мануел сарацин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manuel-saracin/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 16:28:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мануел сарацин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manuel-saracin/ 32 32 Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/saratsin-bugarija-e-zbuneta-od-baraneto-na-nikoloski/ Sat, 27 Jul 2024 16:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=800834

Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пренесува бугарски „Труд“.

Според Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот.

За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје“, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.

Дополнително, тој коментира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување.

Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-ke-bara-del-od-sredstvata-za-izgradba-na-pruga-do-bugarija-da-se-prenamenat-za-brzata-pruga-na-koridorot-10/

Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција.

Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.

Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Македонија се зборува како за држава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:

За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.

Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.

Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.

Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сè уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ.

Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8.

Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.

Бараме и од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка, со кои потпишале договор претходната влада на СДСМ и ДУИ, тие средства да се пренаменат за изградба на брза пруга по Коридорот 10 и рехабилитација на постојниот коридор 10. Од Табановце до Гевгелија, значи од границата со Србија до границата со Грција за да можат возовите да одат со 100 до 120 километри на час, рехабилитација на постојната пруга, проект што ќе чини 250 милиони евра“, рече Николоски.

The post Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски appeared first on Република.

]]>

Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пренесува бугарски „Труд“. Според Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот.
За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје“, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10.
Дополнително, тој коментира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување. Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-ke-bara-del-od-sredstvata-za-izgradba-na-pruga-do-bugarija-da-se-prenamenat-za-brzata-pruga-na-koridorot-10/ Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало приоритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Македонија и Грција.
Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.
Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Македонија се зборува како за држава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели:
За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.
Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.
Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.
Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сè уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ. Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8. Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.
Бараме и од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка, со кои потпишале договор претходната влада на СДСМ и ДУИ, тие средства да се пренаменат за изградба на брза пруга по Коридорот 10 и рехабилитација на постојниот коридор 10. Од Табановце до Гевгелија, значи од границата со Србија до границата со Грција за да можат возовите да одат со 100 до 120 километри на час, рехабилитација на постојната пруга, проект што ќе чини 250 милиони евра“, рече Николоски.

The post Сарацин: Бугарија е збунета од барањето на Николоски appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се сретна со Сарацин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-sretna-so-saratsin/ Mon, 11 Sep 2023 20:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=681055

Повеќе актуелни теми од значење за двете земји беа тема на дискусија на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, велат од владината прес-служба. Според нивното соопштение, специјалниот претставник Сарацин „ја потврди силната поддршка на германската Влада за натамошниот напредок на земјава на евро-интеграцискиот пат и ги реафирмираше заложбите и очекувањата на Германија државата да продолжи забрзано во таа насока“.

Претстојната одлука за носење на уставните измени пред која е исправена земјава, како што беше нагласено, е одлука да се биде дел од ЕУ, велат од Влада.

Ковачевски се заблагодарил на континуираната поддршка од Германија, потенцирајќи ја важноста на Резолуцијата на германскиот Бундестаг, со којашто „се потврдува силната германска поддршка на Македонија за влез во ЕУ со нејзиниот македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од целокупниот мозаик на европската култура. При тоа, премиерот Ковачевски го истакна очекувањето од Германија, како најголема ЕУ членка, и натаму да игра клучна улога за европската иднина на земјите од Западен Балкан“.

Нагласувајќи дека нашата држава ќе продолжи по патот на европерспективите, премиерот Ковачевски изрази оптимизам дека сите политички партии ќе се обединат и ќе се обезбеди неопходната широка поддршка околу остварувањето на заедничката стратешка цел - членството во Европската Унија. Заеднички беше констатирано дека во остварувањето на оваа стратешка цел, потребен е заеднички напор на сите засегнати во реализирањето на реформските процеси на земјава, што ќе придонесе до значителен напредок и развој. Беше посочено дека сме пред историски, неповторлив момент којшто неминовно води до забрзан економски развој и создавање на просперитетна, европска држава што ќе овозможи поквалитетен живот за сите граѓани, велат од влада.

The post Ковачевски се сретна со Сарацин appeared first on Република.

]]>

Повеќе актуелни теми од значење за двете земји беа тема на дискусија на средбата на премиерот Димитар Ковачевски со специјалниот претставник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, велат од владината прес-служба. Според нивното соопштение, специјалниот претставник Сарацин „ја потврди силната поддршка на германската Влада за натамошниот напредок на земјава на евро-интеграцискиот пат и ги реафирмираше заложбите и очекувањата на Германија државата да продолжи забрзано во таа насока“. Претстојната одлука за носење на уставните измени пред која е исправена земјава, како што беше нагласено, е одлука да се биде дел од ЕУ, велат од Влада. Ковачевски се заблагодарил на континуираната поддршка од Германија, потенцирајќи ја важноста на Резолуцијата на германскиот Бундестаг, со којашто „се потврдува силната германска поддршка на Македонија за влез во ЕУ со нејзиниот македонски идентитет, јазик, култура и историја како дел од целокупниот мозаик на европската култура. При тоа, премиерот Ковачевски го истакна очекувањето од Германија, како најголема ЕУ членка, и натаму да игра клучна улога за европската иднина на земјите од Западен Балкан“. Нагласувајќи дека нашата држава ќе продолжи по патот на европерспективите, премиерот Ковачевски изрази оптимизам дека сите политички партии ќе се обединат и ќе се обезбеди неопходната широка поддршка околу остварувањето на заедничката стратешка цел - членството во Европската Унија. Заеднички беше констатирано дека во остварувањето на оваа стратешка цел, потребен е заеднички напор на сите засегнати во реализирањето на реформските процеси на земјава, што ќе придонесе до значителен напредок и развој. Беше посочено дека сме пред историски, неповторлив момент којшто неминовно води до забрзан економски развој и создавање на просперитетна, европска држава што ќе овозможи поквалитетен живот за сите граѓани, велат од влада.

The post Ковачевски се сретна со Сарацин appeared first on Република.

]]>
Власта се подготвува за опозиција и си амнестира кадри, му порача Мицкоски на Сарацин за измените во Кривичниот законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-se-podgotvuva-za-opozitsija-i-si-amnestira-kadri-mu-poracha-mitskoski-na-saratsin-za-izmenite-vo-krivichniot-zakonik/ Mon, 11 Sep 2023 16:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=681014

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски, денеска се сретнаа со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Како што соопшти Мицкоски, на средбата разговарале за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Истакнав дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција.
Разговаравме и за реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.
Во однос на уставните измени, оваа влада нема легитимитет за таков чекор и прифаќање на бугарски диктат нема да се случи, порача Мицкоски по средбата.

The post Власта се подготвува за опозиција и си амнестира кадри, му порача Мицкоски на Сарацин за измените во Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски, денеска се сретнаа со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Како што соопшти Мицкоски, на средбата разговарале за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.
Истакнав дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција. Разговаравме и за реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели. Во однос на уставните измени, оваа влада нема легитимитет за таков чекор и прифаќање на бугарски диктат нема да се случи, порача Мицкоски по средбата.

The post Власта се подготвува за опозиција и си амнестира кадри, му порача Мицкоски на Сарацин за измените во Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со Сарацин: Реалните проблеми на граѓаните се тие кои мора да се решат https://arhiva3.republika.mk/vesti/mitskoski-se-sretna-so-saratsin-realnite-problemi-na-graganite-se-tie-koi-mora-da-se-reshat/ Mon, 11 Sep 2023 12:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=680917

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

На средбата стана збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција, истакна Мицкоски.

Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги истакна реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели.

Исто така беше разговарано и за уставните измени при што Мицкоски го реафирмираше ставот дека оваа влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.

 

The post Мицкоски се сретна со Сарацин: Реалните проблеми на граѓаните се тие кои мора да се решат appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски оствари средба со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. На средбата стана збор за актуелните политичко економски состојби во државата и реалните предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека со последните измени на кривичниот законик кој ги направи власта со европско знаменце всушност се подготвува за опозиција и директно ги амнестира своите кадри кои во ова гледаат начин да ја одбегнат правдата. Еден од најважните приоритети на идната Влада ќе биде борбата против корупција, истакна Мицкоски. Воедно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги истакна реалните проблеми на граѓаните како што се недостатоците во образование, немањето учебници, проблемите во економијата, високата инфлација и редица други неуспеси кои потврдуваат дека власта е далеку од споделувањето на европските вредности и цели. Исто така беше разговарано и за уставните измени при што Мицкоски го реафирмираше ставот дека оваа влада нема легитимитет за таков чекор и дека прифаќање на бугарски диктат нема да се случи.  

The post Мицкоски се сретна со Сарацин: Реалните проблеми на граѓаните се тие кои мора да се решат appeared first on Република.

]]>
Груби – Сарацин: Уставните измени се неопходен процес за европската иднина на земјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-saratsin-ustavnite-izmeni-se-neophoden-protses-za-evropskata-idnina-na-zemjata/ Tue, 16 May 2023 20:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=641541

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска остварил средба со специјалниот претставник за Западен Балкан на Сојузна Република Германија, Мануел Сарацин.

Груби и Сарацин разговарале за актуелната политичка ситуација во земјата и регионот, потребата од усвојување на уставните измени за да се продолжи евроинтегративниот пат, иницијативата на Европскиот фронт на владината коалиција, скрининг процесот, предизвиците и посветеноста за спроведувањето на реформите, борбата против криминалот и корупцијата.

Груби, како што соопшти неговиот Кабинет, го информирал специјалниот претставник на Германија за досегашните чекори во насока на исполнување на обврската за уставните измени кои произлегуваат од европскиот предлог за надминување на спорот со соседна Бугарија, односно за формирањето на работната група за формулирање на уставните измени.

Двајцата соговорници ја искажале потребата од конструктивност за успех на овој процес од страна на сите протагонисти за креирање политики.

Груби ја истакнал посветеноста на Владата за успешно завршување на скрининг-процесот, конструктивната политика на добрососедство, спроведување на реформите и зајакнувањето на борбата против криминалот и корупцијата.

На средбата било посочено дека поддршката на Германија за европскиот пат на Македонија нема да изостане.

The post Груби – Сарацин: Уставните измени се неопходен процес за европската иднина на земјата appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска остварил средба со специјалниот претставник за Западен Балкан на Сојузна Република Германија, Мануел Сарацин. Груби и Сарацин разговарале за актуелната политичка ситуација во земјата и регионот, потребата од усвојување на уставните измени за да се продолжи евроинтегративниот пат, иницијативата на Европскиот фронт на владината коалиција, скрининг процесот, предизвиците и посветеноста за спроведувањето на реформите, борбата против криминалот и корупцијата. Груби, како што соопшти неговиот Кабинет, го информирал специјалниот претставник на Германија за досегашните чекори во насока на исполнување на обврската за уставните измени кои произлегуваат од европскиот предлог за надминување на спорот со соседна Бугарија, односно за формирањето на работната група за формулирање на уставните измени. Двајцата соговорници ја искажале потребата од конструктивност за успех на овој процес од страна на сите протагонисти за креирање политики. Груби ја истакнал посветеноста на Владата за успешно завршување на скрининг-процесот, конструктивната политика на добрососедство, спроведување на реформите и зајакнувањето на борбата против криминалот и корупцијата. На средбата било посочено дека поддршката на Германија за европскиот пат на Македонија нема да изостане.

The post Груби – Сарацин: Уставните измени се неопходен процес за европската иднина на земјата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со Сарацин, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-saratsin-se-razgovaralo-za-aktuelnata-politichka-i-ekonomska-sostojba/ Tue, 16 May 2023 11:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=641343

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски, денеска се сретнаа со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан.

Како што соопшти Мицкоски, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроинтегративниот процес на државата во Европската Унија.

The post Мицкоски се сретна со Сарацин, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на ИК Антонијо Милошоски, денеска се сретнаа со Мануел Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан. Како што соопшти Мицкоски, на средбата се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроинтегративниот процес на државата во Европската Унија.

The post Мицкоски се сретна со Сарацин, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателот Пендаровски со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-manuel-saratsin-spetsijalen-pratenik-na-vladata-na-sojuzna-republika-germanija/ Tue, 16 May 2023 11:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=641327

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за процесот на европските интеграции на земјава, состојбите во регионот на Западен Балкан и пошироко, како и за актуелните политички случувања во Македонија.

Во таа насока, претседателот изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во пристапување на земјава кон Европската Унија, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

 

Претседателот ja поздрави значајната улога на Сарацин, како специјален пратеник на германската сојузна Влада за земјите од Западен Балкан,  што е уште една потврда за нивната посветеност на регионот.

The post Средба на претседателот Пендаровски со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Мануел Сарацин, специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

На средбата се разговараше за процесот на европските интеграции на земјава, состојбите во регионот на Западен Балкан и пошироко, како и за актуелните политички случувања во Македонија.

Во таа насока, претседателот изрази очекување за натамошна силна поддршка од германските власти во пристапување на земјава кон Европската Унија, посочувајќи дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион.

 

Претседателот ja поздрави значајната улога на Сарацин, како специјален пратеник на германската сојузна Влада за земјите од Западен Балкан,  што е уште една потврда за нивната посветеност на регионот.

The post Средба на претседателот Пендаровски со Мануел Сарацин, специјален пратеник на Владата на Сојузна Република Германија appeared first on Република.

]]>
Османи-Сарацин: Стабилни партнерски односи со Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-saracin-stabilni-partnerski-odnosi-so-germanija/ Thu, 27 Oct 2022 08:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=566183

Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

Како што соопштија од МНР, тој изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, што треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин.

Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Македонија и брифирал за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија.

За време на средбата, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.

Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот, нагласил шефот на дипломатијата Османи.

Двајцата соговорници ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

The post Османи-Сарацин: Стабилни партнерски односи со Германија appeared first on Република.

]]>

Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион, истакнал министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан. Како што соопштија од МНР, тој изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, што треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин. Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Македонија и брифирал за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија. За време на средбата, двајцата соговорници изразиле задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.
Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот, нагласил шефот на дипломатијата Османи.
Двајцата соговорници ја истакнале важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

The post Османи-Сарацин: Стабилни партнерски односи со Германија appeared first on Република.

]]>
Германскиот специјален пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин во Скопје за францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskiot-specijalen-pratenik-za-zapaden-balkan-manuel-saracin-vo-skopje-za-francuskiot-predlog/ Wed, 06 Jul 2022 06:29:13 +0000 https://republika.mk/?p=524544

Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Македонија ќе бидат во фокусот на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), планирано е Сарацин да се сретне и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Маричиќ и Сарацин ќе разговараат и за состојбите во регионот, а по средбата ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

-По посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин ќе биде четври европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции, наведува СЕП.

The post Германскиот специјален пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин во Скопје за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Францускиот предлог и евроинтеграцискиот процес на Македонија ќе бидат во фокусот на денешната средба на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и специјалниот пратеник на Сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), планирано е Сарацин да се сретне и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Маричиќ и Сарацин ќе разговараат и за состојбите во регионот, а по средбата ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.
-По посетата на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин ќе биде четври европски функционер, во последните три денови, кој доаѓа во овие клучни и историски момент да даде поддршка на францускиот предлог за почеток на преговорите со Европската Унија и да ги потврди уште еднаш македонските позиции, наведува СЕП.

The post Германскиот специјален пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин во Скопје за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Утре друг европски функционер доаѓа во Скопје на убедување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-drug-evropski-funkcioner-doagja-vo-skopje-na-ubeduvanje/ Tue, 05 Jul 2022 13:17:29 +0000 https://republika.mk/?p=524284

Специјалниот пратеник на сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин утре ќе престојува во посета на Скопје, информираа од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија.

Поводот, како што информираа оттаму, е да се помогне процесот на ЕУ-проширувањето повторно да заживее и да ѝ се даде поддршка на Македонија во нејзините важни чекори напред.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-povtoruva-scenarioto-so-promenata-na-imeto-chelnici-na-eu-doagjaat-da-ne-ubeduvaat-kolku-e-dobro-da-go-prifatime-francuskiot-predlog/

The post Утре друг европски функционер доаѓа во Скопје на убедување appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин утре ќе престојува во посета на Скопје, информираа од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија. Поводот, како што информираа оттаму, е да се помогне процесот на ЕУ-проширувањето повторно да заживее и да ѝ се даде поддршка на Македонија во нејзините важни чекори напред. https://republika.mk/vesti/makedonija/se-povtoruva-scenarioto-so-promenata-na-imeto-chelnici-na-eu-doagjaat-da-ne-ubeduvaat-kolku-e-dobro-da-go-prifatime-francuskiot-predlog/

The post Утре друг европски функционер доаѓа во Скопје на убедување appeared first on Република.

]]>