Марија Брзакова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-brzakova/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 11:47:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Брзакова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-brzakova/ 32 32 Три години нема одговор што се случи со бремената Марија Брзакова, случајот е уште отворен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-godini-nema-odgovor-shto-se-sluchi-so-bremenata-marija-brzakova-sluchajot-e-ushte-otvoren/ Wed, 18 Jan 2023 19:38:59 +0000 https://republika.mk/?p=597606

Три години подоцна - јавното обвинителство не го затворило случајот на исчезнатата Марија Брзакова од струмичко Босилово. Според информациите на „Телма“ од извори од ОЈО, дејствија по меѓународна правна помош се побарани и од неколку други држави и странски компании.

Марија Брзакова исчезна на 18 јануари 2020 година. Според пријавеното, таа сабота во раните утрински часови, облечена во темни тренерки и патики или влечки, без телефон или друг личен документ, тогаш 28-годшната жена го напуштила семејниот дом во струмичко Босилово. Таа има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба…

Нејзиното исчезнување во полиција од страна на сопругот беше пријавено дури три дена подоцна.

Брзакова е мајка на четиригодишно дете, а во моментот на исчезнувањето била во вториот месец од бременоста. Нејзината мајка Валентина порача дека Марија е семејна личност, која никогаш не би си го напуштила детето.

Тогаш стотина ловци, граѓани и кучиња во координација со полицијата, трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, по каналите, полето, браните, каналите, сè до границата со Бугарија.

Според граничната полиција Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла од неа.

Разгледани се снимките од селото и околните патни правци, земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и оттаму нема информации за Брзакова.

Лани oд Обвинителството информираа дека се разгледуваат повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можност од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и насилна смрт.

 

The post Три години нема одговор што се случи со бремената Марија Брзакова, случајот е уште отворен appeared first on Република.

]]>

Три години подоцна - јавното обвинителство не го затворило случајот на исчезнатата Марија Брзакова од струмичко Босилово. Според информациите на „Телма“ од извори од ОЈО, дејствија по меѓународна правна помош се побарани и од неколку други држави и странски компании. Марија Брзакова исчезна на 18 јануари 2020 година. Според пријавеното, таа сабота во раните утрински часови, облечена во темни тренерки и патики или влечки, без телефон или друг личен документ, тогаш 28-годшната жена го напуштила семејниот дом во струмичко Босилово. Таа има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба… Нејзиното исчезнување во полиција од страна на сопругот беше пријавено дури три дена подоцна. Брзакова е мајка на четиригодишно дете, а во моментот на исчезнувањето била во вториот месец од бременоста. Нејзината мајка Валентина порача дека Марија е семејна личност, која никогаш не би си го напуштила детето. Тогаш стотина ловци, граѓани и кучиња во координација со полицијата, трагаа по Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, по каналите, полето, браните, каналите, сè до границата со Бугарија. Според граничната полиција Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла од неа. Разгледани се снимките од селото и околните патни правци, земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и оттаму нема информации за Брзакова. Лани oд Обвинителството информираа дека се разгледуваат повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можност од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и насилна смрт.  

The post Три години нема одговор што се случи со бремената Марија Брзакова, случајот е уште отворен appeared first on Република.

]]>