маргарита Цаца Николовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/margarita-caca-nikolovska/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jul 2023 07:25:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png маргарита Цаца Николовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/margarita-caca-nikolovska/ 32 32 За Цаца Николовска одговорноста за уставните измени била кај опозицијата, сега сме имале работа со ЕУ, а не со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-tsatsa-nikolovska-odgovornosta-za-ustavnite-izmeni-bila-kaj-opozitsijata-sega-sme-imale-rabota-so-eu-a-ne-so-bugarija/ Mon, 24 Jul 2023 07:22:42 +0000 https://republika.mk/?p=664598

Состојбата во која во моментов се наоѓа Македонија во однос на уставните измени е однос меѓу државава и Европската Унија, а не Бугарија. Значи, странки во овој процес се Република Македонија и Европската Унија. Однесувањето на опозицијата за целокупното негирање на потребата од уставните измени само со оправдување дека станува збор за бугарски диктат или притисок имајќи предвид на укажаниот однос на нашата држава и ЕУ, е сосема неоснован, вели во интервју за МИА, претседателката на работната група за уставни измени, Маргарита Цаца Николовска.

-За работната група битно беше разгледување на меѓународните документи и преземените обврски што произлегуваат од тие документи.Негласањето на опозицијата за меѓународните документи е нејзина одговорност. Во парламентарната демократија презентирањето на аргументи е главна алатка како што е случај и со дискусија околу тие аргументи, нагласува судијката во интервјуто.

The post За Цаца Николовска одговорноста за уставните измени била кај опозицијата, сега сме имале работа со ЕУ, а не со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Работната група го стокми предлогот: Се менува Прембулата, Бугарите, стануваат народ, а не дел од народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotnata-grupa-go-stokmi-predlogot-se-menuva-prembulata-bugarite-stanuvaat-narod-a-ne-del-od-narod/ Fri, 26 May 2023 16:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=645018

 Работната група на денешната седница ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

-Состанокот заврши успешно, едногласно ги донесовме сите одлуки, имавме плодна дискусија, имаше презентација на едни, на други аргументи, но она што е најважно е дека се согласивме со она што е предлог за пристапување кон измена на Уставот на РСМ со одредени насоки, изменувања и дополнувања таму каде што треба. Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот претседателката на работната група Маргарира Цаца Николовска.

Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ.

Таа соопшти дека има измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците заради тоа што сега се јавува поголем број на народи кои можат да продуцираат поголем број пратеници и да има пратеници во Комитет на заедници.

-Тука е бројот 43, запазен е паритетот, со тоа што по 16 члена од редовите на пратениците во Собранието од редовите на Албанците и Македонците, по еден од редот на пратениците во преамбулата, со тоа што доколку некоја од заедницте нема пратеници, тогаш останува Народниот правобранител по консултации со релевентните претставници на тие заедници да предллжи членови на Комитетот, рече Цаца Николовска.

Работната група изготвила и кратко образложение за иницијативата и нејзината основаност и оправданост.

-Ова е наративниот текст. Јас ги прочитав измените и одредените членови во Уставот, меѓутоа амандманите после ќе треба да се припремаат во текстот така како што треба да се презентираат пред Собранието. Сега да посакаме успешна работа и на Собранието, да ги прифатат овие да речам предлог измени за да може понатаму државата успешно да ја тера постапката во остварување на заедничката стратешка цел - влез во Европа, изјави Цаца Николовска.

The post Работната група го стокми предлогот: Се менува Прембулата, Бугарите, стануваат народ, а не дел од народ appeared first on Република.

]]>

 Работната група на денешната седница ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.
-Состанокот заврши успешно, едногласно ги донесовме сите одлуки, имавме плодна дискусија, имаше презентација на едни, на други аргументи, но она што е најважно е дека се согласивме со она што е предлог за пристапување кон измена на Уставот на РСМ со одредени насоки, изменувања и дополнувања таму каде што треба. Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот претседателката на работната група Маргарира Цаца Николовска.
Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Република Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ. Таа соопшти дека има измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците заради тоа што сега се јавува поголем број на народи кои можат да продуцираат поголем број пратеници и да има пратеници во Комитет на заедници.
-Тука е бројот 43, запазен е паритетот, со тоа што по 16 члена од редовите на пратениците во Собранието од редовите на Албанците и Македонците, по еден од редот на пратениците во преамбулата, со тоа што доколку некоја од заедницте нема пратеници, тогаш останува Народниот правобранител по консултации со релевентните претставници на тие заедници да предллжи членови на Комитетот, рече Цаца Николовска.
Работната група изготвила и кратко образложение за иницијативата и нејзината основаност и оправданост.
-Ова е наративниот текст. Јас ги прочитав измените и одредените членови во Уставот, меѓутоа амандманите после ќе треба да се припремаат во текстот така како што треба да се презентираат пред Собранието. Сега да посакаме успешна работа и на Собранието, да ги прифатат овие да речам предлог измени за да може понатаму државата успешно да ја тера постапката во остварување на заедничката стратешка цел - влез во Европа, изјави Цаца Николовска.

The post Работната група го стокми предлогот: Се менува Прембулата, Бугарите, стануваат народ, а не дел од народ appeared first on Република.

]]>
Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsatsa-nikolovska-rabotnata-grupa-za-ustavni-izmeni-nema-mandat-da-go-redefinira-ustavot/ Fri, 26 May 2023 10:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=644853

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група.

Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат, не знам од кај го вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна група, сме се договориле и сега повторно ги повикувам тие, ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии го зборуваат е нивно мислење и не можеме да го стопираме или негираме, рече претседателката Цаца Николовска, во гостувањето во емисијата „Утрински печат“

На јавноста, нагласи Цаца Николовска, треба да и биде јасно дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.

Македонскиот идентитет преку јазикот, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување, не е во ред. Не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран, нагласи Цаца Николовска.

Поранешната уставна судијка посочи дека во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно во самата Преамбула, каде делот „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ...“ би се проширил со набројување на делови на други народи.

Цаца Николовска нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани, зошто таква е процедурата на промена во Уставот, а што тие ќе содржат е друго прашање.

The post Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, Маргарита Цаца Николовска вели дека нивниот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот и дека на јавноста треба да и биде јасно оти нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав. Лиферувањето на невистини за работата на работната група, според Цаца Николовска, треба да се стопира и македонската јавноста да биде правилно информирана што прави или ќе прави работната група.
Нашиот мандат апсолутно не е да се редефинира Уставот. Тоа што одредени личности тоа сакаат да прикажат, не знам од кај го вадат. Тие велат дека имаат од внатре луѓе кои им доставуваат вакви информации. Ние во самата Работна група, сме се договориле и сега повторно ги повикувам тие, ако постојат, ако лиферуваат одредени информации барем да лиферуваат вистински информации, да кажат што ние до сега сме работеле. Ние сме го работеле Деловникот токму заради овие ситуации да немаме бегање од тоа што ни е мандатот. Имаме и решенија коишто наведуваат што и како. Сè друго што политичките партии го зборуваат е нивно мислење и не можеме да го стопираме или негираме, рече претседателката Цаца Николовска, во гостувањето во емисијата „Утрински печат“
На јавноста, нагласи Цаца Николовска, треба да и биде јасно дека нема никакво редефинирање на државата, на македонскиот идентитет и на она што значи Устав.
Македонскиот идентитет преку јазикот, преку постоење на народ е многу децидно наведен во апсолутно сите меѓународни и национални документи и да се прави само некоја збрка во целото ова опкружување, не е во ред. Не заради навредите што јас ги добивам, тие навреди нека им служат на чест на оние кои ги прават, меѓутоа народот треба да биде правилно информиран и не треба да биде манипулиран, нагласи Цаца Николовска.
Поранешната уставна судијка посочи дека во моментов работната група работи точно на она што треба да се смени во Уставот, односно во самата Преамбула, каде делот „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ...“ би се проширил со набројување на делови на други народи. Цаца Николовска нагласува дека овие промени ќе бидат направени преку уставни амандмани, зошто таква е процедурата на промена во Уставот, а што тие ќе содржат е друго прашање.

The post Цаца Николовска: Работната група за уставни измени нема мандат да го редефинира Уставот appeared first on Република.

]]>
Николовска за уставните измени: Сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovskaza-ustavnite-izmeni-sakame-kolku-e-vozmozhno-pobrzo-da-se-zavrshi-sushtinskata-rasprava/ Thu, 18 May 2023 09:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=642190

Претседателката на Работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска изјави дека утре на дневен ред е усвојувањето на деловникот за работа на работната група која треба да го подготви текстот за иницијативата за измени на Уставот на државата.

- Утре, на дневен ред ни е усвојување на деловникот којшто е многу важен за работата на оваа комисија, којашто е многубројна и со таква многубројна комисија не може да очекувате за еден, два дена многу работи да се завршат. Одиме постепено, рече Николовска.

Таа посочи дека никој нема поставено рокови по однос на нивната работа.

- Откога ќе почнеме да работиме на суштината на проблемот, откога ќе почнеме да ги разгледуваме можностите за Нацрт-предлогот за иницијатива за промена на Уставот, тогаш ќе можеме малку повеќе да зборуваме и за рокови. Меѓутоа, можам да ве уверам дека сите ние сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа. И во таа насока откога ќе почнеме и да работиме на суштинската расправа ќе добивате информации и транспарентноста ќе биде застапена без каков било проблем, рече Николовска.

The post Николовска за уставните измени: Сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска изјави дека утре на дневен ред е усвојувањето на деловникот за работа на работната група која треба да го подготви текстот за иницијативата за измени на Уставот на државата. - Утре, на дневен ред ни е усвојување на деловникот којшто е многу важен за работата на оваа комисија, којашто е многубројна и со таква многубројна комисија не може да очекувате за еден, два дена многу работи да се завршат. Одиме постепено, рече Николовска. Таа посочи дека никој нема поставено рокови по однос на нивната работа.
- Откога ќе почнеме да работиме на суштината на проблемот, откога ќе почнеме да ги разгледуваме можностите за Нацрт-предлогот за иницијатива за промена на Уставот, тогаш ќе можеме малку повеќе да зборуваме и за рокови. Меѓутоа, можам да ве уверам дека сите ние сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа. И во таа насока откога ќе почнеме и да работиме на суштинската расправа ќе добивате информации и транспарентноста ќе биде застапена без каков било проблем, рече Николовска.

The post Николовска за уставните измени: Сакаме колку е возможно побрзо да се заврши суштинската расправа appeared first on Република.

]]>
Работната група брза да ги стокми уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rabotnata-grupa-brza-da-gi-stokmi-ustavnite-izmeni/ Thu, 11 May 2023 15:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=639810

Претседателката на работната група за подготвување на предлог-иницијатива за потребата од уставни измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, по завршувањето на денешниот состанок на групата, изјави дека расправата по деловникот завршила и оти истиот ќе се гласа идниот петок.

-Го разгледувавме деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот. Тоа беше денешната содржина на денешната седница, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот.

Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече повтори дека не би шпекулирала со време.

-Комисијата е составена од 23 членови, секој ќе сака нешто да каже, има право нормално. Сето тоа треба да се разгледува, да се сумира и во зависност од сето тоа ќе оди драфтирање на предлог нацрт амандманите, рече Цаца Николовска.

Работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија, ја сочинуваат 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институци

The post Работната група брза да ги стокми уставните измени appeared first on Република.

]]>

Претседателката на работната група за подготвување на предлог-иницијатива за потребата од уставни измени и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска, по завршувањето на денешниот состанок на групата, изјави дека расправата по деловникот завршила и оти истиот ќе се гласа идниот петок. -Го разгледувавме деловникот. Завршивме со негово разгледување и во петок ќе го гласаме истиот. Тоа беше денешната содржина на денешната седница, рече Цаца Николовска по завршување на состанокот. Во однос на изјавите од Влада дека до крајот на мај очекуваат да биде познат текстот на уставните амандмани, таа рече повтори дека не би шпекулирала со време.  