Марија Гиревска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-girevska/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Feb 2023 08:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Гиревска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-girevska/ 32 32 Марија Гиревска во „Буква“ ќе го промовира двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/marija-girevska-vo-bukva-ke-go-promovira-dvojazichnoto-izdanie-na-dhakomo-dhojs/ Thu, 02 Feb 2023 08:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=603624

Вечерва, на втори февруари во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска.

Книгата е прво самостојно двојазично издание на Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и американскиот биограф Ричард Елман. Втори февруари е роденденот на Џојс и на неговиот прочуен роман „Улис“, но и на кафе-книжарницата „Буква“.

Мијата ќе настапи со изведбата на песната од „Улис“, My Girl’s a Yorkshire Girl.

Гиревска пред една деценија го преведе „Улис“ на македонски во рамки на проектот Ѕвезди на светската книжевност. Овојпат, преводот на „Џакомо Џојс“ не е финансиран од државата ниту од некоја фондација, туку Гиревска самостојно го издаде.

Најпознатото дело на Џојс, „Улис“ на македонски е преведено во 1977 година, но во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година.

Овие фрагментирани белешки или епифании за една миговна љубов главно ја опишуваат вљубеноста на еден ирски учител во својата ученичка од еврејско потекло. Веројатно станува збор за Амалија Попер (Amalia Popper), ќерката на Леополдо Попер од Трст, трговец Евреин. Името на таткото упатува и на еден од изворите за името и ликот на Леополд Блум од „Улис“. Белешките најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во романот „Улис“. Меѓутоа, никој со сигурност не може да појасни зошто Џојс никогаш не ги објавил овие белешки и ги оставил во Трст, за подоцна брат му Станислав да ги најде и зачува. Испишани се во ракописот на Џојс, без промени, освен насловот „Џакомо Џојс“, кој е испишан во горниот лев агол од нечија друга рака. Џојс немал обичај да ја употребува италијанската форма на своето име. Белешките ги пишувал на осум големи листови, двострано, на цврста хартија каква што би употребиле за цртање скици со молив, и ги оставил меѓу кориците на една сина школска тетратка. Овие листови дури и потсетуваат на оние пергаментни листови на кои во 1909 Џојс ги пишувал песните од „Камерна музика“ за својата сопруга.

„Сама по себе, таа е исто толку сеопфатна колку што е Моли Блум, чие Да ѝ се припишува токму нејзе, а сепак останува недофатлива, и можеби тука лежи една од причините зошто Џакомо Џојс почнува токму со прашањето ,Која?‘“ (Фриц Сен). Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат „едно мало, кревко, трајно совршенство“,

 

The post Марија Гиревска во „Буква“ ќе го промовира двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, на втори февруари во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во превод на Марија Гиревска. Книгата е прво самостојно двојазично издание на Гиревска (на англиски и на македонски јазик) во лимитиран тираж од 100 примероци, придружено со белешки од еминентниот Џојсовец, Фриц Сен (Директор на Фондацијата Џејмс Џојс од Цирих) и американскиот биограф Ричард Елман. Втори февруари е роденденот на Џојс и на неговиот прочуен роман „Улис“, но и на кафе-книжарницата „Буква“. Мијата ќе настапи со изведбата на песната од „Улис“, My Girl’s a Yorkshire Girl. Гиревска пред една деценија го преведе „Улис“ на македонски во рамки на проектот Ѕвезди на светската книжевност. Овојпат, преводот на „Џакомо Џојс“ не е финансиран од државата ниту од некоја фондација, туку Гиревска самостојно го издаде. Најпознатото дело на Џојс, „Улис“ на македонски е преведено во 1977 година, но во неговата интегрална форма, преведен во оригинал и со неопходните анотации романот излезе во 2013 година, во превод на Гиревска, во издание на издавачката куќа „Полица“. Оттогаш „Улис“ доживеа три изданија: 2013, 2017, 2019 година. Овие фрагментирани белешки или епифании за една миговна љубов главно ја опишуваат вљубеноста на еден ирски учител во својата ученичка од еврејско потекло. Веројатно станува збор за Амалија Попер (Amalia Popper), ќерката на Леополдо Попер од Трст, трговец Евреин. Името на таткото упатува и на еден од изворите за името и ликот на Леополд Блум од „Улис“. Белешките најверојатно биле напишани во летото 1914 година, и дел од нив ќе послужат како проба за она што подоцна Џојс ќе го напише во романот „Улис“. Меѓутоа, никој со сигурност не може да појасни зошто Џојс никогаш не ги објавил овие белешки и ги оставил во Трст, за подоцна брат му Станислав да ги најде и зачува. Испишани се во ракописот на Џојс, без промени, освен насловот „Џакомо Џојс“, кој е испишан во горниот лев агол од нечија друга рака. Џојс немал обичај да ја употребува италијанската форма на своето име. Белешките ги пишувал на осум големи листови, двострано, на цврста хартија каква што би употребиле за цртање скици со молив, и ги оставил меѓу кориците на една сина школска тетратка. Овие листови дури и потсетуваат на оние пергаментни листови на кои во 1909 Џојс ги пишувал песните од „Камерна музика“ за својата сопруга. „Сама по себе, таа е исто толку сеопфатна колку што е Моли Блум, чие Да ѝ се припишува токму нејзе, а сепак останува недофатлива, и можеби тука лежи една од причините зошто Џакомо Џојс почнува токму со прашањето ,Која?‘“ (Фриц Сен). Овие одломки од оживеано сеќавање за еден неисполнет копнеж за една црноока девојка, како што вели неговиот биограф Ричард Елман, претставуваат „едно мало, кревко, трајно совршенство“,  

The post Марија Гиревска во „Буква“ ќе го промовира двојазичното издание на „Џакомо Џојс“ appeared first on Република.

]]>