Марија Георгиевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-georgievska/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 13:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Георгиевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-georgievska/ 32 32 Георгиевска: Иницијативата за моја интерпелација е обид да се предизвика уставна криза во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/georgievska-inicijativata-za-moja-interpelacija-e-obid-da-se-predizvika-ustavna-kriza-vo-drzavata/ Wed, 19 Oct 2022 14:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=563162

Иницијативата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателка на Комисијата за прашањето на изборите и именувањата, не е ништо друго освен обид за прикривање на нивната вистинска намера, а тоа е да се предизвика уставна криза во државата, изјави денеска пратеничката Марија Георгиевска.

Пратеничката на СДСМ истакна дека таа во својство на претседателка на Комисијата го известила собранискиот претседател Талат Џафери дека ова собраниско тело со мнозинство гласови се изјаснило за изборот на двајца предложени кандидати за уставни судии и дека за нив постапка за избор може да продолжи.

– Во Комисијата за изборите и именувањата се води дискусија, односно расправа за секого поединечно и исто така и за секој предлог посебно се гласа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолговлекуваат изборот на кандидатите, односно изборот на уставните судии, со што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание го докажуваат тоа што го прават постојано – кочење, блокирање и поттикнување на каква било криза, истакна Георгиевска.

Таа нагласи дека врз основа на нејзина проценка на она што се случува во Собранието,  доставила парцијален извештај, којшто не е целосен.

– Комисијата за прашање на избори и именувања по Деловникот не доставува извештај, туку носи одлуки и одлуките како предлог ги дава на пленумот којшто понатаму треба да одлучува. Затоа јас дадов известување до претседателот што се случува во Комисијата, дека не гледам изгледи оти таа ќе продолжи да функционира како што треба и го информирам, односно му давам предлог на пленумот за овие два предлози, за коишто веќе поединечно е завршена расправата и за нив е донесена одлука од мнозинството членови, а дека по однос на третиот кандидат за уставен судија расправата во Комисијата се уште тече и таа ќе продолжи понатаму да се работи, меѓутоа тоа не смее да претставува пречка за нефункционирањето на Уставниот суд, изјави Георгиевска.

Таа додаде дека на постојаните реакции во јавноста, сметала дека Собранието не смее да си дозволи целосна неодговорност и да се блокира работата на Уставниот суд.

– Мора да сносиме одговорност. Не можеме да дозволиме да биде блокиран Уставниот суд. Знаете дека работи на границата на донесување на одлуки. Знаете дека на уште еден судија сега на почетокот на декември му завршува мандатот. Значи, Уставниот суд нема да биде во можност да носи одлуки, додаде Георгиевска.

Во однос на доставената интерпелација за нејзината работа, Георгиевска нагласи дека очекува таа да се најде на собраниска седница и да се дискутира по неа.

– Таму ќе се утврди дали имаме противделовничко работење. А дали сум работела противуставно надлежен е токму Уставниот суд, којшто опозицијата сесрдно со месеци, година и половина се труди да не биде ставен во функција. Уставниот суд нека процени дали се работи неуставно или се работи согласно она што е Деловник во ова Собрание, додаде Георгиевска.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе барање за интерпелација на Георгиевска во својство на претседателка на Комисијата за избори и именувања. Како што соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски барањето се поднесува поради тоа што таа „неделовнички и неуставно“ на се уште не завршена точка на дневен ред и незавршена комисиска седница, поднела парцијален извештај до претседателот на Собранието, Талат Џафери за избор на уставните судии. сп/ац/

2022-10-19 14:42:26, од Сашко Панајотов

The post Георгиевска: Иницијативата за моја интерпелација е обид да се предизвика уставна криза во државата appeared first on Република.

]]>

Иницијативата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за моја интерпелација како претседателка на Комисијата за прашањето на изборите и именувањата, не е ништо друго освен обид за прикривање на нивната вистинска намера, а тоа е да се предизвика уставна криза во државата, изјави денеска пратеничката Марија Георгиевска. Пратеничката на СДСМ истакна дека таа во својство на претседателка на Комисијата го известила собранискиот претседател Талат Џафери дека ова собраниско тело со мнозинство гласови се изјаснило за изборот на двајца предложени кандидати за уставни судии и дека за нив постапка за избор може да продолжи.
– Во Комисијата за изборите и именувањата се води дискусија, односно расправа за секого поединечно и исто така и за секој предлог посебно се гласа. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци намерно го одолговлекуваат изборот на кандидатите, односно изборот на уставните судии, со што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во ова Собрание го докажуваат тоа што го прават постојано – кочење, блокирање и поттикнување на каква било криза, истакна Георгиевска.
Таа нагласи дека врз основа на нејзина проценка на она што се случува во Собранието,  доставила парцијален извештај, којшто не е целосен.
– Комисијата за прашање на избори и именувања по Деловникот не доставува извештај, туку носи одлуки и одлуките како предлог ги дава на пленумот којшто понатаму треба да одлучува. Затоа јас дадов известување до претседателот што се случува во Комисијата, дека не гледам изгледи оти таа ќе продолжи да функционира како што треба и го информирам, односно му давам предлог на пленумот за овие два предлози, за коишто веќе поединечно е завршена расправата и за нив е донесена одлука од мнозинството членови, а дека по однос на третиот кандидат за уставен судија расправата во Комисијата се уште тече и таа ќе продолжи понатаму да се работи, меѓутоа тоа не смее да претставува пречка за нефункционирањето на Уставниот суд, изјави Георгиевска.
Таа додаде дека на постојаните реакции во јавноста, сметала дека Собранието не смее да си дозволи целосна неодговорност и да се блокира работата на Уставниот суд.
– Мора да сносиме одговорност. Не можеме да дозволиме да биде блокиран Уставниот суд. Знаете дека работи на границата на донесување на одлуки. Знаете дека на уште еден судија сега на почетокот на декември му завршува мандатот. Значи, Уставниот суд нема да биде во можност да носи одлуки, додаде Георгиевска.
Во однос на доставената интерпелација за нејзината работа, Георгиевска нагласи дека очекува таа да се најде на собраниска седница и да се дискутира по неа.
– Таму ќе се утврди дали имаме противделовничко работење. А дали сум работела противуставно надлежен е токму Уставниот суд, којшто опозицијата сесрдно со месеци, година и половина се труди да не биде ставен во функција. Уставниот суд нека процени дали се работи неуставно или се работи согласно она што е Деловник во ова Собрание, додаде Георгиевска.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе барање за интерпелација на Георгиевска во својство на претседателка на Комисијата за избори и именувања. Како што соопшти пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски барањето се поднесува поради тоа што таа „неделовнички и неуставно“ на се уште не завршена точка на дневен ред и незавршена комисиска седница, поднела парцијален извештај до претседателот на Собранието, Талат Џафери за избор на уставните судии. сп/ац/   2022-10-19 14:42:26, од Сашко Панајотов

The post Георгиевска: Иницијативата за моја интерпелација е обид да се предизвика уставна криза во државата appeared first on Република.

]]>
Отворање клуб „Цар Борис“ за СДСМ е само „спорадична, поединечна провокација“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otvoranje-klub-car-boris-za-sdsm-e-samo-sporadichna-poedinechna-provokacija/ Fri, 07 Oct 2022 18:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=558543

СДСМ ја осудува денешната провокација во Охрид, но и секоја друга провокација, наша обврска е институционално да најдеме решенија за да ги затвориме овие прашања за кои сме свесни дека има незадоволство, порача пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

„Оваа држава почива на херојството на нашите предци и делата од антифашистичката борба и за нас тоа како партија е важна, безвременска вредност. Уверени сме дека ова се спорадични, поединечни случаи на провокации кои се од трет интерес, бидејќи има групи од двете страни кои сакаат двете држави да бидат во вечен конфликт кој нема да донесе ништо добро“, порача Георгиевска, додавајќи дека има недоречености во Законот за граѓански здруженија и дека Министерството за правда веќе работи на измени на Законот кои ќе се донесат низ дебата и инклузивен процес на консултации.

Осврнувајќи се на работата на Собранието, Георгиевска порача дека ВМРО-ДПМНЕ блокира законски измени и со тоа нанесува штета на граѓаните.

„Како ВМРО-ДПМНЕ проценува кои закони се штетни за граѓаните? Ексклузивно право си дава ВМРО-ДПМНЕ да оценува дали некое законско решение дали е во интерес на граѓаните, а сите закони се за граѓаните и нивните интереси“ посочи Георгиевска.

Пратеничката Георгиевска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ свесно сака да предизвикува кризи во државата, затоа што во таа партија се исплашени од правдата.е

„Вие во ВМРО-ДПМНЕ не сакате да функционира правосудниот систем, затоа што ви следат обвиненија, затоа што дека треба да одговарате пред судските органи. Свесно сакате да направите криза секаде за да не функционира државата, затоа што сте исплашени од правдата“ порача Георгиевска.

The post Отворање клуб „Цар Борис“ за СДСМ е само „спорадична, поединечна провокација“ appeared first on Република.

Пратениците на СДСМ веќе не знаат што зборуваат: Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenicite-na-sdsm-vekje-ne-znaat-shto-zboruvaat-znaete-li-shto-e-oliver-spasovski-za-vas-pretsedatel-na-drzavata-za-kriminal-ete-toa-e/ Fri, 15 Jul 2022 21:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=529614

Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е!

Ова денеска од собраниската говорница го кажа пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска, видно револтирана обраќајки ѝ се на опоцијата. Дали тоа беше лапсус или нејзино мислење, таа знае.

Во тензична собраниска расправа минува и денешната расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија. Седницата продолжува утре во 11 часот, а останаа уште тројца пратеници кои се пријавен за расправа.

The post Пратениците на СДСМ веќе не знаат што зборуваат: Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е! appeared first on Република.

]]>

Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е! Ова денеска од собраниската говорница го кажа пратеничката од СДСМ Марија Георгиевска, видно револтирана обраќајки ѝ се на опоцијата. Дали тоа беше лапсус или нејзино мислење, таа знае. Во тензична собраниска расправа минува и денешната расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија. Седницата продолжува утре во 11 часот, а останаа уште тројца пратеници кои се пријавен за расправа.

The post Пратениците на СДСМ веќе не знаат што зборуваат: Знаете ли што е Оливер Спасовски за вас? Претседател на државата за криминал! Ете тоа е! appeared first on Република.

]]>
Георгиевска: Новата Влада ќе продолжи со директна финансиска помош за стопанството и граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/georgievska-novata-vlada-kje-prodolzi-so-direktna-finansiska-pomosh-za-stopanstvoto-i-gragjanite/ Sun, 16 Jan 2022 20:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=445460

Програмата на новата Влада обезбедува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и зајакнување на економската моќ на земјата, порача пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска на денешната собраниска седница.

„Во делот на социјалната заштита фокусот на Владата ќе биде на борба против сиромаштијата. Социјалните надоместоци, во своите видливо покачени износи, ќе бидат оебзбедувани за околу 300.000 граѓани. Системот на социјална заштита е подготвен да ги апсорбира сите семејства во социјален ризик, 35.500 домаќинства , детски додаток за 47.000 деца и образовен додаток кој го користат околу 30.000 ученици и студенти. Добро е што останува посветеноста на владата за директна финансиска поддршка на бизнисот и населението, како што тоа успешно се реализираше во најтешките услови на пандемијата. Ќе продолжи континуирана исплата на платите, пензиите и социјалната помош и нивно натамошно зголемување. Порастот на минималната плата ќе продолжи и до крајот на мандатот на Владата, проектирано е просечната плата да изнесува 34.000 денари, базирано на континуираниот раст на просечната нето плата во изминатиот период.“ посочи Георгиевска.

Таа истакна дека периодот од 2,5 години без изборни циклуси мора да се искористи за реализација на што повеќе проекти од Програмата на Владата и да се забрза економскиот раст.

„Главна цел на економската политика на оваа Влада е остварување на повисоки стапки на економски раст,зголемување на обемот на домашни и странски инвестиции и зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции. За таа цел е подготвен План за забрзан економски раст, кој се состои од сите елементи кои ќе придонесат за зголемување на растот на економијата. Овој важен документ е поддржан од сите меѓународни релевантни финансиски институции, кој ќе овозможи остварлива економска трансформација, со клучна улога во поттикнување на нови работни места и раст на економијата.“ заклучи Георгиевска.

https://www.youtube.com/watch?v=gvfphKDPg4E

The post Георгиевска: Новата Влада ќе продолжи со директна финансиска помош за стопанството и граѓаните appeared first on Република.