Мари Бонапарта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mari-bonaparta/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Jul 2022 14:46:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мари Бонапарта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mari-bonaparta/ 32 32 Се подготвува книга со 1.000 писма меѓу Фројд и внуката на Наполеон https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/najavena-kniga-so-1-000-pisma-megju-frojd-i-vnukata-na-napoleon/ Mon, 11 Jul 2022 15:29:51 +0000 https://republika.mk/?p=527076

Необјавена преписка на познатиот австриски психолог, кој се смета за татко на психоанализата, Зигмунд Фројд, со повеќе од илјада писма разменети со Мари Бонапарта, ќе биде објавена во октомври, објави француската издавачка куќа „Фламарион“ (Flammarion).

Правнуката на брат на францускиот државник Наполеон, Лусијен Бонапарта - Мари (1882-1962), била и сопруга на грчки принц, а во 20-тите била живо заинтересирана за психоанализата. Така, таа го контактирала Фројд во 1925 година, кој се согласил да ја прифати како пациентка, но и ученичка, во Виена. Таа во неколку наврати била во неговиот кабинет, а размениле и над 1.000 писма до смртта на Фројд во 1939 година.

Досега необјавена, чувана во Конгресната библиотека во Вашингтон (САД), преписката, жива и изобилна, дава клучни податоци за воведувањето на психоанализата во Франција, којашто ја иницирала Мари Бонапарта. …Писмата го откриваат и односот што Фројд го имал со Бонапарта - соопштија од „Фламарион“.

Според издавачката куќа, нивната врска брзо се развила, така што ученичката станала и негова многу доверлива пријателка.

Книгата од 1.200 страници треба да излезе на 19 октомври, со забелешки на историчарот по психологија Реми Амуро.

The post Се подготвува книга со 1.000 писма меѓу Фројд и внуката на Наполеон appeared first on Република.

]]>

Необјавена преписка на познатиот австриски психолог, кој се смета за татко на психоанализата, Зигмунд Фројд, со повеќе од илјада писма разменети со Мари Бонапарта, ќе биде објавена во октомври, објави француската издавачка куќа „Фламарион“ (Flammarion). Правнуката на брат на францускиот државник Наполеон, Лусијен Бонапарта - Мари (1882-1962), била и сопруга на грчки принц, а во 20-тите била живо заинтересирана за психоанализата. Така, таа го контактирала Фројд во 1925 година, кој се согласил да ја прифати како пациентка, но и ученичка, во Виена. Таа во неколку наврати била во неговиот кабинет, а размениле и над 1.000 писма до смртта на Фројд во 1939 година.
Досега необјавена, чувана во Конгресната библиотека во Вашингтон (САД), преписката, жива и изобилна, дава клучни податоци за воведувањето на психоанализата во Франција, којашто ја иницирала Мари Бонапарта. …Писмата го откриваат и односот што Фројд го имал со Бонапарта - соопштија од „Фламарион“.
Според издавачката куќа, нивната врска брзо се развила, така што ученичката станала и негова многу доверлива пријателка. Книгата од 1.200 страници треба да излезе на 19 октомври, со забелешки на историчарот по психологија Реми Амуро.

The post Се подготвува книга со 1.000 писма меѓу Фројд и внуката на Наполеон appeared first on Република.

]]>