Марченко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marchenko/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Mar 2023 20:14:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Марченко Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/marchenko/ 32 32 Се водат битки во близина на Бахмут, но и на улиците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-vodat-bitki-vo-blizina-na-bahmut-no-i-na-ulitsite/ Sat, 04 Mar 2023 20:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=615940

Заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко, за Би-би-си изјави дека Русија сè уште нема воспоставено контрола врз градот и дека руските и украинските сили сега се борат на улиците во градот. Во Бахмут има уште 4 000 цивили кои живеат комплетно отсечени во бункери, без пристап до гас, струја или вода. Според заменик-градоначалникот, нема зграда во градот која не била погодена во војната и вели дека градот е речиси целосно уништен.

„Се водат битки во близина на градот, но и на улиците. Русија нема цел да го зачува градот, туку сака да направи геноцид врз украинскиот народ“,

кажа Марченко.

Тој додава и дека во градот нема комуникација бидејќи е отсечен, мостовите се уништени, а тактиката која Русија ја користи е нехумана.

„Не треба да им дадеме ниту метар од нашата земја на непријателите. Треба да ги браниме нашата земја и нашите луѓе“,

вели Марченко.

Инаку, битките за Бахмут траат неколку месеци, а доколку градот падне, тоа ќе биде првиот поголем успех за Русија во последните месеци откако пред речиси два месеци под руска окупација падна градот Соледар. Падот на Бахмут се предвидуваше одамна, а од Би-би-си велат дека секоја информација која доаѓа оттаму треба да се земе со доза на резерва. Претходно и украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека ситуацијата во градот станува сè потешка иако украинската армија тврдеше дека успешно ги одбива нападите на руската армија.

Инаку, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изврши увид во „командното место“ на линијата на фронтот во Источна Украина, во услови на жестока битка за градот Бахмут, соопшти неговото министерство.

Министерството објави дека Шојгу го посетил командното место на фронтот во правец Донецк-Југ, без да прецизира точно место или време. Министерството објави видео на кое се гледа како Шојгу лета со хеликоптер, а потоа разговара, без да носи шлем или панцир, со војник пред оштетените згради. Во продолжението на видеото Шојгу им дава медали на руските војници.

The post Се водат битки во близина на Бахмут, но и на улиците appeared first on Република.

]]>

Заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко, за Би-би-си изјави дека Русија сè уште нема воспоставено контрола врз градот и дека руските и украинските сили сега се борат на улиците во градот. Во Бахмут има уште 4 000 цивили кои живеат комплетно отсечени во бункери, без пристап до гас, струја или вода. Според заменик-градоначалникот, нема зграда во градот која не била погодена во војната и вели дека градот е речиси целосно уништен.
„Се водат битки во близина на градот, но и на улиците. Русија нема цел да го зачува градот, туку сака да направи геноцид врз украинскиот народ“, кажа Марченко.
Тој додава и дека во градот нема комуникација бидејќи е отсечен, мостовите се уништени, а тактиката која Русија ја користи е нехумана.
„Не треба да им дадеме ниту метар од нашата земја на непријателите. Треба да ги браниме нашата земја и нашите луѓе“, вели Марченко.
Инаку, битките за Бахмут траат неколку месеци, а доколку градот падне, тоа ќе биде првиот поголем успех за Русија во последните месеци откако пред речиси два месеци под руска окупација падна градот Соледар. Падот на Бахмут се предвидуваше одамна, а од Би-би-си велат дека секоја информација која доаѓа оттаму треба да се земе со доза на резерва. Претходно и украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека ситуацијата во градот станува сè потешка иако украинската армија тврдеше дека успешно ги одбива нападите на руската армија.
Инаку, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изврши увид во „командното место“ на линијата на фронтот во Источна Украина, во услови на жестока битка за градот Бахмут, соопшти неговото министерство. Министерството објави дека Шојгу го посетил командното место на фронтот во правец Донецк-Југ, без да прецизира точно место или време. Министерството објави видео на кое се гледа како Шојгу лета со хеликоптер, а потоа разговара, без да носи шлем или панцир, со војник пред оштетените згради. Во продолжението на видеото Шојгу им дава медали на руските војници.

The post Се водат битки во близина на Бахмут, но и на улиците appeared first on Република.

]]>