Марија Воронцова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-voroncova/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Apr 2022 12:42:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Воронцова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-voroncova/ 32 32 Путин ја казнил ќерка си: Планирала романтично бегство за роденденот, добила засилено обезбедување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-ja-kaznil-kjerka-si-plnirala-romantichno-begstvo-za-rodendenot-dobila-zasileno-obezbeduvanje/ Wed, 20 Apr 2022 16:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=491332

Рускиот претседател Владимир Путин наводно ја казнил својата ќерка и ја спречил да отпатува во странство, каде сакала да го прослави роденденот. Наводно тоа го направил од страв дека таа нема намера да се врати во Русија.

Научничката д-р Марија Воронцова сакала на одмор да одлета во „пријателска“ земја, каде планирала да ужива на тропска плажа и да го прослави 37 роденден. Ова романтично бегство го испланирала со партнерот Јевгени Нагорни (33), со кого започнала врска по бракот со холандскиот бизнисмен Јорит Фасен.

„Путин одговори со категорично одбивање и ги засили заштитните мерки за неговата ќерка Марија. Според нашите информации, најстарата ќерка на претседателот не планирала да се врати во Русија“, се вели во извештајот на руските медиуми.

Во извештајот не се наведува дали причината за нејзиниот наводен план за бегство била руската инвазија на нејзиниот татко на Украина. Телеграмскиот канал General SVR тврди дека има инсајдерски информации за Кремљ и прв објави дека Путин боледува од сериозна болест, вклучително и рак, теорија која сега се смета за веродостојна.

Марија, која е една од руските државјани санкционирани од западните земји поради нејзината поврзаност со Путин, има 8-годишен син со поранешниот сопруг Јорит Фасен. Таа сега не смее да патува во повеќето западни земји, а претходно планирала да патува во Европа. Таа е најстарата ќерка на Путин со неговата поранешна сопруга Људмила.

The post Путин ја казнил ќерка си: Планирала романтично бегство за роденденот, добила засилено обезбедување appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин наводно ја казнил својата ќерка и ја спречил да отпатува во странство, каде сакала да го прослави роденденот. Наводно тоа го направил од страв дека таа нема намера да се врати во Русија. Научничката д-р Марија Воронцова сакала на одмор да одлета во „пријателска“ земја, каде планирала да ужива на тропска плажа и да го прослави 37 роденден. Ова романтично бегство го испланирала со партнерот Јевгени Нагорни (33), со кого започнала врска по бракот со холандскиот бизнисмен Јорит Фасен.
„Путин одговори со категорично одбивање и ги засили заштитните мерки за неговата ќерка Марија. Според нашите информации, најстарата ќерка на претседателот не планирала да се врати во Русија“, се вели во извештајот на руските медиуми.
Во извештајот не се наведува дали причината за нејзиниот наводен план за бегство била руската инвазија на нејзиниот татко на Украина. Телеграмскиот канал General SVR тврди дека има инсајдерски информации за Кремљ и прв објави дека Путин боледува од сериозна болест, вклучително и рак, теорија која сега се смета за веродостојна. Марија, која е една од руските државјани санкционирани од западните земји поради нејзината поврзаност со Путин, има 8-годишен син со поранешниот сопруг Јорит Фасен. Таа сега не смее да патува во повеќето западни земји, а претходно планирала да патува во Европа. Таа е најстарата ќерка на Путин со неговата поранешна сопруга Људмила.

The post Путин ја казнил ќерка си: Планирала романтично бегство за роденденот, добила засилено обезбедување appeared first on Република.

]]>
Канада воведува санкции за ќерките на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kanada-voveduva-sankcii-za-kjerkite-na-putin/ Tue, 19 Apr 2022 20:32:33 +0000 https://republika.mk/?p=490748

Канада соопшти дека вовела насочени санкции за 14 лица во рускиот режим, вклучително и две ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, се вели во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи.

За потсетување, минатиот месец САД и Велика Британија воведоа санкции против ќерките на Путин – Катерина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова, бидејќи рекоа дека веруваат дека тие две го кријат богатството на Путин, пренесува Ројтерс.

The post Канада воведува санкции за ќерките на Путин appeared first on Република.

]]>

Канада соопшти дека вовела насочени санкции за 14 лица во рускиот режим, вклучително и две ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, се вели во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи. За потсетување, минатиот месец САД и Велика Британија воведоа санкции против ќерките на Путин – Катерина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова, бидејќи рекоа дека веруваат дека тие две го кријат богатството на Путин, пренесува Ројтерс.

The post Канада воведува санкции за ќерките на Путин appeared first on Република.

]]>
Ќерките на Путин ретко се во јавноста, но се чести во научниот и деловен свет: Нивниот татко не сака да зборува за нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kjerkite-na-putin-retko-se-vo-javnosta-no-se-chesti-vo-nauchniot-i-deloven-svet-nivniot-tatko-ne-saka-da-zboruva-za-niv/ Fri, 08 Apr 2022 18:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=485524

Рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш бил внимателен кога станува збор за неговото семејство.

Во 2015 година, за време на една од неговите маратонски прес-конференции, тој избегна прашања за идентитетот на неговата ќерка, пишува „Би-Би-Си“.

Моите ќерки живеат во Русија, а студирале само во Русија, горд сум на нив.

 

Течно зборуваат три странски јазици.

 

Никогаш не зборувам со никого за моето семејство. Секој човек има право на сопствена судбина, тие го живеат својот живот и го прават тоа достоинствено - , изјави Путин во таа прилика.

Можеби рускиот претедател не сака да ги споменува, но кај другите луѓе, тие предизвикуваат голем интерес..

Последната рунда американски и британски санкции е наменета за Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова (35).

Иако официјално малку е потврдено за семејниот живот на претседателот на Русија, документите, медиумските извештаи и повремените јавни соопштенија се доволни за да се открие нивниот портрет.

Путин ги доби двете ќерки во брак со поранешната сопруга Људмила. Двојката се венчала во 1983 година кога таа била стјуардеса, а тој агент на КГБ.

Нивниот брак траеше 30 години, а се разведоа во 2013 година. Путин тогаш рече дека тоа е заедничка одлука бидејќи „тешко се гледаат и секој има свој живот“.

Људмила изјави дека нејзиниот сопруг е целосно ангажиран во работата.

Нивната постара ќерка Марија Воронцова е родена во 1985 година. Студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург и медицина на Московскиот државен универзитет. Таа сега е академик, специјализирана за ендокриниот систем.

Таа има напишано книга за застој во растот кај децата и е наведена како истражувач во Истражувачкиот центар за ендокринологија во Москва. Таа е и во светот на бизнисот, бидејќи е косопственик на компанија која планира да изгради огромен медицински центар.

Таа наводно е разведена од Холанѓанецот, Јорит Фасен, кој своевремено работел во рускиот државен енергетски гигант „Газпром“.

Луѓето кои разговарале со неа по руската воена акција во Украина велат дека таа го поддржува нејзиниот татко и дека се сомнева во меѓународното известување за конфликтот.

Во споредба со нејзината сестра, Катерина Тихонова е многу повеќе присутна во јавноста, не само поради нејзиниот талент како танчерка. Таа и нејзиниот партнер го освоија петтото место на меѓународните награди во 2013 година.

Истата година се омажи за Кирил Шамалов, син на долгогодишен пријател на претседателот Путин. Нивната венчавка се одржа во ексклузивен ски-центар во близина на Санкт Петербург. Тамошните работници рекоа дека двојката пристигнала со санки влечени од три бели коњи.

Шамалов беше санкциониран од САД во 2018 година поради неговата улога во рускиот енергетски сектор. Американското Министерство за финансии соопшти дека „неговото богатство драстично се подобрило по бракот“.

Сепак, нивниот брак не траел, па раскинале.

Катерина Тихонова сега е во академската и деловната заедница. Таа накратко се појави во руските државни медиуми во 2018 година за да зборува за невротехнологијата, а исто така и на бизнис форумот во 2021 година. Во никој случај не се споменуваше нејзината поврзаност со претседателот.

Познато е и дека Путин има внуци, но не се знае од која ќерка.

Што се однесува до моите внуци, еден е веќе во градинка. Разберете, не сакам да пораснат во принцови. Сакам да пораснат како нормални луѓе - изјави Путин пред неколку години.

The post Ќерките на Путин ретко се во јавноста, но се чести во научниот и деловен свет: Нивниот татко не сака да зборува за нив appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин отсекогаш бил внимателен кога станува збор за неговото семејство. Во 2015 година, за време на една од неговите маратонски прес-конференции, тој избегна прашања за идентитетот на неговата ќерка, пишува „Би-Би-Си“.
Моите ќерки живеат во Русија, а студирале само во Русија, горд сум на нив.   Течно зборуваат три странски јазици.   Никогаш не зборувам со никого за моето семејство. Секој човек има право на сопствена судбина, тие го живеат својот живот и го прават тоа достоинствено - , изјави Путин во таа прилика.
Можеби рускиот претедател не сака да ги споменува, но кај другите луѓе, тие предизвикуваат голем интерес.. Последната рунда американски и британски санкции е наменета за Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова (35). Иако официјално малку е потврдено за семејниот живот на претседателот на Русија, документите, медиумските извештаи и повремените јавни соопштенија се доволни за да се открие нивниот портрет. Путин ги доби двете ќерки во брак со поранешната сопруга Људмила. Двојката се венчала во 1983 година кога таа била стјуардеса, а тој агент на КГБ. Нивниот брак траеше 30 години, а се разведоа во 2013 година. Путин тогаш рече дека тоа е заедничка одлука бидејќи „тешко се гледаат и секој има свој живот“. Људмила изјави дека нејзиниот сопруг е целосно ангажиран во работата. Нивната постара ќерка Марија Воронцова е родена во 1985 година. Студирала биологија на Универзитетот во Санкт Петербург и медицина на Московскиот државен универзитет. Таа сега е академик, специјализирана за ендокриниот систем. Таа има напишано книга за застој во растот кај децата и е наведена како истражувач во Истражувачкиот центар за ендокринологија во Москва. Таа е и во светот на бизнисот, бидејќи е косопственик на компанија која планира да изгради огромен медицински центар. Таа наводно е разведена од Холанѓанецот, Јорит Фасен, кој своевремено работел во рускиот државен енергетски гигант „Газпром“. Луѓето кои разговарале со неа по руската воена акција во Украина велат дека таа го поддржува нејзиниот татко и дека се сомнева во меѓународното известување за конфликтот. Во споредба со нејзината сестра, Катерина Тихонова е многу повеќе присутна во јавноста, не само поради нејзиниот талент како танчерка. Таа и нејзиниот партнер го освоија петтото место на меѓународните награди во 2013 година. Истата година се омажи за Кирил Шамалов, син на долгогодишен пријател на претседателот Путин. Нивната венчавка се одржа во ексклузивен ски-центар во близина на Санкт Петербург. Тамошните работници рекоа дека двојката пристигнала со санки влечени од три бели коњи. Шамалов беше санкциониран од САД во 2018 година поради неговата улога во рускиот енергетски сектор. Американското Министерство за финансии соопшти дека „неговото богатство драстично се подобрило по бракот“. Сепак, нивниот брак не траел, па раскинале. Катерина Тихонова сега е во академската и деловната заедница. Таа накратко се појави во руските државни медиуми во 2018 година за да зборува за невротехнологијата, а исто така и на бизнис форумот во 2021 година. Во никој случај не се споменуваше нејзината поврзаност со претседателот. Познато е и дека Путин има внуци, но не се знае од која ќерка.
Што се однесува до моите внуци, еден е веќе во градинка. Разберете, не сакам да пораснат во принцови. Сакам да пораснат како нормални луѓе - изјави Путин пред неколку години.

The post Ќерките на Путин ретко се во јавноста, но се чести во научниот и деловен свет: Нивниот татко не сака да зборува за нив appeared first on Република.

]]>
И Велика Британија воведе санкции за ќерките на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-velika-britanija-vovede-sankcii-za-kjerkite-na-putin/ Fri, 08 Apr 2022 18:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=485510

Велика Британија се придружи на САД во воведувањето санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин.

Ќерките на Путин - Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова се додадени на британската листа на санкционирани, објави „Би-Би-Си“.

Нашиот невиден пакет санкции ја погодува елитата и членовите на нивните семејства бидејќи ја нарушува руската економија во размери што Русија не ги видела од падот на Советскиот Сојуз - порaчa британска министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

Британската влада воведе санкции и за ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров - Екатерина Сергеевна Винокурова.

Коментирајќи ја одлуката на САД да воведат санкции за ќерките на Путин, Кремљ во четвртокот соопшти дека е збунет од таа одлука, опишувајќи ја како дел од „поширокото лудило“ на Западот против Русија.

The post И Велика Британија воведе санкции за ќерките на Путин appeared first on Република.

]]>

Велика Британија се придружи на САД во воведувањето санкции за ќерките на рускиот претседател Владимир Путин. Ќерките на Путин - Катарина Владимировна Тихонова и Марија Владимировна Воронцова се додадени на британската листа на санкционирани, објави „Би-Би-Си“.
Нашиот невиден пакет санкции ја погодува елитата и членовите на нивните семејства бидејќи ја нарушува руската економија во размери што Русија не ги видела од падот на Советскиот Сојуз - порaчa британска министерка за надворешни работи, Лиз Трас.
Британската влада воведе санкции и за ќерката на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров - Екатерина Сергеевна Винокурова. Коментирајќи ја одлуката на САД да воведат санкции за ќерките на Путин, Кремљ во четвртокот соопшти дека е збунет од таа одлука, опишувајќи ја како дел од „поширокото лудило“ на Западот против Русија.

The post И Велика Британија воведе санкции за ќерките на Путин appeared first on Република.

]]>
Сопругот не и ја остварил желбата за медицински центар за богати: Се разведува ќерката на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/soprugot-ne-i-ja-ostvaril-zelbata-za-medicinski-centar-za-bogati-se-razveduva-kjerkata-na-putin/ Wed, 23 Mar 2022 19:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=477123

Најстарата ќерка на Владимир Путин, д-р Марија Воронцова (36) се разведува од холандскиот бизнисмен Јорит Фасен (42), бидејќи тој наводно не го остварил нејзиниот сон да отвори елитен медицински центар за супербогати странци.

Војната во Украина ги уништила надежите на најстарата ќерка на Владимир Путин. Наводно, Марија сакала да отвори елитен медицински центар за супербогати странци во Русија, пишува Daily Mail.

Се чини дека од тој план нема да има ништо бидејќи Марија се разведува од нејзиниот главен инвеститор, холандски бизнисмен.

Гламурозната д-р Марија Воронцова е родена кога рускиот претседател работеше за КГБ, таа е експерт за ретки генетски болести кај децата.

Таа има голем удел во мегапроектот за изградба на супермодерен медицински центар во близина на Санкт Петербург. Плановите беа да се привлечат пациенти од Европа и богати шеици од земјите од Персискиот залив. Но сега, по нападот на Украина,  прашање е кои Европејци и шеици ќе дојдат.

 

Сопругот Јорит, за кој се знае дека долго време работел во Русија во Гаспромбанк-Инвест и Стројтрансгаз, е холандски бизнисмен чиј татко бил полковник во холандските вооружени сили.

- Оженет сум со Русинка и имам деца, доволно кажав - рече во една прилика зетот на Путин.

The post Сопругот не и ја остварил желбата за медицински центар за богати: Се разведува ќерката на Путин appeared first on Република.

]]>

Најстарата ќерка на Владимир Путин, д-р Марија Воронцова (36) се разведува од холандскиот бизнисмен Јорит Фасен (42), бидејќи тој наводно не го остварил нејзиниот сон да отвори елитен медицински центар за супербогати странци. Војната во Украина ги уништила надежите на најстарата ќерка на Владимир Путин. Наводно, Марија сакала да отвори елитен медицински центар за супербогати странци во Русија, пишува Daily Mail. Се чини дека од тој план нема да има ништо бидејќи Марија се разведува од нејзиниот главен инвеститор, холандски бизнисмен. Гламурозната д-р Марија Воронцова е родена кога рускиот претседател работеше за КГБ, таа е експерт за ретки генетски болести кај децата. Таа има голем удел во мегапроектот за изградба на супермодерен медицински центар во близина на Санкт Петербург. Плановите беа да се привлечат пациенти од Европа и богати шеици од земјите од Персискиот залив. Но сега, по нападот на Украина,  прашање е кои Европејци и шеици ќе дојдат.   Сопругот Јорит, за кој се знае дека долго време работел во Русија во Гаспромбанк-Инвест и Стројтрансгаз, е холандски бизнисмен чиј татко бил полковник во холандските вооружени сили.
- Оженет сум со Русинка и имам деца, доволно кажав - рече во една прилика зетот на Путин.

The post Сопругот не и ја остварил желбата за медицински центар за богати: Се разведува ќерката на Путин appeared first on Република.

]]>