Мара Попара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mara-popara/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Jan 2023 15:08:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мара Попара Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mara-popara/ 32 32 Згаснала од болка по синот единец: Мара Попара почина 4 месеци по 36-годишниот Александар https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/zgasnala-od-bolka-po-sinot-edinets-mara-popara-pochina-4-mesetsi-po-36-godishniot-aleksandar/ Tue, 10 Jan 2023 19:01:01 +0000 https://republika.mk/?p=595465

Нови моменти од тешкиот живот на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина денеска, од час во час се споделуваат на социјалните мрежи.

Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, со најдобра намера откри дека славната Мара Попара си имала свои маки со кои храбро се носела и дека позади себе го оставила единственото чедо кое го родила на речиси 50 години, сега блиски пријатели на нејзиниот син Александар велат дека приказната е многу потрагична.

Александар починал на 36-годишна возраст во септември.

„Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој ѝ беше целиот свет, се тргна од се’ и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи.. Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата“, велат пријатели на Александар за „Фокус“.

Претходно, и актерката Стојна Костоска напиша трогателна посвета со која откри за трагичната судбина на синот на Крстева.

„Драга колешке, престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти.. Чувај ги! Кате, лесна ти земја“, напиша таа на „Фејсбук“.

The post Згаснала од болка по синот единец: Мара Попара почина 4 месеци по 36-годишниот Александар appeared first on Република.

]]>

Нови моменти од тешкиот живот на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина денеска, од час во час се споделуваат на социјалните мрежи. Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, со најдобра намера откри дека славната Мара Попара си имала свои маки со кои храбро се носела и дека позади себе го оставила единственото чедо кое го родила на речиси 50 години, сега блиски пријатели на нејзиниот син Александар велат дека приказната е многу потрагична. Александар починал на 36-годишна возраст во септември.
„Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, на која тој ѝ беше целиот свет, се тргна од се’ и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи.. Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата“, велат пријатели на Александар за „Фокус“.
Претходно, и актерката Стојна Костоска напиша трогателна посвета со која откри за трагичната судбина на синот на Крстева. „Драга колешке, престанаа твоите болки, сега сте сите ангели на небото, сопругот, син ти.. Чувај ги! Кате, лесна ти земја“, напиша таа на „Фејсбук“.

The post Згаснала од болка по синот единец: Мара Попара почина 4 месеци по 36-годишниот Александар appeared first on Република.

]]>
Почина Мара Попара, дамата на македонското актерство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pochina-mara-popara-damata-na-makedonskoto-akterstvo/ Mon, 09 Jan 2023 11:15:14 +0000 https://republika.mk/?p=594900

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека почина актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“.

Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето.

Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991).

На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последите улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“.

Погребот е денес во 13:00 часот на градските гробишта во Бутел.

The post Почина Мара Попара, дамата на македонското актерство appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека почина актерката Катерина Крстева (1938 - 2023), дамата на македонското актерство - популарна меѓу народот како Мара Попара, по улогата во филмот „Во кафулето кај Гене“. Катерина Крстева е дел од создавањето на историјата на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот препознатлив и ведар дух и лик, како и веселост на театарската сцена и ТВ екраните ја направија миленичка на широката театарска, филмска и телевизиска публика. Како актерка е вработена прво во Драмски театар, за во 1964 година да премине во НУ Македонски народен театар, Скопје, каде останува сé до пензионирањето. Првата улога во МНТ и е онаа во драмата „Дон Цезар од Базан“ премиерно прикажана во 1965 година. Останати нејзини позначајни улоги во МНТ се оние во претставите: „Антица“ (1965), „Градскиот саат“ (1966), „Ревизор“ (1966), „Стапица за осум беспомошни жени“ (1966), „Време од вашиот живот“ (1967), „Сенка“ (1967), „Вител“ (1968), „Мајка“ (1968), „Без вина виновни“ (1968), „Бања“ (1968), „Печалбари“ (1969), „Играта на наредникот Мазгрејв“ (1969), „Парите се отепувачка“ (1970), „Живиот труп“ (1971), „Херкул и оборите на Авгиј“ (1971), „Коштана“ (1971), „Зајдисонце“ (1971), „Фома“ (1972), „Животот на Галилеј“ (1972), „Децата на сонцето“ (1973), „Скуп“ (1973), „Хелдерлин“ (1973), „Ѕидот, водата“ (1973), „Хемиските потписи на човечките организми во воздухот“ (1975), „Хеда Габлер“ (1976), „Отепвачка“ (1976), „Бесови“ (1978), „Кенгурски скок“ (1979), „Милион маченици“ (1980), „Остен“ (1981), „Молскавици“ (1981), „Граѓанинот благородник“ (1982), „Воена тајна“ (1984), „Бог“ (1984), „Слободни врски“ (1984), „Иванов“ (1984), „Аудиенција и под нов покрив“ (1988), „Рекламна бајка“ (1989) и последната „Крик“ (1991). На телевизискиот екран и филмското платно има остварено главни и споредни улоги во сериите и филмовите: „Хихирику“, „Театарче лево коше“, „Трст виа Скопје“, „Македонски народни приказни“, „Поштар“, „Простодушна љубов“, „Погрешно време“, „Битолски лакрдии“, „Волшебното самарче“, „Шеќерна приказна“, „Учителот“, „Милион маченици“, „Едно лето“, „Случки од животот“, „Тврдокорни“, „Пред дождот“, „Во светот на бајките“, „Агенција осамени срца“, „Време за плачење“, „Мост“ и други. Меѓу последите улоги и се оние во „Преспав“ и „Дедо и внук“. Погребот е денес во 13:00 часот на градските гробишта во Бутел.

The post Почина Мара Попара, дамата на македонското актерство appeared first on Република.

]]>