Маргарет Атвуд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/margaret-atvud/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Nov 2022 21:56:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Маргарет Атвуд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/margaret-atvud/ 32 32 Русија и забрани влез на светски познатата писателка Маргарет Атвуд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-i-zabrani-vlez-na-svetski-poznatata-pisatelka-margaret-atvud/ Mon, 14 Nov 2022 21:56:39 +0000 https://republika.mk/?p=573890

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека сто Канаѓани се додадени на листата на луѓе на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите што Канада ги воведе кон Русија.

На листата на кои им е забранет влез во Русија се и писателката Маргарет Атвуд, актерот Џим Кери и Ејми Најт, истакната историчарка која ја проучува историјата на КГБ.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека им се забранува влез на Канаѓаните кои се вмешани во „обликувањето на агресивно антирускиот курс” на Канада. Исто така се наведува дека голем број од лицата на кои им е забранет влез во Русија се поврзани со украински организации.

The post Русија и забрани влез на светски познатата писателка Маргарет Атвуд appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека сто Канаѓани се додадени на листата на луѓе на кои им е забранет влез во земјата како одговор на санкциите што Канада ги воведе кон Русија. На листата на кои им е забранет влез во Русија се и писателката Маргарет Атвуд, актерот Џим Кери и Ејми Најт, истакната историчарка која ја проучува историјата на КГБ. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека им се забранува влез на Канаѓаните кои се вмешани во „обликувањето на агресивно антирускиот курс” на Канада. Исто така се наведува дека голем број од лицата на кои им е забранет влез во Русија се поврзани со украински организации.

The post Русија и забрани влез на светски познатата писателка Маргарет Атвуд appeared first on Република.

]]>
Маргарет Атвуд најави ново издание на нејзиниот славен роман „Приказната на робинката“ кој ќе биде огноотпорен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/margaret-atvud-najavi-novo-izdanie-na-nejziniot-slaven-roman-prikaznata-na-robinkata-koj-kje-bide-ognootporen/ Wed, 25 May 2022 12:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=506793

По вжештената дебата околу книгите за кои десничарите сметаат дека не се соодветни да се наоѓаат во училишните библиотеки, авторката Маргарет Атвуд најави ново издание на нејзиниот славен роман „Приказната на робинката“ кој ќе биде огноотпорен.

Канадската авторка новиот проект го најави во кратко видео на Јутјуб, во кое Атвуд со пламенофрлач неуспешно се обидува да ја запали својата книга.

https://www.youtube.com/watch?v=zpsMsAMY4eM

Најавувајќи ја книгата од издавачката куќа „Пингвин Рендом Хаус“ велат дека специјалното издание на овој роман кој со децении е оспоруван и забрануван во разни држави е поради тоа што во САД и низ светот голем број книги оваа година биле забранети, па дури и палени.

„Книгата е испечатена на материјали кои не горат. Ова издание на „Приказната на робинката“ на Маргарет Етвуд е направено да биде целосно огноотпорно и дизајнирано е да ја заштити оваа важна приказна и да стои како моќен симбол против цензурата“, велат во промотивното видео.

Романот ја раскажува приказната на Офред, девојка која има улога на робинка во нов режим на опресивна Америка од иднината. Овие робинки се принудени да раѓаат деца за неплодните жени од повисоките социјални сталежи и сопругите на командантите кои раководат со дистопискиот систем в0 државата наречена Гилеад.

Книгата на Атвуд доби уште поголем публицитет поради адаптацијата на оваа приказна во телевизиска серија, која имаше огромна гледаност. Облеката на „робинките“, во црвени наметки со бели капи, стана познат симбол на протестите за репродуктивните и женските права.

Огноотпорното издание на „Приканзата на робинката“ ќе биде ставено на аукција, а доаѓа во пресрет на одлуката на американскиот Врховен суд кој се очекува да го поништи националното право на абортус во земјата.

Жените кои не можат да носат свои одлуки за тоа дали треба или не треба да имаат бебиња се поробени бидејќи државата положува право на сопственост на нивните тела и право да диктира за која цел ќе бидат употребени нивните тела, напиша Атвуд во последната збирка есеи.

Огноотпорното издание на „Приказната на робинката“ ќе биде понудено по почетна цена од 40.000 долари, а сите средства ќе бидат донирани за непрофитната организација „Пен Америка“, за поддршка на нивната борба за слобода на изразување.

Според Американската асоцијација на библиотеки овој роман бил меѓу најчесто забрануваните и оспорувани книги во американските училишта.

Во 2006 година во отворено писмо до училиште кое сакало да ја забрани нејзината книга, Атвуд има напишано:

Најпрво, забелешката „навредливо за христијаните“ ме вчудоневидува. Никаде во книгата режимот не е идентификуван како христијански. А, во врска со сексуалните експлицитности, „Приказната на робинката“ не е ништо помалку заинтересирана за секс отколку Библијата.

 

The post Маргарет Атвуд најави ново издание на нејзиниот славен роман „Приказната на робинката“ кој ќе биде огноотпорен appeared first on Република.

]]>

По вжештената дебата околу книгите за кои десничарите сметаат дека не се соодветни да се наоѓаат во училишните библиотеки, авторката Маргарет Атвуд најави ново издание на нејзиниот славен роман „Приказната на робинката“ кој ќе биде огноотпорен. Канадската авторка новиот проект го најави во кратко видео на Јутјуб, во кое Атвуд со пламенофрлач неуспешно се обидува да ја запали својата книга. https://www.youtube.com/watch?v=zpsMsAMY4eM Најавувајќи ја книгата од издавачката куќа „Пингвин Рендом Хаус“ велат дека специјалното издание на овој роман кој со децении е оспоруван и забрануван во разни држави е поради тоа што во САД и низ светот голем број книги оваа година биле забранети, па дури и палени. „Книгата е испечатена на материјали кои не горат. Ова издание на „Приказната на робинката“ на Маргарет Етвуд е направено да биде целосно огноотпорно и дизајнирано е да ја заштити оваа важна приказна и да стои како моќен симбол против цензурата“, велат во промотивното видео. Романот ја раскажува приказната на Офред, девојка која има улога на робинка во нов режим на опресивна Америка од иднината. Овие робинки се принудени да раѓаат деца за неплодните жени од повисоките социјални сталежи и сопругите на командантите кои раководат со дистопискиот систем в0 државата наречена Гилеад. Книгата на Атвуд доби уште поголем публицитет поради адаптацијата на оваа приказна во телевизиска серија, која имаше огромна гледаност. Облеката на „робинките“, во црвени наметки со бели капи, стана познат симбол на протестите за репродуктивните и женските права. Огноотпорното издание на „Приканзата на робинката“ ќе биде ставено на аукција, а доаѓа во пресрет на одлуката на американскиот Врховен суд кој се очекува да го поништи националното право на абортус во земјата.
Жените кои не можат да носат свои одлуки за тоа дали треба или не треба да имаат бебиња се поробени бидејќи државата положува право на сопственост на нивните тела и право да диктира за која цел ќе бидат употребени нивните тела, напиша Атвуд во последната збирка есеи.
Огноотпорното издание на „Приказната на робинката“ ќе биде понудено по почетна цена од 40.000 долари, а сите средства ќе бидат донирани за непрофитната организација „Пен Америка“, за поддршка на нивната борба за слобода на изразување. Според Американската асоцијација на библиотеки овој роман бил меѓу најчесто забрануваните и оспорувани книги во американските училишта. Во 2006 година во отворено писмо до училиште кое сакало да ја забрани нејзината книга, Атвуд има напишано:
Најпрво, забелешката „навредливо за христијаните“ ме вчудоневидува. Никаде во книгата режимот не е идентификуван како христијански. А, во врска со сексуалните експлицитности, „Приказната на робинката“ не е ништо помалку заинтересирана за секс отколку Библијата.
 

The post Маргарет Атвуд најави ново издание на нејзиниот славен роман „Приказната на робинката“ кој ќе биде огноотпорен appeared first on Република.

]]>