Марија Пејчиновиќ Буриќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-pejchinovik-burik/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Jun 2023 18:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Пејчиновиќ Буриќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-pejchinovik-burik/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска и Пејчиновиќ-Буриќ: Културната размена е во приоритетите во процесот на ЕУ интеграциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-i-pejchinovik-burik-kulturnata-razmena-e-vo-prioritetite-vo-protsesot-na-eu-integratsiite/ Tue, 27 Jun 2023 18:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=655815

Недискриминација, различност, инклузија и современите прашања што ги поставува дигитализацијата, се темите кои биле во фокус на средбата помеѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка на Советот на ЕУ, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Како што информираат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска, на средбата ги истакнала комплексноста и предизвиците со кои се соочуваат во обезбедувањето целосна инклузивност во законодавството и унапредување на човековите права во земјава на патот кон членство во Европската Унија.

Разговорот околу донесувањето на Законот за родова еднаквост е од исклучителна важност, чекор кон обезбедување еднакви можности за сите жени, истакнала министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска зборувала за значењето на инклузијата на жените Ромки и револуционерниот Национален акционен план за жените Ромки во нашата држава.

Мораме да се справиме со брзото ширење на дезинформации и говор на омраза преку дигитални платформи, современ предизвик со кој се борат многу европски земји, рекла министерката.

Таа говорела и за потенцијалот за вклучување на Македонија во Културните рути и можностите што ги дава оваа платформа за поврзување на земјите од регионот и Европа.

Ние сме желни да ја зголемиме нашата културна размена и интеграција, и како такви, со радост ја прифативме поканата да учествуваме на изложбата за дигитална уметност „Слободно да создаваш – создавај за да бидеш слободен“ со две избрани уметнички дела, порачала Костадиновска-Стојчевска.

Во соопштението се посочува дека Костадиновска-Стојчевска, останува посветена на негување на инклузивна култура и искористување на можностите за културна размена и дека верува оти ваквите иницијативи ќе промовираат разбирање, еднаквост и напредок додека Македонија продолжува на својот пат кон членство во ЕУ.

The post Костадиновска-Стојчевска и Пејчиновиќ-Буриќ: Културната размена е во приоритетите во процесот на ЕУ интеграциите appeared first on Република.

]]>

Недискриминација, различност, инклузија и современите прашања што ги поставува дигитализацијата, се темите кои биле во фокус на средбата помеѓу министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната секретарка на Советот на ЕУ, Марија Пејчиновиќ Буриќ. Како што информираат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска, на средбата ги истакнала комплексноста и предизвиците со кои се соочуваат во обезбедувањето целосна инклузивност во законодавството и унапредување на човековите права во земјава на патот кон членство во Европската Унија.