Марија Апчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-apchevska/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Apr 2024 10:44:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марија Апчевска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marija-apchevska/ 32 32 „Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proletno-chistene-na-rezhiserkata-marija-apchevska-petrovska-eden-od-10-te-proekti-odbrani-na-16-ta-editsija-na-prestizhnata-programa-la-fabrique-cinema/ Tue, 16 Apr 2024 10:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=766661

Проектот „Пролетно чистење“ на режисерката Marija Apcevska - Петровска во продукција на Kino Oko, а по сценарио на Марија Апчевска - Петровска и Ереник Бекири е еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma de INSTITUT FRANÇAIS за препознавање и промовирање на филмаџии и продуценти од целиот свет.

Ова е прв македонски проект одбран во оваа програма.

Програмата La Fabrique Cinéma ќе се одвива во рамките на Festival de Cannes од 14 до 25 мај, 2024, каде продуцентот Роберт Насков и режисерката Марија Апчевска - Петровска ќе имаат можност да го претстават проектот „Пролетно Чистење“ пред најдобрите агенти за продажба и дистрибутери како и пред програмери и селектори на најголемите филмски фестивали.

 La Fabrique Cinéma de l'Institut français претставува програма за идентификување и промовирање на филмаџиите и продуценти од земјите во развој, кои нудат поддршка по „мерка“ за први и втори филмски проекти, во тесна соработка со Festival de Cannes, Marché du Film и бројни професионални партнери. La Fabrique Cinéma е алатка која поддржува меѓународна копродукција со Франција, покрај фондот „Aide aux Cinémas du monde“, фонд со кој заеднички управува Францускиот Национален Филмски Центар (CNC) и Францускиот институт.

Од 2009 година, програмата поддржала 154 проекти од земјите во развој и помогнала на 282 учесници од кои 43% се жени од 65 различни националности.

The post „Пролетно чистење“ на режисерката Марија Апчевска – Петровска еден од 10-те проекти одбрани на 16-та едиција на престижната програма La Fabrique Cinéma appeared first on Република.

]]>

„Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/severen-pol-na-marija-apchevska-vo-natprevaruvachka-selekcija-na-festival-vo-nansi-a-igor-ivanov-izi-chlen-na-zirito-za-dokumentaren-film/ Mon, 05 Sep 2022 07:58:10 +0000 https://republika.mk/?p=547522

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот, јави дописникот на МИА.

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот.

Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.

The post „Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм appeared first on Република.

]]>

Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, додека македонскиот режисер Игор Иванов-Изи е член на жирито за документарен филм на фестивалот, јави дописникот на МИА. Краткометражниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска се наоѓа во официјалната натпреварувачка селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси-Франција, селекциониран меѓу 2800 филмови кои годинава конкурираа на фестивалот. Филмот на Марија Апчевска „Северен Пол“, кој досега учествуваше на повеќе од 40 интернационални фестивали и освои неколку награди, како и номинација за Европските филмски награди (EFA) и се квалификува за наградата „Оскар“, во Нанси се наоѓа во натпреварувачката меѓународна селекција и ќе биде прикажан три пати.

The post „Северен Пол“ на Марија Апчевска во натпреварувачка селекција на фестивал во Нанси, а Игор Иванов-Изи, член на жирито за документарен филм appeared first on Република.

]]>
„Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/problemot-na-tina-i-severen-pol-vo-oficijalna-selekcija-na-hollyshorts-film-festival/ Mon, 25 Jul 2022 21:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=533199

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во официјалната селекција на „HollyShorts Film Festival“ што се одржува во Холивуд, САД, соопштија денеска од продукцијата „Кино Око“.

„Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот ‘TCL Chinese Theatre’ на ‘Hollywood Blvd’, во периодот од 11 до 20 август. ‘HollyShorts Film Festival’ е ‘Academy Awards Qualifying Festival’ и секоја година избира три филма кои се квалификуваат за наградата ‘Oscar’. И оваа година во официјалната селекција има филмови во кои играат актери кои се номинирани или се добитници на наградите ‘Oscar’, ‘Golden Globe’, ‘Grаmmy’, ‘Emmy’, како Џејмс Франко, Брајан Кокс, Росарио Давсон, Виз Калифа, Колман Доминго и други“, посочуваат од „Кино Око“.

Оттаму додаваат дека по освојувањето на наградата „Golden Umbrella“ за најдобар интернационален филм на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” на „HollyShorts“ ќе ја има својата американска премиера.

„Северен пол” пак, после премиерата во официјалната селекција на фестивалот во Кан учествуваше на повеќе од 80 интернационални фестивали и освои неколку награди, посочуваат од „Кино Око“.

Продуцент на двата филма е Роберт Насков, а филмовите се во продукција на „Кино Око“ и „Партизанс“.

The post „Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ appeared first on Република.

]]>

Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во официјалната селекција на „HollyShorts Film Festival“ што се одржува во Холивуд, САД, соопштија денеска од продукцијата „Кино Око“. „Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот ‘TCL Chinese Theatre’ на ‘Hollywood Blvd’, во периодот од 11 до 20 август. ‘HollyShorts Film Festival’ е ‘Academy Awards Qualifying Festival’ и секоја година избира три филма кои се квалификуваат за наградата ‘Oscar’. И оваа година во официјалната селекција има филмови во кои играат актери кои се номинирани или се добитници на наградите ‘Oscar’, ‘Golden Globe’, ‘Grаmmy’, ‘Emmy’, како Џејмс Франко, Брајан Кокс, Росарио Давсон, Виз Калифа, Колман Доминго и други“, посочуваат од „Кино Око“. Оттаму додаваат дека по освојувањето на наградата „Golden Umbrella“ за најдобар интернационален филм на фестивалот во Измир, „Проблемот на Тинa” на „HollyShorts“ ќе ја има својата американска премиера. „Северен пол” пак, после премиерата во официјалната селекција на фестивалот во Кан учествуваше на повеќе од 80 интернационални фестивали и освои неколку награди, посочуваат од „Кино Око“. Продуцент на двата филма е Роберт Насков, а филмовите се во продукција на „Кино Око“ и „Партизанс“.

The post „Проблемот на Тина“ и „Северен пол“ во официјална селекција на „Hollyshorts Film Festival“ appeared first on Република.

]]>
Апчевска, Теодосиева и Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/apchevska-teodosieva-i-bagashov-se-makedonskite-pretstavnici-na-berlinale-talenti/ Fri, 21 Jan 2022 07:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=447386

Режисерката Марија Апчевска, актерката Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов оваа година се избрани да учествуваат во програмата на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, „Берлинале таленти“ што годинава ќе се одржува дигитално од 12 до 17 февруари.

Оваа година е 20-то издание на програмата во кое има 200 избрани учесници од повеќе од 70 различни држави.

Апчевска минатата година го претстави својот краток филм „Северен пол“ чија премиера беше на Канскиот фестивал.

Теодосиева е филмска и театарска актерка со деби филмска улога во филмот на Александар Поповски, „Балканот не е мртов“ (2013). Досега има глумено во „Врба“ на Милчо Манчевски, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, а улогата во „Параболик“ од Мартин Иванов ѝ ја даде можноста да биде избрана во програмата „Сараево Таленти“ во 2014 година.

Багашов, пак, ја толкуваше улогата на Крис во филмот на Дина Дума, „Сестри“. Тој досега има играно и во „Кога денот немаше име“, а во негова режија се филмовите „Лица“, „Мишко“. За проектот во развој „Скакулци“, кој треба да резултира во краткометражен филм, ја доби главната награда на European Short Pitch 2020. Ова е негово второ учество на Берлинале, така што годинава е меѓу десетте режисери, селектирани од цел свет, за учество во лабораторијата за развој на долгометражни филмови.

„Берлинале таленти“ е развојна програма во склоп на престижниот филмски фестивал чија главна цел е да избере учесници кои со својата креативна визија прават промени во општеството.

The post Апчевска, Теодосиева и Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“ appeared first on Република.

]]>

Режисерката Марија Апчевска, актерката Наталија Теодосиевa и режисерот и актер Ханис Багашов оваа година се избрани да учествуваат во програмата на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, „Берлинале таленти“ што годинава ќе се одржува дигитално од 12 до 17 февруари. Оваа година е 20-то издание на програмата во кое има 200 избрани учесници од повеќе од 70 различни држави. Апчевска минатата година го претстави својот краток филм „Северен пол“ чија премиера беше на Канскиот фестивал. Теодосиева е филмска и театарска актерка со деби филмска улога во филмот на Александар Поповски, „Балканот не е мртов“ (2013). Досега има глумено во „Врба“ на Милчо Манчевски, „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески, а улогата во „Параболик“ од Мартин Иванов ѝ ја даде можноста да биде избрана во програмата „Сараево Таленти“ во 2014 година. Багашов, пак, ја толкуваше улогата на Крис во филмот на Дина Дума, „Сестри“. Тој досега има играно и во „Кога денот немаше име“, а во негова режија се филмовите „Лица“, „Мишко“. За проектот во развој „Скакулци“, кој треба да резултира во краткометражен филм, ја доби главната награда на European Short Pitch 2020. Ова е негово второ учество на Берлинале, така што годинава е меѓу десетте режисери, селектирани од цел свет, за учество во лабораторијата за развој на долгометражни филмови. „Берлинале таленти“ е развојна програма во склоп на престижниот филмски фестивал чија главна цел е да избере учесници кои со својата креативна визија прават промени во општеството.  

The post Апчевска, Теодосиева и Багашов се македонските претставници на „Берлинале таленти“ appeared first on Република.

]]>