манифест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manifest/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 19:14:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png манифест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/manifest/ 32 32 Ковачевски: Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-manifestot-na-sdmm-e-kreatsija-na-mladite-koi-sakaaat-da-ja-kreiraat-idninata-vo-evropska-drzhava/ Mon, 15 Apr 2024 19:14:36 +0000 https://republika.mk/?p=766455

Ние денес се бориме за младите да имаат подобро утре, подобри услови за живот, а Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната промоција на Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија.

Во однос на мерките што до сега се преземени за младите, Ковачевски потенцираше дека во изминатиот период се потпиша договор за реновирање на сите студентски домови во државата, неколкукратно се зголеми и се израмни висината на стипендиите кои студентите ги добиваат. Ако порано стипендиите беа од 2.000 до 3000 денари, сега нема стипендија која е пониска од 6.050 денари.

Така се инвестира во младите. Со 100 милиони евра ги поддржавме домашните компании што значеше нови работни места, 5.000 работни места така се отворија. На тие работни места работат млади луѓе. Сега предвидуваме 180 милиони евра финансиска поддршка. Повторно предвидуваме во ФИТР да можат младите своите идеи да ги реализираат, да формираат свои компании и голем број на мерки кои се однесуваат на субвенционирање на отпочнување на бизнис кај младите со повисоки суми. 8.000 евра да биде субвенција која што ја добиваат за отпочнување на бизнис“, рече Ковачевски.

Ковачевски потенцираше дека секогаш се потребни храбри одлуки за да се направат крупни исчекори за напредок на државата, потенцирајќи дека со доаѓањето на СДСМ на власт, многу работи во државата се променија на подобро.

„Промената на власта донесе демократија, слобода на медиумите, слобода на изразување, што е најважно во едно демократско општество. Донесе економски напредок. Ние денес имаме 50% помала невработеност од тоа што беше 2016. Минималната плата од 8.000, денес е 22.500 денари. Просечната плата е 650 евра од 350 евра. Сите бројки се или дуплирани или триплирани. Младинската невработеност е намалена за 50%. Воведовме мерки кои не постоеја до тогаш. На пример, студентски оброк не постоеше и не можеше да постои затоа што парите се трошеа на стиропор, на споменици, на жални врби во Вардар. Денес секој студент добива 140 денари дневно за оброк, тоа се месечно 50 евра. Потоа, најразлични додатоци за млади, финансиска поддршка за отворање на свои компании и низа на други мерки кои им помагаат на младите да напредуваат во својата лична и професионална кариера, рече Ковачевски.

Говорејќи за исполнување на стратешките цели, Ковачевски потенцираше дека благодарение на правилните и храбри политики на СДСМ во изминатите седум години, Македонија денес е членка на НАТО, што е огромна придобивка за државата, за сите граѓани вклучително и за младите.

Вие гледате колку е значајно една држава биде дел од НАТО, со оглед на војните кои се водат, но и со оглед на тоа што во стабилна држава доаѓаат странски инвестиции. Сега имаме дупло повеќе странски инвестиции, затоа има и толку работни места. Денес младите имаат многу повеќе можности за вработување од тоа што имаа пред 32 години. Пред 32 години во Македонија, невработеноста се искачуваше до фамозни 45%. Ние предвидуваме невработеноста да биде 7%. Предвидуваме просечната плата да биде 1.100 евра, минималната плата 600 евра, рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски посочи дека она што сега е најважно е да се продолжи европскиот пат, како процес кој единствено може да донесе суштински и позитивни промени за државата.

Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, не само заради членство, туку поради обезбедување на повисок животен стандард, заради обезбедување подобро здравство, образование, повисоки плати, подобри работни места, подобри услуги кои ги сакаат и младите и сите други граѓани. Тоа ќе се случи по победата на изборите прво на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, којшто е еден исклучително интегритетен, чесен, напреден политичар кој ги почитува сите подеднакво и со победата на коалицијата за европска иднина предоводена од СДСМ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

 

The post Ковачевски: Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава appeared first on Република.

]]>

Ние денес се бориме за младите да имаат подобро утре, подобри услови за живот, а Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на денешната промоција на Манифестот подготвен од Социјалдемократската младина на Македонија. Во однос на мерките што до сега се преземени за младите, Ковачевски потенцираше дека во изминатиот период се потпиша договор за реновирање на сите студентски домови во државата, неколкукратно се зголеми и се израмни висината на стипендиите кои студентите ги добиваат. Ако порано стипендиите беа од 2.000 до 3000 денари, сега нема стипендија која е пониска од 6.050 денари.
Така се инвестира во младите. Со 100 милиони евра ги поддржавме домашните компании што значеше нови работни места, 5.000 работни места така се отворија. На тие работни места работат млади луѓе. Сега предвидуваме 180 милиони евра финансиска поддршка. Повторно предвидуваме во ФИТР да можат младите своите идеи да ги реализираат, да формираат свои компании и голем број на мерки кои се однесуваат на субвенционирање на отпочнување на бизнис кај младите со повисоки суми. 8.000 евра да биде субвенција која што ја добиваат за отпочнување на бизнис“, рече Ковачевски.
Ковачевски потенцираше дека секогаш се потребни храбри одлуки за да се направат крупни исчекори за напредок на државата, потенцирајќи дека со доаѓањето на СДСМ на власт, многу работи во државата се променија на подобро.
„Промената на власта донесе демократија, слобода на медиумите, слобода на изразување, што е најважно во едно демократско општество. Донесе економски напредок. Ние денес имаме 50% помала невработеност од тоа што беше 2016. Минималната плата од 8.000, денес е 22.500 денари. Просечната плата е 650 евра од 350 евра. Сите бројки се или дуплирани или триплирани. Младинската невработеност е намалена за 50%. Воведовме мерки кои не постоеја до тогаш. На пример, студентски оброк не постоеше и не можеше да постои затоа што парите се трошеа на стиропор, на споменици, на жални врби во Вардар. Денес секој студент добива 140 денари дневно за оброк, тоа се месечно 50 евра. Потоа, најразлични додатоци за млади, финансиска поддршка за отворање на свои компании и низа на други мерки кои им помагаат на младите да напредуваат во својата лична и професионална кариера, рече Ковачевски.
Говорејќи за исполнување на стратешките цели, Ковачевски потенцираше дека благодарение на правилните и храбри политики на СДСМ во изминатите седум години, Македонија денес е членка на НАТО, што е огромна придобивка за државата, за сите граѓани вклучително и за младите.
Вие гледате колку е значајно една држава биде дел од НАТО, со оглед на војните кои се водат, но и со оглед на тоа што во стабилна држава доаѓаат странски инвестиции. Сега имаме дупло повеќе странски инвестиции, затоа има и толку работни места. Денес младите имаат многу повеќе можности за вработување од тоа што имаа пред 32 години. Пред 32 години во Македонија, невработеноста се искачуваше до фамозни 45%. Ние предвидуваме невработеноста да биде 7%. Предвидуваме просечната плата да биде 1.100 евра, минималната плата 600 евра, рече Ковачевски.
При тоа, Ковачевски посочи дека она што сега е најважно е да се продолжи европскиот пат, како процес кој единствено може да донесе суштински и позитивни промени за државата.
Македонија ќе стане земја членка на ЕУ, не само заради членство, туку поради обезбедување на повисок животен стандард, заради обезбедување подобро здравство, образование, повисоки плати, подобри работни места, подобри услуги кои ги сакаат и младите и сите други граѓани. Тоа ќе се случи по победата на изборите прво на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, којшто е еден исклучително интегритетен, чесен, напреден политичар кој ги почитува сите подеднакво и со победата на коалицијата за европска иднина предоводена од СДСМ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
 

The post Ковачевски: Манифестот на СДММ е креација на младите кои сакааат да ја креираат иднината во европска држава appeared first on Република.

]]>
Ножевите се оставаат дома, знамиња не се палат, во базен се носи костим за капeње: Германија објави прирачник за мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nozhevite-se-ostavaat-doma-znamina-ne-se-palat-vo-bazen-se-nosi-kostim-za-kapene-germanija-objavi-prirachnik-za-migranti/ Thu, 02 Nov 2023 09:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=697301

Германскиот  весник „Билд“  објави манифест од 50 точки, насловен „Германија, имаме проблем“ во кој го привлекуваат вниманието на хаосот во кој моментално се наоѓа светот, особено од почетокот на војната во Израел. , но и хаосот со мигрантите.

Во манифестот се бара од мигрантите да бидат љубезни, да се ракуваат, ножевите да ги остават дома и дека девојчињата имаат право да се капат во базен со костим за капење.

Што вели манифестот?

1. Член 1 од Основниот закон важи за секој што живее во Германија: „Човековото достоинство е неприкосновено“! (недопирлив)

2. За нас нема неверници! Секој може да верува во што сака - може да биде и Дедо Мраз.
3. Кој смета дека нашиот Устав и нашиот правен поредок акумулираат необврзувачки совети, треба што поскоро да ја напушти Германија.

4. Кој сака постојано да живее овде мора да научи германски. Само ако зборуваме на ист јазик, можеме да се разбереме.

5. Секој може мирно да протестира за своите верувања во Германија. Слободното изразување на мислење не вклучува напад на луѓе или тепачка, палење автомобили, славење на убијците.

6. Не се маскираме или прикриваме, туку се гледаме в лице (освен ако не е карневал или корона).

7. Нашето слободно општество слави почит и љубов кон ближниот.

8. Безбедноста на Израел како германска државна причина е во позадина на најтемното поглавје од нашата историја! Ова значи: Нема дебата за залагање за безбедноста на еврејскиот народ. Критиката на политиката на Израел, се разбира е дозволена.

9. Ве молиме бидете љубезни: Велиме ве молам и ви благодариме.

10. При поздравување или разделба, со задоволство подаваме рака.

11. Полицијата ја сметаме за „пријател и помошник“, а не за репресивен апарат или непријател или противник.

12. Многу Германци јадат свинско месо. Но, во нашата земја има и 10 милиони вегетаријанци или вегани. Слободата поминува и низ стомакот.

13. Државата има монопол на насилството. Освен надлежните државни органи, никој нема право да употребува сила врз луѓе и нешта.

14. Прифаќаме дека нашиот слободно избран Парламент ги утврдува правилата за нашиот заеднички соживот, кои можат да се проверат од независни судови.

15. На мажите им е дозволено да сакаат мажи, а на жените им е дозволено да ги сакаат жените. Оној што има проблем со тоа е самиот проблем. Сакајте и дозволете се да бидете сакани!

16. А во случај некој да не се чувствува како жена или маж, ниту таа ниту тој нема да бидат прогонувани или казнети. Овде на граѓаните им е дозволено да размислуваат надвор од кутијата и да живеат така.

17. Под социјални власти не подразбираме работодавач туку институција која им помага на луѓето кои не можат да работат и се во финансиски проблеми. Но, не за луѓе кои не сакаат да работат.

18. Ние го почитуваме судството, бидејќи тоа суди, без разлика за која личност се работи.

19. Жените во базен носат бикини или костими за капење. И кој сака да плива во Источното Море, и тоа е во ред!

20. Жените и мажите се еднакви во секој поглед.

21. Еднаквост постои и во исплатата на платите (на тоа треба уште да работиме!)

22. Ние дебатираме контроверзно и страсно, но не ги навредуваме оние кои мислат поинаку.

23. Ние сме толерантни со толерантни.

24. Немаме толеранција за нетрпеливост!

25. Петардите користиме само за новогодишната ноќ, односно кога е дозволено.

26. Не ги палиме знамињата на земјите што не ги поддржуваме. Тоа е кривично дело.

27. Ние ја почитуваме секоја религија, но јасно ја одделуваме религијата од државата.

28. Прељубниците нема да бидат екскомуницирани, а камоли тепани или каменувани! Во случај на развод важи заедничкото право на грижа за децата. Не е важно кој го предизвикал разводот.

29. Жената во брак не мора да биде девица!

30. Кој бара заштита кај нас поради политички прогон или војна, ја добива. Често му дозволуваат да остане, иако нема право на тоа. Не очекуваме благодарност за тоа, иако тоа би било соодветно. Но, она што го бараме е безусловно почитување на нашите закони и почитување на нашите вредности и нашиот начин на живот.

31. Ние не венчаме деца! Ниту мажи со повеќе од една жена.

32. Жените сами одлучуваат - исто како и мажите - за тоа како се облекуваат, со кого се пријатели, кого сакаат, дали повеќе сакаат да одат во диско или во црква, кого ќе изберат и каква работа ќе работат.

33. Германија е земја на луѓе кои сакаат да прават скара. По пикникот во парк, ѓубрето го собираме по себе.

34. Ножот ни е во кујната, а не во џебот од панталоните

35. Плаќаме даноци, затоа што знаеме дека тие се темелот на државата.

36. Ако жената му каже „Не“ на мажот, тогаш вреди без ако и или. Се друго спаѓа под кривично дело сексуално вознемирување или силување.

37. Очекуваме секој, кој може и му е дозволено, да најде работа и да се грижи за својата издршка за живот, дури и ако социјалната помош или додаток е повисока од платата.

38. Во Германија, училиштето е задолжително. Ние веруваме во важноста на образованието и учењето.

39. Во автобусите и возовите им оставаме слободни места за стари лица и лица со посебни потреби.

40. На здравје, Германија! Во оваа земја пивото и виното се дел од културата. Тоа треба да се почитува, а тие што не сакаат да пијат не мора.

41. Колку долго или кратко е здолништето, одлучува жената која го носи.

42. Секој што не може да поднесе карикатура на политичари, познати личности, богови или пророци не е на вистинското место во Германија.

43. Медиумите ги испитуваат политичарите, но ние фундаментално веруваме дека оние кои се избрани носат вистински одлуки за доброто на народот.

44. Честа не значи право на посилниот.

45. На социјалните мрежи, почитта и благодарноста се исто толку прифатливи како во супермаркет или во канцеларија.

46. Се трудиме да ја заштитиме нашата околина. Затоа што одржливоста е иднината.

47. Германија има срце кога се во прашање децата. Тие не се борат, туку се поддржани.

48. Не се свири кон жени

49. Овде, момчињата и девојчињата се смеат заедно на училишни излети, спорт - и часови по пливање.

50. Го сакаме животот, а не смртта.

The post Ножевите се оставаат дома, знамиња не се палат, во базен се носи костим за капeње: Германија објави прирачник за мигранти appeared first on Република.

]]>

Германскиот  весник „Билд“  објави манифест од 50 точки, насловен „Германија, имаме проблем“ во кој го привлекуваат вниманието на хаосот во кој моментално се наоѓа светот, особено од почетокот на војната во Израел. , но и хаосот со мигрантите. Во манифестот се бара од мигрантите да бидат љубезни, да се ракуваат, ножевите да ги остават дома и дека девојчињата имаат право да се капат во базен со костим за капење. Што вели манифестот? 1. Член 1 од Основниот закон важи за секој што живее во Германија: „Човековото достоинство е неприкосновено“! (недопирлив) 2. За нас нема неверници! Секој може да верува во што сака - може да биде и Дедо Мраз. 3. Кој смета дека нашиот Устав и нашиот правен поредок акумулираат необврзувачки совети, треба што поскоро да ја напушти Германија. 4. Кој сака постојано да живее овде мора да научи германски. Само ако зборуваме на ист јазик, можеме да се разбереме. 5. Секој може мирно да протестира за своите верувања во Германија. Слободното изразување на мислење не вклучува напад на луѓе или тепачка, палење автомобили, славење на убијците. 6. Не се маскираме или прикриваме, туку се гледаме в лице (освен ако не е карневал или корона). 7. Нашето слободно општество слави почит и љубов кон ближниот. 8. Безбедноста на Израел како германска државна причина е во позадина на најтемното поглавје од нашата историја! Ова значи: Нема дебата за залагање за безбедноста на еврејскиот народ. Критиката на политиката на Израел, се разбира е дозволена. 9. Ве молиме бидете љубезни: Велиме ве молам и ви благодариме. 10. При поздравување или разделба, со задоволство подаваме рака. 11. Полицијата ја сметаме за „пријател и помошник“, а не за репресивен апарат или непријател или противник. 12. Многу Германци јадат свинско месо. Но, во нашата земја има и 10 милиони вегетаријанци или вегани. Слободата поминува и низ стомакот. 13. Државата има монопол на насилството. Освен надлежните државни органи, никој нема право да употребува сила врз луѓе и нешта. 14. Прифаќаме дека нашиот слободно избран Парламент ги утврдува правилата за нашиот заеднички соживот, кои можат да се проверат од независни судови. 15. На мажите им е дозволено да сакаат мажи, а на жените им е дозволено да ги сакаат жените. Оној што има проблем со тоа е самиот проблем. Сакајте и дозволете се да бидете сакани! 16. А во случај некој да не се чувствува како жена или маж, ниту таа ниту тој нема да бидат прогонувани или казнети. Овде на граѓаните им е дозволено да размислуваат надвор од кутијата и да живеат така. 17. Под социјални власти не подразбираме работодавач туку институција која им помага на луѓето кои не можат да работат и се во финансиски проблеми. Но, не за луѓе кои не сакаат да работат. 18. Ние го почитуваме судството, бидејќи тоа суди, без разлика за која личност се работи. 19. Жените во базен носат бикини или костими за капење. И кој сака да плива во Источното Море, и тоа е во ред! 20. Жените и мажите се еднакви во секој поглед. 21. Еднаквост постои и во исплатата на платите (на тоа треба уште да работиме!) 22. Ние дебатираме контроверзно и страсно, но не ги навредуваме оние кои мислат поинаку. 23. Ние сме толерантни со толерантни. 24. Немаме толеранција за нетрпеливост! 25. Петардите користиме само за новогодишната ноќ, односно кога е дозволено. 26. Не ги палиме знамињата на земјите што не ги поддржуваме. Тоа е кривично дело. 27. Ние ја почитуваме секоја религија, но јасно ја одделуваме религијата од државата. 28. Прељубниците нема да бидат екскомуницирани, а камоли тепани или каменувани! Во случај на развод важи заедничкото право на грижа за децата. Не е важно кој го предизвикал разводот. 29. Жената во брак не мора да биде девица! 30. Кој бара заштита кај нас поради политички прогон или војна, ја добива. Често му дозволуваат да остане, иако нема право на тоа. Не очекуваме благодарност за тоа, иако тоа би било соодветно. Но, она што го бараме е безусловно почитување на нашите закони и почитување на нашите вредности и нашиот начин на живот. 31. Ние не венчаме деца! Ниту мажи со повеќе од една жена. 32. Жените сами одлучуваат - исто како и мажите - за тоа како се облекуваат, со кого се пријатели, кого сакаат, дали повеќе сакаат да одат во диско или во црква, кого ќе изберат и каква работа ќе работат. 33. Германија е земја на луѓе кои сакаат да прават скара. По пикникот во парк, ѓубрето го собираме по себе. 34. Ножот ни е во кујната, а не во џебот од панталоните 35. Плаќаме даноци, затоа што знаеме дека тие се темелот на државата. 36. Ако жената му каже „Не“ на мажот, тогаш вреди без ако и или. Се друго спаѓа под кривично дело сексуално вознемирување или силување. 37. Очекуваме секој, кој може и му е дозволено, да најде работа и да се грижи за својата издршка за живот, дури и ако социјалната помош или додаток е повисока од платата. 38. Во Германија, училиштето е задолжително. Ние веруваме во важноста на образованието и учењето. 39. Во автобусите и возовите им оставаме слободни места за стари лица и лица со посебни потреби. 40. На здравје, Германија! Во оваа земја пивото и виното се дел од културата. Тоа треба да се почитува, а тие што не сакаат да пијат не мора. 41. Колку долго или кратко е здолништето, одлучува жената која го носи. 42. Секој што не може да поднесе карикатура на политичари, познати личности, богови или пророци не е на вистинското место во Германија. 43. Медиумите ги испитуваат политичарите, но ние фундаментално веруваме дека оние кои се избрани носат вистински одлуки за доброто на народот. 44. Честа не значи право на посилниот. 45. На социјалните мрежи, почитта и благодарноста се исто толку прифатливи како во супермаркет или во канцеларија. 46. Се трудиме да ја заштитиме нашата околина. Затоа што одржливоста е иднината. 47. Германија има срце кога се во прашање децата. Тие не се борат, туку се поддржани. 48. Не се свири кон жени 49. Овде, момчињата и девојчињата се смеат заедно на училишни излети, спорт - и часови по пливање. 50. Го сакаме животот, а не смртта.

The post Ножевите се оставаат дома, знамиња не се палат, во базен се носи костим за капeње: Германија објави прирачник за мигранти appeared first on Република.

]]>
За сите валкања на поимот манифест, некогаш и сега! https://arhiva3.republika.mk/kolumni/za-site-valkana-na-poimot-manifest-nekogash-i-sega/ Tue, 15 Aug 2023 10:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=672274

Васко Шутаров

Драги мои, па кој денес сè уште чита и се занимава со манифести?! Таман помисливме дека манифестите се само историја, а посветените и систематични составувачи и читатели на манифести „типичен продукт на 20 век“, кога пред нос некој ни ставил некој нов манифест и тоа во Летово Господово 2023!

Мал трактат за манифестите низ историјата

Манифестите низ историјата се типичен европски продукт на 20 век, иако и порано имало слични колективни соопштенија од политичка или верска природа кои биле објавувани во други формати: петиции, повелби, апели, декларации, како Декларацијата за независноста на САД, на пример! Политичките партии и движењата од минатиот век, биле првиот поголем поттикнувач за пишување манифести, а втората група манифести се врзуваат за уметноста и културата на 20 век. Ако денес го изгугламе поимот manifesto, ќе се појават преку 20 милиони клика, во најголем дел врзани за писмени прогласи до јавноста, од политичко, културно или некое друго движење, со одредена програмска содржина, сите редум врзани за случувања во 20 век.

Освен еден, Комунистичкиот манифест кој е производ на 19 век и кој не само што го преживеал, туку имал исклучително влијание врз целиот 20 век! Од овој манифест, потпишан во 1848 година од Маркс и Енгелс, произлегуваат бројни стандарди кои се карактеристични за сите други подоцна објавени манифести.

Првата карактеристика е дека манифестите се групни прогласи кои претставуваат некакво колективно „ние“ (организирано или не!) кое се обраќа на друга множина, која се обидува да ја придобие.

Втората поважна карактеристика, како резултанта на комунистичкиот и сите подоцнежни манифести е, дека нејзини автори, најчесто биле нови, полетни, млади, а веќе изградени интелектуалци, кои биле убедени дека нивните нови идеи и концепции ќе ги менуваат сите дотогаш важечки принципи, стандарди и вредности во општеството.

Третата важна карактеристика за скоро сите манифести е дека содржински и структурно, покрај критиката кон актуелните состојби, во што и биле најубедливи, имало секогаш обид да се предвиди или прорекне иднината! А во таа замка и неволја, упаѓале, повеќе или помалку сите пишани документи што се занимавале со пророштва за иднината, бидејќи за иднината, единствено е извесно, дека, она што ќе го направиме денес, може да предизвика последици утре кои не сме имале ни намера да ги провоцираме!

(Како што од пророштвото на Комунистичкиот манифест, дека ќе има сеопшта пролетерска револуција и бескласно општество, остана само едно непоправливо девијантно практицирање на општествена дифренцијација, едно од проклетствата и во нашата земја, заробена во поделбите на „ние“ и „тие“)

Четвртата карактеристика, која е потесно врзана за манифестите од 20 век е дека тие секогаш мора да носат нешто ултимативно ново, придружено со ултимативно расчистување со минатото. И тоа не се предрасуди поврзани со манифестите, туку се сè уште живи пишани факти, кои можат да се проверат и докажат!

Како на пример, сите манифести на футуризмот, од првата половина на минатиот век (1909-1944) и тоа не само во еден, туку во 323 на број, каде ултимативно се декларира новото во уметничка и поширока социо-културолошка конотација. Футуристичките манифести, објавувани во тогаш читани списанија или печатени на летоци и расфрлувани на вечерни перформанси, на почетокот носеле сосем прозаични наслови, како што се: Манифест за основање на футуризмот, Манифест за футуристичкото сликарство или Манифест за футуристичката музика, но подоцна се појавиле и наслови како: Манифест против старовремска Венеција, Манифест против љубовта и парламентаризмот, Футуристичкиот манифест на разблудноста, Уживаме да бидеме исвиркани! или Да ја убиеме светлината на месечината!

Денес, првата асоцијација на зборот манифест, се поврзува токму со футуристичките манифести издавани од групата уметници од кругот на познатиот Маринети, кои во критиката кон бесмисленоста на животот од почетоците на 20 век, барале нова смисла преку еден нов пристап во уметноста и во животот, кој морал да расчисти со сè што било старо и кој морал да биде безусловно нов и по секоја цена оригинален! Шокот и шлаканицата кон тогаш доминантниот граѓански морал и општествен вкус, провоцирале една нова, не само уметничка, туку и општествено-културолошка енергија, која на почетокот била само екстремна, но набргу станала и крајно деструктивна, како општествена енергија на посилните кои ги презирале послабите и понемоќните! Футуризмот, во слепата потрага по новото (и тоа по секоја цена!), добива националистички и милитантен контекст, славејќи ги и војните како единствената радикална обнова на светот и како неминовна „општествена хигиена“! Корифеите, главните автори и пишувачи на футуристичките манифести во Италија, не случајно, многу бргу потоа, станале високопоставени државни апаратчици во ешалоните на италијанскиот фашизам!

Футуристите промовирале и свој специфичен јазик во меѓусебната комуникација, во кој единствено време што го користеле бил инфинитивот -несвршено, неопределено и недефинирано време. Интересно е како футуристите го третирале театарот како медиум, кој бил истовремено и едно од најмоќните инструменти за пропаганда на нивните идеи! Преку манифестите за театарот и театарските перформанси, футуристите најлесно ги постигнувале своите цели. Во театарските футуристички претстави, драмските ликови доживувале голема трансформација и се сведувале само на марионети, симболи или амблеми, а главната цел им била публиката да биде предизвикана, актерите исвиркани и мавани со скапан зеленчук, што претставувало кулминација на футуристичкиот театар.

Колкав бил презирот на футуристите кон сè што било вредно во минатото,  најубаво може да се илустрира преку еден футуристички хепенинг, во кој од Саат кулата на плоштадот Свети Марко биле расфрлени 100.000 летоци врз насобраната толпа од љубопитни граѓани на Венеција. Содржината на тие летоци била крајно „антивенециска“ и непримерно подбивна, а во нив можело да се прочита: „Овој стар смрдлив град треба да биде уништен, а заедно со малите смрдливи канали да биде затрупан во урнатините од околните стари, лепрозни палати и да се подготви раѓањето на една нова Венеција, индустриска и воена сила, која ќе доминира над Јадранот - тоа големо езеро на Италијанците!”

Крајот на манифестите на футуризмот, се совпаѓа со крајот на фашизмот во Италија и смртта на нивниот идеен творец Маринети, иако многу други  слични уметнички концепции одживеале прилично долг век, од комунистичка Русија (со Мајаковски, на пример), преку Полска, па сè до Бразил.

Во втората половина од 20 век, манифести пишува секој кога стаса и кога посака, најчесто и надвор од појмовната рамка за она што манифестот по својата суштина треба да биде: „јавен проглас од принципи, мерки или намери, особено од политичка природа“. Како и сè останато, што може да се претвори во своја спротивност или сопствена карикатуралност и манифестите, кои некогаш се пишувале за да креираат промени и ново во иднината, станале само средство за себепромоција и инструмент за стекнување внимание или просто, замајување на јавноста!

Крајот на 20 век значи и крај за манифестите, то ест креатурите од манифести, како „Манифестот за доењето“, на пример, па за „новото колективно пешачење“, за дивото градинарство, за ридовите и одгледувањето добиток  или надвор од контекстите за колективното ние, лични животни манифести како на легендарната британска модна дизајнерка Вивиен Вествуд, некогашна икона на панк движењето. Во 21 век, улогата на некогашните манифести ја презедоа неизбежните мисии и визии кои се дел од личната карта на секоја и малку сериозна организација!

(И како тоа, како од некоја стара временска машина, во една таква хиперпродукција од мисии и визии, залутува по некој пишан манифест ,во новиов век, па уште баш во Македонија и баш со наслов: Манифест за ЕУ?!)

Мал потсетник за македонската историја на манифести

Додека Европа и светот, во почетоците на 20 век, преку креирање манифести барале освојување на нови слободи под диктатот на тогашната доминација на новите машини и сеприсутната индустрија, во Македонија имало потреба од еден друг тип манифести, оние класичните политички прогласи, кои сакале да креираат иднина за еден од последните европските народи кој не живеел во слобода. Во сите три македонски манифести, кои временски коинцидираат со хиперпродукцијата на манифестите од европскиот футуризам: Крушевскиот Манифест од 1903 година, Мајскиот од 1924 година и Манифестот на АСНОМ од 1944 година, се промовираат најдобрите и најпосакувани европски и светски принципи и вредности, засновани врз сопствената традиција и борба за слобода, врз толерантноста кон различното и добрососедското и врз негувањето соработка со слободарското и најпрогресивното во светот тогаш.

Дали немаше да останеме живи, ако и по нив не удревме: преку исфрлање на Манифестот на АСНОМ од Устав, преку карикатуралното славење на Крушевскиот Манифест од тврдината Кале (фалеа само 100.000 летоци пуштени од владините - футуристи, па да заборавиме на сè старо и сè грдо!), преку проблематизирањето и дозволувањето сопствените манифести да ни ги толкуваат и спорат, што соседи што странци?! И токму тие што ги направија сите сквернавења на најважните македонски манифести, ни нудат нов манифест, диктиран и напишан меѓу четири ѕида, со рака која воопшто не затреперува при пишувањето - оти таа рака и не го слуша гласот на народот и неговите вистински потреби?!

Да биде карикатуралноста комплетна, како со сите европски манифести од 20 век и последниот македонски Манифест за ЕУ е еманација на врвна карикатуралност! Најнапред, затоа што наместо млади и полетни,  интелектуално потковани и политичари со нови идеи за слобода и иднина, овој манифест го потпишуваат истрошени и крајно непопуларни ликови кои се пред конечно и неповратно заминување од македонската политичка сцена. Второ, колективното манифестно обраќање со „ние“ е апсолутно диспропорционално, ако се има предвид мнозинството од најмалку 80%, кон кое се обраќа и кое не ги одобрува нивните политики за промена на Уставот, што е единствена мотивација овој манифест, да го види светлото на денот! Третата карактеристика за секој манифест, дека во суштина е критика на актуелните состојби и проекција на иднината, е исто така доведена до својата сопствена негација, бидејќи нема трага, ни од критичност, ни од самокритичност! И четвртата карактеристика, а тоа е ултимативното инсистирање само на ново или како што „скромно“ велат: „само на еден чекор напред“, само ја покажува нивната истрошеност, некадарност и невештост да направат и еден единствен исчекор во усвојувањето на новото и заживувањето на вистинските европски вредности дома, кое за време на нивното владеење во ниту еден сегмент, за жал, не успеа!

И што е следно од манифестите кои креаираат само нови поделби и нови диференцијации („ако не сте со нас, вие сте против нас, но сега сте и против ЕУ и против НАТО! “)?! Манифест за љубовта кон сонцето,... Манифест за безусловноста на родителската љубов,... Манифест за децата кои сакаат слобода и иднина,...Манифест за возрасните кои сакаат добри пензии и долг и спокоен живот?! Или, само еден финален Манифест за конечно збогување со генерацијата политичари 2017-2023?!

The post За сите валкања на поимот манифест, некогаш и сега! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Драги мои, па кој денес сè уште чита и се занимава со манифести?! Таман помисливме дека манифестите се само историја, а посветените и систематични составувачи и читатели на манифести „типичен продукт на 20 век“, кога пред нос некој ни ставил некој нов манифест и тоа во Летово Господово 2023!

Мал трактат за манифестите низ историјата

Манифестите низ историјата се типичен европски продукт на 20 век, иако и порано имало слични колективни соопштенија од политичка или верска природа кои биле објавувани во други формати: петиции, повелби, апели, декларации, како Декларацијата за независноста на САД, на пример! Политичките партии и движењата од минатиот век, биле првиот поголем поттикнувач за пишување манифести, а втората група манифести се врзуваат за уметноста и културата на 20 век. Ако денес го изгугламе поимот manifesto, ќе се појават преку 20 милиони клика, во најголем дел врзани за писмени прогласи до јавноста, од политичко, културно или некое друго движење, со одредена програмска содржина, сите редум врзани за случувања во 20 век. Освен еден, Комунистичкиот манифест кој е производ на 19 век и кој не само што го преживеал, туку имал исклучително влијание врз целиот 20 век! Од овој манифест, потпишан во 1848 година од Маркс и Енгелс, произлегуваат бројни стандарди кои се карактеристични за сите други подоцна објавени манифести. Првата карактеристика е дека манифестите се групни прогласи кои претставуваат некакво колективно „ние“ (организирано или не!) кое се обраќа на друга множина, која се обидува да ја придобие. Втората поважна карактеристика, како резултанта на комунистичкиот и сите подоцнежни манифести е, дека нејзини автори, најчесто биле нови, полетни, млади, а веќе изградени интелектуалци, кои биле убедени дека нивните нови идеи и концепции ќе ги менуваат сите дотогаш важечки принципи, стандарди и вредности во општеството. Третата важна карактеристика за скоро сите манифести е дека содржински и структурно, покрај критиката кон актуелните состојби, во што и биле најубедливи, имало секогаш обид да се предвиди или прорекне иднината! А во таа замка и неволја, упаѓале, повеќе или помалку сите пишани документи што се занимавале со пророштва за иднината, бидејќи за иднината, единствено е извесно, дека, она што ќе го направиме денес, може да предизвика последици утре кои не сме имале ни намера да ги провоцираме! (Како што од пророштвото на Комунистичкиот манифест, дека ќе има сеопшта пролетерска револуција и бескласно општество, остана само едно непоправливо девијантно практицирање на општествена дифренцијација, едно од проклетствата и во нашата земја, заробена во поделбите на „ние“ и „тие“) Четвртата карактеристика, која е потесно врзана за манифестите од 20 век е дека тие секогаш мора да носат нешто ултимативно ново, придружено со ултимативно расчистување со минатото. И тоа не се предрасуди поврзани со манифестите, туку се сè уште живи пишани факти, кои можат да се проверат и докажат! Како на пример, сите манифести на футуризмот, од првата половина на минатиот век (1909-1944) и тоа не само во еден, туку во 323 на број, каде ултимативно се декларира новото во уметничка и поширока социо-културолошка конотација. Футуристичките манифести, објавувани во тогаш читани списанија или печатени на летоци и расфрлувани на вечерни перформанси, на почетокот носеле сосем прозаични наслови, како што се: Манифест за основање на футуризмот, Манифест за футуристичкото сликарство или Манифест за футуристичката музика, но подоцна се појавиле и наслови како: Манифест против старовремска Венеција, Манифест против љубовта и парламентаризмот, Футуристичкиот манифест на разблудноста, Уживаме да бидеме исвиркани! или Да ја убиеме светлината на месечината! Денес, првата асоцијација на зборот манифест, се поврзува токму со футуристичките манифести издавани од групата уметници од кругот на познатиот Маринети, кои во критиката кон бесмисленоста на животот од почетоците на 20 век, барале нова смисла преку еден нов пристап во уметноста и во животот, кој морал да расчисти со сè што било старо и кој морал да биде безусловно нов и по секоја цена оригинален! Шокот и шлаканицата кон тогаш доминантниот граѓански морал и општествен вкус, провоцирале една нова, не само уметничка, туку и општествено-културолошка енергија, која на почетокот била само екстремна, но набргу станала и крајно деструктивна, како општествена енергија на посилните кои ги презирале послабите и понемоќните! Футуризмот, во слепата потрага по новото (и тоа по секоја цена!), добива националистички и милитантен контекст, славејќи ги и војните како единствената радикална обнова на светот и како неминовна „општествена хигиена“! Корифеите, главните автори и пишувачи на футуристичките манифести во Италија, не случајно, многу бргу потоа, станале високопоставени државни апаратчици во ешалоните на италијанскиот фашизам! Футуристите промовирале и свој специфичен јазик во меѓусебната комуникација, во кој единствено време што го користеле бил инфинитивот -несвршено, неопределено и недефинирано време. Интересно е како футуристите го третирале театарот како медиум, кој бил истовремено и едно од најмоќните инструменти за пропаганда на нивните идеи! Преку манифестите за театарот и театарските перформанси, футуристите најлесно ги постигнувале своите цели. Во театарските футуристички претстави, драмските ликови доживувале голема трансформација и се сведувале само на марионети, симболи или амблеми, а главната цел им била публиката да биде предизвикана, актерите исвиркани и мавани со скапан зеленчук, што претставувало кулминација на футуристичкиот театар. Колкав бил презирот на футуристите кон сè што било вредно во минатото,  најубаво може да се илустрира преку еден футуристички хепенинг, во кој од Саат кулата на плоштадот Свети Марко биле расфрлени 100.000 летоци врз насобраната толпа од љубопитни граѓани на Венеција. Содржината на тие летоци била крајно „антивенециска“ и непримерно подбивна, а во нив можело да се прочита: „Овој стар смрдлив град треба да биде уништен, а заедно со малите смрдливи канали да биде затрупан во урнатините од околните стари, лепрозни палати и да се подготви раѓањето на една нова Венеција, индустриска и воена сила, која ќе доминира над Јадранот - тоа големо езеро на Италијанците!” Крајот на манифестите на футуризмот, се совпаѓа со крајот на фашизмот во Италија и смртта на нивниот идеен творец Маринети, иако многу други  слични уметнички концепции одживеале прилично долг век, од комунистичка Русија (со Мајаковски, на пример), преку Полска, па сè до Бразил. Во втората половина од 20 век, манифести пишува секој кога стаса и кога посака, најчесто и надвор од појмовната рамка за она што манифестот по својата суштина треба да биде: „јавен проглас од принципи, мерки или намери, особено од политичка природа“. Како и сè останато, што може да се претвори во своја спротивност или сопствена карикатуралност и манифестите, кои некогаш се пишувале за да креираат промени и ново во иднината, станале само средство за себепромоција и инструмент за стекнување внимание или просто, замајување на јавноста! Крајот на 20 век значи и крај за манифестите, то ест креатурите од манифести, како „Манифестот за доењето“, на пример, па за „новото колективно пешачење“, за дивото градинарство, за ридовите и одгледувањето добиток  или надвор од контекстите за колективното ние, лични животни манифести како на легендарната британска модна дизајнерка Вивиен Вествуд, некогашна икона на панк движењето. Во 21 век, улогата на некогашните манифести ја презедоа неизбежните мисии и визии кои се дел од личната карта на секоја и малку сериозна организација! (И како тоа, како од некоја стара временска машина, во една таква хиперпродукција од мисии и визии, залутува по некој пишан манифест ,во новиов век, па уште баш во Македонија и баш со наслов: Манифест за ЕУ?!)

Мал потсетник за македонската историја на манифести

Додека Европа и светот, во почетоците на 20 век, преку креирање манифести барале освојување на нови слободи под диктатот на тогашната доминација на новите машини и сеприсутната индустрија, во Македонија имало потреба од еден друг тип манифести, оние класичните политички прогласи, кои сакале да креираат иднина за еден од последните европските народи кој не живеел во слобода. Во сите три македонски манифести, кои временски коинцидираат со хиперпродукцијата на манифестите од европскиот футуризам: Крушевскиот Манифест од 1903 година, Мајскиот од 1924 година и Манифестот на АСНОМ од 1944 година, се промовираат најдобрите и најпосакувани европски и светски принципи и вредности, засновани врз сопствената традиција и борба за слобода, врз толерантноста кон различното и добрососедското и врз негувањето соработка со слободарското и најпрогресивното во светот тогаш. Дали немаше да останеме живи, ако и по нив не удревме: преку исфрлање на Манифестот на АСНОМ од Устав, преку карикатуралното славење на Крушевскиот Манифест од тврдината Кале (фалеа само 100.000 летоци пуштени од владините - футуристи, па да заборавиме на сè старо и сè грдо!), преку проблематизирањето и дозволувањето сопствените манифести да ни ги толкуваат и спорат, што соседи што странци?! И токму тие што ги направија сите сквернавења на најважните македонски манифести, ни нудат нов манифест, диктиран и напишан меѓу четири ѕида, со рака која воопшто не затреперува при пишувањето - оти таа рака и не го слуша гласот на народот и неговите вистински потреби?! Да биде карикатуралноста комплетна, како со сите европски манифести од 20 век и последниот македонски Манифест за ЕУ е еманација на врвна карикатуралност! Најнапред, затоа што наместо млади и полетни,  интелектуално потковани и политичари со нови идеи за слобода и иднина, овој манифест го потпишуваат истрошени и крајно непопуларни ликови кои се пред конечно и неповратно заминување од македонската политичка сцена. Второ, колективното манифестно обраќање со „ние“ е апсолутно диспропорционално, ако се има предвид мнозинството од најмалку 80%, кон кое се обраќа и кое не ги одобрува нивните политики за промена на Уставот, што е единствена мотивација овој манифест, да го види светлото на денот! Третата карактеристика за секој манифест, дека во суштина е критика на актуелните состојби и проекција на иднината, е исто така доведена до својата сопствена негација, бидејќи нема трага, ни од критичност, ни од самокритичност! И четвртата карактеристика, а тоа е ултимативното инсистирање само на ново или како што „скромно“ велат: „само на еден чекор напред“, само ја покажува нивната истрошеност, некадарност и невештост да направат и еден единствен исчекор во усвојувањето на новото и заживувањето на вистинските европски вредности дома, кое за време на нивното владеење во ниту еден сегмент, за жал, не успеа! И што е следно од манифестите кои креаираат само нови поделби и нови диференцијации („ако не сте со нас, вие сте против нас, но сега сте и против ЕУ и против НАТО! “)?! Манифест за љубовта кон сонцето,... Манифест за безусловноста на родителската љубов,... Манифест за децата кои сакаат слобода и иднина,...Манифест за возрасните кои сакаат добри пензии и долг и спокоен живот?! Или, само еден финален Манифест за конечно збогување со генерацијата политичари 2017-2023?!

The post За сите валкања на поимот манифест, некогаш и сега! appeared first on Република.

]]>
Јавноста ќе можела да изрази мислење… А го послушаа ли истиот народ за она „НЕ“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnosta-ke-mozhela-da-izrazi-mislene-a-go-poslushaa-li-istiot-narod-za-ona-ne/ Thu, 10 Aug 2023 08:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=670628

Манифестот на СДСM е фаќање за сламка на давеник пред избори, смета Солза Грчева, додавајќи дека оние кои го исфрлија од преамбулата на Уставот манифестот на АСНОМ, сега се вадат со трошка „патриотизам“ кој реално „не им личи“.

Најмногу ми се бендисува во Манифестот формулацијата: „Најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија“. Молам?
Го послушаа ли иститиот тој народ кој најјасно си кажа “не“ на референдумот за името?
Е толку и сега ќе го послушаат.
Туку до каде сме со корупцијата и дали се проширува Идризово?, прашува Грчева.

The post Јавноста ќе можела да изрази мислење… А го послушаа ли истиот народ за она „НЕ“? appeared first on Република.

]]>

Манифестот на СДСM е фаќање за сламка на давеник пред избори, смета Солза Грчева, додавајќи дека оние кои го исфрлија од преамбулата на Уставот манифестот на АСНОМ, сега се вадат со трошка „патриотизам“ кој реално „не им личи“.
Најмногу ми се бендисува во Манифестот формулацијата: „Најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија“. Молам? Го послушаа ли иститиот тој народ кој најјасно си кажа “не“ на референдумот за името? Е толку и сега ќе го послушаат. Туку до каде сме со корупцијата и дали се проширува Идризово?, прашува Грчева.

The post Јавноста ќе можела да изрази мислење… А го послушаа ли истиот народ за она „НЕ“? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ за манифестот на власта: Со овој чекор уште еднаш ја испушта можноста за консензус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-ovoj-chekor-vlasta-ushte-ednash-ja-ispushta-mozhnosta-za-konsenzus/ Wed, 09 Aug 2023 11:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=670382

Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик до ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие овој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став, kоментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

 

. Се работи за повик кои што они еве веќе втор ден го упатуваат. Напишале документ кој што го нарекуваат Манифест. Го потпишале како што велите вие од голем број на политички лидери, а сега вториот ден го нарекуваат добра основа за разговор. Ќе повторам уште еднаш, покажуваат базично непостоење на капацитет за компромис и консензус. Седнале го напишале документот, го потпишале, го даваат во јавноста и бараат негово прифаќање. Воопшто не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, а покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие и официјално документот, ако има основа за разгледување, ќе го анализира и ќе излезе со свој став.

The post ВМРО-ДПМНЕ за манифестот на власта: Со овој чекор уште еднаш ја испушта можноста за консензус appeared first on Република.

]]>

Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик до ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие овој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став, kоментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.  
. Се работи за повик кои што они еве веќе втор ден го упатуваат. Напишале документ кој што го нарекуваат Манифест. Го потпишале како што велите вие од голем број на политички лидери, а сега вториот ден го нарекуваат добра основа за разговор. Ќе повторам уште еднаш, покажуваат базично непостоење на капацитет за компромис и консензус. Седнале го напишале документот, го потпишале, го даваат во јавноста и бараат негово прифаќање. Воопшто не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, а покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие и официјално документот, ако има основа за разгледување, ќе го анализира и ќе излезе со свој став.

The post ВМРО-ДПМНЕ за манифестот на власта: Со овој чекор уште еднаш ја испушта можноста за консензус appeared first on Република.

]]>
Власта со Манифест за општествено обединување и забрзување на процесот на евроинтеграција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-so-manifest-za-opshtestveno-obedinuvane-i-zabrzuvane-na-protsesot-na-evrointegratsija/ Wed, 09 Aug 2023 07:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=670199

СДСМ како државотворна партија која е предводник на концептот за европска иднина, дава силна поддршка на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, велат од оваа партија.

Во нивното соопштение се вели:

Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ.

Токму преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните.

Во Манифестот јасно е наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија

Сега, потребно е обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ.

Пред нашата татковина и пред сите нас е историска шанса за продолжување на европскиот пат со глас за Европа во македонското Собрание.

Како што покажавме обединетост и во 2018 година го обезбедивме членството во НАТО, сега повторно да се обединиме и да обезбедиме членство во ЕУ.

 

The post Власта со Манифест за општествено обединување и забрзување на процесот на евроинтеграција appeared first on Република.

]]>

СДСМ како државотворна партија која е предводник на концептот за европска иднина, дава силна поддршка на Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, велат од оваа партија. Во нивното соопштение се вели: Овој Манифест е на линија на политиките на СДСМ, тој е добра основа за градење единство околу иднината на земјата и со него Собранието дефинира рамки на позиции по кои мора да постапуваат сите надлежни институции во преговорите со ЕУ. Токму преку овој Манифест сите лидери на политичките партии се обврзуваат дека ќе настојуваат пристапните преговори да завршат во најкраток можен рок, а притоа целосно заштитувајќи го идентитетот, традицијата, јазикот и општествените вредности на граѓаните. Во Манифестот јасно е наведено дека политичките партии во Собранието, без разлика од составот на владејачкото мнозинство, се обврзуваат да соработуваат, но и да го водат преговарачкиот процес целосно отворено и транспарентно со цел најшироката јавност да биде во можност да го изрази своето мислење по однос на условите за членство во Европската унија Сега, потребно е обединување на сите политички лидери, преку потпишување на заеднички Манифест со кој сите заедно ќе се обврзат за ефикасно водење на преговорите за пристапување во ЕУ. Пред нашата татковина и пред сите нас е историска шанса за продолжување на европскиот пат со глас за Европа во македонското Собрание. Како што покажавме обединетост и во 2018 година го обезбедивме членството во НАТО, сега повторно да се обединиме и да обезбедиме членство во ЕУ.  

The post Власта со Манифест за општествено обединување и забрзување на процесот на евроинтеграција appeared first on Република.

]]>
Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sednale-i-napishale-dve-strani-smislile-ime-go-narekle-manifest/ Wed, 09 Aug 2023 07:37:02 +0000 https://republika.mk/?p=670195

Срамот и предавствата кои и ги направија на државата изминатите години власта на ДУИ и СДС нема да ги покријат со замајување на јавноста со некакви документи кои си ги пишуваат во штабот на ДУИ, а ги испраќаат преку прес службата на СДС.ДУИ и СДС преку таканаречениот манифест уште еднаш признаа дека изминатите месеци ништо не направија за зачувување и остварување на стратешките интереси на Македонија, велат од ВМР0-ДПМНЕ.

Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест и преку соопштение без никакви консултации, како да се работи за најнебитната работа во државава го испраќаат до медиумите, повикувајќи ги сите чинители да го прифатат.Со овој потег Османи, Маричиќ и Груби, доколку бил консултиран и Ковачевски, само докажуваат дека немаат никаков капацитет за градење консензус за највисоките државни интереси.Исто како пред година ипол кога власта сама си договараше и преговараше протоколи со источниот сосед, без никаква консултација со опозијата, сега повторно сами си пишуваат документи и повикуваат на консензус.ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено таканаречениот манифест, и откако ќе го добие тој документ, доколку има нешто суштинско за разгледување, органите на партијата ќе го разгледаат и ќе се изјаснат.

The post Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест appeared first on Република.

]]>

Срамот и предавствата кои и ги направија на државата изминатите години власта на ДУИ и СДС нема да ги покријат со замајување на јавноста со некакви документи кои си ги пишуваат во штабот на ДУИ, а ги испраќаат преку прес службата на СДС.ДУИ и СДС преку таканаречениот манифест уште еднаш признаа дека изминатите месеци ништо не направија за зачувување и остварување на стратешките интереси на Македонија, велат од ВМР0-ДПМНЕ.
Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест и преку соопштение без никакви консултации, како да се работи за најнебитната работа во државава го испраќаат до медиумите, повикувајќи ги сите чинители да го прифатат.Со овој потег Османи, Маричиќ и Груби, доколку бил консултиран и Ковачевски, само докажуваат дека немаат никаков капацитет за градење консензус за највисоките државни интереси.Исто како пред година ипол кога власта сама си договараше и преговараше протоколи со источниот сосед, без никаква консултација со опозијата, сега повторно сами си пишуваат документи и повикуваат на консензус.ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено таканаречениот манифест, и откако ќе го добие тој документ, доколку има нешто суштинско за разгледување, органите на партијата ќе го разгледаат и ќе се изјаснат.

The post Седнале и напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ за манифестот на власта: Со овој чекор уште еднаш се испушта можноста за консензус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-za-manifestot-na-vlasta-so-ovoj-chekor-ushte-ednash-se-ispushta-mozhnosta-za-konsenzus/ Tue, 08 Aug 2023 11:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=669965

Владејачките партии објавија Манифест заради обединување околу европската иднина. Повикуваат и на гласање за уставните измени. Дали ВМРО ДПМНЕ е подготвено да се вклучи во обединувањето околу членството во Европската Унија? Дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив ваков документ и ваков национален консензус кој што веќе беше побаран од Ковачевски?

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-krivichnata-za-papazov-e-chist-politichki-progon-za-gradonachalnik-od-vmro-dpmne/

Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие тој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став.

Ова е одговорот на опозицијата откако владејачките партии објавија Манифест заради обединување околу европската иднина и повикаа на гласање за уставните измени.

The post ВМРО-ДПМНЕ за манифестот на власта: Со овој чекор уште еднаш се испушта можноста за консензус appeared first on Република.

]]>

Владејачките партии објавија Манифест заради обединување околу европската иднина. Повикуваат и на гласање за уставните измени. Дали ВМРО ДПМНЕ е подготвено да се вклучи во обединувањето околу членството во Европската Унија? Дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив ваков документ и ваков национален консензус кој што веќе беше побаран од Ковачевски? https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-krivichnata-za-papazov-e-chist-politichki-progon-za-gradonachalnik-od-vmro-dpmne/
Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие тој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став.
Ова е одговорот на опозицијата откако владејачките партии објавија Манифест заради обединување околу европската иднина и повикаа на гласање за уставните измени.

The post ВМРО-ДПМНЕ за манифестот на власта: Со овој чекор уште еднаш се испушта можноста за консензус appeared first on Република.

]]>