Маријан Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marijan-risteski/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 13:12:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маријан Ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marijan-risteski/ 32 32 ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fk-vardar-bara-itna-smena-na-komesarot-za-delegirane-na-sudii-marijan-risteski/ Tue, 12 Nov 2024 13:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=836783

Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално испрати барање до Фудбалската федерација на Македонија за итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески. Причина за ова барање е, како што наведуваат, хаосот во елитните фудбалски натпреварувања во Македонија и бројните контроверзии од почетокот на сезоната 2024/25.

Соопштението на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост:

Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората МФЛ, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески.

 

Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите 13. кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи.

 

Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.

 

Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона.

 

Промената на раководството на судската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од МФЛ по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем.

 

The post ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Вардар денеска и официјално испрати барање до Фудбалската федерација на Македонија за итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески. Причина за ова барање е, како што наведуваат, хаосот во елитните фудбалски натпреварувања во Македонија и бројните контроверзии од почетокот на сезоната 2024/25. Соопштението на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост:
Со оглед на многуте гласни коментари на повеќето клубови од Првата и Втората МФЛ, ние како ФК Вардар започнуваме иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески.   Воедно како клуб за неуспесите и поразите вината прво ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица и со оглед на фактите од изминатите 13. кола, може да се констатира дека Вардар е најоштетен во однос на судиските грешки. Ние никогаш јавно не излеговме со соопштенија и реакции за разлика од други клубови кои со мизерни реакции се обидуваат да ги негираат нашите победи.   Ние како клуб оставаме на телата и органите на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти.   Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка на оваа иницијатива за ИТНА смена на комесарот за делегирање на судии и радикални ставови на сите клубови за воведување на ВАР технологија за следната сезона.   Промената на раководството на судската асоцијација, поточно барањето за разрешување на Марјан Ристески, се припишува на неколку фактори, вклучувајќи ги проблемите кои гласно ги посочуваат клубовите од МФЛ по секое натпреварувачко коло и потребата за иновации од организацијата. Промените се бараат за поголема усогласеност со промената кон поголема транспарентност и одговорност, вкучувајќи значително учество на членовите во изборот на наследник кој ќе го води со фокус на модернизирање и зајакнување на судискиот систем.
 

The post ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање на судии, Маријан Ристески appeared first on Република.

]]>
Ристески: Преку подобрување на законската регулатива и функционирање на правниот систем кон подобра услови за македонската економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/risteski-preku-podobruvane-na-zakonskata-regulativa-i-funktsionirane-na-pravniot-sistem-kon-podobra-uslovi-za-makedonskata-ekonomija/ Thu, 24 Oct 2024 14:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=830636

Целта на Владата, на Општина Велес и на Министерството за економија и труд е да овозможиме преку подобрување на законските регулативи создавање на добра политичка клима и атмосфера која за жал изостануваше претходниот период и која ќе овозможи привлекување на странски инвестиции, отворање нови работни места, и овозможување на домашните компании мали, средни или големи да ги прошируваат своите капацитети, функционирање на правниот систем, враќање на довербата кон граѓаните кон државата. Воедно и  да се спречи голем одлив на работно способни млади луѓе од земјава, а кој  ни се случуваше во изминатите 7-8 години, потенцира на денешната прес -конференција заменик министерот за економија и трид  Марјан Ристески при денешната посета на Општина Велес.

Тој попладнево  се сретна со градоначалникот Марко Колев, со претставници на велешките приватни фирми, со претставниците на Занаетчиската комора и велешките парламентарци. Целта на средбата беше да се презентираат пред приватниот сектор  неколку закони кои се во работна верзија,а нивните забелешки да се вградат во нив, а со цел пофункционални закони во земјава.

Ристески информира дека денеска ќе го промовираат новиот Закон за нефер трговски практики, кој е еден од суштинските закони кој кренал многу пршина во медиумите.

-Но иста така ќе имаме и прашања и одговори за постојаните активни мерки кои ги имаме за развој на малите и средните претпријатија, развој на претприемништвото, бизнис ангели и развој на занаетчиството во Македонија и продолжување и други прашања, појасни заменик министерот Ристески.

Воедно информира  дека на средбата ќе ги соопштат резултатите од есенската и училишната кошничка, како и синдикалната минимална кошничка.

-Целта на Владата и на Министерството за економија и труд беше стабилизирање на цените кои имаат еден голем галопирачки „од“ во претходниот период на штета на грбот на граѓаните и една многу голема инфлација која до пред година- две, во поедини моменти достигнуваше и до 20 отсто, рече Ристески

Воедно, како што посочи, преку подобрување и стабилизирање на состојбата со брутално потрошениот буџет  во претходниот период во овој краток период го стабилизиравме, исплативме плати пред се на најголемите јавни претпријатија и компани: Македонски шуми и Македонски Железници каде повеќе месеци на ред вработените чекаа исплата на плати.

-Воедно најавуваме  и покачување на платите во зависност на развојот на економската  состојба и нејзино подобрување на продуктивноста. Како што повеќе ќе се полни буџетот, така и ние како Влада  во соработка со синдикатите и работодавачите ќе овозможиме платите постепено да растат и во приватниот и во јавниот сектор, најави заменик министерот Ристески

The post Ристески: Преку подобрување на законската регулатива и функционирање на правниот систем кон подобра услови за македонската економија appeared first on Република.

]]>

Целта на Владата, на Општина Велес и на Министерството за економија и труд е да овозможиме преку подобрување на законските регулативи создавање на добра политичка клима и атмосфера која за жал изостануваше претходниот период и која ќе овозможи привлекување на странски инвестиции, отворање нови работни места, и овозможување на домашните компании мали, средни или големи да ги прошируваат своите капацитети, функционирање на правниот систем, враќање на довербата кон граѓаните кон државата. Воедно и  да се спречи голем одлив на работно способни млади луѓе од земјава, а кој  ни се случуваше во изминатите 7-8 години, потенцира на денешната прес -конференција заменик министерот за економија и трид  Марјан Ристески при денешната посета на Општина Велес. Тој попладнево  се сретна со градоначалникот Марко Колев, со претставници на велешките приватни фирми, со претставниците на Занаетчиската комора и велешките парламентарци. Целта на средбата беше да се презентираат пред приватниот сектор  неколку закони кои се во работна верзија,а нивните забелешки да се вградат во нив, а со цел пофункционални закони во земјава. Ристески информира дека денеска ќе го промовираат новиот Закон за нефер трговски практики, кој е еден од суштинските закони кој кренал многу пршина во медиумите. -Но иста така ќе имаме и прашања и одговори за постојаните активни мерки кои ги имаме за развој на малите и средните претпријатија, развој на претприемништвото, бизнис ангели и развој на занаетчиството во Македонија и продолжување и други прашања, појасни заменик министерот Ристески. Воедно информира  дека на средбата ќе ги соопштат резултатите од есенската и училишната кошничка, како и синдикалната минимална кошничка.
-Целта на Владата и на Министерството за економија и труд беше стабилизирање на цените кои имаат еден голем галопирачки „од“ во претходниот период на штета на грбот на граѓаните и една многу голема инфлација која до пред година- две, во поедини моменти достигнуваше и до 20 отсто, рече Ристески
Воедно, како што посочи, преку подобрување и стабилизирање на состојбата со брутално потрошениот буџет  во претходниот период во овој краток период го стабилизиравме, исплативме плати пред се на најголемите јавни претпријатија и компани: Македонски шуми и Македонски Железници каде повеќе месеци на ред вработените чекаа исплата на плати. -Воедно најавуваме  и покачување на платите во зависност на развојот на економската  состојба и нејзино подобрување на продуктивноста. Како што повеќе ќе се полни буџетот, така и ние како Влада  во соработка со синдикатите и работодавачите ќе овозможиме платите постепено да растат и во приватниот и во јавниот сектор, најави заменик министерот Ристески

The post Ристески: Преку подобрување на законската регулатива и функционирање на правниот систем кон подобра услови за македонската економија appeared first on Република.

]]>