МАНУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manu/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 13:34:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png МАНУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manu/ 32 32 Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademik-zhivko-popov-aktuelniot-pritisok-za-formirane-monoetnichka-albanska-akademija-e-neratsionalen-i-neosnovan/ Wed, 27 Nov 2024 13:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=842349

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на иницијативата за основање албанска академија на науките во земјава и на Законот за употреба на јазиците кој е предмет на дискусија во јавноста и е на разгледување во Уставниот суд.

-Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии, па оттука актуелниот притисок за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Но, согласно практиката во други држави, може да се формираат научно-уметнички друштва како граѓански здруженија, или академии во рамките на професионалните асоцијации од одредени области, рече Попов во обраќањето.

Во однос на зачленувањето во МАНУ, посочи дека има „јасно утврдени квалитативни и квантитативни универзално признати критериуми за оценување на потенцијалните кандидати за членство во МАНУ“ и дека Академијата „секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, без оглед на нивната етничка, верска и каква било друга припадност“.

-За политичките партии и за нивните влијанија никогаш немало место во Академијата, зашто таа се води единствено по принципите на мериторност и препознатливост како универзални вредности на дострелите и творбите во научната и уметничката сфера. Друг пристап во критериумите за вреднување на индивидуалниот труд и достигнување, во аналите на МАНУ, досега не е познат, истакна Попов, додавајќи дека од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но и на други етнички заедници.

Она што е карактеристично за нашата мултиетничка академија, рече претседателот на МАНУ,  „е фактот дека во неа кандидатите за членство и академиците никогаш не се прашувале да се изјаснат за нивната етничка припадност и имало дури периоди кога академиците Македонци не биле мнозинство во институцијата“.

Попов смета дека „се неосновани и ставовите од поедини политички и интелектуални кругови“ дека професорите и интелектуалците од албанската етничка припадност нема каде да вршат научни истражувања, затоа што тоа, како што рече, може да го прават на трите државни универзитети каде наставата се одвива и на албански јазик. Пред се на државниот научен Институт за зачувување на духовното и културно наследство на Албанците во Скопје, за кој посочи дека има сопствен буџет и околу сто вработени, исто како и во МАНУ.

-Впрочем и членовите на МАНУ поголемиот дел од истражувањата ги прават на УКИМ и другите државни универзитети и научни институти, а не само во самата академија. Овие факти јасно укажуваат дека во академиските редови нема место за политикантство и за манипулација, рече академикот.

Во однос на употреба на јазиците во науката, рече дека таа „нема и не признава етнички предзнак“, а за Законот за употреба на јазиците на сите етнички заедници во државава смета дека треба да се доуреди и допрецизира.

-Никој во Академијата, вклучувајќи ме и мене, не смета дека употребата на албанскиот и на јазиците на останатите немнозински заедници во државата, како придобивка од Охридскиот рамковен договор и уставна категорија треба да се укине, туку напротив, таа треба во законското решение да се доуреди и допрецизира во одредени области, со цел да се подобри нејзината применливост. Тоа особено се однесува на функционирањето на правосудниот систем, работата на полицијата, армијата, потоа на здравствениот систем и друго, каде со оглед на деликатноста и одговорноста на она што е предмет на работа, нужна е употребата на еден општ јазик за разбирање, рече Попов.

Смета дека перманентното преведување и пишување разни извештаи, оперативни планови и протоколи на два или повеќе јазика со судски превод, значително ќе го оптовари професионалното работење и ќе ги зголеми финансиските трошоци во овие и други, како што рече, „сензибилни области на општественото живеење“.

-За сето ова да се избегне ќе биде потребно усогласување и допрецизирање на законското решение во однос на овие и други работи и вградување на сугестиите и барањата на Венецијанската комисија, чијшто филтер треба да го помине. Тоа, впрочем, е и наша обврска како држава, не само во однос на овој, но и на други закони на кои ќе наидеме на патот на нашето членство во Европската Унија, рече претседателот ан МАНУ.

The post Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован appeared first on Република.

]]>

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на иницијативата за основање албанска академија на науките во земјава и на Законот за употреба на јазиците кој е предмет на дискусија во јавноста и е на разгледување во Уставниот суд. -Во Македонија, како и во сите унитарни земји од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии, па оттука актуелниот притисок за формирање на моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован. Но, согласно практиката во други држави, може да се формираат научно-уметнички друштва како граѓански здруженија, или академии во рамките на професионалните асоцијации од одредени области, рече Попов во обраќањето. Во однос на зачленувањето во МАНУ, посочи дека има „јасно утврдени квалитативни и квантитативни универзално признати критериуми за оценување на потенцијалните кандидати за членство во МАНУ“ и дека Академијата „секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, без оглед на нивната етничка, верска и каква било друга припадност“. -За политичките партии и за нивните влијанија никогаш немало место во Академијата, зашто таа се води единствено по принципите на мериторност и препознатливост како универзални вредности на дострелите и творбите во научната и уметничката сфера. Друг пристап во критериумите за вреднување на индивидуалниот труд и достигнување, во аналите на МАНУ, досега не е познат, истакна Попов, додавајќи дека од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но и на други етнички заедници. Она што е карактеристично за нашата мултиетничка академија, рече претседателот на МАНУ,  „е фактот дека во неа кандидатите за членство и академиците никогаш не се прашувале да се изјаснат за нивната етничка припадност и имало дури периоди кога академиците Македонци не биле мнозинство во институцијата“. Попов смета дека „се неосновани и ставовите од поедини политички и интелектуални кругови“ дека професорите и интелектуалците од албанската етничка припадност нема каде да вршат научни истражувања, затоа што тоа, како што рече, може да го прават на трите државни универзитети каде наставата се одвива и на албански јазик. Пред се на државниот научен Институт за зачувување на духовното и културно наследство на Албанците во Скопје, за кој посочи дека има сопствен буџет и околу сто вработени, исто како и во МАНУ. -Впрочем и членовите на МАНУ поголемиот дел од истражувањата ги прават на УКИМ и другите државни универзитети и научни институти, а не само во самата академија. Овие факти јасно укажуваат дека во академиските редови нема место за политикантство и за манипулација, рече академикот. Во однос на употреба на јазиците во науката, рече дека таа „нема и не признава етнички предзнак“, а за Законот за употреба на јазиците на сите етнички заедници во државава смета дека треба да се доуреди и допрецизира. -Никој во Академијата, вклучувајќи ме и мене, не смета дека употребата на албанскиот и на јазиците на останатите немнозински заедници во државата, како придобивка од Охридскиот рамковен договор и уставна категорија треба да се укине, туку напротив, таа треба во законското решение да се доуреди и допрецизира во одредени области, со цел да се подобри нејзината применливост. Тоа особено се однесува на функционирањето на правосудниот систем, работата на полицијата, армијата, потоа на здравствениот систем и друго, каде со оглед на деликатноста и одговорноста на она што е предмет на работа, нужна е употребата на еден општ јазик за разбирање, рече Попов. Смета дека перманентното преведување и пишување разни извештаи, оперативни планови и протоколи на два или повеќе јазика со судски превод, значително ќе го оптовари професионалното работење и ќе ги зголеми финансиските трошоци во овие и други, како што рече, „сензибилни области на општественото живеење“. -За сето ова да се избегне ќе биде потребно усогласување и допрецизирање на законското решение во однос на овие и други работи и вградување на сугестиите и барањата на Венецијанската комисија, чијшто филтер треба да го помине. Тоа, впрочем, е и наша обврска како држава, не само во однос на овој, но и на други закони на кои ќе наидеме на патот на нашето членство во Европската Унија, рече претседателот ан МАНУ.

The post Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован appeared first on Република.

]]>
Владата, МАНУ и универзитетската заедница ќе работат на сеопфатна стратегија за приоритетите и иднината на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-manu-i-univerzitetskata-zaednitsa-ke-rabotat-na-seopfatna-strategija-za-prioritetite-i-idninata-na-makedonija/ Thu, 24 Oct 2024 07:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=830404

Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам - на македонското прашање му е потребна енергија. И сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен проект, рече во вчерашниот говор по повод 23 Октомври премиерот Христијан Мицкоски иницирајќи го проектот кој Владата ќе проба да го договори со Македонската академија на науките и уметностите и со универзитетската заедница. Проект кој, како што објасни, ќе биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050та година, со кој ќе се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој, и така натаму.

Значи сеопфатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ние мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. На државата тоа и недостасуваше со години. МАНУ и научните умови беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но мора да се вклучат и да помогнат во развојот и во поставување на нејзините цели и приоритети. И сега знам дека во јавноста ќе почне да зборува за ваква или таква академија, па заради тоа го кажувам сето ова. Науката, целите и стратегијата не треба да се етнизираат, рече Мицкоски.

Додаде дека на граѓаните им е потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден.

Ако имало стратегија и заеднички приоритети и патоказ како да се постигнат, немаше да чекаме 20 и кусур години да не признаваат земји под уставното тогашно име, според стратегијата на Глигоров, дека времето работи за нас, која не велам дека не била исправна во тоа време, сигурно имале свои причини зошто правеле таква стратегија. Затоа за да не доаѓаме до такви тешки моменти потребно е долгорочна стратегија чии главни точки и стратешки цели нема да зависат од лакомоста на политичарите, ниту од нивното незнаење. Или што ќе беше ако прашањето за името се решеше 1990та година? Каде ќе беше денеска нашата татковина? Јас не викам дека јас сум најдобар, напротив и јас има работи кои ги учам со оваа професија, и самиот си увидувам грешки па се трудам да ги исправам, сакам да слушнам различни мислења и охрабрувам дебата, јас верувам во демократијата и во потенцијалот на демократијата, но истовремено јас сакам да ги соберам околу себе најдобрите и заедно да работиме да одиме напред. Луѓе сме, знаеме по некогаш и да погрешиме. Но, уште повеќе грешно ќе биде ако сме констатирале дека сме погрешиле не се корегираме. Сите оние кои ќе констатираат дека погрешиле бескрајно ги почитувам.  Потекнувам од универзитетската заедница и знам што значи титулата која ја имаат сите оние кои ги повикувам да се вклучат во овој проект. Од нив може многу да научиме и тие се духот на нашата земја и дел од нашиот идентитет, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека секоја Академија на науки од соседството соработува со својата државата, и придонесува кон градење на стратегиите на државата и дека нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност.

Еве да ја почнам јавно дебатата кон која треба да се насочиме: Последните 70 години сме на добар пат да исчезниме како држава. Тоа е една генерација од сега. Зошто никој до сега не ја отворил оваа тема? Според анализите на Стратфорд од земјава до 2050та ќе има 400 илјади луѓе помалку. Дали знаете што значи тоа за општеството, економијата и за државата? Населението кое се иселува е работоспособно. Сериозни држави планираат со десетици и стотици години нанапред. После договорот за Хонг Конг и Британците и Кинезите излегле среќни. Кога ги прашале Британците зошто се радосни, тие одговориле во наредните 100 години Хонг Конг ќе биде наш, а кога ги прашале Кинезите зошто сте вие радосни, тие рекле, после 100 години Хонг Конг ќе биде наш. 100 години оттогаш одамна поминаа. Хонг Конг е сега кинески, рече Мицкоски.

Премиерот потенцираше дека историјата може многу да нè научи и стратешкото размислување и планирање може и мора многу да ни помогне во периодот кој следи.

Кој ако не МАНУ, требаа да се организира во изнаоѓање лек за ова и во дефинирање на најголемите предизвици во иднина на државата. Како ќе функционира држава со таква диспропорција на население и толку малку луѓе кои ќе работат, да не кажам од нив повеќе под пола во администрацијата. Кој ќе ја одржува таа држава?  Знае ли некој од овие кои досега ја воделе државата - каде оди државата??? Размислил ли некој и отворил дискусија за клучните прашања? Демографија со миграцијата и наталитетот? Вредностите кои треба да ги имаме? Приоритетите кои мора да ги решаваме. Како да посадиме денес, за идните генерации да жнеат плодови. Дајте да дефинираме што а најважно, кои се нашите приоритети и да одиме напред. Ние како Влада имаме јасен план што да правиме во својот мандат. Имаме програма, имаме генерална стратегија и ги имаме предвид овие работи кои ги спомнувам при носењето одлуки, но искрено се сомневам дека има уште многумина кои мислат на овој начин. Овде еден од главните проблеми е политиката купи ден продај. И толку. Никој не размислува стратешки и долгорочно, потенцираше Мицкоски.

The post Владата, МАНУ и универзитетската заедница ќе работат на сеопфатна стратегија за приоритетите и иднината на Македонија appeared first on Република.

Мицкоски: Владата и МАНУ ќе договараат проект преточен во стратегија на Македонија до 2050 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladata-i-manu-ke-dogovaraat-proekt-pretochen-vo-strategija-na-makedonija-do-2050-godina/ Wed, 23 Oct 2024 12:52:41 +0000 https://republika.mk/?p=830199

Јас од кога почнав да се занимавам со политика тврдам - На македонското прашање му е потребна енергија и на Македонија и е потребна долгорочна стратегија за развој со сопствени сили. И сметам дека денес дојде денот да го обзнаниме тоа и да отпочнеме еден сериозен проект, oбјасни во својот говор премиерот Мицкоски.

Тој иницираше  проект кој владата ќе проба да го договори со Македонската Академија на Науките и Уметностите и со универзитетската заедница, проект кој ќе биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050 година, со кој ќе се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој, и така натаму.

Сеопфатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ние мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. Таков консезус, за жал ни недостасува сите овие години. МАНУ и научните умови беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но овојпат, мора да се вклучат и да помогнат во развојот и во поставување на целите и приоритетите. Сега знам дека некој во јавноста ќе почне да зборува за ваква или онаква академија, па затоа ова го кажувам. Науката и стратегијата не смее да се етнизираат. На граѓаните на оваа земја потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден.

Премиерот нагласува дека ако имало стратегија и заеднички приоритети и патоказ како да се постигнат, немаше да чекаме 20 и кусур години да не признаваат земји под уставното тогашно име, според познатата стратегија на Глигоров, дека времето работи за нас.

Не велам дека беше неисправна, сигурно имале причина зашто правеле така. За да не доаѓа до такви моменти потребно е долгорочна стратегија чии главни точки и стратешки цели нема да зависат од лакомоста на политичарите, ниту од нивното незнаење. Или што ќе беше ако прашањето за името се решеше во деведесетите години? Каде ќе беше денес Македонија?
Јас не викам дека јас сум најдобар, напротив сакам да учам, буквално да учам секој ден се повеќе и повеќе, самиот си увидувам грешки па се трудам да ги исправам, сакам да слушнам различни мислења и охрабрувам дебата, верувам во демократијата и во потенцијалот на демократијата, но истовремено сакам да ги соберам најдобрите и заедно да работиме, да одиме, сите, без разлика на нашата припадност или неприпадност, верска или етничка, да одиме напред.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-grchkiot-i-bugarskiot-problem-pochnaa-vednash-na-denot-na-osamostojuvaneto-na-drzhavava/

Луѓе сме, знаеме понекогаш и да погрешиме, подвлече премиерот.

Но уште повеќе грешно ќе биде ако кога сме констатирале дека сме погрешиле, не се корегираме. Сите оние кои кои ќе признаат дека грешат бескрајно ги почитувам. Потекнувам од универзитетската заедница и знам што значи титулата која ја имаат сите оние кои ги повикувам да се вклучат во овој проект. Од нив може многу да научиме и тие се духот на нашата земја и дел од нашиот идентитет. Секоја Академија на науки од соседството соработува со својата државата, и придонесува кон градење на стратегиите на државата, нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност.

Еве да ја почнам јавно дебатата кон која треба да се насочиме: Во наредните 70 години сме на добар пат да исчезнеме. Тоа е една генеррација од сега.

Зошто никој до сега не ја отворил оваа тема?, праша премиерот.

Според анализите на Стратфорд од земјава до 2050 година ќе има 400 илјади луѓе помалку. Дали знаете што значи тоа за општеството, економијата и за државата? Населението кое се иселува е работоспособно.

Сериозни држави планираат со десетици и стотици години нанапред.

После договорот за Хонг Конг и Британците и Кинезите излегле среќни. Кога ги прашале британците зошто се радосни, тие одговориле во наредните 100 години Хонг Конг ќе биде наш, а кога ги прашале Кинезите зошто сте вие радосни, тие рекле, после 100 години Хонг Конг ќе биде наш. 100 години оттогаш одамна поминаа. Хонг Конг е повторно кинески.
Историјата може многу да не научи и стратешкото размислување и планирање може и мора многу да ни помогне во периодот кој следи за нашата држава.

Кој ако не МАНУ, со најголемите умови треба да изнајдат лек за ова и во дефинирање на најголемите предизвици во иднина на државата.

Како ќе функционира држава со таква диспропорција на население и толку малку луѓе кои ќе работат, да не кажам од нив повеќе од пола во администрацијата. Кој ќе ја одржува таа држава?
Знае ли некој од овие кои досега ја воделе - каде државата како целина???
Размислил ли некој и отворил дискусија за клучните прашања за оваа држава? Демографија со миграцијата и наталитетот? Вредностите кои треба да ги имаме? Приоритетите кои мора да ги решаваме. Како да посадиме денес, за идните генерации да жнеат плодови. Дајте да дефинираме што а најважно, кои се нашите приоритети и да одиме напред.
Како влада имаме јасен план што да правиме во својот мандат. Имаме програма, имаме генерална стратегија и ги имаме предвид овие работи кои ги спомнувам при носењето одлуки, но искрено се сомневам дека има уште многумина што размислува на овој начин. Овдека еден од главните проблеми е политиката купи ден продај. И толку. Никој не размислува стратешки и долгорочно-заклучи премиерот.

The post Мицкоски: Владата и МАНУ ќе договараат проект преточен во стратегија на Македонија до 2050 година appeared first on Република.

]]>

Јас од кога почнав да се занимавам со политика тврдам - На македонското прашање му е потребна енергија и на Македонија и е потребна долгорочна стратегија за развој со сопствени сили. И сметам дека денес дојде денот да го обзнаниме тоа и да отпочнеме еден сериозен проект, oбјасни во својот говор премиерот Мицкоски. Тој иницираше  проект кој владата ќе проба да го договори со Македонската Академија на Науките и Уметностите и со универзитетската заедница, проект кој ќе биде сеопфатен и преточен во стратегија на државата до 2050 година, со кој ќе се дефинираат приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели, и како да се стигне до нив, земјоделски, технолошки развој, енергетски и транспортен развој, и така натаму.
Сеопфатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ние мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат, ние мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. Таков консезус, за жал ни недостасува сите овие години. МАНУ и научните умови беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но овојпат, мора да се вклучат и да помогнат во развојот и во поставување на целите и приоритетите. Сега знам дека некој во јавноста ќе почне да зборува за ваква или онаква академија, па затоа ова го кажувам. Науката и стратегијата не смее да се етнизираат. На граѓаните на оваа земја потребна им е стратегија и преку глава им е од водење на државата ден за ден.
Премиерот нагласува дека ако имало стратегија и заеднички приоритети и патоказ како да се постигнат, немаше да чекаме 20 и кусур години да не признаваат земји под уставното тогашно име, според познатата стратегија на Глигоров, дека времето работи за нас.
Не велам дека беше неисправна, сигурно имале причина зашто правеле така. За да не доаѓа до такви моменти потребно е долгорочна стратегија чии главни точки и стратешки цели нема да зависат од лакомоста на политичарите, ниту од нивното незнаење. Или што ќе беше ако прашањето за името се решеше во деведесетите години? Каде ќе беше денес Македонија? Јас не викам дека јас сум најдобар, напротив сакам да учам, буквално да учам секој ден се повеќе и повеќе, самиот си увидувам грешки па се трудам да ги исправам, сакам да слушнам различни мислења и охрабрувам дебата, верувам во демократијата и во потенцијалот на демократијата, но истовремено сакам да ги соберам најдобрите и заедно да работиме, да одиме, сите, без разлика на нашата припадност или неприпадност, верска или етничка, да одиме напред.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-grchkiot-i-bugarskiot-problem-pochnaa-vednash-na-denot-na-osamostojuvaneto-na-drzhavava/ Луѓе сме, знаеме понекогаш и да погрешиме, подвлече премиерот.
Но уште повеќе грешно ќе биде ако кога сме констатирале дека сме погрешиле, не се корегираме. Сите оние кои кои ќе признаат дека грешат бескрајно ги почитувам. Потекнувам од универзитетската заедница и знам што значи титулата која ја имаат сите оние кои ги повикувам да се вклучат во овој проект. Од нив може многу да научиме и тие се духот на нашата земја и дел од нашиот идентитет. Секоја Академија на науки од соседството соработува со својата државата, и придонесува кон градење на стратегиите на државата, нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност.
Еве да ја почнам јавно дебатата кон која треба да се насочиме: Во наредните 70 години сме на добар пат да исчезнеме. Тоа е една генеррација од сега. Зошто никој до сега не ја отворил оваа тема?, праша премиерот. Според анализите на Стратфорд од земјава до 2050 година ќе има 400 илјади луѓе помалку. Дали знаете што значи тоа за општеството, економијата и за државата? Населението кое се иселува е работоспособно. Сериозни држави планираат со десетици и стотици години нанапред. После договорот за Хонг Конг и Британците и Кинезите излегле среќни. Кога ги прашале британците зошто се радосни, тие одговориле во наредните 100 години Хонг Конг ќе биде наш, а кога ги прашале Кинезите зошто сте вие радосни, тие рекле, после 100 години Хонг Конг ќе биде наш. 100 години оттогаш одамна поминаа. Хонг Конг е повторно кинески. Историјата може многу да не научи и стратешкото размислување и планирање може и мора многу да ни помогне во периодот кој следи за нашата држава. Кој ако не МАНУ, со најголемите умови треба да изнајдат лек за ова и во дефинирање на најголемите предизвици во иднина на државата.
Како ќе функционира држава со таква диспропорција на население и толку малку луѓе кои ќе работат, да не кажам од нив повеќе од пола во администрацијата. Кој ќе ја одржува таа држава? Знае ли некој од овие кои досега ја воделе - каде државата како целина??? Размислил ли некој и отворил дискусија за клучните прашања за оваа држава? Демографија со миграцијата и наталитетот? Вредностите кои треба да ги имаме? Приоритетите кои мора да ги решаваме. Како да посадиме денес, за идните генерации да жнеат плодови. Дајте да дефинираме што а најважно, кои се нашите приоритети и да одиме напред. Како влада имаме јасен план што да правиме во својот мандат. Имаме програма, имаме генерална стратегија и ги имаме предвид овие работи кои ги спомнувам при носењето одлуки, но искрено се сомневам дека има уште многумина што размислува на овој начин. Овдека еден од главните проблеми е политиката купи ден продај. И толку. Никој не размислува стратешки и долгорочно-заклучи премиерот.

The post Мицкоски: Владата и МАНУ ќе договараат проект преточен во стратегија на Македонија до 2050 година appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Историјата треба да зближува, а не да разединува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-istorijata-treba-da-zblizhuva-a-ne-da-razedinuva/ Wed, 23 Oct 2024 11:55:37 +0000 https://republika.mk/?p=830167

Пред малку кажав целите на организацијата биле- Планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има. И пред се тоа е завет кој обврзува.
Јас сакам денес да говорам токму за тоа, за акцијата која ние потребна и за планомерноста која мора да ја имаме, рече во говорот Христијан Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-nerazdvojno-i-nepokoleblivo-mu-pripaga-na-makedonskiot-narod/

Но, најпрво сакам да истакнам дека голем дел од патот кој го минуваме заедно ме потсеќа на патот кој гоминувале и тие. Кога ќе помислам на патот кој го поминавме заедно јас сум полн со благодарност, вашата енергија е инспиративна и јас благодарен на сите кои се со мене и оваа генерација кои со својата храброст и постојаност мотивирате и ме правите да сум понизен во секој чекор, при секоја одлука, свесен дека се што почнува и завршува, а најважна е нашата жртва што сме спремни да ја дадеме пред нашиот народ, без разлика на вера, нација, политичка припадност или политичка неприпадност.

Патот кој ме доведе до овде до ова место до кое сум денеска, премиер на државата беше полн со предизвици, тоа е трнливиот пат на македонската политика во многу нешта не толку различен од она што се случувало во минатото во организацијата, чие основање го славиме денеска како државен празник.

Веројатно тогаш методите биле поразлични, препреките сигурно посурови, но суштината на предизвиците идентична. Подобриот живот на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија споменати и во Крушевскиот манифест подоцна, но и борбата за да се биде свој на своето, за својот идентитет и посебност, да се биде прифатен и признаен, а таа борба не следи до денеска, и затоа велам суштината на нашата борба и нивната на историското ВМРО е буквално иста.

Историјата треба да зближува, а не да разединува-рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/todor-aleksandrov-e-eden-od-najmoknite-i-najvlijatelnite-lideri-na-vmro/

И затоа сакам овој ден да го славиме сите, и левата и десната страна од политичкиот спектар. Затоа што вмро е и нивна историја, во вмро и тогаш имало поделба на леви и десни. Сакам ова да биде празник на сите граѓани заради сплотеноста која ја демонстрирале тогаш сите од разни краеви на Македонија без разлика на етничката припадност.

The post Мицкоски: Историјата треба да зближува, а не да разединува appeared first on Република.

]]>

Пред малку кажав целите на организацијата биле- Планомерна и сериозна акција и тоа колку побрзо, толку поголем изглед за успех ќе има. И пред се тоа е завет кој обврзува. Јас сакам денес да говорам токму за тоа, за акцијата која ние потребна и за планомерноста која мора да ја имаме, рече во говорот Христијан Мицкоски. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vmro-nerazdvojno-i-nepokoleblivo-mu-pripaga-na-makedonskiot-narod/
Но, најпрво сакам да истакнам дека голем дел од патот кој го минуваме заедно ме потсеќа на патот кој гоминувале и тие. Кога ќе помислам на патот кој го поминавме заедно јас сум полн со благодарност, вашата енергија е инспиративна и јас благодарен на сите кои се со мене и оваа генерација кои со својата храброст и постојаност мотивирате и ме правите да сум понизен во секој чекор, при секоја одлука, свесен дека се што почнува и завршува, а најважна е нашата жртва што сме спремни да ја дадеме пред нашиот народ, без разлика на вера, нација, политичка припадност или политичка неприпадност.
Патот кој ме доведе до овде до ова место до кое сум денеска, премиер на државата беше полн со предизвици, тоа е трнливиот пат на македонската политика во многу нешта не толку различен од она што се случувало во минатото во организацијата, чие основање го славиме денеска како државен празник. Веројатно тогаш методите биле поразлични, препреките сигурно посурови, но суштината на предизвиците идентична. Подобриот живот на македонскиот народ и сите други граѓани на Македонија споменати и во Крушевскиот манифест подоцна, но и борбата за да се биде свој на своето, за својот идентитет и посебност, да се биде прифатен и признаен, а таа борба не следи до денеска, и затоа велам суштината на нашата борба и нивната на историското ВМРО е буквално иста.
Историјата треба да зближува, а не да разединува-рече Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/todor-aleksandrov-e-eden-od-najmoknite-i-najvlijatelnite-lideri-na-vmro/ И затоа сакам овој ден да го славиме сите, и левата и десната страна од политичкиот спектар. Затоа што вмро е и нивна историја, во вмро и тогаш имало поделба на леви и десни. Сакам ова да биде празник на сите граѓани заради сплотеноста која ја демонстрирале тогаш сите од разни краеви на Македонија без разлика на етничката припадност.

The post Мицкоски: Историјата треба да зближува, а не да разединува appeared first on Република.

]]>
Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filipche-etniziraneto-na-naukata-ne-nosi-kvalitet/ Mon, 21 Oct 2024 12:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=829452

Етнизирањето на науката не носи никаков квалитет, а дисперзија на научни институции би значело дополнително намалување на квалитетот на науката. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче ја коментираше иницијативата на Коалицијата „Вреди“ за формирање на албанска академија на науки и уметности.

Во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Собранието тој рече дека за да има некаков прогрес во науката би требало да се зголемат средствата посветени кон научно-истражувачката дејност, додека формирање на албанска академија на науки и уметности би значело само намалување на квалитетот на науката.

Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистинска инвестиција во науката би значело зголемување на парите посветени пред се во научно-истражувачката дејност поради тоа што тоа е начинот кај нас за да може науката да има некаков прогрес, рече Филипче.

Издвојување на средства од општинските буџети за формирање на албанска академија на науки и уметности е незаконито, посочи Филипче и доколку има такви дејствија од страна на општините кои најавија дека ќе ја поддржат ваквата иницијатива, Министерството за финансии треба да ги блокира тие буџети.

Во нашето толкување на законите за локална самоуправа не гледаме законска можност за тоа што го најавија општините како Тетово и Гостивар, дека тие може тоа да го прават. Затоа ја повикуваме министерката за финансии, доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, односно за нешто за што тие немаат дозвола, тие буџети да се блокираат, рече Филипче.

За назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Филипче рече дека претставува партиско киднапирање на најсериозните институции во сферата на безбедноста.

Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.

Тој најави дека партијата ќе ги извести сите стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и истовремено ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова да го запре најавеното спојување на АНБ со Агеницијата за разузнавање.

Ја повикувам и претседателката Сиљановска – Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече лидерот на опозициската СДСМ.

The post Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет appeared first on Република.

]]>

Етнизирањето на науката не носи никаков квалитет, а дисперзија на научни институции би значело дополнително намалување на квалитетот на науката. Вака лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче ја коментираше иницијативата на Коалицијата „Вреди“ за формирање на албанска академија на науки и уметности. Во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Собранието тој рече дека за да има некаков прогрес во науката би требало да се зголемат средствата посветени кон научно-истражувачката дејност, додека формирање на албанска академија на науки и уметности би значело само намалување на квалитетот на науката.
Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистинска инвестиција во науката би значело зголемување на парите посветени пред се во научно-истражувачката дејност поради тоа што тоа е начинот кај нас за да може науката да има некаков прогрес, рече Филипче.
Издвојување на средства од општинските буџети за формирање на албанска академија на науки и уметности е незаконито, посочи Филипче и доколку има такви дејствија од страна на општините кои најавија дека ќе ја поддржат ваквата иницијатива, Министерството за финансии треба да ги блокира тие буџети.
Во нашето толкување на законите за локална самоуправа не гледаме законска можност за тоа што го најавија општините како Тетово и Гостивар, дека тие може тоа да го прават. Затоа ја повикуваме министерката за финансии, доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, односно за нешто за што тие немаат дозвола, тие буџети да се блокираат, рече Филипче.
За назначувањето на новиот директор на Агенцијата за национална безбедност, Филипче рече дека претставува партиско киднапирање на најсериозните институции во сферата на безбедноста.
Она што премиерот и Владата го направија со назначување на новиот директор на АНБ е во еден манир на диктаторство со што направија партиско киднапирање на една од најсериозните институции во сферата за безбедноста, а тоа е Агенцијата за национална безбедност. Ние многу време и инвестиции потрошивме таа институција да се професионализира и првите чекори во таа насока почнаа уште со пржинските преговори и разговори. АНБ стана институција во која работат одлични професионалци за којшто назначувањето на ваков кадар не значи ништо друго освен една форма на понижување, рече Филипче.
Тој најави дека партијата ќе ги извести сите стратешки партнери и ќе побара соодветно мислење и реакција од нивна страна и истовремено ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова да го запре најавеното спојување на АНБ со Агеницијата за разузнавање.
Ја повикувам и претседателката Сиљановска – Давкова, да заземе свој став и да го запре најавеното фузионирање на АНБ со Агенцијата за разузнавање. Да не се откажува од нејзините ингеренции поради тоа што има ваква најава за партизација на оваа институција. Тоа значи дополнително зголемување на капацитети на АНБ, кога би се фузионирала според најавите на премиерот. Ќе биде тоа една многу гломазна институција којашто тешко ќе се контролира, како што впрочем видовме во едно минато време 2016 за што и како се користеше, рече лидерот на опозициската СДСМ.

The post Филипче: Етнизирањето на науката не носи квалитет appeared first on Република.

]]>
Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademik-uroshevik-vo-manu-se-vleguva-so-nauka-ne-so-etnichka-pripadnost/ Sun, 20 Oct 2024 15:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=829173

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало кандидати Албанци кои биле одбиени за прием во академијата, но вели – многу повеќе Македонци останале пред вратата на МАНУ за членство.

Според Урошевиќ, ако се одбие кандидат Албанец, не значи дека има отпор кон Албанците, туку дека кандидатот не ги исполнил условите. Во Академијата има место само за оние кои кои го заслужиле тоа со своите достигнувања, вели академикот.

Процедурата е доста комплицирана. Секако дека имало кандидати Албанци кои не поминале во процедурата – тоа е точно. Но, многу, многу повеќе има кандидати Македонци, кои исто така не поминале. Доста е тешко да се исполнат тие услови, признавам. За мене, за прием во академијата, останува единствено – вредносен критериум. Она што вреди треба да влезе, без оглед на националната, верската и другата припадност, вели академик Влада Урошевиќ.

Академик Урошевиќ вели дека повеќе години би претставник на МАНУ во Меѓународната асоцијација на академии и вообичаено е во една земја да постои само една национална академија. Тврди, дека Албанци имало и на високи позции во академијата.

Во една земја постои само една национална академија, која како таква ја претставува државата во европската и другите меѓународни асоцијации на академии. Можам да ви речам дека во составот на МАНУ, имало повеќе членови со албанска етничка припадност. Двајца биле и потпретседатели на акдемијата. Имало и членови од албанската национална заедница и како членови надвор од работниот состав, вели Урошевиќ.

Параралелната акемија која ја бара владиниот коалиционер Вреди, е неприфатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ, но и за ДУИ. Градоначалникот на Липково, кој доаѓа од партијата на Ахмети, денеска на прашање – дали ќе одвои финансиски средства за албанска акдемија порача:

– Како прво, ние не знаеме нити каков предлог, немаше ниту јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто, за кое не знаеме за што се работи. Работите треба да се гледаат на ниво на државата да се решат, а не на локално ниво, знаете ние руралните општини каков буџет имаме и располагаме, вели Еркан Арифи градоначалник на Липково, ДУИ.

И додека ДУИ обвинува дека наместо академија, Вреди прави маалско здружение, албанската политичка коалиција и опонент на Ахмети, тврди, дека академијата е научен проект, бидејќи МАНУ ги дискриминирала Албанците.

Појаснувањето и почитувањето на албанската историја, култура и наука што е или целосно исклучено од енциклопедиите и училишните текстови или во најдобар случај е погрешно напишано… Тоа е задолжително, вели Арбен Таравари министер за здравство, ВРЕДИ.

Премиерот Мицкоски, веќе се изјасни дека е против академијата што ја договараат неговите коалициски партнери. Но, од друга страна порача дека тоа нема да влијае на опстојувањето на владината коалиција.

The post Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност appeared first on Република.

]]>

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало кандидати Албанци кои биле одбиени за прием во академијата, но вели – многу повеќе Македонци останале пред вратата на МАНУ за членство. Според Урошевиќ, ако се одбие кандидат Албанец, не значи дека има отпор кон Албанците, туку дека кандидатот не ги исполнил условите. Во Академијата има место само за оние кои кои го заслужиле тоа со своите достигнувања, вели академикот.
Процедурата е доста комплицирана. Секако дека имало кандидати Албанци кои не поминале во процедурата – тоа е точно. Но, многу, многу повеќе има кандидати Македонци, кои исто така не поминале. Доста е тешко да се исполнат тие услови, признавам. За мене, за прием во академијата, останува единствено – вредносен критериум. Она што вреди треба да влезе, без оглед на националната, верската и другата припадност, вели академик Влада Урошевиќ.
Академик Урошевиќ вели дека повеќе години би претставник на МАНУ во Меѓународната асоцијација на академии и вообичаено е во една земја да постои само една национална академија. Тврди, дека Албанци имало и на високи позции во академијата.
Во една земја постои само една национална академија, која како таква ја претставува државата во европската и другите меѓународни асоцијации на академии. Можам да ви речам дека во составот на МАНУ, имало повеќе членови со албанска етничка припадност. Двајца биле и потпретседатели на акдемијата. Имало и членови од албанската национална заедница и како членови надвор од работниот состав, вели Урошевиќ.
Параралелната акемија која ја бара владиниот коалиционер Вреди, е неприфатлива за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ, но и за ДУИ. Градоначалникот на Липково, кој доаѓа од партијата на Ахмети, денеска на прашање – дали ќе одвои финансиски средства за албанска акдемија порача:
– Како прво, ние не знаеме нити каков предлог, немаше ниту јавна дебата и не можеме да одлучиме за нешто, за кое не знаеме за што се работи. Работите треба да се гледаат на ниво на државата да се решат, а не на локално ниво, знаете ние руралните општини каков буџет имаме и располагаме, вели Еркан Арифи градоначалник на Липково, ДУИ.
И додека ДУИ обвинува дека наместо академија, Вреди прави маалско здружение, албанската политичка коалиција и опонент на Ахмети, тврди, дека академијата е научен проект, бидејќи МАНУ ги дискриминирала Албанците.
Појаснувањето и почитувањето на албанската историја, култура и наука што е или целосно исклучено од енциклопедиите и училишните текстови или во најдобар случај е погрешно напишано… Тоа е задолжително, вели Арбен Таравари министер за здравство, ВРЕДИ.
Премиерот Мицкоски, веќе се изјасни дека е против академијата што ја договараат неговите коалициски партнери. Но, од друга страна порача дека тоа нема да влијае на опстојувањето на владината коалиција.  

The post Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност appeared first on Република.

]]>
Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jacheva-ulchar-za-republika-dokolku-se-napravi-presedan-so-otvorane-albanska-akademija-toa-bi-povleklo-formirane-i-na-drugi-akademii/ Sat, 19 Oct 2024 08:11:44 +0000 https://republika.mk/?p=828607

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија.

Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија, од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат.

Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите влезат во нашиот Устав и тие не би барале своја академија по принципот „ако можат Албанците зошто да не може и за нас“? Затоа никако не смее да се дозволи формирање на уште една академија покрај МАНУ.

Опасна е и намерата на Коалицијата „Вреди“, од чии редови се градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир кои се изјаснија дека ќе го финансираат ова здружение на граѓани наречено „Албанска академија на науките и уметностите“.

Кој може да гарантира дека во некој иден разговор помеѓу партија од македонскиот и албанскиот блок за формирање влада нема на маса да биде ставено и барањето албанската академија да биде ставена под државна капа и финансирање?

Таков пример имаме со Универзитетот во Мала Речица кој од „див“ во деведесеттите години стана „питом“ и финансиран од државата.

На оваа тема „Република“ ја праша за мислење професорката Елка Јачева-Улчар, која важи за еден од најдобите познавачи на научните и историските случувања во Македонија. Taa смета дека национална академија може да биде само една во рамките на една унитарна држава.

Постоење на повеќе национални академии, според Улчар, го има во федерална држава каква што беше поранешна Југославија.

Не постои пример во светот на постоење повеќе национални академии врз етнички принцип, освен врз струков. Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии од страна на деловите од народи дефинирани според Уставот, но и на оние што во некоја блиска иднина, па и во актуелниов миг – претендираат да се закодираат во нашиот Устав - објаснува Улчар за „Република“.

Професорката е убедена дека инсистирањето на отворање академии врз етнички принцип е лошо и опасно решение бидејќи науката, уметноста, па и спортот не зависат од етничката припадност на поединецот, туку само и само од квалитетот независно од етничката, родовата или верската припадност.

Опасно, зашто ваквото однесување на албанскиот политички фактор во земјава наместо да придонесува кон зближување и работа врз една заедничка национална платформа (овде под национална не мислам на етнос, туку на демос) за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, придонесува само кон повторно поларизирање, цепкање и постојано затегнати и конфликтни односи меѓу Македонците и Албанците. Во секоја цивилизирана држава на 21 век постои само eдна национална академија на науки и уметности, во кои е собран интелектуалниот и уметничкиот крем на едно општество. Отворањето Албанска академија, вака како што во моментов е замислено и финансирано на локално ниво, може да биде единствено научно друштво од локален карактер, какви што имаме веќе во повеќе градови на Македонија (Битола, Велес...) Kако што имаме една Влада, еден Парламент, еден Врховен суд, така и МАНУ е, и така треба да остане – единствена надредена  и главна научна и уметничка институција, надетничка и натпартиска. Во секој друг и поинаков случај, ќе дојде до девалвација и разнебитување на двата основни благородни столба на Академијата, а имено – науката и уметноста како возвишени дејности што на поединецот му го прават животот подостоинствен, посовршен и поубав - додава Јачева-Улчар.

The post Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии appeared first on Република.

]]>

Не постои држава во светот, барем во оние што ги знаеме за цивилизирани, каде што има две академии, посебно не во унитарни држави каква што е Македонија. Отворањето на албанска академија на науките може да ја отвори Пандорината кутија, од која во иднина би можеле да излезат и академии на другите делови од народи кои сега се наоѓаат во Преамбулата на Уставот, но и они кои претендираат да станат. Која би била гаранцијата дека доколку Бугарите влезат во нашиот Устав и тие не би барале своја академија по принципот „ако можат Албанците зошто да не може и за нас“? Затоа никако не смее да се дозволи формирање на уште една академија покрај МАНУ. Опасна е и намерата на Коалицијата „Вреди“, од чии редови се градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир кои се изјаснија дека ќе го финансираат ова здружение на граѓани наречено „Албанска академија на науките и уметностите“. Кој може да гарантира дека во некој иден разговор помеѓу партија од македонскиот и албанскиот блок за формирање влада нема на маса да биде ставено и барањето албанската академија да биде ставена под државна капа и финансирање? Таков пример имаме со Универзитетот во Мала Речица кој од „див“ во деведесеттите години стана „питом“ и финансиран од државата. На оваа тема „Република“ ја праша за мислење професорката Елка Јачева-Улчар, која важи за еден од најдобите познавачи на научните и историските случувања во Македонија. Taa смета дека национална академија може да биде само една во рамките на една унитарна држава. Постоење на повеќе национални академии, според Улчар, го има во федерална држава каква што беше поранешна Југославија.
Не постои пример во светот на постоење повеќе национални академии врз етнички принцип, освен врз струков. Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии од страна на деловите од народи дефинирани според Уставот, но и на оние што во некоја блиска иднина, па и во актуелниов миг – претендираат да се закодираат во нашиот Устав - објаснува Улчар за „Република“.
Професорката е убедена дека инсистирањето на отворање академии врз етнички принцип е лошо и опасно решение бидејќи науката, уметноста, па и спортот не зависат од етничката припадност на поединецот, туку само и само од квалитетот независно од етничката, родовата или верската припадност.
Опасно, зашто ваквото однесување на албанскиот политички фактор во земјава наместо да придонесува кон зближување и работа врз една заедничка национална платформа (овде под национална не мислам на етнос, туку на демос) за благосостојба на сите граѓани на Република Македонија, придонесува само кон повторно поларизирање, цепкање и постојано затегнати и конфликтни односи меѓу Македонците и Албанците. Во секоја цивилизирана држава на 21 век постои само eдна национална академија на науки и уметности, во кои е собран интелектуалниот и уметничкиот крем на едно општество. Отворањето Албанска академија, вака како што во моментов е замислено и финансирано на локално ниво, може да биде единствено научно друштво од локален карактер, какви што имаме веќе во повеќе градови на Македонија (Битола, Велес...) Kако што имаме една Влада, еден Парламент, еден Врховен суд, така и МАНУ е, и така треба да остане – единствена надредена  и главна научна и уметничка институција, надетничка и натпартиска. Во секој друг и поинаков случај, ќе дојде до девалвација и разнебитување на двата основни благородни столба на Академијата, а имено – науката и уметноста како возвишени дејности што на поединецот му го прават животот подостоинствен, посовршен и поубав - додава Јачева-Улчар.

The post Јачева-Улчар за „Република“: Доколку се направи преседан со отворање албанска академија, тоа би повлекло формирање и на други академии appeared first on Република.

]]>
МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manu-sekade-vo-svetot-postoi-samo-edna-natsionalna-akademija/ Thu, 17 Oct 2024 15:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=828142

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, односно со работи кои спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и на државните институции, се наведува во соопштението од МАНУ во однос на најавите од некои политички партии за основање на академија на етничките Албанци во Македонија.

Напоменуваме дека во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии. Постојат примери во државите во регионот и пошироко за формирање на т.н. струкови академии во рамките на соодветни стручни здруженија (Академија за архитектура, Академија за медицински науки и др.), како и други научно-уметнички друштва во поголемите градови и во регионалните центри, но нема примери за формирање на паралелни национални академии, се подвлекува во соопштението од Претседателство на МАНУ.

МАНУ, се додава, секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и од каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа.

Од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другите, се посочува во соопштението, во последните петнаесетина години, во составот на МАНУ членуваа четири члена со албанска етничка припадност (од коишто, во трите последователни раководства, еден од нив ја извршуваше функцијата научен секретар, а двајца беа потпретседатели на Академијата, од кои еден и со мандат во актуелното раководство на Академијата), како и четири члена надвор од работниот состав.

МАНУ, се наведува во соопштението, претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, формирана во 1967 година, во согласност со највисоките универзални научни и уметнички стандарди и критериуми. Таа, повеќе децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, преку своето творештво и со советодавната улога, претставува столб во градењето и во зачувувањето на идентитетот и на државноста на македонскиот народ и на деловите од другите народи кои живеат во земјата.

The post МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија appeared first on Република.

]]>

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, односно со работи кои спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и на државните институции, се наведува во соопштението од МАНУ во однос на најавите од некои политички партии за основање на академија на етничките Албанци во Македонија.
Напоменуваме дека во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии. Постојат примери во државите во регионот и пошироко за формирање на т.н. струкови академии во рамките на соодветни стручни здруженија (Академија за архитектура, Академија за медицински науки и др.), како и други научно-уметнички друштва во поголемите градови и во регионалните центри, но нема примери за формирање на паралелни национални академии, се подвлекува во соопштението од Претседателство на МАНУ.
МАНУ, се додава, секогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и од каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа. Од нејзиното основање до денес, членови во Академијата биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другите, се посочува во соопштението, во последните петнаесетина години, во составот на МАНУ членуваа четири члена со албанска етничка припадност (од коишто, во трите последователни раководства, еден од нив ја извршуваше функцијата научен секретар, а двајца беа потпретседатели на Академијата, од кои еден и со мандат во актуелното раководство на Академијата), како и четири члена надвор од работниот состав. МАНУ, се наведува во соопштението, претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, формирана во 1967 година, во согласност со највисоките универзални научни и уметнички стандарди и критериуми. Таа, повеќе децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, преку своето творештво и со советодавната улога, претставува столб во градењето и во зачувувањето на идентитетот и на државноста на македонскиот народ и на деловите од другите народи кои живеат во земјата.  

The post МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија appeared first on Република.

]]>
МКЦ и МАНУ без вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/mkts-i-manu-bez-voda/ Wed, 04 Sep 2024 08:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=812943

Поради дефект на ул. „Кеј Димитар Влахов“ во Центар, прекинато водоснабдување од 09:30 часот ќе имаат МКЦ и МАНУ, соопшти ЈП Водовод и каналзиација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

The post МКЦ и МАНУ без вода appeared first on Република.

]]>

Поради дефект на ул. „Кеј Димитар Влахов“ во Центар, прекинато водоснабдување од 09:30 часот ќе имаат МКЦ и МАНУ, соопшти ЈП Водовод и каналзиација - Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.  

The post МКЦ и МАНУ без вода appeared first on Република.

]]>
МАНУ со став за штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manu-so-stav-za-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-sekretarijatot-i-vo-struchnite-edinitsi/ Tue, 03 Sep 2024 16:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=812838

Соопштение во врска со штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ:

„Во врска со штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на Академијата, МАНУ го дава следното соопштение:

Раководството на Македонската академија на науките и уметностите, како и досега така и сега, има разбирање и дава безрезервна поддршка и се грижи за решавање на горливиот долгогодишен проблем со ниските лични доходи на сите вработени во Академијата.

Во континуитет, органите на управата, повеќе години наназад, барале од државата системско решение за овој горлив проблем, па така и новото раководство, во текот на последните шест месеци, во два наврата, има поднесено иницијативи до Републичкото собрание за донесување законско системско решение за усогласување на платите со оние во УКИМ и во другите државни универзитети и научни институции, со цел конечно да се прекине дискриминацијата на вработените во МАНУ во однос на нивните ниски лични доходи.

Во меѓувреме, Претседателството на МАНУ, исто така, донесе одлука за изработка на Колективен договор, со коишто МАНУ, функционирајќи како буџетски корисник од прва линија, во своето 60-годишно постоење не располагала.

Затоа се апелира до членовите на Синдикатот да бидат трпеливи и да причекаат почнатите иницијативи (чие натамошно постапување не е во надлежност на МАНУ, туку на Законодавниот дом) да вродат со плод, односно да се изнајде начин за нивелирање на платите во соработка со Владата и со Собранието на државата.

Синдикатот, исто така, се замолува штрајкот да се одвива во согласност со постојната законска регулатива“.

The post МАНУ со став за штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици appeared first on Република.

]]>

Соопштение во врска со штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ: „Во врска со штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на Академијата, МАНУ го дава следното соопштение: Раководството на Македонската академија на науките и уметностите, како и досега така и сега, има разбирање и дава безрезервна поддршка и се грижи за решавање на горливиот долгогодишен проблем со ниските лични доходи на сите вработени во Академијата. Во континуитет, органите на управата, повеќе години наназад, барале од државата системско решение за овој горлив проблем, па така и новото раководство, во текот на последните шест месеци, во два наврата, има поднесено иницијативи до Републичкото собрание за донесување законско системско решение за усогласување на платите со оние во УКИМ и во другите државни универзитети и научни институции, со цел конечно да се прекине дискриминацијата на вработените во МАНУ во однос на нивните ниски лични доходи. Во меѓувреме, Претседателството на МАНУ, исто така, донесе одлука за изработка на Колективен договор, со коишто МАНУ, функционирајќи како буџетски корисник од прва линија, во своето 60-годишно постоење не располагала. Затоа се апелира до членовите на Синдикатот да бидат трпеливи и да причекаат почнатите иницијативи (чие натамошно постапување не е во надлежност на МАНУ, туку на Законодавниот дом) да вродат со плод, односно да се изнајде начин за нивелирање на платите во соработка со Владата и со Собранието на државата. Синдикатот, исто така, се замолува штрајкот да се одвива во согласност со постојната законска регулатива“.

The post МАНУ со став за штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици appeared first on Република.

]]>
Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelstvo-na-manu-akademijata-e-otvorena-za-site-shto-gi-ispolnuvaat-kriteriumite-da-ne-se-vovlekuva-vo-dnevnopolitichki-raspravi/ Mon, 29 Jul 2024 15:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=801376

МАНУ отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа, соопшти попладнево Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите како реакција на најавата, како што наведува, „од некои политички партии за основање академија на етничките Албанци во Македонија“.

Нагласува дека во Македонија, како и во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии.

Од нејзиното основање до денес, во Академијата членови биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другите, во последната декада во составот на МАНУ имаше четири члена од албанска етничка припадност (од коишто во трите последователни раководства еден беше научен секретар, а двајца потпретстедатели на Академијата, од кои еден е во актуелното раководство), како и три члена надвор од работниот состав, соопшти Претседателството на МАНУ.

Осврнувајќи се на формирањето на МАНУ во 1967 година, како највисока научна и уметничка институција во Република Македонија, во рамките на тогашната Југословенска федерација, посочува дека „првиот состав на академици е избран согласно највисоките универзални научни и уметнички стандарди и китериуми“.

Денес МАНУ претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, која со децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, творештво и советодавна улога, претставува столб во градењето и зачувувањето на идентитетот и државноста на македонскиот народ и деловите од другите народи кои живеат во земјата, наведува Претседателството на МАНУ.

Во реакцијата апелира и „МАНУ да не се вовлекува во дневнополитички расправи и партиски дискусии кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, а спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и државните институции“.

The post Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи appeared first on Република.

]]>

МАНУ отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа, соопшти попладнево Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите како реакција на најавата, како што наведува, „од некои политички партии за основање академија на етничките Албанци во Македонија“. Нагласува дека во Македонија, како и во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии.
Од нејзиното основање до денес, во Академијата членови биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другите, во последната декада во составот на МАНУ имаше четири члена од албанска етничка припадност (од коишто во трите последователни раководства еден беше научен секретар, а двајца потпретстедатели на Академијата, од кои еден е во актуелното раководство), како и три члена надвор од работниот состав, соопшти Претседателството на МАНУ.
Осврнувајќи се на формирањето на МАНУ во 1967 година, како највисока научна и уметничка институција во Република Македонија, во рамките на тогашната Југословенска федерација, посочува дека „првиот состав на академици е избран согласно највисоките универзални научни и уметнички стандарди и китериуми“.
Денес МАНУ претставува најзначајна национална научна и уметничка институција од посебен општествен интерес во нашата држава, која со децении наназад, со својата научно-истражувачка дејност, творештво и советодавна улога, претставува столб во градењето и зачувувањето на идентитетот и државноста на македонскиот народ и деловите од другите народи кои живеат во земјата, наведува Претседателството на МАНУ.
Во реакцијата апелира и „МАНУ да не се вовлекува во дневнополитички расправи и партиски дискусии кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, а спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и државните институции“.

The post Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски: Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-naukata-ne-smee-da-se-politizira-nitu-pak-da-se-etnitsira-vo-makedonija-postoi-manu-kako-edna-i-edinstvena-akademija/ Sun, 28 Jul 2024 13:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=801075

Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.

Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам.

Во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен.

Партнерите во власта од Вреди е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција.

За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, стои во соопштението од првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски за најавите од Вреди за промените во МАНУ.

The post Максим Димитриевски: Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија appeared first on Република.

]]>

Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, таа има своја генеза и континуитет.

Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија која им припаѓа на сите и никаков паралелизам не е дозволен. Партнерите во власта од Вреди е потребно да се свртат кон економски раст и развој на државата, подобар живот на сите граѓани на Македонија и суштинска заложба во сузбивање на криминалот и корупцијата вклучувајќи ја и политичката корупција. За тоа е потребна и понуда на кадри со чисто минато без криминал и опашки, стои во соопштението од првиот човек на ЗНАМ, Максим Димитриевски за најавите од Вреди за промените во МАНУ.

The post Максим Димитриевски: Науката не смее да се политизира ниту пак да се етницира, во Македонија постои МАНУ како една и единствена aкадемија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: МАНУ е единствената институција која ја обединува научната мисла, критериум за членство не може да биде етничка или политичка припадност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-manu-e-edinstvenata-institutsija-koja-ja-obedinuva-nauchnata-misla-kriterium-za-chlenstvo-ne-mozhe-da-bide-etnichka-ili-politichka-pripadnost/ Sun, 28 Jul 2024 10:18:02 +0000 https://republika.mk/?p=800987

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници. Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира, ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека науката е столб на напредокот и просперитетот на секое општество и затоа е исклучително важно да се зачува нејзината автономија и непристрасност.

Според партијата, политизирањето на науката може да доведе до субјективност и пристрасност во истражувањата, што ќе го загрози нејзиниот кредибилитет и квалитет. Еден од главните аспекти на науката е нејзината способност да ги премостува разликите и да се фокусира на факти и докази, без оглед на етничката припадност на научниците.

-Не’ радува фактот што албанските партии во власта бараат свое место за Албанците во науката, тоа го поздравуваме и покажува разлика од тоа што го правеше ДУИ кои бараа места само во тендерски зделки и при тоа станаа зелена партија. Науката бара посветеност, напорна работа и високи академски стандарди, кои се основа за постигнување на извонредност и иновации. Само преку строгите критериуми и мерила можеме да осигуриме дека најдобрите и најквалификуваните ќе ги водат нашите научни институции и ќе придонесуваат за нашето општество. Затоа, мораме да ги задржиме високите стандарди и да се осигуриме дека нашата Академија на науки останува репрезентативна и престижна, базирана на заслуги и академски достигнувања, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека ќе ги адресираат сите проблеми и предизвици во интерес на заедничката држава и заедничкиот патриотизам, но никако на штета на заедничките институции туку во нив.

The post ВМРО-ДПМНЕ: МАНУ е единствената институција која ја обединува научната мисла, критериум за членство не може да биде етничка или политичка припадност appeared first on Република.

]]>

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е единствената институција која ја обединува македонската научна мисла и во нејзиниот состав има научници од различни етнички заедници. Како критериум за членството во Академија на науките не може да биде етничка или политичка припадност, туку научните достигнувања и придонесот во општеството. Науката не е нешто кое треба и може да се политизира и етнизира, ова е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека науката е столб на напредокот и просперитетот на секое општество и затоа е исклучително важно да се зачува нејзината автономија и непристрасност. Според партијата, политизирањето на науката може да доведе до субјективност и пристрасност во истражувањата, што ќе го загрози нејзиниот кредибилитет и квалитет. Еден од главните аспекти на науката е нејзината способност да ги премостува разликите и да се фокусира на факти и докази, без оглед на етничката припадност на научниците.
-Не’ радува фактот што албанските партии во власта бараат свое место за Албанците во науката, тоа го поздравуваме и покажува разлика од тоа што го правеше ДУИ кои бараа места само во тендерски зделки и при тоа станаа зелена партија. Науката бара посветеност, напорна работа и високи академски стандарди, кои се основа за постигнување на извонредност и иновации. Само преку строгите критериуми и мерила можеме да осигуриме дека најдобрите и најквалификуваните ќе ги водат нашите научни институции и ќе придонесуваат за нашето општество. Затоа, мораме да ги задржиме високите стандарди и да се осигуриме дека нашата Академија на науки останува репрезентативна и престижна, базирана на заслуги и академски достигнувања, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека ќе ги адресираат сите проблеми и предизвици во интерес на заедничката држава и заедничкиот патриотизам, но никако на штета на заедничките институции туку во нив.

The post ВМРО-ДПМНЕ: МАНУ е единствената институција која ја обединува научната мисла, критериум за членство не може да биде етничка или политичка припадност appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во МАНУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kniga-za-petre-site-litsa-na-raskazot-vo-manu/ Tue, 25 Jun 2024 08:56:50 +0000 https://republika.mk/?p=790539

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, денеска напладне во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе биде промовирана „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе бидат Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска.

Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата, како и илустрациите на страниците, се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син Петре М. Андреевски.

Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“, како што посочуваат од „Арс Ламина“, се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети.

The post Промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во МАНУ appeared first on Република.

]]>

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, денеска напладне во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе биде промовирана „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“. Промотори на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе бидат Влада Урошевиќ, Венко Андоновски и Оливера Ќорвезироска. Изданието, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски. Сликата на корицата, како и илустрациите на страниците, се дело на познатиот сликар Сергеј Андреевски, кој е син Петре М. Андреевски. Автори на прозните посвети во „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“, како што посочуваат од „Арс Ламина“, се еминентни македонски автори: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Гордана Михаилова Бошнакоска, Димитрие Дурацовски, Томислав Османли, Блаже Миневски, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева, Венко Андоновски, Оливера Ќорвезироска, Елизабета Баковска, Калина Малеска, Владимир Јанковски, Бранко Прља, Жарко Кујунџиски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓоко Здравески, Живко Грозданоски и Хана Корнети.  

The post Промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во МАНУ appeared first on Република.

]]>
Oсмани е загрижен што МТВ и МАНУ се уште не се „северни“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-e-zagrizhen-shto-mtv-i-manu-se-ushte-ne-se-severni/ Thu, 13 Jun 2024 11:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=787220

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи порача дека не ни треба кавгаџиска политика и дека, како што ја обвинуваме Грција дека не ги исполнила сите обврски, нив не ги исполнила и Македонија, бидејќи законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години во Собранието.

Според него, столбот на Преспанскиот договор е давањето поддршка од страна на Грција за нашата интеграција во ЕУ и во НАТО, а таа обврска е исполнета и не треба да се загрозува со споредни прашања. Ако сакаме да најдеме мани, може да најдеме и во односите со САД, рече Османи, апелирајќи да се престане со барањето проблеми таму каде што ги нема. Османи беше експлицитен дека суштинската обврска на Преспанскиот договор е исполнета  од Грција и дека благодарејќи на грчката поддршка Македонија е членка на НАТО и доби датум за преговори со ЕУ.

The post Oсмани е загрижен што МТВ и МАНУ се уште не се „северни“ appeared first on Република.

МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/manu-i-odborot-za-akreditatsija-na-visokoto-obrazovanie-ke-rabotat-na-podignuvane-na-kvalitetot-na-visokoto-obrazovanie/ Sat, 18 May 2024 08:32:17 +0000 https://republika.mk/?p=779412

Претседателот на Македонската академија на науки и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, Марјан Ѓуровски, остварија работна средба на која се разговараше за состојбата во високото образование и за воспоставување заедничка соработка во функција на подигнување на квалитетот и развојот на високото образование во земјата.

На состанокот беше констатирана потребата од интернационализација на македонскиот високо образовен систем, зајакнување на стандардите и капацитетите на високо образовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го даваат како дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата.

МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование се очекува да потпише меморандум за соработка за поблиска соработка со заеднички научно-истражувачки проекти и организирање заедничка научна конференција посветена на состојбата, предизвиците и развојот на високото образование, информираат од Одборот.

На работната средба присуствуваа потпретседателот на Одборот за акредитација Куштрим Ахмети и академик Марјан Марковиќ, член на Одборот за акредитација на високото образование.

The post МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Македонската академија на науки и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов и претседателот на Одборот за акредитација на високото образование, Марјан Ѓуровски, остварија работна средба на која се разговараше за состојбата во високото образование и за воспоставување заедничка соработка во функција на подигнување на квалитетот и развојот на високото образование во земјата. На состанокот беше констатирана потребата од интернационализација на македонскиот високо образовен систем, зајакнување на стандардите и капацитетите на високо образовните институции со посебен фокус на студиските програми и продуктот кои тие го даваат како дипломирани студенти за потребите на општеството и бизнис заедницата.
МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование се очекува да потпише меморандум за соработка за поблиска соработка со заеднички научно-истражувачки проекти и организирање заедничка научна конференција посветена на состојбата, предизвиците и развојот на високото образование, информираат од Одборот.
На работната средба присуствуваа потпретседателот на Одборот за акредитација Куштрим Ахмети и академик Марјан Марковиќ, член на Одборот за акредитација на високото образование.

The post МАНУ и Одборот за акредитација на високото образование ќе работат на подигнување на квалитетот на високото образование appeared first on Република.

]]>
Во МАНУ се отвора изложбата „Три генерации Ташковски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-manu-se-otvora-izlozhbata-tri-generatsii-tashkovski/ Thu, 11 Apr 2024 07:44:40 +0000 https://republika.mk/?p=764794

Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Три генерации Ташковски“.

Поздравен говор на отворањето ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а изложбата ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам.

The post Во МАНУ се отвора изложбата „Три генерации Ташковски“ appeared first on Република.

]]>

Во Ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Три генерации Ташковски“. Поздравен говор на отворањето ќе има претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, а изложбата ќе ја отвори академик Газанфер Бајрам.  

The post Во МАНУ се отвора изложбата „Три генерации Ташковски“ appeared first on Република.

]]>
Синдикатот при МАНУ реагира за фијаското на Предлог-законот за МАНУ во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-pri-manu-reagira-za-fijaskoto-na-predlog-zakonot-za-manu-vo-sobranieto/ Mon, 01 Apr 2024 15:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=761008

Синдикалната организација на МАНУ остро реагира поради доживеано фијаско на Предлог-законот за МАНУ во Собранието.

Во продолжение рракцијата на Синдикатот на МАНУ го пренесуваме во целост.

„Ја известуваме јавноста дека последниот обид за донесување на Предлог-закон за МАНУ повторно беше свесно, режирано и тактички изманипулиран и Законот беше донесен.

Платите на вработените во МАНУ и натаму останаа неусогласени со платите в вработените не само во институциите во областа на научната и високообразовнат дејност туку и со платите на вработените во сите установи во јавниот сектор.

Нејасно е зошто највисоката научна и уметничка установа, од особено значен за Републиката, остана надвор од системот, иако нејзиниот статус е уреден со посебен Закон за МАНУ (lex specialis), а боговите во Пантеонот упорно ги затвораат очите пред судбината на вработените во Секретаријатот и стручните единици во МАНУ.

Зачудува воздржаноста на најповиканите фактори, вклучувајќи ги и раководството на МАНУ и Законодавниот дом како основач на оваа институција, да дадат одговор за неочекуваната разврска при гласањето на последната пленарна седница на Собранието на РС Македонија во актуелниот собраниски состав.

Бараме повиканите структури најостро да реагираат и јавно да го осудат непроцедуралното, незаконско и тенденциозно недонесување на Законот, и итно да се преземат мерки за решавање на егзистенцијалните прашања на вработените во МАНУ, за да престане нивната неколкугодишна голгота која продолжува со потхранување на уверувањето дека за тоа ќе дојдат „подобри времиња".

Синдикалната организација на МАНУ тековно најавува нови детали за случувањата во врска со натамошниот статус за Предлог-законот, кој остана да виси во правниот лавиринт, а првите подробности ќе ги објавиме во среда, 3 април 2024 година, во 12:00 часот“.

The post Синдикатот при МАНУ реагира за фијаското на Предлог-законот за МАНУ во Собранието appeared first on Република.

]]>

Синдикалната организација на МАНУ остро реагира поради доживеано фијаско на Предлог-законот за МАНУ во Собранието. Во продолжение рракцијата на Синдикатот на МАНУ го пренесуваме во целост. „Ја известуваме јавноста дека последниот обид за донесување на Предлог-закон за МАНУ повторно беше свесно, режирано и тактички изманипулиран и Законот беше донесен. Платите на вработените во МАНУ и натаму останаа неусогласени со платите в вработените не само во институциите во областа на научната и високообразовнат дејност туку и со платите на вработените во сите установи во јавниот сектор. Нејасно е зошто највисоката научна и уметничка установа, од особено значен за Републиката, остана надвор од системот, иако нејзиниот статус е уреден со посебен Закон за МАНУ (lex specialis), а боговите во Пантеонот упорно ги затвораат очите пред судбината на вработените во Секретаријатот и стручните единици во МАНУ. Зачудува воздржаноста на најповиканите фактори, вклучувајќи ги и раководството на МАНУ и Законодавниот дом како основач на оваа институција, да дадат одговор за неочекуваната разврска при гласањето на последната пленарна седница на Собранието на РС Македонија во актуелниот собраниски состав. Бараме повиканите структури најостро да реагираат и јавно да го осудат непроцедуралното, незаконско и тенденциозно недонесување на Законот, и итно да се преземат мерки за решавање на егзистенцијалните прашања на вработените во МАНУ, за да престане нивната неколкугодишна голгота која продолжува со потхранување на уверувањето дека за тоа ќе дојдат „подобри времиња". Синдикалната организација на МАНУ тековно најавува нови детали за случувањата во врска со натамошниот статус за Предлог-законот, кој остана да виси во правниот лавиринт, а првите подробности ќе ги објавиме во среда, 3 април 2024 година, во 12:00 часот“.

The post Синдикатот при МАНУ реагира за фијаското на Предлог-законот за МАНУ во Собранието appeared first on Република.

]]>
Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proglasuvane-na-dobitnitsite-na-zlaten-venets-i-mostovi-na-struga-vo-manu/ Thu, 21 Mar 2024 07:55:40 +0000 https://republika.mk/?p=756868

Светскиот ден на поезијата ќе биде одбележан и од Струшките вечери на поезијата. Одбележувањето ќе започне со свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година, кое ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.

По свеченото прогласување ќе следува традиционалното поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети, a од името на Македонскиот ПЕН центар ќе биде прочитано поетското послание.

По повод Светскиот ден на поезијата, годинава ќе биде организирано и поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга кое ќе се одржи вечер со почеток во 18ː30 часот. Ќе настапат истакнати македонски поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево, Прилеп и од Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Во чест на Светскиот ден на поезијата, во Europe House – Струга вечер во 20 часот ќе биде организирано и поетско читање „Пулсот на поезијата“ на кое ќе настапат млади поети од Струга, Охрид, Вевчани, Скопје и Куманово, по што ќе следува музички настап на Пијан Славеј.

Оваа година, првпат, со заедничка иницијатива на Струшките вечери на поезијата и Министерството за образование и наука, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата е објавен конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз.

Исто така, за првпат оваа година во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик ќе се организира и еден специјален час посветен на Светскиот ден на поезијата.

Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали.

The post Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ appeared first on Република.

]]>

Светскиот ден на поезијата ќе биде одбележан и од Струшките вечери на поезијата. Одбележувањето ќе започне со свеченото прогласување на добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2024 година, кое ќе се одржи денеска со почеток во 11 часот во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје. По свеченото прогласување ќе следува традиционалното поетско читање на кое ќе настапат истакнати поети- членови на Македонскиот ПЕН Центар, како и други истакнати македонски поети, a од името на Македонскиот ПЕН центар ќе биде прочитано поетското послание. По повод Светскиот ден на поезијата, годинава ќе биде организирано и поетско читање во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга кое ќе се одржи вечер со почеток во 18ː30 часот. Ќе настапат истакнати македонски поети од Струга, Вевчани, Охрид, Кичево, Прилеп и од Скопје, а ќе бидат прочитани и песни од добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“. Во чест на Светскиот ден на поезијата, во Europe House – Струга вечер во 20 часот ќе биде организирано и поетско читање „Пулсот на поезијата“ на кое ќе настапат млади поети од Струга, Охрид, Вевчани, Скопје и Куманово, по што ќе следува музички настап на Пијан Славеј. Оваа година, првпат, со заедничка иницијатива на Струшките вечери на поезијата и Министерството за образование и наука, по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата е објавен конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз. Исто така, за првпат оваа година во сите основни и средни училишта за време на наставата по мајчин јазик ќе се организира и еден специјален час посветен на Светскиот ден на поезијата. Пред младите ќе бидат презентирани примери од најпознатите светски и домашни поети како и значењето на „Струшките вечери на поезијата“ како еден од најзначајните светски поетски фестивали.  

The post Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ во МАНУ appeared first on Република.

]]>
Експозето на претседателот на МАНУ кое секој треба да го прочита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ekspozeto-na-pretsedatelot-na-manu-koe-sekoj-treba-da-go-prochita/ Wed, 28 Feb 2024 14:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=749332

Во своето експозе за раководењето на МАНУ во мандатниот период 2024-2027, новиот претседател на МАНУ Живко Попов се осврна на неколку, како што рече, „општествени аномалии“ и „круцијални предизвици на кои би требало да се обрне посебно внимание“ и кои, рече, се предмет на критики во годишните извештаи на Европската комисија.

Посочи на „генерална партизација“ на институциите, особено во јавната администрација. Притоа нагласи дека треба „час поскоро да се укине балансерот при вработување во институциите“ зашто со него „се испушта критериумот за квалитет и компетентност“. Предупреди и на „руинирање на здравствениот систем и политизирање на Клничкиот центар“, потценување на научно-истражувачката работа, хипертрофирана мрежа на систем на високо образование, прекумерна употреба на европското знаменце, нефункционален правосуден систем и селективна правда. Исто така, ги посочи и демографските проблеми, моноцентричниот развој на државата што предизвикува масовно доселување во главниот град и миграциите во странство посебно на млад високообразован кадар.

Состојбата на државата во која општеството е поделено по повеќе основи е комплицирана, па затоа потребно е, пред се, национално единство за најважните државни прашања... Ќе биде неопходно насочување на Академијата кон државата и битно зголемување на бројот на национални проекти во наредниот период, порача Попов.

Смета дека МАНУ „има институционален капацитет преку научно фундирани стратегии да ѝ помогне на државата во справувањето со овие тешки општествени појави“.

Нагласи дека на политиката, партиите и дневно-политичките теми не им е место во Академијата, но дека таа „не смее да молчи ако има знаење, можности и капацитет да советува и да дава стратегиски насоки“.

Секогаш треба да е присутна и потенцирана самостојната и политички независната позиција на МАНУ. Но, за вакво нешто потребна е поголема гласност на Академијата, повеќе соопштенија, многу повеќе информации до јавноста за тоа што работи МАНУ, рече нејзиниот претседател во експозето.

Во оваа пригода тој, како што рече, уште еднаш сака да ја промовира „европската идеја за Македонија која е стара колку и земјата македонска“. Истакна дека македонскиот народ е свесен дека е европски народ и дека местото му е во европската заедница на народите и дека евроскептицизмот што се појавил во последно време е „резултат на пречките кои ЕУ неправедно ни ги постави на нашиот европски пат“.

Тие најмногу се однесуваат на меѓународно преземените обврски во врска со Договорот од Преспа и оној за добрососедство со соседна Бугарија, кои поминаа всушност без прав референдум, иако по значење претставуваа референдумски прашања, чиишто последици се евидентни и се уште не им се гледа крајот. За нив земјата направи болни компромиси, но и покрај тоа изостана отворањето на процесот на преговори со ЕУ. Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ, може да се дојде до разумни решенија за создадените проблеми, зачувувајќи го притоа културното и историското наследство кое му припаѓа на македонскиот народ, како европска вредност, истакна претседателот на МАНУ.

The post Експозето на претседателот на МАНУ кое секој треба да го прочита appeared first on Република.

]]>

Во своето експозе за раководењето на МАНУ во мандатниот период 2024-2027, новиот претседател на МАНУ Живко Попов се осврна на неколку, како што рече, „општествени аномалии“ и „круцијални предизвици на кои би требало да се обрне посебно внимание“ и кои, рече, се предмет на критики во годишните извештаи на Европската комисија. Посочи на „генерална партизација“ на институциите, особено во јавната администрација. Притоа нагласи дека треба „час поскоро да се укине балансерот при вработување во институциите“ зашто со него „се испушта критериумот за квалитет и компетентност“. Предупреди и на „руинирање на здравствениот систем и политизирање на Клничкиот центар“, потценување на научно-истражувачката работа, хипертрофирана мрежа на систем на високо образование, прекумерна употреба на европското знаменце, нефункционален правосуден систем и селективна правда. Исто така, ги посочи и демографските проблеми, моноцентричниот развој на државата што предизвикува масовно доселување во главниот град и миграциите во странство посебно на млад високообразован кадар.
Состојбата на државата во која општеството е поделено по повеќе основи е комплицирана, па затоа потребно е, пред се, национално единство за најважните државни прашања... Ќе биде неопходно насочување на Академијата кон државата и битно зголемување на бројот на национални проекти во наредниот период, порача Попов.
Смета дека МАНУ „има институционален капацитет преку научно фундирани стратегии да ѝ помогне на државата во справувањето со овие тешки општествени појави“. Нагласи дека на политиката, партиите и дневно-политичките теми не им е место во Академијата, но дека таа „не смее да молчи ако има знаење, можности и капацитет да советува и да дава стратегиски насоки“.