https://arhiva.republika.mk/637315 Но, бракот траеше само осум месеци. Во 2020 година, Маријана се омажи за нејзиниот сегашен сопруг Карло Зајферт, кој го запознала додека работела во кафуле во Загреб, откако престанала да работи во еден кол-центар. Со него го има синот Александар, а нејзиното исчезнување во полиција го пријави сопругот.
Исчезна сред ноќ, не остави ни порака, ниту пак со нешто покажа дека планира да замине од дома, рече тој.

The post Со Немеш се караа, тепаа, имаа секс пред камери, за него го остави сопругот: Која е Маријана од „Големиот брат“ која среде ноќ исчезна од дома? appeared first on Република.

]]>
Повторно потрага околу Сава, овојпат за исчезнатата Маријана од „Големиот брат“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/povtorno-potraga-okolu-sava-ovojpat-za-ischeznatata-marijana-od-golemiot-brat/ Thu, 28 Apr 2022 09:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=494646

Интензивната потрага по Маријана Зајферт (38), попозната како победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“, чие исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг, продолжува и денеска.

Според неофицијални информации на хрватските медиуми, вчера во текот на денот на неколку стотини метри од нејзиниот дом биле пронајдни нејзини работи, детално претресено е целото маало, како и просторот околу реката Сава. Според „Јутарњи“, потрагата и денеска ќе продолжи во тој дел, а ќе се прегледува и со дрон.

Kако што соопшти нејзиниот сопруг Карло, Маријана исчезнала од домашната адреса на улицата „Ластовска“ во Загреб среде ноќ. Во моментот на исчезнувањето таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црна тренерка со бело-црвена лента и светли патики.

The post Повторно потрага околу Сава, овојпат за исчезнатата Маријана од „Големиот брат“ appeared first on Република.

]]>

Интензивната потрага по Маријана Зајферт (38), попозната како победничката во регионалното реално шоу „Големиот брат“, чие исчезнување го пријавил нејзиниот сопруг, продолжува и денеска. Според неофицијални информации на хрватските медиуми, вчера во текот на денот на неколку стотини метри од нејзиниот дом биле пронајдни нејзини работи, детално претресено е целото маало, како и просторот околу реката Сава. Според „Јутарњи“, потрагата и денеска ќе продолжи во тој дел, а ќе се прегледува и со дрон. Kако што соопшти нејзиниот сопруг Карло, Маријана исчезнала од домашната адреса на улицата „Ластовска“ во Загреб среде ноќ. Во моментот на исчезнувањето таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црна тренерка со бело-црвена лента и светли патики.

The post Повторно потрага околу Сава, овојпат за исчезнатата Маријана од „Големиот брат“ appeared first on Република.

]]>
Полицијата трага по исчезнатата Маријана, победничка на „Големиот брат“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/policijata-traga-po-ischeznatata-marijana-pobednichka-na-golemiot-brat/ Wed, 27 Apr 2022 18:40:41 +0000 https://republika.mk/?p=494427

Загрепската полиција објави фотографија и информација за исчезнувањето на Маријана Зајферт (37), победничката на регионалното реално шоу „Големиот брат“ во 2011 година.

Маријана исчезнала од домашната адреса на улицата „Ластовска“ во Загреб. Во моментот на исчезнувањето таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црна тренерка со бело-црвена лента и светли патики.

Нејзиниот сопруг Карло Зајферт, со кој има и дете, за 24сата.хр вели дека не знае што се случило.

Исчезнувањето го пријавив во полиција. Не можам да зборувам за околностите, ни јас не ги знам, кратко изјави Зајферт.

The post Полицијата трага по исчезнатата Маријана, победничка на „Големиот брат“ appeared first on Република.

]]>

Загрепската полиција објави фотографија и информација за исчезнувањето на Маријана Зајферт (37), победничката на регионалното реално шоу „Големиот брат“ во 2011 година. Маријана исчезнала од домашната адреса на улицата „Ластовска“ во Загреб. Во моментот на исчезнувањето таа носела маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црна тренерка со бело-црвена лента и светли патики. Нејзиниот сопруг Карло Зајферт, со кој има и дете, за 24сата.хр вели дека не знае што се случило.